катедрала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katedrala/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Dec 2023 17:31:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png катедрала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katedrala/ 32 32 Катедралата во Келн останува затворена поради терористичка закана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katedralata-vo-keln-ostanuva-zatvorena-poradi-teroristichka-zakana/ Tue, 26 Dec 2023 17:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=726903

Поради зголемениот ризик од терористички напади, катедралата во Келн останува затворена за посетители, со исклучок на верниците кои влегуваат на миса.

Влезот во катедралата од литургиски причини, како присуство на миса или исповед, ќе биде дозволен по полициска контрола. За други видови посети, катедралата останува затворена од безбедносни причини, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и архиепископијата на Келн.

Катедралата во Келн, најпосетуваната туристичка локација во Германија, останува затворена помеѓу Божиќ и Нова година кога катедралата обично ја посетуваат над 100 илјади туристи.

Келнскиот надбискуп Рајнер Марија Велки и се заблагодари на полицијата која, како што рече, се погрижила верниците во катедралата да можат без страв да го прослават Божиќ.

Безбедносните мерки беа воведени минатиот викенд поради сомневањата дека се подготвуваат терористички напади со исламистичка позадина врз катедралите во Келн и Виена.

Во врска со можните напади, во Германија е уапсено лице кое и претходно и било познато на полицијата како милитантен исламист.

 

The post Катедралата во Келн останува затворена поради терористичка закана appeared first on Република.

]]>

Поради зголемениот ризик од терористички напади, катедралата во Келн останува затворена за посетители, со исклучок на верниците кои влегуваат на миса.
Влезот во катедралата од литургиски причини, како присуство на миса или исповед, ќе биде дозволен по полициска контрола. За други видови посети, катедралата останува затворена од безбедносни причини, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и архиепископијата на Келн.
Катедралата во Келн, најпосетуваната туристичка локација во Германија, останува затворена помеѓу Божиќ и Нова година кога катедралата обично ја посетуваат над 100 илјади туристи. Келнскиот надбискуп Рајнер Марија Велки и се заблагодари на полицијата која, како што рече, се погрижила верниците во катедралата да можат без страв да го прослават Божиќ. Безбедносните мерки беа воведени минатиот викенд поради сомневањата дека се подготвуваат терористички напади со исламистичка позадина врз катедралите во Келн и Виена. Во врска со можните напади, во Германија е уапсено лице кое и претходно и било познато на полицијата како милитантен исламист.  

The post Катедралата во Келн останува затворена поради терористичка закана appeared first on Република.

]]>
Германската полиција ја претресе катедралата во Келн по предупредување за можен напад на новогодишната ноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-politsija-ja-pretrese-katedralata-vo-keln-po-predupreduvane-za-mozhen-napad-na-novogodishnata-nok/ Sun, 24 Dec 2023 10:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=726115

Германската полиција соопшти дека синоќа извршила претрес во катедралата во Келн по предупредување за закана од напад на новогодишната ноќ.

Весникот „Билд“ пишува дека безбедносните служби на Австрија, Германија и Шпанија добиле информации дека група исламисти сака да изврши неколку атентати во Европа, најверојатно на Нова Година и Божик.

„Иако информациите се однесуваат на новогодишната ноќ, почнувајќи од оваа вечер ќе направиме се што е можно за да ја гарантираме безбедноста на посетителите на катедралата на Бадник“, изјави вчера началникот на полицијата во западниот германски град Михаел Есер. Тој објасни дека храмот бил претресен со помош на кучиња по вечерната литургија и „во договор со шефот на обезбедувањето“.

Денеска „сите посетители ќе бидат проверени пред да влезат“ во катедралата. Полицијата и одборот на доверители на храмот „препорачуваат луѓето да не носат торби и да доаѓаат рано за служба“.

Како можни цели на исламистичката ќелија во публикацијата „Билд“ се посочени божиќните литургии во Келн, Виена и Мадрид. Германскиот дневен весник објави за неколку апсења во главниот град на Австрија и едно во Германија.

Сепак, вчера австриската полиција соопшти дека го засилува надзорот, особено околу црквите, верските настани и божиќните пазари во главниот град на земјата.

„Терористичките фактори во Европа повикуваат на напади на христијански настани, особено околу 24 декември. Поради тековната проценка на ризикот... и постојано зголеменото ниво на тревога за терор воопшто, постои зголемен ризик во Австрија за време на божиќните празници“ се наведуваво соопштението.

The post Германската полиција ја претресе катедралата во Келн по предупредување за можен напад на новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>

Германската полиција соопшти дека синоќа извршила претрес во катедралата во Келн по предупредување за закана од напад на новогодишната ноќ. Весникот „Билд“ пишува дека безбедносните служби на Австрија, Германија и Шпанија добиле информации дека група исламисти сака да изврши неколку атентати во Европа, најверојатно на Нова Година и Божик. „Иако информациите се однесуваат на новогодишната ноќ, почнувајќи од оваа вечер ќе направиме се што е можно за да ја гарантираме безбедноста на посетителите на катедралата на Бадник“, изјави вчера началникот на полицијата во западниот германски град Михаел Есер. Тој објасни дека храмот бил претресен со помош на кучиња по вечерната литургија и „во договор со шефот на обезбедувањето“. Денеска „сите посетители ќе бидат проверени пред да влезат“ во катедралата. Полицијата и одборот на доверители на храмот „препорачуваат луѓето да не носат торби и да доаѓаат рано за служба“. Како можни цели на исламистичката ќелија во публикацијата „Билд“ се посочени божиќните литургии во Келн, Виена и Мадрид. Германскиот дневен весник објави за неколку апсења во главниот град на Австрија и едно во Германија. Сепак, вчера австриската полиција соопшти дека го засилува надзорот, особено околу црквите, верските настани и божиќните пазари во главниот град на земјата. „Терористичките фактори во Европа повикуваат на напади на христијански настани, особено околу 24 декември. Поради тековната проценка на ризикот... и постојано зголеменото ниво на тревога за терор воопшто, постои зголемен ризик во Австрија за време на божиќните празници“ се наведуваво соопштението.

The post Германската полиција ја претресе катедралата во Келн по предупредување за можен напад на новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>
Маж оставил бомба во катедрала во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maz-ostavil-bomba-vo-katedrala-vo-francija/ Sat, 09 Apr 2022 17:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=485952

Катедралата „Сент Етјен“ во Тулуз била евакуирана кога непознат маж влегол за време на утринската богослужба и оставил пакет со рачно изработена бомба, која не била активирана, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Дарманин изјави дека пакетот е импровизирана експлозивна направа, без детонатори, и дека е безбедно неутрализирана.

Еден од свештениците од катедралата, Симон Дартик, за локалниот весник „Ла Депеш“ изјавил дека непознат маж избегал откога го оставил пакетот на скалите на олтарот.

Друг свештеник мислел дека се работи за доставувач.

The post Маж оставил бомба во катедрала во Франција appeared first on Република.

]]>

Катедралата „Сент Етјен“ во Тулуз била евакуирана кога непознат маж влегол за време на утринската богослужба и оставил пакет со рачно изработена бомба, која не била активирана, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин. Дарманин изјави дека пакетот е импровизирана експлозивна направа, без детонатори, и дека е безбедно неутрализирана. Еден од свештениците од катедралата, Симон Дартик, за локалниот весник „Ла Депеш“ изјавил дека непознат маж избегал откога го оставил пакетот на скалите на олтарот. Друг свештеник мислел дека се работи за доставувач.

The post Маж оставил бомба во катедрала во Франција appeared first on Република.

]]>