карцином Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karcinom/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 09:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карцином Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karcinom/ 32 32 Министерството за здравство најавува дека од 2024 година ќе има скрининг за карцином на дебело црево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-najavuva-deka-od-2024-godina-ke-ima-skrining-za-kartsinom-na-debelo-tsrevo/ Sat, 16 Dec 2023 09:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=723561

Министерството за здравство (МЗ), во склоп на националните програми, има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања, која покрај скринингот за рана детекија и скрининг за рак на дојка, ги опфаќа и скринингот за карциноми на грлото на матката.

Од Министерството за здравство најауваат и почеток на скрининг за карцином на дебело црево.

Од 2024 година се надеваме дека ќе започнеме и со скрининг за карцином на дебело црево, благодарение на сите подготвителни активности на Министерството за здравство, заложбите на министерот за здравство, Фатмир Меџити и заменик министерката, Маја Манолева, како и ентузијазмот на докторите бидејки еден скрининг процес е многу комплексен, наведуваат од МЗ.

Скринингот на карцином на дебело црево ќе се прави исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ, согласно стандардите и ЕУ директивите кои ги следиме. Сите овие директиви во форма на задачи беа зададени на МЗ според кое што беа прилагодувани во сите три скрининг програми во текот на годината. Ќе има комплетно нова амбуланта финансирана од МЗ, нов комлетен колоноскопски кабинет, комплетна опрема, додека во однос на кадар клиниката, се наведува, веќе располага со квалитетен и обучен кадар.

Што се однесува за скрининг на рак на дојка во тек на 2022 и 2023 година се набавени голем број апарати, најсофистицирана опрема односно дигитална мамографија во Општа Болница Куманово, Струмица, Дебар и ОБ Тетово, ОБ 8ми Септември и Институтот за Радиологија, нови мамомати со можност за стереотакса и томосинтеза.

Во план за јавни набавки се ставени и одредени коили. Тоа, се појаснува, се додатоци на магнет, меѓу кои има и коил за дојка за да може во специјалистичките кабинети да се изведуваат и пософистицирани методи за дијгностика. Во моментот магнет за дојка работи само во ОБ 8ми Септември. Магнетот на дојка се прави на пациентки што се во помлада возраст, доколку имаат некои промени под 40 години, каде што мамографијата не е клинички индицирана.

Формирана е и национална комисија „Тумор Борд” за пациенти со дијагностициран рак на дојка, која ќе работи на патеката кај овие пациентки. Комисијата ја сочинуваат специјалисти од повеќе клиники кои се вклучени во процесот.

Можеме да истакнеме со оглед на нашата анализа на податоци, пријавени на скринингот беа 10.000 пациентки, додека реализирани биле 4900 скрининг мамографии. Апелираме жените што ги добиваат пораките преку пријавениот телефонски број, да ги почитуваат дадените термини и локација и доколку не се во можност да одат да ги откажат своите термини, бидејќи го зафаќаат терминот на жени кои сакаат да бидат вклучени во програмата, апелираат од Министерството за здравствство.

The post Министерството за здравство најавува дека од 2024 година ќе има скрининг за карцином на дебело црево appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство (МЗ), во склоп на националните програми, има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања, која покрај скринингот за рана детекија и скрининг за рак на дојка, ги опфаќа и скринингот за карциноми на грлото на матката. Од Министерството за здравство најауваат и почеток на скрининг за карцином на дебело црево.
Од 2024 година се надеваме дека ќе започнеме и со скрининг за карцином на дебело црево, благодарение на сите подготвителни активности на Министерството за здравство, заложбите на министерот за здравство, Фатмир Меџити и заменик министерката, Маја Манолева, како и ентузијазмот на докторите бидејки еден скрининг процес е многу комплексен, наведуваат од МЗ.
Скринингот на карцином на дебело црево ќе се прави исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ, согласно стандардите и ЕУ директивите кои ги следиме. Сите овие директиви во форма на задачи беа зададени на МЗ според кое што беа прилагодувани во сите три скрининг програми во текот на годината. Ќе има комплетно нова амбуланта финансирана од МЗ, нов комлетен колоноскопски кабинет, комплетна опрема, додека во однос на кадар клиниката, се наведува, веќе располага со квалитетен и обучен кадар. Што се однесува за скрининг на рак на дојка во тек на 2022 и 2023 година се набавени голем број апарати, најсофистицирана опрема односно дигитална мамографија во Општа Болница Куманово, Струмица, Дебар и ОБ Тетово, ОБ 8ми Септември и Институтот за Радиологија, нови мамомати со можност за стереотакса и томосинтеза. Во план за јавни набавки се ставени и одредени коили. Тоа, се појаснува, се додатоци на магнет, меѓу кои има и коил за дојка за да може во специјалистичките кабинети да се изведуваат и пософистицирани методи за дијгностика. Во моментот магнет за дојка работи само во ОБ 8ми Септември. Магнетот на дојка се прави на пациентки што се во помлада возраст, доколку имаат некои промени под 40 години, каде што мамографијата не е клинички индицирана. Формирана е и национална комисија „Тумор Борд” за пациенти со дијагностициран рак на дојка, која ќе работи на патеката кај овие пациентки. Комисијата ја сочинуваат специјалисти од повеќе клиники кои се вклучени во процесот.
Можеме да истакнеме со оглед на нашата анализа на податоци, пријавени на скринингот беа 10.000 пациентки, додека реализирани биле 4900 скрининг мамографии. Апелираме жените што ги добиваат пораките преку пријавениот телефонски број, да ги почитуваат дадените термини и локација и доколку не се во можност да одат да ги откажат своите термини, бидејќи го зафаќаат терминот на жени кои сакаат да бидат вклучени во програмата, апелираат од Министерството за здравствство.

The post Министерството за здравство најавува дека од 2024 година ќе има скрининг за карцином на дебело црево appeared first on Република.

]]>
Британската Влада и „БиоНТек” потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/britanskata-vlada-i-biontek-potpishaa-dogovor-za-razvoj-na-novi-terapii-protiv-kartsinom/ Fri, 06 Jan 2023 14:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=594193

Британската Влада и германската фармацевтска компанија „БиоНТек” ќе склучат договор, со што ќе го забрза истражувањето на полето на нови терапии против ракот, најави британскиот министер за здравство Стив Баркли.

Тој наведе дека денеска ќе потпише меморандум за разбирање со „БиоНТек” за „најдобрите лекови за рак да им бидат достапни на луѓето што е можно поскоро”.

Тоа значи дека персонализираните мНРА терапии за британските пациенти со рак, вклучително и вакцините против коронавирусот, може да бидат достапни уште оваа есен. „БиоНТек” и „Фајзер” заеднички развија мРНА вакцина против новиот коронавирус.

Во партнерство со британската Влада, „БиоНТек” би можела да достави околу 10.000 дози за третман на рак на британски пациенти до 2030 година.

– Откако ќе се открие ракот, мора да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучувајќи терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот, посочи Баркли.

Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати.

Овој договор, истакна Баркли, е продолжение на ветувањето на Владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.

The post Британската Влада и „БиоНТек” потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином appeared first on Република.

]]>

Британската Влада и германската фармацевтска компанија „БиоНТек” ќе склучат договор, со што ќе го забрза истражувањето на полето на нови терапии против ракот, најави британскиот министер за здравство Стив Баркли.
Тој наведе дека денеска ќе потпише меморандум за разбирање со „БиоНТек” за „најдобрите лекови за рак да им бидат достапни на луѓето што е можно поскоро”. Тоа значи дека персонализираните мНРА терапии за британските пациенти со рак, вклучително и вакцините против коронавирусот, може да бидат достапни уште оваа есен. „БиоНТек” и „Фајзер” заеднички развија мРНА вакцина против новиот коронавирус. Во партнерство со британската Влада, „БиоНТек” би можела да достави околу 10.000 дози за третман на рак на британски пациенти до 2030 година.
– Откако ќе се открие ракот, мора да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучувајќи терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот, посочи Баркли.
Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати. Овој договор, истакна Баркли, е продолжение на ветувањето на Владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.

The post Британската Влада и „БиоНТек” потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином appeared first on Република.

]]>
Владата на СДСМ и ДУИ ги остави без терапија пациентите со карцином https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-na-sdsm-i-dui-gi-ostavi-bez-terapija-pacientite-so-karcinom/ Sun, 22 May 2022 08:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=505388

Владата на СДСМ и ДУИ ги остави без терапија цел еден месец лицата со колоректален, оваријален и цервикален карцином, терапија која за нив значи живот. Владата на СДСМ и ДУИ, која има 100 милиони евра за непродуктивни трошоци, нема пари за терапија за пециентите со карцином, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за здравство не направило и не прави набавка на оваа терапија, што е огромен скандал и пример за неоговорност. Власта не заборава и не пропушта да објави набавки кај што има провизии, кога се набавува кафе, апетисани, морски плодови, службени возила или други луксузи, а ова набавка не ја прави.

The post Владата на СДСМ и ДУИ ги остави без терапија пациентите со карцином appeared first on Република.