карпа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karpa/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 20:45:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карпа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karpa/ 32 32 Падна карпа кај касарната „Илинден“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padna-karpa-kaj-kasarnata-ilinden/ Thu, 27 Jun 2024 20:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=791411

Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ во Скопје после влезот на касарната „Илинден“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Привјавата за падната карпа, како што велат ја добиле на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Скопје посочуваат дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај.

Се очекува мерки да преземе Градот Скопје преку своите служби.

The post Падна карпа кај касарната „Илинден“ appeared first on Република.

]]>

Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ во Скопје после влезот на касарната „Илинден“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Привјавата за падната карпа, како што велат ја добиле на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од Регионалниот ЦУК Скопје посочуваат дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај. Се очекува мерки да преземе Градот Скопје преку своите служби.

The post Падна карпа кај касарната „Илинден“ appeared first on Република.

]]>
Автомобил виси на карпа, откако излета од патот кај националниот парк Галичица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-visi-na-karpa-otkako-izleta-od-patot-kaj-natsionalniot-park-galichitsa/ Tue, 05 Sep 2023 16:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=679079

На единствениот број за итни случаи 112 попладнево добиена е пријава излетано возило од патот кај националниот парк Галичица. По спасувачката акција патниците се неповредени и извадено од возилото, кои уште виси на карпа.

Насреќата се случила кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, кај м.в.Коритски Рид. Патничкото возило е марка волксваген. РЦУК Охрид извести дека за настанот запознаени се МВР СВР Охрид и истите испратиле патрола на тој дел, по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото висело на карпа. Патниците се живи и здрави, велат од ЦУК.

The post Автомобил виси на карпа, откако излета од патот кај националниот парк Галичица appeared first on Република.

Човек паднал од карпа кај Лабино во Охрид, со чамец спасуван и итно префрлен во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovek-padnal-od-karpa-kaj-labino-vo-ohrid-so-chamec-spasuvan-i-itno-prefrlen-vo-bolnica/ Wed, 02 Nov 2022 14:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=566292

Човек паднал од карпа кај Лабино во Охрид, на тешко пристапен терен.

Во спасувачката акција учествувале припадници на ТППЕ-Охрид. Брзата реакција на пожарникарите, придонела за брзо пронаоѓање на повредениот и транспорт на истиот со пловен објект.

Како што обајви „Охрид1“, лицето дава знаци на живот и истото веднаш е пренесено во Општата болница во Охрид на хируршкото одделение.

СВР виши увид, по што ќе се утврдат причините за несреќата.

Фото: Охрид1

The post Човек паднал од карпа кај Лабино во Охрид, со чамец спасуван и итно префрлен во болница appeared first on Република.

]]>

Човек паднал од карпа кај Лабино во Охрид, на тешко пристапен терен. Во спасувачката акција учествувале припадници на ТППЕ-Охрид. Брзата реакција на пожарникарите, придонела за брзо пронаоѓање на повредениот и транспорт на истиот со пловен објект. Како што обајви „Охрид1“, лицето дава знаци на живот и истото веднаш е пренесено во Општата болница во Охрид на хируршкото одделение. СВР виши увид, по што ќе се утврдат причините за несреќата. Фото: Охрид1  

The post Човек паднал од карпа кај Лабино во Охрид, со чамец спасуван и итно префрлен во болница appeared first on Република.

]]>
При земјотресот во БиХ, огромно парче карпа паднало на кровот од куќата во која живеела 27-годишната Елмира https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pri-zemjotresot-vo-bih-ogromno-parche-karpa-padnalo-na-krovot-od-kukjata-vo-koja-ziveela-27-godishnata-elmira/ Sat, 23 Apr 2022 15:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=492771

По силниот земјотрес што ја погоди Босна и Херцеговина во кој загина и 27-годишната Елмира Сефо од Столац на социјалните мрежи излезе видео и фотографии по несреќата предизвикана од потресот при кој настрада и младата девојка како резултат на одрон на карпа врз куќата во која живееше со семејството.

Снимките објавени од регионалните медиуми ги покажуваат последиците од ужасниот удар од карпата врз куќата каде биле Елмира со нејзнините најблиски за време на земјотресот.

Според изјавите на комшиите на семејството Сефо огромното парче на карпа паднало врз кровот од објектот при тоа пробивајќи го покривот и внатрешноста на куќата.

Според пишувањата на медиумите Елмира била донесена од Столац во болница во тешка состојба. Била без пулс, притисок и практично без знаци на живот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители и сестра се полесно повредени, соопштија од болницата во која беше згрижена.

The post При земјотресот во БиХ, огромно парче карпа паднало на кровот од куќата во која живеела 27-годишната Елмира appeared first on Република.

]]>

По силниот земјотрес што ја погоди Босна и Херцеговина во кој загина и 27-годишната Елмира Сефо од Столац на социјалните мрежи излезе видео и фотографии по несреќата предизвикана од потресот при кој настрада и младата девојка како резултат на одрон на карпа врз куќата во која живееше со семејството. Снимките објавени од регионалните медиуми ги покажуваат последиците од ужасниот удар од карпата врз куќата каде биле Елмира со нејзнините најблиски за време на земјотресот. Според изјавите на комшиите на семејството Сефо огромното парче на карпа паднало врз кровот од објектот при тоа пробивајќи го покривот и внатрешноста на куќата. Според пишувањата на медиумите Елмира била донесена од Столац во болница во тешка состојба. Била без пулс, притисок и практично без знаци на живот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители и сестра се полесно повредени, соопштија од болницата во која беше згрижена.

The post При земјотресот во БиХ, огромно парче карпа паднало на кровот од куќата во која живеела 27-годишната Елмира appeared first on Република.

]]>
Карпа од 20 тона е закана за браната Матка, а Стојанче Ангелов допрва најавува изработка проектна програма и техничка документација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/karpa-od-20-tona-e-zakana-za-branata-matka-a-stojanche-angelov-doprva-najavuva-izrabotka-proektna-programa-i-tehnichka-dokumentacija/ Mon, 31 Jan 2022 14:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=452039

Стручното мислење на Комисијата за брани за карпата над браната Матка, тешка околу 20 тони, е дека постои опасност од нејзино одронување, затоа се препорачува изработка на проектна програма, како и техничка документација за санација на карпата - порача директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој им препорачува на планинарите и алпинистите да го избегнуваат тој терен, а можно е да биде донесена и забрана за движење во тој дел.

Комисијата за брани, составена од проф. д-р Љупчо Петковски, проф. д-р Зекирија Идризи, проф. д-р Милорад Јовановски, проф. д-р Рагип Хадри, проф. д-р Сретко Цветковски, проф. д-р Грозде Алексовски и доц. д-р Златко Илиовски, потенцира дека е невозможно да се предвиди кога би се случил тој одрон.

Прогнозата кога би се случил тој одрон е исто така тешка, како да се предвиди земјотрес. Оваа карпа може да остане во ваква состојба уште 100 години, но поголема е веројатноста да падне во следниот период -  изјави директорот на ЦУК.

За решавање на овој проблем, потребно е да се извршат анализи на стабилноста и за траекториите на одронетите блокови.

Еден од проблемите е што овој блок на карпа кој тежи околу 20 тони, лежи врз друг блок. Се поставува прашањето, дали при неговото одронување, односно лизгање, би паднал само тој или заедно со него би паднал и дел од подлогата, што може повеќекратно да ја зголеми тежината и волуменот на карпата. Затоа е потребно да се направат овие анализи, особено анализи на траекториите на откинатите парчиња блокови од карпи - изјави Ангелов.

Тој напомена дека вакви анализи редовно се практикуваат од Катедрата за геотехника на Градежниот факултет, а како пример го поосчи пристапниот пат за браната „Света Петка“.

Токму затоа, во текот на денов ќе одржам работна средба со деканот на Градежниот факултет - соопшти директорот на ЦУК.

Ангелов потенцира дека се потребни анализи на траекториите поради што е потребна сминка на топографија на теренот, се со цел колку е можно приближно да се предвиди во која насока би се движел блокот при евентуално паѓање, како и анализа на јакоста на смолкнување на материјалот.

Заштитата од овој проблем е можна на неколку начини. За да биде соодветна потребно е некое оптимално техничко решение. Варијантата со рушење на блокот со минирање, е ризична од аспект на траекториите на блоковите и може да влијае врз објектите на самата брана. Техничкото решение е тешко да се изведе и во принцип може да се изврши од специјализирани екипи и компании со алпинистички техники, како што се применувани за браната Света Петка како и при санација на одронот Велес-Градско - информира Ангелов, кој додаде дека Комисијата за брани препорачува да се направи проектна програма по која би се работело.

Тој потенцира дека безбедноста на граѓаните за ЦУК е најважна и затоа се разгледува можноста од забрана за движење на местата кои се ризични за пешаци.

Со оглед дека самото место каде што би паднала карпата е непристапно и на него можат да се движат исклучиво планинари или алпинисти, ние упатуваме апел до нив да бидат внимателни на овој потег. Алпинистите немаат влијание на карпата, која е во нестабилна положба. Алпинистичката патека води под самата карпа и тие немаат допир со неа. Ризикот од паѓањето на карпата е за браната, но и за алпинистите кои би се нашле на тоа место - вели Ангелов.

На работниот состанок, покрај изработка на проектна програма, треба да се изработи комплетна техничка документација за санација на оваа карпа.

Една од можностите е карпата да биде зацврстена на самото место со специјални техники, значи да се усидри таму каде што се наоѓа, а втората е нејзино контролирано рушење -  вели директорот на ЦУК.

Ангелов потсети дека на 20 јануари добиле известување од ЕВН за опасноста од карпата на висина од 100 метри, која се наоѓа над самиот ѕид на браната Матка и оттогаш ЦУК ги презема сите мерки за да се реши проблемот.

The post Карпа од 20 тона е закана за браната Матка, а Стојанче Ангелов допрва најавува изработка проектна програма и техничка документација appeared first on Република.

]]>

Стручното мислење на Комисијата за брани за карпата над браната Матка, тешка околу 20 тони, е дека постои опасност од нејзино одронување, затоа се препорачува изработка на проектна програма, како и техничка документација за санација на карпата - порача директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој им препорачува на планинарите и алпинистите да го избегнуваат тој терен, а можно е да биде донесена и забрана за движење во тој дел. Комисијата за брани, составена од проф. д-р Љупчо Петковски, проф. д-р Зекирија Идризи, проф. д-р Милорад Јовановски, проф. д-р Рагип Хадри, проф. д-р Сретко Цветковски, проф. д-р Грозде Алексовски и доц. д-р Златко Илиовски, потенцира дека е невозможно да се предвиди кога би се случил тој одрон.
Прогнозата кога би се случил тој одрон е исто така тешка, како да се предвиди земјотрес. Оваа карпа може да остане во ваква состојба уште 100 години, но поголема е веројатноста да падне во следниот период -  изјави директорот на ЦУК.
За решавање на овој проблем, потребно е да се извршат анализи на стабилноста и за траекториите на одронетите блокови.
Еден од проблемите е што овој блок на карпа кој тежи околу 20 тони, лежи врз друг блок. Се поставува прашањето, дали при неговото одронување, односно лизгање, би паднал само тој или заедно со него би паднал и дел од подлогата, што може повеќекратно да ја зголеми тежината и волуменот на карпата. Затоа е потребно да се направат овие анализи, особено анализи на траекториите на откинатите парчиња блокови од карпи - изјави Ангелов.
Тој напомена дека вакви анализи редовно се практикуваат од Катедрата за геотехника на Градежниот факултет, а како пример го поосчи пристапниот пат за браната „Света Петка“.
Токму затоа, во текот на денов ќе одржам работна средба со деканот на Градежниот факултет - соопшти директорот на ЦУК.
Ангелов потенцира дека се потребни анализи на траекториите поради што е потребна сминка на топографија на теренот, се со цел колку е можно приближно да се предвиди во која насока би се движел блокот при евентуално паѓање, како и анализа на јакоста на смолкнување на материјалот.
Заштитата од овој проблем е можна на неколку начини. За да биде соодветна потребно е некое оптимално техничко решение. Варијантата со рушење на блокот со минирање, е ризична од аспект на траекториите на блоковите и може да влијае врз објектите на самата брана. Техничкото решение е тешко да се изведе и во принцип може да се изврши од специјализирани екипи и компании со алпинистички техники, како што се применувани за браната Света Петка како и при санација на одронот Велес-Градско - информира Ангелов, кој додаде дека Комисијата за брани препорачува да се направи проектна програма по која би се работело.
Тој потенцира дека безбедноста на граѓаните за ЦУК е најважна и затоа се разгледува можноста од забрана за движење на местата кои се ризични за пешаци.
Со оглед дека самото место каде што би паднала карпата е непристапно и на него можат да се движат исклучиво планинари или алпинисти, ние упатуваме апел до нив да бидат внимателни на овој потег. Алпинистите немаат влијание на карпата, која е во нестабилна положба. Алпинистичката патека води под самата карпа и тие немаат допир со неа. Ризикот од паѓањето на карпата е за браната, но и за алпинистите кои би се нашле на тоа место - вели Ангелов.
На работниот состанок, покрај изработка на проектна програма, треба да се изработи комплетна техничка документација за санација на оваа карпа.
Една од можностите е карпата да биде зацврстена на самото место со специјални техники, значи да се усидри таму каде што се наоѓа, а втората е нејзино контролирано рушење -  вели директорот на ЦУК.
Ангелов потсети дека на 20 јануари добиле известување од ЕВН за опасноста од карпата на висина од 100 метри, која се наоѓа над самиот ѕид на браната Матка и оттогаш ЦУК ги презема сите мерки за да се реши проблемот.

The post Карпа од 20 тона е закана за браната Матка, а Стојанче Ангелов допрва најавува изработка проектна програма и техничка документација appeared first on Република.

]]>
Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/svlechishte-i-golem-odron-na-patot-sveti-nikole-miladinovci-soobrakjajot-prenasochen/ Mon, 03 Jan 2022 07:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=439822

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на патниот правец А2 Струга – Ќафасан, од бензинската пумпа „ОКТА“ до излез на село Франгово, кај месноста Добра вода, поради оштетувања на коловозот брзината се ограничува на 40 километри на час.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен appeared first on Република.

]]>

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на патниот правец А2 Струга – Ќафасан, од бензинската пумпа „ОКТА“ до излез на село Франгово, кај месноста Добра вода, поради оштетувања на коловозот брзината се ограничува на 40 километри на час. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен appeared first on Република.

]]>