Катерина Сакеларопулу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katerina-sakelaropulu/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 09:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Катерина Сакеларопулу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katerina-sakelaropulu/ 32 32 Грчката претседателка свика лидерска средба – со забрзан ритам Грција се движи кон новите избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkata-pretsedatelka-svika-liderska-sredba-so-zabrzan-ritam-grtsija-se-dvizhi-kon-novite-izbori/ Wed, 24 May 2023 09:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=644160

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу,откако ги додели трите мандати за формирање Влада и ниту една од партиите не успеа да го обезбеди потребното мнозинство, за денеска закажа лидерска средба во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Процесот на доделување на мандатите за формирање Влада, заврши во експресно краток рок од само два дена, со оглед на тоа дека е јасно дека земјата ќе оди на втори избори, па така формалните процедури предвидени со Уставот се движат со забрзан ритам.

Сакеларопулу на одделни средби ги прими лидерите на трите партии што освоија најголем број гласови на изборите во неделата и им ги додели мандатите за формирање Влада, но никој од нив не го има потребното мнозинство од 151 пратеник.

Во понеделникот мандатот го доби лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, откако партијата победи на изборите со 40,79 отсто од гласовите и 146 пратеници, но за еднопартиска Влада му недостигаат уште пет пратенички места, па така, актуелниот премиер, неколку часа откако го прими ѝ го врати мандатот на Сакеларопулу.

Во текот на вчерашниот ден Претседателската палата на одвоени средби ја посетија лидерите на СИРИЗА Алексис Ципрас и на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, кои воопшто не го ни примија мандатот велејќи дека не произлегува можност за формирање Влада.

Со доделувањето и на третиот мандат се затвори циклусот на мандати за првите три партии.

Денешната лидерска средба е во рамките на одредбите предвидени со Уставот и е уште еден, последен обид за формирање Влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај ќе биде само формално, за да се запазат процедурите.

Понатаму следи и формирање службена Влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на изборите што ќе се одржат на 25 јуни.

Според медиумите во Грција, на позицијата премиер во службената Влада ќе дојде еден од претседателите на трите врховни судови, а веројатно тоа ќе биде претседателот на Ревизорскиот суд Јоанис Салмас.

Паралелно новиот парламентарен состав што произлезе од изборите, в недела на 28 мај, наместо на 1 јуни ќе одржи седница, ќе положи свечена заклетва, а ден подоцна да се распушти во пресрет на новиот изборен процес.

Претседателскиот декрет од 22 април за распуштање на Парламентот, предвидуваше пратениците првата седница да ја одржи на 1 јуни, меѓутоа, како што пишуваат медиумите во Грција, со оглед на тоа што формалните процедури се одвиваат со забрзан ритам, издаден е нов за првата седница да се свика четири дена порано.

The post Грчката претседателка свика лидерска средба – со забрзан ритам Грција се движи кон новите избори appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу,откако ги додели трите мандати за формирање Влада и ниту една од партиите не успеа да го обезбеди потребното мнозинство, за денеска закажа лидерска средба во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. Процесот на доделување на мандатите за формирање Влада, заврши во експресно краток рок од само два дена, со оглед на тоа дека е јасно дека земјата ќе оди на втори избори, па така формалните процедури предвидени со Уставот се движат со забрзан ритам. Сакеларопулу на одделни средби ги прими лидерите на трите партии што освоија најголем број гласови на изборите во неделата и им ги додели мандатите за формирање Влада, но никој од нив не го има потребното мнозинство од 151 пратеник. Во понеделникот мандатот го доби лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, откако партијата победи на изборите со 40,79 отсто од гласовите и 146 пратеници, но за еднопартиска Влада му недостигаат уште пет пратенички места, па така, актуелниот премиер, неколку часа откако го прими ѝ го врати мандатот на Сакеларопулу. Во текот на вчерашниот ден Претседателската палата на одвоени средби ја посетија лидерите на СИРИЗА Алексис Ципрас и на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, кои воопшто не го ни примија мандатот велејќи дека не произлегува можност за формирање Влада. Со доделувањето и на третиот мандат се затвори циклусот на мандати за првите три партии. Денешната лидерска средба е во рамките на одредбите предвидени со Уставот и е уште еден, последен обид за формирање Влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај ќе биде само формално, за да се запазат процедурите. Понатаму следи и формирање службена Влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на изборите што ќе се одржат на 25 јуни. Според медиумите во Грција, на позицијата премиер во службената Влада ќе дојде еден од претседателите на трите врховни судови, а веројатно тоа ќе биде претседателот на Ревизорскиот суд Јоанис Салмас. Паралелно новиот парламентарен состав што произлезе од изборите, в недела на 28 мај, наместо на 1 јуни ќе одржи седница, ќе положи свечена заклетва, а ден подоцна да се распушти во пресрет на новиот изборен процес. Претседателскиот декрет од 22 април за распуштање на Парламентот, предвидуваше пратениците првата седница да ја одржи на 1 јуни, меѓутоа, како што пишуваат медиумите во Грција, со оглед на тоа што формалните процедури се одвиваат со забрзан ритам, издаден е нов за првата седница да се свика четири дена порано.

The post Грчката претседателка свика лидерска средба – со забрзан ритам Грција се движи кон новите избори appeared first on Република.

]]>
Радоста кратко траеше: Само што го доби, Мицотакис ќе го врати мандатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radosta-kratko-traeshe-samo-shto-go-dobi-mitsotakis-ke-go-vrati-mandatot/ Mon, 22 May 2023 11:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=643586

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу денеска му го додели мандатот за формирање Влада на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис по вчерашната победа на партијата на парламентарните избори, но се очекува уште попладнево да го врати со оглед на тоа дека нема доволен број пратеници за еднопартиска Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори од грчката Влада брифираат дека Мицотакис веројатно е попладнево телефонски да ја информира Сакеларопулу за неможноста да формира Влада и на тој начин да ѝ го врати мандатот.

На почетокот на средбата со Сакеларопулу, Мицотакис рече дека има намера уште денеска да ѝ го врати мандатот за да се забрза процесот и земјата да оди на нови парламентарни избори, доколку е можно уште на 25 јунии.

-Сметам дека во суштина не постои никаков услов за формирање влада од конкретниот Парламент и секако сакам да укажам дека, доколку вчера важеше изборниот систем што ќе се применува на следните избори, Нова демократија веќе ќе имаше силно парламентарно мнозинство кое ќе надминеше 170 пратенички места, рече Мицотакис.

Исткна дека на земјата ѝ е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“

Следен чекор, откако Мицотакис ќе ги врати мандатот, согласно грчкиот Устав е претедателката да го додели мандатот на втората партија, односно на СИРИЗА, а потоа ќе следи и третата партија ПАСОК-Движење на промена.

The post Радоста кратко траеше: Само што го доби, Мицотакис ќе го врати мандатот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу денеска му го додели мандатот за формирање Влада на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис по вчерашната победа на партијата на парламентарните избори, но се очекува уште попладнево да го врати со оглед на тоа дека нема доволен број пратеници за еднопартиска Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од грчката Влада брифираат дека Мицотакис веројатно е попладнево телефонски да ја информира Сакеларопулу за неможноста да формира Влада и на тој начин да ѝ го врати мандатот. На почетокот на средбата со Сакеларопулу, Мицотакис рече дека има намера уште денеска да ѝ го врати мандатот за да се забрза процесот и земјата да оди на нови парламентарни избори, доколку е можно уште на 25 јунии. -Сметам дека во суштина не постои никаков услов за формирање влада од конкретниот Парламент и секако сакам да укажам дека, доколку вчера важеше изборниот систем што ќе се применува на следните избори, Нова демократија веќе ќе имаше силно парламентарно мнозинство кое ќе надминеше 170 пратенички места, рече Мицотакис. Исткна дека на земјата ѝ е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“ Следен чекор, откако Мицотакис ќе ги врати мандатот, согласно грчкиот Устав е претедателката да го додели мандатот на втората партија, односно на СИРИЗА, а потоа ќе следи и третата партија ПАСОК-Движење на промена.

The post Радоста кратко траеше: Само што го доби, Мицотакис ќе го врати мандатот appeared first on Република.

]]>
Грчката претседателка за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkata-pretsedatelka-za-zheleznichkata-nesreka-ne-chuvstvuvame-samo-odgovornost-tuku-i-sram/ Fri, 10 Mar 2023 18:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=618281

Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока. И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви.

Сакеларопулу, за време на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смееме да се заборави.

Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требало да се случи“.

The post Грчката претседателка за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам appeared first on Република.

]]>

Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока. И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви.
Сакеларопулу, за време на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смееме да се заборави. Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требало да се случи“.

The post Грчката претседателка за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам appeared first on Република.

]]>
Сакеларопулу – Ѓукановиќ: Европскиот пат на Западен Балкан е апсолутно неопходен за стабилност и просперитет во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sakelaropulu-gjukanovikj-evropskiot-pat-na-zapaden-balkan-e-apsolutno-neophoden-za-stabilnost-i-prosperitet-vo-regionot/ Wed, 09 Feb 2022 07:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=455926

Ставот дека „европската перспектива на Западен Балкан е од политички и економски интерес на Европа“, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу го повтори и на свечената вечера во претседателската палата во Атина во чест на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на средбите со црногорскиот претседател кој е во дводневна официјална посета на Грција, и Сакеларопулу и грчкиот премиер, уште еднаш ја истакнаа грчката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, потенцирајќи ја важноста на интеграцијата за целиот регион.

-За Грција перспективата на целосната интеграција на Западен Балкан во ЕУ е од политички и економски интерес на Европа, особено во овој период на зголемени регионални и глобални предизвици, истакна грчката претседателка за време на синоќешната свечена вечера.

Истата позиција ја изрази и на официјалната средба со нејзиниот црногорски колега, вчера напладне кога додаде дека е „апсолутна поддршката на Грција на иницијативата на француското претседателство со Советот, за да не се изгуби моментумот на политичката за проширување на Западен Балкан“.

ЕУ перспективата на регионот беше во фокусот и на средбата на Ѓукановиќ со грчкиот премиер, а Мицотакис рече дека „Грција ќе продолжи да се бори, да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.

-Европскиот пат на Западен Балкан е апсолутно неопходен за да обезбедиме стабилност и просперитет во нашиот поширок регион, рече Мицотакис.

Ѓукановиќ, се согласи со ставот на грчкиот премиер и истакна дека Црна Гора е апсолутно уверена дека единствениот начин за да се воспостави стабилност и развој на Западен Балкан е преку европската и евроатлантската интеграција, а на регионот му е потребна помош и поддршка од Грција, „пред сѐ за да се надмине недостатокот на интензитет во политиката за проширување на ЕУ и да бидеме поефективни во заштитата на нашиот регион од малигното влијание на трети страни“.

-Се потпираме на пријателството со Грција и се потпираме на вашето добро познавање на состојбите во регионот, а во исто време и на вашето влијание во ЕУ за на правилен начин да се разберат придобивките од европската иднина на нашиот регион, за нашиот регион, но и за Европа во целина, порача црногорскиот претседател.

За време на средбата, Ѓукановиќ го поканил Мицотакис да ја посети Црна Гора, а грчкиот премиер ја прифатил поканата.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ од вчера е во дводневна официјална посета на Грција, а денеска ќе се сретне со атинскиот градоначалник Костас Бакојанис и ќе положи венец на гробот на генерал Васо Брајовиќ Мавровуниотис (Црногорски). ср/

The post Сакеларопулу – Ѓукановиќ: Европскиот пат на Западен Балкан е апсолутно неопходен за стабилност и просперитет во регионот appeared first on Република.

]]>

Ставот дека „европската перспектива на Западен Балкан е од политички и економски интерес на Европа“, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу го повтори и на свечената вечера во претседателската палата во Атина во чест на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, јави дописничката на МИА од Атина. За време на средбите со црногорскиот претседател кој е во дводневна официјална посета на Грција, и Сакеларопулу и грчкиот премиер, уште еднаш ја истакнаа грчката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, потенцирајќи ја важноста на интеграцијата за целиот регион.
-За Грција перспективата на целосната интеграција на Западен Балкан во ЕУ е од политички и економски интерес на Европа, особено во овој период на зголемени регионални и глобални предизвици, истакна грчката претседателка за време на синоќешната свечена вечера.
Истата позиција ја изрази и на официјалната средба со нејзиниот црногорски колега, вчера напладне кога додаде дека е „апсолутна поддршката на Грција на иницијативата на француското претседателство со Советот, за да не се изгуби моментумот на политичката за проширување на Западен Балкан“. ЕУ перспективата на регионот беше во фокусот и на средбата на Ѓукановиќ со грчкиот премиер, а Мицотакис рече дека „Грција ќе продолжи да се бори, да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.
-Европскиот пат на Западен Балкан е апсолутно неопходен за да обезбедиме стабилност и просперитет во нашиот поширок регион, рече Мицотакис.
Ѓукановиќ, се согласи со ставот на грчкиот премиер и истакна дека Црна Гора е апсолутно уверена дека единствениот начин за да се воспостави стабилност и развој на Западен Балкан е преку европската и евроатлантската интеграција, а на регионот му е потребна помош и поддршка од Грција, „пред сѐ за да се надмине недостатокот на интензитет во политиката за проширување на ЕУ и да бидеме поефективни во заштитата на нашиот регион од малигното влијание на трети страни“.
-Се потпираме на пријателството со Грција и се потпираме на вашето добро познавање на состојбите во регионот, а во исто време и на вашето влијание во ЕУ за на правилен начин да се разберат придобивките од европската иднина на нашиот регион, за нашиот регион, но и за Европа во целина, порача црногорскиот претседател.
За време на средбата, Ѓукановиќ го поканил Мицотакис да ја посети Црна Гора, а грчкиот премиер ја прифатил поканата. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ од вчера е во дводневна официјална посета на Грција, а денеска ќе се сретне со атинскиот градоначалник Костас Бакојанис и ќе положи венец на гробот на генерал Васо Брајовиќ Мавровуниотис (Црногорски). ср/

The post Сакеларопулу – Ѓукановиќ: Европскиот пат на Западен Балкан е апсолутно неопходен за стабилност и просперитет во регионот appeared first on Република.

]]>