карате Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karate/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 16:53:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карате Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karate/ 32 32 Злато и две сребра – Историска жетва на медали за битолското карате https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zlato-i-dve-srebra-istoriska-zhetva-na-medali-za-bitolskoto-karate/ Tue, 03 Sep 2024 16:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=812756

Злато и две сребра е историски успех за К.К „ЗАНШИН ДО“ - БИТОЛА. По
57 години од кога постои Карате федерацијата на Македонија за првпат Битола добива шампиони и вице шампиони на државно првенство во кадети, јуниори и во категорија до 21 година.

Ката тимот жени во кадети и јуниори Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска се закитија со златни медали и пехар со што се пласираа за светското првенство кое ќе се одржи од 9-13.10.2024 год во Венеција - Италија. Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски се закитија со сребрени медали и пехар во ката тим кадети јуниори мажи . Михаил Марковски се закити со среберен медал и во поединечно во кати кадети кој во финале загуби за 0,5 бодови.

Претходните денови тренерот на К.К . „ЗАНШИН ДО“ - БИТОЛА и селектор на репрезентација во кати У12 и У14 на КФМ Стевка Јанковска Петковска се здоби со 5-ти дана црн појас со што за прв пат Битола доби жена со толку висок степен на признание во историјата на каратето во Македонија.

Горда сум како тренер што Битола полека се искачува на ранг листата на најдобрите 10 клубови во Македонија помеѓу 80 клубови членки на КФМ, изјави Јанковска Петковска.

The post Злато и две сребра – Историска жетва на медали за битолското карате appeared first on Република.

]]>

Злато и две сребра е историски успех за К.К „ЗАНШИН ДО“ - БИТОЛА. По 57 години од кога постои Карате федерацијата на Македонија за првпат Битола добива шампиони и вице шампиони на државно првенство во кадети, јуниори и во категорија до 21 година. Ката тимот жени во кадети и јуниори Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска се закитија со златни медали и пехар со што се пласираа за светското првенство кое ќе се одржи од 9-13.10.2024 год во Венеција - Италија. Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски се закитија со сребрени медали и пехар во ката тим кадети јуниори мажи . Михаил Марковски се закити со среберен медал и во поединечно во кати кадети кој во финале загуби за 0,5 бодови. Претходните денови тренерот на К.К . „ЗАНШИН ДО“ - БИТОЛА и селектор на репрезентација во кати У12 и У14 на КФМ Стевка Јанковска Петковска се здоби со 5-ти дана црн појас со што за прв пат Битола доби жена со толку висок степен на признание во историјата на каратето во Македонија.
Горда сум како тренер што Битола полека се искачува на ранг листата на најдобрите 10 клубови во Македонија помеѓу 80 клубови членки на КФМ, изјави Јанковска Петковска.
 
The post Злато и две сребра – Историска жетва на медали за битолското карате appeared first on Република.

]]>
Ерјона Емини освои броза на Балканско првенство во карате https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/erjona-emini-osvoi-broza-na-balkansko-prvenstvo-vo-karate/ Fri, 31 May 2024 20:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=783695

Ерјона Емини од карате клубот Шкендија од Тетово освои бронзен медал на 28-то Балканско првенство во карате. Балканското првенство кое се оддржа во Истанбул – Турција и донесе бронза на нашата Ерјона.

На ова Балканско првенство покрај нашата Ерјона има преставници од Турција, Грција, Србија, Словенија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија и БиХ.

Ерјона има 13 години доаѓа од Тетово и со резултатите кои ги покажува слободно може да кажеме дека и престои блескава иднина.

The post Ерјона Емини освои броза на Балканско првенство во карате appeared first on Република.

]]>

Ерјона Емини од карате клубот Шкендија од Тетово освои бронзен медал на 28-то Балканско првенство во карате. Балканското првенство кое се оддржа во Истанбул – Турција и донесе бронза на нашата Ерјона. На ова Балканско првенство покрај нашата Ерјона има преставници од Турција, Грција, Србија, Словенија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија и БиХ. Ерјона има 13 години доаѓа од Тетово и со резултатите кои ги покажува слободно може да кажеме дека и престои блескава иднина.

The post Ерјона Емини освои броза на Балканско првенство во карате appeared first on Република.

]]>
Венцислав и Дејан Недев на карате семинар во Лондон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ventsislav-i-dejan-nedev-na-karate-seminar-vo-london/ Sat, 11 May 2024 09:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=777009

Македонските каратисти Венцислав и Дејан Недев учествуваат на карате семинар во Лондон, Англија.

Семинарот го водат тројца врвни јапонски карате инструктори: Масао Кавазое, Такаши Наито и Сеизо Изумија. Сенсеи Масао Кавазое е шеф инструктор на Англија, сенсеи Такаши Наито е шеф инструктор на Италија а Сенсеи Сеизо Изумија е генерален менаџер на ЈКА со седиште во Токио, Јапонија. Сите тројца се носители на 8 дан и се поранешни шампиони на ЈКА и ИТКФ, како и асистенти на светските карате легенди Нишијама и Накајама основачи на ИТКФ и ЈКА.

На овој карате семинар каде учествуваат на 500 каратисти од Англија, Норвешка, Шкотска, Чиле, Македонија и други земји. Недеви покрај другото им упатија и покана на сите тројца инструктори да ја посетат Македонија и да одржат карате семинари во Македонија, информираат од МТКФ.

Семинарот во Лондон трае од 10 до 12 мај.

The post Венцислав и Дејан Недев на карате семинар во Лондон appeared first on Република.

]]>

Македонските каратисти Венцислав и Дејан Недев учествуваат на карате семинар во Лондон, Англија. Семинарот го водат тројца врвни јапонски карате инструктори: Масао Кавазое, Такаши Наито и Сеизо Изумија. Сенсеи Масао Кавазое е шеф инструктор на Англија, сенсеи Такаши Наито е шеф инструктор на Италија а Сенсеи Сеизо Изумија е генерален менаџер на ЈКА со седиште во Токио, Јапонија. Сите тројца се носители на 8 дан и се поранешни шампиони на ЈКА и ИТКФ, како и асистенти на светските карате легенди Нишијама и Накајама основачи на ИТКФ и ЈКА.
На овој карате семинар каде учествуваат на 500 каратисти од Англија, Норвешка, Шкотска, Чиле, Македонија и други земји. Недеви покрај другото им упатија и покана на сите тројца инструктори да ја посетат Македонија и да одржат карате семинари во Македонија, информираат од МТКФ.
Семинарот во Лондон трае од 10 до 12 мај.

The post Венцислав и Дејан Недев на карате семинар во Лондон appeared first on Република.

]]>
Седум македонски каратисти викендов ќе настапат на Интернационалниот куп во Вроцлав https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sedum-makedonski-karatisti-vikendov-ke-nastapat-na-internatsionalniot-kup-vo-vrotslav/ Fri, 08 Mar 2024 22:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=752839

Македонската репрезентација во традиционално карате, викендов ќе настапи на ИТКФ Интерконтиненталниот куп во полскиот град Вроцлав.

Македонското карате ќе има претставници во сите возрасни категории во поединечна конкуренција во кати, кумите и фукуго за деца, кадети, јуниори и сениори.

За македонската репрезентација ќе настапат: Аљоша Недев и Јадранка Недева во кати за сениори, Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Софија Јарчевска во кадетска конкуренција во кати и џиу ипон кумите како и најмладите напреварувачи Филип Недев и Максим Поп Трпев во кати и кихон ипон кумите за деца.

Македонската делегација ја предводат Венцислав и Дејан Недев.

The post Седум македонски каратисти викендов ќе настапат на Интернационалниот куп во Вроцлав appeared first on Република.

]]>

Македонската репрезентација во традиционално карате, викендов ќе настапи на ИТКФ Интерконтиненталниот куп во полскиот град Вроцлав. Македонското карате ќе има претставници во сите возрасни категории во поединечна конкуренција во кати, кумите и фукуго за деца, кадети, јуниори и сениори. За македонската репрезентација ќе настапат: Аљоша Недев и Јадранка Недева во кати за сениори, Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Софија Јарчевска во кадетска конкуренција во кати и џиу ипон кумите како и најмладите напреварувачи Филип Недев и Максим Поп Трпев во кати и кихон ипон кумите за деца. Македонската делегација ја предводат Венцислав и Дејан Недев.

The post Седум македонски каратисти викендов ќе настапат на Интернационалниот куп во Вроцлав appeared first on Република.

]]>
Македонските каратисти со три нови медали на Балканското првенство во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-karatisti-so-tri-novi-medali-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-tsrna-gora/ Sun, 25 Feb 2024 19:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=748222

Вториот ден од Балканското карате првенство за сениори што се одржува во Подгорица, Црна Гора, заврши успешно.

Македонските репрезентативци Фахик Весели, Емил Павлов и Љупче Михајлов освоија три бронзени медали.

Вкупно за овие два дена нашата репрезентцаија освои вкупно peт бронзени медали. На Балканското настапуваат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.

The post Македонските каратисти со три нови медали на Балканското првенство во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Вториот ден од Балканското карате првенство за сениори што се одржува во Подгорица, Црна Гора, заврши успешно. Македонските репрезентативци Фахик Весели, Емил Павлов и Љупче Михајлов освоија три бронзени медали. Вкупно за овие два дена нашата репрезентцаија освои вкупно peт бронзени медали. На Балканското настапуваат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.

The post Македонските каратисти со три нови медали на Балканското првенство во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Тренерот Арсовски реагира: На подготовките за СП испративме максимално подготвени каратисти, а на турнирот тие се појавија демотивирани и во екстремно лоша форма https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerot-arsovski-reagira-na-podgotovkite-za-sp-isprativme-maksimalno-podgotveni-karatisti-a-na-turnirot-tie-se-pojavija-demotivirani-i-vo-ekstremno-losha-forma/ Sat, 18 Nov 2023 10:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=702826

Жарко Арсовски, еден од тренерите на најтрофејниот каратист во Македонија, Емил Павлов и еден од тренерите на карате клубот Штип, реагира на слабите настапи на македонските репрезентативци на Мундијалот во Унгарија.

На подготовките за сениорското светско првенство во карате, што се одржа во Будимпешта минатата седмица, домашните тренери испратија максимално подготвени репрезентативци кои требаше да освојат медали, а на првенството ниту еден од нив не покажа ниту 30% од своите можности. Што се случуваше на подготовките на репрезентативците и зошто толку драстично им падна формата за само две недели? – прашува Арсовски.

Тој тврди дека формата им била крајно лоша, но не по нивна вина. Арсовски објаснува дека пред почетокот на подготовките репрезентативците биле во врвна форма, а тоа може да го потврди бидејќи голем дел од нив се негови ученици што ги тренира, а останатите се каратисти со кои заеднички се подготвувале за настапи, како и за идните предизвици во каратето.

Ќе земам слобода да дадам мислење за Емил Павлов, затоа што е мој натпреварувач. Емил на Балканското првенство во финалето се сретна со актуелниот вицешампион, Ненад Дуловиќ од Црна Гора. Тоа беше борба каде Емил беше видно оштетен, а борбата заврши 6:5 за Дуловиќ. Емил тогаш покажа карактер на спортист кој сѐ уште е во врвот на каратето, да им парира на светските карате велесили и да биде во борба за нов светски медал. Втората контрола на формата на Емил беше Серија А, светска лига во Ларнака-Кипар. Одлични 4 победи и 2 минимални порази буквално во последните секунди, а притоа многу поени во сите борби со многу пресврти. Ги гледав сите наши репрезентативци на Балканското првенство и на Серија А и бев пријатно изненаден. Сите каратисти покажаа желба за победа и голема пожртвуваност, некои освоија медали, а сите останати беа многу блиску до освојување. По ова, нашите спортисти заминаа на подготовки за Светското првенство со нивниот селектор и не беа под контрола на тренерите нешто повеќе од две недели, истакнува Арсовски.

Тој не може да си објасни што се случи на шампионатот.

Кога почнаа борбите се случи токму спротивното, со многу малку освоени поени, многу порази, без желба за победа. Едноставно како сите да чекаа конечно првенството дазаврши. Нема да спомнувам имиња, туку ќе кажам дека ниту еден репрезентативец не беше на ниво на своите можности. Меѓутоа, сигурен сум дека не се тие виновни. Останува прашањето,што се случуваше на подготовките? Зошто толку драстично им падна формата за само недели? Дали беа премногу форсирани или недоволно тренирани за тие две недели кога не беа под наша грижа? Дали беа тактички погрешно советувани? Дали имаше некои кавги и несогласувања во самиот тренинг центар, па тоа негативно влијаеше на спортистите? Дали беа недоволно мотивирани? – прашува Арсовски.

На крајот во својата реакција, Арсовски побара барам оставка од селекторот Александар Кузмановски.

Претходно, и тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски реагираше на слабите резултати на македонските каратисти на СП и побара смена на стручниот штаб на репрезентацијата.

The post Тренерот Арсовски реагира: На подготовките за СП испративме максимално подготвени каратисти, а на турнирот тие се појавија демотивирани и во екстремно лоша форма appeared first on Република.

На крајот во својата реакција, Арсовски побара барам оставка од селекторот Александар Кузмановски. Претходно, и тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски реагираше на слабите резултати на македонските каратисти на СП и побара смена на стручниот штаб на репрезентацијата.

The post Тренерот Арсовски реагира: На подготовките за СП испративме максимално подготвени каратисти, а на турнирот тие се појавија демотивирани и во екстремно лоша форма appeared first on Република.

]]>
Берат Јакупи стана балкански вицешампион во карате https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/berat-jakupi-stana-balkanski-vitseshampion-vo-karate/ Sun, 24 Sep 2023 09:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=684611

Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои второто место и сребрениот медал на Балканското првенство Тирана, Албанија.

Јакупи на овој турнир, имаше пет борби, четири победи, а финалната ја загуби.

Освојувањето на сребрениот медал во ваква силна конкуренција е доказ за неверојатната посветеност на Јакупи на спортот. Но, за Берат ова е само почеток. Тој ќе продолжи со интензивните подготовки во текот на овие месеци и е подготвен да се соочи со следните предизвици каде што има за цел да донесе медали за својата земја. Берат Јакупи покажува дека е еден од најуспешните спортисти на меѓународната карате сцена, соопштија од стручниот штаб на македонскиот каратист.

Јакупи на крајот на октомври ќе учествува на Светското првенство за сениори

The post Берат Јакупи стана балкански вицешампион во карате appeared first on Република.

]]>

Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои второто место и сребрениот медал на Балканското првенство Тирана, Албанија. Јакупи на овој турнир, имаше пет борби, четири победи, а финалната ја загуби.
Освојувањето на сребрениот медал во ваква силна конкуренција е доказ за неверојатната посветеност на Јакупи на спортот. Но, за Берат ова е само почеток. Тој ќе продолжи со интензивните подготовки во текот на овие месеци и е подготвен да се соочи со следните предизвици каде што има за цел да донесе медали за својата земја. Берат Јакупи покажува дека е еден од најуспешните спортисти на меѓународната карате сцена, соопштија од стручниот штаб на македонскиот каратист.
Јакупи на крајот на октомври ќе учествува на Светското првенство за сениори

The post Берат Јакупи стана балкански вицешампион во карате appeared first on Република.

]]>
Каратистот Павлов остана без медал на Европските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-ostana-bez-medal-na-evropskite-igri/ Thu, 22 Jun 2023 20:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=654163

Македонскиот каратист Емил Павлов со една победа и два порази го заврши настапот на Европските игри 2023 во Краков.

Павлов во воведниот натпревар загуби од полскиот претставник Милош Сабиецки (4-8), по што го совлада Турчинот Бурак Ујгур (6-0), но во решавачката борба испушти предност во самата завршница и претрпе пораз (4-6) од Стефан Команеску од Романија

За Павлов ова беше трети настап на Европските игри на кои во 2015 година во Баку го освои бронзениот медал.

На Игрите 2023 настапуваат 17 македонски спортисти во седум дисциплини.

The post Каратистот Павлов остана без медал на Европските игри appeared first on Република.

]]>

Македонскиот каратист Емил Павлов со една победа и два порази го заврши настапот на Европските игри 2023 во Краков. Павлов во воведниот натпревар загуби од полскиот претставник Милош Сабиецки (4-8), по што го совлада Турчинот Бурак Ујгур (6-0), но во решавачката борба испушти предност во самата завршница и претрпе пораз (4-6) од Стефан Команеску од Романија За Павлов ова беше трети настап на Европските игри на кои во 2015 година во Баку го освои бронзениот медал. На Игрите 2023 настапуваат 17 македонски спортисти во седум дисциплини.

The post Каратистот Павлов остана без медал на Европските игри appeared first on Република.

]]>
Во Крива Паланка одржано Државното карате првенство за деца од 10 до 13 години https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-kriva-palanka-odrzhano-drzhavnoto-karate-prvenstvo-za-detsa-od-10-do-13-godini/ Sat, 08 Apr 2023 19:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=628813

Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржа Државното карате првенство за млади од 10 до 13 години, момчиња и девојчиња, во кати и борби. На првенството учествуваа над триста каратисти од 55 клубови во државата.

Присутните ги поздравија претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Петар Белистојановски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Големо е задоволството нашата Општина Крива Паланка да биде домаќин на еден ваков масовен и значаен спортски настан, Државно карате првенство за млади од 10 до 13 години, а уште поголемо е задоволството што за првпат сме домаќини на едно државно карате првенство. Тоа е јасен показател дека она кон што стремиме со постојаните вложувања во спортската инфраструктура и во спортот, преку поддршката на клубовите и младите таленти ја прави Крива Паланка препознатлива на спортската мапа во државата. Прекрасна е глетката да се видат на едно место над 300 спортисти собрани со една цел, да го покажат најдоброто од себе и нивните тренери и родителите да се гордеат со нов. Уште повеќе, мора да истакнам дека првенството е денес во нашиот град и благодарение на тоа што две децении успешно работи и создава нови шампионски генерации во карате спортот, клубот Шампион.

Крива Паланка и нивниот јубилеј ќе биде запаметен и одбележан и со овој масовен спортски собир на најдобрите млади каратисти од целата држава. Честитки за работата на тренерите на шампионите, Стевче Христовски и Жарко Ангеловски, кои се заслужни што градот има со кого да се гордее, како спортски репрезенти и амбасадор, ќе набројам неколку од нив,а ги има многу, тука се: Христијан Димитриевски, Марија Спасовска, Јована Мицовска, Вукашин Јовановиќ, Теодор Павловски, само дел од плејадата успешни, повеќекратни државни прваци и репрезентативци, рече Митовски.

The post Во Крива Паланка одржано Државното карате првенство за деца од 10 до 13 години appeared first on Република.

]]>

Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржа Државното карате првенство за млади од 10 до 13 години, момчиња и девојчиња, во кати и борби. На првенството учествуваа над триста каратисти од 55 клубови во државата. Присутните ги поздравија претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Петар Белистојановски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Големо е задоволството нашата Општина Крива Паланка да биде домаќин на еден ваков масовен и значаен спортски настан, Државно карате првенство за млади од 10 до 13 години, а уште поголемо е задоволството што за првпат сме домаќини на едно државно карате првенство. Тоа е јасен показател дека она кон што стремиме со постојаните вложувања во спортската инфраструктура и во спортот, преку поддршката на клубовите и младите таленти ја прави Крива Паланка препознатлива на спортската мапа во државата. Прекрасна е глетката да се видат на едно место над 300 спортисти собрани со една цел, да го покажат најдоброто од себе и нивните тренери и родителите да се гордеат со нов. Уште повеќе, мора да истакнам дека првенството е денес во нашиот град и благодарение на тоа што две децении успешно работи и создава нови шампионски генерации во карате спортот, клубот Шампион.   Крива Паланка и нивниот јубилеј ќе биде запаметен и одбележан и со овој масовен спортски собир на најдобрите млади каратисти од целата држава. Честитки за работата на тренерите на шампионите, Стевче Христовски и Жарко Ангеловски, кои се заслужни што градот има со кого да се гордее, како спортски репрезенти и амбасадор, ќе набројам неколку од нив,а ги има многу, тука се: Христијан Димитриевски, Марија Спасовска, Јована Мицовска, Вукашин Јовановиќ, Теодор Павловски, само дел од плејадата успешни, повеќекратни државни прваци и репрезентативци, рече Митовски.

The post Во Крива Паланка одржано Државното карате првенство за деца од 10 до 13 години appeared first on Република.

]]>
Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 30 медали 14 златни, 10 сребрени и 6 бронзени медали https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-reprezentatsija-vo-traditsionalno-karate-osvoi-vkupno-30-medali-14-zlatni-10-srebreni-i-6-bronzeni-medali/ Mon, 27 Feb 2023 07:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=613510

Македонските каратисти се вратија од меѓународниот карате турнир во Крушевац со 30 медали. Репрезентативците освоија 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали.

Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца до 10 години.

Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали, Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена.

Успешни беа и останатите каратисти Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција.

На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа повеќе од 600 напреварувачи од 5 држави.

The post Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 30 медали 14 златни, 10 сребрени и 6 бронзени медали appeared first on Република.

]]>

Македонските каратисти се вратија од меѓународниот карате турнир во Крушевац со 30 медали. Репрезентативците освоија 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали. Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца до 10 години. Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали, Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена. Успешни беа и останатите каратисти Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција. На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа повеќе од 600 напреварувачи од 5 држави.

The post Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 30 медали 14 златни, 10 сребрени и 6 бронзени медали appeared first on Република.

]]>
Сара Дука – прва дебарска каратистка која избори учество на Светско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sara-duka-prva-debarska-karatistka-koja-izbori-uchestvo-na-svetsko-prvenstvo/ Sun, 25 Sep 2022 12:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=554041

Дебарската каратистка Сара Дука го освои првото место на државниот шампионат што се одржа во Охрид, во јуниорска категорија до 48 килограми. Таа се здоби со право да учествува на Светското првенство што ќе се одржи во Коња, Република Турција од 26 до 28 идниот месец.

– Сара ќе биде првата спортистка од Дебар која ќе биде дел од Светско првенство. Ова е голем, историски, успех не само за неа и клубот туку и за спортот во нашиот град во целина. Таа е голем борец, очекувам да продолжи со успесите, изјави за МИА тренерот Дурим Пачуку.

Успешни беа и останатите тројца каратисти кои освоија втори места и сребрени медали.

– Со сребрен медал се закитија Гента Села, Ера Коџа и Азиз Рамадани. Со тоа обезбедија учество на Балканското првенство што ќе се одржи во Црна Гора од 4 до 6 ноември. Секако пласман за ова првенство обезбеди и Сара Дука. Горд сум на сите нив, додава тој.

Пачуку, искажува голема благодарност до родителите на каратистите, до сите дебрани, и посебно до градоначалникот Хекуран Дука за поддршката.

– Посебна благодарност сакам да упатам до градоначалникот Хекуран Дука, за целосната финансиска и морална поддршка што во континуитет ни ја дава. Без таа поддршка се подразбира дека не можеме да стигнеме на сите натпреварувања, посочи Пачуку.

Дука во свое и во име на граѓаните го честиташе успехот, повторувајќи ја уште еднаш определбата на локалната власт за поддршка на спортот и културата.

– Од се срце ви го честитам заслужениот успех драга младино, а овој град никогаш нема да умре затоа што се уште има и ќе има луѓе кои зрачат со позитивна енергија и младите ги насочуваат на вистинскиот пат. Во име на граѓаните на Дебар без никакви двоумења ви даваме целосна поддршка во сите правци, напиша меѓу другото Дука на Фејсбук.

The post Сара Дука – прва дебарска каратистка која избори учество на Светско првенство appeared first on Република.

]]>

Дебарската каратистка Сара Дука го освои првото место на државниот шампионат што се одржа во Охрид, во јуниорска категорија до 48 килограми. Таа се здоби со право да учествува на Светското првенство што ќе се одржи во Коња, Република Турција од 26 до 28 идниот месец. – Сара ќе биде првата спортистка од Дебар која ќе биде дел од Светско првенство. Ова е голем, историски, успех не само за неа и клубот туку и за спортот во нашиот град во целина. Таа е голем борец, очекувам да продолжи со успесите, изјави за МИА тренерот Дурим Пачуку. Успешни беа и останатите тројца каратисти кои освоија втори места и сребрени медали. – Со сребрен медал се закитија Гента Села, Ера Коџа и Азиз Рамадани. Со тоа обезбедија учество на Балканското првенство што ќе се одржи во Црна Гора од 4 до 6 ноември. Секако пласман за ова првенство обезбеди и Сара Дука. Горд сум на сите нив, додава тој. Пачуку, искажува голема благодарност до родителите на каратистите, до сите дебрани, и посебно до градоначалникот Хекуран Дука за поддршката. – Посебна благодарност сакам да упатам до градоначалникот Хекуран Дука, за целосната финансиска и морална поддршка што во континуитет ни ја дава. Без таа поддршка се подразбира дека не можеме да стигнеме на сите натпреварувања, посочи Пачуку. Дука во свое и во име на граѓаните го честиташе успехот, повторувајќи ја уште еднаш определбата на локалната власт за поддршка на спортот и културата. – Од се срце ви го честитам заслужениот успех драга младино, а овој град никогаш нема да умре затоа што се уште има и ќе има луѓе кои зрачат со позитивна енергија и младите ги насочуваат на вистинскиот пат. Во име на граѓаните на Дебар без никакви двоумења ви даваме целосна поддршка во сите правци, напиша меѓу другото Дука на Фејсбук.

The post Сара Дука – прва дебарска каратистка која избори учество на Светско првенство appeared first on Република.

]]>
Парична награда од Гази Баба за младите балкански прваци во карате https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/parichna-nagrada-od-gazi-baba-za-mladite-balkanski-prvaci-vo-karate/ Thu, 16 Jun 2022 12:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=515973

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со Јован Врклевски и Ева Јовановска млади каратисти од општина Гази Баба, учесници на балканското првенство во карате.

Јован Врклевски освои златен медал и е балкански првак во карате категорија борби до 45 килограми, а Ева Јовановска освои трето место и бронзен медал во карате категорија женски борби до 40 килограми.

Градоначалникот Бобан Стефковски донесе Решение со кое за афирмација на општина Гази Баба и постигнување на меѓународен спортски успех на Јован и Ева ќе им се додели еднократна парична награда од буџетот на општина Гази Баба, информираат од општината.

The post Парична награда од Гази Баба за младите балкански прваци во карате appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со Јован Врклевски и Ева Јовановска млади каратисти од општина Гази Баба, учесници на балканското првенство во карате. Јован Врклевски освои златен медал и е балкански првак во карате категорија борби до 45 килограми, а Ева Јовановска освои трето место и бронзен медал во карате категорија женски борби до 40 килограми. Градоначалникот Бобан Стефковски донесе Решение со кое за афирмација на општина Гази Баба и постигнување на меѓународен спортски успех на Јован и Ева ќе им се додели еднократна парична награда од буџетот на општина Гази Баба, информираат од општината.  

The post Парична награда од Гази Баба за младите балкански прваци во карате appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Следниот медал ќе биде златен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/spasenovski-sledniot-medal-kje-bide-zlaten/ Wed, 01 Jun 2022 12:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=509770

Македонскиот каратист Петар Спасеновски кој освои бронзен медал на неодамнешното Европското првенство во Газиантеп, Турција, е оптимист дека на следното големо натпреварување може да освои злато.

Следниот медал ќе биде златен. На ЕП во Турција забележав четири победи од пет борби. Ова е само едно искуство за во иднина да освојам што повеќе медали. Благодарност на моите тренери и мојот клуб Макетрол кои стојат зад мене, изјави Спасеновски.

Тој денес беше во Агенцијата за млади и спорт и доби благодарница од директорот Наумче Мојсовски.

Каратистите дефинитивно ја претставија Македонија во најдобро светло на Европското првенство во Турција. Резултатите покажуваат дека има иднина во младите натпреварувачи, а Карате федерацијата дека е на прав пат. Се надевам на уште многу медали, а секако Агенцијата за млади и спорт ќе знае да ги награди ваквите успеси, рече Мојсовски.

Спасеновски и Вероника Костовска која освои петто место ќе добијат стипендии од Агенцијата за млади и спорт.

The post Спасеновски: Следниот медал ќе биде златен appeared first on Република.

Спасеновски со бронза на ЕП се враќа од Турција https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/spasenovski-so-bronza-na-ep-se-vrakja-od-turcija/ Sat, 28 May 2022 09:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=507907

Македонскиот каратист Петар Спасеновски се закити со бронзениот медал на Европското првенство во Газијантеп, Турција откако денеска го совлада домашниот натпреварувач Мурат Оз.

Членот на КК Макпетрол до медалот во категоријата до 84 килограми стигна со вкупно четири победи од пет борби. Единствениот негов пораз беше во полуфиналето од Хрватот Енис Гарибовиќ со 0-3.

Македонија може да освои уште еден бронзен медал на континенталниот турнир, бидејќи Вероника Костовска треба да се бори со Французинката Лаура Сиверт

The post Спасеновски со бронза на ЕП се враќа од Турција appeared first on Република.

]]>

Македонскиот каратист Петар Спасеновски се закити со бронзениот медал на Европското првенство во Газијантеп, Турција откако денеска го совлада домашниот натпреварувач Мурат Оз. Членот на КК Макпетрол до медалот во категоријата до 84 килограми стигна со вкупно четири победи од пет борби. Единствениот негов пораз беше во полуфиналето од Хрватот Енис Гарибовиќ со 0-3. Македонија може да освои уште еден бронзен медал на континенталниот турнир, бидејќи Вероника Костовска треба да се бори со Французинката Лаура Сиверт

The post Спасеновски со бронза на ЕП се враќа од Турција appeared first on Република.

]]>
Спасеновски и Костовска ќе се борат за бронзи на Европското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/spasenovski-i-kostovska-kje-se-borat-za-bronzi-na-evropskoto-prvenstvo/ Thu, 26 May 2022 17:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=507361

Вероника Костовска (61 кг) и Петар Спасеновски (84 кг) ќе се борат за бронзи на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција.

Костовска иако беше поразена уште во првото коло од Германката, Ана Мигу која стигна до финалето, успеа да ја повлече и нашата репрезентативка во репасажот. Таму Костовска прво беше подобра од Антеа Стиланиу од Кипар со 6-2, па потоа и од Киа Копонен од Финска со 3-0. Во борбата за бронзата таа ќе се сретне со Лаура Сиверт од Франција.

Спасеновски беше на чекор до финалето, но во последната борба беше поразен од големиот фаворит, Хрватот, Енис Гарибовиќ со 3-0. Претходно на патот до полуфиналниот меч, Спасеновски беше подобар од Лука Ретенбахер од Австрија (3-0), Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина (1-0) и Ибањез Сајнц-Торе од Шпанија (3-2).

Тој својот противник за бронзата ќе го добие до крајот на денешниот ден кога ќе бидат борбите во репасажот. Одличен настап имаше и Ангелам Мојсовска во категоријата до 68 килограми кај дамите. Таа минимум го осигура седмото место на Европското првенство, а потоа во репасажот ќе има шанса да избори и борба за бронзен медал.

До мечот за бронза не успеа да стигне Ангела Мојсовска која прва обезбеди пласман во репасажот во категоријата до 68 килограми, сепак беше поразена во првата борба од Ерменката Анита Макјан со 3-2.

Берат Јакупи имаше победа и пораз.

Резултати Европско првенство:

-61 кг
Верника Костовска – Ана Мигу (Германија) 0-7
Репасаж
Верника Костовска – Антеа Стиланиу (Кипар) 6-2
Верника Костовска – (Киа Копонен) Финска 3-0
За борнза
Веромика Костовска – Лаура Сиверт (Франција)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Лина Летонен (Финска) 6-0
Ангела Мојсовска – Несрин Бужрин (Белгија) 6-1
Ангела Мојсовска – Мирослава Копунова (Словачка) 0-8
Репасаж
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-3

-84 кг
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција)

+84 кг
Берат Јакупи – Робин Ретенбахер (Австрија) 1-0
Берат Јакупи – Тома Коса (Словачка) 0-1

The post Спасеновски и Костовска ќе се борат за бронзи на Европското првенство appeared first on Република.

]]>

Вероника Костовска (61 кг) и Петар Спасеновски (84 кг) ќе се борат за бронзи на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција.   Костовска иако беше поразена уште во првото коло од Германката, Ана Мигу која стигна до финалето, успеа да ја повлече и нашата репрезентативка во репасажот. Таму Костовска прво беше подобра од Антеа Стиланиу од Кипар со 6-2, па потоа и од Киа Копонен од Финска со 3-0. Во борбата за бронзата таа ќе се сретне со Лаура Сиверт од Франција. Спасеновски беше на чекор до финалето, но во последната борба беше поразен од големиот фаворит, Хрватот, Енис Гарибовиќ со 3-0. Претходно на патот до полуфиналниот меч, Спасеновски беше подобар од Лука Ретенбахер од Австрија (3-0), Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина (1-0) и Ибањез Сајнц-Торе од Шпанија (3-2). Тој својот противник за бронзата ќе го добие до крајот на денешниот ден кога ќе бидат борбите во репасажот. Одличен настап имаше и Ангелам Мојсовска во категоријата до 68 килограми кај дамите. Таа минимум го осигура седмото место на Европското првенство, а потоа во репасажот ќе има шанса да избори и борба за бронзен медал. До мечот за бронза не успеа да стигне Ангела Мојсовска која прва обезбеди пласман во репасажот во категоријата до 68 килограми, сепак беше поразена во првата борба од Ерменката Анита Макјан со 3-2. Берат Јакупи имаше победа и пораз. Резултати Европско првенство: -61 кг Верника Костовска – Ана Мигу (Германија) 0-7 Репасаж Верника Костовска – Антеа Стиланиу (Кипар) 6-2 Верника Костовска – (Киа Копонен) Финска 3-0 За борнза Веромика Костовска – Лаура Сиверт (Франција) -68 кг Ангела Мојсовска – Лина Летонен (Финска) 6-0 Ангела Мојсовска – Несрин Бужрин (Белгија) 6-1 Ангела Мојсовска – Мирослава Копунова (Словачка) 0-8 Репасаж Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-3 -84 кг Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0 Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0 Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2 Полуфинале Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3 За бронза Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција) +84 кг Берат Јакупи – Робин Ретенбахер (Австрија) 1-0 Берат Јакупи – Тома Коса (Словачка) 0-1

The post Спасеновски и Костовска ќе се борат за бронзи на Европското првенство appeared first on Република.

]]>
Гази Баба домаќин на државно првенство во карате https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gazi-baba-domakjin-na-drzavno-prvenstvo-vo-karate/ Sat, 12 Mar 2022 13:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=471732

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го отвори Државното првенство во карате за сениори кое се оддржува во организација на Карате федерацијата на Македонија.

Општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје, тоа го докажуваме секојдневно преку поддршка и организација на спортски настани, инвестиции во спортски објекти и финансиска поддршка за спортски клубови и индивидуални спортисти, напиша Стефковски на Фејсбук.

The post Гази Баба домаќин на државно првенство во карате appeared first on Република.