катар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katar/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 16:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png катар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katar/ 32 32 Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katar-prestanuva-da-bide-posrednik-vo-mirovnite-pregovori-za-gaza/ Sat, 09 Nov 2024 16:57:30 +0000 https://republika.mk/?p=835917

Катар повеќе нема да посредува во разговорите за прекин на огнот во Газа додека Хамас и Израел не „покажат искрена волја да се вратат на преговарачката маса“, изјави официјален претставник запознаен со ова прашање.

- Заливската земја заклучи дека политичката канцеларија на Хамас во Доха повеќе не и служи на својата цел, додал официјалниот претставник.

Овој потег е најголемиот неуспех во напорите за постигнување прекин на огнот откако Хамас ја предизвика војната во Газа со терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година.

- Катарците уште од почетокот на конфликтот рекоа дека можат да посредуваат само кога двете страни ќе покажат вистински интерес за изнаоѓање решение, рекол дипломатот.

Тој додаде дека Катар ги известил Хамас, Израел и американската администрација за својата одлука.

Катар, заедно со САД и Египет, одиграа важна улога во досегашните неуспешни преговори за прекин на огнот во едногодишната војна во Газа. На последната рунда разговори во средината на октомври не беше постигнат договор бидејќи Хамас го отфрли предлогот за краткорочен прекин на огнот. ј

The post Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа appeared first on Република.

]]>

Катар повеќе нема да посредува во разговорите за прекин на огнот во Газа додека Хамас и Израел не „покажат искрена волја да се вратат на преговарачката маса“, изјави официјален претставник запознаен со ова прашање.
- Заливската земја заклучи дека политичката канцеларија на Хамас во Доха повеќе не и служи на својата цел, додал официјалниот претставник.
Овој потег е најголемиот неуспех во напорите за постигнување прекин на огнот откако Хамас ја предизвика војната во Газа со терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година.
- Катарците уште од почетокот на конфликтот рекоа дека можат да посредуваат само кога двете страни ќе покажат вистински интерес за изнаоѓање решение, рекол дипломатот.
Тој додаде дека Катар ги известил Хамас, Израел и американската администрација за својата одлука. Катар, заедно со САД и Египет, одиграа важна улога во досегашните неуспешни преговори за прекин на огнот во едногодишната војна во Газа. На последната рунда разговори во средината на октомври не беше постигнат договор бидејќи Хамас го отфрли предлогот за краткорочен прекин на огнот. ј

The post Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа appeared first on Република.

]]>
Катар: Продолжуваат напорите за прекин на огнот во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katar-prodolzhuvaat-naporite-za-prekin-na-ognot-vo-gaza/ Sun, 10 Dec 2023 10:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=721441

Посредувањето за постигнување примирје во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа продолжува и покрај постојаните израелски напади кои ја „намалуваат можноста“ за позитивен резултат, изјави денеска катарскиот премиер.

- Нашите напори, кои државата Катар ги вложува заедно со своите партнери, продолжуваат. Ние не се откажуваме од нив, посочи Мохамед бин Абделрахман ал Тани на Форум во Доха.

Тој потенцираше дека „продолжувањето на бомбардирањето ги намалува можностите“.

Војната започна по ненадејните напади на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, на 7 октомври на југот на Израел, во кои беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени околу 240 заложници. Израелската војска соопшти дека 137 заложници се уште се држат во Газа.

Потоа Израел почна одмазнички напади и според податоците на Министерството за здравство во Газа, бројот на загинати од почетокот на војната надмина 17.700, каде најголем број се жени и деца.

The post Катар: Продолжуваат напорите за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>

Посредувањето за постигнување примирје во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа продолжува и покрај постојаните израелски напади кои ја „намалуваат можноста“ за позитивен резултат, изјави денеска катарскиот премиер. - Нашите напори, кои државата Катар ги вложува заедно со своите партнери, продолжуваат. Ние не се откажуваме од нив, посочи Мохамед бин Абделрахман ал Тани на Форум во Доха. Тој потенцираше дека „продолжувањето на бомбардирањето ги намалува можностите“. Војната започна по ненадејните напади на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, на 7 октомври на југот на Израел, во кои беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени околу 240 заложници. Израелската војска соопшти дека 137 заложници се уште се држат во Газа. Потоа Израел почна одмазнички напади и според податоците на Министерството за здравство во Газа, бројот на загинати од почетокот на војната надмина 17.700, каде најголем број се жени и деца.

The post Катар: Продолжуваат напорите за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>
Емирот на Катар го критикува Израел за „геноцид“ во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/emirot-na-katar-go-kritikuva-izrael-za-genotsid-vo-gaza/ Tue, 05 Dec 2023 12:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=719947

Катарскиот емир Тамим бин Хамад изјави дека самоодбраната не го оправдува, како што го опиша, „геноцидот извршен од израелските сили во Појасот Газа“, пренесува ДПА.

Самоодбраната не се однесува на окупацијата, според меѓународното право, и не дозволува геноцидни злосторства извршени од Израел, рече тој обраќајќи се на самитот на Заливот во Доха.

Тој рече дека израелските сили „ги прекршиле сите религиозни, етички и хуманитарни вредности со извршување на злосторства против човештвото“.

Катарскиот емир ги повика Обединетите нации да спроведат меѓународна истрага за „масакри извршени од израелските окупациски власти врз палестинскиот народ“.

 

The post Емирот на Катар го критикува Израел за „геноцид“ во Газа appeared first on Република.

]]>

Катарскиот емир Тамим бин Хамад изјави дека самоодбраната не го оправдува, како што го опиша, „геноцидот извршен од израелските сили во Појасот Газа“, пренесува ДПА.
Самоодбраната не се однесува на окупацијата, според меѓународното право, и не дозволува геноцидни злосторства извршени од Израел, рече тој обраќајќи се на самитот на Заливот во Доха.
Тој рече дека израелските сили „ги прекршиле сите религиозни, етички и хуманитарни вредности со извршување на злосторства против човештвото“. Катарскиот емир ги повика Обединетите нации да спроведат меѓународна истрага за „масакри извршени од израелските окупациски власти врз палестинскиот народ“.  

The post Емирот на Катар го критикува Израел за „геноцид“ во Газа appeared first on Република.

]]>
Прекинување на борбите, ослободување на заложници и палестински затвореници: Израел и Хамас постигнаа договор, Катар објави детали од договореното https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prekinuvane-na-borbite-osloboduvane-na-zalozhnitsi-i-palestinski-zatvorenitsi-izrael-i-hamas-postignaa-dogovor-katar-objavi-detali-od-dogovorenoto/ Wed, 22 Nov 2023 08:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=714956

Катар официјално потврди дека е постигнат договор меѓу Израел и Хамас и ги објави деталите од договорот.

* Израелската војска и борците на Хамас ги прекинуваат сите воени операции во Појасот Газа на четири дена. Ова важи и за летовите на израелските воздухопловни сили - тие ќе бидат целосно запрени на југ и делумно на север од регионот.

* Хамас ќе ослободи 50 заложници, од кои сите се жени и деца. Во замена, Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници.

* Хуманитарната помош ќе добие дозвола непречено да поминува во сите области на Газа.

* Израел вети дека нема да апси Палестинци во Газа и дека ќе им дозволи слободен премин меѓу северот и југот.

Сепак, Хамас најави дека ќе остане на готовност во случај израелската војска да одлучи да го прекрши примирјето. Официјален Тел Авив, исто така, ги повика луѓето да не бидат измамени од краткиот одмор и вети дека ќе ја продолжи операцијата за уништување на милитантите.

The post Прекинување на борбите, ослободување на заложници и палестински затвореници: Израел и Хамас постигнаа договор, Катар објави детали од договореното appeared first on Република.

]]>

Катар официјално потврди дека е постигнат договор меѓу Израел и Хамас и ги објави деталите од договорот. * Израелската војска и борците на Хамас ги прекинуваат сите воени операции во Појасот Газа на четири дена. Ова важи и за летовите на израелските воздухопловни сили - тие ќе бидат целосно запрени на југ и делумно на север од регионот. * Хамас ќе ослободи 50 заложници, од кои сите се жени и деца. Во замена, Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници. * Хуманитарната помош ќе добие дозвола непречено да поминува во сите области на Газа. * Израел вети дека нема да апси Палестинци во Газа и дека ќе им дозволи слободен премин меѓу северот и југот. Сепак, Хамас најави дека ќе остане на готовност во случај израелската војска да одлучи да го прекрши примирјето. Официјален Тел Авив, исто така, ги повика луѓето да не бидат измамени од краткиот одмор и вети дека ќе ја продолжи операцијата за уништување на милитантите.

The post Прекинување на борбите, ослободување на заложници и палестински затвореници: Израел и Хамас постигнаа договор, Катар објави детали од договореното appeared first on Република.

]]>
Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katar-se-nadeva-deka-dogovorot-megu-izrael-i-hamas-ke-otvori-pat-za-kraj-na-vojnata/ Wed, 22 Nov 2023 08:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=714958

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани им се заблагодари на САД и Египет што му помогнаа на Катар да посредува за договорот меѓу Израел и Хамас со кој се предвидува пауза во борбите во Газа.

Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на војната и крвопролевањето“.

Катарскиот премиер, исто така, рече дека се надева оти договорот „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес“.

 

The post Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“ appeared first on Република.

]]>

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани им се заблагодари на САД и Египет што му помогнаа на Катар да посредува за договорот меѓу Израел и Хамас со кој се предвидува пауза во борбите во Газа. Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на војната и крвопролевањето“. Катарскиот премиер, исто така, рече дека се надева оти договорот „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес“.  

The post Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“ appeared first on Република.

]]>
Ал Тани: На Израел не треба да му се дава неограничена дозвола да убива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/al-tani-na-izrael-ne-treba-da-mu-se-dava-neogranichena-dozvola-da-ubiva/ Tue, 24 Oct 2023 09:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=694463

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, денеска ја повика меѓународната заедница да не му дава на Израел „неограничена дозвола да убива“ Палестинци во неговата борба против Хамас, додавајќи дека тоа претставува опасна ескалација што ја загрозува светската безбедност, пренесоа британските медиуми.

Ние велиме дека е доста. На Израел не треба да му се даде безусловно зелено светло и неограничена дозвола да убива, рече шеикот Ал Тани во својот говор на отворањето на состанокот на Советодавниот совет на арапските земји од Заливот.

Ова е неговиот прв јавен коментар откако неговата земја почна со посредување во напорите за прекин на војната меѓу Израел и Хамас.

По ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври, во кој исламистичката група уби повеќе од 1.400 луѓе и зароби повеќе од 200 заложници, Катар одржува отворен дијалог и со Израел и со Хамас, што доведе до ослободување на четворица заложници, вклучувајќи ги и двете Израелки, вчера.

Повикуваме на сериозен регионален и меѓународен став против оваа опасна ескалација на која сме сведоци и која ја загрозува безбедноста на регионот и на светот, рече шеикот Ал Тани.

Не прифаќаме двојни стандарди и однесување дека животите на палестинските деца да не се важни, како да немаат лица или имиња, додаде тој.

The post Ал Тани: На Израел не треба да му се дава неограничена дозвола да убива appeared first on Република.

]]>

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, денеска ја повика меѓународната заедница да не му дава на Израел „неограничена дозвола да убива“ Палестинци во неговата борба против Хамас, додавајќи дека тоа претставува опасна ескалација што ја загрозува светската безбедност, пренесоа британските медиуми. Ние велиме дека е доста. На Израел не треба да му се даде безусловно зелено светло и неограничена дозвола да убива, рече шеикот Ал Тани во својот говор на отворањето на состанокот на Советодавниот совет на арапските земји од Заливот. Ова е неговиот прв јавен коментар откако неговата земја почна со посредување во напорите за прекин на војната меѓу Израел и Хамас. По ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври, во кој исламистичката група уби повеќе од 1.400 луѓе и зароби повеќе од 200 заложници, Катар одржува отворен дијалог и со Израел и со Хамас, што доведе до ослободување на четворица заложници, вклучувајќи ги и двете Израелки, вчера. Повикуваме на сериозен регионален и меѓународен став против оваа опасна ескалација на која сме сведоци и која ја загрозува безбедноста на регионот и на светот, рече шеикот Ал Тани. Не прифаќаме двојни стандарди и однесување дека животите на палестинските деца да не се важни, како да немаат лица или имиња, додаде тој.

The post Ал Тани: На Израел не треба да му се дава неограничена дозвола да убива appeared first on Република.

]]>
Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kontejnerite-od-mundijalot-patuvaat-za-turtsija/ Wed, 15 Feb 2023 08:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=609148

Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал.

Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Првата серија од 350 објекти се испорачани во неделата“, соопшти денеска катарскиот Фонд за развој.

Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетни во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата.

Бројот на загинати надмина 37.000.

The post Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција appeared first on Република.

]]>

Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал. Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември. Првата серија од 350 објекти се испорачани во неделата“, соопшти денеска катарскиот Фонд за развој. Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетни во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата. Бројот на загинати надмина 37.000.

The post Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција appeared first on Република.

]]>
Зеленски лут на ФИФА – не му дозволи да се обрати пред вечерашното финале во Катар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-lut-na-fifa-ne-mu-dozvoli-da-se-obrati-pred-vecherashnoto-finale-vo-katar/ Sun, 18 Dec 2022 10:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=587149

ФИФА не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео-порака да се обрати пред денешното финале на Светското првенство во фудбал во Катар. Неговата администрација критикуваше ФИФА дека одбила да покаже видео порака од претседателот на стадионот Лусаил.

Видеото, кое е снимено на англиски, имало за цел да биде „повик за мир“, се вели во писмената изјава за Си-Ен-Ен во саботата од претседателскиот кабинет на Украина.

„Катар ја поддржа иницијативата на претседателот, но ФИФА ја блокираше иницијативата и нема да дозволи видео-обраќањето на претседателот да биде прикажано пред финалниот натпревар“, се вели во соопштението.

Претседателската канцеларија на Украина, исто така, соопшти дека сама ќе ја објави видео-адресата доколку ФИФА не ја емитува, и рече дека нивната одлука да го блокираат ќе покаже дека „ФИФА го изгубила своето драгоцено разбирање за фудбалот – како игра што ги обединува нациите, наместо поддршка на постоечките поделби“.

Светското раководно тело на фудбалот ФИФА направи се за да ги задржи политичките пораки надвор од својот репрезентативен турнир во Катар, првата земја од Блискиот Исток која некогаш била домаќин на настанот, пренесува SPORTM.mk

Во снимката испратена до Си-Ен-Ен, Зеленски вели дека фудбалот треба да го обедини светот и повикува на „Светско првенство, но не и светска војна“.

„Ова Светско првенство уште еднаш докажа дека различни земји и националности можат да одлучат кој е најсилен во фер играта, но не во играта со оган, на зелениот терен, не на црвеното бојно поле“, вели претседателот на Украина во видеото.

Украинскиот претседателски кабинет изјави за Си-Ен-Ен дека била информирана дека ФИФА ја сметала пораката премногу политичка и соопшти дека во петокот испратила копија од текстот на обраќањето до седиштето на ФИФА во Швајцарија.

„Нема ништо политичко во обраќањето на претседателот што му дава политичка боја на спортскиот настан, имено нема субјективни оценки, политички сигнали и уште повеќе нема обвинувања“, соопштија од претседателскиот кабинет, додавајќи дека „се уште има време ФИФА да исправете ја грешката“.

„ФИФА не треба да се плаши дека ќе се слушнат зборови за мир на светскиот фудбалски празник, кој е олицетворение на мирот“, рече Зеленски во изјавата.

The post Зеленски лут на ФИФА – не му дозволи да се обрати пред вечерашното финале во Катар appeared first on Република.

]]>

ФИФА не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео-порака да се обрати пред денешното финале на Светското првенство во фудбал во Катар. Неговата администрација критикуваше ФИФА дека одбила да покаже видео порака од претседателот на стадионот Лусаил. Видеото, кое е снимено на англиски, имало за цел да биде „повик за мир“, се вели во писмената изјава за Си-Ен-Ен во саботата од претседателскиот кабинет на Украина.
„Катар ја поддржа иницијативата на претседателот, но ФИФА ја блокираше иницијативата и нема да дозволи видео-обраќањето на претседателот да биде прикажано пред финалниот натпревар“, се вели во соопштението.
Претседателската канцеларија на Украина, исто така, соопшти дека сама ќе ја објави видео-адресата доколку ФИФА не ја емитува, и рече дека нивната одлука да го блокираат ќе покаже дека „ФИФА го изгубила своето драгоцено разбирање за фудбалот – како игра што ги обединува нациите, наместо поддршка на постоечките поделби“. Светското раководно тело на фудбалот ФИФА направи се за да ги задржи политичките пораки надвор од својот репрезентативен турнир во Катар, првата земја од Блискиот Исток која некогаш била домаќин на настанот, пренесува SPORTM.mk Во снимката испратена до Си-Ен-Ен, Зеленски вели дека фудбалот треба да го обедини светот и повикува на „Светско првенство, но не и светска војна“.
„Ова Светско првенство уште еднаш докажа дека различни земји и националности можат да одлучат кој е најсилен во фер играта, но не во играта со оган, на зелениот терен, не на црвеното бојно поле“, вели претседателот на Украина во видеото.
Украинскиот претседателски кабинет изјави за Си-Ен-Ен дека била информирана дека ФИФА ја сметала пораката премногу политичка и соопшти дека во петокот испратила копија од текстот на обраќањето до седиштето на ФИФА во Швајцарија. „Нема ништо политичко во обраќањето на претседателот што му дава политичка боја на спортскиот настан, имено нема субјективни оценки, политички сигнали и уште повеќе нема обвинувања“, соопштија од претседателскиот кабинет, додавајќи дека „се уште има време ФИФА да исправете ја грешката“. „ФИФА не треба да се плаши дека ќе се слушнат зборови за мир на светскиот фудбалски празник, кој е олицетворение на мирот“, рече Зеленски во изјавата.

The post Зеленски лут на ФИФА – не му дозволи да се обрати пред вечерашното финале во Катар appeared first on Република.

]]>
Заврши фудбалската бајка за Мароко, Франција се пласираше во финалето на СП во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zavrshi-fudbalskata-bajka-za-maroko-francija-se-plasirashe-vo-finaleto-na-sp-vo-katar/ Wed, 14 Dec 2022 21:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=585753

Франција е вториот финалист на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ вечерва во Ал Хор ја оправдаа улогата на фаворит во полуфиналето со Мароко славејќи победа со 2:0.

По само пет минути Тео Ернандез и донесе водство на Франција, а победата ја запечати Коло Муани во 79. минута.

Голот на Ернандез е најбрз во полуфиналињата на Мундијалите од 1958 година. Тогаш Бразилецот Вава постигна гол против Франција во првите две минути.

Французите ќе играат во финалето против Аргентина каде ќе ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на Мундијалот во Русија.

Финалето ќе се игра на 18 декември со почеток во 16 часот.

Ден претходно (17 декември од 16 часот) Мароко ќе игра со Хрватска во мечот за 3. место.

The post Заврши фудбалската бајка за Мароко, Франција се пласираше во финалето на СП во Катар appeared first on Република.

]]>

Франција е вториот финалист на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ вечерва во Ал Хор ја оправдаа улогата на фаворит во полуфиналето со Мароко славејќи победа со 2:0. По само пет минути Тео Ернандез и донесе водство на Франција, а победата ја запечати Коло Муани во 79. минута. Голот на Ернандез е најбрз во полуфиналињата на Мундијалите од 1958 година. Тогаш Бразилецот Вава постигна гол против Франција во првите две минути. Французите ќе играат во финалето против Аргентина каде ќе ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на Мундијалот во Русија. Финалето ќе се игра на 18 декември со почеток во 16 часот. Ден претходно (17 декември од 16 часот) Мароко ќе игра со Хрватска во мечот за 3. место.

The post Заврши фудбалската бајка за Мароко, Франција се пласираше во финалето на СП во Катар appeared first on Република.

]]>
Почина фоторепортер на Мундијалот во Катар под неразјаснети околности https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pochina-fotoreporter-na-mundijalot-vo-katar-pod-nerazjasneti-okolnosti/ Mon, 12 Dec 2022 09:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=584628

Уште еден новинар ненадејно почина додека известуваше од Светското фудбалско првенство во Катар, само 48 часа по смртта на Грант Вол.

Катарскиот фоторепортер Халид ал-Мислам, кој работеше за Al Kass TV, починал вчера.

„Ал-Мислам, Катарец, ненадејно почина додека известуваше од ФИФА Светското првенство во Катар 2022. Веруваме во милоста на Алах и изразуваме најдлабоко сочувство за семејството“, објави Gulf Times на Twitter.

Околностите за смртта на Ал-Мислам во моментов се нејасни.

 

The post Почина фоторепортер на Мундијалот во Катар под неразјаснети околности appeared first on Република.

]]>

Уште еден новинар ненадејно почина додека известуваше од Светското фудбалско првенство во Катар, само 48 часа по смртта на Грант Вол. Катарскиот фоторепортер Халид ал-Мислам, кој работеше за Al Kass TV, починал вчера. „Ал-Мислам, Катарец, ненадејно почина додека известуваше од ФИФА Светското првенство во Катар 2022. Веруваме во милоста на Алах и изразуваме најдлабоко сочувство за семејството“, објави Gulf Times на Twitter. Околностите за смртта на Ал-Мислам во моментов се нејасни.  

The post Почина фоторепортер на Мундијалот во Катар под неразјаснети околности appeared first on Република.

]]>
Катарски милионер покани новинарка во неговото Ламборгини и ѝ подари вреден пакет https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/katarski-milioner-pokani-novinarka-vo-negovoto-lamborgini-i-podari-vreden-paket/ Fri, 09 Dec 2022 13:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=583736

Дописничката на ЕСПН и радио програмата Перос де Кале, аргентинската новинарка Софија Мартинез известувала во живо од Светското првенство во Катар кога ѝ пришол катарски милионер и ја поканил во своето луксузно Ламборгини.

Притоа, на едно од автомобилските седишта имало црна кутија со мала верзија на трофејот од Светското првенство.

„Дали е за мене? прашала Софија, а богаташот ѝ одговорил: „Да, твое е“.

Кога ја отворила кутијата, Софија видела мобилен телефон вреден најмалку 1.000 евра.

https://twitter.com/perroscalleok/status/1598305216805347335?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598305216805347335%7Ctwgr%5E9fa14ecec84900f6cdac2acb1cced8f33b90ab5f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0bad0b0d182d0b0d180d181d0bad0b8-d0bcd0b8d0bbd0b8d0bed0bdd0b5d180-d0bfd0bed0b2d0b8d0bad0b0-d0bdd0bed0b2d0b8d0bdd0b0d180d0bad0b0-d0b2%2F

Новинарката го прифатила подарокот, но многумина ја предупредиле дека тоа не требало да го направи тоа, бидејќи, како што тврдат, зад сѐ се крие намерата на богатиот Катарец.

Инаку, Софија е во врска со новинарот Диего Леука, кој исто така деновиве е во Катар, од каде известува за првенството.

The post Катарски милионер покани новинарка во неговото Ламборгини и ѝ подари вреден пакет appeared first on Република.

]]>

Дописничката на ЕСПН и радио програмата Перос де Кале, аргентинската новинарка Софија Мартинез известувала во живо од Светското првенство во Катар кога ѝ пришол катарски милионер и ја поканил во своето луксузно Ламборгини. Притоа, на едно од автомобилските седишта имало црна кутија со мала верзија на трофејот од Светското првенство.
„Дали е за мене? прашала Софија, а богаташот ѝ одговорил: „Да, твое е“.
Кога ја отворила кутијата, Софија видела мобилен телефон вреден најмалку 1.000 евра. https://twitter.com/perroscalleok/status/1598305216805347335?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598305216805347335%7Ctwgr%5E9fa14ecec84900f6cdac2acb1cced8f33b90ab5f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0bad0b0d182d0b0d180d181d0bad0b8-d0bcd0b8d0bbd0b8d0bed0bdd0b5d180-d0bfd0bed0b2d0b8d0bad0b0-d0bdd0bed0b2d0b8d0bdd0b0d180d0bad0b0-d0b2%2F Новинарката го прифатила подарокот, но многумина ја предупредиле дека тоа не требало да го направи тоа, бидејќи, како што тврдат, зад сѐ се крие намерата на богатиот Катарец. Инаку, Софија е во врска со новинарот Диего Леука, кој исто така деновиве е во Катар, од каде известува за првенството.

The post Катарски милионер покани новинарка во неговото Ламборгини и ѝ подари вреден пакет appeared first on Република.

]]>
Жешка поддршка за „коцкестите“: Ова е хрватската навивачка која ги предизвикува правилата за облекување во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zeshka-poddrshka-za-kockestite-ova-e-hrvatskata-navivachka-koja-gi-predizvikuva-pravilata-za-oblekuvanje-vo-katar/ Wed, 07 Dec 2022 08:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=582772

Репрезентацијата на Хрватска е на добар пат на Светското првенство во Катар да го повтори успехот од минатиот Мундијал, кога играше во финалето. Откако ја совладаа Јапонија на пенали, Хрватите во четврт-финалето го очекуваат Бразил, но освен случувањата на теренот, мечевите на Хрватска предизвикуваат голем интерес и со случувањата на трибините.

Причина за такво нешто е хрватската манекенка Ивана Кнол, која од трибините се појавува во многу провокативна облека, во препознатливиот „коцкест“ дезен.

Со таквата облека, Ивана го предизвикува вниманието на сите присутни на стадионите, кои постојано ја и се фотографираат со неа, но истовремено ги предизвикува и им пркоси на строгите правила за облекување што се на сила во Катар.

 

The post Жешка поддршка за „коцкестите“: Ова е хрватската навивачка која ги предизвикува правилата за облекување во Катар appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Хрватска е на добар пат на Светското првенство во Катар да го повтори успехот од минатиот Мундијал, кога играше во финалето. Откако ја совладаа Јапонија на пенали, Хрватите во четврт-финалето го очекуваат Бразил, но освен случувањата на теренот, мечевите на Хрватска предизвикуваат голем интерес и со случувањата на трибините. Причина за такво нешто е хрватската манекенка Ивана Кнол, која од трибините се појавува во многу провокативна облека, во препознатливиот „коцкест“ дезен. Со таквата облека, Ивана го предизвикува вниманието на сите присутни на стадионите, кои постојано ја и се фотографираат со неа, но истовремено ги предизвикува и им пркоси на строгите правила за облекување што се на сила во Катар.  

The post Жешка поддршка за „коцкестите“: Ова е хрватската навивачка која ги предизвикува правилата за облекување во Катар appeared first on Република.

]]>
Базата на српската репрезентација во Катар како „хотел промаја“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bazata-na-srpskata-reprezentacija-vo-katar-kako-hotel-promaja/ Sun, 04 Dec 2022 20:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=581790

Познатиот јутјубер Чода, низ видео покажа дел од хотелот во Катар каде што престојуваа српските фудбалери за кои заврши Светското првенство (СП), откако беа елиминирани од репрезентацијата на Швајцарија.

Од видето се гледа дека базата на Србија била како „хотел промаја“, односно секој можел да влезе и да си прави селфи со играчите, потоа да руча заедно со избраниците на Пикси и тоа да го прави без никој ништо да го праша.

Покрај обичните луѓе кои си влегувале во хотелот кога и како сакале, тука постојано биле и познати естрадни фаци од таа земја, кои престојувале во хотелот како да тоа е нивна база.

 

https://youtu.be/KhnCzKj_-F4

The post Базата на српската репрезентација во Катар како „хотел промаја“ appeared first on Република.

]]>

Познатиот јутјубер Чода, низ видео покажа дел од хотелот во Катар каде што престојуваа српските фудбалери за кои заврши Светското првенство (СП), откако беа елиминирани од репрезентацијата на Швајцарија. Од видето се гледа дека базата на Србија била како „хотел промаја“, односно секој можел да влезе и да си прави селфи со играчите, потоа да руча заедно со избраниците на Пикси и тоа да го прави без никој ништо да го праша. Покрај обичните луѓе кои си влегувале во хотелот кога и како сакале, тука постојано биле и познати естрадни фаци од таа земја, кои престојувале во хотелот како да тоа е нивна база.   https://youtu.be/KhnCzKj_-F4

The post Базата на српската репрезентација во Катар како „хотел промаја“ appeared first on Република.

]]>
На Германците сега не им пречат „човековите права“: Катар и Германија склучија 15-годишен договор за снабдување со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katar-i-germanija-skluchija-15-godishen-dogovor-za-snabduvanje-so-gas/ Tue, 29 Nov 2022 19:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=579748

Катар и Германија потпишале 15-годишен договор за снабдување на Германците со природен течен гас. Овој договор доаѓа во услови на глобална енергетска криза предизвикана од војната во Украина.

Договорот меѓу катарската државна фирма „Катар енерџи“ и американската компанија „КонкоФилипс“ ќе придонесе за напорите за поддршка на енергетската безбедност во Германија и Европа, на прес-конференција изјави катарскиот министер за енергетика Саад Шерида Ал-Каби.

Тој појасни дека, според договорот, почнувајќи од 2026 година Катар ќе испорачува до два милиони тони течен природен гас (ЛНГ) годишно на гасниот терминал во изградба во Брунсбител на северот на Германија.

„КонокоФилипс“ (ConocoPhillips) има удел во морското гасно поле на Катар во Персискиот Залив, кое Катар го дели со Иран.

Германија, која беше водечки увозник на руски гас пред почетокот на војната во Украина, од крајот на август нема добиено ниту една испорака на гас од Русија.

Германија гради пет терминали за течен природен гас како клучен дел од планот за замена на испораките на руски гас, а првиот терминал се очекува наскоро да биде оперативен. Повеќето од сегашните испораки на гас за Германија доаѓаат преку Норвешка, Холандија и Белгија.

Кина, Јапонија и Јужна Кореја се главните пазари на Катар за извоз на гас, додека европските земји сè повеќе бараат договори со Доха од почетокот на војната во Украина во обид да обезбедат различни извори на енергија.

The post На Германците сега не им пречат „човековите права“: Катар и Германија склучија 15-годишен договор за снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Катар и Германија потпишале 15-годишен договор за снабдување на Германците со природен течен гас. Овој договор доаѓа во услови на глобална енергетска криза предизвикана од војната во Украина.
Договорот меѓу катарската државна фирма „Катар енерџи“ и американската компанија „КонкоФилипс“ ќе придонесе за напорите за поддршка на енергетската безбедност во Германија и Европа, на прес-конференција изјави катарскиот министер за енергетика Саад Шерида Ал-Каби.
Тој појасни дека, според договорот, почнувајќи од 2026 година Катар ќе испорачува до два милиони тони течен природен гас (ЛНГ) годишно на гасниот терминал во изградба во Брунсбител на северот на Германија. „КонокоФилипс“ (ConocoPhillips) има удел во морското гасно поле на Катар во Персискиот Залив, кое Катар го дели со Иран. Германија, која беше водечки увозник на руски гас пред почетокот на војната во Украина, од крајот на август нема добиено ниту една испорака на гас од Русија. Германија гради пет терминали за течен природен гас како клучен дел од планот за замена на испораките на руски гас, а првиот терминал се очекува наскоро да биде оперативен. Повеќето од сегашните испораки на гас за Германија доаѓаат преку Норвешка, Холандија и Белгија. Кина, Јапонија и Јужна Кореја се главните пазари на Катар за извоз на гас, додека европските земји сè повеќе бараат договори со Доха од почетокот на војната во Украина во обид да обезбедат различни извори на енергија.

The post На Германците сега не им пречат „човековите права“: Катар и Германија склучија 15-годишен договор за снабдување со гас appeared first on Република.

]]>
Новинарка ја ограбиле во Катар, па полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/novinarka-ja-ograbile-vo-katar-pa-policijata-ja-prashala-kakva-kazna-saka-za-kradecot/ Mon, 21 Nov 2022 14:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=576570

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер била ограбена додека известувала во живо од Миндијалот во Катар. Нејзе и бил украден новчаник во кој имало документи, картички и пари.

Таа го пријавила случајот во полиција, и било кажано дека на многу локации има камери со висока резолуција, па крадецот ќе биде фатен и работите ќе и бидат вратени.

Но таа се изненадила кога полицијата ја запрашала каква казна сака да му биде изречена на крадецот. Во прв момент мислела дека се работи за грешка во преводот, но Катарците во вториот обид биле појасни.

Ме прашаа дали сакам сторителот да биде осуден на 5 години затвор, или пак сакам да биде депортиран…. Инсистираа да кажам каква сакам да биде казната, јас да одлучам. Но не, им кажав дека сакам само да ми се вратат работите. Не сакам правдата да биде во мои раце. Ми се наежи кожата, раскажува Доминик Мецгер.

 

The post Новинарка ја ограбиле во Катар, па полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот appeared first on Република.

]]>

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер била ограбена додека известувала во живо од Миндијалот во Катар. Нејзе и бил украден новчаник во кој имало документи, картички и пари. Таа го пријавила случајот во полиција, и било кажано дека на многу локации има камери со висока резолуција, па крадецот ќе биде фатен и работите ќе и бидат вратени. Но таа се изненадила кога полицијата ја запрашала каква казна сака да му биде изречена на крадецот. Во прв момент мислела дека се работи за грешка во преводот, но Катарците во вториот обид биле појасни.
Ме прашаа дали сакам сторителот да биде осуден на 5 години затвор, или пак сакам да биде депортиран…. Инсистираа да кажам каква сакам да биде казната, јас да одлучам. Но не, им кажав дека сакам само да ми се вратат работите. Не сакам правдата да биде во мои раце. Ми се наежи кожата, раскажува Доминик Мецгер.
 

The post Новинарка ја ограбиле во Катар, па полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот appeared first on Република.

]]>
Еквадор води со 2-0 против Катар на полувремето, јунак е Валенсија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ekvador-vodi-so-2-0-protiv-katar-na-poluvremeto-junak-e-valensija/ Sun, 20 Nov 2022 17:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=576211

Енер Валенсија по се изгледа ќе биде јунак на Еквадор откако во моментов го постигнува својот втор гол на отворањето на СП во Катар.

Екипата на Еквадор води против домаќинот Катар со 2:0, а судејќи според играта, Еквадор работата ќе ја заврши уште во првото полувреме.

The post Еквадор води со 2-0 против Катар на полувремето, јунак е Валенсија appeared first on Република.

]]>

Енер Валенсија по се изгледа ќе биде јунак на Еквадор откако во моментов го постигнува својот втор гол на отворањето на СП во Катар. Екипата на Еквадор води против домаќинот Катар со 2:0, а судејќи според играта, Еквадор работата ќе ја заврши уште во првото полувреме.

The post Еквадор води со 2-0 против Катар на полувремето, јунак е Валенсија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ во Катар: Ќе навивам со сето срце за Србија, како што навивав за Македонија на ЕП https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-vo-katar-kje-navivam-so-seto-srce-za-srbija-kako-shto-navivav-za-makedonija-na-ep/ Sun, 20 Nov 2022 15:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=576180

Не знам дали ќе успееме или не, но одиме да победиме, би сакал да се сретнеме со Хрватите во четвртфиналето, тие имаат фантастична репрезентација, стара, искусна, но мислам дека во овој момент ние сме за нијанса подобри! Какво големо дерби би било тоа, страшен натпревар, изјави во гостувањето на телевизија Прва српскиот претседател Александар Вучиќ, каде на крајот од дискусијата за горливите прашања за Србија се осврна и на Светско првенство, јави дописникот на МИА од Белград.

Ќе навивам за Србија со целото мое срце, како и сите граѓани на Србија, и ги молам само да се борат … Виктор Орбан страсно навива за Србија, како што би и јас и тие да учествуваа, а ние не … Исто така навивав и за Македонија на Европското првенство, изјави српскиот претседател, додавајќи дека за „Србија ќе навиваат и нашите браќа Унгарци, Македонците, Романците, Бугарите …“, кажа Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва.

 

The post Вучиќ во Катар: Ќе навивам со сето срце за Србија, како што навивав за Македонија на ЕП appeared first on Република.

]]>

Не знам дали ќе успееме или не, но одиме да победиме, би сакал да се сретнеме со Хрватите во четвртфиналето, тие имаат фантастична репрезентација, стара, искусна, но мислам дека во овој момент ние сме за нијанса подобри! Какво големо дерби би било тоа, страшен натпревар, изјави во гостувањето на телевизија Прва српскиот претседател Александар Вучиќ, каде на крајот од дискусијата за горливите прашања за Србија се осврна и на Светско првенство, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе навивам за Србија со целото мое срце, како и сите граѓани на Србија, и ги молам само да се борат … Виктор Орбан страсно навива за Србија, како што би и јас и тие да учествуваа, а ние не … Исто така навивав и за Македонија на Европското првенство, изјави српскиот претседател, додавајќи дека за „Србија ќе навиваат и нашите браќа Унгарци, Македонците, Романците, Бугарите …“, кажа Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва.
 

The post Вучиќ во Катар: Ќе навивам со сето срце за Србија, како што навивав за Македонија на ЕП appeared first on Република.

]]>
Род Стјуарт одбил милионски хонорар за настап во Катар https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rod-stjuart-odbil-milionski-honorar-za-nastap-vo-katar/ Wed, 16 Nov 2022 15:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=574557

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт откри дека одбил да настапи во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за гостувањето. Рокерот во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times) говореше за претстојното Светско првенство во Катар, истакнувајќи дека за него не е прифатливо да оди во таа земја.

Пред 15 месеци ми понудија многу пари – над милион долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците исто така треба да бидат исклучени од сè, поради снабдувањето со оружје (за Русија, з.п.), изјави 77-годишниот музичар.

Претходно, комичарот Џо Лајсет јавно му порача на Дејвид Бекам дека „ќе го распарчи“ доколку спортистот не се повлече од договорот за Светското првенство во Катар. Фудбалерот наводно добил 10 милиони фунти за да биде спортски амбасадор на земјата, па беше жестоко критикуван дека „прима пари од земја во која хомосексуалноста е нелегална“, со оглед на тоа што претходно важеше за голем сојузник на ЛГБТ-заедницата.

И кога беше објавено дека Роби Вилијамс планира да настапи во Катар овој декември, исто така имаше бурни реакции.

Многу западни навивачи се двоумат дали да присуствуваат на СП, а некои стравуваат и за својата безбедност во Доха.

Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. ФИФА побара од учесниците „да се сосредоточат на фудбалот, а не на политичките прашања“.

The post Род Стјуарт одбил милионски хонорар за настап во Катар appeared first on Република.

]]>

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт откри дека одбил да настапи во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за гостувањето. Рокерот во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times) говореше за претстојното Светско првенство во Катар, истакнувајќи дека за него не е прифатливо да оди во таа земја.
Пред 15 месеци ми понудија многу пари – над милион долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците исто така треба да бидат исклучени од сè, поради снабдувањето со оружје (за Русија, з.п.), изјави 77-годишниот музичар.
Претходно, комичарот Џо Лајсет јавно му порача на Дејвид Бекам дека „ќе го распарчи“ доколку спортистот не се повлече од договорот за Светското првенство во Катар. Фудбалерот наводно добил 10 милиони фунти за да биде спортски амбасадор на земјата, па беше жестоко критикуван дека „прима пари од земја во која хомосексуалноста е нелегална“, со оглед на тоа што претходно важеше за голем сојузник на ЛГБТ-заедницата. И кога беше објавено дека Роби Вилијамс планира да настапи во Катар овој декември, исто така имаше бурни реакции. Многу западни навивачи се двоумат дали да присуствуваат на СП, а некои стравуваат и за својата безбедност во Доха. Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. ФИФА побара од учесниците „да се сосредоточат на фудбалот, а не на политичките прашања“.

The post Род Стјуарт одбил милионски хонорар за настап во Катар appeared first on Република.

]]>
Катар со осуда за Германија поради двојни стандарди во однос на критиките за човековите права https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katar-so-osuda-za-germanija-poradi-dvojni-standardi-vo-odnos-na-kritikite-za-chovekovite-prava/ Mon, 07 Nov 2022 10:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=570812

Германската критика на политиката за човекови права на Катар во пресрет на Светското фудбалско првенство изгледа лицемерна, изјави министерот за надворешни работи на Катар Мохамед бин Абдел-Рахман, мислејќи на германската подготвеност да склучи договори за гас со земјата за да се обезбеди снабдување со греење.

Министерот за надворешни работи, исто така, ги нарече европските критики за Катар „многу расистички“, во коментар за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Од една страна, германскиот народ е погрешно информиран. Од друга страна, пак, владата нема проблем со нас кога станува збор за енергетски партнерства или инвестиции, потенцираше шефот на катарската дипломатија.

Откако Катар беше именуван за домаќин на Светското фудбалско првенство оваа година, на Запад се зголемија критиките за начинот на кој се третираат работниците од странство – обично мигранти. Дополнителни грижи предизвикува тамошниот однос на властите кон човековите права и личните слободи, посочува ДПА.

Сепак, Катар е клучен глобален производител на гас, кој стана поскап по руската инвазија на Украина. Конфликтот ги поттикна повеќето западни земји да започнат со бојкот на Русија, која ги затвори „славините за гас“ за повеќето западни земји. Така, неколку светски лидери – вклучително и оние од Германија – го посетија Катар во последните месеци во обид да обезбедат резерви.

Бин Абдел-Рахман рече дека не може да сфати зошто постои еден стандард за фудбалот, а друг за горивото. – Ова не е однос каков што сакаме да видиме меѓу две земји како Германија и Катар, рече тој.

The post Катар со осуда за Германија поради двојни стандарди во однос на критиките за човековите права appeared first on Република.

]]>

Германската критика на политиката за човекови права на Катар во пресрет на Светското фудбалско првенство изгледа лицемерна, изјави министерот за надворешни работи на Катар Мохамед бин Абдел-Рахман, мислејќи на германската подготвеност да склучи договори за гас со земјата за да се обезбеди снабдување со греење. Министерот за надворешни работи, исто така, ги нарече европските критики за Катар „многу расистички“, во коментар за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Од една страна, германскиот народ е погрешно информиран. Од друга страна, пак, владата нема проблем со нас кога станува збор за енергетски партнерства или инвестиции, потенцираше шефот на катарската дипломатија. Откако Катар беше именуван за домаќин на Светското фудбалско првенство оваа година, на Запад се зголемија критиките за начинот на кој се третираат работниците од странство – обично мигранти. Дополнителни грижи предизвикува тамошниот однос на властите кон човековите права и личните слободи, посочува ДПА. Сепак, Катар е клучен глобален производител на гас, кој стана поскап по руската инвазија на Украина. Конфликтот ги поттикна повеќето западни земји да започнат со бојкот на Русија, која ги затвори „славините за гас“ за повеќето западни земји. Така, неколку светски лидери – вклучително и оние од Германија – го посетија Катар во последните месеци во обид да обезбедат резерви. Бин Абдел-Рахман рече дека не може да сфати зошто постои еден стандард за фудбалот, а друг за горивото. – Ова не е однос каков што сакаме да видиме меѓу две земји како Германија и Катар, рече тој.

The post Катар со осуда за Германија поради двојни стандарди во однос на критиките за човековите права appeared first on Република.

]]>
Првиот човек на ФИФА ветува безбеден Мундијал за навивачите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/prviot-chovek-na-fifa-vetuva-bezbeden-mundijal-za-navivachite/ Mon, 29 Aug 2022 17:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=545379

Безбедноста на претстојното Светско фудбалско првенство, на кое домаќинот Катар се очекува да прими два милиони посетители од странство, ќе биде „многу строга“, бидејќи сите навивачи ќе бидат собрани во еден град, најави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Првиот човек на светскиот фудбал ова го изјави за време на посетата на Костарика каде беше примен од шефот на државата Родриго Чавез, а присуствуваше и на финалето на Светското првенство за фудбалерки до 20 години во неделата во Сан Хозе во кое Шпанија ја совлада Јапонија со 3-1.

– Сите навивачи од целиот свет се добредојдени (во Катар) на прослава, забава и гледање натпревари, но доколку некој сака да дојде и прави неред или нешто слично секако дека не е добредојден и сите ќе бидеме многу строги, бидејќи безбедноста е на прво место, изјави Инфантино.

Катар е држава со 2.6 милиони жители, а земјата за време на Мундијалот од 21 ноември до 18 декември се очекува да ја посетат два милиони навивачи од целиот свет

The post Првиот човек на ФИФА ветува безбеден Мундијал за навивачите appeared first on Република.

]]>

Безбедноста на претстојното Светско фудбалско првенство, на кое домаќинот Катар се очекува да прими два милиони посетители од странство, ќе биде „многу строга“, бидејќи сите навивачи ќе бидат собрани во еден град, најави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Првиот човек на светскиот фудбал ова го изјави за време на посетата на Костарика каде беше примен од шефот на државата Родриго Чавез, а присуствуваше и на финалето на Светското првенство за фудбалерки до 20 години во неделата во Сан Хозе во кое Шпанија ја совлада Јапонија со 3-1. – Сите навивачи од целиот свет се добредојдени (во Катар) на прослава, забава и гледање натпревари, но доколку некој сака да дојде и прави неред или нешто слично секако дека не е добредојден и сите ќе бидеме многу строги, бидејќи безбедноста е на прво место, изјави Инфантино. Катар е држава со 2.6 милиони жители, а земјата за време на Мундијалот од 21 ноември до 18 декември се очекува да ја посетат два милиони навивачи од целиот свет

The post Првиот човек на ФИФА ветува безбеден Мундијал за навивачите appeared first on Република.

]]>