катица јанева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katica-janeva/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 11:38:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png катица јанева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katica-janeva/ 32 32 Пандов ја повика Катица Јанева пак да побара да оди на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pandov-ja-povika-katitsa-janeva-pak-da-pobara-da-odi-na-rabota/ Mon, 22 Jul 2024 11:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=799176

Александар Пандов, в.д директор на Управата за извршување на санкции денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но Пандов не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да побара.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvorot-shutka-bil-kako-hotel-zatvorenitsite-koga-sakale-vleguvale-i-izleguvale/

-За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојдава дека госпоѓата не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и констатираа дека не била на работното место, рече тој.

За Јанева рече дека проверувал и дека таа има право повторно да побара да работи надвор од затворот, а дали ќе биде одобрено кусо рече „нека побара“.

Минатата недела вработени од Управата направиле контроли да видат дали и други затвореници кои имаат исто право се на работните места. За тојца, како што кажа, Пандов е утврдено дека не биле.

-А во меѓувреме имаме минатата недела две или три контроли направено на повеќе локации и во град Скопје, во Тетово и во Гостивар и притоа од десетина проверени лица се најдени уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И за нив исто ќе бидат одземени работните дозволи, рече в.д директорот на Управата за извршување санкции.

Пандов најави дека проверки на затворениците кои имаат право да работат ќе се прават редовно.

The post Пандов ја повика Катица Јанева пак да побара да оди на работа appeared first on Република.

]]>

Александар Пандов, в.д директор на Управата за извршување на санкции денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но Пандов не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да побара. https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvorot-shutka-bil-kako-hotel-zatvorenitsite-koga-sakale-vleguvale-i-izleguvale/
-За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојдава дека госпоѓата не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и констатираа дека не била на работното место, рече тој.
За Јанева рече дека проверувал и дека таа има право повторно да побара да работи надвор од затворот, а дали ќе биде одобрено кусо рече „нека побара“. Минатата недела вработени од Управата направиле контроли да видат дали и други затвореници кои имаат исто право се на работните места. За тојца, како што кажа, Пандов е утврдено дека не биле.
-А во меѓувреме имаме минатата недела две или три контроли направено на повеќе локации и во град Скопје, во Тетово и во Гостивар и притоа од десетина проверени лица се најдени уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И за нив исто ќе бидат одземени работните дозволи, рече в.д директорот на Управата за извршување санкции.
Пандов најави дека проверки на затворениците кои имаат право да работат ќе се прават редовно.  

The post Пандов ја повика Катица Јанева пак да побара да оди на работа appeared first on Република.

]]>
Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/ Wed, 17 Jul 2024 13:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=797705

Јавното обвинителство не гледа ништо спорно ниту незаконски во милионскиот бонус што си го поделија обвинителите од некогашното СЈО на чело со Катица Јанева.

Република“ побара коментар од Републичкото јавно обвинителство за отфрлањето на пријавата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ а која Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал ја отфрли како неоснована.

Од ЈО за „Република“ објаснуваат дека била прибавена обемна документација и ги декласифицирале ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева, а било извршено и детално економско - финансиско вештачење.

Од вештиот наод и целокупните материјални докази произлезе дека тогашното Специјално јавно обвинителство, за целокупното работење вклучително и за финансиските активности изготвувало извештаи, што согласно закон биле разгледувани од Советот на јавните обвинители и од Собранието. Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период-велат од ЈО.

Оттаму додаваат дека дејствијата преземени од  Јанева во врска со носењето на правилници за додатоци на платите и одлуките за почитување на принципот на тајност во врска со материјалите од незаконското следење на комуникациите, како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.

Согласно сите утврдени факти, решение за отфрлање на кривичната пријава е донесено во декември 2023 година, односно неколку месеци пред Љупчо Коцевски да стапи на функцијата. Јавните обвинители Љупчо Коцевски и Ленче Ристоска не се во никаква ниту поблиска, ниту подалечна роднинска врска-објаснуваат од Обвинителството.

Од парите кои ги добивале обвинителите на „славното“ СЈО на обичниот човек може да му се сврти во главата.

Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.

Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.

https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/

https://republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/

The post Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство не гледа ништо спорно ниту незаконски во милионскиот бонус што си го поделија обвинителите од некогашното СЈО на чело со Катица Јанева. „Република“ побара коментар од Републичкото јавно обвинителство за отфрлањето на пријавата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ а која Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал ја отфрли како неоснована. Од ЈО за „Република“ објаснуваат дека била прибавена обемна документација и ги декласифицирале ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева, а било извршено и детално економско - финансиско вештачење.
Од вештиот наод и целокупните материјални докази произлезе дека тогашното Специјално јавно обвинителство, за целокупното работење вклучително и за финансиските активности изготвувало извештаи, што согласно закон биле разгледувани од Советот на јавните обвинители и од Собранието. Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период-велат од ЈО.
Оттаму додаваат дека дејствијата преземени од  Јанева во врска со носењето на правилници за додатоци на платите и одлуките за почитување на принципот на тајност во врска со материјалите од незаконското следење на комуникациите, како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.
Согласно сите утврдени факти, решение за отфрлање на кривичната пријава е донесено во декември 2023 година, односно неколку месеци пред Љупчо Коцевски да стапи на функцијата. Јавните обвинители Љупчо Коцевски и Ленче Ристоска не се во никаква ниту поблиска, ниту подалечна роднинска врска-објаснуваат од Обвинителството.
Од парите кои ги добивале обвинителите на „славното“ СЈО на обичниот човек може да му се сврти во главата. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра. Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.   https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ https://republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/

The post Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>
Бонус „кеш“: Делењето еден милион евра од ракавот на Јанева за Абази е нормално https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/ Tue, 16 Jul 2024 06:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=797214

Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажала дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци.

Но, ова не беше повод Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал да ја прифати кривичната пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.Напротив, тој ја одби и со тоа го затвори овој случај.

[caption id="attachment_571420" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Како што вчера објави „Сведок.мк“ Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител.

Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35 %.

Oбвинителите во просек добивале  од 70.000  до 107.000 евра, покажуваат податоците од алатката „Отворени финансии“. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.

Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.

The post Бонус „кеш“: Делењето еден милион евра од ракавот на Јанева за Абази е нормално appeared first on Република.

]]>

Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажала дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци. Но, ова не беше повод Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал да ја прифати кривичната пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.Напротив, тој ја одби и со тоа го затвори овој случај. [caption id="attachment_571420" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Како што вчера објави „Сведок.мк“ Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител. Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35 %. Oбвинителите во просек добивале  од 70.000  до 107.000 евра, покажуваат податоците од алатката „Отворени финансии“. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра. Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.

The post Бонус „кеш“: Делењето еден милион евра од ракавот на Јанева за Абази е нормално appeared first on Република.

]]>
Мајка ми излезе да купи храна, тврди синот на Катица Јанева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/majka-mi-izleze-da-kupi-hrana-tvrdi-sinot-na-katitsa-janeva/ Wed, 10 Jul 2024 12:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=795347

Адвокатот Лазар Јанев, кој е син и работодавач на Катица Јанева, за „Скопје1“ тврди дека таа како вработена го почитува работните обврски и цело време е во канцеларијата. Според Јанев, Катица ја напушта канцеларијата само доколку во соседните локали да купи за јадење, со оглед дека не користи никаква поволност од КПУ Идризово.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-fatena-na-delo-lazhela-deka-raboti-se-vraka-vo-idrizovo/

Ги отфлрам во целост наводите, до моментот на давање на изјавата немам добиено никаков одговор од Установата или сум бил побаран од неа, за било каква работа поврзана со работниот ангажман на Катица Јанева.. Во целот си отфрлам како неточни изјавите на директорот на УПС, од причина што Катица Јанева го почитува работното време и работниот договор кој го имаме склучено со КПУ Идризово. А воедно, истата не прима храна ниту било какви други поволности од затворот Идризово, па нормално е, во текот на работниот ден да купи јадење или да се нахрани како секој нормален човек, рече Јанев.

The post Мајка ми излезе да купи храна, тврди синот на Катица Јанева appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Лазар Јанев, кој е син и работодавач на Катица Јанева, за „Скопје1“ тврди дека таа како вработена го почитува работните обврски и цело време е во канцеларијата. Според Јанев, Катица ја напушта канцеларијата само доколку во соседните локали да купи за јадење, со оглед дека не користи никаква поволност од КПУ Идризово. https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-fatena-na-delo-lazhela-deka-raboti-se-vraka-vo-idrizovo/
Ги отфлрам во целост наводите, до моментот на давање на изјавата немам добиено никаков одговор од Установата или сум бил побаран од неа, за било каква работа поврзана со работниот ангажман на Катица Јанева.. Во целот си отфрлам како неточни изјавите на директорот на УПС, од причина што Катица Јанева го почитува работното време и работниот договор кој го имаме склучено со КПУ Идризово. А воедно, истата не прима храна ниту било какви други поволности од затворот Идризово, па нормално е, во текот на работниот ден да купи јадење или да се нахрани како секој нормален човек, рече Јанев.

The post Мајка ми излезе да купи храна, тврди синот на Катица Јанева appeared first on Република.

]]>
Катица Jaнева фатена на дело: Лажела дека работи кај синот – се враќа во Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/katitsa-janeva-fatena-na-delo-lazhela-deka-raboti-kaj-sinot-se-vraka-vo-idrizovo/ Wed, 10 Jul 2024 10:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=795254

Поранешнатaта Специјална обвинителка Катица Јанева веќе нема да може да го користи правото на т.н делумна слобода откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиена анонимна пријава извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

Јанева била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара но со оглед дека веќе направила прекршок нема да и биде дозволено- потврди за „Република“ директорот на Управата Александар Пандов.

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.

The post Катица Jaнева фатена на дело: Лажела дека работи кај синот – се враќа во Идризово appeared first on Република.

]]>

Поранешнатaта Специјална обвинителка Катица Јанева веќе нема да може да го користи правото на т.н делумна слобода откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев. Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиена анонимна пријава извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.  
Јанева била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара но со оглед дека веќе направила прекршок нема да и биде дозволено- потврди за „Република“ директорот на Управата Александар Пандов.
Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.

The post Катица Jaнева фатена на дело: Лажела дека работи кај синот – се враќа во Идризово appeared first on Република.

]]>
Е па, ако не, ај Катица да ја вратиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/e-pa-ako-ne-aj-katitsa-da-ja-vratime/ Fri, 05 Jul 2024 07:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=793615

Ако не пак, повторно да ја вратиме госпжа Катица Јанева на специјална мисија!?

А, господа амбасадори!?

Таа ја уживаше вашата поддршка и уважение, редно е да и се помогне на жената и да се рехабилитира.

Ако еднаш рекетирала, не значи дека ќе го повтори делото!

Така може од „втора мајка“, да ја оправда вашата доверба, воедно и да ја исчисти „црната дамка“, што ви ја нанесе, како на екселенции со нај добри намери.

Имам и друг предлог:

На местото на поранешниот државен јавен обвинител, „исихастот“ Јовевски, докажаниот „молчељубец/ќутолог“, кој како да имаше земено „завет на молчание“, во неговиот мандат, да ја поставиме госпоѓата Вилма Русковска.

Докажаната обвинителка, можеби сега ќе покрене обвинение и за луѓето со качулки во собранието на 27 април, во тогашната Р.М. за кои тогаш никој не беше заинтересиран да дознае кои се', и зошто биле маскирани?

Ако не тоа, тогаш пак нас може да не собере, на повторено судење и наместо 300, овој пат да побара 600 години робија.

Плус, нејзините методи за притвор, некои од нас ги почувствувавме, некој од вас ги видовте, а отпосле сите ги слушнавме: „Го фрлив таму и го заборавив! Го заборавив! Буквално го заборавив! Ха, ха, ха...“!

Се разбира ако тој глас беше нејзин!?

А не бил глас на некој руски пранкер, кој глуми пијана обвинителка, која садистички ужива во притворот на некој си таму, кого го фрлила во кочината, наречена „Шутка“. Кој знае ... ?

Но, сето тоа треба да се расчисти.

Е сега, за судија во тоа обновено судење за „терористичко загрозување ...“, глупо е да ја враќаме госпоѓата Кацарска и да ја деградираме како уставна судијка, мачејки ја жената по стари години, да се пентари по скалите и да седи по 13 до 14 часа на судење во деноноќие, 4 до 5 деноноќија во неделата.

Тука ќе мора да се најде друг судија, друг кадар.

Некој кој е спремен и кадарен, после тоа судење, да се искачи и да се вивне до самиот врв на уставениот суд.

П.С.

Дали ако еден ден во нашава Македонија победи некоја екстремна десница и ако ја врати смртната пресуда во македонското судство (хипотетички).

Дали во таков случај, ќе можеме самите да си ги одбереме џелатите кои ќе не обезглавуваат, или ќе ни бидат наметнати кадри, кои други ќе ни ги одберат/назначат.!?

Фејсбук статус на Владо Јовановски

The post Е па, ако не, ај Катица да ја вратиме appeared first on Република.

]]>

Ако не пак, повторно да ја вратиме госпжа Катица Јанева на специјална мисија!? А, господа амбасадори!? Таа ја уживаше вашата поддршка и уважение, редно е да и се помогне на жената и да се рехабилитира. Ако еднаш рекетирала, не значи дека ќе го повтори делото! Така може од „втора мајка“, да ја оправда вашата доверба, воедно и да ја исчисти „црната дамка“, што ви ја нанесе, како на екселенции со нај добри намери. Имам и друг предлог: На местото на поранешниот државен јавен обвинител, „исихастот“ Јовевски, докажаниот „молчељубец/ќутолог“, кој како да имаше земено „завет на молчание“, во неговиот мандат, да ја поставиме госпоѓата Вилма Русковска. Докажаната обвинителка, можеби сега ќе покрене обвинение и за луѓето со качулки во собранието на 27 април, во тогашната Р.М. за кои тогаш никој не беше заинтересиран да дознае кои се', и зошто биле маскирани? Ако не тоа, тогаш пак нас може да не собере, на повторено судење и наместо 300, овој пат да побара 600 години робија. Плус, нејзините методи за притвор, некои од нас ги почувствувавме, некој од вас ги видовте, а отпосле сите ги слушнавме: „Го фрлив таму и го заборавив! Го заборавив! Буквално го заборавив! Ха, ха, ха...“! Се разбира ако тој глас беше нејзин!? А не бил глас на некој руски пранкер, кој глуми пијана обвинителка, која садистички ужива во притворот на некој си таму, кого го фрлила во кочината, наречена „Шутка“. Кој знае ... ? Но, сето тоа треба да се расчисти. Е сега, за судија во тоа обновено судење за „терористичко загрозување ...“, глупо е да ја враќаме госпоѓата Кацарска и да ја деградираме како уставна судијка, мачејки ја жената по стари години, да се пентари по скалите и да седи по 13 до 14 часа на судење во деноноќие, 4 до 5 деноноќија во неделата. Тука ќе мора да се најде друг судија, друг кадар. Некој кој е спремен и кадарен, после тоа судење, да се искачи и да се вивне до самиот врв на уставениот суд. П.С. Дали ако еден ден во нашава Македонија победи некоја екстремна десница и ако ја врати смртната пресуда во македонското судство (хипотетички). Дали во таков случај, ќе можеме самите да си ги одбереме џелатите кои ќе не обезглавуваат, или ќе ни бидат наметнати кадри, кои други ќе ни ги одберат/назначат.!? Фејсбук статус на Владо Јовановски

The post Е па, ако не, ај Катица да ја вратиме appeared first on Република.

]]>
Починатиот сопруг на Катица Јанева по грешка е ставен на црната листа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochinatiot-soprug-na-katitsa-janeva-po-greshka-e-staven-na-tsrnata-lista/ Wed, 20 Mar 2024 16:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=756790

Административна грешка – ова е одговорот од Американската амбасада за ставањето на починатиот сопруг на ексшефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Катица Јанева, на црната листа на САД, пренесе Телма.

Нејзиното име се најде на црната листа под сомнеж за корупција, а освен нејзиниот син адвокатот Лазар Јанев, на истата таа листа се најде и името на нејзиниот починат сопруг Венци Јанев.

Од Амбасадата на САД ја признаваат грешката и велат дека имаат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив– според американскиот закон – за да ја назначат Јанева на листата.

„Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, се вели во одговорот од Амбасадата.

The post Починатиот сопруг на Катица Јанева по грешка е ставен на црната листа appeared first on Република.

]]>

Административна грешка – ова е одговорот од Американската амбасада за ставањето на починатиот сопруг на ексшефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Катица Јанева, на црната листа на САД, пренесе Телма. Нејзиното име се најде на црната листа под сомнеж за корупција, а освен нејзиниот син адвокатот Лазар Јанев, на истата таа листа се најде и името на нејзиниот починат сопруг Венци Јанев. Од Амбасадата на САД ја признаваат грешката и велат дека имаат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив– според американскиот закон – за да ја назначат Јанева на листата.
„Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, се вели во одговорот од Амбасадата.

The post Починатиот сопруг на Катица Јанева по грешка е ставен на црната листа appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ставањето на црната листа на Јанева докажа дека првиот човек на СЈО ја користела позицијата за сопствена корист наместо за правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-stavaneto-na-tsrnata-lista-na-janeva-dokazha-deka-prviot-chovek-na-sjo-ja-koristela-pozitsijata-za-sopstvena-korist-namesto-za-pravda/ Wed, 20 Mar 2024 14:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=756767

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Неготино запрашан за коментар за ставањето на Катица Јанева на црната листа на САД рече токму првиот човек на СЈО ја користела позицијата за сопствен бенефит и за сопствена корист наместо за враќање на правдата во Македонија.

Па мислам дека тоа е најдобриот доказ и потврда за злоупотребите кои што се правеа во Специјалното јавно обвинителство, кое што беше креирано да донесе правда во Македонија, но наместо правда донесе неправда. Многу луѓе беа жртви на политички прогон кој што се спроведуваше преку специјалното јавно обвинителство, а првиот човек на тоа специјално јавно обвинителство, веќе и осудена личност сега и на црната листа на САД, јасно е дека ја користела позицијата за сопствен бенефит и за сопствена корист наместо за враќање на правдата во Македонија. Тоа е она што ги боли најмногу луѓето - кажа Николоски.

Николовски во врска со ова посочи дека она кое што луѓето го бараат е воведување на функционален систем на владеење на правото и тоа ќе биде првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ по формирањето на новата влада.

Најниска е довербата во судството и во обвинителството, а луѓето најмногу бараат воведување на функционален систем на владеење на правото и тоа ќе е нашиот прв чекор после формирањето на влада, тоа е воведување на ред и сите оние кои што правеле криминал и криминални активности да одговараат. Да ги ослободиме судството и обвинителството не на начин што ќе формирање специјални судови или специјални обвинителства, туку ќе ги оставиме постојните судови и обвинителства каде што исклучително чесни и квалитетни луѓе и мислам дека преку 90% се такви сами да си ја работат својата работа. Доколку не им се мешаме ни ние, ниту крупниот капитал, нити било кои други центри на моќ верувајте дека самите ќе ја средат состојбата во државата за брз временски период и планираме тоа да го направиме - порача Николоски.

The post Николоски: Ставањето на црната листа на Јанева докажа дека првиот човек на СЈО ја користела позицијата за сопствена корист наместо за правда appeared first on Република.

Николоски: Катица Јанева и СЈО почнаа со паролата „Нема правда нема мир“, а завршија на „црната листа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-katitsa-janeva-i-sjo-pochnaa-so-parolata-nema-pravda-nema-mir-a-zavrshija-na-tsrnata-lista/ Wed, 20 Mar 2024 14:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=756764

Катица Јанева и СЈО почнаа со паролата „Нема правда нема мир“ а сега завршија на „црната листа“ на нашиот најголем стратешки партнер САД поради вмешаност во криминал и корупција.

Јанева, која најголемата поддршка ја црпеше и добиваше од коалицијата на СДС и ДУИ, од таканаречен борец за правда стана непожелна личност за САД.

Сите судски случаи за Катица Јанева и СЈО за рекетирање, злоупотреба на службената положба и злоупотреба на јавното обвинителство водеа до првите луѓе во власта на СДС и ДУИ, се со цел пресметка со политичките неистомисленици, а тоа веќе е потврдено и од нашите стратешки партнери.

Втор на „црната листа“ се најде и марионетата на СДС и Ковачевски, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Јакимовски кои е во неформална коалиција со СДС и одработува за власта за отцепување на опозициските гласови е на оваа листа на САД за сторен криминал од високи размери.
СДС и ДУИ го спасија Стевчо Јакимовски од сите судски постапки во Македонија, но тој за САД е непожелна личност, бидејќи тој како што стои во соопштението на Американскиот Стејт Департмент „бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.

СДС секој ден, како расипана плоча, повторуваат дека се за европска Македонија, за европски вредности, а сите стратешки партнери секој ден потврдуваат дека тие се во коалиција со криминалот во Македонија. Последен доказ е токму соопштението од Стејт Департментот.
Ова е доказ дека институциите во Македонија не функционираат и корупцијата и криминалот метастазираат.

Никогаш не било полошо, за тоа важно е да ги поразиме.

The post Николоски: Катица Јанева и СЈО почнаа со паролата „Нема правда нема мир“, а завршија на „црната листа“ appeared first on Република.

]]>

Катица Јанева и СЈО почнаа со паролата „Нема правда нема мир“ а сега завршија на „црната листа“ на нашиот најголем стратешки партнер САД поради вмешаност во криминал и корупција. Јанева, која најголемата поддршка ја црпеше и добиваше од коалицијата на СДС и ДУИ, од таканаречен борец за правда стана непожелна личност за САД. Сите судски случаи за Катица Јанева и СЈО за рекетирање, злоупотреба на службената положба и злоупотреба на јавното обвинителство водеа до првите луѓе во власта на СДС и ДУИ, се со цел пресметка со политичките неистомисленици, а тоа веќе е потврдено и од нашите стратешки партнери. Втор на „црната листа“ се најде и марионетата на СДС и Ковачевски, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
Јакимовски кои е во неформална коалиција со СДС и одработува за власта за отцепување на опозициските гласови е на оваа листа на САД за сторен криминал од високи размери. СДС и ДУИ го спасија Стевчо Јакимовски од сите судски постапки во Македонија, но тој за САД е непожелна личност, бидејќи тој како што стои во соопштението на Американскиот Стејт Департмент „бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.
СДС секој ден, како расипана плоча, повторуваат дека се за европска Македонија, за европски вредности, а сите стратешки партнери секој ден потврдуваат дека тие се во коалиција со криминалот во Македонија. Последен доказ е токму соопштението од Стејт Департментот. Ова е доказ дека институциите во Македонија не функционираат и корупцијата и криминалот метастазираат. Никогаш не било полошо, за тоа важно е да ги поразиме.

The post Николоски: Катица Јанева и СЈО почнаа со паролата „Нема правда нема мир“, а завршија на „црната листа“ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спасија од црната листа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-katitsa-janeva-stana-fabrika-za-reket-utsenetiot-jakimovski-odraboti-za-zatashkuvane-na-sluchajot-pred-sudstvoto-na-sds-no-ne-se-spasija-od-tsrnata-lista/ Tue, 19 Mar 2024 08:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=756157

Железната тупаница на СДС и ДУИ за политички прогон врз неистомислениците Катица Јанева стана фабрика за рекет. Проектот на СДС-СЈО се претвори во најкриминалната лакрдија овие над 3 децении независност. Ја редеа на маици СЈО, сега таа заврши на црната листа за криминал на САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна неформалниот коалиционен партнер на СДС, Стевчо Јакимовски кој требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него, на крај спасувајќи се од судските процеси, не се спаси од црната листа за криминал на САД. Овие две лица се вмешани во високата корупција во Македонија. Нема дилеми дека СДС заедно со ДУИ е фабрика за криминал, корупција и производство на манипулации, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите кадри на оваа коалиција завршуваат на црната лица на срамот и криминалот.

Од друга страна симптоматично е што за овие луѓе нема сериозни процеси затоа што власта им го амнестира криминалот. Јасно е дека време е за промени, се наведува во партиското соопштение.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спасија од црната листа appeared first on Република.

]]>

Железната тупаница на СДС и ДУИ за политички прогон врз неистомислениците Катица Јанева стана фабрика за рекет. Проектот на СДС-СЈО се претвори во најкриминалната лакрдија овие над 3 децении независност. Ја редеа на маици СЈО, сега таа заврши на црната листа за криминал на САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна неформалниот коалиционен партнер на СДС, Стевчо Јакимовски кој требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него, на крај спасувајќи се од судските процеси, не се спаси од црната листа за криминал на САД. Овие две лица се вмешани во високата корупција во Македонија. Нема дилеми дека СДС заедно со ДУИ е фабрика за криминал, корупција и производство на манипулации, истакнуваат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите кадри на оваа коалиција завршуваат на црната лица на срамот и криминалот. Од друга страна симптоматично е што за овие луѓе нема сериозни процеси затоа што власта им го амнестира криминалот. Јасно е дека време е за промени, се наведува во партиското соопштение.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спасија од црната листа appeared first on Република.

]]>
Каде ви се сега маичките со ликот на Катица, го прашува ВМРО ДПМНЕ СДС откако САД ги стави на црна листа Јанева и Јакимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kade-vi-se-sega-maichkite-so-likot-na-katitsa-prashuva-vmro-dpmne-otkako-sad-gi-stavi-na-tsrna-lista-janeva-i-jakimovski/ Mon, 18 Mar 2024 18:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=756033

Железната тупаница на СДС со која се фалеа дека ќе донесе правда, Катица Јанева денеска е прогласена за непожелна личност во САД, поради криминал и корупција, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Јанева која за СДС беше синоним за правда, од денеска се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД. СДС даваше најголема поддршка на СЈО и Јанева, злоупотребувајќи го судството и обвинителството за пресметка со неистомисленици. Каде им се сега маичките со ликот на Јанева на функционерите од СДС денеска кога истата беше прогласена за непожелна личност на САД? Воедно, и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој излезе од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а направи неформална коалиција со СДС и Ковачевски, од денеска се наоѓа на црната листа на САД. На СДС и Ковачевски устите им се полни со прозападни вредности, со проевропски фронт, а всушност се во коалиција со луѓе криминализирани до гуша. Ковачевски само со такви корумпирани лица може да биде во коалиција. Ставањето на црната листа на Јанева и Јакимовски и нивните смејства го потврдува она кое што ВМРО-ДПМНЕ изминатите 7 години јавно го говори, а тоа е дека институциите во Македонија наместо да функционираат во интерес на граѓаните, тие ги штитат криминалците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ставањето на црната листа на поранешната обвинителка Катица Јанева и Стевчо Јакимовски од ГРОМ покажува дека корупцијата цвета во Македонија. На државата и е потребен целосен рестарт. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Каде ви се сега маичките со ликот на Катица, го прашува ВМРО ДПМНЕ СДС откако САД ги стави на црна листа Јанева и Јакимовски appeared first on Република.

Јанева и Јакимовски се потврдени прекршители на правото и заштитени од криминализираните СДС и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janeva-i-jakimovski-se-potvrdeni-prekrshiteli-na-pravoto-i-zashtiteni-od-kriminaliziranite-sds-i-dui/ Mon, 18 Mar 2024 17:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=756023

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од одлуката на Стејт департментот со која Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се ставени на Црната листа на САД заради криминали и корупција.

Именуваните како потврдени прекршители на правото и демократските принципи во Македонија се заштитени од криминализираните СДС и ДУИ и нивните правосудни инсталации.

Правните норми мора секаде да се почитуваат и со право се укажувањата од стратешкиот пртнер САД дека за ваквите потврдени криминали мора да се одговара.

Во целиот демократски свет е така и тоа мора да го разберат оние кои со закон се задолжени за санкционирање на криминалот, во спротивно стануваат нивни соучесници.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата за претседател на државата на Стевчо Јакимовски е целосно искомпромитирана, со што тој е недостоен за функцијата која сака да ја врши.

Воедно и во неговиот случај, како и за струшкиот градоначалник Мерко, подеднакво е оправдано очекувањето за повлекување од функцијата градоначалник на Општина Карпош. Само на тој начин се покажува совестноста и етичноста, но и човечкото достоинство, се вели во соопштението на СПМ.

The post Јанева и Јакимовски се потврдени прекршители на правото и заштитени од криминализираните СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од одлуката на Стејт департментот со која Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се ставени на Црната листа на САД заради криминали и корупција. Именуваните како потврдени прекршители на правото и демократските принципи во Македонија се заштитени од криминализираните СДС и ДУИ и нивните правосудни инсталации. Правните норми мора секаде да се почитуваат и со право се укажувањата од стратешкиот пртнер САД дека за ваквите потврдени криминали мора да се одговара. Во целиот демократски свет е така и тоа мора да го разберат оние кои со закон се задолжени за санкционирање на криминалот, во спротивно стануваат нивни соучесници. Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата за претседател на државата на Стевчо Јакимовски е целосно искомпромитирана, со што тој е недостоен за функцијата која сака да ја врши.
Воедно и во неговиот случај, како и за струшкиот градоначалник Мерко, подеднакво е оправдано очекувањето за повлекување од функцијата градоначалник на Општина Карпош. Само на тој начин се покажува совестноста и етичноста, но и човечкото достоинство, се вели во соопштението на СПМ.
 
The post Јанева и Јакимовски се потврдени прекршители на правото и заштитени од криминализираните СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevcho-jakimovski-i-katitsa-janeva-na-tsrnata-lista-na-sad/ Mon, 18 Mar 2024 15:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=755992

Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка. Споресд оценката на САД, нивните постапки го поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.

„Во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Има веродостојни информации дека Јанева барала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност.

Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да има корист за себе и за неговите соработници.

Овие именувања ја потврдуваат посветеноста на ЀСАД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги става на црната листа и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и брачниот другар и полнолетниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие постапки ги прават Јанева и Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД“, стои во објавата.

The post Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>

Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка. Споресд оценката на САД, нивните постапки го поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади. „Во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Има веродостојни информации дека Јанева барала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност. Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да има корист за себе и за неговите соработници. Овие именувања ја потврдуваат посветеноста на ЀСАД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво. Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги става на црната листа и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и брачниот другар и полнолетниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие постапки ги прават Јанева и Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД“, стои во објавата.  

The post Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>
Катица Јанева се вработи кај синот: Јанев вели ќе работи од далечина, директорот на „Идризово“ вели излегува секој ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/katitsa-janeva-se-vraboti-kaj-sinot-janev-veli-ke-raboti-od-dalechina-direktorot-na-idrizovo-veli-izleguva-sekoj-den/ Mon, 12 Feb 2024 09:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=743098

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев. Објавата предизвика лавина различни реакции.

Информацијата ја потврди за Плусинфо самиот Лазар Јанев, кој рече дека неговата мајка ќе работи од далечина на правни и консултантски работи за кои не е потребно да биде присутна.

Лазар Јанев беше вработен како менаџер во поранешната телевизија 1ТВ на шоуменот и водител Борјан Јовановски Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, исто како и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од неодамна секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа, а потоа се враќа назад зад решетки. Информацијата за ,,Фокус” ја потврди Јовица Станковиќ, директор на Управата за извршување на санкциите. Тој појаснува дека Јанева се уште не ја издржала затворската казна, туку оди на работа.

The post Катица Јанева се вработи кај синот: Јанев вели ќе работи од далечина, директорот на „Идризово“ вели излегува секој ден appeared first on Република.

Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-pretsedatelot-dade-negativno-mislene-po-baraneto-za-pomiluvane-na-katitsa-janeva/ Mon, 15 May 2023 15:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=641064

Со оглед на интересот на медиумите, ве информираме дека претседателот Стево Пендаровски го одби барањето за помилување на Катица Јанева, поранешен специјален обвинител.

Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева.

The post Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева appeared first on Република.

Пендаровски нема да ја помилува Јанева? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nema-da-ja-pomiluva-janeva/ Mon, 15 May 2023 10:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=640943

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопшти дека барањето на Катица Јанева за помилување не поминало, односно не било одобрено, на последната седница на Комисијата за помилување, која се одржала пред една недела.

Претседателот Стево Пендаровски не го одобрил барањето за помилување и неговата одлука ќе биде објавена во Службен весник на 19 мај, со што ќе стане официјална.

https://republika.mk/vesti/makedonija/katitsa-janeva-cheka-pomiluvane-od-pendarovski/

The post Пендаровски нема да ја помилува Јанева? appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопшти дека барањето на Катица Јанева за помилување не поминало, односно не било одобрено, на последната седница на Комисијата за помилување, која се одржала пред една недела. Претседателот Стево Пендаровски не го одобрил барањето за помилување и неговата одлука ќе биде објавена во Службен весник на 19 мај, со што ќе стане официјална. https://republika.mk/vesti/makedonija/katitsa-janeva-cheka-pomiluvane-od-pendarovski/

The post Пендаровски нема да ја помилува Јанева? appeared first on Република.

]]>
Kaтица Јанева за Велигден си беше дома во Гевгелија, Јанкуловска остана во затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/katitsa-janeva-za-veligden-si-beshe-doma-vo-gevgelija-jankulovska-ostana-vo-zatvor/ Wed, 19 Apr 2023 09:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=632023

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за Велигденските празници си беше дома во Гевгелија. Таа користела повеќедневно отсуство по што се вратила во затворот.

Директорот на затворот   „Идризово“ Зоран Јованоски во изјава за „Мак Факс“ потврди дека Јанева користела отсуство но и дека навреме се вратила на доиздржување на затворската казна која и истекува за три години.

[caption id="attachment_31285" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Првата кои ги користи некогашната прва обвинителка не и се дозволени на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради тоа што против неа се водат уште два активни случаи.

Комисијата за дискриминација дури и констатираше дека е дикриминирана и наложи да се изготви нов правилник за женските осуденички за да може таа да минува викенди и отсуства со своето семејство.

The post Kaтица Јанева за Велигден си беше дома во Гевгелија, Јанкуловска остана во затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за Велигденските празници си беше дома во Гевгелија. Таа користела повеќедневно отсуство по што се вратила во затворот. Директорот на затворот   „Идризово“ Зоран Јованоски во изјава за „Мак Факс“ потврди дека Јанева користела отсуство но и дека навреме се вратила на доиздржување на затворската казна која и истекува за три години. [caption id="attachment_31285" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Првата кои ги користи некогашната прва обвинителка не и се дозволени на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради тоа што против неа се водат уште два активни случаи. Комисијата за дискриминација дури и констатираше дека е дикриминирана и наложи да се изготви нов правилник за женските осуденички за да може таа да минува викенди и отсуства со своето семејство.  

The post Kaтица Јанева за Велигден си беше дома во Гевгелија, Јанкуловска остана во затвор appeared first on Република.

]]>
Русковска е убедена дека не ја чека судбината на Катица Јанева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-e-ubedena-deka-ne-ja-cheka-sudbinata-na-katica-janeva/ Fri, 19 Aug 2022 10:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=541987

Мојата судбина со решението за суспензија апсолутно не ја споредувам со судбината на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, изјави денес шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.

Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот", рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, туку за суспензија на право и правдата.  Моите предмети нема да продолжат со несмален интензитет, како што рекоа. Не верувам дека некој сега ќе постапува по истите, изјави Рускоска.

Според обвинителката, не е точно тоа дека не смеела да нареди претрес во Управата за финансиска полиција само поради тоа што пријавата била анонимна.

бвинители не кажуваат дали претресот е законит или незаконит, туку за тоа одлучува судот.  Дали е анонимна пријавата, таа сепак е за кривично дело и по истата мора да се постапува, така е според закон.

The post Русковска е убедена дека не ја чека судбината на Катица Јанева appeared first on Република.

Судот го одби барањето на Камчев да му бидат вартени парите што ги зеле Боки-13 и Катица Јанева https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-go-odbi-baranjeto-na-kamchev-da-mu-bidat-varteni-parite-shto-gi-zele-boki-13-i-katica-janeva/ Fri, 15 Jul 2022 15:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=529408

Основниот суд Скопје 2 го одби тужбеното барање на Орце Камчев за оштетното побарување од Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“.

Како што стои во соопштението од Основниот Граѓански суд, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано.

При објавата, судијата – претседател на советот во образложение на ваквата одлука изјавил дека „Странката која дејствувала несовесно не може да го бара назад она што го дала на странката која дејствувала исто така несовесно“.

Камчев бараше од Катица Јанева и Бојан Јовановски да му исплатат 1,5 милиони евра, кои наводно ги дал како рекет, откако претходно на едно од рочиштата тој ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец.

Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

The post Судот го одби барањето на Камчев да му бидат вартени парите што ги зеле Боки-13 и Катица Јанева appeared first on Република.

]]>

Основниот суд Скопје 2 го одби тужбеното барање на Орце Камчев за оштетното побарување од Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“. Како што стои во соопштението од Основниот Граѓански суд, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано. При објавата, судијата – претседател на советот во образложение на ваквата одлука изјавил дека „Странката која дејствувала несовесно не може да го бара назад она што го дала на странката која дејствувала исто така несовесно“. Камчев бараше од Катица Јанева и Бојан Јовановски да му исплатат 1,5 милиони евра, кои наводно ги дал како рекет, откако претходно на едно од рочиштата тој ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец. Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

The post Судот го одби барањето на Камчев да му бидат вартени парите што ги зеле Боки-13 и Катица Јанева appeared first on Република.

]]>
Mиланов: „Талир 2“ е предмет поднесен од неовластен обвинител Катица Јанева https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/milanov-talir-2-e-predmet-podnesen-od-neovlasten-obvinitel-katica-janeva/ Tue, 07 Jun 2022 12:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=512207

Адвокатот Еленко Миланов на денешните зборови на случајот „Талир 2“ истакна дека судот ќе има проблем при носењето на пресудата. Како причина го наведе датумот на поднесување на обвинението од 22 ноември 2018 година со потпис на Катица Јанева.

Со тоа, тврди адвокатот, обвинителниот акт е поднесен од неовластен тужител.

Тој потсети дека мандатот на СЈО за поднесување обвиненија и за прибавување докази е 18 месеци.

По 30.6.2018 година ова обвинителство нема надлежност за постапување. Со тоа ова обвинение од 22.11.2018 е од неовластен тужител и судот тоа мора да го почитува - нагласи Миланов.

Тој потсети дека нелегалните разговори исто така не смеат да бидат користени како доказ во овој случај, што не беше испочитувано од застапникот на Обвинението, кој користеше делови од овие докази.

Тој сакаше да нѐ убеди дека овој договор за соинвеститорство бил нарачан, претходно договорен и се знаел изведувачот. Овој доказ не смеете да го користите - потсети адвокатот.

Тој презентираше документи дека ВМРО-ДПМНЕ немало предвреме избран инвеститор туку дека тој се барал.

Нема доказ дека Кирил Божиновски постапува по барање на првообвиниетиот туку имало одлуки на сите партиски тела кои го задолжиле да го потпише договорот - рече Миланов.

The post Mиланов: „Талир 2“ е предмет поднесен од неовластен обвинител Катица Јанева appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Еленко Миланов на денешните зборови на случајот „Талир 2“ истакна дека судот ќе има проблем при носењето на пресудата. Како причина го наведе датумот на поднесување на обвинението од 22 ноември 2018 година со потпис на Катица Јанева. Со тоа, тврди адвокатот, обвинителниот акт е поднесен од неовластен тужител. Тој потсети дека мандатот на СЈО за поднесување обвиненија и за прибавување докази е 18 месеци.