КАРИЛ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karil/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 18:28:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КАРИЛ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karil/ 32 32 Почина и 79-годишната жена по семејното труење со пита во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-i-79-godishnata-zhena-po-semejnoto-truene-so-pita-vo-skopje/ Tue, 31 Oct 2023 18:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=696846

Две недели после снаата почина и свекрвата по семејното труење во скопска Кисела Вода. Синот кој исто така јадел од питата во која се претпоставува дека имало од опасниот пестицид “Ланате” пуштен е пуштен од Токсикологија на домашно лекување. По наредба на јавен обвинител врз телото на 79 годишната жена која беше хоспитализирана на интензивна нега на КАРИЛ ќе биде извршена обдукција. Во меѓувреме се уште се чекаат резултатите од примероците за токсиколошките анализи земени од починатата снаа.

- Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија, соопштија од обвинителството.

Изјава за семејното труење ќе биде земена и од 55 годишниот син. Тој пред 10-тина дена ја загуби жената, а денеска и мајката, откако на 15-ти месецов заедно јаделе од домашно подготбената пита со праз.

The post Почина и 79-годишната жена по семејното труење со пита во Скопје appeared first on Република.

]]>

Две недели после снаата почина и свекрвата по семејното труење во скопска Кисела Вода. Синот кој исто така јадел од питата во која се претпоставува дека имало од опасниот пестицид “Ланате” пуштен е пуштен од Токсикологија на домашно лекување. По наредба на јавен обвинител врз телото на 79 годишната жена која беше хоспитализирана на интензивна нега на КАРИЛ ќе биде извршена обдукција. Во меѓувреме се уште се чекаат резултатите од примероците за токсиколошките анализи земени од починатата снаа. - Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија, соопштија од обвинителството. Изјава за семејното труење ќе биде земена и од 55 годишниот син. Тој пред 10-тина дена ја загуби жената, а денеска и мајката, откако на 15-ти месецов заедно јаделе од домашно подготбената пита со праз.

The post Почина и 79-годишната жена по семејното труење со пита во Скопје appeared first on Република.

]]>
Телото на Камбер е три недели на КАРИЛ, роднините никако да го добијат за достоинствен погреб https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/teloto-na-kamber-e-tri-nedeli-na-karil-rodninite-nikako-da-go-dobijat-za-dostoinstven-pogreb/ Mon, 12 Jun 2023 20:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=650648

Телото на Мемет Камбер не е погребано три недели, што е веќе долг период. Станува збор за еден лавиринт од проблеми за кои сè уште не може да се изнајде решение, од ДНК анализи до Обвинителство, меѓутоа телото сè уште не е предадено на роднините, истакна Марија Сулејманова од НВО „Ромалитико“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Доколку овој проблем не биде решен до среда, ќе излеземе на протести“, изјави Сулејманова.

Телото на младиот Мемет Камбер, како што откри Сулејманова, се наоѓа на КАРИЛ.

„Покрај овој случај, треба да истакнеме дека протест е наменет за изнаоѓање и на системски решенија за сите вакви проблеми што постојат во нашата држава. Ова не е проблем од вчера, ова не е единствен проблем. Ова е проблем кој што се провлекува повеќе години, над 15 години и станува збор за неколку категории на лица, би рекла четири – лица кои немаат прв извод од матична книга на родени, лица кои имаат посебен избов од посебната матична книга на родени, лица кои немаат државјанство и лица кои немаат лична карта“, посочи Сулејманова.

Сите тие, како што нагласи, се различни случаи кои треба да се решат, кои бараат законски измени и кои што се нотирани од повече институции.

 

The post Телото на Камбер е три недели на КАРИЛ, роднините никако да го добијат за достоинствен погреб appeared first on Република.

]]>

Телото на Мемет Камбер не е погребано три недели, што е веќе долг период. Станува збор за еден лавиринт од проблеми за кои сè уште не може да се изнајде решение, од ДНК анализи до Обвинителство, меѓутоа телото сè уште не е предадено на роднините, истакна Марија Сулејманова од НВО „Ромалитико“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Доколку овој проблем не биде решен до среда, ќе излеземе на протести“, изјави Сулејманова. Телото на младиот Мемет Камбер, како што откри Сулејманова, се наоѓа на КАРИЛ. „Покрај овој случај, треба да истакнеме дека протест е наменет за изнаоѓање и на системски решенија за сите вакви проблеми што постојат во нашата држава. Ова не е проблем од вчера, ова не е единствен проблем. Ова е проблем кој што се провлекува повеќе години, над 15 години и станува збор за неколку категории на лица, би рекла четири – лица кои немаат прв извод од матична книга на родени, лица кои имаат посебен избов од посебната матична книга на родени, лица кои немаат државјанство и лица кои немаат лична карта“, посочи Сулејманова. Сите тие, како што нагласи, се различни случаи кои треба да се решат, кои бараат законски измени и кои што се нотирани од повече институции.  

The post Телото на Камбер е три недели на КАРИЛ, роднините никако да го добијат за достоинствен погреб appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: КАРИЛ не е обична гаража за да се чисти со џогер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-karil-ne-e-obichna-garaza-za-da-se-chisti-so-dzoger/ Sat, 03 Sep 2022 10:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=547052

Пред неколку дена здравствениот систем беше хендикепиран, поради поплавувањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување, позната како КАРИЛ. Поради поплавувањето на клиниката, пациентите не беа примани на истата и беа препраќани во други градови и болници. Со ова, беше ставен надвор од функција можеби клучниот објект во терцијарното здравство. Дали и каква солуција е тоа за пациентите, граѓаните може самите да донесат заклучок, вели Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, денес ќе поставиме клучно прашање и клучно предупредување до директорката на КАРИЛ, министерството за здравство и другите надлежни институции: Што се превзело оваа клиника соодветно да се подготви и да профункционира? Внимавајте, ова не е обична гаража или подрум, од кој што треба да се испумпа само водата и да се зачисти со џогер. Доколку клиниката била поплавена од излевање на атмосферска канализација или други води до степен да препраќа пациети, тогаш овде се работи за многу сериозен и темелен процес на враќање во фунција. Не смее брзоплетоста на надлежните да чини животи. Оваа клиника е мошне сериозен и чувствителен дел од здравствениот систем и терцијарното здравство и не смее да се дозволи на било каков начин да се случуваат интерхоспитални инфекции.

Оттука прашуваме: Што е преземено за санирање на поплавите во КАРИЛ? Дали се направени микробиолошки брисеви од страна на Центарот за јавно здравје? Да потсетиме дека оваа институција е надлежна да го споведе ова земање на брисеви и само со три последователни негативни брисеви може да дозволи клиниката да продолжи да работи.

Дали Министерството за здравство и Санитарниот и здравствен инспекторат се вклучени и запознаени со активностите за враќање на клиниката во функција? На крајот, дали е спроведено испитување на електричната инсталација во клиниката, ако се има предвид дека од нејзината исправност зависат апарати и инструменти кои имаат животовитално значење за пациентите.

Клиниката не е дворче или гаража, за после таква поплава да се расчистува фушерски. Оваа клиника третира едни од најтешките случаи во Македонија и мора во најкратко време и според сите строги стандарди да се врати во функција. Животите на граѓаните се важни. Досегашните фушераи и неодговорности на власта во здравството граѓаните многу скапо ги чинеа. Да не дозволиме нешто слично да се повтори, додава таа.

https://youtu.be/4FE6v7e5EJE

The post Стојаноска: КАРИЛ не е обична гаража за да се чисти со џогер appeared first on Република.

]]>

Пред неколку дена здравствениот систем беше хендикепиран, поради поплавувањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување, позната како КАРИЛ. Поради поплавувањето на клиниката, пациентите не беа примани на истата и беа препраќани во други градови и болници. Со ова, беше ставен надвор од функција можеби клучниот објект во терцијарното здравство. Дали и каква солуција е тоа за пациентите, граѓаните може самите да донесат заклучок, вели Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денес ќе поставиме клучно прашање и клучно предупредување до директорката на КАРИЛ, министерството за здравство и другите надлежни институции: Што се превзело оваа клиника соодветно да се подготви и да профункционира? Внимавајте, ова не е обична гаража или подрум, од кој што треба да се испумпа само водата и да се зачисти со џогер. Доколку клиниката била поплавена од излевање на атмосферска канализација или други води до степен да препраќа пациети, тогаш овде се работи за многу сериозен и темелен процес на враќање во фунција. Не смее брзоплетоста на надлежните да чини животи. Оваа клиника е мошне сериозен и чувствителен дел од здравствениот систем и терцијарното здравство и не смее да се дозволи на било каков начин да се случуваат интерхоспитални инфекции. Оттука прашуваме: Што е преземено за санирање на поплавите во КАРИЛ? Дали се направени микробиолошки брисеви од страна на Центарот за јавно здравје? Да потсетиме дека оваа институција е надлежна да го споведе ова земање на брисеви и само со три последователни негативни брисеви може да дозволи клиниката да продолжи да работи. Дали Министерството за здравство и Санитарниот и здравствен инспекторат се вклучени и запознаени со активностите за враќање на клиниката во функција? На крајот, дали е спроведено испитување на електричната инсталација во клиниката, ако се има предвид дека од нејзината исправност зависат апарати и инструменти кои имаат животовитално значење за пациентите. Клиниката не е дворче или гаража, за после таква поплава да се расчистува фушерски. Оваа клиника третира едни од најтешките случаи во Македонија и мора во најкратко време и според сите строги стандарди да се врати во функција. Животите на граѓаните се важни. Досегашните фушераи и неодговорности на власта во здравството граѓаните многу скапо ги чинеа. Да не дозволиме нешто слично да се повтори, додава таа. https://youtu.be/4FE6v7e5EJE

The post Стојаноска: КАРИЛ не е обична гаража за да се чисти со џогер appeared first on Република.

]]>
„Потоп“ на здравството: КАРИЛ е поплавен и надвор од функција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potop-na-zdravstvoto-karil-e-poplaven-i-nadvor-od-funkcija/ Wed, 31 Aug 2022 16:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=546159

ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ - КАРИЛ од денеска е надвор од употреба. Во допис до директорите на клиниките од Кабинетот на министерот за здравство Беким Сали денеска се соопштува дека поради „технички проблеми“ на единицата за интензивно лекување итните пациенти ќе се препраќаат во останатите поголеми клинички центри низ земјата.

Ваквиот систем на работа ќе важи сè до санација на дефектот.

Според неофицијални работи, поплавени простории е причината што најголемиот ургентен центар во моментот е надвор од функција.

 

 

The post „Потоп“ на здравството: КАРИЛ е поплавен и надвор од функција appeared first on Република.

]]>

ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ - КАРИЛ од денеска е надвор од употреба. Во допис до директорите на клиниките од Кабинетот на министерот за здравство Беким Сали денеска се соопштува дека поради „технички проблеми“ на единицата за интензивно лекување итните пациенти ќе се препраќаат во останатите поголеми клинички центри низ земјата. Ваквиот систем на работа ќе важи сè до санација на дефектот. Според неофицијални работи, поплавени простории е причината што најголемиот ургентен центар во моментот е надвор од функција.    

The post „Потоп“ на здравството: КАРИЛ е поплавен и надвор од функција appeared first on Република.

]]>
Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvajca-mladi-pacienti-na-dijaliza-kje-dobijat-bubrezi-od-pochinat-donor/ Sun, 08 May 2022 15:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=499544

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, информираат од МЗ.

Националниот координатот, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија, КАРИЛ, Рендген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за урологија и ортопедија, викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.

Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти.

Уште еднаш големо сочувство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, велат од МЗ.

The post Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, информираат од МЗ. Националниот координатот, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија, КАРИЛ, Рендген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за урологија и ортопедија, викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава. Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти. Уште еднаш големо сочувство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, велат од МЗ.

The post Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>
Тортевски: Не е точно дека Тот на КАРИЛ е примен без видливи повреди, идиот е тој кој избрзано соопштил дека имал срцев удар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tortevski-ne-e-tochno-deka-tot-na-karil-e-primen-bez-vidlivi-povredi-idiot-e-toj-koj-izbrzano-soopshtil-deka-imal-srcev-udar/ Wed, 13 Apr 2022 08:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=487731

Една снимка -  1.000 зборови, целото општество е пресликано во неа (случајот со ракометарот Денис Тот), рече меѓу другото адвокатот Александар Тортевски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

Состојбата за неказнување која постојано се потхранува доведува до вакви однесувања, причините се многу подлабоки - нефункционални семејства, домашно возпитување, консумирање на дроги, идоли на младите им се набилдани силеџии. Ова е комплекс на односи, состојби, лоша едукација, и неказнивост. Факт е дека во последните 15 години владејачката гарнитура дозволува вакви слични дела. Државните служби не ја вршат својата работа се додека јавноста не направи притисок. Има ниска свест кај граѓаните за солидарност, никој не се јавува во полиција, човекот е оставен да лежи, информацијата е дека брзата помош го пронашла сам на тротоарот. Никој не им кажал дека Тот добил силни удари во главата. На КАРИЛ, не е точно дека е примен без видливи повреди, човек во безсознание, прво се отвора вилицата, неговиот јазик бил скинат. Имало многу сериозно крварење, можеби парчето јазик кое е скинато, можеби го задушило. Идиот е тој кој го дал таквото избрзано соопштение, дека имал срцев удар. Очевидците морале да се јават во МВР, требало да се јават и да кажат дека е нападнат, рече Тортевски.

The post Тортевски: Не е точно дека Тот на КАРИЛ е примен без видливи повреди, идиот е тој кој избрзано соопштил дека имал срцев удар appeared first on Република.

]]>

Една снимка -  1.000 зборови, целото општество е пресликано во неа (случајот со ракометарот Денис Тот), рече меѓу другото адвокатот Александар Тортевски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.
Состојбата за неказнување која постојано се потхранува доведува до вакви однесувања, причините се многу подлабоки - нефункционални семејства, домашно возпитување, консумирање на дроги, идоли на младите им се набилдани силеџии. Ова е комплекс на односи, состојби, лоша едукација, и неказнивост. Факт е дека во последните 15 години владејачката гарнитура дозволува вакви слични дела. Државните служби не ја вршат својата работа се додека јавноста не направи притисок. Има ниска свест кај граѓаните за солидарност, никој не се јавува во полиција, човекот е оставен да лежи, информацијата е дека брзата помош го пронашла сам на тротоарот. Никој не им кажал дека Тот добил силни удари во главата. На КАРИЛ, не е точно дека е примен без видливи повреди, човек во безсознание, прво се отвора вилицата, неговиот јазик бил скинат. Имало многу сериозно крварење, можеби парчето јазик кое е скинато, можеби го задушило. Идиот е тој кој го дал таквото избрзано соопштение, дека имал срцев удар. Очевидците морале да се јават во МВР, требало да се јават и да кажат дека е нападнат, рече Тортевски.

The post Тортевски: Не е точно дека Тот на КАРИЛ е примен без видливи повреди, идиот е тој кој избрзано соопштил дека имал срцев удар appeared first on Република.

]]>
КАРИЛ: Ги осудуваме шпекулациите во јавноста поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/karil-gi-osuduvame-shpekulaciite-vo-javnosta-povrzani-so-transparentnosta-za-tragichnata-smrt-na-mladiot-rakometar/ Sun, 10 Apr 2022 10:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=486154

Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ ги осудува, како што наведуваат, сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар.

Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација.

 

Се надеваме дека надележни институции ќе го расветлат случајот во брзо време. До семејството уште еднаш изразуваме длабоко сочувство за нивната загуба.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-stana-prirodno-da-se-umira-nasilno-nekoj-znae-shto-pravi-kupuva-vreme-zakriva-tragi/

Пациентот беше примен рано утрото на 7 април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди. Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш на прием пристапиле кон срцева и белодробна реалнимација. По половина час е воспоставена срцева акција. И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело. При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија.

 

Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата, наведуваат понатаму во соопштението, може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Времетраењето на враќањето на пациентот во живот е потврдено од колегите од Неврохиругија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот.

https://republika.mk/sport/rakomet/rakometarot-tot-bil-napadnat-od-dve-lica-pokazuvaat-snimkite-od-bezbednosnite-kameri/

Пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен на КАРИЛ, почина на 8 април во пладневните часови после 24 часа борба за живот и неколку дополнитени реанимации. Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.

 

Од самиот прием во Ургентниот центар, МВР е известено за состојбата на пациенот. Во текот на вчерашниот ден целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ - стои во соопштението на Клиниката за ТОАРИЛУЦ -КАРИЛ.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека хрватски ракометар Денис Тот, кој почина завчера, бил претепан и дека во врска со случајот се приведени две лица, а едно е во бегство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-rakometarot-denis-tot/

The post КАРИЛ: Ги осудуваме шпекулациите во јавноста поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар appeared first on Република.

]]>

Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ ги осудува, како што наведуваат, сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар.
Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација.   Се надеваме дека надележни институции ќе го расветлат случајот во брзо време. До семејството уште еднаш изразуваме длабоко сочувство за нивната загуба.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-stana-prirodno-da-se-umira-nasilno-nekoj-znae-shto-pravi-kupuva-vreme-zakriva-tragi/
Пациентот беше примен рано утрото на 7 април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди. Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш на прием пристапиле кон срцева и белодробна реалнимација. По половина час е воспоставена срцева акција. И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело. При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија.   Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата, наведуваат понатаму во соопштението, може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Времетраењето на враќањето на пациентот во живот е потврдено од колегите од Неврохиругија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот.
https://republika.mk/sport/rakomet/rakometarot-tot-bil-napadnat-od-dve-lica-pokazuvaat-snimkite-od-bezbednosnite-kameri/
Пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен на КАРИЛ, почина на 8 април во пладневните часови после 24 часа борба за живот и неколку дополнитени реанимации. Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.   Од самиот прием во Ургентниот центар, МВР е известено за состојбата на пациенот. Во текот на вчерашниот ден целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ - стои во соопштението на Клиниката за ТОАРИЛУЦ -КАРИЛ.
Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека хрватски ракометар Денис Тот, кој почина завчера, бил претепан и дека во врска со случајот се приведени две лица, а едно е во бегство. https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-rakometarot-denis-tot/

The post КАРИЛ: Ги осудуваме шпекулациите во јавноста поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар appeared first on Република.

]]>
Јапонска грант помош за набавка на опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, нов ангиограф ќе добие ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/japonska-grant-pomosh-za-nabavka-na-oprema-za-infektivnata-klinika-i-karil-nov-angiograf-kje-dobie-gob-8-septemvri/ Mon, 07 Feb 2022 13:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=455177

Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.

Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на Ковид-19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со Ковид во износ од над 800.000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија, напиша Сали.

Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA), како што посочува министерот, се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100.886 евра.

Во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции. Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство, објави Сали.

The post Јапонска грант помош за набавка на опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, нов ангиограф ќе добие ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.
Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на Ковид-19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со Ковид во износ од над 800.000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија, напиша Сали.
Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA), како што посочува министерот, се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100.886 евра.
Во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции. Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство, објави Сали.

The post Јапонска грант помош за набавка на опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, нов ангиограф ќе добие ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>