Катица Ќулафкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katica-kjulafkova/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Jun 2023 10:53:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Катица Ќулафкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katica-kjulafkova/ 32 32 Ќулавкова: Тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kulavkova-tendentsioznoto-sozdavane-nestabilni-i-traumatichni-trans-identiteti/ Tue, 27 Jun 2023 10:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=655614

Според добрите познавачи на трансродовата проблематика, не е можно да се зборува за неа критички, а да не се наиде на автоматска дискредитација од страна на јавната политика и нејзините медиумски и партиски протагонисти. Па сепак, слободата постои за да се користи и за општо добро, пишува во статусот на фејсбук, академик Катица Ќулафкова.

Понатаму таа објаснува:
Затоа, ќе кажам јасно:
1. Борбата за правата на жените била, е и ќе биде праведна.
2. Дискриминација по било која основа, вклучително и по основа на сексуална определба, не смее да постои.
3. Правото на слобода на сексуалната ориентација не треба да биде спорно. Тоа треба да биде интимно, а не маркетиншко, човеково право.
4. Интимните човекови права не смеат да се претворат во радикални политички алатки и извор на нови видови дискриминација.
5. Ако со некој предлог-закон се доведуваат во прашање правата на жената во општеството, тој закон треба да биде темелно преиспитан.
6. Ако некој предлог-закон промовира „позитивна дискриминација“ во интерес на трансродовите лица, тој закон треба да биде предмет на јавна расправа и да биде ревидиран во склад со начелото на недискриминација.
7. Трансродовите политики воведоа опасна поимска конфузија и промовираат социјална нееднаквост и дискриминација.
Значи, не е проблем сексуалната ориентација. Имало и ќе има разлики.
Проблем е радикализмот во сферата на регулирањето на правата на трансродовите лица.
Проблем е трансродово насочената едукација на децата и младите.
Проблем е тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети.
Проблем е радикалниот транс-хуманизам и квиро-центричниот концепт на светот.
Проблем е што на толку крупни проблеми (војни, трговија со луѓе и културни добра, дрога, миграција, етноцид, нов колонијализам, климатски промени), ЕУ како приоритетно прашање го поставува прашањето на транс-родовоста.
Проблем е што се создава постхумано човештво.
Пред нас гледаме гранични луѓе, гранично човештво. Светот е преполовен, болката ја чувствуваме сите.
Последниве години, дури и слободата на научните истражувања финансирани од меѓународните фондови на Западот се ултимативни: или ќе го усвоиш нивниот план за трансродово балансирање, или нема финансирање на проектот. Значи, веќе е воведен пристрасен трансродов принцип на елиминација и дискриминација во науката, пишува Ќулафкова.

The post Ќулавкова: Тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети appeared first on Република.

]]>

Според добрите познавачи на трансродовата проблематика, не е можно да се зборува за неа критички, а да не се наиде на автоматска дискредитација од страна на јавната политика и нејзините медиумски и партиски протагонисти. Па сепак, слободата постои за да се користи и за општо добро, пишува во статусот на фејсбук, академик Катица Ќулафкова. Понатаму таа објаснува: Затоа, ќе кажам јасно: 1. Борбата за правата на жените била, е и ќе биде праведна. 2. Дискриминација по било која основа, вклучително и по основа на сексуална определба, не смее да постои. 3. Правото на слобода на сексуалната ориентација не треба да биде спорно. Тоа треба да биде интимно, а не маркетиншко, човеково право. 4. Интимните човекови права не смеат да се претворат во радикални политички алатки и извор на нови видови дискриминација. 5. Ако со некој предлог-закон се доведуваат во прашање правата на жената во општеството, тој закон треба да биде темелно преиспитан. 6. Ако некој предлог-закон промовира „позитивна дискриминација“ во интерес на трансродовите лица, тој закон треба да биде предмет на јавна расправа и да биде ревидиран во склад со начелото на недискриминација. 7. Трансродовите политики воведоа опасна поимска конфузија и промовираат социјална нееднаквост и дискриминација. Значи, не е проблем сексуалната ориентација. Имало и ќе има разлики. Проблем е радикализмот во сферата на регулирањето на правата на трансродовите лица. Проблем е трансродово насочената едукација на децата и младите. Проблем е тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети. Проблем е радикалниот транс-хуманизам и квиро-центричниот концепт на светот. Проблем е што на толку крупни проблеми (војни, трговија со луѓе и културни добра, дрога, миграција, етноцид, нов колонијализам, климатски промени), ЕУ како приоритетно прашање го поставува прашањето на транс-родовоста. Проблем е што се создава постхумано човештво. Пред нас гледаме гранични луѓе, гранично човештво. Светот е преполовен, болката ја чувствуваме сите. Последниве години, дури и слободата на научните истражувања финансирани од меѓународните фондови на Западот се ултимативни: или ќе го усвоиш нивниот план за трансродово балансирање, или нема финансирање на проектот. Значи, веќе е воведен пристрасен трансродов принцип на елиминација и дискриминација во науката, пишува Ќулафкова.

The post Ќулавкова: Тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети appeared first on Република.

]]>
Како „заедничката историја“ стана бугарска:Академик Ќулавкова за клучниот член 8 од Договорот за добрососедство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-zaednichkata-istorija-stana-bugarska-akademik-kjulavkova-za-kluchniot-chlen-8-od-dogovorot-za-dobrososedstvo/ Mon, 07 Nov 2022 13:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=570972

Зошто „научното толкување на историските настани“ би им било доверено само на еден тесен круг претставници на научната заедница делегирани од двете влади, а не би се одвивало во рамките на широката научна заедница, домашна и меѓународна?

Ова е едно од прашањата што ги поставува академик Катица Ќулавкова во колумна во „Нова Македонија“. Ќулавкова пишува: Зошто толкувањето на историските настани треба да биде ставено во строги временски рамки и под притисок на рокови кои се ирелевантни за науката?

Зошто се поврзуваат историските и образовните прашања, односно науката со образовната политика? Зошто науката треба да им реферира на годишно ниво на владите како да се тие некои повисоки научни инстанци?

Дали се работи за некоја нелегитимна?

Дали членот 8 (од Договорот за добрососедство) создал услови за контрола на научната мисла и однапред ја одредил вистината за ‘заедничката’ македонско-бугарска историја како ‘бугарска’? Геополитичките стратегии, имено, ги предвидуваат потезите однапред, затоа и се темелат врз ‘визијата’, или крајната цел која треба да се постигне на одреден начин, во одредено време, со помош на одредени инстанци, лица и алатки?

Ваквиот договор, со еден израз, ја одредува стратешката цел – ревидирање на ‘заедничката историја’ како автентично и целосно бугарска. Тој израз е рефлексија на новиот пристап кон историјата, кој ќе го одреди и пристапот кон иднината.

Тој нов пристап е политички и геостратешки, тој ја одредува новата епистема или научна парадигма, следствено и ја воведува сѐ до степен на официјално инсталирање – новата слика за историјата, новиот историски наратив на македонската историја како бугарска“.

Целата колумна на академик Ќулавкова на линкот

The post Како „заедничката историја“ стана бугарска:Академик Ќулавкова за клучниот член 8 од Договорот за добрососедство appeared first on Република.

]]>

Зошто „научното толкување на историските настани“ би им било доверено само на еден тесен круг претставници на научната заедница делегирани од двете влади, а не би се одвивало во рамките на широката научна заедница, домашна и меѓународна? Ова е едно од прашањата што ги поставува академик Катица Ќулавкова во колумна во „Нова Македонија“. Ќулавкова пишува: Зошто толкувањето на историските настани треба да биде ставено во строги временски рамки и под притисок на рокови кои се ирелевантни за науката? Зошто се поврзуваат историските и образовните прашања, односно науката со образовната политика? Зошто науката треба да им реферира на годишно ниво на владите како да се тие некои повисоки научни инстанци? Дали се работи за некоја нелегитимна? Дали членот 8 (од Договорот за добрососедство) создал услови за контрола на научната мисла и однапред ја одредил вистината за ‘заедничката’ македонско-бугарска историја како ‘бугарска’? Геополитичките стратегии, имено, ги предвидуваат потезите однапред, затоа и се темелат врз ‘визијата’, или крајната цел која треба да се постигне на одреден начин, во одредено време, со помош на одредени инстанци, лица и алатки? Ваквиот договор, со еден израз, ја одредува стратешката цел – ревидирање на ‘заедничката историја’ како автентично и целосно бугарска. Тој израз е рефлексија на новиот пристап кон историјата, кој ќе го одреди и пристапот кон иднината. Тој нов пристап е политички и геостратешки, тој ја одредува новата епистема или научна парадигма, следствено и ја воведува сѐ до степен на официјално инсталирање – новата слика за историјата, новиот историски наратив на македонската историја како бугарска“. Целата колумна на академик Ќулавкова на линкот

The post Како „заедничката историја“ стана бугарска:Академик Ќулавкова за клучниот член 8 од Договорот за добрососедство appeared first on Република.

]]>
Ќулафкова: Со вакви политички импровизации македонскиот веќе не врши улога на државен јазик на територијата на цела Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjulafkova-so-vakvi-politichki-improvizacii-makedonskiot-vekje-ne-vrshi-uloga-na-drzaven-jazik-na-teritorijata-na-cela-republika-makedonija/ Sun, 21 Aug 2022 08:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=542523

Мојата реплика по повод деградацијата на македонскиот јазик како „мајчин“, а знаеме дека е државен јазик на Р Македонија и со тоа задолжителен за сите ученици и граѓани на државата:
Сите нешта, промена на називи, исфрлање на „придавката“ македонски како начин да се идентифицираат јазикот, народот, нацијата, книжевноста, институцијата и сл., го формираат своето значење во зависност од контекстот, историската констелација, политичката констелација, регионалните стандарди и т.н., така што сведувањето на македонскиот јазик на "мајчин", во денешни услови, кога се оспорува како автономен јазичен систем и се заговара тезата дека е дијалект на бугарскиот, кога т.н. Бугари во Македонија бараат да учат на нивниот мајчин бугарски јазик, кога има неколку јазици на малцинствата кои се изучуваат, и тоа како е важно да се сочува називот на предметот македонски јазик и книжевност и истиот да биде задолжителен за сите државјани и ученици во Македонија, оти е по Устав државен јазик. А нека има во основно образование и настава по избор на одреден мајчин јазик на малцинските заедници. Со вакви политички импровизации македонскиот веќе не врши улога на државен јазик на територијата на цела Република Македонија! Кој го прави тој упад во Уставот на Републиката?
И ве молам сите вие што ги релативизирате основните карактеристики на македонската нација и култура, да не пишувате на моите постови реплики, пишувајте си ги на вашите. Не се добредојдени, напиша на Фејсбук, академик Катица Ќулафкова.

Таа вчера реагираше дека толку многу е заштитен македонскиот идентитет од нашите званични политики што предметот македонски јазик во образовните институции ќе се викал мајчин јазик, наставниците се по мајчин јазик, а мајчин е секој и никој.

Прикривањето на името на еден конкретен државен јазик во сопствената држава зад општи генерички поими е увод во домицилен културоцид. Да нема дилема, порача академик Ќулавкова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-tolku-mnogu-e-zashtiten-makedonskiot-identitet-shto-predmetot-makedonski-jazik-kje-se-vikal-majchin-jazik/?fbclid=IwAR1JaXCu1Qk_VzRlFgn4Xo_I_tg7xvxqJavrf5TQu_n-7WxWz6gax0PFrIs

The post Ќулафкова: Со вакви политички импровизации македонскиот веќе не врши улога на државен јазик на територијата на цела Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Мојата реплика по повод деградацијата на македонскиот јазик како „мајчин“, а знаеме дека е државен јазик на Р Македонија и со тоа задолжителен за сите ученици и граѓани на државата: Сите нешта, промена на називи, исфрлање на „придавката“ македонски како начин да се идентифицираат јазикот, народот, нацијата, книжевноста, институцијата и сл., го формираат своето значење во зависност од контекстот, историската констелација, политичката констелација, регионалните стандарди и т.н., така што сведувањето на македонскиот јазик на "мајчин", во денешни услови, кога се оспорува како автономен јазичен систем и се заговара тезата дека е дијалект на бугарскиот, кога т.н. Бугари во Македонија бараат да учат на нивниот мајчин бугарски јазик, кога има неколку јазици на малцинствата кои се изучуваат, и тоа како е важно да се сочува називот на предметот македонски јазик и книжевност и истиот да биде задолжителен за сите државјани и ученици во Македонија, оти е по Устав државен јазик. А нека има во основно образование и настава по избор на одреден мајчин јазик на малцинските заедници. Со вакви политички импровизации македонскиот веќе не врши улога на државен јазик на територијата на цела Република Македонија! Кој го прави тој упад во Уставот на Републиката? И ве молам сите вие што ги релативизирате основните карактеристики на македонската нација и култура, да не пишувате на моите постови реплики, пишувајте си ги на вашите. Не се добредојдени, напиша на Фејсбук, академик Катица Ќулафкова. Таа вчера реагираше дека толку многу е заштитен македонскиот идентитет од нашите званични политики што предметот македонски јазик во образовните институции ќе се викал мајчин јазик, наставниците се по мајчин јазик, а мајчин е секој и никој. Прикривањето на името на еден конкретен државен јазик во сопствената држава зад општи генерички поими е увод во домицилен културоцид. Да нема дилема, порача академик Ќулавкова. https://republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-tolku-mnogu-e-zashtiten-makedonskiot-identitet-shto-predmetot-makedonski-jazik-kje-se-vikal-majchin-jazik/?fbclid=IwAR1JaXCu1Qk_VzRlFgn4Xo_I_tg7xvxqJavrf5TQu_n-7WxWz6gax0PFrIs

The post Ќулафкова: Со вакви политички импровизации македонскиот веќе не врши улога на државен јазик на територијата на цела Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/promoviraat-metod-na-pristrasno-tolkuvanje-na-istoriskite-fakti-makedonskite-nauchnici-gi-otfrlaat-preporakite-na-istoriskata-komisija/ Fri, 19 Aug 2022 09:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=541913

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрлааат „Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини, се наведува во нивната реакција.

[caption id="attachment_267274" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

  • „Препораките...“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено - за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

  • „Препораките...“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.

  • Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско - македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.

  • Под привид на реципроцитет, „Препораките...“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

  • Во овие „Препораки...“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.

  • „Препораките...“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.

  • Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките...“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.

  • Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум - од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.

  • Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.

[caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption]

Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија..-се наведува во писмената реакција потпишана од стотиа научници.

The post Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрлааат „Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини, се наведува во нивната реакција. [caption id="attachment_267274" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]
  • „Препораките...“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено - за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.
  • „Препораките...“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.
  • Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско - македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.
  • Под привид на реципроцитет, „Препораките...“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.
  • Во овие „Препораки...“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.
  • „Препораките...“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.
  • Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките...“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.
  • Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум - од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.
  • Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.
[caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption]
  Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија..-се наведува во писмената реакција потпишана од стотиа научници.

The post Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>
Ќулафкова: Препораките на експертска комисија се повеќекратно сомнителни и штетни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjulafkova-preporakite-na-ekspertska-komisija-se-povekjekratno-somnitelni-i-shtetni/ Mon, 15 Aug 2022 21:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=540707

Професорката Катица Ќулафкова на Фејсбук се осврнува на денешните одлуки на комисијата за историски прашања околу содржината за неколку историски личности.

Таа смета дека Препораките на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“, објавени денес, 15 август 2022, се повеќекратно сомнителни (научно, политички, развојно) и особено штетни по однос на востановените македонски историски наративи и националниот уставен кодекс.

The post Ќулафкова: Препораките на експертска комисија се повеќекратно сомнителни и штетни appeared first on Република.

]]>

Професорката Катица Ќулафкова на Фејсбук се осврнува на денешните одлуки на комисијата за историски прашања околу содржината за неколку историски личности. Таа смета дека Препораките на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“, објавени денес, 15 август 2022, се повеќекратно сомнителни (научно, политички, развојно) и особено штетни по однос на востановените македонски историски наративи и националниот уставен кодекс.              

The post Ќулафкова: Препораките на експертска комисија се повеќекратно сомнителни и штетни appeared first on Република.

]]>
Се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од Егејска Македонија се основа на старословенскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-otkazuvame-od-istoriskiot-i-nauchen-fakt-deka-makedonskite-govori-od-egejska-makedonija-se-osnova-na-staroslovenskiot-i-crkovnoslovenskiot-jazik-od-kirilometodievskata-epoha-na-nivnata-kodifikacija/ Tue, 19 Jul 2022 17:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=531175

Со унилатералната изјава на Р с. Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од Егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време. Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот, напиша на Фејсбук, академик, Катица Ќулавкова.

The post Се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од Егејска Македонија се основа на старословенскиот јазик appeared first on Република.