карл нехамер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karl-nehamer/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 13:10:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карл нехамер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karl-nehamer/ 32 32 Нехамер: Претседателот да им овозможи на ФПО да формираат Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-pretsedatelot-da-im-ovozmozhi-na-fpo-da-formiraat-vlada/ Tue, 01 Oct 2024 13:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=821448

Лидерот на австриските конзервативци, канцеларот Карл Нехамер, го повика претседателот Александар ван дер Белен формално да и довери на крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) формирање на владина коалиција, откако таа победи на парламентарните избори во неделата.

Победата на руско-пријателската и антиимиграциска ФПО е историски момент за партијата, основана во 1950-тите и чиј прв лидер беше високиот офицер на СС и нацистички пратеник Антон Рајнталер, пренесува Ројтерс.

Откако обезбеди околу 29 отсто од гласовите, ФПО ќе мора да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во парламентот и да може да владее.

Други партии изјавија дека не се заинтересирани за соработка со конзервативната, екстремно десничарска Партија на слободата.

Според мое мислење, добра традиција е победникот на изборите да има задача да води разговори (со други партии), им рече Нехамер на новинарите по состанокот со раководството на неговата Австриска народна партија (ОВП), која едногласно, повторно, го избра за лидер на партијата.

The post Нехамер: Претседателот да им овозможи на ФПО да формираат Влада appeared first on Република.

]]>

Лидерот на австриските конзервативци, канцеларот Карл Нехамер, го повика претседателот Александар ван дер Белен формално да и довери на крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) формирање на владина коалиција, откако таа победи на парламентарните избори во неделата. Победата на руско-пријателската и антиимиграциска ФПО е историски момент за партијата, основана во 1950-тите и чиј прв лидер беше високиот офицер на СС и нацистички пратеник Антон Рајнталер, пренесува Ројтерс. Откако обезбеди околу 29 отсто од гласовите, ФПО ќе мора да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во парламентот и да може да владее. Други партии изјавија дека не се заинтересирани за соработка со конзервативната, екстремно десничарска Партија на слободата. Според мое мислење, добра традиција е победникот на изборите да има задача да води разговори (со други партии), им рече Нехамер на новинарите по состанокот со раководството на неговата Австриска народна партија (ОВП), која едногласно, повторно, го избра за лидер на партијата.

The post Нехамер: Претседателот да им овозможи на ФПО да формираат Влада appeared first on Република.

]]>
Избегната е трагедија, тврди австрискиот канцелар за откажаните концерти на Тејлор Свифт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izbegnata-e-tragedija-tvrdi-avstriskiot-kantselar-za-otkazhanite-kontserti-na-tejlor-svift/ Thu, 08 Aug 2024 07:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=804436

Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт. Бебзедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот.

Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија. Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, објави организаторот.

Австриската полиција уапси вчера две лица осомничени дека планирале напади на концерти. Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија - 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група ИД.

Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота.

The post Избегната е трагедија, тврди австрискиот канцелар за откажаните концерти на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>

Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт. Бебзедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот. Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија. Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, објави организаторот. Австриската полиција уапси вчера две лица осомничени дека планирале напади на концерти. Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија - 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група ИД. Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота.

The post Избегната е трагедија, тврди австрискиот канцелар за откажаните концерти на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Австрија нема да се согласи за пристапување на Украина во ЕУ под сегашните услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-avstrija-nema-da-se-soglasi-za-pristapuvane-na-ukraina-vo-eu-pod-segashnite-uslovi/ Tue, 12 Dec 2023 19:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=722302

Австрија нема да се согласи да започне преговори со Украина за пристапување во ЕУ под сегашните услови. Ова го истакна австрискиот канцелар Карл Нехамер на средбата со членовите на Националниот совет во главниот Комитет за прашања на ЕУ на австрискиот Парламент.

„Австрија секогаш ја поддржувала европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Сега, како знак на солидарност, на Украина и на Република Молдавија исто така треба да им се понудат изгледи за пристапување“, рече Нехамер и остро се спротивстави на „брзата процедура“ за двете држави.

Дополнително, нагласи тој, потребни се и внатрешни реформи на ЕУ доколку Унијата сака да биде „способна“ за проширување, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Парламентот.

„Австрија нема да се согласи на преговори за пристапување во ЕУ со Украина под сегашните услови, а особено не треба да има фаворизирање кон Украина во однос на Босна и Херцеговина“, рече Нехамер одговарајќи на прашања на пратеници, соопшти прес-службата на австрискиот Парламент.

Австрискиот канцелар потсети и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се консултирала со премиерите на земјите-членки пред да го покрене прашањето за перспективата на преговорите со Украина за влез во ЕУ.

The post Нехамер: Австрија нема да се согласи за пристапување на Украина во ЕУ под сегашните услови appeared first on Република.

]]>

Австрија нема да се согласи да започне преговори со Украина за пристапување во ЕУ под сегашните услови. Ова го истакна австрискиот канцелар Карл Нехамер на средбата со членовите на Националниот совет во главниот Комитет за прашања на ЕУ на австрискиот Парламент. „Австрија секогаш ја поддржувала европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Сега, како знак на солидарност, на Украина и на Република Молдавија исто така треба да им се понудат изгледи за пристапување“, рече Нехамер и остро се спротивстави на „брзата процедура“ за двете држави. Дополнително, нагласи тој, потребни се и внатрешни реформи на ЕУ доколку Унијата сака да биде „способна“ за проширување, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Парламентот.
„Австрија нема да се согласи на преговори за пристапување во ЕУ со Украина под сегашните услови, а особено не треба да има фаворизирање кон Украина во однос на Босна и Херцеговина“, рече Нехамер одговарајќи на прашања на пратеници, соопшти прес-службата на австрискиот Парламент.
Австрискиот канцелар потсети и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се консултирала со премиерите на земјите-членки пред да го покрене прашањето за перспективата на преговорите со Украина за влез во ЕУ.

The post Нехамер: Австрија нема да се согласи за пристапување на Украина во ЕУ под сегашните услови appeared first on Република.

]]>
Австрискиот канцелар Нехамер предлага употребата на готовина да биде уставно заштитена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstriskiot-kantselar-nehamer-predlaga-upotrebata-na-gotovina-da-bide-ustavno-zashtitena/ Fri, 04 Aug 2023 10:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=668640

Австрискиот канцелар Карл Нехамер соопшти денеска дека ќе предложи во Уставот на неговата земја да се додаде правото на граѓаните да користат готовина.

Се повеќе луѓе се загрижени дека готовината може да биде ограничена како средство за плаќање во Австрија. Луѓето во Австрија имаат право да користат готовина, се вели во соопштението.

Додека плаќањата со картички и по електронски пат стануваат се почести во многу европски земји, Австрија и соседна Германија остануваат релативно врзани за готовина.

Австриската Влада соопшти дека годишно од банкоматите во државата, која има околу 9,1 милион жители се повлекуваат 47 милијарди евра.

Заштита на правото на плаќање во готово беше барање на крајнодесничарската опозициска Партија на слободата.

The post Австрискиот канцелар Нехамер предлага употребата на готовина да биде уставно заштитена appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер соопшти денеска дека ќе предложи во Уставот на неговата земја да се додаде правото на граѓаните да користат готовина. Се повеќе луѓе се загрижени дека готовината може да биде ограничена како средство за плаќање во Австрија. Луѓето во Австрија имаат право да користат готовина, се вели во соопштението. Додека плаќањата со картички и по електронски пат стануваат се почести во многу европски земји, Австрија и соседна Германија остануваат релативно врзани за готовина. Австриската Влада соопшти дека годишно од банкоматите во државата, која има околу 9,1 милион жители се повлекуваат 47 милијарди евра. Заштита на правото на плаќање во готово беше барање на крајнодесничарската опозициска Партија на слободата.

The post Австрискиот канцелар Нехамер предлага употребата на готовина да биде уставно заштитена appeared first on Република.

]]>
На средбата во Виена Ковачевски главно му се заблагодарувал на Нехамер за сè што правела и прави Австрија за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-sredbata-vo-viena-kovachevski-glavno-mu-se-zablagodaruval-na-nehamer-za-se-shto-pravela-i-pravi-avstrija-za-makedonija/ Thu, 20 Apr 2023 18:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=632591

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Виена каде е во работна посета, ги потенцираше заложбите на Австрија во евроинтеграцискиот процес на Македонија. Ковачевски ја истакна поддршката на земјата и секторската соработка на повеќе нивоа.

Потенцираше дека меѓу Македонија и Австрија не постојат отворени билатерални прашања, а фокусот на двете земји е во јакнењето на соработката во сите области. Премиерот истакна дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во Македонија, со инвестиции од над 900 милиони евра до 2022 година. Околу 50 австриски компании се присутни на пазарот во Македонија во повеќе области.

Со канцеларот Нехамер имавме многу продуктивна и содржајна средба, разговараме искрено и уште еднаш констатиравме дека Македонија и Австрија одржуваат пријателски односи, одличен политички дијалог и развиена економска соработка.

Ја потврдивме и взаемната заложба за унапредување и јакнење на соработката во сите области кои се од заеднички интерес за нашите две земји. Како држави имаме и широка секторска соработка, без никакви отворени прашања помеѓу нас. Австрија е наш долгогодишен партнер во ОН и ОБСЕ, но пред сè, Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Македонија, и на земјите од Западниот Балкан, рече Ковачевски.

На денешната Ковачевски повторил дека Австрија ужива голем углед во Македонија, пред се и поради нејзиното силно и континуирано економско присуство во нашата земја.

Австрија е најголемиот странски инвеститор во Македонија, со инвестиции од над 900 милиони евра до 2022 година. Околу 50 австриски компании се присутни на пазарот во Македонија во повеќе значајни и клучни области за државата. Постои потенцијал за подобрување на нашата меѓусебна трговска размена, посебно преку зголемување на македонскиот извоз во Австрија, и тука пред сè мислам на земјоделските производи кои имаат додадена вредност, органско потекло и квалитет, и на тоа ќе работиме во претстојниот период, рече Ковачевски на прес-конференцијата по средбата со австрискиот канцелар.

Ковачевски истакнал дека Македонија исклучително ја цени помошта на Австрија во справување со бегалската и мигрантската криза на јужната граница.

Миграцијата е заеднички предизвик за сите европски земји, а Македонија континуирано ги презема сите потребни безбедносни мерки за справување со овие предизвици, вклучувајќи и како земја членка на НАТО и како земја која што преговара со ЕУ, и како земја претседавач со ОБСЕ. Од голема важност е помошта која нашата полиција ја доби од Австрија, особено за возилата и опремата за ноќната гранична заштита.

Затоа сакам и јавно да изразам благодарност за поддршката од страна на Владата на Австрија но и лично до австриските полицајци во процесот на поуспешен надзор и контрола на илегалните обиди за премини на границата помеѓу Македонија и Грција играа многу важна улога. Во периодот јануари - март оваа година, спречени се околу две илјади обиди за илегални преминувања за влез во Македонија. Соработката продолжува и понатаму преку механизмот ФРОНТЕКС за кој минатата година, веднаш по отворањето на преговорите со ЕУ и по започнувањето на скринингот, потпишавме договор, а денес почна и практичната имплементација на договорот ФРОНТЕКС во нашата држава што беше обележано со свеченост во Скопје. Овој договор, е навистина значаен за нас, и од друг аспект, бидејќи истиот е потпишан на македонски јазик, без какви било додавки и фусноти, потврдувајќи ги нашите заложби за заштита и промоција на македонскиот идентитет во што секако дека значајна улога играше, игра и ќе игра Австрија како пријател на нашата држава.

Морам да нагласам дека поддршката од Австрија во овој клучен временски период за нас беше и сеуште е од голема важност. Му благодарам на канцеларот што неговата лична поддршка ќе продолжи и понатаму.

Тука би сакал да спомнам и да се заблагодарам на канцеларот и за дроновите кои ќе ги користиме во рамки на ФРОНТЕКС за кои разговаравме тука денес и тие ќе се од голема помош за нас и уште една потврда за нашето пријателство и за нашата соработка преку реални проекти и преку реална материјална и кадровска помош во знаење која што ја добиваме од Австрија.

Со Канцеларот денеска разговаравме за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Ја изразив нашата благодарност до Австрија, која е силен и отворен поддржувач за пристапниот пат на Македонија, но и воопшто за перспективата за членство во ЕУ на целиот Западен Балкан. По бројните предизвици на патот за полноправно членство во ЕУ, минатата година, со активна поддршка на Австрија, со активна поддршка на канцеларот, со активна поддршка на неговите министри  ги започнавме преговорите за пристапување во ЕУ. Пред нас се следни чекори кои ќе ја одредат натамошната насока и брзина на движење на тој пат. На тој пат чекориме заедно и соработуваме со земјите членки на ЕУ, а меѓу нив, во првите редови е Австрија.

Сакам уште еднаш и од Виена, да ве уверам дека Владата на Македонија ќе продолжи да работи на исполнување на нашите стратешки цели, ќе продолжи да работи во подобрување во односите со соседите во  добрососедската политика, ќе продолжи да работи на реформската агенда внатре во земјата бидејќи тоа е во интерес на државата, но секако тоа е најмногу во интерес на граѓаните кои сакаат и мора да станат дел од ЕУ.“

The post На средбата во Виена Ковачевски главно му се заблагодарувал на Нехамер за сè што правела и прави Австрија за Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Виена каде е во работна посета, ги потенцираше заложбите на Австрија во евроинтеграцискиот процес на Македонија. Ковачевски ја истакна поддршката на земјата и секторската соработка на повеќе нивоа. Потенцираше дека меѓу Македонија и Австрија не постојат отворени билатерални прашања, а фокусот на двете земји е во јакнењето на соработката во сите области. Премиерот истакна дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во Македонија, со инвестиции од над 900 милиони евра до 2022 година. Околу 50 австриски компании се присутни на пазарот во Македонија во повеќе области.
Со канцеларот Нехамер имавме многу продуктивна и содржајна средба, разговараме искрено и уште еднаш констатиравме дека Македонија и Австрија одржуваат пријателски односи, одличен политички дијалог и развиена економска соработка. Ја потврдивме и взаемната заложба за унапредување и јакнење на соработката во сите области кои се од заеднички интерес за нашите две земји. Како држави имаме и широка секторска соработка, без никакви отворени прашања помеѓу нас. Австрија е наш долгогодишен партнер во ОН и ОБСЕ, но пред сè, Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Македонија, и на земјите од Западниот Балкан, рече Ковачевски.
На денешната Ковачевски повторил дека Австрија ужива голем углед во Македонија, пред се и поради нејзиното силно и континуирано економско присуство во нашата земја.
Австрија е најголемиот странски инвеститор во Македонија, со инвестиции од над 900 милиони евра до 2022 година. Околу 50 австриски компании се присутни на пазарот во Македонија во повеќе значајни и клучни области за државата. Постои потенцијал за подобрување на нашата меѓусебна трговска размена, посебно преку зголемување на македонскиот извоз во Австрија, и тука пред сè мислам на земјоделските производи кои имаат додадена вредност, органско потекло и квалитет, и на тоа ќе работиме во претстојниот период, рече Ковачевски на прес-конференцијата по средбата со австрискиот канцелар.
Ковачевски истакнал дека Македонија исклучително ја цени помошта на Австрија во справување со бегалската и мигрантската криза на јужната граница.
Миграцијата е заеднички предизвик за сите европски земји, а Македонија континуирано ги презема сите потребни безбедносни мерки за справување со овие предизвици, вклучувајќи и како земја членка на НАТО и како земја која што преговара со ЕУ, и како земја претседавач со ОБСЕ. Од голема важност е помошта која нашата полиција ја доби од Австрија, особено за возилата и опремата за ноќната гранична заштита. Затоа сакам и јавно да изразам благодарност за поддршката од страна на Владата на Австрија но и лично до австриските полицајци во процесот на поуспешен надзор и контрола на илегалните обиди за премини на границата помеѓу Македонија и Грција играа многу важна улога. Во периодот јануари - март оваа година, спречени се околу две илјади обиди за илегални преминувања за влез во Македонија. Соработката продолжува и понатаму преку механизмот ФРОНТЕКС за кој минатата година, веднаш по отворањето на преговорите со ЕУ и по започнувањето на скринингот, потпишавме договор, а денес почна и практичната имплементација на договорот ФРОНТЕКС во нашата држава што беше обележано со свеченост во Скопје. Овој договор, е навистина значаен за нас, и од друг аспект, бидејќи истиот е потпишан на македонски јазик, без какви било додавки и фусноти, потврдувајќи ги нашите заложби за заштита и промоција на македонскиот идентитет во што секако дека значајна улога играше, игра и ќе игра Австрија како пријател на нашата држава. Морам да нагласам дека поддршката од Австрија во овој клучен временски период за нас беше и сеуште е од голема важност. Му благодарам на канцеларот што неговата лична поддршка ќе продолжи и понатаму. Тука би сакал да спомнам и да се заблагодарам на канцеларот и за дроновите кои ќе ги користиме во рамки на ФРОНТЕКС за кои разговаравме тука денес и тие ќе се од голема помош за нас и уште една потврда за нашето пријателство и за нашата соработка преку реални проекти и преку реална материјална и кадровска помош во знаење која што ја добиваме од Австрија. Со Канцеларот денеска разговаравме за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Ја изразив нашата благодарност до Австрија, која е силен и отворен поддржувач за пристапниот пат на Македонија, но и воопшто за перспективата за членство во ЕУ на целиот Западен Балкан. По бројните предизвици на патот за полноправно членство во ЕУ, минатата година, со активна поддршка на Австрија, со активна поддршка на канцеларот, со активна поддршка на неговите министри  ги започнавме преговорите за пристапување во ЕУ. Пред нас се следни чекори кои ќе ја одредат натамошната насока и брзина на движење на тој пат. На тој пат чекориме заедно и соработуваме со земјите членки на ЕУ, а меѓу нив, во првите редови е Австрија. Сакам уште еднаш и од Виена, да ве уверам дека Владата на Македонија ќе продолжи да работи на исполнување на нашите стратешки цели, ќе продолжи да работи во подобрување во односите со соседите во  добрососедската политика, ќе продолжи да работи на реформската агенда внатре во земјата бидејќи тоа е во интерес на државата, но секако тоа е најмногу во интерес на граѓаните кои сакаат и мора да станат дел од ЕУ.“

The post На средбата во Виена Ковачевски главно му се заблагодарувал на Нехамер за сè што правела и прави Австрија за Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Нехамер: Македонија и Австрија се силни економски партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-nehamer-severna-makedonija-i-avstrija-se-silni-ekonomski-partneri/ Thu, 20 Apr 2023 15:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=632553

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во Виена оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Двајцата соговорници разменија ставови и информации за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат европските земји, како и последиците од економско-енергетската криза.

Премиерот Ковачевски, го запозна австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Македонија, изрази задоволство од тоа како тече скрининг процесот и реформскиот процес во земјата.

Ковачевски му се заблагодари на Нехамер за севкупната поддршка од Австрија за процесот на пристапните преговори како и за силната поддршка која ја добива Македонија како на економски така и на безбедносен план. Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Македонија, и на земјите од Западниот Балкан, беше кажано на средбата.

The post Ковачевски-Нехамер: Македонија и Австрија се силни економски партнери appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во Виена оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер. Двајцата соговорници разменија ставови и информации за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат европските земји, како и последиците од економско-енергетската криза. Премиерот Ковачевски, го запозна австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Македонија, изрази задоволство од тоа како тече скрининг процесот и реформскиот процес во земјата. Ковачевски му се заблагодари на Нехамер за севкупната поддршка од Австрија за процесот на пристапните преговори како и за силната поддршка која ја добива Македонија како на економски така и на безбедносен план. Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Македонија, и на земјите од Западниот Балкан, беше кажано на средбата.

The post Ковачевски-Нехамер: Македонија и Австрија се силни економски партнери appeared first on Република.

]]>
Прес-конференција на премиерот Ковачевски и австрискиот канцелар Нехамер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pres-konferentsija-na-premierot-kovachevski-i-avstriskiot-kantselar-nehamer/ Thu, 20 Apr 2023 15:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=632545

Прес-конференција на канцеларот на Австрија Карл Нехамер и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, кој денеска престојува во работна посета на Виена.

The post Прес-конференција на премиерот Ковачевски и австрискиот канцелар Нехамер appeared first on Република.

]]>

Прес-конференција на канцеларот на Австрија Карл Нехамер и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, кој денеска престојува во работна посета на Виена.

The post Прес-конференција на премиерот Ковачевски и австрискиот канцелар Нехамер appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Нема да има австриско вето за влез на Хрватска во Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nehamer-nema-da-ima-avstrisko-veto-za-vlez-na-hrvatska-vo-shengen-zonata/ Tue, 22 Nov 2022 19:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=577079

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска, на ден пред неговата посета на Загреб, изјави дека неговата земја нема да стави вето на пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната.

„Едвај чувствуваме мигрантски притисок од Хрватска кон север. Бидејќи Хрватска ги исполнува условите за заштита на границите на примерен начин, не гледам проблем таму. За земјите се гласа поединечно“, рече Нехамер во разговор со новинарите во Клагенфурт, а пренесува австрискиот дневен весник „Клајн Цајтунг“.

Весникот додава дека ова „на едноставен јазик значи дека заканата со вето е насочена кон Бугарија и Романија“.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер предизвика голема загриженост во Хрватска откако изјави дека е против проширување на Шенген зоната на Хрватска, Бугарија и Романија.

The post Нехамер: Нема да има австриско вето за влез на Хрватска во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска, на ден пред неговата посета на Загреб, изјави дека неговата земја нема да стави вето на пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната.
„Едвај чувствуваме мигрантски притисок од Хрватска кон север. Бидејќи Хрватска ги исполнува условите за заштита на границите на примерен начин, не гледам проблем таму. За земјите се гласа поединечно“, рече Нехамер во разговор со новинарите во Клагенфурт, а пренесува австрискиот дневен весник „Клајн Цајтунг“.
Весникот додава дека ова „на едноставен јазик значи дека заканата со вето е насочена кон Бугарија и Романија“. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер предизвика голема загриженост во Хрватска откако изјави дека е против проширување на Шенген зоната на Хрватска, Бугарија и Романија.

The post Нехамер: Нема да има австриско вето за влез на Хрватска во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија и за тоа не треба ни да се разговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-prikluchuvanjeto-kon-nato-ne-e-opcija-za-avstrija-i-za-toa-ne-treba-ni-da-se-razgovara/ Thu, 30 Jun 2022 08:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=521425

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, оцени дека има нов квалитет во соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, каква што е Австрија со НАТО, но дека за официјална Виена членството во западната воена алијанса не е опција.

Тој додаде дека таквата опција воопшто не треба да се разгледува.

Австрија е и останува неутрален, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика - изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.

Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО.

Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник.

Нехамер ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ.

Тој посочи дека тоа е, како што рече, можеби пресвртница во соработката, и дека тоа најверојатно е последица на војната во Украина.

Соработката НАТО-ЕУ е важен дел од одбранбената и безбедносната политика - изјави Нехамер.

Генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц, учеството на Нехамер на Самитот на НАТО го оцени како погрешен и фатален сигнал.

Нехамер повторно му штети на нашиот статус на неутрална земја. НАТО дефинитивно не се залага за постојана неутралност - нагласи тој.

The post Нехамер: Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија и за тоа не треба ни да се разговара appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, оцени дека има нов квалитет во соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, каква што е Австрија со НАТО, но дека за официјална Виена членството во западната воена алијанса не е опција. Тој додаде дека таквата опција воопшто не треба да се разгледува.
Австрија е и останува неутрален, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика - изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.
Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО. Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник. Нехамер ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ. Тој посочи дека тоа е, како што рече, можеби пресвртница во соработката, и дека тоа најверојатно е последица на војната во Украина.
Соработката НАТО-ЕУ е важен дел од одбранбената и безбедносната политика - изјави Нехамер.
Генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц, учеството на Нехамер на Самитот на НАТО го оцени како погрешен и фатален сигнал.
Нехамер повторно му штети на нашиот статус на неутрална земја. НАТО дефинитивно не се залага за постојана неутралност - нагласи тој.

The post Нехамер: Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија и за тоа не треба ни да се разговара appeared first on Република.

]]>
Според австрискиот канцелар има пробив во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spored-avstriskiot-kancelar-ima-probiv-vo-reshavanjeto-na-sporot-megju-makedonija-i-bugarija/ Sat, 25 Jun 2022 08:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=519535

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот парламент направил пробив со вчерашната одлука „да се откаже од ветото“ за отворање на пристапните преговори со Македонија во ЕУ.

Тој му честиташе на бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков за неговата лична заложба за решавање на ова прашање.

Според Нехамер, одлуката на бугарскиот парламент отвора нови можности и го забрзува решавањето на спорот.

Сепак, канцеларот очекува дискусии на македонска страна.

Верувам дека прашањето може да се реши - вели Нехамер.

The post Според австрискиот канцелар има пробив во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот парламент направил пробив со вчерашната одлука „да се откаже од ветото“ за отворање на пристапните преговори со Македонија во ЕУ. Тој му честиташе на бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков за неговата лична заложба за решавање на ова прашање. Според Нехамер, одлуката на бугарскиот парламент отвора нови можности и го забрзува решавањето на спорот. Сепак, канцеларот очекува дискусии на македонска страна.
Верувам дека прашањето може да се реши - вели Нехамер.

The post Според австрискиот канцелар има пробив во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Нехамер и ветува на БиХ кандидатски статус уште годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nehamer-i-vetuva-na-bih-kandidatski-status-ushte-godinava/ Fri, 24 Jun 2022 09:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=519197

Австрискиот канцелар Карл Нехамер, порача дека Босна и Херцеговина може уште годинава официјално да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија.

По Европскиот совет, Нехамер изјави дека има промена на парадигмата.

Според него, Босна и Херцеговина повторно се нашла во фокус, иако Украина и тамошната војна се доминантни теми.

Нехамер потсети дека земјата мора да спроведе 14 реформски точки, бидејќи досега направила премалку.

Доколку земјата сега ја спроведе реформата на изборниот закон и Уставот, Нехамер е уверен дека тогаш има јасна шанса да добие кандидатски статус, а штом ги исполни сите 14 претходно поднесени барања, можно е да почне и пристапните преговори.

Нехамер пренесе дека од Самитот е испратена порака до Европската Комисија да се забрза процесот за кандидатите.

Тоа уште годинава ќе донесе резултати - смета австрискиот канцела

The post Нехамер и ветува на БиХ кандидатски статус уште годинава appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер, порача дека Босна и Херцеговина може уште годинава официјално да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија. По Европскиот совет, Нехамер изјави дека има промена на парадигмата. Според него, Босна и Херцеговина повторно се нашла во фокус, иако Украина и тамошната војна се доминантни теми. Нехамер потсети дека земјата мора да спроведе 14 реформски точки, бидејќи досега направила премалку. Доколку земјата сега ја спроведе реформата на изборниот закон и Уставот, Нехамер е уверен дека тогаш има јасна шанса да добие кандидатски статус, а штом ги исполни сите 14 претходно поднесени барања, можно е да почне и пристапните преговори. Нехамер пренесе дека од Самитот е испратена порака до Европската Комисија да се забрза процесот за кандидатите.
Тоа уште годинава ќе донесе резултати - смета австрискиот канцела

The post Нехамер и ветува на БиХ кандидатски статус уште годинава appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Пристапните услови за влез на Украина во ЕУ мора да важат и за државите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nehamer-pristapnite-uslovi-za-vlez-na-ukraina-vo-eu-mora-da-vazat-i-za-drzavite-od-zapaden-balkan/ Thu, 23 Jun 2022 10:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=518824

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, посебно за Босна и Херцеговина.

Тој додаде дека Австрија на ниво на ЕУ ќе се залага за тоа. Нехамер истакна дека по доделувањето на статус кандидат на Украина и на Молдавија во ЕУ се воведува нова постапка, во која уште пред исполнување на критериумите на Унијата се добива кандидатски статус.

– Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Македонија и за Албанија, посочи Нехамер.

The post Нехамер: Пристапните услови за влез на Украина во ЕУ мора да важат и за државите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, посебно за Босна и Херцеговина. Тој додаде дека Австрија на ниво на ЕУ ќе се залага за тоа. Нехамер истакна дека по доделувањето на статус кандидат на Украина и на Молдавија во ЕУ се воведува нова постапка, во која уште пред исполнување на критериумите на Унијата се добива кандидатски статус.
– Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Македонија и за Албанија, посочи Нехамер.

The post Нехамер: Пристапните услови за влез на Украина во ЕУ мора да важат и за државите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Нехамер по средбата со Путин во Москва: Живее во свој свет, уверен е дека Русија ја добива војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-po-sredbata-so-putin-vo-moskva-zivee-vo-svoj-svet-uveren-e-deka-rusija-ja-dobiva-vojnata/ Sat, 16 Apr 2022 19:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=489420

Рускиот претседател Владимир Путин „верува дека ја добива војната“ во Украина, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер, во интервју што ќе биде емитувано во САД во недела.

Изминатата недела, Нехамер беше првиот западен лидер што се сретна со рускиот претседател од почетокот на конфликтот во февруари, тврдејќи дека тој му рекол на Путин на нивниот состанок во Москва дека „морално ја губи војната“ и дека „сите одговорни“ за воените злосторства мора да бидат изведени пред правдата.

Во извадоци од интервјуто на Нехамер за емисијата „Meet the Press“ на мрежата НБЦ, кое целосно ќе се емитува во недела наутро, австрискиот лидер рече дека верува оти Путин живее „во свој свет“, пренесе Гардијан.

„Мислам дека сега е во сопствената воена логика. Тој смета дека војната е неопходна за безбедносни гаранции за Руската Федерација. Тој нема доверба во меѓународната заедница. Тој ги обвинува Украинците за геноцид во регионот на Донбас. Така, додека тој е во својот свет, мислам дека знае што се случува сега во Украина. Мислам оти тој верува дека ја добива војната“.

На прашањето за реакцијата на Путин на наводите за воени злосторства, Нехамер одговори:

„Тој ми рече дека ќе соработува со меѓународна истрага, од една страна, а од друга страна, ми рече дека не му верува на западниот свет. Така, ова ќе биде проблемот во иднина. Мислам дека меѓународната доверба во Обединетите нации, меѓународна истрага, е неопходна. Така, тоа беше тешка дискусија. Но, се обидов да го убедам дека, на пример, војната во поранешна Југославија ни покажа дека меѓународната истрага е корисна за гонење на воените злосторници“.

The post Нехамер по средбата со Путин во Москва: Живее во свој свет, уверен е дека Русија ја добива војната appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин „верува дека ја добива војната“ во Украина, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер, во интервју што ќе биде емитувано во САД во недела. Изминатата недела, Нехамер беше првиот западен лидер што се сретна со рускиот претседател од почетокот на конфликтот во февруари, тврдејќи дека тој му рекол на Путин на нивниот состанок во Москва дека „морално ја губи војната“ и дека „сите одговорни“ за воените злосторства мора да бидат изведени пред правдата. Во извадоци од интервјуто на Нехамер за емисијата „Meet the Press“ на мрежата НБЦ, кое целосно ќе се емитува во недела наутро, австрискиот лидер рече дека верува оти Путин живее „во свој свет“, пренесе Гардијан.
„Мислам дека сега е во сопствената воена логика. Тој смета дека војната е неопходна за безбедносни гаранции за Руската Федерација. Тој нема доверба во меѓународната заедница. Тој ги обвинува Украинците за геноцид во регионот на Донбас. Така, додека тој е во својот свет, мислам дека знае што се случува сега во Украина. Мислам оти тој верува дека ја добива војната“.
На прашањето за реакцијата на Путин на наводите за воени злосторства, Нехамер одговори:
„Тој ми рече дека ќе соработува со меѓународна истрага, од една страна, а од друга страна, ми рече дека не му верува на западниот свет. Така, ова ќе биде проблемот во иднина. Мислам дека меѓународната доверба во Обединетите нации, меѓународна истрага, е неопходна. Така, тоа беше тешка дискусија. Но, се обидов да го убедам дека, на пример, војната во поранешна Југославија ни покажа дека меѓународната истрага е корисна за гонење на воените злосторници“.

The post Нехамер по средбата со Путин во Москва: Живее во свој свет, уверен е дека Русија ја добива војната appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Путин вети безбедност во снабдувањето со гас и плаќање во евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-putin-veti-bezbednost-vo-snabduvanjeto-so-gas-i-plakjanje-vo-evra/ Thu, 14 Apr 2022 07:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=488219

Австрискиот канцелар, Карл Нечамер, соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин, во разговорот со него на почетокот на неделава, ветил безбедност на снабдувањето со гас и плаќање во евра.

Во изјава за агенциите АПА и ДПА, Нехамер вели дека самиот Путин го спомнал прашањето за снабдување со гас.

Путин објасни дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ги испорача количините за кои се обврзала во договорите и дека, сепак, ќе може да се плати во евра - тврди Канцеларот.

The post Нехамер: Путин вети безбедност во снабдувањето со гас и плаќање во евра appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар, Карл Нечамер, соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин, во разговорот со него на почетокот на неделава, ветил безбедност на снабдувањето со гас и плаќање во евра. Во изјава за агенциите АПА и ДПА, Нехамер вели дека самиот Путин го спомнал прашањето за снабдување со гас.
Путин објасни дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ги испорача количините за кои се обврзала во договорите и дека, сепак, ќе може да се плати во евра - тврди Канцеларот.

The post Нехамер: Путин вети безбедност во снабдувањето со гас и плаќање во евра appeared first on Република.

]]>
Германски медиуми го критикуваат Нехамер за патувањето во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-mediumi-go-kritikuvaat-nehamer-za-patuvanjeto-vo-moskva/ Tue, 12 Apr 2022 11:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=487322

Германски медиуми денеска остро го критикуваат австрискиот канцелар Карл Нехамер, затоа што ја посети Москва и разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

Главниот заклучок на медиумите е дека подобро би било, да не тргнеше за Москва.

Малата Австрија сака да се претставува како градител на мостови и дипломатски великан на концерт на големите. Што и да го навело канцеларот Нехамер да замине во невозможна мисија во Москва, сигурно има врска со погледот на Австрија за себе, пишува „Зидојче цајтунг“.

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ укажува на тоа дека, за верување е, тоа што канцеларот Нехамер спонтано донел одлука за патување во Москва, бидејќи тој е „склон кон импулсивни изведби“.

„Велт“ се повикува на австриската поговорка „иако не користи, не штети“ и истакнува дека таа најдобро го опишува патувањето на Нехамер во Москва.

Исходот од разговорот на Нехамер со Путин, е, практично, нула. Но, повеќе не можеше ни да се очекува. Русија во минатото не покажуваше подготвеност за разговори. Австрија ги негува добрите контакти со Москва, но, нема политичка и економска сила, што би било потребно за да се убеди Москва да го промени курсот, оценува „Хамбургер Абдендблат“.

The post Германски медиуми го критикуваат Нехамер за патувањето во Москва appeared first on Република.

]]>

Германски медиуми денеска остро го критикуваат австрискиот канцелар Карл Нехамер, затоа што ја посети Москва и разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Главниот заклучок на медиумите е дека подобро би било, да не тргнеше за Москва. Малата Австрија сака да се претставува како градител на мостови и дипломатски великан на концерт на големите. Што и да го навело канцеларот Нехамер да замине во невозможна мисија во Москва, сигурно има врска со погледот на Австрија за себе, пишува „Зидојче цајтунг“. „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ укажува на тоа дека, за верување е, тоа што канцеларот Нехамер спонтано донел одлука за патување во Москва, бидејќи тој е „склон кон импулсивни изведби“. „Велт“ се повикува на австриската поговорка „иако не користи, не штети“ и истакнува дека таа најдобро го опишува патувањето на Нехамер во Москва. Исходот од разговорот на Нехамер со Путин, е, практично, нула. Но, повеќе не можеше ни да се очекува. Русија во минатото не покажуваше подготвеност за разговори. Австрија ги негува добрите контакти со Москва, но, нема политичка и економска сила, што би било потребно за да се убеди Москва да го промени курсот, оценува „Хамбургер Абдендблат“.

The post Германски медиуми го критикуваат Нехамер за патувањето во Москва appeared first on Република.

]]>
Песков: Средбата меѓу Путин и Нехамер беше куса според денешните стандарди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-sredbata-megju-putin-i-nehamer-beshe-kusa-spored-deneshnite-standardi/ Mon, 11 Apr 2022 19:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=487004

Разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Карл Нехамер во понеделникот, беше кратка според најновите стандарди за таквите средби, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Средбата се одржа резиденцијата на руските челници во Подмосковје, и беше без присуство на новинари. Според австриските медиуми, двајцата челници разговарале околу 90 минути.

„Разговорт беше краток. Краток за стандардите, така да се каже, од последниот период“, рекол Песков за новинарите.

На барањето да ја коментира изјавата на австрискиот канцелар за отсуство на оптимизам по средбата, Песков рекол дека тој сѐ уште не е запознаен со исходот од резговорите и оти не може засега ништо да каже.

Нехамер, кој е првиот челник од Европската унија по почнувањето на офанзивата во Украина што се сретна со Путин очи в очи, изјави дека во текот на разговорите тој бил „остар и директен“.

„Тоа не беше пријателска посета. Разговорот беше многу отворен, остар и директен. Мојата најважна порака на Путин беше дека војната конечно мора да заврши, бидејќи во војната двете стерани се губитници“, изјавил Нехамер додавајќи дека се надева оти дека тоа ќе помогне војната да биде приведена кон крајот и да се подобрат условите за живот на цивилите, соопшти претходно австриската влада.

Нехамер подоцна за новинарите изјавил дека се неопходни личните средби со Путин во врска со ситуацијата во Украина.

„… Според мене, таквото лично соочување е неопходно. Јавувањето (телефонско) е една работа, но поважно е да седнете еден наспроти друг, да се гледате в очи, да разговарате за ужасите на војната. Можеби тоа нема да донесе успех наскоро, но убеден сум дека секој придонес може да биде вреден и корисен кога во прашање мирот“, изјави Нехамер на прес-конференцијата во Москва по средбата со Путин којашто ја пренесуваше австриската телевизија Plus4.

The post Песков: Средбата меѓу Путин и Нехамер беше куса според денешните стандарди appeared first on Република.

]]>

Разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Карл Нехамер во понеделникот, беше кратка според најновите стандарди за таквите средби, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Средбата се одржа резиденцијата на руските челници во Подмосковје, и беше без присуство на новинари. Според австриските медиуми, двајцата челници разговарале околу 90 минути. „Разговорт беше краток. Краток за стандардите, така да се каже, од последниот период“, рекол Песков за новинарите. На барањето да ја коментира изјавата на австрискиот канцелар за отсуство на оптимизам по средбата, Песков рекол дека тој сѐ уште не е запознаен со исходот од резговорите и оти не може засега ништо да каже. Нехамер, кој е првиот челник од Европската унија по почнувањето на офанзивата во Украина што се сретна со Путин очи в очи, изјави дека во текот на разговорите тој бил „остар и директен“. „Тоа не беше пријателска посета. Разговорот беше многу отворен, остар и директен. Мојата најважна порака на Путин беше дека војната конечно мора да заврши, бидејќи во војната двете стерани се губитници“, изјавил Нехамер додавајќи дека се надева оти дека тоа ќе помогне војната да биде приведена кон крајот и да се подобрат условите за живот на цивилите, соопшти претходно австриската влада. Нехамер подоцна за новинарите изјавил дека се неопходни личните средби со Путин во врска со ситуацијата во Украина. „… Според мене, таквото лично соочување е неопходно. Јавувањето (телефонско) е една работа, но поважно е да седнете еден наспроти друг, да се гледате в очи, да разговарате за ужасите на војната. Можеби тоа нема да донесе успех наскоро, но убеден сум дека секој придонес може да биде вреден и корисен кога во прашање мирот“, изјави Нехамер на прес-конференцијата во Москва по средбата со Путин којашто ја пренесуваше австриската телевизија Plus4.

The post Песков: Средбата меѓу Путин и Нехамер беше куса според денешните стандарди appeared first on Република.

]]>
Заврши средбата Путин – Нехамер: Разговорите беа „директни, отворени и тешки” https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavrshi-sredbata-putin-nehamer-razgovorite-bea-direktni-otvoreni-i-teshki/ Mon, 11 Apr 2022 15:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=486901

Разговорите беа „директни, отворени и тешки”, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Нехамер е првиот лидер на Европската унија, кој се сретна со Путин откако рускиот претседател нареди напад врз Украина на 24 февруари.

Иако Австрија генерално одржува поблиски односи со Москва од другите земји од Европската унија, тоа не е случај во последно време.

Нехамер изрази солидарност со Украина поради рускиот напад и ги осуди „очигледните руски злосторства”, додека неговата Влада им се придружи на другите земји од ЕУ во протерувањето на руски дипломати.

Пред состанокот, австрискиот канцелар рече дека целта на разговорите е да се промовира дијалогот меѓу Москва и Киев. Тој во саботата ја посети Украина

The post Заврши средбата Путин – Нехамер: Разговорите беа „директни, отворени и тешки” appeared first on Република.

]]>

Разговорите беа „директни, отворени и тешки”, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Нехамер е првиот лидер на Европската унија, кој се сретна со Путин откако рускиот претседател нареди напад врз Украина на 24 февруари.
Иако Австрија генерално одржува поблиски односи со Москва од другите земји од Европската унија, тоа не е случај во последно време. Нехамер изрази солидарност со Украина поради рускиот напад и ги осуди „очигледните руски злосторства”, додека неговата Влада им се придружи на другите земји од ЕУ во протерувањето на руски дипломати. Пред состанокот, австрискиот канцелар рече дека целта на разговорите е да се промовира дијалогот меѓу Москва и Киев. Тој во саботата ја посети Украина

The post Заврши средбата Путин – Нехамер: Разговорите беа „директни, отворени и тешки” appeared first on Република.

]]>
Австрија цврсто против забрана за руски гас: Тоа е погрешно и не е во согласност со реалноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-cvrsto-protiv-zabrana-za-ruski-gas-toa-e-pogreshno-i-ne-e-vo-soglasnost-so-realnosta/ Thu, 24 Mar 2022 19:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=477858

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, се изјасни против воведување санкциите за увоз на гас од Русија, нагласувајќи дека дискусиите на таа тема го поттикнува растот на цените.

Пред Самитот на ЕУ, закажан за да се разговара за петтиот пакет санкции против Русија, кои би можеле да вклучуваат и ембарго на енергенсите, Нехамер нагласи дека забраната за увоз на рускиот гас и нафта би била нереални.

Тоа не треба да се случи, затоа што е погрешно и не е во согласност со реалноста. Австрија добива 80 отсто од гасот од Русија. Самата дискусија на таа тема е штетна, бидејќи поттикнува раст на цените - вели Нехамер во интервју за „Клајне цајтунг“.

Според официјални податоци, пополнетоста на складиштата за гас во Австрија во моментов е само 12,5 отсто.

Здружението на индустријалци, исто така, предупреди дека нема алтернатива за рускиот гас на краток рок.

Австрија не смее да го доведе во прашање сопственото снабдување со енергија - порача шефот на здружението, Георг Книл.

Тој нагласува дека оние кои се за ненадеен и непланиран прекин на испораките на гас од Русија, прво мора да објаснат од каде земјите како Австрија ќе ја добијат потребната енергија на краток рок.

Затворањето на славината за гас од еден ден во друг би имало катастрофални последици за секојдневниот живот, нашето снабдување со енергија и нашата економија. На тој начин ќе ја уништиме нашата индустрија и работните места - предупреди Книл.

The post Австрија цврсто против забрана за руски гас: Тоа е погрешно и не е во согласност со реалноста appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, се изјасни против воведување санкциите за увоз на гас од Русија, нагласувајќи дека дискусиите на таа тема го поттикнува растот на цените. Пред Самитот на ЕУ, закажан за да се разговара за петтиот пакет санкции против Русија, кои би можеле да вклучуваат и ембарго на енергенсите, Нехамер нагласи дека забраната за увоз на рускиот гас и нафта би била нереални.
Тоа не треба да се случи, затоа што е погрешно и не е во согласност со реалноста. Австрија добива 80 отсто од гасот од Русија. Самата дискусија на таа тема е штетна, бидејќи поттикнува раст на цените - вели Нехамер во интервју за „Клајне цајтунг“.
Според официјални податоци, пополнетоста на складиштата за гас во Австрија во моментов е само 12,5 отсто. Здружението на индустријалци, исто така, предупреди дека нема алтернатива за рускиот гас на краток рок.
Австрија не смее да го доведе во прашање сопственото снабдување со енергија - порача шефот на здружението, Георг Книл.
Тој нагласува дека оние кои се за ненадеен и непланиран прекин на испораките на гас од Русија, прво мора да објаснат од каде земјите како Австрија ќе ја добијат потребната енергија на краток рок.
Затворањето на славината за гас од еден ден во друг би имало катастрофални последици за секојдневниот живот, нашето снабдување со енергија и нашата економија. На тој начин ќе ја уништиме нашата индустрија и работните места - предупреди Книл.

The post Австрија цврсто против забрана за руски гас: Тоа е погрешно и не е во согласност со реалноста appeared first on Република.

]]>
Ќе останеме неутрални, нагласи канцеларот на Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-ostaneme-neutralni-naglasi-kancelarot-na-avstrija/ Thu, 24 Feb 2022 11:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=463094

Повторно имаме војна во Европа, изјави денеска пред пратениците австрискиот канцелар Карл Нехамер, зборувајќи за актуелната ситуација во Украина.

Нехамер рече дека „новите настани покажаа, што е застрашувачко, дека во Европа не можеме да учиме од историјата, а европската историја е испишана со крв“.

Многу руски војници паднаа на австриската демократија, а во исто време сега гледаме дека Русија го избра патот што ние го отфрламе. За нас во Австрија е важно да не важи законот на посилниот, туку силата на правото. Како мала земја, која се обврза на неутралност, основата на нашето постоење и дејствување е меѓународното право, подвлече тој во својот говор во австрискиот парламент.

Нехамер рече дека мирот владеел во Европа со децении, и покрај предупредувањата како што е распадот на Југославија, кога, додаде, биле изненадени што во Австрија се случуваат такви брутални конфликти и дека политиката поврзана со насилството е вратена на вистинскиот пат. денес.

Ние сме обединети во ставот дека треба да преговараме, дека не треба да ја напуштиме преговарачката маса, иако не добиваме се што сакаме. Во војната секогаш има губитници, а први што губат се најслабите во нашето општество, страдањето е секогаш исто, загубата на луѓе е секогаш страшна и не може да се оправда со обид да се наметнат политички интереси, рече тој.

Нехамер истакна дека ситуацијата во Украина е сериозна, бидејќи е изложена на инвазија од југ, север и исток.

Големата сила на Руската Федерација го покажа сиот свој воен потенцијал, нагласи тој.

Според него, ЕУ е обединета и јасно решена да воведе санкции против сите оние кои мислат дека војната е средство за остварување на нивните интереси.

Одлучноста на ЕУ ја покажа преку одлуката за стопирање на гасоводот „Северен тек 2“, додавајќи дека тоа е мерка која треба да покаже дека нема разбирање за поврзување на политиката и насилството.

Австриската неутралност беше очигледно војна од самиот почеток, но никогаш не разбравме дека треба да се криеме зад неа, дека немаме свое мислење, туку напротив секогаш сме ја изјавувале нашата солидарност и затоа секогаш сме учествуваше во меѓународни организации. Австрија нема да ја напушти улогата на посредник, некој што гради мостови, некој што сака дијалог, подвлече тој.

Нехамер рече дека Австријците се горди што го имаат седиштето на ОБСЕ во Виена, организација која, според него, сè уште има клучна улога во обединувањето на луѓето во конфликтите.

Руската Федерација го прогласи ОБСЕ за мртва кога почна да ја следи ситуацијата во источна Украина со набљудувачи. Тие набљудувачи се сведоци на ужасите што им се случуваат на Украинците, рече тој.

Војната значи и бегалски бран, рече тој, додавајќи дека Австрија се подготвува да им помогне на соседите на Украина.

Украина е европска земја, поблиску до Виена отколку покраината Форарлберг. Ако една работа е докажана од историјата на Австрија, тоа е дека помагањето на соседите отсекогаш било приоритет. Тоа се виде за време на кризите во Чешка, Унгарија и Југославија - рече Нехамер, изразувајќи ја подготвеноста на Австрија да прифати бегалци од Украина.

Тој посочи дека Австрија ќе направи се за да се врати на преговарачката маса, за да можат дипломатите да се појават на сцената, а војниците да се повлечат од неа.

The post Ќе останеме неутрални, нагласи канцеларот на Австрија appeared first on Република.

]]>

Повторно имаме војна во Европа, изјави денеска пред пратениците австрискиот канцелар Карл Нехамер, зборувајќи за актуелната ситуација во Украина. Нехамер рече дека „новите настани покажаа, што е застрашувачко, дека во Европа не можеме да учиме од историјата, а европската историја е испишана со крв“. Многу руски војници паднаа на австриската демократија, а во исто време сега гледаме дека Русија го избра патот што ние го отфрламе. За нас во Австрија е важно да не важи законот на посилниот, туку силата на правото. Како мала земја, која се обврза на неутралност, основата на нашето постоење и дејствување е меѓународното право, подвлече тој во својот говор во австрискиот парламент. Нехамер рече дека мирот владеел во Европа со децении, и покрај предупредувањата како што е распадот на Југославија, кога, додаде, биле изненадени што во Австрија се случуваат такви брутални конфликти и дека политиката поврзана со насилството е вратена на вистинскиот пат. денес. Ние сме обединети во ставот дека треба да преговараме, дека не треба да ја напуштиме преговарачката маса, иако не добиваме се што сакаме. Во војната секогаш има губитници, а први што губат се најслабите во нашето општество, страдањето е секогаш исто, загубата на луѓе е секогаш страшна и не може да се оправда со обид да се наметнат политички интереси, рече тој. Нехамер истакна дека ситуацијата во Украина е сериозна, бидејќи е изложена на инвазија од југ, север и исток. Големата сила на Руската Федерација го покажа сиот свој воен потенцијал, нагласи тој. Според него, ЕУ е обединета и јасно решена да воведе санкции против сите оние кои мислат дека војната е средство за остварување на нивните интереси. Одлучноста на ЕУ ја покажа преку одлуката за стопирање на гасоводот „Северен тек 2“, додавајќи дека тоа е мерка која треба да покаже дека нема разбирање за поврзување на политиката и насилството. Австриската неутралност беше очигледно војна од самиот почеток, но никогаш не разбравме дека треба да се криеме зад неа, дека немаме свое мислење, туку напротив секогаш сме ја изјавувале нашата солидарност и затоа секогаш сме учествуваше во меѓународни организации. Австрија нема да ја напушти улогата на посредник, некој што гради мостови, некој што сака дијалог, подвлече тој. Нехамер рече дека Австријците се горди што го имаат седиштето на ОБСЕ во Виена, организација која, според него, сè уште има клучна улога во обединувањето на луѓето во конфликтите. Руската Федерација го прогласи ОБСЕ за мртва кога почна да ја следи ситуацијата во источна Украина со набљудувачи. Тие набљудувачи се сведоци на ужасите што им се случуваат на Украинците, рече тој. Војната значи и бегалски бран, рече тој, додавајќи дека Австрија се подготвува да им помогне на соседите на Украина. Украина е европска земја, поблиску до Виена отколку покраината Форарлберг. Ако една работа е докажана од историјата на Австрија, тоа е дека помагањето на соседите отсекогаш било приоритет. Тоа се виде за време на кризите во Чешка, Унгарија и Југославија - рече Нехамер, изразувајќи ја подготвеноста на Австрија да прифати бегалци од Украина. Тој посочи дека Австрија ќе направи се за да се врати на преговарачката маса, за да можат дипломатите да се појават на сцената, а војниците да се повлечат од неа.

The post Ќе останеме неутрални, нагласи канцеларот на Австрија appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Нема да ја надминеме пандемијата толку брзо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-nema-da-ja-nadmineme-pandemijata-tolku-brzo/ Sat, 22 Jan 2022 12:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=448078

Австрискиот канцелар Карл Нехамер истакна дека пандемијата со коронавирусот нема да биде надмината толку брзо. За разлика од неговиот претходник Себастијан Курц, Нехамер не верува дека наскоро ќе може да се постигне тој статус. Тој во изјава за неделникот „Профил“ вели дека има промена на парадигмата со сојот Омикрон.

Мораме да се подготвиме за нови димензии, бидејќи новиот сој очигледно нема граници -  објасни тој.

Нехамер рече дека е неопходно да се намали карантинот, на што надлежните во моментов работат.

Тој укажа на боледувања на голем број граѓани, што може негативно да се одрази на здравјето и снабдувањето со храна.

The post Нехамер: Нема да ја надминеме пандемијата толку брзо appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер истакна дека пандемијата со коронавирусот нема да биде надмината толку брзо. За разлика од неговиот претходник Себастијан Курц, Нехамер не верува дека наскоро ќе може да се постигне тој статус. Тој во изјава за неделникот „Профил“ вели дека има промена на парадигмата со сојот Омикрон. Мораме да се подготвиме за нови димензии, бидејќи новиот сој очигледно нема граници -  објасни тој. Нехамер рече дека е неопходно да се намали карантинот, на што надлежните во моментов работат. Тој укажа на боледувања на голем број граѓани, што може негативно да се одрази на здравјето и снабдувањето со храна.

The post Нехамер: Нема да ја надминеме пандемијата толку брзо appeared first on Република.

]]>