Карпалак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karpalak/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 10:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Карпалак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karpalak/ 32 32 Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaj-karpalak-postavena-nova-spomen-plocha-vo-chest-na-makedonskite-braniteli-koja-prethodno-beshe-skrshena/ Thu, 22 Aug 2024 10:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=809022

Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово.

Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.

Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.

При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.

The post Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена appeared first on Република.

]]>

Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово. Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово. Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби. При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.  

The post Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Вандализмот врз спомен плочата кај „Карпалак“ е директен напад врз нашата колективна меморија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vandalizmot-vrz-spomen-plochata-kaj-karpalak-e-direkten-napad-vrz-nashata-kolektivna-memorija/ Fri, 09 Aug 2024 18:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=805058

Како министер за внатрешни работи, а пред сè како човек, најостро го осудувам вандализмот врз спомен плочата кај „Карпалак“, поставена во чест на загинатите припадници на нашите безбедносни сили во 2001 година, напиша вечерва министерот Панче Тошковски на неговата „Фејсбук“ страница.

- Овој чин е директен напад врз нашата колективна меморија и кон оние кои го дадоа својот живот за зачувување на безбедноста и интегритетот на Македонија. Сакам да потенцирам дека ваквите дејствија нема да бидат толерирани, а МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за санкционирање на сторителите на овие кукавички дела, сè со цел, заштита на нашите културни и историски вредности, пишува во објавата.

Денеска во 11.05 часот во СВР - Тетово било пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај „Карпалак“.

Случајот го осудија и од Министерството за одбрана, од каде нагласија дека се преземаат активности за поставување нова спомен плоча, најбрзо што може.

Вчера во „Карпалак“ на патот Скопје - Тетово, беше одбележан трагичниот настан од пред 23 години, кога за време на конфликтот од 2001 година, конвој од бранителите бил нападнат од страна на терористите од т.н. ОНА. Во нападот каде биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, животот го загубиле 10 бранители, сите од Прилеп, кои со камиони се упатувале кон касарната во Тетово.

На 8 август 2001 година, на ова место биле убиени Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.

The post Тошковски: Вандализмот врз спомен плочата кај „Карпалак“ е директен напад врз нашата колективна меморија appeared first on Република.

]]>

Како министер за внатрешни работи, а пред сè како човек, најостро го осудувам вандализмот врз спомен плочата кај „Карпалак“, поставена во чест на загинатите припадници на нашите безбедносни сили во 2001 година, напиша вечерва министерот Панче Тошковски на неговата „Фејсбук“ страница.
- Овој чин е директен напад врз нашата колективна меморија и кон оние кои го дадоа својот живот за зачувување на безбедноста и интегритетот на Македонија. Сакам да потенцирам дека ваквите дејствија нема да бидат толерирани, а МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за санкционирање на сторителите на овие кукавички дела, сè со цел, заштита на нашите културни и историски вредности, пишува во објавата.
Денеска во 11.05 часот во СВР - Тетово било пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај „Карпалак“. Случајот го осудија и од Министерството за одбрана, од каде нагласија дека се преземаат активности за поставување нова спомен плоча, најбрзо што може. Вчера во „Карпалак“ на патот Скопје - Тетово, беше одбележан трагичниот настан од пред 23 години, кога за време на конфликтот од 2001 година, конвој од бранителите бил нападнат од страна на терористите од т.н. ОНА. Во нападот каде биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, животот го загубиле 10 бранители, сите од Прилеп, кои со камиони се упатувале кон касарната во Тетово. На 8 август 2001 година, на ова место биле убиени Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.

The post Тошковски: Вандализмот врз спомен плочата кај „Карпалак“ е директен напад врз нашата колективна меморија appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-ministerstvoto-za-odbrana-najostro-go-osuduva-nemiliot-nastan-so-oshtetuvane-na-spomen-plochata-na-zaginatite-braniteli-kaj-mesnosta-karpalak/ Fri, 09 Aug 2024 17:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=805041

Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за превземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница, информираше тој.

Министерството за одбрана веднаш превзема активности за поставување на нова спомен плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок.

Во поглед на поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, информираме дека во изминатите 7 години превземени се иницијативи за поставување на спомен обележје кои не се во согласност со законската регулатива од оваа област, нагласи Мисајловски.

Имено не е земено во предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции.

Односно се превземени активности за да не се направи апсолутно ништо.

Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје, подвлече министерот.

The post Мисајловски: Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за превземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница, информираше тој.
Министерството за одбрана веднаш превзема активности за поставување на нова спомен плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок.
Во поглед на поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, информираме дека во изминатите 7 години превземени се иницијативи за поставување на спомен обележје кои не се во согласност со законската регулатива од оваа област, нагласи Мисајловски.
Имено не е земено во предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции. Односно се превземени активности за да не се направи апсолутно ништо.
Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје, подвлече министерот.

The post Мисајловски: Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак appeared first on Република.

]]>
На 12 години ocтанал cиpaк, животот му помина во apгатyвање, а зaгинa во масакрот кај Kapпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-12-godini-octanal-cipak-zhivotot-mu-pomina-vo-apgatyvane-a-zagina-vo-masakrot-kaj-kappalak/ Thu, 08 Aug 2024 14:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=804651

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак и оттогаш бил постојано со својот дедо.

Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб. Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје.

Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото.

Пред неколку години неговиот дедо кажа дека уште од 15 години работел како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување.

Имаше златен табиет, но среќа никаква. Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели: „Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“. Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”. Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму два пати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат кај Карпалак. Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето, вели дедо му Тренко. Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели:Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска“, велеше неговиот дедо.

The post На 12 години ocтанал cиpaк, животот му помина во apгатyвање, а зaгинa во масакрот кај Kapпалак appeared first on Република.

]]>

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак и оттогаш бил постојано со својот дедо. Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб. Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје. Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото. Пред неколку години неговиот дедо кажа дека уште од 15 години работел како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување.
Имаше златен табиет, но среќа никаква. Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели: „Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“. Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”. Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму два пати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат кај Карпалак. Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето, вели дедо му Тренко. Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели:Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска“, велеше неговиот дедо.

The post На 12 години ocтанал cиpaк, животот му помина во apгатyвање, а зaгинa во масакрот кај Kapпалак appeared first on Република.

]]>
Во ист ден кај Карпалак ги загуби братот и сопругот: Ердован и Веби сонувале да купат коњи и достојно да живеат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-ist-den-kaj-karpalak-gi-zagubi-bratot-i-soprugot-erdovan-i-vebi-sonuvale-da-kupat-koni-i-dostojno-da-zhiveat/ Thu, 08 Aug 2024 14:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=804644

Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.

Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.

Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Ердован загина на 19 години. Тој е најмладиот загинат војник во масакрот кај Карпалак.

Веби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и тој потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски. Немал занает, но не се срамел да работи сè и сешто, секаде и кај секого што ќе му понудел некаква работа. Научил да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехранувал семејството и плаќал кирија. Имал две деца. Рушитоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

The post Во ист ден кај Карпалак ги загуби братот и сопругот: Ердован и Веби сонувале да купат коњи и достојно да живеат appeared first on Република.

]]>

Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак. Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција. Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. Ердован загина на 19 години. Тој е најмладиот загинат војник во масакрот кај Карпалак. Веби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и тој потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски. Немал занает, но не се срамел да работи сè и сешто, секаде и кај секого што ќе му понудел некаква работа. Научил да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехранувал семејството и плаќал кирија. Имал две деца. Рушитоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

The post Во ист ден кај Карпалак ги загуби братот и сопругот: Ердован и Веби сонувале да купат коњи и достојно да живеат appeared first on Република.

]]>
Муцунски од Прилеп: Наша должност е да ги почитуваме херојските дела на бранителите и да обезбедиме мирна и стабилна иднина за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-od-prilep-nasha-dolzhnost-e-da-gi-pochituvame-herojskite-dela-na-branitelite-i-da-obezbedime-mirna-i-stabilna-idnina-za-graganite/ Thu, 08 Aug 2024 13:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=804628

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на споменикот ,,Карпалак” во Прилеп, положи венец со свежо цвеќе во спомен на десетмината припадници на македонската армија кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

Во обраќањето пред семејствата на загинатите и многубројните делегации кои оддадоа почит на загинатите бранители, министерот Муцунски изрази почит за Сашо, Нане, Бранко, Марко, Ердован, Љубе, Дарко, Веби, Горан и Пеце, за нивната храброст и пожртвуваност во одбраната на територијалниот интегритет.

Жртвата на хероите од Карпалак е силен потсетник да ги одржуваме и да останеме верни на овие вредности. Бранителите платија највисока цена во еден од најтешките мигови за македонскиот народ, кога нашата држава беше нападната и на чекор до бездна. Наша должност е да ги паметиме и да ги почитуваме нивните херојски дела, а истовремено да ги користиме сите расположливи механизми за да обезбедиме мирна, стабилна и безбедна иднина за граѓаните, истакна министерот Муцунски во своето обраќање.

Министерот Муцунски порача дека нивната жртва нѐ потсетува дека секогаш треба да останеме мудри во донесувањето одлуки, за никој повторно да не доживее слична судбина.

Како што хероите на Карпалак застанаа во одбрана на вредностите и принципите кои не дефинираат како нација, денес сме должни со иста таква посветеност, решителност и мудрост да се соочиме со предизвиците кои ги носи иднината. Хероите никогаш не умираат, но наша одговорност е да се сетиме на нивната жртва при носењето на секоја важна одлука за државата, додаде министерот Муцунски во своето обраќање.

Тој на крајот потенцираше дека Владата ќе продолжи да работи со целосна посветеност на поддршката на бранителите и нивните семејства.

Ќе се залагаме за конкретни проекти и мерки кои ќе обезбедат поддршка и грижа, за оние кои дадоа сè, заклучи министерот Муцунски во своето обраќање.

The post Муцунски од Прилеп: Наша должност е да ги почитуваме херојските дела на бранителите и да обезбедиме мирна и стабилна иднина за граѓаните appeared first on Република.

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот им оддадоа почит на загинатите армиски припадници кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-od-ministerstvoto-za-odbrana-i-generalshtabot-im-oddadoa-pochit-na-zaginatite-armiski-pripadnitsi-kaj-karpalak/ Thu, 08 Aug 2024 11:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=804565

Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак.

Како што соопшти Министерство за одбрана (МО), во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп, ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.

Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, наведува МО

The post Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот им оддадоа почит на загинатите армиски припадници кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак. Како што соопшти Министерство за одбрана (МО), во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп, ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак. Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, наведува МО

The post Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот им оддадоа почит на загинатите армиски припадници кај Карпалак appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Слава им на луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-slava-im-na-lugeto-koi-bez-zadrshka-se-dadoa-za-makedonija/ Thu, 08 Aug 2024 08:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=804484

Премиерот Христијан Мицкоски на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ, повика да се потсетиме на луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Дваесет и три години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак.
Да се потсетиме за луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија!
Нема да се заборават.
Слава им!, порача премиерот.

The post Мицкоски: Слава им на луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ, повика да се потсетиме на луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Дваесет и три години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак. Да се потсетиме за луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! Нема да се заборават. Слава им!, порача премиерот.

The post Мицкоски: Слава им на луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! appeared first on Република.

]]>
„Никогаш да не се повтори“: 23 години од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikogash-da-ne-se-povtori-23-godini-od-zaginuvaneto-na-10-pripadnitsi-na-rezervniot-sostav-na-arm-kaj-karpalak/ Wed, 07 Aug 2024 19:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=804369

Со почит пред спомен обележјето и пораката „Никогаш да не се повтори“, во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечерва почнаа чествувањата на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ. На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Пред спомен обележјето се поклонија претставници на Армијата, на семејствата на загинатите, од здруженијата на учесниците во воениот конфликт, од прилепската локална самоуправа, од подрачната единица на Министерството за одбрана во Прилеп и граѓани.

Обраќајќи им се на присутните, потполковник Славчо Кузманоски, командант на касарната, рече дека денешниот и утрешниот ден треба да бидат денови на сеќавања и оддавање достојна почит на бранителите.

-Поминаа 23 години без нашите соборци и другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко. Денес, ние, нивните најблиски, колеги, роднини, пријатели, сограѓани се поклонуваме пред паметникот кој е подигнат во нивна чест, одбележувајќи 23 години од нивното загинување, со ветување дека никогаш нема да бидат заборавени. Денес се сеќаваме и евоцираме спомени, а дел од непосредните учесници во тогашните случувања, преку нивните сведочења ја пишуваат историјата која не треба да биде заборавена. Дел и од нивните преживеани другари, учесници во настаните денес се, за жал, починати, рече потполковник Кузманоски.

Тагата и болката остануваат, особено кај најблиските, но, додаде, останува и длабоко втемелената гордост што беа дел од единицата на Касарната.

-Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот на 10-те загинати прилепски и македонски херои да го чуваме, да се сеќаваме на 2001 година и никогаш да не дозволиме да се повтори, рече командантот на прилепската касарна, потполковник Славчо Кузманоски.

Вечерва во манастирот „Света Петка “ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба во спомен на загинатите.

Утре на денот на годишнината централното чествување е пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

The post „Никогаш да не се повтори“: 23 години од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Со почит пред спомен обележјето и пораката „Никогаш да не се повтори“, во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечерва почнаа чествувањата на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ. На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Пред спомен обележјето се поклонија претставници на Армијата, на семејствата на загинатите, од здруженијата на учесниците во воениот конфликт, од прилепската локална самоуправа, од подрачната единица на Министерството за одбрана во Прилеп и граѓани. Обраќајќи им се на присутните, потполковник Славчо Кузманоски, командант на касарната, рече дека денешниот и утрешниот ден треба да бидат денови на сеќавања и оддавање достојна почит на бранителите. -Поминаа 23 години без нашите соборци и другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко. Денес, ние, нивните најблиски, колеги, роднини, пријатели, сограѓани се поклонуваме пред паметникот кој е подигнат во нивна чест, одбележувајќи 23 години од нивното загинување, со ветување дека никогаш нема да бидат заборавени. Денес се сеќаваме и евоцираме спомени, а дел од непосредните учесници во тогашните случувања, преку нивните сведочења ја пишуваат историјата која не треба да биде заборавена. Дел и од нивните преживеани другари, учесници во настаните денес се, за жал, починати, рече потполковник Кузманоски. Тагата и болката остануваат, особено кај најблиските, но, додаде, останува и длабоко втемелената гордост што беа дел од единицата на Касарната. -Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот на 10-те загинати прилепски и македонски херои да го чуваме, да се сеќаваме на 2001 година и никогаш да не дозволиме да се повтори, рече командантот на прилепската касарна, потполковник Славчо Кузманоски. Вечерва во манастирот „Света Петка “ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба во спомен на загинатите. Утре на денот на годишнината централното чествување е пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

The post „Никогаш да не се повтори“: 23 години од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ кај Карпалак appeared first on Република.

]]>
Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prilep-pochnuvaat-chestvuvanata-za-23-godini-od-karpalak/ Wed, 07 Aug 2024 06:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=804101

Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти кај месноста Карпалак на патот Скопје -Тетово. На 8 август 2001година конвојот на АРМ беше запрен во заседа и загинаа 10-те припадници на резервниот состав: Сашо Киртаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоцван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Во касарната ќе биде посетена и Спомен-собата на 5- ударна бригада- прилепска каде се фотографиите и спомените за 10-те загинати резервисти.

Во спомен на загинатите, во манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба.

Централното чествување е утре, на 8 август, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

The post Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак appeared first on Република.

]]>

Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти кај месноста Карпалак на патот Скопје -Тетово. На 8 август 2001година конвојот на АРМ беше запрен во заседа и загинаа 10-те припадници на резервниот состав: Сашо Киртаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоцван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Во касарната ќе биде посетена и Спомен-собата на 5- ударна бригада- прилепска каде се фотографиите и спомените за 10-те загинати резервисти. Во спомен на загинатите, во манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба. Централното чествување е утре, на 8 август, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

The post Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак appeared first on Република.

]]>
Ќе се поставуваат спомениците на загинатите бранители на Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-postavuvaat-spomenitsite-na-zaginatite-braniteli-na-lubotenski-bachila-karpalak-i-vejtse/ Mon, 02 Oct 2023 11:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=687097

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.

- Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28 септември, како што појаснуваат од Министерството за одбрана, Владата ги задолжила Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана.

- Постапката е веќе започната и е во тек, велат од Министерството за одбрана

The post Ќе се поставуваат спомениците на загинатите бранители на Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.
- Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации, соопштија денеска од Министерството за одбрана.
Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28 септември, како што појаснуваат од Министерството за одбрана, Владата ги задолжила Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана. - Постапката е веќе започната и е во тек, велат од Министерството за одбрана

The post Ќе се поставуваат спомениците на загинатите бранители на Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце appeared first on Република.

]]>
Преживеаните и припадниците на безбедносните сили бараат статус на борци: Во Прилеп одбележани 22 години од убиството кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prezhiveanite-i-pripadnitsite-na-bezbednosnite-sili-baraat-status-na-bortsi-vo-prilep-odbelezhani-22-godini-od-ubistvoto-kaj-karpalak/ Tue, 08 Aug 2023 14:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=670062

Со почит и поклон пред споменикот во центарот на градот, Прилеп денеска тагува, се сеќава и чествува 22 години од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Kај месноста Карпалак на 8 август 2001-та во заседа на армискиот конвој загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот, од Владата, од АРМ, на градот Прилеп, од семејствата на загинатите, од здруженијата на бранителите и преживеаните положија венци и свежи цвеќиња пред спмен обележјето.

Преживеаните на Карпалак нагласија дека речиси ништо не е направено достојно за бранителите и побараа закон и статус на борци.

– Баравме бесплатно здравство за семејствата на загинатите и семејствата на преживеаните како и закон за бранителите да бидеме прогласени борци, од сето тоа ништо не се реализира. Се чувствуваме понижени и изманипулирани. Никој за овие 22 години не покрена постапка да се види како тоа се случи на 8 август 2001-та. Ние бевме предаденим, велат тие.

Околу 70 000 припадници на безбедносните сили, кога веќе се отвора прашањето за Уставот бараат да го добијат статусот на борци. Освен тоа, работат во обезбедување, се чувствуваат искористени и бараат средба со премиерот.

Штом се отвора Уставот, не е лошо двете политички партии да седнат, да се договорат и двете да излезат како победници. Со наше внесување во Уставот, со статус на борци, и тие ќе излезат како победници. Ние како припадници на безбедносните сили треба да станеме борци, бидејќи и Армијата и полицијата учествуваа во конфликтот. Имаме статус на припадници на безбедносните сили, но треба да го добиеме статусот на борци. Од друга страна, и локалната власт и премиерот да не викнат на разговор. Ние знаеме да работиме. Даваме рок од 15 дена да не викнат или во Влада или во локална самоуправа, да седнеме да се договориме. Стотици бранители работат како обезбедување, а се експлоатирани, изјави Рубин Секулоски од здружението на учесници во воените дејствија во 2001 и 2002 година.

На годишнината од загинувањето, беа посетени и вечните почивалишта на загинатите бранители на гробиштата во Прилеп и во населените места. Достојна почит им беше оддадена и синоќа во кругот на касарната „Мирче Ацев“ каде е спомен обележјето на 10-те загинати воени резервисти од 2001-та.

The post Преживеаните и припадниците на безбедносните сили бараат статус на борци: Во Прилеп одбележани 22 години од убиството кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Со почит и поклон пред споменикот во центарот на градот, Прилеп денеска тагува, се сеќава и чествува 22 години од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Kај месноста Карпалак на 8 август 2001-та во заседа на армискиот конвој загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот, од Владата, од АРМ, на градот Прилеп, од семејствата на загинатите, од здруженијата на бранителите и преживеаните положија венци и свежи цвеќиња пред спмен обележјето. Преживеаните на Карпалак нагласија дека речиси ништо не е направено достојно за бранителите и побараа закон и статус на борци. – Баравме бесплатно здравство за семејствата на загинатите и семејствата на преживеаните како и закон за бранителите да бидеме прогласени борци, од сето тоа ништо не се реализира. Се чувствуваме понижени и изманипулирани. Никој за овие 22 години не покрена постапка да се види како тоа се случи на 8 август 2001-та. Ние бевме предаденим, велат тие. Околу 70 000 припадници на безбедносните сили, кога веќе се отвора прашањето за Уставот бараат да го добијат статусот на борци. Освен тоа, работат во обезбедување, се чувствуваат искористени и бараат средба со премиерот.
Штом се отвора Уставот, не е лошо двете политички партии да седнат, да се договорат и двете да излезат како победници. Со наше внесување во Уставот, со статус на борци, и тие ќе излезат како победници. Ние како припадници на безбедносните сили треба да станеме борци, бидејќи и Армијата и полицијата учествуваа во конфликтот. Имаме статус на припадници на безбедносните сили, но треба да го добиеме статусот на борци. Од друга страна, и локалната власт и премиерот да не викнат на разговор. Ние знаеме да работиме. Даваме рок од 15 дена да не викнат или во Влада или во локална самоуправа, да седнеме да се договориме. Стотици бранители работат како обезбедување, а се експлоатирани, изјави Рубин Секулоски од здружението на учесници во воените дејствија во 2001 и 2002 година.
На годишнината од загинувањето, беа посетени и вечните почивалишта на загинатите бранители на гробиштата во Прилеп и во населените места. Достојна почит им беше оддадена и синоќа во кругот на касарната „Мирче Ацев“ каде е спомен обележјето на 10-те загинати воени резервисти од 2001-та.

The post Преживеаните и припадниците на безбедносните сили бараат статус на борци: Во Прилеп одбележани 22 години од убиството кај Карпалак appeared first on Република.

]]>
Може Слупчане имаше за УЧК: Државата ќе бара дозвола од село за споменик на бранителите кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mozhe-slupchane-imashe-za-uchk-drzhavata-ke-bara-dozvola-od-selo-za-spomenik-na-branitelite-kaj-karpalak/ Tue, 08 Aug 2023 10:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=669945

Денеска со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

На новинарско прашање дали Владата планира да направи некое достојно обележје, министерката рече дека ќе побара од Општина Желино дозвола Министерството да постави споменик.

Оваа изјава на министерката отвори неколку прашања. Дали слична довола има споменикот на УЧК во „струјаџикото“ село Слупчане и пак сличното обележје во општина Чаир.

Очекуваме одговор од Петровска?

The post Може Слупчане имаше за УЧК: Државата ќе бара дозвола од село за споменик на бранителите кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Денеска со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година. Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации. На новинарско прашање дали Владата планира да направи некое достојно обележје, министерката рече дека ќе побара од Општина Желино дозвола Министерството да постави споменик. Оваа изјава на министерката отвори неколку прашања. Дали слична довола има споменикот на УЧК во „струјаџикото“ село Слупчане и пак сличното обележје во општина Чаир. Очекуваме одговор од Петровска?

The post Може Слупчане имаше за УЧК: Државата ќе бара дозвола од село за споменик на бранителите кај Карпалак appeared first on Република.

]]>
Мицкоски по повод 22 години од заседата во Карпалак: Денес сите ќе ги споменат јунаците, но дали вистински им се оддолживме како држава? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-povod-22-godini-od-zasedata-vo-karpalak-denes-site-ke-gi-spomenat-junatsite-no-dali-vistinski-im-se-oddolzhivme-kako-drzhava/ Tue, 08 Aug 2023 10:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=669941

22 години од заседата во Карпалак. Денес сите ќе ги споменат јунаците. Но дали вистински им се оддолживме како држава? 22 години потоа Македонија се губи од власта на зелена маса. Парче по парче, само затоа што власта така си ги купува привилегиите, удобствата и се оддржува на стаклени нозе. Бранителите се на маргините. Делото на овие јунаци се брани со крената глава, достојно и со ум и со срце за Македонија. Никогаш повеќе ова црно бреме за татковината. Ќе дојдат подостојни. Слава им! Напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски по повод 22 години од заседата во Карпалак: Денес сите ќе ги споменат јунаците, но дали вистински им се оддолживме како држава? appeared first on Република.

Претставник од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pretstavnik-od-kabinetot-na-pretsedatelot-oddade-pochit-na-10-te-armiski-rezervisti-zaginati-kaj-karpalak/ Tue, 08 Aug 2023 10:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=669936

Заменик-генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Тоше Зафиров, по повод 22-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, а ќе положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

The post Претставник од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак appeared first on Република.

Слава им: 22 години од заседата кај Карпалак во која загинаа 10 македонски армиски резервисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slava-im-22-godini-od-zasedata-kaj-karpalak-vo-koja-zaginaa-10-makedonski-armiski-rezervisti/ Tue, 08 Aug 2023 06:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=669809

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Високи државни делегации ќе им оддадат почит со положување цвеќе.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе ја предводат делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија која на Карпалак ќе положи венец во спомен на бранителите.

Делегација на Собранието во состав: Миле Талевски, Олга Лозановска и Ане Лашкоска, ќе положи свежо цвеќе пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп.

Во Прилеп вчера почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“ со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Почит на загинатите пред спомен-обележјето во касарната делегации на АРМ, Владата и Општината, како и семејствата на загинатите и здруженија на бранителите.

Во чест на загинатите бранители, беа посетени нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ во ова село.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.

The post Слава им: 22 години од заседата кај Карпалак во која загинаа 10 македонски армиски резервисти appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Високи државни делегации ќе им оддадат почит со положување цвеќе. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе ја предводат делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија која на Карпалак ќе положи венец во спомен на бранителите. Делегација на Собранието во состав: Миле Талевски, Олга Лозановска и Ане Лашкоска, ќе положи свежо цвеќе пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп. Во Прилеп вчера почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“ со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Почит на загинатите пред спомен-обележјето во касарната делегации на АРМ, Владата и Општината, како и семејствата на загинатите и здруженија на бранителите. Во чест на загинатите бранители, беа посетени нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ во ова село. На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.

The post Слава им: 22 години од заседата кај Карпалак во која загинаа 10 македонски армиски резервисти appeared first on Република.

]]>
Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretstavnici-od-kabinetot-na-pretsedatelot-oddadoa-pochit-na-10-te-armiski-rezervisti-zaginati-kaj-karpalak/ Mon, 08 Aug 2022 14:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=538056

Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод 21-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положија цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, додека делегација во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност и одбрана положија цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

The post Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод 21-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положија цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп. Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, додека делегација во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност и одбрана положија цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

The post Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак appeared first on Република.

]]>
Дедо Тренко: Ова не беше војна, беше предавство, само што сиромашните не знаеја, одеа и гинеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dedo-trenko-ova-ne-beshe-vojna-beshe-predavstvo-samo-shto-siromashnite-ne-znaeja-odea-i-ginea/ Mon, 08 Aug 2022 13:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=537913

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак, и оттогаш бил постојано со својот дедо. Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб.

Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје. Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото.

Дедо му вели дека уште од 15 години работеше како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување. Имаше златен табиет, но среќа никаква.

Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели:

„Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“.

Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:

„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”.

Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму два пати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко.

На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат кај Карпалак.

Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето, вели дедо му Тренко.

Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели:

Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска.

Марко Деспотоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија

The post Дедо Тренко: Ова не беше војна, беше предавство, само што сиромашните не знаеја, одеа и гинеа appeared first on Република.

]]>

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак, и оттогаш бил постојано со својот дедо. Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб. Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје. Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото. Дедо му вели дека уште од 15 години работеше како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување. Имаше златен табиет, но среќа никаква. Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели:
„Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“.
Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:
„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”.
Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму два пати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат кај Карпалак.
Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето, вели дедо му Тренко.
Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели:
Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска.
Марко Деспотоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија

The post Дедо Тренко: Ова не беше војна, беше предавство, само што сиромашните не знаеја, одеа и гинеа appeared first on Република.

]]>
21 година од засегата кај Карпалак, владини претставници положија цвеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/21-godina-od-zasegata-kaj-karpalak-vladini-pretstavnici-polozija-cvekje/ Mon, 08 Aug 2022 11:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=538009

Владина делегација во состав советникот за одбрана Драган Василевски и државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, денеска положи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, во спомен на загинатите бранители. Со достојни државни почести годинава се одбележуваат 21 година од загинувањето на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата кој од заседа беше нападнат во оружениот конфликт во 2001 година.

Во чест и сеќавање на трагично загинатите резервисти: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско, денеска беше оддадена почит и на нивните вечни почивалишта, а беше одржана и панихида во црквата „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп.

Одбележувањето на загинувањето на армиските припадници продолжи со оддавање почит и положување цвеќе на комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп каде се одржа централното одбележување на 21 година од нивната смрт, каде положија цвеќе и бројни делегации и бранители.

Чествувањето на годишнината од загинувањето на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Македонија, беше положенo свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот Св. Петка.

The post 21 година од засегата кај Карпалак, владини претставници положија цвеќе appeared first on Република.

]]>

Владина делегација во состав советникот за одбрана Драган Василевски и државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, денеска положи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, во спомен на загинатите бранители. Со достојни државни почести годинава се одбележуваат 21 година од загинувањето на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата кој од заседа беше нападнат во оружениот конфликт во 2001 година. Во чест и сеќавање на трагично загинатите резервисти: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско, денеска беше оддадена почит и на нивните вечни почивалишта, а беше одржана и панихида во црквата „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп. Одбележувањето на загинувањето на армиските припадници продолжи со оддавање почит и положување цвеќе на комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп каде се одржа централното одбележување на 21 година од нивната смрт, каде положија цвеќе и бројни делегации и бранители. Чествувањето на годишнината од загинувањето на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Македонија, беше положенo свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот Св. Петка.

The post 21 година од засегата кај Карпалак, владини претставници положија цвеќе appeared first on Република.

]]>
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ им оддаде почит на убиените војници во заседата кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegacija-na-vmro-dpmne-im-oddade-pochit-na-ubienite-vojnici-vo-zasedata-kaj-karpalak/ Mon, 08 Aug 2022 08:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=537869

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, пратеник и претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Ангел Карапетров, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во општина Тетово положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на убиените пропадници на Армијата кај Карпалак.

21 година од погибието на 10 армиски припадници кај Карпалак. Нема да биде заборавена нивната жртва за нашата слобода. Македонија памети. Слава им!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годишнината од масакрот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-ist-den-gi-zagubi-bratot-i-soprugot-erdovan-i-vebi-sonuvale-da-kupat-konji-i-dostojno-da-ziveat/

Со поклон, почит и тага пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вчера почна одбележувањето на 21 година од трагичниот настан кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово. На 8 август 2001-та во заседа беше нападнат армиски конвој и загинаа 10 припадници на резервниот состав.

https://republika.mk/vesti/makedonija/21-godina-od-zasedata-kaj-karpalak-gordost-i-taga-za-nane-sasho-vebi-za-branko-goran-erdovan-darko-ljube-peco-marko/

The post Делегација на ВМРО-ДПМНЕ им оддаде почит на убиените војници во заседата кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, пратеник и претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Ангел Карапетров, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во општина Тетово положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на убиените пропадници на Армијата кај Карпалак.
21 година од погибието на 10 армиски припадници кај Карпалак. Нема да биде заборавена нивната жртва за нашата слобода. Македонија памети. Слава им!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годишнината од масакрот.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-ist-den-gi-zagubi-bratot-i-soprugot-erdovan-i-vebi-sonuvale-da-kupat-konji-i-dostojno-da-ziveat/ Со поклон, почит и тага пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вчера почна одбележувањето на 21 година од трагичниот настан кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово. На 8 август 2001-та во заседа беше нападнат армиски конвој и загинаа 10 припадници на резервниот состав. https://republika.mk/vesti/makedonija/21-godina-od-zasedata-kaj-karpalak-gordost-i-taga-za-nane-sasho-vebi-za-branko-goran-erdovan-darko-ljube-peco-marko/

The post Делегација на ВМРО-ДПМНЕ им оддаде почит на убиените војници во заседата кај Карпалак appeared first on Република.

]]>