Карлес Пуџдемон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karles-pudzdemon/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 12:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Карлес Пуџдемон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karles-pudzdemon/ 32 32 Партијата на Пуџдемон се спрема за пречек на сепаратистичкиот лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/partijata-na-pudhdemon-se-sprema-za-prechek-na-separatistichkiot-lider/ Wed, 07 Aug 2024 12:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=804241

Партијата на поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон ги покани приврзаниците утре да се соберат пред парламентот во Барселона за да го поддржат сепаратистичкиот лидер кој по седум години се враќа во Шпанија.

„Утре ќе го пречекаме Пуџдемон, кој се враќа од егзил“, објавија од партијата на социјалните мрежи.

Членовите на Јунтс тврдат дека намерата им е да го придружуваат Пуџдемон до вратата на Парламентот, за да може да ги оствари своите политички права говорејќи во Парламентот како лидер на таа партија, пренесува Ефе.

Пуџдемон го најави своето враќање во Шпанија од егзил, и покрај тоа што се соочува со можно апсење во услови на зголемени политички тензии. Тој рече дека присуството на пратениците на пленарната седница треба да биде „неважно“, но дека сепак „се соочува со продолжен прогон затоа што дозволил Каталонците да гласаат на референдум“ за независност на шпанската покраина во 2017 година.

Како што се наведува, и покрај контроверзниот закон за амнестија со кој се опростени илегалните акции на околу 300 каталонски сепаратистички функционери и активисти меѓу 2011 и 2023 година, проневерата извршена од Пуџдемон и членовите на неговата влада во 2017 година не била опфатена со таа амнестија. Затоа во Шпанија има налог за апсење на Пуџдемон, кој е прогонет лидер на десничарската сепаратистичка партија Заедно за Каталонија. Доколку реши да ја премине границата од францускиот регион Валеспир, каде што моментално престојува, можно е да биде уапсен.

The post Партијата на Пуџдемон се спрема за пречек на сепаратистичкиот лидер appeared first on Република.

]]>

Партијата на поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон ги покани приврзаниците утре да се соберат пред парламентот во Барселона за да го поддржат сепаратистичкиот лидер кој по седум години се враќа во Шпанија. „Утре ќе го пречекаме Пуџдемон, кој се враќа од егзил“, објавија од партијата на социјалните мрежи. Членовите на Јунтс тврдат дека намерата им е да го придружуваат Пуџдемон до вратата на Парламентот, за да може да ги оствари своите политички права говорејќи во Парламентот како лидер на таа партија, пренесува Ефе. Пуџдемон го најави своето враќање во Шпанија од егзил, и покрај тоа што се соочува со можно апсење во услови на зголемени политички тензии. Тој рече дека присуството на пратениците на пленарната седница треба да биде „неважно“, но дека сепак „се соочува со продолжен прогон затоа што дозволил Каталонците да гласаат на референдум“ за независност на шпанската покраина во 2017 година. Како што се наведува, и покрај контроверзниот закон за амнестија со кој се опростени илегалните акции на околу 300 каталонски сепаратистички функционери и активисти меѓу 2011 и 2023 година, проневерата извршена од Пуџдемон и членовите на неговата влада во 2017 година не била опфатена со таа амнестија. Затоа во Шпанија има налог за апсење на Пуџдемон, кој е прогонет лидер на десничарската сепаратистичка партија Заедно за Каталонија. Доколку реши да ја премине границата од францускиот регион Валеспир, каде што моментално престојува, можно е да биде уапсен.

The post Партијата на Пуџдемон се спрема за пречек на сепаратистичкиот лидер appeared first on Република.

]]>
Каталонскиот лидер: Нема да дадеме поддршка за шпанска влада без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katalonskiot-lider-nema-da-dademe-poddrshka-za-shpanska-vlada-bez-reshenie-na-konfliktot-megu-katalonija-i-shpanija/ Sun, 30 Jul 2023 10:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=666871

Поранешниот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, од чија сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ зависи формирањето влада во Шпанија, порача дека неговата партија ќе гласа за актуелниот шпански премиер Педро Санчез само доколку има договор за решавање на „конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија“.

Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од есента 2017 година, на Твитер објави дека седумте гласови на партијата „Заедно за Каталонија“ нема да бидат условени со подобрување на неговата лична состојба. Канцеларијата на државниот обвинител на Шпанија бара негова екстрадиција за да му се суди во Мадрид за организирање на забранет референдум за Каталонија пред шест години.

Десниот блок партии доби 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 пратеник на парламентарните избори одржани пред една недела. За да се формира влада, потребни се 176 пратеници во 350-члениот парламент, бројка до која ниту еден блок не може да дојде. Мнозинство можат да донесат седумте пратеници на партијата „Заедно за Каталонија“.

Оној кон мисли дека со притисок или директната политичка уцена ќе добие некаква тактичка предност, греши … Но, неопходно е да се преговара за условите под кои мора да се реши конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија, напиша Пуџдемон на Твитер

The post Каталонскиот лидер: Нема да дадеме поддршка за шпанска влада без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, од чија сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ зависи формирањето влада во Шпанија, порача дека неговата партија ќе гласа за актуелниот шпански премиер Педро Санчез само доколку има договор за решавање на „конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија“. Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од есента 2017 година, на Твитер објави дека седумте гласови на партијата „Заедно за Каталонија“ нема да бидат условени со подобрување на неговата лична состојба. Канцеларијата на државниот обвинител на Шпанија бара негова екстрадиција за да му се суди во Мадрид за организирање на забранет референдум за Каталонија пред шест години. Десниот блок партии доби 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 пратеник на парламентарните избори одржани пред една недела. За да се формира влада, потребни се 176 пратеници во 350-члениот парламент, бројка до која ниту еден блок не може да дојде. Мнозинство можат да донесат седумте пратеници на партијата „Заедно за Каталонија“.
Оној кон мисли дека со притисок или директната политичка уцена ќе добие некаква тактичка предност, греши … Но, неопходно е да се преговара за условите под кои мора да се реши конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија, напиша Пуџдемон на Твитер

The post Каталонскиот лидер: Нема да дадеме поддршка за шпанска влада без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија appeared first on Република.

]]>
Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-poveke-ne-go-bara-pudhdemon-za-bunt-sega-go-obvinuva-samo-za-pronevera-i-neposlushnost/ Thu, 12 Jan 2023 19:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=596318

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза.

Судијата на Врховниот суд, Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт и против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела.

Сепак, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна.

Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои ги донесе судот би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад.

Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион.

Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

The post Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност appeared first on Република.

]]>

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд, Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт и против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела. Сепак, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна. Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои ги донесе судот би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад. Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион. Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

The post Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност appeared first on Република.

]]>