Карлос Алкараз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karlos-alkaraz/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 09:22:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Карлос Алкараз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karlos-alkaraz/ 32 32 Алкараз сака да биде како Стеф Кари https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-saka-da-bide-kako-stef-kari/ Wed, 28 Aug 2024 21:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=810799

 Четирикратниот Грен слем шампион Карлос Алкараз верува дека прави слични движења со олимпискиот кошаркарски шампион Стеф Кари.

- Го гледав Кари како игра во живо на кошаркарскиот терен. Се обидувам да ги имитирам неговите движења, но навистина е тешко. Мислам дека и двајцата се стремиме кон истото - да ја направиме играта повозбудлива и поемотивна, ја цитира „ESPN“ изјавата на Алкараз.

Претходно, 21-годишниот Алкараз победи во првото коло на УС Опен. Шпанецот го совлада Ли Ту од Австралија со 6:2, 4:6, 6:3 и 6:1. Негов следен противник ќе биде Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп

The post Алкараз сака да биде како Стеф Кари appeared first on Република.

]]>

Тениски спектакл: Ѓоковиќ и Мекинро против Алкарас и Агаси https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/teniski-spektakl-gokovik-i-mekinro-protiv-alkaras-i-agasi/ Sat, 17 Aug 2024 15:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=807526

Вo среда на 21-ви август на теренот ќе излезат четири од најголемите имиња во историјата на тенисот, Андре Агаси и Карлос Алкараз во пар против Џон Мекинро и Новак Ѓоковиќ.

Ова се тенисери кои заедно имаат 43 гренслем титули. Составот ветува незаборавен спектакл, комбинирајќи искуство и младешки ентузијазам.

Отвореното првенство на САД започнува на 26-ти август, а овој егзибициски натпревар ќе биде совршена увертира за последниот гренслем турнир годинава, предизвикувајќи интерес и возбуда кај навивачите.

The post Тениски спектакл: Ѓоковиќ и Мекинро против Алкарас и Агаси appeared first on Република.

]]>

Вo среда на 21-ви август на теренот ќе излезат четири од најголемите имиња во историјата на тенисот, Андре Агаси и Карлос Алкараз во пар против Џон Мекинро и Новак Ѓоковиќ. Ова се тенисери кои заедно имаат 43 гренслем титули. Составот ветува незаборавен спектакл, комбинирајќи искуство и младешки ентузијазам. Отвореното првенство на САД започнува на 26-ти август, а овој егзибициски натпревар ќе биде совршена увертира за последниот гренслем турнир годинава, предизвикувајќи интерес и возбуда кај навивачите.

The post Тениски спектакл: Ѓоковиќ и Мекинро против Алкарас и Агаси appeared first on Република.

]]>
Aлкараз не може да се помири со поразот од Ноле: Ми требаше да се исклучам од тенисот неколку дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/alkaraz-ne-mozhe-da-se-pomiri-so-porazot-od-nole-mi-trebashe-da-se-isklucham-od-tenisot-nekolku-dena/ Tue, 13 Aug 2024 07:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=805993

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги кажа своите цели за до крајот на сезоната.

Оваа недела Шпанецот ќе настапи во Синсинати, каде лани стигна до финалето.

- Се разбира, секогаш се стремам кон првото место. Трката за АТП шампионатот е важна за мене. Сум фокусиран да играм одличен тенис на секој турнир, да добивам добри резултати и да победувам. А да ја завршам сезоната прво сега е една од моите главни цели. Затоа, навистина сакам да го постигнам тоа, изјави Алкараз.

Тој зборуваше и за својот одмор по Олимпијадата.

- Ми требаше да се исклучам од тенисот неколку дена. Мило ми е што повторно ќе играм овде, среќен што се враќам. Секако, има одлични спомени од минатата година. Стигнав до финалето и загубив од Новак Ѓоковиќ во многу интензивен, епски натпревар. Сакам да го играм овој турнир, па со нетрпение го очекувам, потенцира Шпанецот.

Во Синсинати, Алкараз е втор носител, прв фаворит за трофејот е Јаник Синер од Италија

The post Aлкараз не може да се помири со поразот од Ноле: Ми требаше да се исклучам од тенисот неколку дена appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги кажа своите цели за до крајот на сезоната. Оваа недела Шпанецот ќе настапи во Синсинати, каде лани стигна до финалето.
- Се разбира, секогаш се стремам кон првото место. Трката за АТП шампионатот е важна за мене. Сум фокусиран да играм одличен тенис на секој турнир, да добивам добри резултати и да победувам. А да ја завршам сезоната прво сега е една од моите главни цели. Затоа, навистина сакам да го постигнам тоа, изјави Алкараз.
Тој зборуваше и за својот одмор по Олимпијадата.
- Ми требаше да се исклучам од тенисот неколку дена. Мило ми е што повторно ќе играм овде, среќен што се враќам. Секако, има одлични спомени од минатата година. Стигнав до финалето и загубив од Новак Ѓоковиќ во многу интензивен, епски натпревар. Сакам да го играм овој турнир, па со нетрпение го очекувам, потенцира Шпанецот.
Во Синсинати, Алкараз е втор носител, прв фаворит за трофејот е Јаник Синер од Италија

The post Aлкараз не може да се помири со поразот од Ноле: Ми требаше да се исклучам од тенисот неколку дена appeared first on Република.

]]>
Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-po-porazot-od-gokovik-zaminuvam-so-krenata-glava-napraviv-se-shto-mozhev-na-terenot/ Sun, 04 Aug 2024 19:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=803320

Карлос Алкараз не успеа повторно да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на еден голем турнир. Српскиот тенисер овој пат беше подобар во мечот за златниот медал на Олимписките игри.

Алкараз во финалето одигра високо ниво на тенис, но Ѓоковиќ едноставно беше посилен во клучните моменти.

-Моето ниво беше многу високо, презадоволен сум од играта, но малку сум разочаран што не одиграв најдобро во некои ситуации, во неизвесни моменти, во тај брејкови. Нивото на Новак беше одлично и не можев да го следам. Малку сум тажен поради тоа, но се останато... Одиграв одличен турнир, имав одличен натпревар, горд сум на себе. Новак беше гладен и впечатлив, не ми даде шанса и честитки до него. Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот, ќе се вратам уште посилен, изјави Шпанецот по мечот.

The post Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот appeared first on Република.

]]>

Карлос Алкараз не успеа повторно да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на еден голем турнир. Српскиот тенисер овој пат беше подобар во мечот за златниот медал на Олимписките игри. Алкараз во финалето одигра високо ниво на тенис, но Ѓоковиќ едноставно беше посилен во клучните моменти.
-Моето ниво беше многу високо, презадоволен сум од играта, но малку сум разочаран што не одиграв најдобро во некои ситуации, во неизвесни моменти, во тај брејкови. Нивото на Новак беше одлично и не можев да го следам. Малку сум тажен поради тоа, но се останато... Одиграв одличен турнир, имав одличен натпревар, горд сум на себе. Новак беше гладен и впечатлив, не ми даде шанса и честитки до него. Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот, ќе се вратам уште посилен, изјави Шпанецот по мечот.

The post Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот appeared first on Република.

]]>
Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-i-alkaraz-se-plasiraa-vo-chetvrtfinaleto-vo-dvojki-na-olimpiskiot-teniski-turnir/ Tue, 30 Jul 2024 20:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=801840

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир во Париз.

Надал и Алкараз ги елиминираа во второто коло Холанѓаните Талон Грејкспор и Весли Колхоф со 6:4, 6:7(2), 10-2 за два часа и 24 минути игра пред преполните трибини на теренот „Сузан Ленглен“.

Следни противници на шпанската двојка ќе бидат Американците Остин Кричек и Раџив Рам, кои се четврти носители на турнирот.

Надал веќе испадна од сингл конкуренцијата по поразот од Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз утре во третото коло ќе игра со Русинот Роман Сафиулин.

The post Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир appeared first on Република.

]]>

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир во Париз. Надал и Алкараз ги елиминираа во второто коло Холанѓаните Талон Грејкспор и Весли Колхоф со 6:4, 6:7(2), 10-2 за два часа и 24 минути игра пред преполните трибини на теренот „Сузан Ленглен“. Следни противници на шпанската двојка ќе бидат Американците Остин Кричек и Раџив Рам, кои се четврти носители на турнирот. Надал веќе испадна од сингл конкуренцијата по поразот од Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз утре во третото коло ќе игра со Русинот Роман Сафиулин.

The post Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир appeared first on Република.

]]>
Надал и Алкараз го добија првиот натпревар на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-i-alkaraz-go-dobija-prviot-natprevar-na-turnirot-vo-dvojki-na-olimpijadata-2024/ Sun, 28 Jul 2024 08:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=800936

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз ги победија Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени во првото коло на турнирот во парови на Олимписките игри во Париз.

Натпреварот заврши со резултат 7:6 (7:4), 6:4. Средбата траеше 1 час и 49 минути.

Надал и Алкараз реализираа 3 од 5 брејк топки. Гонзалес и Молтени - 2 од 5.

Во второто коло на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 година, Шпанците ќе играат со победниците од мечот Талон Грикспур/Весли Кулхоф (Холандија) - Мартон Фуцович/Фабијан Марожанд (Унгарија).

The post Надал и Алкараз го добија првиот натпревар на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 appeared first on Република.

]]>

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз ги победија Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени во првото коло на турнирот во парови на Олимписките игри во Париз. Натпреварот заврши со резултат 7:6 (7:4), 6:4. Средбата траеше 1 час и 49 минути. Надал и Алкараз реализираа 3 од 5 брејк топки. Гонзалес и Молтени - 2 од 5. Во второто коло на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 година, Шпанците ќе играат со победниците од мечот Талон Грикспур/Весли Кулхоф (Холандија) - Мартон Фуцович/Фабијан Марожанд (Унгарија).

The post Надал и Алкараз го добија првиот натпревар на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 appeared first on Република.

]]>
Надал и Алкараз го добија првиот меч во двојки на ЛОИ 2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-i-alkaraz-go-dobija-prviot-mech-vo-dvojki-na-loi-2024/ Sat, 27 Jul 2024 19:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=800896

Рафаел Надал и Карлос Алкараз го добија првиот дуел во дубл конкуренција на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.

Шпанците во воведното коло беа подобри од аргентинската двојка Максимо Гонзалез и Андрес Молтени со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.

Противници во второто коло на Шпанците ќе бидат подобрите од дуелот меѓу Филс/Умбер од Франција и Жил/Влиген од Белгија.

The post Надал и Алкараз го добија првиот меч во двојки на ЛОИ 2024 appeared first on Република.

]]>

Рафаел Надал и Карлос Алкараз го добија првиот дуел во дубл конкуренција на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. Шпанците во воведното коло беа подобри од аргентинската двојка Максимо Гонзалез и Андрес Молтени со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4. Противници во второто коло на Шпанците ќе бидат подобрите од дуелот меѓу Филс/Умбер од Франција и Жил/Влиген од Белгија.

The post Надал и Алкараз го добија првиот меч во двојки на ЛОИ 2024 appeared first on Република.

]]>
Алкараз посетувал психијатар и не се срами тоа да го признае https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-posetuval-psihijatar-i-ne-se-srami-toa-da-go-priznae/ Mon, 15 Jul 2024 19:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=797084

Карлос Алкараз важи за многу скромен и води многу затскриен живот. Сè има подредено на кариерата, а девојките во моментов не се премногу заинтересирани за него..

-Кога ќе се вратам дома заборавам дека сум професионален тенисер. Доаѓам како сосема нормално момче. Пари? Моите родители се справуваат со тоа. Ако треба да си купам опрема за голф, тоа е сосема нормално. Но, јас се уште се борам со нив да ми дозволат да купам автомобил - изјави Алкараз.

Тој призна дека немал партнерка 18 месеци, бидејќи не можел да ги балансира деловните обврски со приватниот живот, а поради протокот најчесто се случуваат раскинувања. Поради тоа посетувал психијатар и не се срами тоа да го каже.

The post Алкараз посетувал психијатар и не се срами тоа да го признае appeared first on Република.

Алкараз се пласира во четвртфиналето на Вимблдон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-se-plasira-vo-chetvrtfinaleto-na-vimbldon/ Sun, 07 Jul 2024 17:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=794311

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на Вимблдон, откако славеше со 3-1 во сетови, односно 6-3, 6-4, 1-6 и 7-5 против Иго Умбер.

Алкараз во четвртфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Пол и Баутиста.

The post Алкараз се пласира во четвртфиналето на Вимблдон appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на Вимблдон, откако славеше со 3-1 во сетови, односно 6-3, 6-4, 1-6 и 7-5 против Иго Умбер. Алкараз во четвртфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Пол и Баутиста.

The post Алкараз се пласира во четвртфиналето на Вимблдон appeared first on Република.

]]>
Kaков дубл: Надал и Алкараз ќе настапат заедно на Олимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kakov-dubl/ Wed, 12 Jun 2024 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=786961

Шпанските тенисери Рафаел Надал и Карлос Алкараз ќе играат заедно во двојки на претстојните Олимписки игри во Париз. Ова за весникот „Марка“ го соопшти капитенот на тимот, Давид Ферер.

-Не успеав да освојам медал како играч, но се надевам дека ќе го направам тоа како капитен. Еден пар се Надал и Алкараз, а судбината на вториот допрва ќе се решава. Убедени сме дека можеме да освоиме повеќе од еден медал, изјави Ферер.

Шпанскиот машки тим го сочинуваат Надал, Алкараз, Пабло Карено-Буста, Алехандро Давидович-Фокина и Марсел Гранојерс. Надал и Алкараз ќе играат поединечно и во двојки. Во женски поединечни и двојки, репрезентацијата на Шпанија ќе ја претставуваат Сара Сорибес-Тормо и Кристина Букса.

Дваесет и едно-годишниот Алкараз е втор на светската АТП листа. Под покровителство на организацијата има 14 титули. Шпанецот освои три Гренд слем титули - УС Опен во 2022 година, Вимблдон во 2023 година и Ролан Гарос во 2024 година.

Неодамна, младото момче призна дека сонува за дует со Рафа, но не се осмелува да го постави прашањето.

-Го запознав на последните турнири, но не се осмелив да му предложам да формираме двојка. Во спротивно, знам дека ќе биде среќен да игра со мене, илјада пати сум кажал, би било одлично да се натпреварувам со него во двојки на мојата прва Олимпијада, изјави талентираниот Алкараз кон крајот на април.

Триесет и седум-годишниот Надал е на 264-то место во светот, но претходно беше светски рекет број 1 цели 209 недели. Шпанецот има 92 титули на АТП, вклучувајќи 22 Гренд слем. Тој е двократен олимписки шампион - во сингл во Пекинг 2008 година и во двојки во Рио 2016 година со Марк Лопез. Со репрезентацијата Надал е петкратен победник на Дејвис купот.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август

The post Kaков дубл: Надал и Алкараз ќе настапат заедно на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Шпанските тенисери Рафаел Надал и Карлос Алкараз ќе играат заедно во двојки на претстојните Олимписки игри во Париз. Ова за весникот „Марка“ го соопшти капитенот на тимот, Давид Ферер. -Не успеав да освојам медал како играч, но се надевам дека ќе го направам тоа како капитен. Еден пар се Надал и Алкараз, а судбината на вториот допрва ќе се решава. Убедени сме дека можеме да освоиме повеќе од еден медал, изјави Ферер. Шпанскиот машки тим го сочинуваат Надал, Алкараз, Пабло Карено-Буста, Алехандро Давидович-Фокина и Марсел Гранојерс. Надал и Алкараз ќе играат поединечно и во двојки. Во женски поединечни и двојки, репрезентацијата на Шпанија ќе ја претставуваат Сара Сорибес-Тормо и Кристина Букса. Дваесет и едно-годишниот Алкараз е втор на светската АТП листа. Под покровителство на организацијата има 14 титули. Шпанецот освои три Гренд слем титули - УС Опен во 2022 година, Вимблдон во 2023 година и Ролан Гарос во 2024 година. Неодамна, младото момче призна дека сонува за дует со Рафа, но не се осмелува да го постави прашањето.
-Го запознав на последните турнири, но не се осмелив да му предложам да формираме двојка. Во спротивно, знам дека ќе биде среќен да игра со мене, илјада пати сум кажал, би било одлично да се натпреварувам со него во двојки на мојата прва Олимпијада, изјави талентираниот Алкараз кон крајот на април.
Триесет и седум-годишниот Надал е на 264-то место во светот, но претходно беше светски рекет број 1 цели 209 недели. Шпанецот има 92 титули на АТП, вклучувајќи 22 Гренд слем. Тој е двократен олимписки шампион - во сингл во Пекинг 2008 година и во двојки во Рио 2016 година со Марк Лопез. Со репрезентацијата Надал е петкратен победник на Дејвис купот. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август

The post Kaков дубл: Надал и Алкараз ќе настапат заедно на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Алкараз првпат го освои Ролан Гарос по маратонски меч против Зверев https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-prvpat-go-osvoi-rolan-garos-po-maratonski-mech-protiv-zverev/ Sun, 09 Jun 2024 17:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=785990

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вечерва го победи Германецот Александар Зверев во финалето на Отвореното првенство на Франција со 3:2 (6:3, 2:6, 5:7, 6:1 и 6:2).

Мечот траеше 4 часа и 20 минути.

Шпанецот сервира три асови, направи шест двојни грешки и реализира девет брејк топки од вкупно 16 шанси.

Зверев имаше осум ас сервиси, шест двојни грешки и шест реализирани брејк топки од вкупно 23 можности.

Алкараз за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Претходно ги освои УС Опен (2022) и Вимблдон (2023). Шпанецот ги освои сите три Грен слем финалиња во кариерата на кои беше учесник.

Зверев вторпат во кариерата стигна до финале на Грен слем турнир и повторно загуби. Во 2020 година, тој загуби од Доминик Тим во финалето на УС Опен.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесуваше 53,5 милиони евра.

The post Алкараз првпат го освои Ролан Гарос по маратонски меч против Зверев appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вечерва го победи Германецот Александар Зверев во финалето на Отвореното првенство на Франција со 3:2 (6:3, 2:6, 5:7, 6:1 и 6:2). Мечот траеше 4 часа и 20 минути. Шпанецот сервира три асови, направи шест двојни грешки и реализира девет брејк топки од вкупно 16 шанси. Зверев имаше осум ас сервиси, шест двојни грешки и шест реализирани брејк топки од вкупно 23 можности. Алкараз за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Претходно ги освои УС Опен (2022) и Вимблдон (2023). Шпанецот ги освои сите три Грен слем финалиња во кариерата на кои беше учесник. Зверев вторпат во кариерата стигна до финале на Грен слем турнир и повторно загуби. Во 2020 година, тој загуби од Доминик Тим во финалето на УС Опен. Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесуваше 53,5 милиони евра.

The post Алкараз првпат го освои Ролан Гарос по маратонски меч против Зверев appeared first on Република.

]]>
Алкараз е комбинација од Новак, Надал и Федерер https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-e-kombinatsija-od-novak-nadal-i-federer/ Thu, 04 Apr 2024 08:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=761994

Шампионот на УС Опен од 2003 година, Енди Родик, оцени дека Карлос Алкараз е комбинација на големата тениска тројка Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Според поранешниот американски тенисер, најдобрата верзија на Шпанецот ќе дојде кога нема да има потреба постојано да биде извонреден.

„Мислам дека во нашата генерација играчите сакаа да го гледаат Роџер бидејќи тој беше технички супериорен“, рече Родик (41) на својот поткаст „Сервирај со Енди Родик“.

„Алкараз е речиси комбинација од трите, но тој сè уште го пронаоѓа својот пат. Мислам дека неговата најдобра верзија ќе биде кога ќе користи малку повеќе од Новак во својата игра, кога ќе ги направи работите малку подосадни и не секогаш спектакуларни“. додаде Родик.

The post Алкараз е комбинација од Новак, Надал и Федерер appeared first on Република.

]]>

Шампионот на УС Опен од 2003 година, Енди Родик, оцени дека Карлос Алкараз е комбинација на големата тениска тројка Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Според поранешниот американски тенисер, најдобрата верзија на Шпанецот ќе дојде кога нема да има потреба постојано да биде извонреден. „Мислам дека во нашата генерација играчите сакаа да го гледаат Роџер бидејќи тој беше технички супериорен“, рече Родик (41) на својот поткаст „Сервирај со Енди Родик“. „Алкараз е речиси комбинација од трите, но тој сè уште го пронаоѓа својот пат. Мислам дека неговата најдобра верзија ќе биде кога ќе користи малку повеќе од Новак во својата игра, кога ќе ги направи работите малку подосадни и не секогаш спектакуларни“. додаде Родик.

The post Алкараз е комбинација од Новак, Надал и Федерер appeared first on Република.

]]>
Предаде меч по два гема: Што се случува со Алкараз? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/predade-mech-po-dva-gema-shto-se-sluchuva-so-alkaraz/ Wed, 21 Feb 2024 08:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=746394

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го заврши АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро по само два одиграни гема.

На натпреварот од првото коло со Бразилецот Тиаго Монтеиро, Алкараз во првиот гем ја повреди ногата. Шпанецот направи лекарска пауза и по тоа одигра само два натпревара, а потоа се повлече.

- Ќе го прегледам зглобот и ќе видиме дали е нешто сериозно или не. Се чувствував лошо. Ова е првиот впечаток. Чувствував болка и знаев дека ќе ми биде тешко да продолжам да играм. Не можев да се движам нормално и знаев дека ќе биде невозможно да продолжам. Мислев дека ќе биде уште полошо ако се одлучев да продолжам и ако натпреварот беше долг. Мислам дека правилно постапив што го предадов мечот, изјави Алкараз.

The post Предаде меч по два гема: Што се случува со Алкараз? appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го заврши АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро по само два одиграни гема. На натпреварот од првото коло со Бразилецот Тиаго Монтеиро, Алкараз во првиот гем ја повреди ногата. Шпанецот направи лекарска пауза и по тоа одигра само два натпревара, а потоа се повлече.  
- Ќе го прегледам зглобот и ќе видиме дали е нешто сериозно или не. Се чувствував лошо. Ова е првиот впечаток. Чувствував болка и знаев дека ќе ми биде тешко да продолжам да играм. Не можев да се движам нормално и знаев дека ќе биде невозможно да продолжам. Мислев дека ќе биде уште полошо ако се одлучев да продолжам и ако натпреварот беше долг. Мислам дека правилно постапив што го предадов мечот, изјави Алкараз.

The post Предаде меч по два гема: Што се случува со Алкараз? appeared first on Република.

]]>
Да добро прочитавте: Карлос Алкараз доаѓа во Јувентус https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/da-dobro-prochitavte-karlos-alkaraz-doaga-vo-juventus/ Wed, 31 Jan 2024 11:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=738974

Италијанскиот гигант Јувентус е на прагот да ја официјализира соработката со аргентинскиот фудбалер Карлос Алкараз, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Фудбалерот на Саутемптон, имењакот на популарниот шпански тенисер ќе стане нов играч на „Старата дама“. Интересно е што фудбалерот Карлос Алкараз е само шест месеци помлад од поранешниот број еден на АТП листата и двократен Грен слем победник.

Овој играч за врска има 21 година, а во 2023 година дојде во Саутемптон од Расинг.

The post Да добро прочитавте: Карлос Алкараз доаѓа во Јувентус appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот гигант Јувентус е на прагот да ја официјализира соработката со аргентинскиот фудбалер Карлос Алкараз, пренесува новинарот Фабрицио Романо. Фудбалерот на Саутемптон, имењакот на популарниот шпански тенисер ќе стане нов играч на „Старата дама“. Интересно е што фудбалерот Карлос Алкараз е само шест месеци помлад од поранешниот број еден на АТП листата и двократен Грен слем победник. Овој играч за врска има 21 година, а во 2023 година дојде во Саутемптон од Расинг.

The post Да добро прочитавте: Карлос Алкараз доаѓа во Јувентус appeared first on Република.

]]>
Алкараз призна: Имам ментален проблем https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-prizna-imam-mentalen-problem/ Wed, 01 Nov 2023 12:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=697074

Kaрлоз Алкараз вели дека уморот повторно бил причина за лошиот настап на Алкараз и призна дека се чувствува бавен и речe оти има „ментален проблем“ кој го кочи во оваа фаза од кариерата.

 Тенисот што го играм бара многу физички напор, многу ми недостигаше мобилност и брзина, се чувствував бавен.

Шпанецот целосно отворено проговори за состојбата во која се наоѓа во моментов, по поразот кој го потресе.

- Боли кога губиш во првите кола на турнир на кој се надеваш дека ќе стигнеш до финалето. Ова е денот кога не сакам да размислувам за следните денови, за тренинзите. Но мора да продолжи, останува уште еден турнир. Овој пораз боли многу. Остануваат уште многу денови од тренинзите за да го достигнам нивото што го посакувам, но немам храброст сега да зборувам за тоа. По овој пораз морам да се дистанцирам пред да зборувам за иднината и што треба да направам, призна светскиот тенисер број 2.

The post Алкараз призна: Имам ментален проблем appeared first on Република.

]]>

Kaрлоз Алкараз вели дека уморот повторно бил причина за лошиот настап на Алкараз и призна дека се чувствува бавен и речe оти има „ментален проблем“ кој го кочи во оваа фаза од кариерата.  Тенисот што го играм бара многу физички напор, многу ми недостигаше мобилност и брзина, се чувствував бавен. Шпанецот целосно отворено проговори за состојбата во која се наоѓа во моментов, по поразот кој го потресе.
- Боли кога губиш во првите кола на турнир на кој се надеваш дека ќе стигнеш до финалето. Ова е денот кога не сакам да размислувам за следните денови, за тренинзите. Но мора да продолжи, останува уште еден турнир. Овој пораз боли многу. Остануваат уште многу денови од тренинзите за да го достигнам нивото што го посакувам, но немам храброст сега да зборувам за тоа. По овој пораз морам да се дистанцирам пред да зборувам за иднината и што треба да направам, призна светскиот тенисер број 2.

The post Алкараз призна: Имам ментален проблем appeared first on Република.

]]>
Што имаше во шишенцето: Дали Алкараз се допингува? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shto-imashe-vo-shishentseto-dali-alkaraz-se-dopinguva/ Sun, 03 Sep 2023 15:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=678402

Светскиот тенисер број два, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во осминафиналето на УС Опен, откако со 3:1 го совлада Британецот Даниел Еванс, но по мечот не се зборува само за победата. Големо внимание привлече моментот кога од кутијата на шпанскиот тенисер пристигна стаклено шише во кое имаше пилула.

Тој момент се споделува на социјалните мрежи и сите се прашуваат што конзумираше Карлитос.

Погледнете:

The post Што имаше во шишенцето: Дали Алкараз се допингува? appeared first on Република.

]]>

Светскиот тенисер број два, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во осминафиналето на УС Опен, откако со 3:1 го совлада Британецот Даниел Еванс, но по мечот не се зборува само за победата. Големо внимание привлече моментот кога од кутијата на шпанскиот тенисер пристигна стаклено шише во кое имаше пилула. Тој момент се споделува на социјалните мрежи и сите се прашуваат што конзумираше Карлитос. Погледнете:

The post Што имаше во шишенцето: Дали Алкараз се допингува? appeared first on Република.

]]>
Aлкараз за победата над Ноле: Ова беше најважниот момент во мојот живот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-za-pobedata-nad-nole-ova-beshe-najvazhniot-moment-vo-mojot-zhivot/ Mon, 17 Jul 2023 07:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=662122

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги сподели емоциите од победата на Вимблдон. Тој во финалето вчера го победи Србинот Новак Ѓоковиќ со 3:2.

- Да бидам искрен, тоа го направив за себе, а не за тениската генерација која надоаѓа. Да се ​​победи Новак во неговиот врв на кариерата, во ваков натпревар, да се испише историја, да се биде првиот човек што го победил на овој терен по 10 години е неверојатно. Никогаш нема да го заборавам овој меч. Како што кажав, одлично е и за новата генерација: кога ќе видат како го победив, ќе помислат дека и тие се способни за тоа. Ова беше најважниот момент во мојот живот. Сега е дефинитивно најсреќниот момент во мојот живот. Можеби за пет години сè ќе се промени. Не сум била толку често во вакви ситуации, па ќе уживам во овој момент. Освојување на Вимблдон е она за што сонував откако почнав да играм тенис. Значи, ова е најважниот момент во мојот живот, изјави Алкараз.

The post Aлкараз за победата над Ноле: Ова беше најважниот момент во мојот живот appeared first on Република.

Aлкараз призна дека татко му тајно го снимал тренингот на Ноле https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-prizna-deka-tatko-mu-tajno-go-snimal-treningot-na-nole/ Thu, 13 Jul 2023 14:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=660907

 Карлос Алкараз го коментираше скандалот со неговиот татко на Грен слемот во Лондон. Српските медиуми го обвинија таткото на Шпанецот дека доаѓал на тренинзите на Новак Ѓоковиќ и снимал видеа.

- Тоа е веројатно вистина. Татко ми многу сака тенис. Тој не само што ги гледа моите натпревари. Доаѓа на терените во 11 часот, заминува во 22 часот, гледа натпревари, гледа тренинзи. Тој имаше можност да го види Ѓоковиќ во реалноста. Така, да, веројатно направил видео, рече Алкараз.

Запрашан дали таквата постапка му дава предност при евентуален меч со Ѓоковиќ, првиот светски рекет одговори:
„Не размислувам за тоа. Имам многу различни видеа од Ѓоковиќ. Мислам дека тоа не ми дава никаква предност“.

The post Aлкараз призна дека татко му тајно го снимал тренингот на Ноле appeared first on Република.

]]>

 Карлос Алкараз го коментираше скандалот со неговиот татко на Грен слемот во Лондон. Српските медиуми го обвинија таткото на Шпанецот дека доаѓал на тренинзите на Новак Ѓоковиќ и снимал видеа.  
- Тоа е веројатно вистина. Татко ми многу сака тенис. Тој не само што ги гледа моите натпревари. Доаѓа на терените во 11 часот, заминува во 22 часот, гледа натпревари, гледа тренинзи. Тој имаше можност да го види Ѓоковиќ во реалноста. Така, да, веројатно направил видео, рече Алкараз.
  Запрашан дали таквата постапка му дава предност при евентуален меч со Ѓоковиќ, првиот светски рекет одговори: „Не размислувам за тоа. Имам многу различни видеа од Ѓоковиќ. Мислам дека тоа не ми дава никаква предност“.

The post Aлкараз призна дека татко му тајно го снимал тренингот на Ноле appeared first on Република.

]]>
Ноле на еден меч до историја https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-na-eden-mech-do-istorija/ Fri, 09 Jun 2023 19:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=649771

Карлос Алкараз почувствува како изгледа кога Новак Ѓоковиќ систематски ќе почне да те уништува со совршена демонстрација на беспрекорна тактичка подготовка

Се чувствуваше во воздухот и при таа размена на удари во четвртиот натпревар. Новак Ѓоковиќ од самиот почеток имаше јасен тактички пристап и сакаше да биде тој што го диктира пред се темпото, потоа како Карлос Алкараз ќе изгледа на теренот, односно што ќе му се дозволи, а што не. . Србинот максимално ја контролираше играта, го шеташе растрчаниот Шпанец горе-долу, лево-десно и го натера брзо да остане без сили, што на победникот на 22 Грен слемови му го донесе првиот брејк од мечот.

Низ таа низа јасно се чувствуваше нивото на тактичка подготвеност на Новак, која секогаш е беспрекорна. За дуел со, многумина ќе речат, надградена верзија на Рафаел Надал од неговите помлади денови, 16-годишниот играч треба паметно да се постави и рамномерно да ја троши енергијата што ја има во изобилство дете од калибарот на Алкараз.

The post Ноле на еден меч до историја appeared first on Република.

]]>

Карлос Алкараз почувствува како изгледа кога Новак Ѓоковиќ систематски ќе почне да те уништува со совршена демонстрација на беспрекорна тактичка подготовка Се чувствуваше во воздухот и при таа размена на удари во четвртиот натпревар. Новак Ѓоковиќ од самиот почеток имаше јасен тактички пристап и сакаше да биде тој што го диктира пред се темпото, потоа како Карлос Алкараз ќе изгледа на теренот, односно што ќе му се дозволи, а што не. . Србинот максимално ја контролираше играта, го шеташе растрчаниот Шпанец горе-долу, лево-десно и го натера брзо да остане без сили, што на победникот на 22 Грен слемови му го донесе првиот брејк од мечот. Низ таа низа јасно се чувствуваше нивото на тактичка подготвеност на Новак, која секогаш е беспрекорна. За дуел со, многумина ќе речат, надградена верзија на Рафаел Надал од неговите помлади денови, 16-годишниот играч треба паметно да се постави и рамномерно да ја троши енергијата што ја има во изобилство дете од калибарот на Алкараз.

The post Ноле на еден меч до историја appeared first on Република.

]]>
Aлкараз оди по стапките на Ѓоковиќ и Надал https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-odi-po-stapkite-na-gokovik-i-nadal/ Mon, 08 May 2023 07:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=638195

Карлос Алкарас вчеравечер го победи Јан-Ленард Штруф на Мастерсот во Мадрид со 6:4, 3:6 и 6:3.

Алкараз и Рафаел Надал се единствените во историјата на овој АТП турнир (од 2002 година) кои успеале да ја одбранат титулата. Надал тоа го направи во 2014 година.

Шпанскиот тенисер ја освои четвртата титула сезонава и 10-та во кариерата. Ова е негова четврта победа на Мастерс турнирите. Тој никогаш не загубил финале на тоа ниво, станувајќи еден од тројцата играчи кои ги освоиле првите четири мастерс финалиња. Претходно тоа им успело на Џим Куриер и Мајкл Чанг.

Поразениот во финалето во Мадрид, Штруф стана првиот тенисер кој одиграл шест натпревари во три сета на еден АТП турнир. По овој резултат тој ќе го подобри својот најдобар пласман, станувајќи 28-ми рекет на светот. Ова ќе му овозможи да влезе во главната ждрепка на Ролан Гарос

The post Aлкараз оди по стапките на Ѓоковиќ и Надал appeared first on Република.

]]>

Карлос Алкарас вчеравечер го победи Јан-Ленард Штруф на Мастерсот во Мадрид со 6:4, 3:6 и 6:3.   Алкараз и Рафаел Надал се единствените во историјата на овој АТП турнир (од 2002 година) кои успеале да ја одбранат титулата. Надал тоа го направи во 2014 година.   Шпанскиот тенисер ја освои четвртата титула сезонава и 10-та во кариерата. Ова е негова четврта победа на Мастерс турнирите. Тој никогаш не загубил финале на тоа ниво, станувајќи еден од тројцата играчи кои ги освоиле првите четири мастерс финалиња. Претходно тоа им успело на Џим Куриер и Мајкл Чанг.   Поразениот во финалето во Мадрид, Штруф стана првиот тенисер кој одиграл шест натпревари во три сета на еден АТП турнир. По овој резултат тој ќе го подобри својот најдобар пласман, станувајќи 28-ми рекет на светот. Ова ќе му овозможи да влезе во главната ждрепка на Ролан Гарос

The post Aлкараз оди по стапките на Ѓоковиќ и Надал appeared first on Република.

]]>