карантин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karantin/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 08:42:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карантин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karantin/ 32 32 Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-3-000-patnitsi-na-norveshki-brod-staveni-vo-karantin-poradi-somnezhi-za-kolera/ Mon, 26 Feb 2024 08:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=748332

Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера, пренесува „Телма“.

По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвиџн доун“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла Реунион веќе го врати бродот.

Јужна Африка моментално ја доживува една од најлошите епидемии на колера во последните години.

Повеќето од 2.184 патници требаше да го започнат своето патување кон дома уште вчера. Во исто време, 2.279 нови патници првично требаше да се качат во Порт Луис, соопшти пристанишната управа. На бродот има и 1.026 членови на екипажот.

Вработените во Министерството за здравство вчера зеле примероци од околу 15 лица на бродот. Резултатите од истрагата се очекуваат утре.

Според властите, најмалку 14 патници и еден член на екипажот боледуваат од дијареја и повраќање. Тие се изолирани во нивните соби.

Американската компанија „Норвиџн круз лајн“ соопшти дека мал број патници на „Норвиџн доун“ имале благи симптоми на стомачно заболување на дванаесетдневното патување од Јужна Африка.

The post Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера, пренесува „Телма“. По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвиџн доун“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла Реунион веќе го врати бродот. Јужна Африка моментално ја доживува една од најлошите епидемии на колера во последните години. Повеќето од 2.184 патници требаше да го започнат своето патување кон дома уште вчера. Во исто време, 2.279 нови патници првично требаше да се качат во Порт Луис, соопшти пристанишната управа. На бродот има и 1.026 членови на екипажот. Вработените во Министерството за здравство вчера зеле примероци од околу 15 лица на бродот. Резултатите од истрагата се очекуваат утре. Според властите, најмалку 14 патници и еден член на екипажот боледуваат од дијареја и повраќање. Тие се изолирани во нивните соби. Американската компанија „Норвиџн круз лајн“ соопшти дека мал број патници на „Норвиџн доун“ имале благи симптоми на стомачно заболување на дванаесетдневното патување од Јужна Африка.

The post Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-iskren-nikogash-ne-lazhev-za-zabavite-vo-vladata-za-vreme-na-karantinot/ Wed, 22 Mar 2023 20:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=622625

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска под заклетва изјави дека никогаш не ги лажел пратениците за владините забави за време на карантинот, воведен поради пандемијата на Ковид-19.

Тој денеска сведочеше пред Комитетот за стандарди на Долниот дом поради „лажни изјави“ што ги давал во парламентот за собирите во владините згради.

Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва со раката на Библијата.

Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.

Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.

Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“.

После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година.

Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка.

The post Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска под заклетва изјави дека никогаш не ги лажел пратениците за владините забави за време на карантинот, воведен поради пандемијата на Ковид-19. Тој денеска сведочеше пред Комитетот за стандарди на Долниот дом поради „лажни изјави“ што ги давал во парламентот за собирите во владините згради.
Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва со раката на Библијата.
Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.
Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.
Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“. После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година. Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка.

The post Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот appeared first on Република.

]]>
Нема веќе карантин за влез во Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-veke-karantin-za-vlez-vo-kina/ Sun, 08 Jan 2023 13:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=594612

Кина денеска првпат по речиси три години повторно ги отвори своите граници и ги укина мерките за карантин за меѓународните посетители, иако земјата се бори со порастот на бројот на заразени луѓе со коронавирус.

На меѓународните посетители сепак ќе им треба негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето.

Повторното отворање на земјата доаѓа на почетокот на првиот период на патување за време на Лунарната Нова година, при што се очекува да патуваат две милијарди луѓе, двојно повеќе од минатата година.

Во изминатите три години, Кина имаше една од најстрогите здравствени политики во светот, што резултираше со бројни ограничувања, чести барања за тестирање, а самата политика имаше значително влијание врз економијата на земјата.

Владата неодамна отстапи од таа политика по масовните протести низ целата земја, предизвикани од пожар во висококатница во регионот Ксинџијанг, при што загинаа 10 лица поради тогашните тековни ограничувања на движењето

The post Нема веќе карантин за влез во Кина appeared first on Република.

]]>

Кина денеска првпат по речиси три години повторно ги отвори своите граници и ги укина мерките за карантин за меѓународните посетители, иако земјата се бори со порастот на бројот на заразени луѓе со коронавирус. На меѓународните посетители сепак ќе им треба негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето. Повторното отворање на земјата доаѓа на почетокот на првиот период на патување за време на Лунарната Нова година, при што се очекува да патуваат две милијарди луѓе, двојно повеќе од минатата година. Во изминатите три години, Кина имаше една од најстрогите здравствени политики во светот, што резултираше со бројни ограничувања, чести барања за тестирање, а самата политика имаше значително влијание врз економијата на земјата. Владата неодамна отстапи од таа политика по масовните протести низ целата земја, предизвикани од пожар во висококатница во регионот Ксинџијанг, при што загинаа 10 лица поради тогашните тековни ограничувања на движењето

The post Нема веќе карантин за влез во Кина appeared first on Република.

]]>
Затворени продавниците, театрите и универзитетот: Во Пекинг расте бројот на заразени со корона вирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatvoreni-prodavnicite-teatrite-i-univerzitetot-vo-peking-raste-brojot-na-zarazeni-so-korona-virus/ Sat, 19 Nov 2022 13:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=575835

Поради зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли и рестораните. Одложена е и дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг. Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени.

Кинеските власти соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со корона вирусот, од кои 515 се во Пекинг.

Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби.

Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно. Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг.

Луѓето кои биле на пазарот во југоисточен Пекинг, каде беше откриен случај на корона вирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.

 

The post Затворени продавниците, театрите и универзитетот: Во Пекинг расте бројот на заразени со корона вирус appeared first on Република.

]]>

Поради зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли и рестораните. Одложена е и дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг. Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени. Кинеските власти соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со корона вирусот, од кои 515 се во Пекинг. Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби. Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно. Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг. Луѓето кои биле на пазарот во југоисточен Пекинг, каде беше откриен случај на корона вирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.  

The post Затворени продавниците, театрите и универзитетот: Во Пекинг расте бројот на заразени со корона вирус appeared first on Република.

]]>
60.000 посетители се заробени во Дизни парк во Шангај бидејќи е прогласен карантин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/60-000-posetiteli-se-zarobeni-vo-dizni-park-vo-shangaj-bidejkji-e-proglasen-karantin/ Tue, 01 Nov 2022 12:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=568287

Посетители на Дизни парк во кинескиот град Шангај останаа заробени внатре, откако неговите управители и властите воведоа вонредно затворање поради коронавирусот.

На социјалните мрежи се појавија видеа каде луѓе брзаат кон заклучените врати на забавниот парк, наводно, во обид да побегнат од карантинот.

Во моментот на затворањето, во паркот имало околу 60.000 лица.

Тамошната Влада објави дека на сите луѓе им е забранет влез и излез од паркот. Оние кои останаа заробени внатре, мора да се тестираат и да покажат негативен резултат, доколку сакаат да го напуштат паркот.

Слично сценарио имаше и во ноември минатата година, кога над 30.000 посетители останаа заробени во паркот, штом властите наредија задолжително тестирање.

The post 60.000 посетители се заробени во Дизни парк во Шангај бидејќи е прогласен карантин appeared first on Република.

]]>

Посетители на Дизни парк во кинескиот град Шангај останаа заробени внатре, откако неговите управители и властите воведоа вонредно затворање поради коронавирусот. На социјалните мрежи се појавија видеа каде луѓе брзаат кон заклучените врати на забавниот парк, наводно, во обид да побегнат од карантинот. Во моментот на затворањето, во паркот имало околу 60.000 лица. Тамошната Влада објави дека на сите луѓе им е забранет влез и излез од паркот. Оние кои останаа заробени внатре, мора да се тестираат и да покажат негативен резултат, доколку сакаат да го напуштат паркот. Слично сценарио имаше и во ноември минатата година, кога над 30.000 посетители останаа заробени во паркот, штом властите наредија задолжително тестирање.

The post 60.000 посетители се заробени во Дизни парк во Шангај бидејќи е прогласен карантин appeared first on Република.

]]>
Австрија подготвува укинување на карантинот за заразените од корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-podgotvuva-ukinuvanje-na-karantinot-za-zarazenite-od-korona/ Fri, 22 Jul 2022 09:42:27 +0000 https://republika.mk/?p=532071

Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со корона вирус.

Иако на тоа се спротивставија лекари, но и властите на градот Виена, се подготвува уредба со што карантинот ќе биде укинат и ќе биде заменет со обврска инфицираните со Ковид-19 постојано да носат маска, без разлика дали се на работа или во дискотека.

И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч ја подготвуваат нова уредба за Ковид-19 што содржи укинување на карантинот.

Според уредбата, заразените само на отворено не мора да носат маска и тоа таму каде што може да се држи физичка дистанца од два метра.

The post Австрија подготвува укинување на карантинот за заразените од корона appeared first on Република.

]]>

Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со корона вирус. Иако на тоа се спротивставија лекари, но и властите на градот Виена, се подготвува уредба со што карантинот ќе биде укинат и ќе биде заменет со обврска инфицираните со Ковид-19 постојано да носат маска, без разлика дали се на работа или во дискотека. И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч ја подготвуваат нова уредба за Ковид-19 што содржи укинување на карантинот. Според уредбата, заразените само на отворено не мора да носат маска и тоа таму каде што може да се држи физичка дистанца од два метра.

The post Австрија подготвува укинување на карантинот за заразените од корона appeared first on Република.

]]>
Ковид-19 се враќа, милион Кинези во карантин поради нови случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kovid-19-se-vrakja-milion-kinezi-vo-karantin-poradi-novi-sluchai/ Wed, 06 Jul 2022 07:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=524568

Десетици милиони Кинези денеска се во карантин поради коронавирусот, со нови жаришта на епидемијата регистрирани во туристичкиот центар Сијан, како и во најголемиот кинески град Шангај.

Здравствените власти соопштуваат за повеќе од 300 инфицирани, што предизикува стравувања од повторно наметнување сеопфатни ограничувања.

Новите случаи и одговорот на властите ги продлабочуваат стравувањата дека Кина би можела да ги врати строгите ограничувања какви што беа воведени на почетокот на годинава кога политиката „нулта ковид“ со месеци држеше затворени десетици милиони луѓе.

Жители на Шангај објавуваат статуси на социјалните мрежи дека почнале да добиваат храна преку организираната достава, што е враќање на „локдаунот“.

По наглото зголемување на бројот инфицирани властите покренаа нов круг масовно тестирање во повеќе од половина од градските населби, затворајќи ги сите караоке-барови откако е утврдена поврзаност на некои од случаите со шест такви угостителски објекти.

Историскиот град Сијан, инаку Домот на теракотните војници, на крајот на минатата година беше во целосен „локдаун“, а сега повторно е под „мерки за привремена контрола“, откако од саботата во 13-милионскиот град беа потврдени 29 случаи на Ковид-19.

Од вечерва на полноќ во градот се затвораат јавните места за забава, вклучувајќи ги пабовите, интернет-кафулињата и караоке-баровите.

Државните медиуми објавуваат снимки од граѓаните на Сијан како чекаат ред за тестирање, притоа информирајќи дека градот не е во „локдаун“.

Сите позитивни случаи се од варијантите БА5.2 омикрон, а работата на епидемиолошкиот мониторинг сè уште е во полн ек“, беше истакнато на редовниот брифинг на кинеските здравствени власти.

Новите случаи на коронавирусот се сметаат за повторен предизвик за претседателот Си Џинпинг, кој минатата недела ја потврди својата решеност да ја елиминира ковид-заканата и покрај големата економска цена на мерките за сузбивање на епидемијата.

Јапонската банка „Номура“ проценува дека најмалку 114,8 милиони луѓе низ Кина од понеделникот се во целосен или делумен „локдаун“, што е остар скок од минатонеделните 66,7 милиони.

Од минатата седмица се пријавени повеќе од илјада нови случаи на коронавирусот во централната провинција Анхуи, од каде десетици се прелеале во провинцијата Џиангсу на самата граница со Шангај, со што е загрозен главниот производствен регион во делтата на реката Јангце.

The post Ковид-19 се враќа, милион Кинези во карантин поради нови случаи appeared first on Република.

]]>

Десетици милиони Кинези денеска се во карантин поради коронавирусот, со нови жаришта на епидемијата регистрирани во туристичкиот центар Сијан, како и во најголемиот кинески град Шангај. Здравствените власти соопштуваат за повеќе од 300 инфицирани, што предизикува стравувања од повторно наметнување сеопфатни ограничувања. Новите случаи и одговорот на властите ги продлабочуваат стравувањата дека Кина би можела да ги врати строгите ограничувања какви што беа воведени на почетокот на годинава кога политиката „нулта ковид“ со месеци држеше затворени десетици милиони луѓе. Жители на Шангај објавуваат статуси на социјалните мрежи дека почнале да добиваат храна преку организираната достава, што е враќање на „локдаунот“. По наглото зголемување на бројот инфицирани властите покренаа нов круг масовно тестирање во повеќе од половина од градските населби, затворајќи ги сите караоке-барови откако е утврдена поврзаност на некои од случаите со шест такви угостителски објекти. Историскиот град Сијан, инаку Домот на теракотните војници, на крајот на минатата година беше во целосен „локдаун“, а сега повторно е под „мерки за привремена контрола“, откако од саботата во 13-милионскиот град беа потврдени 29 случаи на Ковид-19. Од вечерва на полноќ во градот се затвораат јавните места за забава, вклучувајќи ги пабовите, интернет-кафулињата и караоке-баровите. Државните медиуми објавуваат снимки од граѓаните на Сијан како чекаат ред за тестирање, притоа информирајќи дека градот не е во „локдаун“.
Сите позитивни случаи се од варијантите БА5.2 омикрон, а работата на епидемиолошкиот мониторинг сè уште е во полн ек“, беше истакнато на редовниот брифинг на кинеските здравствени власти.
Новите случаи на коронавирусот се сметаат за повторен предизвик за претседателот Си Џинпинг, кој минатата недела ја потврди својата решеност да ја елиминира ковид-заканата и покрај големата економска цена на мерките за сузбивање на епидемијата. Јапонската банка „Номура“ проценува дека најмалку 114,8 милиони луѓе низ Кина од понеделникот се во целосен или делумен „локдаун“, што е остар скок од минатонеделните 66,7 милиони. Од минатата седмица се пријавени повеќе од илјада нови случаи на коронавирусот во централната провинција Анхуи, од каде десетици се прелеале во провинцијата Џиангсу на самата граница со Шангај, со што е загрозен главниот производствен регион во делтата на реката Јангце.

The post Ковид-19 се враќа, милион Кинези во карантин поради нови случаи appeared first on Република.

]]>
Шангај: 11 новозаразени ќе затворат над 15 милиони луѓе во строг карантин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shangaj-11-novozarazeni-kje-zatvorat-nad-15-milioni-lugje-vo-strog-karantin/ Fri, 10 Jun 2022 21:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=513695

Само една недела по завршувањето на двомесечниот карантин, Шангај најави нови ограничувања и програми за масовно тестирање.

Мерките воведени вчера за областа Минханг од денеска ќе важат за уште седум градски области.

Единаесет новозаразени со Ковид-19 биле откриени вчера, што доведе до одлука за повторно воведување ограничувања. Во текот на викендот ќе се спроведе масовно тестирање во осум населби, а 15 милиони луѓе повторно ќе бидат во строг карантин.

По масовното тестирање, новите ограничувања ќе бидат воведени само во оние населби каде ќе бидат потврдени случаите на Ковид-19.

Долгото и контроверзно заклучување за Шангај беше укинато дури вчера, по два месеци рестрикции што ги нарушија синџирите на снабдување, погодувајќи ги земјите ширум светот.

The post Шангај: 11 новозаразени ќе затворат над 15 милиони луѓе во строг карантин appeared first on Република.

]]>

Само една недела по завршувањето на двомесечниот карантин, Шангај најави нови ограничувања и програми за масовно тестирање. Мерките воведени вчера за областа Минханг од денеска ќе важат за уште седум градски области. Единаесет новозаразени со Ковид-19 биле откриени вчера, што доведе до одлука за повторно воведување ограничувања. Во текот на викендот ќе се спроведе масовно тестирање во осум населби, а 15 милиони луѓе повторно ќе бидат во строг карантин. По масовното тестирање, новите ограничувања ќе бидат воведени само во оние населби каде ќе бидат потврдени случаите на Ковид-19. Долгото и контроверзно заклучување за Шангај беше укинато дури вчера, по два месеци рестрикции што ги нарушија синџирите на снабдување, погодувајќи ги земјите ширум светот.

The post Шангај: 11 новозаразени ќе затворат над 15 милиони луѓе во строг карантин appeared first on Република.

]]>
Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/karantinot-vo-eden-kvart-vo-shangaj-go-zapre-rastot-na-cenite-na-naftata/ Fri, 10 Jun 2022 19:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=513368

На лондонскиот пазар цената на барел падна за 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 123,01 долар. Вчера ја затвори трговијата со плус од 3,01 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 85 центи пониска од цената од 121,26 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус 2,7 долари.

Пазарите вчера беа катапултирани од фактот што резервите на бензин во САД минатата недела паднаа за 800 илјади барели, и покрај високите цени, што сигнализираше силна побарувачка. Во исто време, трговците се загрижени за испораките поради постојаното одложување на преговорите со Иран за нуклеарната програма.

Денеска расположението беше поддржано и од силниот раст на кинескиот извоз во мај, за 16,9 отсто, благодарение на олеснувањето на мерките за контрола на Ковид-19.

„Резултатот од извозот е импресивен кога се размислува за карантинот во повеќе градови“, рече Стивен Инес, извршен партнер во SPI Asset Management.

Во текот на денот, вниманието се префрли на информациите за повторното воведување ограничувања во Шангај. На жителите на областа Минханг им било кажано да останат дома два дена за да го контролираат ризикот од пренесување на вирусот.

„Многу поважна е веста за денешното затворање на кварт во Шангај, што повторно ги разгоре стравувањата од уште еден период на слабост во Кина поради политиката на нулта толеранција за КОВИД“, објасни Џефри Хали од ОАНДА.

Значителниот пад на цената на нафтата е попречен од очекувањата за силна побарувачка за гориво во летната сезона на возење.

„Тешко е да се очекува значителен пад во наредните месеци, бидејќи пазарот на бензин најверојатно ќе биде под уште поголем притисок како што напредува сезоната на возење“, рече Ворен Патерсон од ING.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно известила дека барел од референтната кошничка на нејзината членка вчера чинела 121,54 долари, што е за 1,38 долари повеќе од претходниот работен ден.

The post Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата appeared first on Република.

]]>

На лондонскиот пазар цената на барел падна за 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 123,01 долар. Вчера ја затвори трговијата со плус од 3,01 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 85 центи пониска од цената од 121,26 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус 2,7 долари. Пазарите вчера беа катапултирани од фактот што резервите на бензин во САД минатата недела паднаа за 800 илјади барели, и покрај високите цени, што сигнализираше силна побарувачка. Во исто време, трговците се загрижени за испораките поради постојаното одложување на преговорите со Иран за нуклеарната програма. Денеска расположението беше поддржано и од силниот раст на кинескиот извоз во мај, за 16,9 отсто, благодарение на олеснувањето на мерките за контрола на Ковид-19. „Резултатот од извозот е импресивен кога се размислува за карантинот во повеќе градови“, рече Стивен Инес, извршен партнер во SPI Asset Management. Во текот на денот, вниманието се префрли на информациите за повторното воведување ограничувања во Шангај. На жителите на областа Минханг им било кажано да останат дома два дена за да го контролираат ризикот од пренесување на вирусот. „Многу поважна е веста за денешното затворање на кварт во Шангај, што повторно ги разгоре стравувањата од уште еден период на слабост во Кина поради политиката на нулта толеранција за КОВИД“, објасни Џефри Хали од ОАНДА. Значителниот пад на цената на нафтата е попречен од очекувањата за силна побарувачка за гориво во летната сезона на возење. „Тешко е да се очекува значителен пад во наредните месеци, бидејќи пазарот на бензин најверојатно ќе биде под уште поголем притисок како што напредува сезоната на возење“, рече Ворен Патерсон од ING. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно известила дека барел од референтната кошничка на нејзината членка вчера чинела 121,54 долари, што е за 1,38 долари повеќе од претходниот работен ден.

The post Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата appeared first on Република.

]]>
Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-vovede-novi-restrikcii-poradi-99-novi-zarazeni-so-koronavirus/ Mon, 23 May 2022 09:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=505809

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите кои треба да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови, бидејќи повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус во кинескиот главен град.

Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи.

Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта.

И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора.

 

 

The post Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус appeared first on Република.

]]>

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите кои треба да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови, бидејќи повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус во кинескиот главен град. Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи. Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта. И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора.    

The post Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус appeared first on Република.

]]>
Белгија е првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/belgija-e-prvata-zemja-koja-vovede-zadolzitelen-21-dneven-karantin-za-majmunski-sipanici/ Mon, 23 May 2022 07:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=505730

Белгија стана првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници, а набргу потоа слична одлука објави и Обединетото Кралство, пренесува „Дејли меил“.

„Заразените со вирусот ќе мора да одат во самоизолација три недели“, соопштија белгиските здравствени власти откако беа пријавени три нови случаи во земјата. Сите заразени се поврзани со фестивалот во пристанишниот град Антверпен.

Лекарите предупредија дека Велика Британија се соочува со значително зголемување на инфекциите и дека е од клучно значење да се спречи нејзиното ширење. Д-р Клер Диснеп, претседателка на Британската асоцијација за сексуално здравје и ХИВ, рече дека епидемијата може да има влијание и врз пристапот до услугите за сексуално здравје во Британија.

Во Обединетото Кралство се откриени 11 нови позитивни лица, со што вкупниот број се искачи на 20. Меѓу нив е и едно дете кое е во критична состојба во болница во Лондон.

Во Европа веќе се пријавени 100 инфекции, а во следната недела се очекуваат нови позитивни. Постојат стравувања дека вирусот веќе „циркулира во општата популација“, предупредуваат британските лекари.

 

The post Белгија е првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Белгија стана првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници, а набргу потоа слична одлука објави и Обединетото Кралство, пренесува „Дејли меил“. „Заразените со вирусот ќе мора да одат во самоизолација три недели“, соопштија белгиските здравствени власти откако беа пријавени три нови случаи во земјата. Сите заразени се поврзани со фестивалот во пристанишниот град Антверпен. Лекарите предупредија дека Велика Британија се соочува со значително зголемување на инфекциите и дека е од клучно значење да се спречи нејзиното ширење. Д-р Клер Диснеп, претседателка на Британската асоцијација за сексуално здравје и ХИВ, рече дека епидемијата може да има влијание и врз пристапот до услугите за сексуално здравје во Британија. Во Обединетото Кралство се откриени 11 нови позитивни лица, со што вкупниот број се искачи на 20. Меѓу нив е и едно дете кое е во критична состојба во болница во Лондон. Во Европа веќе се пријавени 100 инфекции, а во следната недела се очекуваат нови позитивни. Постојат стравувања дека вирусот веќе „циркулира во општата популација“, предупредуваат британските лекари.  

The post Белгија е првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Во Шангај ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, но милион луѓе уште се во карантин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shangaj-shirenjeto-na-koronavirusot-e-staveno-pod-kontrola-no-milion-lugje-ushte-se-vo-karantin/ Mon, 16 May 2022 14:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=502959

Во поголемиот дел од Шангај е запрено ширењето на коронавирусот, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин.

Градот постепено се отвора, соопштија денеска локалните власти, но економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид“.

Супермаркетите, трговските центри и рестораните денеска се отворени со ограничен бројот на луѓе и контакти, додека ограничувањата за движење остануваат во сила, а метрото е сè уште затворено.

Во градот со 25 милиони жители, многу жители без затворени во своите домови, имоти и населби повеќе од 50 дена, а датумот на целосно отворање е 1 јуни.

Кина денеска регистрира 1.159 нови случаи на заразени, од кои повеќето се во Шангај. Речиси сите случаи биле инфекции без симптоми.

 

The post Во Шангај ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, но милион луѓе уште се во карантин appeared first on Република.

]]>

Во поголемиот дел од Шангај е запрено ширењето на коронавирусот, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин. Градот постепено се отвора, соопштија денеска локалните власти, но економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид“. Супермаркетите, трговските центри и рестораните денеска се отворени со ограничен бројот на луѓе и контакти, додека ограничувањата за движење остануваат во сила, а метрото е сè уште затворено. Во градот со 25 милиони жители, многу жители без затворени во своите домови, имоти и населби повеќе од 50 дена, а датумот на целосно отворање е 1 јуни. Кина денеска регистрира 1.159 нови случаи на заразени, од кои повеќето се во Шангај. Речиси сите случаи биле инфекции без симптоми.  

The post Во Шангај ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, но милион луѓе уште се во карантин appeared first on Република.

]]>
Карантинот во Шангај контрапродуктивен, рапидно расте бројот на асимптоматски случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/karantinot-vo-shangaj-kontraproduktiven-rapidno-raste-brojot-na-asimptomatski-sluchai/ Wed, 13 Apr 2022 07:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=487631

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА.

Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски.

Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата.

И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со  полициски час.

Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови.

Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени.

Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

The post Карантинот во Шангај контрапродуктивен, рапидно расте бројот на асимптоматски случаи appeared first on Република.

]]>

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски. Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата. И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со  полициски час. Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови. Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени. Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

The post Карантинот во Шангај контрапродуктивен, рапидно расте бројот на асимптоматски случаи appeared first on Република.

]]>
Македонци заробени во карантинот во Шангај: Платено ми е неработењето, ама ексик нека е https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/makedonci-tri-nedeli-zarobeni-vo-karantinot-vo-shangaj-plateno-mi-e-nerabotenjeto-ama-eksik-neka-e/ Thu, 07 Apr 2022 15:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=484481

Кина вчера го регистрира највисокиот дневен ковид-биланс од почетокот на пандемијата, со пријавени над 20.000 новозаразени во 24 часа.

Повеќе од 80 отсто од новите позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во Шангај, најголемиот град во земјата, кој минатата недела беше речиси целосно затворен.

[caption id="attachment_484681" align="alignnone" width="640"] Жителите на комплексот во којшто живее семејството Миленковиќ чекаат во ред за тестирање. Ги тестираат секој ден / (Фото: приватна архива)[/caption]

Поранешниот кошаркар и тренер на МЗТ Скопје Драган Миленковиќ - Гаго неколку години живее со семејството во Шангај. Последниве три недели ја дели судбината на 25 милиони шангајци, кои поради ригорозните политики на кинеската влада се во целосен карантин.

Некогаш смееме да излеземе на час-два во комплексот каде што живееме, а веќе следниот момент добиваме порака на апликацијата дека треба да носиме маски и дома. Полека станува неиздржливо, не само за нас, туку и за Кинезите, кои се многу дисциплинирани, вели Миленковиќ за „Република“.

Кинезите се доследни и ригорозни. Во комплексот има пункт каде што се врши постојано тестирање на жителите.

Пунктот е пред нашата зграда, кога ќе јават, се симнуваме и чекаме ред за тестирање. За 17 дена, колку што сме во карантин, имаме направено по 11 теста. Брзи тестови, брисови, постојано, вели Миленковиќ.

Деновите ги минуваат пред телевизор, пред телефон, нарачувајќи се и сешто преку интернет за да им мине времето. Во првите денови од карантинот готвеле, но сега штедат храна.

Вистина се видеата што ги гледате на интернет. Кога затвораат, јавуваат неколку часа претходно дека имате час-два да пазарите. Тогаш настанува војна по маркетите. Кинезите се жестоки, а и добро знаат дека владините одлуки овде можат да бидат на сила до недоглед. И навистина е како што излега на видеата. Луѓе се тепаат на каса за масло, за ориз...

Храна се нарачуваше само првата недела и тоа преку Вичет. Оттогаш владата доставува пакети со храна. Добиваме ориз, нудли, масло за јадење, млеко... Храна не се нарачува преку интернет сервисите. И кога можеше да се нарача, цел Шангај нарачува, па занемува зеленчук, млеко, и некои други основни намирници. Нови сме во овој кварт, неодамна се доселивме, па не контактиравме со соседите. Бев изненаден кога почнаа да тропаат на врата за да ни понудат храна и да споделат информации. Еден сосед ни донесе компири, друг млеко, трети споделуваат информации. Петта година сме овде, и навикнавме да функционираме со апликации, сепак, за да пливаме во тоа море во вонредни услови, потребна ни е помош од Кинези, вели Гаго.

Неговата сопруга Владица, која е наставничка по англиски јазик, и синот Јаков, кој е прваче, следат настава онлајн, но Гаго, кој работи како кошаркарски тренер во Шангај, нема работа додека трае изолацијата.

Засега ми е платено неработењето, но тоа нема да трае. Ако продолжи карантинот, веќе следниот месец ќе земаме намалена плата, вели тој.

[caption id="attachment_484680" align="alignnone" width="640"] Гаго со победничкиот тим (фото: приватна архива)[/caption]

Политиката за карантин во Шангај беше критикувана поради одвојувањето на децата од нивните родители. Но, тоа веќе не се практикува, вели Миленковиќ.

Денеска дозволија децата и родителите да одат заедно. Видеово е од прифатен ценар, во којшто има преку 7000 луѓе. Овде ги носеа позитивните деца, кои не смеат да престојуваат со родителите и обратно. Ако родителот е позитивен, го носат во модуларен центар, а децата остануваат дома со волонтери. Се грижат и за миленичињата на болните. И тие се сместуваат во прифатни центри, објаснува Гаго.

Кина, каде што коронавирусот првпат беше регистриран на крајот на 2019 година, успеа во голема мера да ја искорени епидемијата до март благодарение на строгите мерки и политиката „нулта ковид“.

Но, бројот на случаи погоди илјадници луѓе на дневно ниво во последниве недели, при што официјалните лица велат оти откриле мутација на високо преносливата варијанта омикрон во близина на Шангај.


Разговараше Катерина Митиќ

The post Македонци заробени во карантинот во Шангај: Платено ми е неработењето, ама ексик нека е appeared first on Република.

]]>

Кина вчера го регистрира највисокиот дневен ковид-биланс од почетокот на пандемијата, со пријавени над 20.000 новозаразени во 24 часа. Повеќе од 80 отсто од новите позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во Шангај, најголемиот град во земјата, кој минатата недела беше речиси целосно затворен. [caption id="attachment_484681" align="alignnone" width="640"] Жителите на комплексот во којшто живее семејството Миленковиќ чекаат во ред за тестирање. Ги тестираат секој ден / (Фото: приватна архива)[/caption] Поранешниот кошаркар и тренер на МЗТ Скопје Драган Миленковиќ - Гаго неколку години живее со семејството во Шангај. Последниве три недели ја дели судбината на 25 милиони шангајци, кои поради ригорозните политики на кинеската влада се во целосен карантин.
Некогаш смееме да излеземе на час-два во комплексот каде што живееме, а веќе следниот момент добиваме порака на апликацијата дека треба да носиме маски и дома. Полека станува неиздржливо, не само за нас, туку и за Кинезите, кои се многу дисциплинирани, вели Миленковиќ за „Република“.
Кинезите се доследни и ригорозни. Во комплексот има пункт каде што се врши постојано тестирање на жителите.
Пунктот е пред нашата зграда, кога ќе јават, се симнуваме и чекаме ред за тестирање. За 17 дена, колку што сме во карантин, имаме направено по 11 теста. Брзи тестови, брисови, постојано, вели Миленковиќ.
Деновите ги минуваат пред телевизор, пред телефон, нарачувајќи се и сешто преку интернет за да им мине времето. Во првите денови од карантинот готвеле, но сега штедат храна.
Вистина се видеата што ги гледате на интернет. Кога затвораат, јавуваат неколку часа претходно дека имате час-два да пазарите. Тогаш настанува војна по маркетите. Кинезите се жестоки, а и добро знаат дека владините одлуки овде можат да бидат на сила до недоглед. И навистина е како што излега на видеата. Луѓе се тепаат на каса за масло, за ориз... Храна се нарачуваше само првата недела и тоа преку Вичет. Оттогаш владата доставува пакети со храна. Добиваме ориз, нудли, масло за јадење, млеко... Храна не се нарачува преку интернет сервисите. И кога можеше да се нарача, цел Шангај нарачува, па занемува зеленчук, млеко, и некои други основни намирници. Нови сме во овој кварт, неодамна се доселивме, па не контактиравме со соседите. Бев изненаден кога почнаа да тропаат на врата за да ни понудат храна и да споделат информации. Еден сосед ни донесе компири, друг млеко, трети споделуваат информации. Петта година сме овде, и навикнавме да функционираме со апликации, сепак, за да пливаме во тоа море во вонредни услови, потребна ни е помош од Кинези, вели Гаго.
Неговата сопруга Владица, која е наставничка по англиски јазик, и синот Јаков, кој е прваче, следат настава онлајн, но Гаго, кој работи како кошаркарски тренер во Шангај, нема работа додека трае изолацијата.
Засега ми е платено неработењето, но тоа нема да трае. Ако продолжи карантинот, веќе следниот месец ќе земаме намалена плата, вели тој.
[caption id="attachment_484680" align="alignnone" width="640"] Гаго со победничкиот тим (фото: приватна архива)[/caption] Политиката за карантин во Шангај беше критикувана поради одвојувањето на децата од нивните родители. Но, тоа веќе не се практикува, вели Миленковиќ.
Денеска дозволија децата и родителите да одат заедно. Видеово е од прифатен ценар, во којшто има преку 7000 луѓе. Овде ги носеа позитивните деца, кои не смеат да престојуваат со родителите и обратно. Ако родителот е позитивен, го носат во модуларен центар, а децата остануваат дома со волонтери. Се грижат и за миленичињата на болните. И тие се сместуваат во прифатни центри, објаснува Гаго.
Кина, каде што коронавирусот првпат беше регистриран на крајот на 2019 година, успеа во голема мера да ја искорени епидемијата до март благодарение на строгите мерки и политиката „нулта ковид“. Но, бројот на случаи погоди илјадници луѓе на дневно ниво во последниве недели, при што официјалните лица велат оти откриле мутација на високо преносливата варијанта омикрон во близина на Шангај.
Разговараше Катерина Митиќ

The post Македонци заробени во карантинот во Шангај: Платено ми е неработењето, ама ексик нека е appeared first on Република.

]]>
Kaрантинот за заразени во Германија само пет дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/karantinot-za-zarazeni-vo-germanija-samo-pet-dena/ Wed, 06 Apr 2022 10:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=483988

Германскиот министер за здравство, Карл Лутербах, изјави дека нема да биде укинат карантинот за лицата заразени со кодонавирусот, најавен за 1 мај.

Лутербах неодамна најави дека од идниот месец ќе биде укинат карантинот за лицата заразени со корона, како и дека изолацијата ќе биде на доброволна основа, но денеска појасни дека се откажал од плановите за укинување на карантинот.

„Ќе остане само скратениот карантин од пет дена“, изјави тој за германската телевизија „Зе-Де-Еф“.

Лутербах смета дека укинувањето на карантинот би можело да биде корисно за вработените во здравствените установи, но негативни биле сигналите од намерата инфицираните сами да решаваат дали ќе одат во карантин, што го натерало да ја повлече мерката.

Според него, најавата за укинувањето на карантинот била протолкувана како короната да не е опасна, што не е корисно

The post Kaрантинот за заразени во Германија само пет дена appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за здравство, Карл Лутербах, изјави дека нема да биде укинат карантинот за лицата заразени со кодонавирусот, најавен за 1 мај. Лутербах неодамна најави дека од идниот месец ќе биде укинат карантинот за лицата заразени со корона, како и дека изолацијата ќе биде на доброволна основа, но денеска појасни дека се откажал од плановите за укинување на карантинот.
„Ќе остане само скратениот карантин од пет дена“, изјави тој за германската телевизија „Зе-Де-Еф“.
Лутербах смета дека укинувањето на карантинот би можело да биде корисно за вработените во здравствените установи, но негативни биле сигналите од намерата инфицираните сами да решаваат дали ќе одат во карантин, што го натерало да ја повлече мерката. Според него, најавата за укинувањето на карантинот била протолкувана како короната да не е опасна, што не е корисно

The post Kaрантинот за заразени во Германија само пет дена appeared first on Република.

]]>
Германија сепак не ја укинува мерката карантин за инфицираните со коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-sepak-ne-ja-ukinuva-merkata-karantin-za-inficiranite-so-koronavirusot/ Wed, 06 Apr 2022 09:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=483981

Германскиот министер за здравство, Карл Лутербах, изјави дека нема да биде укинат карантинот за лицата заразени со кодонавирусот, најавен за 1 мај.

Лутербах неодамна најави дека од идниот месец ќе биде укинат карантинот за лицата заразени со корона, како и дека изолацијата ќе биде на доброволна основа, но денеска појасни дека се откажал од плановите за укинување на карантинот.

Ќе остане само скратениот карантин од пет дена - изјави тој за германската телевизија „Зе-Де-Еф“.

Лутербах смета дека укинувањето на карантинот би можело да биде корисно за вработените во здравствените установи, но негативни биле сигналите од намерата инфицираните сами да решаваат дали ќе одат во карантин, што го натерало да ја повлече мерката.

Според него, најавата за укинувањето на карантинот била протолкувана како короната да не е опасна, што не е корисно.

The post Германија сепак не ја укинува мерката карантин за инфицираните со коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за здравство, Карл Лутербах, изјави дека нема да биде укинат карантинот за лицата заразени со кодонавирусот, најавен за 1 мај. Лутербах неодамна најави дека од идниот месец ќе биде укинат карантинот за лицата заразени со корона, како и дека изолацијата ќе биде на доброволна основа, но денеска појасни дека се откажал од плановите за укинување на карантинот. Ќе остане само скратениот карантин од пет дена - изјави тој за германската телевизија „Зе-Де-Еф“. Лутербах смета дека укинувањето на карантинот би можело да биде корисно за вработените во здравствените установи, но негативни биле сигналите од намерата инфицираните сами да решаваат дали ќе одат во карантин, што го натерало да ја повлече мерката. Според него, најавата за укинувањето на карантинот била протолкувана како короната да не е опасна, што не е корисно.

The post Германија сепак не ја укинува мерката карантин за инфицираните со коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Германија од 1 мај го укинува карантинот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-od-1-maj-go-ukinuva-karantinot/ Tue, 05 Apr 2022 12:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=483621

Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена

Во Германија од 1 мај заразените со коронавирус нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство, Карл Лаутербах.

Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена.

Додека, за медицинските работници и натаму ќе важат правилата за карантин –  тие ќе мора да бидат во карантин и да се тестираат по пет дена.

The post Германија од 1 мај го укинува карантинот appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена Во Германија од 1 мај заразените со коронавирус нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство, Карл Лаутербах. Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена.
Додека, за медицинските работници и натаму ќе важат правилата за карантин –  тие ќе мора да бидат во карантин и да се тестираат по пет дена.

The post Германија од 1 мај го укинува карантинот appeared first on Република.

]]>
Дали крајот вака мириса? Од 1 мај се укинува изолацијата за заболените од ковид во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-krajot-vaka-mirisa-od-1-maj-se-ukinuva-izolacijata-za-zabolenite-od-kovid-vo-germanija/ Tue, 05 Apr 2022 09:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=483509

Во Германија од 1 мај заразените со Ковид-19 нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.

Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена.

Додека за медицинските работници ќе важат правила за карантин односно тие ќе мора да се во карантин и по пет дена да се тестираат.

The post Дали крајот вака мириса? Од 1 мај се укинува изолацијата за заболените од ковид во Германија appeared first on Република.

]]>

Во Германија од 1 мај заразените со Ковид-19 нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах. Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена. Додека за медицинските работници ќе важат правила за карантин односно тие ќе мора да се во карантин и по пет дена да се тестираат.

The post Дали крајот вака мириса? Од 1 мај се укинува изолацијата за заболените од ковид во Германија appeared first on Република.

]]>
Карантинот во Шангај ги урна цените на нафтата на светските берзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/karantinot-vo-shangaj-gi-urna-cenite-na-naftata-na-svetskite-berzi/ Mon, 28 Mar 2022 13:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=479908

Цените на нафтата во светот денеска паднаа откако Кина поради случаи на коронавирус го стави во карантин цел Шангај, важен финансиски и производствен центар.

Цените на нафтата брент паднаа за повеќе од 4,5 долари за барел поради загриженоста дека „заклучувањето” на Шангај може да доведе до пад на побарувачката на нафта, јавува Би-Би-Си.

И покрај падот, цените на нафтата се уште се речиси 80 отсто повисоки од пред една година, а војната во Украина придонесе за голем скок.

Шангајскиот композитен индекс падна на почетокот на тргувањето на берзите, но го врати најголемиот дел од загубата во текот на ден от. Денешниот карантин во Шангај е најголемо „заклучување” во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.

 

The post Карантинот во Шангај ги урна цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата во светот денеска паднаа откако Кина поради случаи на коронавирус го стави во карантин цел Шангај, важен финансиски и производствен центар.
Цените на нафтата брент паднаа за повеќе од 4,5 долари за барел поради загриженоста дека „заклучувањето” на Шангај може да доведе до пад на побарувачката на нафта, јавува Би-Би-Си.
И покрај падот, цените на нафтата се уште се речиси 80 отсто повисоки од пред една година, а војната во Украина придонесе за голем скок. Шангајскиот композитен индекс падна на почетокот на тргувањето на берзите, но го врати најголемиот дел од загубата во текот на ден от. Денешниот карантин во Шангај е најголемо „заклучување” во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.  

The post Карантинот во Шангај ги урна цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>
Шангај од денеска во карантин поради Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shangaj-od-deneska-vo-karantin-poradi-kovid-19/ Mon, 28 Mar 2022 10:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=479776

Кина денеска го става Шангај во карантин, еден од најголемите градови во земјата со околу 26 милиони жители, како дел од стратегијата за борба против Ковид-19.

Финансиската област Пудонг во Шангај и блиските населби ќе бидат затворени од денеска до петок, бидејќи започнуваат масовни тестирања низ градот, соопшти локалната власт.

Друг дел од градот западно од реката Хуангпу ќе биде затворен од петок.

Жителите ќе мора да останат во своите домови за време на затворањето, а испораките на храна и други намирници ќе бидат оставени на одредени места за да се осигура дека нема контакт меѓу луѓето.

Сите фирми кои не се сметаат за неопходни ќе бидат затворени, а јавниот превоз ќе биде суспендиран.

Кина објави повеќе од 56.000 случаи на заразени со Ковид-19 овој месец, која брзо се шири на истокот на земјата. Сепак, во Шангај има малку заразени, само 47 случаи во саботата.

Сепак, Кина ја продолжи својата стратегија за затворање и масовно тестирање за да го минимизира бројот на заразени по највисокиот скок на нови инфекции во земјата од почетокот на епидемијата на коронавирус.

 

The post Шангај од денеска во карантин поради Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Кина денеска го става Шангај во карантин, еден од најголемите градови во земјата со околу 26 милиони жители, како дел од стратегијата за борба против Ковид-19. Финансиската област Пудонг во Шангај и блиските населби ќе бидат затворени од денеска до петок, бидејќи започнуваат масовни тестирања низ градот, соопшти локалната власт. Друг дел од градот западно од реката Хуангпу ќе биде затворен од петок. Жителите ќе мора да останат во своите домови за време на затворањето, а испораките на храна и други намирници ќе бидат оставени на одредени места за да се осигура дека нема контакт меѓу луѓето. Сите фирми кои не се сметаат за неопходни ќе бидат затворени, а јавниот превоз ќе биде суспендиран. Кина објави повеќе од 56.000 случаи на заразени со Ковид-19 овој месец, која брзо се шири на истокот на земјата. Сепак, во Шангај има малку заразени, само 47 случаи во саботата. Сепак, Кина ја продолжи својата стратегија за затворање и масовно тестирање за да го минимизира бројот на заразени по највисокиот скок на нови инфекции во земјата од почетокот на епидемијата на коронавирус.  

The post Шангај од денеска во карантин поради Ковид-19 appeared first on Република.

]]>