карим кан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karim-kan/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 09:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карим кан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karim-kan/ 32 32 Главниот обвинител на МКС поднесе жалба за издавање итни налози за апсење на Нетанјаху и Синвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glavniot-obvinitel-na-mks-podnese-zhalba-za-izdavane-itni-nalozi-za-apsene-na-netanjahu-i-sinvar/ Sat, 24 Aug 2024 09:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=809641

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, ги повика судиите итно да издадат налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас, Јахја Синвар, наведувајќи дека тоа е во надлежност на тој суд.

„Според воспоставениот закон, Судот има јурисдикција во оваа ситуација“, напиша Кан во правниот поднесок од 49 страници.

Тој го повика советот од судии на претходна постапка на МКС „веднаш да донесе одлуки“ за барањата што ги поднесе во мај за потерници за Нетанјаху, Синвар и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, заедно со убиениот политички лидер на Хамас Исмаил Ханија и воениот началник Мухамед Деиф.

The post Главниот обвинител на МКС поднесе жалба за издавање итни налози за апсење на Нетанјаху и Синвар appeared first on Република.

]]>

Кан: Судот во Хаг почна со истраги на воени злосторства во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kan-sudot-vo-hag-pochna-so-istragi-na-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/ Fri, 04 Mar 2022 12:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=467757

Истражителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) почнаа да ги истражуваат можните воени злосторства во Украина, изјави главниот обвинител на судот, Карим Кан.

Обвинителот кажа дека неговата канцеларија ќе провери дали има докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и акти на геноцид извршени од сите страни вклучени во конфликтот.

Запрашан за извештаите за артилериски напади врз украинските градови, Кан кажа дека „секоја страна која гаѓа, директно гаѓа цивили или цивилни објекти, врши кривично дело според ’Римскиот статут’ и меѓународното хуманитарно право“.

-Военото право продолжува да важи и ние имаме јасна јурисдикција. Ова е потсетник за сите фракции, сите страни во конфликтот, дека мора да дејствуваат во согласност со законите во војната, рече Кан.

Русија негира дека има за цел цивили и тврди дека нејзината цел е да ја разоружа Украина и да ги уапси нејзините лидери, кои ги нарече неонацисти.

Меѓународниот кривичен суд (МКС), што има 123 земји членки, ги гони поединците одговорни за најтешките злосторства, кога една земја тоа не го може или не го сака.

Ниту Русија, ниту Украина не се членки на МКС, а Москва не го признава Трибуналот што беше востановен во Хаг во 2002 година.

The post Кан: Судот во Хаг почна со истраги на воени злосторства во Украина appeared first on Република.

]]>

Истражителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) почнаа да ги истражуваат можните воени злосторства во Украина, изјави главниот обвинител на судот, Карим Кан. Обвинителот кажа дека неговата канцеларија ќе провери дали има докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и акти на геноцид извршени од сите страни вклучени во конфликтот. Запрашан за извештаите за артилериски напади врз украинските градови, Кан кажа дека „секоја страна која гаѓа, директно гаѓа цивили или цивилни објекти, врши кривично дело според ’Римскиот статут’ и меѓународното хуманитарно право“. -Военото право продолжува да важи и ние имаме јасна јурисдикција. Ова е потсетник за сите фракции, сите страни во конфликтот, дека мора да дејствуваат во согласност со законите во војната, рече Кан. Русија негира дека има за цел цивили и тврди дека нејзината цел е да ја разоружа Украина и да ги уапси нејзините лидери, кои ги нарече неонацисти. Меѓународниот кривичен суд (МКС), што има 123 земји членки, ги гони поединците одговорни за најтешките злосторства, кога една земја тоа не го може или не го сака. Ниту Русија, ниту Украина не се членки на МКС, а Москва не го признава Трибуналот што беше востановен во Хаг во 2002 година.

The post Кан: Судот во Хаг почна со истраги на воени злосторства во Украина appeared first on Република.

]]>