карла бруни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karla-bruni/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 18:56:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карла бруни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karla-bruni/ 32 32 На Карла Бруни ѝ се заканува затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-karla-bruni-se-zakanuva-zatvor/ Thu, 11 Jul 2024 18:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=795945

Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни е обвинета за корупција. На 56-годишната Бруни и се заканува затворска казна поради притисок врз сведок кој го обвини поранешниот француски претседател, воедно и нејзиниот сопруг, Николас Саркози, за нелегално финансирање на кампањата од Либија, пренесува Sky News.

Поранешната манекенка е ослободена со кауција и не може да контактира со никој вклучен во постапката освен нејзиниот сопруг. Обвиненијата вклучуваат манипулација на сведоци и обид за измама поврзани со нелегални средства за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година.

Според исказот на сведокот Зиад Такиедин Саркози примил милиони незаконски плаќања кои биле поддржани од режимот на тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи. Никола Саркози ја негира вината во овој случај. Тој веќе е осуден во два други случаи,.

Во февруари оваа година, судот во Париз го прогласи за виновен пред Апелациониот суд за незаконско финансирање на неговата кампања за реизбор во 2012 година, потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд. Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна.

Неговите адвокати поднесоа жалба до Касациониот суд, највисокиот суд во Франција, и додека жалбата е во тек, Саркози не може да биде затворен според француските закони. Обвинителите тврдат дека тој за изборната кампања потрошил речиси двојно повеќе од законската сума од 22,5 милиони евра. Имено, Саркози потрошил 42,8 милиони евра. Тој загуби од Франсоа Оланд.

Во одделен случај во 2021 година, 69-годишниот поранешен француски претседател беше прогласен за виновен за корупција и трговија со влијание. Тој е првиот поранешен француски претседател во модерната историја кој е осуден на затвор за злосторства извршени за време на неговиот претседателски мандат. Тој се повлече од активната политика во 2017 година.

The post На Карла Бруни ѝ се заканува затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни е обвинета за корупција. На 56-годишната Бруни и се заканува затворска казна поради притисок врз сведок кој го обвини поранешниот француски претседател, воедно и нејзиниот сопруг, Николас Саркози, за нелегално финансирање на кампањата од Либија, пренесува Sky News. Поранешната манекенка е ослободена со кауција и не може да контактира со никој вклучен во постапката освен нејзиниот сопруг. Обвиненијата вклучуваат манипулација на сведоци и обид за измама поврзани со нелегални средства за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година. Според исказот на сведокот Зиад Такиедин Саркози примил милиони незаконски плаќања кои биле поддржани од режимот на тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи. Никола Саркози ја негира вината во овој случај. Тој веќе е осуден во два други случаи,. Во февруари оваа година, судот во Париз го прогласи за виновен пред Апелациониот суд за незаконско финансирање на неговата кампања за реизбор во 2012 година, потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд. Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна. Неговите адвокати поднесоа жалба до Касациониот суд, највисокиот суд во Франција, и додека жалбата е во тек, Саркози не може да биде затворен според француските закони. Обвинителите тврдат дека тој за изборната кампања потрошил речиси двојно повеќе од законската сума од 22,5 милиони евра. Имено, Саркози потрошил 42,8 милиони евра. Тој загуби од Франсоа Оланд. Во одделен случај во 2021 година, 69-годишниот поранешен француски претседател беше прогласен за виновен за корупција и трговија со влијание. Тој е првиот поранешен француски претседател во модерната историја кој е осуден на затвор за злосторства извршени за време на неговиот претседателски мандат. Тој се повлече од активната политика во 2017 година.

The post На Карла Бруни ѝ се заканува затвор appeared first on Република.

]]>
Истрага против сопругата на поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istraga-protiv-soprugata-na-poraneshniot-pretsedatel-na-frantsija-karla-bruni/ Wed, 10 Jul 2024 07:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=795149

Во Франција е отворена истрага против сопругата на поранешниот претседател Никола Саркози, Карла Бруни за нејзината поврзаноста со пари од Либија во претседателската кампања во 2007 година.

Пејачката е ставена под судска контрола поради евентуално влијание врз сведоците.

Аферата со Либија се фокусира на тврдењата дека парите за кампањата за претседателските избори на Саркози во 2007 година дошле нелегално од режимот на тогашниот либиски владетел Моамер Гадафи. Француско-либанскиот бизнисмен Зиад Такиедин во 2016 година изјави дека кон крајот на 2006 или на почетокот на 2007 година од Либија донел неколку куфери со милиони евра во Министерството за внатрешни работи во Париз, со кое во тоа време раководеше Саркози.

Такиедин првично се сметаше за главен сведок, но тој подоцна негираше дека Саркози добил пари од Либија. Поради тоа во 2021 година почна дополнителна истрага за да разјасни дали главниот сведок на обвинителството бил поткупен за да ја промени изјавата, како и за улогата на Бруни како контакт помеѓу Саркози и Такиедин.

The post Истрага против сопругата на поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни appeared first on Република.

]]>

Во Франција е отворена истрага против сопругата на поранешниот претседател Никола Саркози, Карла Бруни за нејзината поврзаноста со пари од Либија во претседателската кампања во 2007 година. Пејачката е ставена под судска контрола поради евентуално влијание врз сведоците. Аферата со Либија се фокусира на тврдењата дека парите за кампањата за претседателските избори на Саркози во 2007 година дошле нелегално од режимот на тогашниот либиски владетел Моамер Гадафи. Француско-либанскиот бизнисмен Зиад Такиедин во 2016 година изјави дека кон крајот на 2006 или на почетокот на 2007 година од Либија донел неколку куфери со милиони евра во Министерството за внатрешни работи во Париз, со кое во тоа време раководеше Саркози. Такиедин првично се сметаше за главен сведок, но тој подоцна негираше дека Саркози добил пари од Либија. Поради тоа во 2021 година почна дополнителна истрага за да разјасни дали главниот сведок на обвинителството бил поткупен за да ја промени изјавата, како и за улогата на Бруни како контакт помеѓу Саркози и Такиедин.

The post Истрага против сопругата на поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни appeared first on Република.

]]>
Карла Бруни и Никола Саркози уживаат на јахта по година полна со конфликти https://arhiva3.republika.mk/scena/karla-bruni-i-nikola-sarkozi-uzivaat-na-jahta-po-godina-polna-so-konflikti/ Wed, 27 Jul 2022 13:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=533871

Карла Бруни (54) дочека да ужива со сопругот Никола Саркози (68) по година полна со конфликти.

Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција и поранешна прва дама, моделот Карла Бруни уживаат на својата јахта крстарејќи по брегот на Средоземното Море.

Додека Никола опуштено уживал во скокањето во морето - не го криел заоблениот стомак и очигледниот вишок килограми. Ова не ѝ пречи ниту на неговата сопруга Карла, која го гушкала и бакнувала за време на целиот одмор.

Меѓутоа, кога станува збор за личниот изглед, Карла Бруни е ригорозна. Неодамна изјавила дека се труди да ја задржи својата виткост како модел.

Карла неодамна ја видовме на пистата за време на ревијата на Балмен и Ив Сен Лоран, а манекенката во таа прилика изјави дека е чудно што повторно е на пистата, овојпат со модели кои би можеле да ѝ бидат деца.

Таа призна дека оди на психолошка терапија за да го прифати стареењето, но и да го подобри квалитетот на бракот со Саркози.

The post Карла Бруни и Никола Саркози уживаат на јахта по година полна со конфликти appeared first on Република.

]]>

Карла Бруни (54) дочека да ужива со сопругот Никола Саркози (68) по година полна со конфликти.
Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција и поранешна прва дама, моделот Карла Бруни уживаат на својата јахта крстарејќи по брегот на Средоземното Море. Додека Никола опуштено уживал во скокањето во морето - не го криел заоблениот стомак и очигледниот вишок килограми. Ова не ѝ пречи ниту на неговата сопруга Карла, која го гушкала и бакнувала за време на целиот одмор. Меѓутоа, кога станува збор за личниот изглед, Карла Бруни е ригорозна. Неодамна изјавила дека се труди да ја задржи својата виткост како модел. Карла неодамна ја видовме на пистата за време на ревијата на Балмен и Ив Сен Лоран, а манекенката во таа прилика изјави дека е чудно што повторно е на пистата, овојпат со модели кои би можеле да ѝ бидат деца. Таа призна дека оди на психолошка терапија за да го прифати стареењето, но и да го подобри квалитетот на бракот со Саркози.

The post Карла Бруни и Никола Саркози уживаат на јахта по година полна со конфликти appeared first on Република.

]]>
Карла Бруни со гламурозното издание на црвениот тепих во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/karla-bruni-so-glamuroznoto-izdanie-na-crveniot-tepih-vo-kan/ Sun, 22 May 2022 15:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=505552

Карла Бруни го привлекла вниманието со појавувањето на премиерата на „Triangle Of Sadness“ во саботата за време на Канскиот филмски фестивал.
Италијанско-француската пејачка и поранешна француска прва дама се погрижила сите погледи да бидат вперени во неа додека чекореше по црвениот тепих во фустан во боја на јоргован со светки.
Нејзиниот блескав фустан на Celine by Hedi Slimane го надополнила со ѓердан со розови и сини скапоцени камења и сребрена нараквица.

The post Карла Бруни со гламурозното издание на црвениот тепих во Кан appeared first on Република.

]]>

Карла Бруни го привлекла вниманието со појавувањето на премиерата на „Triangle Of Sadness“ во саботата за време на Канскиот филмски фестивал. Италијанско-француската пејачка и поранешна француска прва дама се погрижила сите погледи да бидат вперени во неа додека чекореше по црвениот тепих во фустан во боја на јоргован со светки. Нејзиниот блескав фустан на Celine by Hedi Slimane го надополнила со ѓердан со розови и сини скапоцени камења и сребрена нараквица.

The post Карла Бруни со гламурозното издание на црвениот тепих во Кан appeared first on Република.

]]>