касетна муниција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kasetna-municija/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 17:55:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png касетна муниција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kasetna-municija/ 32 32 Украински напад со касетна муниција врз село во Русија: Повредени шест цивили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-napad-so-kasetna-munitsija-vrz-selo-vo-rusija-povredeni-shest-tsivili/ Sat, 26 Aug 2023 19:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=676076

Украинските сили со проектили со касетна муниција, забранета со меѓународните конвенции, го нападнале пограничното село Уразово во Белгородската област во Русија. Оштетени се станбени згради, автомобили и територија на земјоделска продавница. Според првичните информации четири лица биле повредени.

Сите повредени се пренесени во локалната болница каде што им е укажана сета неопходна лекарска помош. Оперативните и итните служби продолжуваат да работат во зоната на нападот.

Покрај тој напад, руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале украински беспилотно летало во близина на селото Купино во урбаниот округ Шебекински. Немало никакви последици на терен.

Подоцна, гувернерот на Белгородската област, ги дополни информациите за жртвите во селото Уразово.

Вкупно шест лица се повредени, еден маж е во критична состојба, веднаш е опериран. Друга жена е во состојба со умерена тежина. Четири други жртви добија медицинска помош, не беше потребна хоспитализација.

Откриена е штета во 16 домаќинства, кај две претпријатија оштетен е покривот и искршени прозорци. Освен тоа, од гранатирање е оштетен и социјален и спортски објект. Службите за итни случаи се на лице место, вели  тој во официјалниот извештај.

The post Украински напад со касетна муниција врз село во Русија: Повредени шест цивили appeared first on Република.

]]>

Украинските сили со проектили со касетна муниција, забранета со меѓународните конвенции, го нападнале пограничното село Уразово во Белгородската област во Русија. Оштетени се станбени згради, автомобили и територија на земјоделска продавница. Според првичните информации четири лица биле повредени. Сите повредени се пренесени во локалната болница каде што им е укажана сета неопходна лекарска помош. Оперативните и итните служби продолжуваат да работат во зоната на нападот. Покрај тој напад, руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале украински беспилотно летало во близина на селото Купино во урбаниот округ Шебекински. Немало никакви последици на терен. Подоцна, гувернерот на Белгородската област, ги дополни информациите за жртвите во селото Уразово.
Вкупно шест лица се повредени, еден маж е во критична состојба, веднаш е опериран. Друга жена е во состојба со умерена тежина. Четири други жртви добија медицинска помош, не беше потребна хоспитализација.   Откриена е штета во 16 домаќинства, кај две претпријатија оштетен е покривот и искршени прозорци. Освен тоа, од гранатирање е оштетен и социјален и спортски објект. Службите за итни случаи се на лице место, вели  тој во официјалниот извештај.

The post Украински напад со касетна муниција врз село во Русија: Повредени шест цивили appeared first on Република.

]]>
САД потврдија дека им ги дале касетните бомби на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-potvrdija-deka-im-gi-dale-kasetnite-bombi-na-ukraina/ Thu, 20 Jul 2023 20:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=663724

Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

„Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите.

Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и маневрирање.

Украина се обврза дека ќе користи касетни бомби само за да ги отстрани концентрациите на руски непријателски војници.

Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 100 земји, обично ослободува голем број помали бомби кои можат неселективно да убијат на голема површина. Оние што не експлодираат се опасност со децении.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на касетни бомби во конфликтот предизвикан од руската инвазија во февруари 2022 година.

The post САД потврдија дека им ги дале касетните бомби на Украина appeared first on Република.

]]>

Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.
„Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите.
Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и маневрирање. Украина се обврза дека ќе користи касетни бомби само за да ги отстрани концентрациите на руски непријателски војници. Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 100 земји, обично ослободува голем број помали бомби кои можат неселективно да убијат на голема површина. Оние што не експлодираат се опасност со децении. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на касетни бомби во конфликтот предизвикан од руската инвазија во февруари 2022 година.

The post САД потврдија дека им ги дале касетните бомби на Украина appeared first on Република.

]]>
Илон Маск со критика за одлуката на Белата куќа: Касетните бомби за Украина се лицемерие на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ilon-mask-so-kritika-za-odlukata-na-belata-kuka-kasetnite-bombi-za-ukraina-se-litsemerie-na-sad/ Mon, 17 Jul 2023 19:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=662355

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ и сопственик на „Твитер“, бизнисменот Илон Маск, ја критикуваше одлуката на САД да ја снабдува Украина со касетна муниција.

Маск ја нарече таквата одлука - лицемерна.

Америка отсекогаш ги жигосувала како злобни оние кои користат касетни бомби, а сега ги испраќаме да се користат? Ништо добро нема да излезе од тоа. Судбината сака иронија, но мрази лицемерие – напиша Маск на Твитер.

Белата куќа го нарече купувањето касетна муниција од Украина „привремена опција додека не се зголеми производството на артилериски гранати во САД“, нагласувајќи дека овој потег е воено неопходен за да се спречи Украина да остане без муниција во критична фаза од конфликтот.

ОН ги повика завојуваните страни да не ја користат контроверзната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји. Одлуката беше објавена на 7 јули, во пресрет на самитот на НАТО во Литванија.

Конвенцијата со која се забранува употреба на касетни бомби, кои се отвораат во воздухот и испуштаат многу помали проектили при истрелување, ја потпишаа повеќе од 120 земји, но не и САД, Русија и Украина.

The post Илон Маск со критика за одлуката на Белата куќа: Касетните бомби за Украина се лицемерие на САД appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ и сопственик на „Твитер“, бизнисменот Илон Маск, ја критикуваше одлуката на САД да ја снабдува Украина со касетна муниција. Маск ја нарече таквата одлука - лицемерна.
Америка отсекогаш ги жигосувала како злобни оние кои користат касетни бомби, а сега ги испраќаме да се користат? Ништо добро нема да излезе од тоа. Судбината сака иронија, но мрази лицемерие – напиша Маск на Твитер.
Белата куќа го нарече купувањето касетна муниција од Украина „привремена опција додека не се зголеми производството на артилериски гранати во САД“, нагласувајќи дека овој потег е воено неопходен за да се спречи Украина да остане без муниција во критична фаза од конфликтот. ОН ги повика завојуваните страни да не ја користат контроверзната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји. Одлуката беше објавена на 7 јули, во пресрет на самитот на НАТО во Литванија. Конвенцијата со која се забранува употреба на касетни бомби, кои се отвораат во воздухот и испуштаат многу помали проектили при истрелување, ја потпишаа повеќе од 120 земји, но не и САД, Русија и Украина.

The post Илон Маск со критика за одлуката на Белата куќа: Касетните бомби за Украина се лицемерие на САД appeared first on Република.

]]>
Шолц е за забрана на касетните бомби, но ја поддржува одлуката на САД да ги испорачаат на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-e-mnogu-protiv-upotrebata-na-kasetni-bombi-no-ja-brani-odlukata-na-sad-da-gi-isporachaat-na-ukraina/ Fri, 14 Jul 2023 15:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=661442

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, повторно ја бранеше одлуката на САД за испорака на контроверзна касетна муниција на Украина, но во исто време ја истакна важноста на меѓународниот договор за забрана на овој вид муниција.

 Американската влада донесе одлука што не е наша, туку ја донесе суверено. Во спротивно, САД можеби нема да можат да обезбедат доволно муниција за Украина, која се бори против руската инвазија, изјави Шолц.

Тој, сепак, изјави дека меѓународната Конвенција за касетна муниција, на која Германија е потписник, е „од големо значење“ и оти тој е многу загрижен за потенцијалното влијание на неексплодираните касетни бомби врз цивилите долго по завршувањето на војната.

Речиси 80 години по крајот на Втората светска војна, предупредувањата за неексплодирани бомби остануваат релативно чести во Германија. И затоа е многу оправдана загриженоста што ја истакнуваме со оваа конвенција. И јас исто така сум посветен на тоа, рече Шолц.

САД, Украина и Русија ја немаат потпишано конвенцијата, со која се бара да се забрани касетната муниција. Оружјето се бомби што се распрснуваат над целта, расфрлајќи голем број помали експлозиви. Голем дел не се детонираат, но остануваат како закана со години во иднината.

The post Шолц е за забрана на касетните бомби, но ја поддржува одлуката на САД да ги испорачаат на Украина appeared first on Република.

Украина ќе ја користи касетната муниција, но наводно нема да ја употребува во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-ke-ja-koristi-kasetnata-munitsija-no-navodno-nema-da-ja-upotrebuva-vo-rusija/ Sun, 09 Jul 2023 06:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=659313

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави одлуката на САД да испрати касетна муниција во Киев, велејќи дека тоа ќе помогне да се ослободи украинска територија, но вети дека муницијата нема да се користи во Русија.

САД во петокот објавија дека ќе и достават на Украина од забранета касетна муниција за да и помогнат на контраофанзивата на земјата.

Резников рече дека муницијата ќе помогне да се спасат животите на украинските војници, додавајќи дека Украина ќе води строга евиденција за нивната употреба и ќе разменува информации со своите партнери.

Нашата позиција е едноставна – мораме да ги ослободиме нашите привремено окупирани територии и да ги спасиме животите на нашиот народ. Украина ќе ја користи оваа муниција само за ослободување на нашите меѓународно признати територии. Оваа муниција нема да се користи на официјално призната руска територија, напиша Резников на Твитер.

Касетната муниција е забранета во повеќе од 100 земји. Тие обично фрлаат голем број помали бомби кои можат да убијат на голема површина. „Ѕвончињата“ кои не експлодираат веднаш претставуваат опасност со децении.

The post Украина ќе ја користи касетната муниција, но наводно нема да ја употребува во Русија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави одлуката на САД да испрати касетна муниција во Киев, велејќи дека тоа ќе помогне да се ослободи украинска територија, но вети дека муницијата нема да се користи во Русија. САД во петокот објавија дека ќе и достават на Украина од забранета касетна муниција за да и помогнат на контраофанзивата на земјата. Резников рече дека муницијата ќе помогне да се спасат животите на украинските војници, додавајќи дека Украина ќе води строга евиденција за нивната употреба и ќе разменува информации со своите партнери. Нашата позиција е едноставна – мораме да ги ослободиме нашите привремено окупирани територии и да ги спасиме животите на нашиот народ. Украина ќе ја користи оваа муниција само за ослободување на нашите меѓународно признати територии. Оваа муниција нема да се користи на официјално призната руска територија, напиша Резников на Твитер. Касетната муниција е забранета во повеќе од 100 земји. Тие обично фрлаат голем број помали бомби кои можат да убијат на голема површина. „Ѕвончињата“ кои не експлодираат веднаш претставуваат опасност со децении.  

The post Украина ќе ја користи касетната муниција, но наводно нема да ја употребува во Русија appeared first on Република.

]]>
Украинските сили истрелале ракета со касетна муниција врз град источно од Доњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-sili-istrelale-raketa-so-kasetna-municija-vrz-grad-istochno-od-donjeck/ Thu, 21 Apr 2022 22:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=492052

Украинските сили истрелале ракета со касетна муниција врз градот Шахтјорск, што се наоѓа источно од Доњецк, при што загинало едно дете, а се повредени неколкумина возрасни.

Ракетата била пресретната од противвоздушна одбрана на ДНР, но дел од полнењето експлодирале во градот. Оштетени се десетици куќи.

Шестгодишно девојче загинало при експлозијата, а пет лица се повредени.

Според последните податоци на штабот за територијална одбрана на ДНР, градот бил погоден од касетна муниција „Смерч“.

The post Украинските сили истрелале ракета со касетна муниција врз град источно од Доњецк appeared first on Република.

]]>

Украинските сили истрелале ракета со касетна муниција врз градот Шахтјорск, што се наоѓа источно од Доњецк, при што загинало едно дете, а се повредени неколкумина возрасни. Ракетата била пресретната од противвоздушна одбрана на ДНР, но дел од полнењето експлодирале во градот. Оштетени се десетици куќи. Шестгодишно девојче загинало при експлозијата, а пет лица се повредени. Според последните податоци на штабот за територијална одбрана на ДНР, градот бил погоден од касетна муниција „Смерч“.

The post Украинските сили истрелале ракета со касетна муниција врз град источно од Доњецк appeared first on Република.

]]>