карневал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karneval/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 07:05:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карневал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karneval/ 32 32 Не е само Струмица: И Прилеп има карневал https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-e-samo-strumitsa-i-prilep-ima-karneval/ Fri, 15 Mar 2024 07:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=754965

о Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде отворена традиционалната изложба на маски што ги изработија основните и средните училишта во градот. Со изложбата почнуваат и свеченостите за годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“. Организатори на Карневалот се прилепската локална самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“. На изложбата ќе бидат прогласени и наградени најдобрите поединечни и групно изработени маски.

Карневалските свечености продолжуваат и утре, сабота.

Во центарот на Прилеп, на платото кај Градскиот саат здружението на жени „Преродба“ ќе го претстави обичајот за „Велики поклади- Прочка“, „Амкање“. Обичајот ќе биде изведен во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио, дел од етно составот „Пиреј“. Во текот на денот во Старата прилепска чаршија ќе продефилираат мечкарите кои ќе ги канат касапите и занаетчиите на карневалот и на посниот ручек – грав, в понеделник.

В недела напладне, на Прочка, во центарот на Прилеп е главното карневалско дефиле на маските кое ќе го предводи автентичната, од министерството закултура порогласена за нематеријално културно наследство, маската – Прилепски мечкари.

На Карневалот се очекуваат околу 500 учесници со поединечни и групни маски, а стручно жири ќе ги прогласи најдобрите. Поканети се учесници и од речиси сите краишта на Македонија.

Поради Карневалот, угостителските објекти во викендот ќе имаат продолжено работно време. Поканети се сите фотографи да учествуваат зашто ќе бидат наградени и најдобрите фотографии од карневалот „Прочка 2024“.

В понеделник, здружението „Прилепски мечкари“, ги поканува сите гости и посетители на заеднички посен ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп со што се заоркужуваат карневалските свечености.

The post Не е само Струмица: И Прилеп има карневал appeared first on Република.

]]>

о Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде отворена традиционалната изложба на маски што ги изработија основните и средните училишта во градот. Со изложбата почнуваат и свеченостите за годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“. Организатори на Карневалот се прилепската локална самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“. На изложбата ќе бидат прогласени и наградени најдобрите поединечни и групно изработени маски. Карневалските свечености продолжуваат и утре, сабота. Во центарот на Прилеп, на платото кај Градскиот саат здружението на жени „Преродба“ ќе го претстави обичајот за „Велики поклади- Прочка“, „Амкање“. Обичајот ќе биде изведен во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио, дел од етно составот „Пиреј“. Во текот на денот во Старата прилепска чаршија ќе продефилираат мечкарите кои ќе ги канат касапите и занаетчиите на карневалот и на посниот ручек – грав, в понеделник. В недела напладне, на Прочка, во центарот на Прилеп е главното карневалско дефиле на маските кое ќе го предводи автентичната, од министерството закултура порогласена за нематеријално културно наследство, маската – Прилепски мечкари. На Карневалот се очекуваат околу 500 учесници со поединечни и групни маски, а стручно жири ќе ги прогласи најдобрите. Поканети се учесници и од речиси сите краишта на Македонија. Поради Карневалот, угостителските објекти во викендот ќе имаат продолжено работно време. Поканети се сите фотографи да учествуваат зашто ќе бидат наградени и најдобрите фотографии од карневалот „Прочка 2024“. В понеделник, здружението „Прилепски мечкари“, ги поканува сите гости и посетители на заеднички посен ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп со што се заоркужуваат карневалските свечености.

The post Не е само Струмица: И Прилеп има карневал appeared first on Република.

]]>
Вечерва почнуваат карневалските празнувања во Струмица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vecherva-pochnuvaat-karnevalskite-praznuvana-vo-strumitsa/ Wed, 13 Mar 2024 12:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=754417

Со предавањето на клучот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на карневалистите, вечер почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица, а веднаш потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“.

Празнувањето ќе кулминира в сабота кога се одржува Интернационалната карневалска вечер на која, како што објави Организацискиот одбор, ќе учествуваат 47 карневалски групи со околу 1.000 учесници од кои 20 групи се од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција, Турција и Бугарија.

На Детскиот карневал в недела, на Прочка, ќе учествуваат 24 групи од основните училишта и градинките.

Датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.

Инаку, како што објави струмичкиот градоначалник за главната карневалска вечер се бара место повеќе за сместување, бидејќи сместувачките капацитети во Струмица и околните Радовиш и Дојран се исполнети.

The post Вечерва почнуваат карневалските празнувања во Струмица appeared first on Република.

]]>

Со предавањето на клучот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на карневалистите, вечер почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица, а веднаш потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“. Празнувањето ќе кулминира в сабота кога се одржува Интернационалната карневалска вечер на која, како што објави Организацискиот одбор, ќе учествуваат 47 карневалски групи со околу 1.000 учесници од кои 20 групи се од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција, Турција и Бугарија. На Детскиот карневал в недела, на Прочка, ќе учествуваат 24 групи од основните училишта и градинките. Датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови. Инаку, како што објави струмичкиот градоначалник за главната карневалска вечер се бара место повеќе за сместување, бидејќи сместувачките капацитети во Струмица и околните Радовиш и Дојран се исполнети.

The post Вечерва почнуваат карневалските празнувања во Струмица appeared first on Република.

]]>
Данга треска коси во Рио де Женеиро, прогласена вонредна состојба пред почетокот на Карневалот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/danga-treska-kosi-vo-rio-de-zheneiro-proglasena-vonredna-sostojba-pred-pochetokot-na-karnevalot/ Tue, 06 Feb 2024 13:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=741022

Властите во бразилскиот град Рио де Женеиро прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради појава на Денга треска, само неколку дена пред почетокот на карневалот низ Бразил.

И покрај тоа, не се очекува епидемијата да го наруши карневалот, кој официјално почнува во петок навечер и ќе трае до 14 февруари.

Градското собрание на Рио де Женеиро најави отворање на 10 центри за нега, центар за итни случаи и распоредување на болнички кревети за пациентите со Денга треска, која ја пренесуваат комарците.

Во регионите со најголем број регистрирани инфекции, властите ќе користат и возила кои испуштаат средства за заштита од комарци во воздухот.

Од почетокот на годината, во Рио де Женеиро се регистрирани повеќе од 10.000 инфекции со Денга, што е нешто помалку од половина од вкупниот број за цела 2023 година, кога беа регистрирани 23.000 случаи.

Вонредната состојба во јавното здравство е прогласена додека туристите доаѓаат во Рио на улични забави и раскошни паради на училиштата за самба.

Денга треската е вирусна инфекција која се пренесува на луѓето со каснување од заразени комарци и е почеста во тропските клими. Честите дождови и високите температури, кои го забрзуваат созревањето на јајцата од комарци и развојот на ларвите, го прават топлиот Рио подложен на епидемии на Денга. Меѓутоа, проблемот постои низ цел Бразил. Напливот на инфекции со Денга поттикна најмалку четири држави да прогласат вонредна состојба во јавното здравство.

 

The post Данга треска коси во Рио де Женеиро, прогласена вонредна состојба пред почетокот на Карневалот appeared first on Република.

]]>

Властите во бразилскиот град Рио де Женеиро прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради појава на Денга треска, само неколку дена пред почетокот на карневалот низ Бразил. И покрај тоа, не се очекува епидемијата да го наруши карневалот, кој официјално почнува во петок навечер и ќе трае до 14 февруари. Градското собрание на Рио де Женеиро најави отворање на 10 центри за нега, центар за итни случаи и распоредување на болнички кревети за пациентите со Денга треска, која ја пренесуваат комарците. Во регионите со најголем број регистрирани инфекции, властите ќе користат и возила кои испуштаат средства за заштита од комарци во воздухот. Од почетокот на годината, во Рио де Женеиро се регистрирани повеќе од 10.000 инфекции со Денга, што е нешто помалку од половина од вкупниот број за цела 2023 година, кога беа регистрирани 23.000 случаи. Вонредната состојба во јавното здравство е прогласена додека туристите доаѓаат во Рио на улични забави и раскошни паради на училиштата за самба. Денга треската е вирусна инфекција која се пренесува на луѓето со каснување од заразени комарци и е почеста во тропските клими. Честите дождови и високите температури, кои го забрзуваат созревањето на јајцата од комарци и развојот на ларвите, го прават топлиот Рио подложен на епидемии на Денга. Меѓутоа, проблемот постои низ цел Бразил. Напливот на инфекции со Денга поттикна најмалку четири држави да прогласат вонредна состојба во јавното здравство.  

The post Данга треска коси во Рио де Женеиро, прогласена вонредна состојба пред почетокот на Карневалот appeared first on Република.

]]>
Пукање на карневал во Ротердам, тројца повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karneval-vo-roterdam-trojtsa-povredeni/ Sun, 30 Jul 2023 10:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=666882

Три лица се повредени кога напаѓач отворил оган на „Карипскиот летен карневал“ во центарот на Ротердам, соопшти холандската полиција.

По инцидентот, кој се случил недалеку од една од главните сообраќајници во градот, уапсени се три лица. Полицијата не го соопшти мотивот за нападот.

Карневалот беше прекинат веднаш по пукањето.

The post Пукање на карневал во Ротердам, тројца повредени appeared first on Република.

]]>

Три лица се повредени кога напаѓач отворил оган на „Карипскиот летен карневал“ во центарот на Ротердам, соопшти холандската полиција. По инцидентот, кој се случил недалеку од една од главните сообраќајници во градот, уапсени се три лица. Полицијата не го соопшти мотивот за нападот. Карневалот беше прекинат веднаш по пукањето.

The post Пукање на карневал во Ротердам, тројца повредени appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот го предаде клучот од градот на карневалистите: Почнa карневалот во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gradonachalnikot-kostadinov-go-predade-kluchot-od-gradot-na-karnevalistite-pochna-karnevalot-vo-strumitsa/ Wed, 22 Feb 2023 20:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=612094

Со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

Со дефиле на мажуретките и Градскиот дувачки оркестар клучот беше донесен на Плоштадот „Гоце Делчев“, каде градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, му го предаде на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Алексндар Цицимов.

Дочекавме уште еден симболичен почеток на Струмичките карневалски свечености, кои цели осум дена, од денес па се до 1 март, ќе бидат наше добро утро, добар ден и добровечер, а Струмица ќе биде центар на светот, како што се вели во химната на Струмичкиот карневал. Токму затоа, со многу радост го предавам „клучот на градот“ во рацете на струмичките карневалисти кои „од среда до среда“ ќе бидат стопани на Струмица. Иако станува збор за симболика во ова примопредавање, сепак теба да се знае, дека и со клуч и без клуч, Струмица секогаш е отворена и гостопримлива за сите добронамерници од земјата и странство, изјави Костадинов.

На јарболите пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беа кренати државното и знамињата на Струмичкииот карневал и FECC.

Веднаш потоа беше отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“, кое годинава слави 30 години учество на карневалот.

Карневалските празнувања утре продолжуваат со два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, а ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“.

The post Градоначалникот го предаде клучот од градот на карневалистите: Почнa карневалот во Струмица appeared first on Република.

]]>

Со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања. Со дефиле на мажуретките и Градскиот дувачки оркестар клучот беше донесен на Плоштадот „Гоце Делчев“, каде градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, му го предаде на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Алексндар Цицимов.
Дочекавме уште еден симболичен почеток на Струмичките карневалски свечености, кои цели осум дена, од денес па се до 1 март, ќе бидат наше добро утро, добар ден и добровечер, а Струмица ќе биде центар на светот, како што се вели во химната на Струмичкиот карневал. Токму затоа, со многу радост го предавам „клучот на градот“ во рацете на струмичките карневалисти кои „од среда до среда“ ќе бидат стопани на Струмица. Иако станува збор за симболика во ова примопредавање, сепак теба да се знае, дека и со клуч и без клуч, Струмица секогаш е отворена и гостопримлива за сите добронамерници од земјата и странство, изјави Костадинов.
На јарболите пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беа кренати државното и знамињата на Струмичкииот карневал и FECC. Веднаш потоа беше отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“, кое годинава слави 30 години учество на карневалот. Карневалските празнувања утре продолжуваат со два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, а ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“.

The post Градоначалникот го предаде клучот од градот на карневалистите: Почнa карневалот во Струмица appeared first on Република.

]]>
Влајкиноски: Вевчанскиот карневал е во постапка да влезе на листата на културно нематеријално наследство, a ќе се одржи без поддршка од Министерството за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlajkinoski-vevchanskiot-karneval-e-vo-postapka-da-vleze-na-listata-na-kulturno-nematerijalno-nasledstvo-a-ke-se-odrzhi-bez-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/ Tue, 10 Jan 2023 11:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=595324

Бисера Костадиновска уште еднаш покажува целосна отсутност и незаинтересираност за македонските обележја. Карневалот во Вевчани повторно остана, без поддршка од министерството за култура на Република Македонија“, рече Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.

https://www.youtube.com/watch?v=N3De5xluZ4o

Вевчанскиот карневал е во постапка за да влезе на листата на културно нематеријално наследство. Карневалот е препознатлив симбол за Вевчани и Македонија. А, Вевчанскиот карневал останува без помош од Министерството и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Никаков слух од страна на министерката и оваа криминална власт за да се помогне оваа традиционална манифестација по која е позната државава во светски рамки.

До пред две години, Вевчанскиот карневал редовно беше дел од годишната програма на министерството за култура, секоја година беа покровители на овој меѓународен карневал.

Почитувани, и покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има и тој ќе се одржи.

Вевчанци нема да дозволат оваа манифестација да не се одржи, нема да дозволат згаснување на традицијата, згаснување на културата и бришење на македонското нематеријално наследство. Локалната власт предводена од градоначалникот Спасе Кочовски, како и покровители и љубители на карневалот, со сите свои напори ќе ја организираат оваа светска манифестација.

Ги повикуваме сите граѓани од 12-ти до 14-ти јануари да дојдат во Вевчани, да го посетат карневалот, со што директно ќе се покаже пркос кон антимакедонските политики на СДС/ДУИ“, изјави Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.

The post Влајкиноски: Вевчанскиот карневал е во постапка да влезе на листата на културно нематеријално наследство, a ќе се одржи без поддршка од Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Бисера Костадиновска уште еднаш покажува целосна отсутност и незаинтересираност за македонските обележја. Карневалот во Вевчани повторно остана, без поддршка од министерството за култура на Република Македонија“, рече Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани. https://www.youtube.com/watch?v=N3De5xluZ4o Вевчанскиот карневал е во постапка за да влезе на листата на културно нематеријално наследство. Карневалот е препознатлив симбол за Вевчани и Македонија. А, Вевчанскиот карневал останува без помош од Министерството и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска. Никаков слух од страна на министерката и оваа криминална власт за да се помогне оваа традиционална манифестација по која е позната државава во светски рамки. До пред две години, Вевчанскиот карневал редовно беше дел од годишната програма на министерството за култура, секоја година беа покровители на овој меѓународен карневал. Почитувани, и покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има и тој ќе се одржи. Вевчанци нема да дозволат оваа манифестација да не се одржи, нема да дозволат згаснување на традицијата, згаснување на културата и бришење на македонското нематеријално наследство. Локалната власт предводена од градоначалникот Спасе Кочовски, како и покровители и љубители на карневалот, со сите свои напори ќе ја организираат оваа светска манифестација. Ги повикуваме сите граѓани од 12-ти до 14-ти јануари да дојдат во Вевчани, да го посетат карневалот, со што директно ќе се покаже пркос кон антимакедонските политики на СДС/ДУИ“, изјави Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.

The post Влајкиноски: Вевчанскиот карневал е во постапка да влезе на листата на културно нематеријално наследство, a ќе се одржи без поддршка од Министерството за култура appeared first on Република.

]]>
Може изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на Вевчани пред одржување на карневалот на 13 и 14 јануари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mozhe-izgleda-deka-ima-mnogu-politika-no-toa-ne-e-taka-tuku-e-korektsija-na-vlasta-poracha-gradonachalnikot-na-vevchani-pred-odrzhuvane-na-karnevalot-na-13-i-14-januari/ Mon, 09 Jan 2023 12:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=594928

Вевчани е подготвено за годинашното издание на традиционалната манифестација Вевчански карневал што повеќе од 14 века се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Свети Василиј, односно православна Нова година.

И годинава Василичарите од Горна и Долна маала, покрај со традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, ќе продефилираат и со останатите маски со кои ги исмеваат актуелните политички случувања. Со звуците на зурли и тапани ќе ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаат Новата година прочистени и среќни.

Вевчанскиот карневал по многу нешта е специфичен и ги има задржано изворните карактеристики уште од почетокот на одржувањето пред 14 века. Карневалот е медиум кој и пренесува на власта и на владетелот дека нешто не чини и е коректор на власта. Во него има многу хумор и сатира. Низ маските и игрите можете да го согледате целогодишното владеење. Паметна власт во карневалот може да ја види целата негативност што ја правела во текот на годината и ќе може да се коригира. Некому може му изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочоски на денешната прес-конференција.

Преку карневалот, како што кажа, не се шири верска и национална омраза.

Вевчанските маски покажуваат какви не треба да бидат луѓето. Ако видите грубост, пораката е не бидете груби. Ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Едноставно, она што е негативно во едно општество и во секој сегмент на општественото живеење ќе го видите токму низ маските на дефилето на 13 и 14 јануари, рече Кочоски.

Карневалот започнува утрото на 13 јануари, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите. Околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани и од тука започнува Василичарското дефиле, а поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, Зетот и Невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, Зетот и Невестата од Горна и Долна маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (сурва) година, а домаќините ги даруваат.

Ноќта на 13 наспроти 14 јануари, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата во изворите е света и лековита. Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата. На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14 јануари замесуваат Кашаник (пита печена под сач).

На 14 јануари на денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година со што завршува карневалот.

И годинава манифестацијата ќе биде придружена со музичка програма која почнува вечерта на 12 јануари кога ќе настапат рок и поп бендовите: ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов – Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе бидат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Се уште не е потврдено учеството на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ на манифестацијата Вевчански карневал.

 

The post Може изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на Вевчани пред одржување на карневалот на 13 и 14 јануари appeared first on Република.

]]>

Вевчани е подготвено за годинашното издание на традиционалната манифестација Вевчански карневал што повеќе од 14 века се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Свети Василиј, односно православна Нова година. И годинава Василичарите од Горна и Долна маала, покрај со традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, ќе продефилираат и со останатите маски со кои ги исмеваат актуелните политички случувања. Со звуците на зурли и тапани ќе ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаат Новата година прочистени и среќни.
Вевчанскиот карневал по многу нешта е специфичен и ги има задржано изворните карактеристики уште од почетокот на одржувањето пред 14 века. Карневалот е медиум кој и пренесува на власта и на владетелот дека нешто не чини и е коректор на власта. Во него има многу хумор и сатира. Низ маските и игрите можете да го согледате целогодишното владеење. Паметна власт во карневалот може да ја види целата негативност што ја правела во текот на годината и ќе може да се коригира. Некому може му изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочоски на денешната прес-конференција.
Преку карневалот, како што кажа, не се шири верска и национална омраза.
Вевчанските маски покажуваат какви не треба да бидат луѓето. Ако видите грубост, пораката е не бидете груби. Ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Едноставно, она што е негативно во едно општество и во секој сегмент на општественото живеење ќе го видите токму низ маските на дефилето на 13 и 14 јануари, рече Кочоски.
Карневалот започнува утрото на 13 јануари, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите. Околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани и од тука започнува Василичарското дефиле, а поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, Зетот и Невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, Зетот и Невестата од Горна и Долна маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (сурва) година, а домаќините ги даруваат. Ноќта на 13 наспроти 14 јануари, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата во изворите е света и лековита. Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата. На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14 јануари замесуваат Кашаник (пита печена под сач). На 14 јануари на денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година со што завршува карневалот. И годинава манифестацијата ќе биде придружена со музичка програма која почнува вечерта на 12 јануари кога ќе настапат рок и поп бендовите: ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов – Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе бидат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Се уште не е потврдено учеството на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ на манифестацијата Вевчански карневал.  

The post Може изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на Вевчани пред одржување на карневалот на 13 и 14 јануари appeared first on Република.

]]>
По двегодишна пауза се враќа карневалот во Рио, градоначалникот му ги предаде клучевите од градот на „Кралот Мому“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-dvegodishna-pauza-se-vrakja-karnevalot-vo-rio-gradonachalnikot-mu-gi-predade-kluchevite-od-gradot-na-kralot-momu/ Thu, 21 Apr 2022 21:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=492034

Карневалот во Рио де Жанеиро, познат како Мека на карневалите, се враќа по двегодишна пауза предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Градоначалникот на Рио, Едуардо Паес ги предаде клучевите од градот на карневалот „Кралот Мому“ и на тој начин го отвори фестивалот.

Уличните забави во Рио, познати како „блокос“, не добија дозвола од градските власти, но градоначалникот изјави дека нема да праќа полицајци на учесниците.

Градското собрание нема да ги спречи луѓето да бидат на јавни места, да слават, но невозможно е тоа да се случи во толкав (голем) број - порача Паес, пренесува „Тајм“.

https://twitter.com/WIONews/status/1517132292862447619?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517132292862447619%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918115%2Fposle-dve-godine-pauze-vraca-se-karneval-u-riju

Карневалот во 2022 година требаше да се одржи од четврток, 24 февруари, до вторник, 1 март, но поради Омикрон сојот на корона вирусот, што се шири низ Бразил, фестивалот беше одложен за два месеци, а карневалот ќе се организира помеѓу 20 и 30 април 2022 година.

Поради пандемијата, карневалот беше организиран во 2020 година, но без голема гужва, за следната година да биде откажан. Пред две години Бразил го одложи фестивалот за прв пат по еден век.

Минатата година градоначалникот симболично им го предаде градскиот клуч на здравствените работници во лабораториски мантили, откако најави откажување на карневалот поради пандемијата.

https://twitter.com/GaiaNewsIntl/status/1516998935692390400?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516998935692390400%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918115%2Fposle-dve-godine-pauze-vraca-se-karneval-u-riju

Првиот карневал во Рио бил организиран во 1640-тите, како гозба, по примерот на римскиот фестивал Сатурналија, каде што присутните им оддавале почит на боговите на виното.

Фестивалот „Ентрудо“ го вовеле Португалците, инспирирајќи го создавањето на карневали во Бразил. Во 1840 година, бил одржан првиот маскенбал во Рио, со полка и валцер во центарот на вниманието, заедно со комбинација од многу танци.

Африканската култура оттогаш има големо влијание на карневалот со воведувањето на самба музиката во 1917 година. Самбата сега се смета за традиционална бразилска музика.

https://twitter.com/tomphillipsin/status/1517069090912931840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517110508318601216%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918115%2Fposle-dve-godine-pauze-vraca-se-karneval-u-riju

„Кралот Мому“ се смета за крал на карневалот на бројни церемонии во Латинска Америка, главно во Бразил и Колумбија. Локалната заедница често избира луѓе да ја играат улогата на „кралот Мому“, што се смета за голема чест.

The post По двегодишна пауза се враќа карневалот во Рио, градоначалникот му ги предаде клучевите од градот на „Кралот Мому“ appeared first on Република.

]]>

Карневалот во Рио де Жанеиро, познат како Мека на карневалите, се враќа по двегодишна пауза предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Градоначалникот на Рио, Едуардо Паес ги предаде клучевите од градот на карневалот „Кралот Мому“ и на тој начин го отвори фестивалот. Уличните забави во Рио, познати како „блокос“, не добија дозвола од градските власти, но градоначалникот изјави дека нема да праќа полицајци на учесниците.
Градското собрание нема да ги спречи луѓето да бидат на јавни места, да слават, но невозможно е тоа да се случи во толкав (голем) број - порача Паес, пренесува „Тајм“.
https://twitter.com/WIONews/status/1517132292862447619?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517132292862447619%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918115%2Fposle-dve-godine-pauze-vraca-se-karneval-u-riju Карневалот во 2022 година требаше да се одржи од четврток, 24 февруари, до вторник, 1 март, но поради Омикрон сојот на корона вирусот, што се шири низ Бразил, фестивалот беше одложен за два месеци, а карневалот ќе се организира помеѓу 20 и 30 април 2022 година. Поради пандемијата, карневалот беше организиран во 2020 година, но без голема гужва, за следната година да биде откажан. Пред две години Бразил го одложи фестивалот за прв пат по еден век. Минатата година градоначалникот симболично им го предаде градскиот клуч на здравствените работници во лабораториски мантили, откако најави откажување на карневалот поради пандемијата. https://twitter.com/GaiaNewsIntl/status/1516998935692390400?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516998935692390400%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918115%2Fposle-dve-godine-pauze-vraca-se-karneval-u-riju Првиот карневал во Рио бил организиран во 1640-тите, како гозба, по примерот на римскиот фестивал Сатурналија, каде што присутните им оддавале почит на боговите на виното. Фестивалот „Ентрудо“ го вовеле Португалците, инспирирајќи го создавањето на карневали во Бразил. Во 1840 година, бил одржан првиот маскенбал во Рио, со полка и валцер во центарот на вниманието, заедно со комбинација од многу танци. Африканската култура оттогаш има големо влијание на карневалот со воведувањето на самба музиката во 1917 година. Самбата сега се смета за традиционална бразилска музика. https://twitter.com/tomphillipsin/status/1517069090912931840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517110508318601216%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918115%2Fposle-dve-godine-pauze-vraca-se-karneval-u-riju „Кралот Мому“ се смета за крал на карневалот на бројни церемонии во Латинска Америка, главно во Бразил и Колумбија. Локалната заедница често избира луѓе да ја играат улогата на „кралот Мому“, што се смета за голема чест.

The post По двегодишна пауза се враќа карневалот во Рио, градоначалникот му ги предаде клучевите од градот на „Кралот Мому“ appeared first on Република.

]]>
Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март во редуцирано издание https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/strumichkiot-karneval-kje-se-odrzi-od-2-do-9-mart-vo-reducirano-izdanie/ Fri, 28 Jan 2022 09:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=450576

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19.

Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите кули не може да има подолги паузи.

Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кој најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март и оваа година новина е тоа што во карневалското дефиле е со скратена маршрута и во него ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци.

Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе почнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот.

Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони", маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село-забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и монографија по повод 30-годишниот јубилеј од orганизараното одржување на карневалот.

The post Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март во редуцирано издание appeared first on Република.

]]>

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19.

Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите кули не може да има подолги паузи.
Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кој најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов.
Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март и оваа година новина е тоа што во карневалското дефиле е со скратена маршрута и во него ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци. Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе почнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот. Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони", маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село-забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и монографија по повод 30-годишниот јубилеј од orганизараното одржување на карневалот.

The post Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март во редуцирано издание appeared first on Република.

]]>
Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/karnevalot-vo-rio-povtorno-otkazan-poradi-pandemijata/ Wed, 05 Jan 2022 07:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=440727

Карневалот во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на корона вирусот.

Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој истакна дека е практично неизводливо да се одржи уличниот карневал додека важат мерките за корона вирусот и ограничувањата за влез на уличната прослава за која се регистрирале стотици групи.

Во текот на четирите дена од последниот карневал, што се одржа 2020 година, повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците.

Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат.

Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со корона вирус. Околу 618.000 луѓе починаа по компликации со Ковид-19. Само САД бележат поголем број на смртни случаи од оваа јужноамериканска земја.

Како што напредуваше кампањата за вакцинација во Бразил, бројот на нови смртни случаи нагло се намали. Речиси 70 отсто од бразилското население сега е целосно вакцинирано. Откако на почетокот на декември беа откриени првите инфекции со новата варијанта Омикрон во земјата, бројот на позитивни случаи повторно порасна.

The post Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата appeared first on Република.

]]>

Карневалот во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на корона вирусот. Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој истакна дека е практично неизводливо да се одржи уличниот карневал додека важат мерките за корона вирусот и ограничувањата за влез на уличната прослава за која се регистрирале стотици групи. Во текот на четирите дена од последниот карневал, што се одржа 2020 година, повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците. Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат. Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со корона вирус. Околу 618.000 луѓе починаа по компликации со Ковид-19. Само САД бележат поголем број на смртни случаи од оваа јужноамериканска земја. Како што напредуваше кампањата за вакцинација во Бразил, бројот на нови смртни случаи нагло се намали. Речиси 70 отсто од бразилското население сега е целосно вакцинирано. Откако на почетокот на декември беа откриени првите инфекции со новата варијанта Омикрон во земјата, бројот на позитивни случаи повторно порасна.

The post Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата appeared first on Република.

]]>