католичка црква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katolichka-crkva/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 18:09:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png католичка црква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katolichka-crkva/ 32 32 Да врти кешот: Свештеници од грчката Католичка црква парите ги вложувале во ноќни клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/da-vrti-keshot-sveshtenitsi-od-grchkata-katolichka-tsrkva-parite-gi-vlozhuvale-vo-nokni-klubovi/ Thu, 24 Oct 2024 18:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=830680

Двајца свештеници од грчката Католичка црква и петмина сопственици на ноќни клубови на Пелопонез се под истрага за проневера и перење пари, по случајот откриен од Управата за спречување на перење пари, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, истрагата започнала кога по рутинска и случајна ревизија било откриено дека од касата на Католичката црква, за која биле одговорни двајцата свештеници кои имаат високи позиции, недостигаат околу три милиони и во изминатите седум-осум години биле „инвестирани“ во ноќни клубови, односно префрлани на сметките на сопствениците, а последниот трансфер на пари бил пред неколку дена со префрлени 50.000 евра.

За случајот, двајцата свештеници се под истрага за проневера, а сопствениците на ноќните клубови се осомничени за перење пари.

Од Католичка црква на Грција соопштија дека немаат официјални информации за натписите во медиумите за проневера и перење пари и дека очекуваат да бидат информирани од надлежните органи за да можат да излезат со официјален став за конкретното прашање

The post Да врти кешот: Свештеници од грчката Католичка црква парите ги вложувале во ноќни клубови appeared first on Република.

]]>

Двајца свештеници од грчката Католичка црква и петмина сопственици на ноќни клубови на Пелопонез се под истрага за проневера и перење пари, по случајот откриен од Управата за спречување на перење пари, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, истрагата започнала кога по рутинска и случајна ревизија било откриено дека од касата на Католичката црква, за која биле одговорни двајцата свештеници кои имаат високи позиции, недостигаат околу три милиони и во изминатите седум-осум години биле „инвестирани“ во ноќни клубови, односно префрлани на сметките на сопствениците, а последниот трансфер на пари бил пред неколку дена со префрлени 50.000 евра. За случајот, двајцата свештеници се под истрага за проневера, а сопствениците на ноќните клубови се осомничени за перење пари. Од Католичка црква на Грција соопштија дека немаат официјални информации за натписите во медиумите за проневера и перење пари и дека очекуваат да бидат информирани од надлежните органи за да можат да излезат со официјален став за конкретното прашање

The post Да врти кешот: Свештеници од грчката Католичка црква парите ги вложувале во ноќни клубови appeared first on Република.

]]>
Католичката црква во Шпанија исплатила милиони евра отштета на жртвите на злоставувањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katolichkata-tsrkva-vo-shpanija-isplatila-milioni-evra-otshteta-na-zhrtvite-na-zlostavuvanata/ Mon, 08 Apr 2024 10:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=763745

Шпанската католичка црква исплатила милиони евра отштета на жртвите во 806 случаи на сексуално злоставување извршени од свештеници педофили, пишува во таен црковен извештај што го објави шпанскиот весник „Ел Паис“.

Во извештајот што го објави „кртот“ од Епископската конференција, Алфредо Дањино, се исклучени над 300 веќе познати случаи, а за вкупно 806 се исплатени суми од 675 до 72.000 евра, во просек околу 10.000.

Ова се нови податоци, поради што се уште не е позната вкупната сума на исплатените пари.

Според претходните податоци од базата на податоци „Ел Паис“, шпанската католичка црква платила најмалку 2,1 милиони евра на 230 жртви на злоставување извршени од 53 свештеници педофили на таа црква од 1991 година, што е 8,8 отсто од вкупно 2.608 жртви во базата на весникот. Овој „сеопфатен план за репарации“ вклучува случаи кои црквата ги смета за докажани, а според „Ел Паис“ ова е случај за една од десет жртви.

The post Католичката црква во Шпанија исплатила милиони евра отштета на жртвите на злоставувањата appeared first on Република.

]]>

Шпанската католичка црква исплатила милиони евра отштета на жртвите во 806 случаи на сексуално злоставување извршени од свештеници педофили, пишува во таен црковен извештај што го објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Во извештајот што го објави „кртот“ од Епископската конференција, Алфредо Дањино, се исклучени над 300 веќе познати случаи, а за вкупно 806 се исплатени суми од 675 до 72.000 евра, во просек околу 10.000. Ова се нови податоци, поради што се уште не е позната вкупната сума на исплатените пари. Според претходните податоци од базата на податоци „Ел Паис“, шпанската католичка црква платила најмалку 2,1 милиони евра на 230 жртви на злоставување извршени од 53 свештеници педофили на таа црква од 1991 година, што е 8,8 отсто од вкупно 2.608 жртви во базата на весникот. Овој „сеопфатен план за репарации“ вклучува случаи кои црквата ги смета за докажани, а според „Ел Паис“ ова е случај за една од десет жртви.

The post Католичката црква во Шпанија исплатила милиони евра отштета на жртвите на злоставувањата appeared first on Република.

]]>
Шпанската католичка црква досега силувала 927 малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-katolichka-tsrkva-dosega-siluvala-927-maloletnitsi/ Fri, 02 Jun 2023 13:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=647141

Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година.

Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви се уште работат, се вели во извештајот.

Весникот Ел Паис пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување злоупотреба во 2019 година. Бискупите се уште не одговараат на прашањата за колку случаи биле запознаени пред тоа, пишуваат шпанските медиуми.

Ел Паис им нуди можност на жртвите на сексуално насилство во Католичката црква да го пријават тоа преку Интернет од 2018 година, а оттогаш тоа го сториле 1.957 луѓе. Во извештајот на Црквата се наведува дека 99 отсто од насилниците се мажи, како и 82,62 отсто од жртвите.

Само една третина од насилниците се уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година

The post Шпанската католичка црква досега силувала 927 малолетници appeared first on Република.

]]>

Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година. Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви се уште работат, се вели во извештајот. Весникот Ел Паис пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување злоупотреба во 2019 година. Бискупите се уште не одговараат на прашањата за колку случаи биле запознаени пред тоа, пишуваат шпанските медиуми. Ел Паис им нуди можност на жртвите на сексуално насилство во Католичката црква да го пријават тоа преку Интернет од 2018 година, а оттогаш тоа го сториле 1.957 луѓе. Во извештајот на Црквата се наведува дека 99 отсто од насилниците се мажи, како и 82,62 отсто од жртвите. Само една третина од насилниците се уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година

The post Шпанската католичка црква досега силувала 927 малолетници appeared first on Република.

]]>
Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ortega-katolichkata-crkva-e-sovrshena-diktatura-i-sovrshena-tiranija/ Thu, 29 Sep 2022 06:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=555370

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега ја нарече Католичката црква „совршена диктатура и совршена тиранија“, две недели откако папата Франциско рече дека „има дијалог“ со Манагва.

– Кој ги избира свештениците? Кој ги избира кардиналите? Кој го избира папата? … тоа е совршена диктатура, совршена тиранија!, изјави Ортега во говорот по повод 43-годишнината од формирањето на полициската фондација во Никарагва.

Папата Франциск на 15 септември истакна дека „дијалогот никогаш не смее да заврши“ со Никарагва, каде што растат тензиите меѓу државата и Католичката црква.

Постои дијалог. Разговаравме со Владата. Тоа не значи дека одобруваме сè што прави Владата. Или дека критикуваме сè, посочи папата Франциск.

Никарагва во март го претера амбасадорот на Ватикан. Во август свештеникот Роландо Алварез, критичар на режимот, е уапсен и „ставен во домашен притвор“ поради „дестабилизација и провокација“.

The post Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија appeared first on Република.

Апсење кај „Католичка“, дали е поврзано со вечерашните пукотници? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apsenje-kaj-katolichka-dali-e-povrzano-so-vecherashnite-pukotnici/ Wed, 06 Jul 2022 21:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=525095

Апсење се случи вечерва на кружниот тек кај Католичка Црква.На фотографијата може да се забележи зголемено полициско присуство кај кружниот тек, се гледаат четири полициски возила,објави „Инфомакс“.

Полицијата на местото на настанот вели дека станува збор за расправија во сообраќајот, за што не е потребно толкаво полициско присуство.

Нема информации дали апсењата се поврзани со вечерашните инциденти кај споменикот на Скендербег и пред Собранието

The post Апсење кај „Католичка“, дали е поврзано со вечерашните пукотници? appeared first on Република.

]]>

Апсење се случи вечерва на кружниот тек кај Католичка Црква.На фотографијата може да се забележи зголемено полициско присуство кај кружниот тек, се гледаат четири полициски возила,објави „Инфомакс“. Полицијата на местото на настанот вели дека станува збор за расправија во сообраќајот, за што не е потребно толкаво полициско присуство. Нема информации дали апсењата се поврзани со вечерашните инциденти кај споменикот на Скендербег и пред Собранието

The post Апсење кај „Католичка“, дали е поврзано со вечерашните пукотници? appeared first on Република.

]]>
МПЦ, ИВЗ и Католичката црква утре ќе одржат молитва за жртвите во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-zrtvite-vo-ukraina/ Sat, 30 Apr 2022 13:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=495711

Во организација на Здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“ утре во Соборниот храм , Македонската православна црква, Исламската верска заедница, како и Католичката црква ќе се одржат молитви за жртвите од војната во Украина.

– Во војната во Украина веќе загинаа илјадници луѓе од различна националност и верска припадност,крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед да се придружат кон организираните религиски обреди со молитви за мир во Украина и во целиот свет“, се наведува во соопштението.

The post МПЦ, ИВЗ и Католичката црква утре ќе одржат молитва за жртвите во Украина appeared first on Република.

Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето во Католичката црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papa-francisk-kanonskoto-pravo-e-vazen-chekor-vo-borbata-protiv-zlostavuvanjeto-vo-katolichkata-crkva/ Fri, 21 Jan 2022 13:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=447729

Папата Франциск повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.

Црквата, со Божја помош, продолжува со својата посветеност да обезбеди правда за жртвите злоставувани од нашите членови, применувајќи го со посебно внимание и строго пропишаното канонско право - изјави Папата Франциск во Апостолската палата при приемот на претставниците на Конгрегацијата за доктрина на верата, ватиканските власти кои се занимаваат со извештаите за злоставување.

Папата укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.

Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите - порача Папата.

Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба што свештеници ја вршеле над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на Папата Бенедикт Шеснаесетти.

Папата Бенедикт 16, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите.

https://republika.mk/vesti/svet/papata-benedikt-znael-za-zlostavuvanjeto-deca-vo-nadbiskupijata-vo-minhen/

The post Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето во Католичката црква appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.
Црквата, со Божја помош, продолжува со својата посветеност да обезбеди правда за жртвите злоставувани од нашите членови, применувајќи го со посебно внимание и строго пропишаното канонско право - изјави Папата Франциск во Апостолската палата при приемот на претставниците на Конгрегацијата за доктрина на верата, ватиканските власти кои се занимаваат со извештаите за злоставување.
Папата укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.
Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите - порача Папата.
Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба што свештеници ја вршеле над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на Папата Бенедикт Шеснаесетти. Папата Бенедикт 16, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите. https://republika.mk/vesti/svet/papata-benedikt-znael-za-zlostavuvanjeto-deca-vo-nadbiskupijata-vo-minhen/

The post Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето во Католичката црква appeared first on Република.

]]>
Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи по извештајот за злоупотреби на деца во Католичката црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obvinitelstvoto-vo-minhen-istrazuva-42-sluchai-po-izveshtajot-za-zloupotrebi-na-deca-vo-katolichkata-crkva/ Fri, 21 Jan 2022 08:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=447447

Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи на недолично однесување на првите луѓе на германската Католичка црква во врска со новиот извештај за злоупотреба во надбискупијата Минхен и Фрисинг.

Портпаролката на канцеларијата Ен Леидинг за ДПА потврди дека истрагата е во тек.

Леидинг изјави дека адвокатската канцеларија „Westpfahl Spilker Wastl“ (WSW), која го подготви извештајот во име на надбискупијата, доставила 41 случај до канцеларијата на јавното обвинителство во август 2021 година и уште еден во ноември 2021 година.

-Тие исклучиво се однесуваат на црковните службеници кои се уште се живи и се дадени во строго анонимен формат, рече таа.

Доколку по оваа основа „се појават сомнежи во врска со потенцијално криминално однесување на одговорните црковни водачи“, рече таа, релевантните документи ќе бидат побарани од адвокатската канцеларија и доколку е потребно ќе бидат доставени до релевантните јавни обвинителства.

-Кои норми се прекршени според кривичното право се уште се истражува, додаде таа, пренесе ДПА. с

The post Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи по извештајот за злоупотреби на деца во Католичката црква appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи на недолично однесување на првите луѓе на германската Католичка црква во врска со новиот извештај за злоупотреба во надбискупијата Минхен и Фрисинг. Портпаролката на канцеларијата Ен Леидинг за ДПА потврди дека истрагата е во тек. Леидинг изјави дека адвокатската канцеларија „Westpfahl Spilker Wastl“ (WSW), која го подготви извештајот во име на надбискупијата, доставила 41 случај до канцеларијата на јавното обвинителство во август 2021 година и уште еден во ноември 2021 година. -Тие исклучиво се однесуваат на црковните службеници кои се уште се живи и се дадени во строго анонимен формат, рече таа. Доколку по оваа основа „се појават сомнежи во врска со потенцијално криминално однесување на одговорните црковни водачи“, рече таа, релевантните документи ќе бидат побарани од адвокатската канцеларија и доколку е потребно ќе бидат доставени до релевантните јавни обвинителства. -Кои норми се прекршени според кривичното право се уште се истражува, додаде таа, пренесе ДПА. с

The post Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи по извештајот за злоупотреби на деца во Католичката црква appeared first on Република.

]]>