катина иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katina-ivanova/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Sep 2023 17:50:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png катина иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katina-ivanova/ 32 32 МНТ ѝ оддава почит на актерката Катина Иванова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-oddava-pochit-na-akterkata-katina-ivanova/ Tue, 19 Sep 2023 17:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=683259

На 20 септември (среда), во МНТ (на големата сцена), во 12 часот ќе се оддаде почит на Катина Иванова, големата актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар.

Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка која ја даваше, се вели во соопштението на МНТ.

 

The post МНТ ѝ оддава почит на актерката Катина Иванова appeared first on Република.

]]>

На 20 септември (среда), во МНТ (на големата сцена), во 12 часот ќе се оддаде почит на Катина Иванова, големата актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар.
Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка која ја даваше, се вели во соопштението на МНТ.
 

The post МНТ ѝ оддава почит на актерката Катина Иванова appeared first on Република.

]]>
Почина Катина Иванова, актерката која беше мајстор на сценската интерпретација https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-katina-ivanova-akterkata-koja-beshe-majstor-na-stsenskata-interpretatsija/ Thu, 10 Aug 2023 11:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=670754

Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова, соопшти нејзината матична куќа Македонскиот народен театар.

Замина нашата колешка Катина Иванова, актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек, стои во дописот од МНТ:

Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави меѓу кои: Канигунда во „Кандид“ (1980), Дена во „Кршалнига“ (1983), Амелија во „Погрижи се за Амелија“ (1984), Сузана во „Слободни врски“ (1984), Маријана во „Тартиф“ (1986), Мајката на младоженецот во „Малограѓанска свадба“ (1986), Соња во „Црна дупка“ (1988), Арсиное во „Мизантроп“ (1989), Тамарочка во „Валпургиска ноќ или Чекорите на командорот“ (1990), Клер во „Слугинки“ (1993), Ирина во „Лепа Ангелина“ (1995), Гатачката во „Едмонд“ (1997), Катерина Када во „Немушт јазик“ (2000), Македонка во „Балканот не е мртов“ (2001), Госпоѓа Робинсон во „Дипломец“ (2004), Пациент во „Мара/Сад“ (2008), Сопругата во монодрамата „Сребрена свадба“ (2010), Варвара Петровна Ставрогина во „Бесови“ (2011), Ноќта во „Сината птица“ (2014), Прасковја Фјодоровна во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), како и последните улоги во „Разговори во четири очи“ (2015), Сесили Робсон во „Квартет“ (2016) и Госпоѓа Пернел во „Тартиф“ (2016). Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал меѓу кои се: „Оловна бригада“ (1980), „Хај-фај“ (1987), „Светло сиво“ (1993), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Одмазда“ (2001), „Држава на мртвите“ (2002), „Наше маало“ (1999-2004) и „Бунило“ (2009). За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и Наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997).

За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено.

Вечна и слава!

The post Почина Катина Иванова, актерката која беше мајстор на сценската интерпретација appeared first on Република.

]]>

Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова, соопшти нејзината матична куќа Македонскиот народен театар.
Замина нашата колешка Катина Иванова, актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек, стои во дописот од МНТ:
Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави меѓу кои: Канигунда во „Кандид“ (1980), Дена во „Кршалнига“ (1983), Амелија во „Погрижи се за Амелија“ (1984), Сузана во „Слободни врски“ (1984), Маријана во „Тартиф“ (1986), Мајката на младоженецот во „Малограѓанска свадба“ (1986), Соња во „Црна дупка“ (1988), Арсиное во „Мизантроп“ (1989), Тамарочка во „Валпургиска ноќ или Чекорите на командорот“ (1990), Клер во „Слугинки“ (1993), Ирина во „Лепа Ангелина“ (1995), Гатачката во „Едмонд“ (1997), Катерина Када во „Немушт јазик“ (2000), Македонка во „Балканот не е мртов“ (2001), Госпоѓа Робинсон во „Дипломец“ (2004), Пациент во „Мара/Сад“ (2008), Сопругата во монодрамата „Сребрена свадба“ (2010), Варвара Петровна Ставрогина во „Бесови“ (2011), Ноќта во „Сината птица“ (2014), Прасковја Фјодоровна во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), како и последните улоги во „Разговори во четири очи“ (2015), Сесили Робсон во „Квартет“ (2016) и Госпоѓа Пернел во „Тартиф“ (2016). Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал меѓу кои се: „Оловна бригада“ (1980), „Хај-фај“ (1987), „Светло сиво“ (1993), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Одмазда“ (2001), „Држава на мртвите“ (2002), „Наше маало“ (1999-2004) и „Бунило“ (2009). За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и Наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997). За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено. Вечна и слава!

The post Почина Катина Иванова, актерката која беше мајстор на сценската интерпретација appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму / Турбо-нет“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-snimanjeto-na-kratkiot-film-nitamu-nivamu-turbo-net/ Sat, 19 Nov 2022 15:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=575879

Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму ниваму / Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција и поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот фонд „Синефором“ од Женева.

Продукцијата „Пиреј филм“ соопшти дека се работи за приказна за обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет-кафуле во градот (Турбо-нет) – центар на социјалниот живот на почетокот на веков.

Во актерската екипа се: Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски.

Снимањето ќе продолжи во населбата Водно. Премиерата е планирана за напролет.

The post Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму / Турбо-нет“ appeared first on Република.

]]>

Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму ниваму / Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција и поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот фонд „Синефором“ од Женева. Продукцијата „Пиреј филм“ соопшти дека се работи за приказна за обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет-кафуле во градот (Турбо-нет) – центар на социјалниот живот на почетокот на веков. Во актерската екипа се: Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски. Снимањето ќе продолжи во населбата Водно. Премиерата е планирана за напролет.

The post Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму / Турбо-нет“ appeared first on Република.

]]>