каталин новак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katalin-novak/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 18:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каталин новак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katalin-novak/ 32 32 Претседателката на Унгарија поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-ungarija-podnese-ostavka-2/ Sat, 10 Feb 2024 18:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=742627

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак денеска поднесе оставка од функцијата.

Направив грешка … Денес е последниот ден кога ви се обраќам како претседател, изјави Новак во говорот емитуван на државната телевизија.

Таа беше под притисок на јавноста откако помилува човек осуден како соучесник за помагање при прикривање на случај на сексуална злоупотреба во дом за деца.

Најмалку 1.000 луѓе протестираа синоќа во Будимпешта барајќи нејзина оставка. Унгарските опозициски партии, исто така, побараа таа да ја напушти функцијата.

Новак одлучи да помилува дваесетина луѓе во април 2023 година, пред посетата на папата Франциск. Меѓу помилуваните лица е и заменик директорот на домот за деца, кој му помогна на поранешниот директор на домот да ги скрие своите злосторства.

The post Претседателката на Унгарија поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак денеска поднесе оставка од функцијата.
Направив грешка … Денес е последниот ден кога ви се обраќам како претседател, изјави Новак во говорот емитуван на државната телевизија.
Таа беше под притисок на јавноста откако помилува човек осуден како соучесник за помагање при прикривање на случај на сексуална злоупотреба во дом за деца. Најмалку 1.000 луѓе протестираа синоќа во Будимпешта барајќи нејзина оставка. Унгарските опозициски партии, исто така, побараа таа да ја напушти функцијата. Новак одлучи да помилува дваесетина луѓе во април 2023 година, пред посетата на папата Франциск. Меѓу помилуваните лица е и заменик директорот на домот за деца, кој му помогна на поранешниот директор на домот да ги скрие своите злосторства.

The post Претседателката на Унгарија поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Зеленски преговарај со Русија, не гледам воено решение што ќе доведе до мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-pregovaraj-so-rusija-ne-gledam-voeno-reshenie-shto-ke-dovede-do-mir/ Tue, 29 Aug 2023 07:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=676754

Унгарската претседателка Каталин Новак го повика својот украински колега Володомир Зеленски да преговара со руските агресори за завршување на војната, бидејќи, како што наведе, не гледа воено решение на прашањето.

Во интервју за унгарскиот весник „Индек“, Новак порача дека Будимпешта недвосмислено ја осудува руската агресија врз Украина и ја разбира желбата на украинските власти да ја заштитат земјата од напаѓачите.

Војната во Украина трае веќе година и пол и не гледам никакво воено решение што би довело до стабилен мир на долг рок. Затоа треба да седнеме на преговарачка маса. Овој цврст став му го изразив на претседателот Зеленски и јавно и приватно, нагласи Новак.

Нагласи дека Унгарија силно се залага за територијален интегритет и суверенитет на Украина.

Му објаснив и на претседателот Зеленски зошто мирот е исклучително важен за нас. Европа и Унгарија се поблиску до војна отколку што многумина мислат. Ескалација може да се случи во секое време. Оваа војна не само што ги уништи животите на Украинците, туку, како што рече папата Франциск, внесе конфликт и во нашите домови. Во интерес на унгарскиот народ е нашата земја да не биде зафатена од ова безмилосно уништување. Затоа сме цврсти поборници за мир, рече унгарската претседателка.

The post Зеленски преговарај со Русија, не гледам воено решение што ќе доведе до мир appeared first on Република.

]]>

Унгарската претседателка Каталин Новак го повика својот украински колега Володомир Зеленски да преговара со руските агресори за завршување на војната, бидејќи, како што наведе, не гледа воено решение на прашањето. Во интервју за унгарскиот весник „Индек“, Новак порача дека Будимпешта недвосмислено ја осудува руската агресија врз Украина и ја разбира желбата на украинските власти да ја заштитат земјата од напаѓачите.
Војната во Украина трае веќе година и пол и не гледам никакво воено решение што би довело до стабилен мир на долг рок. Затоа треба да седнеме на преговарачка маса. Овој цврст став му го изразив на претседателот Зеленски и јавно и приватно, нагласи Новак.
Нагласи дека Унгарија силно се залага за територијален интегритет и суверенитет на Украина.
Му објаснив и на претседателот Зеленски зошто мирот е исклучително важен за нас. Европа и Унгарија се поблиску до војна отколку што многумина мислат. Ескалација може да се случи во секое време. Оваа војна не само што ги уништи животите на Украинците, туку, како што рече папата Франциск, внесе конфликт и во нашите домови. Во интерес на унгарскиот народ е нашата земја да не биде зафатена од ова безмилосно уништување. Затоа сме цврсти поборници за мир, рече унгарската претседателка.

The post Зеленски преговарај со Русија, не гледам воено решение што ќе доведе до мир appeared first on Република.

]]>
Унгарската претседателка Новак в четврток во посета на Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ungarskata-pretsedatelka-novak-v-chetvrtok-vo-poseta-na-albanija/ Tue, 30 May 2023 09:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=646076

На покана на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, в четврток во дводневна официјална посета на Албанија ќе допатува унгарската претседателка Каталин Новак.

- Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на политичките и економските односи меѓу двете земји, соработката со Унгарија во функција на интегративниот процес на Албанија и другите земји од Западен Балкан, случувањата во регионот на Западен Балкан, како и новите геополитички случувања погодени од руската воена агресија во Украина, соопштија од кабинетот на Бегај.

Претседателката Новак ќе биде примена со сите државнички почести,  по што ќе следи средба  меѓу двајцата претседатели, средба на двете официјални делегации, како и заедничка прес-конференција.

The post Унгарската претседателка Новак в четврток во посета на Албанија appeared first on Република.

Која е Каталин, убавата претседателка на Унгарија: Има 46 години и три деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/koja-e-katalin-ubavata-pretsedatelka-na-ungarija-ima-46-godini-i-tri-detsa/ Mon, 06 Feb 2023 12:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=605452

Денеска на гости во Македонија е Каталин Новак, претседателка на Унгарија. Таа на средбата со нејзниот домаќин Пендаровски пленеше со својот шарм и непосредност.

Каталин е првата дама избрана за претседател на Унгарија. Доѓа од партијата Фидес. Се залага за семејните вредности и има три деца Адам, Ката и Тамаш.

Каталин има 46 години и мажена е за Иштван Вереш кој е познат економист.

The post Која е Каталин, убавата претседателка на Унгарија: Има 46 години и три деца appeared first on Република.

]]>

Денеска на гости во Македонија е Каталин Новак, претседателка на Унгарија. Таа на средбата со нејзниот домаќин Пендаровски пленеше со својот шарм и непосредност. Каталин е првата дама избрана за претседател на Унгарија. Доѓа од партијата Фидес. Се залага за семејните вредности и има три деца Адам, Ката и Тамаш. Каталин има 46 години и мажена е за Иштван Вереш кој е познат економист.  

The post Која е Каталин, убавата претседателка на Унгарија: Има 46 години и три деца appeared first on Република.

]]>
Новак-Пендаровски: Неправедно е ова што ѝ го прави Бугарија на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novak-pendarovski-nepravedno-e-ova-shto-go-pravi-bugarija-na-makedonija/ Mon, 06 Feb 2023 11:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=605420

Сметаме дека вашето членство во ЕУ има важна и клучна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и стабилност на цела Европа, порача претседателката на Унгарија, Каталин Новак, за време на официјална посета на Македонија.

Унгарската претседателка Новак на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, изрази надеж дека Унгарија ќе може да помогне за забрзување на процесот на зачленување во ЕУ.

Новак, освен членство на Македонија во ЕУ, зборуваше и за војната во војната во Украина, борбата против илегалната миграција за што посочи дека 30 унгарски полицајци вршат служба на македонско-грчката граница, прашањето на демографијата и размена на искуства што Унгарија прави за поддршка на семејствата, како и за размена на културни вредности.

Сметаме дека е баш неправедно што морате да трпите одложувања и свесни сме дека доколку овој процес не може да продолжи онака како што треба, ќе се јави песимизмот во однос на зачленувањето, истакна Новак.

Ние, нагласи Новак, ја осудуваме агресијата на Русија во Украина и стоиме на неповредливост на суверенитетот.

Војната донесе многу проблеми и затоа би сакале што побрзо прекин на огнот и да се најде модел на мир и на тој начин долгорочно да се обезбеди безбедност на Европа, изјави Новак.

Меѓусебната билатералната соработка, Новак оцени дека во последно време добро напредува и изрази надеж дека нејзината посета ќе придонесе за билатералните односи да се развиваат во таа насока.

Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката Новак, порача дека ова е прва, по 20 години од последната официјална посета на унгарски претседател на нашата земја.

Унгарија е една од најгласните и најактивните членки на ЕУ во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и земја која одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори за нашата земја, порача Пендаровски.

На средбата, Пендаровски, посочи дека добил уверување дека поддршката ќе продолжи и дека Унгарија проширувањето го смета за една од најстратешките политики на ЕУ, со политичка и советодавна поддршка ќе продолжи да ги промовира македонските интеграции.

Со Унгарија имаме динамична економска соработка, која е во нагорен тренд. Унгарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, со трговска размена во минатата година од речиси половина милијарда евра и континуиран тренд на суфицит на македонска страна, истакна Пендароски.

Во рамки на посетата, како што е најавено, Новак и Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

The post Новак-Пендаровски: Неправедно е ова што ѝ го прави Бугарија на Македонија appeared first on Република.

]]>

Сметаме дека вашето членство во ЕУ има важна и клучна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и стабилност на цела Европа, порача претседателката на Унгарија, Каталин Новак, за време на официјална посета на Македонија. Унгарската претседателка Новак на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, изрази надеж дека Унгарија ќе може да помогне за забрзување на процесот на зачленување во ЕУ. Новак, освен членство на Македонија во ЕУ, зборуваше и за војната во војната во Украина, борбата против илегалната миграција за што посочи дека 30 унгарски полицајци вршат служба на македонско-грчката граница, прашањето на демографијата и размена на искуства што Унгарија прави за поддршка на семејствата, како и за размена на културни вредности.
Сметаме дека е баш неправедно што морате да трпите одложувања и свесни сме дека доколку овој процес не може да продолжи онака како што треба, ќе се јави песимизмот во однос на зачленувањето, истакна Новак.
Ние, нагласи Новак, ја осудуваме агресијата на Русија во Украина и стоиме на неповредливост на суверенитетот. Војната донесе многу проблеми и затоа би сакале што побрзо прекин на огнот и да се најде модел на мир и на тој начин долгорочно да се обезбеди безбедност на Европа, изјави Новак. Меѓусебната билатералната соработка, Новак оцени дека во последно време добро напредува и изрази надеж дека нејзината посета ќе придонесе за билатералните односи да се развиваат во таа насока. Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката Новак, порача дека ова е прва, по 20 години од последната официјална посета на унгарски претседател на нашата земја.
Унгарија е една од најгласните и најактивните членки на ЕУ во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и земја која одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори за нашата земја, порача Пендаровски.
На средбата, Пендаровски, посочи дека добил уверување дека поддршката ќе продолжи и дека Унгарија проширувањето го смета за една од најстратешките политики на ЕУ, со политичка и советодавна поддршка ќе продолжи да ги промовира македонските интеграции.
Со Унгарија имаме динамична економска соработка, која е во нагорен тренд. Унгарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, со трговска размена во минатата година од речиси половина милијарда евра и континуиран тренд на суфицит на македонска страна, истакна Пендароски.
  Во рамки на посетата, како што е најавено, Новак и Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

The post Новак-Пендаровски: Неправедно е ова што ѝ го прави Бугарија на Македонија appeared first on Република.

]]>
За Роки преговори не водиме, Роки не го даваме, вели Пендаровски за шарпланинецот од вилата на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-roki-pregovori-ne-vodime-roki-ne-go-davame-veli-pendarovski-za-sharplaninetsot-od-vilata-na-vodno/ Mon, 06 Feb 2023 11:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=605416

Со ЕУ може да водиме преговори. Ама преговори да го дадеме Роки – не, Роки не го даваме, рече претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија Каталин Новак, која престојува во официјална посета на нашата земја, а на која ѝ го покажа миленикот од претседателската вила на Водно.

Станува збор за куче од расата шарпланинец, кое ѝ го покажал само за да го види, како редок вид на раса, специфична за ова поднебје, но не ѝ го подарил.

Моите кучиња би биле љубоморни на Роки. Нема да го примат убаво, се пошегува претседателката која отрки дека дома има две кучиња.

The post За Роки преговори не водиме, Роки не го даваме, вели Пендаровски за шарпланинецот од вилата на Водно appeared first on Република.

]]>

Со ЕУ може да водиме преговори. Ама преговори да го дадеме Роки – не, Роки не го даваме, рече претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија Каталин Новак, која престојува во официјална посета на нашата земја, а на која ѝ го покажа миленикот од претседателската вила на Водно. Станува збор за куче од расата шарпланинец, кое ѝ го покажал само за да го види, како редок вид на раса, специфична за ова поднебје, но не ѝ го подарил.
Моите кучиња би биле љубоморни на Роки. Нема да го примат убаво, се пошегува претседателката која отрки дека дома има две кучиња.

The post За Роки преговори не водиме, Роки не го даваме, вели Пендаровски за шарпланинецот од вилата на Водно appeared first on Република.

]]>
Унгарската претседателка Новак си поигра со шарпланинецот Рок од резиденцијата на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ungarskata-pretsedatelka-novak-si-poigra-so-sharplaninetsot-rok-od-rezidentsijata-na-vodno/ Mon, 06 Feb 2023 09:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=605286

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во официјална посета на Македонија, со шарпланинецот Рок, кој е милениче на сите во резиденцијата на Водно.

Новак утрово беше пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации.

Претседателите Пендаровски и Новак ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Поради посетата на Новак, како што соопшти МВР, СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Унгарската претседателка Новак си поигра со шарпланинецот Рок од резиденцијата на Водно appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во официјална посета на Македонија, со шарпланинецот Рок, кој е милениче на сите во резиденцијата на Водно. Новак утрово беше пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации. Претседателите Пендаровски и Новак ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев црквата „Св. Спас“ во Скопје. Поради посетата на Новак, како што соопшти МВР, СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Унгарската претседателка Новак си поигра со шарпланинецот Рок од резиденцијата на Водно appeared first on Република.

]]>
Каталин Новак, првата жена претседател на Унгарија, стапи на функција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katalin-novak-prvata-zena-pretsedatel-na-ungarija-stapi-na-funkcija/ Tue, 10 May 2022 18:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=500709

Новоизбраната унгарска претседателка Каталин Новак денес ја презема функцијата од претседателот Јанош Адер. Таа е првата жена - претседател на Унгарија и беше избрана како кандидат на владејачката партија Фидеш.

- Со среќа госпоѓо претседател, порача премиерот Виктор Орбан, кој денес се сретна со Новак.

Нејзината формална инаугурација во палатата Шандор ќе се одржи во саботата.

The post Каталин Новак, првата жена претседател на Унгарија, стапи на функција appeared first on Република.

Унгарија првпат во историјата доби претседателка на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-prvpat-vo-istorijata-dobi-pretsedatelka-na-drzavata/ Fri, 11 Mar 2022 16:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=471420

Парламентот на Унгарија  за првпат во историјата избра жена за претседател на земјата. Каталин Новак од владејачката партија „Фидес“ стана нова шефица на државата.

Нејзиниот мандат ќе трае пет години, а Новак за време на гласањето во парламентот го победи економистот Питер Рон, пренесе „Ројтерс“. Новак освои 137 од гласовите додека опозициониот канидат доби само 51 глас.

Пред гласањето, таа во својот говор изјави дека ќе го брани Уставот што го изработил и одобрил „Фидес“, кој, како што пренесе „Ројтерс“, само ги зацврстил клучните точки на конзервативната агенда на Виткор Орбан.

Четириесет и четиригодишната Новак досега се наоѓаше на местото министерка без ресор задолжена за семејни прашања. Должноста претседател ќе ја преземе од актуелниот претседател Јанош Адер.

The post Унгарија првпат во историјата доби претседателка на државата appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Унгарија  за првпат во историјата избра жена за претседател на земјата. Каталин Новак од владејачката партија „Фидес“ стана нова шефица на државата. Нејзиниот мандат ќе трае пет години, а Новак за време на гласањето во парламентот го победи економистот Питер Рон, пренесе „Ројтерс“. Новак освои 137 од гласовите додека опозициониот канидат доби само 51 глас. Пред гласањето, таа во својот говор изјави дека ќе го брани Уставот што го изработил и одобрил „Фидес“, кој, како што пренесе „Ројтерс“, само ги зацврстил клучните точки на конзервативната агенда на Виткор Орбан. Четириесет и четиригодишната Новак досега се наоѓаше на местото министерка без ресор задолжена за семејни прашања. Должноста претседател ќе ја преземе од актуелниот претседател Јанош Адер.

The post Унгарија првпат во историјата доби претседателка на државата appeared first on Република.

]]>