Кардиохирургија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kardiohirurgija/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 12:32:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кардиохирургија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kardiohirurgija/ 32 32 Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demiri-go-razreshi-direktorot-shokarovski-poradi-visoka-smrtnost-na-kardiohirurgija/ Mon, 27 May 2024 10:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=782048

Разрешен е директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски, кажа денеска министерот за здравство Илир Демири.

До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени. Јас сум министер во заминување и сакав да го одложам ова, но денеска решив да го разрешам д-р Шокаровски, рече Демири на прес-конференција во Министерството за здравство.

На прашање кој ќе го замени директорот, министерот вели дека ќе го остави тоа прашање, но ако тој се прашува тоа нема да биде вработен во кардиохирургија. И веќе формирал нова комисија за превенција од кардиоваскуларни заболувања која ќе консултира светски истакнати стручни лица.

The post Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Д-р Јовев: Никој никого не физички не нападна, имаше само вербален конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-nikoj-nikogo-ne-fizichki-ne-napadna-imashe-samo-verbalen-konflikt/ Mon, 18 Sep 2023 16:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=682949

Инцидентот на Кардиохирургија денеска покрена лавина реакции. Додека едни обвинуваат дека доктор претепал директор, а вербално нападнал медицинска сестра, обвинетиот тврди дека тој е нападнат и ќртва во целиот инцидент. МВР денес информира дека сегашниот директор на клиниката, Марјан Шокаровски, бил физички нападнат од вработен во установата со иницијали С.Ј. Дел од медиумите објавија дека се работи за доктор Сашо Јовев кој влегол во конфликт со Шокаровски. Но Јовев пак за медиумите дематира дека воопшто нападнал некого. Според него имало само вербален напад, во ниту еден момент физичка пресметка како што беше објавено. тврди дека е под постојан мобинг, а денеска и вербално бил нападат од директорот.

-Ми беше прв ден на работа после боледување. Дојдов, се поздравив со сите колеги, јас со сите сум во добри односи. Ме чекаа 17 пациенти. Директорот мене вербално ме нападна, се однесуваше недолично и не ми дозволи да одам во амбуланта. Ми се обрати со зборовите „Ти пред мене“, „Доаѓај ваму, пред мене“… Јас на тоа вребално му вратив. Му реков да не се однесува така со мене, кој сум постар и реков „Да не ти се случи друг пат ова“. Пријавив дека сум вербално нападнат. Ниту тој ме удри мене, ниту јас него. Под постојан вербален напад сум и трпам мобинг, затоа отидов да пријавам. Тој се закануваше со полиција, јас знаев што сака да направи и затоа сам пријавив, вели Јовев за КУРИР.

Поранешниот директор изјавува дека долг период трпел неправди и стресови на работното место. Се сомнева дека зад сево ова стои нечија жела тој да замине од клиниката.

-Веројатно сакаат да си одам од клиника, можеби претставувам „опасност“ па сакаат да ме тргнат. Знам за се што се случува. Директорот има поддршка од некој, од тој некој што ме сменил мене од работното место. Ова е монтажа и сакаат да ме натераат да си одам. Процесот со моето разрешување не е завршен, знаат дека е можно да се вратам, истакна Јовев.

The post Д-р Јовев: Никој никого не физички не нападна, имаше само вербален конфликт appeared first on Република.

Меџити го потврди инцидентот на Кардиохирургија – вербално нападната сестра, истепан директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/medhiti-go-potvrdi-intsidentot-na-kardiohirurgija-verbalno-napadnata-sestra-istepan-direktor/ Mon, 18 Sep 2023 14:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=682933

За инцидентот којшто утрово се случил на Клиниката за кардиохирургија е запознаен и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Оваа вест штотуку ја потврдија од ресорното министерство преку соопштение испратено до медиумите.

„Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите“, велат од ресорното министерство.

Утрово вработен на Клиниката за кардиохирургија, прво вербално нападнал медицинска сестра, потоа го истепал актуелниот директор, па на крај сам се пријавил во полициската станица во Центар.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од МВР.

The post Меџити го потврди инцидентот на Кардиохирургија – вербално нападната сестра, истепан директор appeared first on Република.

Јовев го потпишал решението со кое е разрешен од директор на Кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovev-go-potpishal-reshenieto-za-negovo-razreshuvane-od-direktor-na-kardiohirurgija/ Sun, 11 Jun 2023 17:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=650213

Сашко Јовев за МИА потврди дека вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија.

Тој посочува дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено.

Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити, поради како што тврдеше министерот утврдени злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер.

Јовев во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека засега останува на кардиохирургија иако, како што посочи, веќе имал понуди од странство.

The post Јовев го потпишал решението со кое е разрешен од директор на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Сашко Јовев за МИА потврди дека вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија. Тој посочува дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено. Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити, поради како што тврдеше министерот утврдени злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер. Јовев во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека засега останува на кардиохирургија иако, како што посочи, веќе имал понуди од странство.

The post Јовев го потпишал решението со кое е разрешен од директор на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
Јовев: Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovev-siguren-sum-deka-ministerot-ke-ja-popravi-greshkata-moeto-mesto-e-na-kardiohirurgija/ Wed, 07 Jun 2023 14:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=648911

Професор д-р Сашко Јовев во врска со понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска упати повик до него да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, како што тврдеше поради неработење и нерегуларности, рече дека тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија.

Јовев, кој вчера беше разрешен од позицијата директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, истакна дека министерот нему лично не му се обратил во врска со денешната понуда, но потенцира дека себе си се гледа во Клиниката, заедно со неговиот тим, со кој ќе постигнуваат уште поголеми успеси.

-Сметам дека моето место е на Клиниката за кардиохирургија, да го водам својот тим и заеднички да постигнуваме уште многу успеси, нагласи Јовев, кој денешната изјава ја даде во присуство на проф. д-р Горан Димитровски, претседател на Македонското лекарско друштво.

Јовев рече дека ќе продолжи со борбата, затоа што е сигурен дека министерот ќе ја поправи оваа грешка.

Димитровски, пак, во името на целото Друштво го изрази незадоволството од одлуката на Министерството за разрешувањето на д-р Јовев.

-Разрешувањето на професор д-р Сашко Јовев од место директор на Кардиохирургија деновиве ја бранува јавноста и лекарската фела пред се од причина што образложението на МЗ за оваа постапка сметаме дека е неиздражано и небулозно. За лекар, кој прв пат во Македонија направил трансплантација на срце и досега заедно со својот тим, кој тој го формирал и на светски стручно ниво вршел и други трансплатации на срце, како и интервенции со кои се спасени многу животи од други заболувања на срце кај пациенти, оваа одлука навистина е неразибрлива. Македонското лекарско друштво е против ваквата одкука на МЗ за разрешување на Јовев и изјавата на минстерот за здравство дека не му требаат директори кои шест месеци не дале резултати е неоснована, рече Димитровски.

Тој нагласи дека оваа одлука е лоша порака за младите лекари, бидејќи се разрешува некој, кој постигнува резултати на национало и интернационално ниво.

-Сметаме дека одлуката на Министерството за разрешување на професорот Јовев сепак ќе се повлече и дека ваквите врвни, стручни лекари македонското здравство и институциите на системот ќе знаат да ги зачуваат, почитуваат и наградуваат наместо да ги казнуваат, нагласи Димитровски

The post Јовев: Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Професор д-р Сашко Јовев во врска со понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска упати повик до него да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, како што тврдеше поради неработење и нерегуларности, рече дека тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија. Јовев, кој вчера беше разрешен од позицијата директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, истакна дека министерот нему лично не му се обратил во врска со денешната понуда, но потенцира дека себе си се гледа во Клиниката, заедно со неговиот тим, со кој ќе постигнуваат уште поголеми успеси.
-Сметам дека моето место е на Клиниката за кардиохирургија, да го водам својот тим и заеднички да постигнуваме уште многу успеси, нагласи Јовев, кој денешната изјава ја даде во присуство на проф. д-р Горан Димитровски, претседател на Македонското лекарско друштво.
Јовев рече дека ќе продолжи со борбата, затоа што е сигурен дека министерот ќе ја поправи оваа грешка. Димитровски, пак, во името на целото Друштво го изрази незадоволството од одлуката на Министерството за разрешувањето на д-р Јовев.
-Разрешувањето на професор д-р Сашко Јовев од место директор на Кардиохирургија деновиве ја бранува јавноста и лекарската фела пред се од причина што образложението на МЗ за оваа постапка сметаме дека е неиздражано и небулозно. За лекар, кој прв пат во Македонија направил трансплантација на срце и досега заедно со својот тим, кој тој го формирал и на светски стручно ниво вршел и други трансплатации на срце, како и интервенции со кои се спасени многу животи од други заболувања на срце кај пациенти, оваа одлука навистина е неразибрлива. Македонското лекарско друштво е против ваквата одкука на МЗ за разрешување на Јовев и изјавата на минстерот за здравство дека не му требаат директори кои шест месеци не дале резултати е неоснована, рече Димитровски.
Тој нагласи дека оваа одлука е лоша порака за младите лекари, бидејќи се разрешува некој, кој постигнува резултати на национало и интернационално ниво.
-Сметаме дека одлуката на Министерството за разрешување на професорот Јовев сепак ќе се повлече и дека ваквите врвни, стручни лекари македонското здравство и институциите на системот ќе знаат да ги зачуваат, почитуваат и наградуваат наместо да ги казнуваат, нагласи Димитровски

The post Јовев: Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
Отворена хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/otvorena-hibridna-sala-na-univerzitetskata-klinika-za-drzhavna-kardiohirurgija/ Sat, 27 May 2023 12:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=645180

Здравјето на граѓаните е најважно, изјави премиерот Димитар Ковачевски, при денешното отворање на хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Кардиохирурзите започнаа да работат во хибридна операциона сала, која е прва ваква сала во државата.

Денеска правиме еден голем успешен исчекор во следење на современите медицински трендови, што само говори за нашата сериозност како Влада, дека во наш фокус е зајакнување на јавното здравство, инвестирање во човечки ресурси, модернизирање на болниците, посочи премиерот.

Во центарот на здравствените реформи, нагласи тој, секако, се пациентите, „тие заслужуваат најдобар, најсовремен, болнички третман, навремено лекување и рана дијагностика“.

Јас утрово го посетив пациентот на кој вчера му беа извршени интервенции во хибридната сала и тој се чувствува добро, набрзо ќе замине дома и многу скоро ќе се врати на неговото секојдневие, информираше Ковачевски.

Тој потсети дека хибридната операциона сала овозможува хирургија со малку компликации, кратка рехабилитација, таканаречена минимално инвазивна хирургија. Ваквите процедури, додаде, покрај медицинската оправданост, секогаш се преферираат од страна на пациентот. На тој начин тој побрзо се враќа на секојдневниот живот и истовремено, државата троши помалку средства во неговата рехабилитација. Со оваа хибридна кардио-васкуларна сала, рече, се има можност да се направи многу голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази, а најголемиот бенефит од овој проект, го имаат пациентите.

Нивното задоволство е мерило на сѐ она што како Влада, како Министерство за здравство и како Клиника се залагаме да го реализираме. Здравјето на нашите граѓани е најважно, ништо не е повредно од тоа и затоа ништо нема да нѐ поколеба да останеме посветени да овозможиме најсовремени услови за лекување. Тимот на хирурзи, лекари, целокупниот медицински персонал, овде во овој Универзитетски центар – Клиниката за кардиохирургија, досега во многу наврати нѐ направиле горди и среќни со нивната стручна експертиза, посветеност во работата, заштитата на пациентите, грижата за нив, подвлече премиерот.

Ковачевски потсети дека среде корона-кризата, на оваа Клиника се испиша историја за македонското здравство, се направи првата кадаверична трансплантација на срце во земјата, односно трансплантација од починат донор. Сега со новата хибридна операциона сала, Ковачевски верува во многу успешни операции и многу задоволни пацинети.

Како Влада имаме одговорност да се грижиме за пациентите и за здравствените работници и ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Повеќе од 40 години, здравствениот систем во Република Македонија беше во клиничка кома. Со сите овие залагања, од реновирање на клиники и болници ширум државата, од купување на современа апаратура, реновирање и комплетна реконструкција на операциони сали, по светски стандарди, реконструкција и опремување на цели болнички оддели, ја покажуваме нашата цврста определба за развој на здравствениот систем во Македонија, рече Ковачевски.

Тој истакна дека пријателската поддршка е од голема помош во зајакнување на капацитетите во јавно-здравствените установи. Премиерот упати благодарност до амбасадата на Јапонија и до амбасадорот Оцука Казуја, за донацијата на бронхоскоп, апарат што на Клиниката за кардиохирургија ќе се користи и во операциона сала и во интензивна нега.

Директорот на клиниката, професор доктор Сашко Јовев, рече дека им е чест што се домаќини при отворањето на прва ваква сала во државата и пошироко и ставањето во употреба на апаратот за долготрајна вонтелесна срцева и белодробна поддршка. Тој нагласи дека работат сѐ што се работи во моментов во светот од областа на нивната субспецијалист, имаат знаење, искуство, тимска работа, најсофистицирана опрема.

Нашиот народ добива нови модалитети за третман на најтешките и најчестите заболувања. Клиничкиот кампус поголема сигурност. А државата, ултрамодерна клиника, нагласи тој, осврнувајќи се и на други програми што ги работат и упатувајќи благодарност до стручниот тим на клиниката, Светска банка и Фондот за здравствено осигурување, министерот за здравство.

Задоволство од отворањето на првата хибридна сала во државава, изрази и јапонскиот амбасадор.

Мило ми е што бронхоскопот, донација од народот на Јапонија, ќе се користи тука, додаде Оцука Казуја, осврнувајќи се на поддршката што континуирано ја даваат низ годините.

Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија истакна дека ова е прва ваква сала во државата. Многу е значајна, бидејќи кардиоваскуларните заболувања се водечки по смртност во светот, неопходно е нивно брзо решавање, без да се губи време. Во оваа сала, ќе работи заедно со професорот Сашко Јовев, директорот, кардиохирург и со доктор Никола Лазовски, васкуларен хирург.

The post Отворена хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Здравјето на граѓаните е најважно, изјави премиерот Димитар Ковачевски, при денешното отворање на хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Кардиохирурзите започнаа да работат во хибридна операциона сала, која е прва ваква сала во државата.
Денеска правиме еден голем успешен исчекор во следење на современите медицински трендови, што само говори за нашата сериозност како Влада, дека во наш фокус е зајакнување на јавното здравство, инвестирање во човечки ресурси, модернизирање на болниците, посочи премиерот.
Во центарот на здравствените реформи, нагласи тој, секако, се пациентите, „тие заслужуваат најдобар, најсовремен, болнички третман, навремено лекување и рана дијагностика“.
Јас утрово го посетив пациентот на кој вчера му беа извршени интервенции во хибридната сала и тој се чувствува добро, набрзо ќе замине дома и многу скоро ќе се врати на неговото секојдневие, информираше Ковачевски.
Тој потсети дека хибридната операциона сала овозможува хирургија со малку компликации, кратка рехабилитација, таканаречена минимално инвазивна хирургија. Ваквите процедури, додаде, покрај медицинската оправданост, секогаш се преферираат од страна на пациентот. На тој начин тој побрзо се враќа на секојдневниот живот и истовремено, државата троши помалку средства во неговата рехабилитација. Со оваа хибридна кардио-васкуларна сала, рече, се има можност да се направи многу голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази, а најголемиот бенефит од овој проект, го имаат пациентите.
Нивното задоволство е мерило на сѐ она што како Влада, како Министерство за здравство и како Клиника се залагаме да го реализираме. Здравјето на нашите граѓани е најважно, ништо не е повредно од тоа и затоа ништо нема да нѐ поколеба да останеме посветени да овозможиме најсовремени услови за лекување. Тимот на хирурзи, лекари, целокупниот медицински персонал, овде во овој Универзитетски центар – Клиниката за кардиохирургија, досега во многу наврати нѐ направиле горди и среќни со нивната стручна експертиза, посветеност во работата, заштитата на пациентите, грижата за нив, подвлече премиерот.
Ковачевски потсети дека среде корона-кризата, на оваа Клиника се испиша историја за македонското здравство, се направи првата кадаверична трансплантација на срце во земјата, односно трансплантација од починат донор. Сега со новата хибридна операциона сала, Ковачевски верува во многу успешни операции и многу задоволни пацинети.
Како Влада имаме одговорност да се грижиме за пациентите и за здравствените работници и ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Повеќе од 40 години, здравствениот систем во Република Македонија беше во клиничка кома. Со сите овие залагања, од реновирање на клиники и болници ширум државата, од купување на современа апаратура, реновирање и комплетна реконструкција на операциони сали, по светски стандарди, реконструкција и опремување на цели болнички оддели, ја покажуваме нашата цврста определба за развој на здравствениот систем во Македонија, рече Ковачевски.
Тој истакна дека пријателската поддршка е од голема помош во зајакнување на капацитетите во јавно-здравствените установи. Премиерот упати благодарност до амбасадата на Јапонија и до амбасадорот Оцука Казуја, за донацијата на бронхоскоп, апарат што на Клиниката за кардиохирургија ќе се користи и во операциона сала и во интензивна нега. Директорот на клиниката, професор доктор Сашко Јовев, рече дека им е чест што се домаќини при отворањето на прва ваква сала во државата и пошироко и ставањето во употреба на апаратот за долготрајна вонтелесна срцева и белодробна поддршка. Тој нагласи дека работат сѐ што се работи во моментов во светот од областа на нивната субспецијалист, имаат знаење, искуство, тимска работа, најсофистицирана опрема.