кариера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kariera/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 08:40:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кариера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kariera/ 32 32 Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици на втората конференција „Чувари на мудроста“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/uspeshni-profesori-umetnitsi-arhitekti-stopanstvenitsi-na-vtorata-konferentsija-chuvari-na-mudrosta/ Tue, 21 May 2024 07:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=780355

Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици ќе ги споделат своите животни и професионални искуства со младите на втората конференција „Чувари на мудроста“, која ќе се одржи на 11 јуни, во Младински културен центар во Скопје. Станува збор за несекојдневна можност на едно место да се чујат советите на дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во нашата држава. Професорите Мишко Ралев, Радмил Поленаковиќ и Бобан Мисовски, претприемачите Нина Ангеловска и Петар Ниновски, теоретичарката на уметност Искра Гешоска, психологот Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ се дел од учесниците кои ќе дискутираат на различни теми и ќе споделат мудри совети за кариерен развој.

Професор д-р Мишко Ралев, архитект, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, како и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) најмногу се сеќава на едно кажување – совет кој се провлекувал од генерација во генерација. Така и тој, како млад асистент на Архитектонскиот факултет, го добил од неговите професори. „Советот буквално гласеше вака:  ’Да не дозволиш да ти се исушат рапитографите’.  А тоа значи дека само постојаната работа и трагањето по вистинските вредности се единствениот начин да се напредува. Од друга страна, познато е дека добар експерт не е оној кој знае сè, туку оној кој е подготвен постојано да учи“, истакнува Ралев.

Целата дискусија е замислена да се одвива во парови кои се од иста професија или со слична кариерна определба. Панелистите ќе ги споделат личните ставови и она во што веруваат. Публиката ќе има можност да слушне корисни совети за кариерен развој, но и за животната филозофија на говорниците од различни генерации.

Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, прим. д-р невропсихијатар, семеен и системски психотерапевт, истакнува дека меѓу највредните совети што ги добила е постојаната поддршка и верба во нејзините способности – „Ти можеш, умееш и ќе успееш. Биди истрајна и не откажувај се брзо!“ Понатаму, таа нагласува: „Во однос на советите – внимавам со општите совети до сите млади, бидејќи на тој начин покажувам дека не го почитувам богатството на нивните различности! Поблиско ми е правилото дека нема правило, па оттука, немам универзален совет до сите млади.

Можеби нешто што е најблиско до универзален совет е да се обидат да бидат во контакт со себе и да ги препознаат своите способности и предизвици, а ако не успеваат во тоа, да побараат стручна помош. И можеби следен чекор е да бидат креативни во барањето решенија за своите предизвици, зашто многу често заглавуваме токму поради тоа што повторуваме исти решенија, иако претходно не ни дале резултат!“

Втората по ред конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK е важна поддршка и инспирација за младите професионалци и претприемачи. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да добијат и дополнителни стручни совети на работилниците за брендинг и бизнис-план за стартап компании, што ќе се спроведат во рамки на конференцијата.

Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста

The post Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици на втората конференција „Чувари на мудроста“ appeared first on Република.

]]>

Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици ќе ги споделат своите животни и професионални искуства со младите на втората конференција „Чувари на мудроста“, која ќе се одржи на 11 јуни, во Младински културен центар во Скопје. Станува збор за несекојдневна можност на едно место да се чујат советите на дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во нашата држава. Професорите Мишко Ралев, Радмил Поленаковиќ и Бобан Мисовски, претприемачите Нина Ангеловска и Петар Ниновски, теоретичарката на уметност Искра Гешоска, психологот Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ се дел од учесниците кои ќе дискутираат на различни теми и ќе споделат мудри совети за кариерен развој. Професор д-р Мишко Ралев, архитект, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, како и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) најмногу се сеќава на едно кажување – совет кој се провлекувал од генерација во генерација. Така и тој, како млад асистент на Архитектонскиот факултет, го добил од неговите професори. „Советот буквално гласеше вака:  ’Да не дозволиш да ти се исушат рапитографите’.  А тоа значи дека само постојаната работа и трагањето по вистинските вредности се единствениот начин да се напредува. Од друга страна, познато е дека добар експерт не е оној кој знае сè, туку оној кој е подготвен постојано да учи“, истакнува Ралев. Целата дискусија е замислена да се одвива во парови кои се од иста професија или со слична кариерна определба. Панелистите ќе ги споделат личните ставови и она во што веруваат. Публиката ќе има можност да слушне корисни совети за кариерен развој, но и за животната филозофија на говорниците од различни генерации. Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, прим. д-р невропсихијатар, семеен и системски психотерапевт, истакнува дека меѓу највредните совети што ги добила е постојаната поддршка и верба во нејзините способности – „Ти можеш, умееш и ќе успееш. Биди истрајна и не откажувај се брзо!“ Понатаму, таа нагласува: „Во однос на советите – внимавам со општите совети до сите млади, бидејќи на тој начин покажувам дека не го почитувам богатството на нивните различности! Поблиско ми е правилото дека нема правило, па оттука, немам универзален совет до сите млади. Можеби нешто што е најблиско до универзален совет е да се обидат да бидат во контакт со себе и да ги препознаат своите способности и предизвици, а ако не успеваат во тоа, да побараат стручна помош. И можеби следен чекор е да бидат креативни во барањето решенија за своите предизвици, зашто многу често заглавуваме токму поради тоа што повторуваме исти решенија, иако претходно не ни дале резултат!“ Втората по ред конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK е важна поддршка и инспирација за младите професионалци и претприемачи. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да добијат и дополнителни стручни совети на работилниците за брендинг и бизнис-план за стартап компании, што ќе се спроведат во рамки на конференцијата. Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста  

The post Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици на втората конференција „Чувари на мудроста“ appeared first on Република.

]]>
Кај овие хороскопски знаци љубовниот живот страда поради кариерата https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/kaj-ovie-horoskopski-znatsi-lubovniot-zhivot-strada-poradi-karierata/ Fri, 08 Sep 2023 17:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=680046

Посветеноста и трудољубивоста на работа секако се за пофалба, но понекогаш може да доведат до конфликти во други аспекти од животот. Некои хороскопски знаци се претерано посветени на работата, што може да предизвика проблеми во нивниот љубовен живот. Еве кои хороскопски знаци често ја ставаат работата пред љубовта:

Овен
Овните се исклучително амбициозни и имаат желба да се докажуваат. Кога се обврзуваат на нешто, тоа го прават со многу енергија и ентузијазам. Но, нивната природа е таква што често забораваат на рамнотежата помеѓу приватниот и деловниот живот. Исто така, нивната конкурентност може да ги однесе предалеку, предизвикувајќи да заборават на своите партнери.

Девица
Девиците се познати по својот перфекционизам и посветен пристап кон работата. Тие се стремат кон совршенство во сè што прават, а тоа често значи дека на работата посветуваат многу повеќе внимание отколку што треба. Токму затоа нивните партнери често имаат чувство дека не се на прво место.

Јарец
Јарците се родени лидери и често се фокусирани на своите деловни цели. Подготвени се на долги работни часови и жртви за да го постигнат она што го сакаат. За жал, тоа често значи дека нивниот љубовен живот страда бидејќи не успеваат да најдат рамнотежа.

Скорпија
Иако Скорпиите се страствени во љубовта, тие се подеднакво страсни и во кариерата. Ако чувствуваат дека нивната кариера е загрозена или дека можат да постигнат повеќе, запоставуваат сè друго, вклучително и нивните романтични партнери.

The post Кај овие хороскопски знаци љубовниот живот страда поради кариерата appeared first on Република.

]]>

Посветеноста и трудољубивоста на работа секако се за пофалба, но понекогаш може да доведат до конфликти во други аспекти од животот. Некои хороскопски знаци се претерано посветени на работата, што може да предизвика проблеми во нивниот љубовен живот. Еве кои хороскопски знаци често ја ставаат работата пред љубовта: Овен Овните се исклучително амбициозни и имаат желба да се докажуваат. Кога се обврзуваат на нешто, тоа го прават со многу енергија и ентузијазам. Но, нивната природа е таква што често забораваат на рамнотежата помеѓу приватниот и деловниот живот. Исто така, нивната конкурентност може да ги однесе предалеку, предизвикувајќи да заборават на своите партнери. Девица Девиците се познати по својот перфекционизам и посветен пристап кон работата. Тие се стремат кон совршенство во сè што прават, а тоа често значи дека на работата посветуваат многу повеќе внимание отколку што треба. Токму затоа нивните партнери често имаат чувство дека не се на прво место. Јарец Јарците се родени лидери и често се фокусирани на своите деловни цели. Подготвени се на долги работни часови и жртви за да го постигнат она што го сакаат. За жал, тоа често значи дека нивниот љубовен живот страда бидејќи не успеваат да најдат рамнотежа. Скорпија Иако Скорпиите се страствени во љубовта, тие се подеднакво страсни и во кариерата. Ако чувствуваат дека нивната кариера е загрозена или дека можат да постигнат повеќе, запоставуваат сè друго, вклучително и нивните романтични партнери.

The post Кај овие хороскопски знаци љубовниот живот страда поради кариерата appeared first on Република.

]]>
ИТ е најперспективна индустрија за Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/it-e-najperspektivna-industrija-za-makedonija/ Fri, 11 Nov 2022 07:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=572618

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали комапнии кои пружаа услуги по outsourcing  моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. 

Извозот на ИКТ услуги од Македонија, само во минатата година се зголеми за 37% и надмина 330 милиони евра. Над 2.000 економски активни компании фигурираат во ИКТ индустријата, генерирајќи близу милијарда евра во приходи, од кои 70% отпаѓаат на трошоци, а остатокот е чист профит. Оваа индустрија, која се покажа дека беше најимуна на Ковид пандемијата и забележа неверојатен раст во тој период, која вработува близу 20.000 е една од оние со најголеми побарувања на стручни лица за вработување, но исто така е индустрија која заради пандемијата го промовира remote working концептот кој останува тренд и по мерките да се работи од дома или од било каде во светот.

Тоа беше повод, за еднодневната конференција со наслов „The Future is Remote: Maceodnia„ која се одржа во Аудиокултура во Скопје, а ја организираше Native Teams-македонски стартап кој ги реши многуте проблеми на дигиталните номади, фриленсери и вработени во outsource компаниите во Македонија, а од од неодамна и глобално ширејќи се молскавично во дури 30 земји во светот. Оваа компанија е создавач на платформата која на фриленсерите и на сите кои работат remote им нуди флексибилни и лесно достапни начини за наплата на интернационални клиенти како и услуга за подигнување на тие средства со нивни бизнис АТМ картички, а нудат и услуги за регулирање на нивниот работен статус во земјата во која престојуваат, притоа работејќи од било каде во светот и за било кој клиент или фриленс.

„Work from home и work from anywhere, односно remote work  не се нови пристапи на работа во нашата индустрија. Пандемијата беше само катализатор која ја промена идејата и своето функционирање на работа од канцеларија. До 2027 година се смета дека многу повеќе луѓе ќе работат remote отколку од канцеларии- истакна Никола Бубевски, ко-основач и заменик претстедател на комерцијалниот сектор на Native Teams, личност која ги води сите стратешки проекти на глобално ниво за оваа компанија.

На конференцијата, говореа претставници на неколку македонски компании кои нижат успеси низ светот и се во редот компании од оваа индустрија која е нето извозник, односно повеќе извезува, отколку што увезува со што ја зголемува додадената вредност на македонскиот извоз и го намалува трговскиот дефицит во размената со странство.

Одлична е шансата на еден ваков настан да ги споделиме нашите искуства со другите компании како е да се работи remote и во исто време глобално. Нашата компанија е позната по флексибилноста која им ја дава на вработените да одлучат од каде и како сакаат да работат. Слободата на носење на одлуки на вработените долгорочно се исплати. Оттука, можеби и фактот што сме една од комапниите кои неколку години се наоѓа на листата на најпосакувани компании за работа„ - изјави Ентони Наумоф директор на Cosmic Development. Тој е роден и израснал во Чикаго, САД и е дел од една фантастична приказна на враќање во татковината на неговите родители и стартување на компанија која од мала канцеларија во Скопје пред 11 години, денес има своја глобална мрежа на канцеларии и 100 вработени.

Истражувањата покажуваат дека скоро 60% од вработените во овој сектор сака да го задржи принципот на работа од независни локации, а доколку тоа им биде оневозможено ќе бараат друга работа која тоа го дозволува.

„Work from anywhere“ моделот е тука за да остане, а комапниите кои нема да се прилагодат на концептот, можат да се најдат на маргините во битката за нови таленти.

На конференцијата зборуваше на оваа тема и Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија и директор на Nest Investment. Тој како пасиониран инвеститор и претприемач кој е страствен поддржувач на развојот и експанзијата на македонскиот стартап еко-систем заклучи дека кризите, како претходната со пандемијата или оваа која се најавува и ќе биде економска, само укажуваат колку овој сектор и оваа индустрија се жилави, од аспект на прилагодување. Практично, кризите го поттикнуваат развојот на ИКТ индустријата, зголемувајќи ја потребата од повеќе специјалисти во оваа област.

Технолошката револуција, како и иновативните идеи поддржани од храброста на првите луѓе во ⋮IWCONNECT, се одличен пример како една компанија може да успее оттука и да стане глобално позиционирана приказна. Главните мотори на успехот се истрајноста и примената на јасна стратегија. Присуството и на нашата комапнија во Македонија веќе две децении е само доказ дека може да се успее од оваа точка на светот. Не сме инстант приказна на успех. Туку сме сведоци на сите процеси на дигитална трансформација на регионот, кои носеле многу предизвици. Да се работи во вакво опкружување, не е само работа, туку и многу посветеност на комапнијата и на луѓето околу вас. Оттука и нашиот глобален успех„ - истакна Благој Трајковски, директор на развој во ⋮IWCONNECT , IT консултант и менаџер за интеграциски решенија со лично портфолио од 15 посветени години во овој сектор за компанијата која е глобален пример за тоа, како од Македонија се може поинаку и како се создава нова историја за идните генерации.

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали компании кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни комапнии за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари.

Предизвици секако има на претек, но она што радува кај оваа индустрија е константниот раст, особено во време на ковид кризата. Имаме и домашни и странски комапнии на наши адреси, што е најзначајно имаме се повеќе tech компании на домашен терен кои работат на развој на напредни технолошки решенија, продукти и софтвери заклучија присутните.

Remote културата значи и независност, но и комуникација со тимовите. Таа донесе добри нешта, како намалување на трошоците и можноста да се биде на услуга во различни часови заради различни временски зони. Таа овозможи и поинаква мерливост на ефикасноста кај вработените преку алатките кои онлајн работата ги овозможува„- изјави Михаил Китановски, меѓународен бизнис тренер кој како бизнис и менаџмент консултант работел со над 700 клиенти, во повеќе од 80 различни индустрии.

И колку да е голем растот на ИКТ индустријата од година во година, простор за создавање на подобри услови во државата за овој тип на компании секогаш ќе има. Сега го преминавме оној прв воведен ниво на развој и мораме да се соочиме со предизвиците кои носат некои сериозни услови во ИТ светот глобално, во кој Македонија веќе сега е дел. Во минатиот период имавме ИТ компании кои развиваа квалитетни производи, но денес меѓу нив имаме глобални лидери во некои домени. Имаме и голем раст на број на стартап комапнии кои развиваат сопствени производи за големите светски пазари. Тоа значи, дека ИКТ секторот денес во нашата земја создава услуги со голема додадена вредност и врвни продукти за глобалниот пазар, беше заклучено на конференцијата.

The post ИТ е најперспективна индустрија за Македонија appeared first on Република.

]]>

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали комапнии кои пружаа услуги по outsourcing  моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. 

Извозот на ИКТ услуги од Македонија, само во минатата година се зголеми за 37% и надмина 330 милиони евра. Над 2.000 економски активни компании фигурираат во ИКТ индустријата, генерирајќи близу милијарда евра во приходи, од кои 70% отпаѓаат на трошоци, а остатокот е чист профит. Оваа индустрија, која се покажа дека беше најимуна на Ковид пандемијата и забележа неверојатен раст во тој период, која вработува близу 20.000 е една од оние со најголеми побарувања на стручни лица за вработување, но исто така е индустрија која заради пандемијата го промовира remote working концептот кој останува тренд и по мерките да се работи од дома или од било каде во светот. Тоа беше повод, за еднодневната конференција со наслов „The Future is Remote: Maceodnia„ која се одржа во Аудиокултура во Скопје, а ја организираше Native Teams-македонски стартап кој ги реши многуте проблеми на дигиталните номади, фриленсери и вработени во outsource компаниите во Македонија, а од од неодамна и глобално ширејќи се молскавично во дури 30 земји во светот. Оваа компанија е создавач на платформата која на фриленсерите и на сите кои работат remote им нуди флексибилни и лесно достапни начини за наплата на интернационални клиенти како и услуга за подигнување на тие средства со нивни бизнис АТМ картички, а нудат и услуги за регулирање на нивниот работен статус во земјата во која престојуваат, притоа работејќи од било каде во светот и за било кој клиент или фриленс.

„Work from home и work from anywhere, односно remote work  не се нови пристапи на работа во нашата индустрија. Пандемијата беше само катализатор која ја промена идејата и своето функционирање на работа од канцеларија. До 2027 година се смета дека многу повеќе луѓе ќе работат remote отколку од канцеларии- истакна Никола Бубевски, ко-основач и заменик претстедател на комерцијалниот сектор на Native Teams, личност која ги води сите стратешки проекти на глобално ниво за оваа компанија.

На конференцијата, говореа претставници на неколку македонски компании кои нижат успеси низ светот и се во редот компании од оваа индустрија која е нето извозник, односно повеќе извезува, отколку што увезува со што ја зголемува додадената вредност на македонскиот извоз и го намалува трговскиот дефицит во размената со странство.
Одлична е шансата на еден ваков настан да ги споделиме нашите искуства со другите компании како е да се работи remote и во исто време глобално. Нашата компанија е позната по флексибилноста која им ја дава на вработените да одлучат од каде и како сакаат да работат. Слободата на носење на одлуки на вработените долгорочно се исплати. Оттука, можеби и фактот што сме една од комапниите кои неколку години се наоѓа на листата на најпосакувани компании за работа„ - изјави Ентони Наумоф директор на Cosmic Development. Тој е роден и израснал во Чикаго, САД и е дел од една фантастична приказна на враќање во татковината на неговите родители и стартување на компанија која од мала канцеларија во Скопје пред 11 години, денес има своја глобална мрежа на канцеларии и 100 вработени.
Истражувањата покажуваат дека скоро 60% од вработените во овој сектор сака да го задржи принципот на работа од независни локации, а доколку тоа им биде оневозможено ќе бараат друга работа која тоа го дозволува. „Work from anywhere“ моделот е тука за да остане, а комапниите кои нема да се прилагодат на концептот, можат да се најдат на маргините во битката за нови таленти. На конференцијата зборуваше на оваа тема и Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија и директор на Nest Investment. Тој како пасиониран инвеститор и претприемач кој е страствен поддржувач на развојот и експанзијата на македонскиот стартап еко-систем заклучи дека кризите, како претходната со пандемијата или оваа која се најавува и ќе биде економска, само укажуваат колку овој сектор и оваа индустрија се жилави, од аспект на прилагодување. Практично, кризите го поттикнуваат развојот на ИКТ индустријата, зголемувајќи ја потребата од повеќе специјалисти во оваа област.
Технолошката револуција, како и иновативните идеи поддржани од храброста на првите луѓе во ⋮IWCONNECT, се одличен пример како една компанија може да успее оттука и да стане глобално позиционирана приказна. Главните мотори на успехот се истрајноста и примената на јасна стратегија. Присуството и на нашата комапнија во Македонија веќе две децении е само доказ дека може да се успее од оваа точка на светот. Не сме инстант приказна на успех. Туку сме сведоци на сите процеси на дигитална трансформација на регионот, кои носеле многу предизвици. Да се работи во вакво опкружување, не е само работа, туку и многу посветеност на комапнијата и на луѓето околу вас. Оттука и нашиот глобален успех„ - истакна Благој Трајковски, директор на развој во ⋮IWCONNECT , IT консултант и менаџер за интеграциски решенија со лично портфолио од 15 посветени години во овој сектор за компанијата која е глобален пример за тоа, како од Македонија се може поинаку и како се создава нова историја за идните генерации.
Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали компании кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни комапнии за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. Предизвици секако има на претек, но она што радува кај оваа индустрија е константниот раст, особено во време на ковид кризата. Имаме и домашни и странски комапнии на наши адреси, што е најзначајно имаме се повеќе tech компании на домашен терен кои работат на развој на напредни технолошки решенија, продукти и софтвери заклучија присутните.
Remote културата значи и независност, но и комуникација со тимовите. Таа донесе добри нешта, како намалување на трошоците и можноста да се биде на услуга во различни часови заради различни временски зони. Таа овозможи и поинаква мерливост на ефикасноста кај вработените преку алатките кои онлајн работата ги овозможува„- изјави Михаил Китановски, меѓународен бизнис тренер кој како бизнис и менаџмент консултант работел со над 700 клиенти, во повеќе од 80 различни индустрии.
И колку да е голем растот на ИКТ индустријата од година во година, простор за создавање на подобри услови во државата за овој тип на компании секогаш ќе има. Сега го преминавме оној прв воведен ниво на развој и мораме да се соочиме со предизвиците кои носат некои сериозни услови во ИТ светот глобално, во кој Македонија веќе сега е дел. Во минатиот период имавме ИТ компании кои развиваа квалитетни производи, но денес меѓу нив имаме глобални лидери во некои домени. Имаме и голем раст на број на стартап комапнии кои развиваат сопствени производи за големите светски пазари. Тоа значи, дека ИКТ секторот денес во нашата земја создава услуги со голема додадена вредност и врвни продукти за глобалниот пазар, беше заклучено на конференцијата.  

The post ИТ е најперспективна индустрија за Македонија appeared first on Република.

]]>
Серена Вилијамс објавува крај на тениската кариера https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/serena-vilijams-objavuva-kraj-na-teniskata-kariera/ Tue, 09 Aug 2022 15:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=538417

Серена Вилијамс, веројатно најдобрата тенисерка во историјата наскоро ќе објави дека ја завршува својата кариера. Веројатно тоа ќе се случи по настапот на УС Опен, по што и дефинитивно ќе се прости од активното играње тенис.

Помалата од сестрите Вилијамс во својата кариера успеа да освои 23 гренслем титули.

Интересно, прво на насловната страна на „Вог“ ја имаше пораката „Простувањето на Серена“ за да потоа, заедно со насловната, таа на своите социјални мрежи покрај другото напиша…

Доаѓа моментот кога во животот мораш да тргнеш по друг правец. Почна одбројувањето, морам да се фокусирам на тоа да бидам мајка. Ќе уживам во овие наредни недели“.

The post Серена Вилијамс објавува крај на тениската кариера appeared first on Република.

]]>

Серена Вилијамс, веројатно најдобрата тенисерка во историјата наскоро ќе објави дека ја завршува својата кариера. Веројатно тоа ќе се случи по настапот на УС Опен, по што и дефинитивно ќе се прости од активното играње тенис. Помалата од сестрите Вилијамс во својата кариера успеа да освои 23 гренслем титули. Интересно, прво на насловната страна на „Вог“ ја имаше пораката „Простувањето на Серена“ за да потоа, заедно со насловната, таа на своите социјални мрежи покрај другото напиша…