караница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karanica/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 15:55:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png караница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/karanica/ 32 32 Бритни Спирс се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот https://arhiva3.republika.mk/vesti/britni-spirs-se-skarala-so-momcheto-pa-polugola-ja-iznele-od-hotelot/ Sat, 04 May 2024 15:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=774217

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари.

The post Бритни Спирс се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот appeared first on Република.

]]>

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six. Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес. До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “. Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“. За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари.

The post Бритни Спирс се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот appeared first on Република.

]]>
Ако се карате пред детето, испраќате порака дека тоа е виновно и поставувате основа да има несреќен живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ako-se-karate-pred-deteto-isprakate-poraka-deka-toa-e-vinovno-i-postavuvate-osnova-da-ima-nesreken-zhivot/ Sat, 06 May 2023 18:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=637786

Доколку ги решаваме работите со карање и со надвикување, го учиме детето дека така се решаваат проблемите. Ако детето е предмет на караница, му испраќаме порака дека тоа е проблемот. Дали навистина сакаме од своите деца да направиме луѓе кои вечно ќе имаат чувство на вина и кои ќе викаат на другите?

Никој не вели дека е лесно секогаш да се биде зен и да не се карате, да не се лажеме - во секој брак има караници и брачните партнери знаат да разменат комуникациско оружје без да проверат дали детето е во нивна близина. И срам им е за тоа. Тоа не е нешто што треба да се прави. Треба да се научиме како да преминеме преку своето его бидејќи нашето дете е поважно од нашата „победа“.

Многу е важно родителите пред децата да се во складен, хармоничен однос што не е лесна задача.

Притоа не се мисли на тоа дека едниот од родителите треба да попушта и да „голта“ додека другиот дотура масло во огнот. Да се учи детето дека треба да трпи и да не се бори, исто така не е опција. Ако мама молчи додека тато вика, само ќе го научите детето дека е во ред мажите да викаат, па веројатно вашата ќерка ќе најде таков партнер во иднина затоа што навикнала на тоа и мисли дека така треба да биде.

Затоа е важно двајцата родители да искулираат. Дури и кога е во прашање воспитувањето на децата. Пред децата мора да настапите сложно за да не ги збунувате и за тие да пораснат во сигурни луѓе полни со самодоверба.

Возрасните не се согласуваат околу сите заедички прашања, што е и нормално. Нашите ставови и начинот на однесување се резултат на начинот на кој нѐ пораснале нашите родители, на културата и на нашиот темперамент.

И несогласувањето пред децата може да биде во ред сѐ додека детето не е предмет на тоа несогласување и додека тоновите на говорот се ниски, а зборовите се бираат.

Не треба да се правите дека секогаш сѐ е во ред. Можеме да не се согласуваме околу многу работи, но без обвинување, навреди, исмејување и високи тонови. Со тоа го учиме детето на дијалог, на разговор за проблемите и на правилно решавање на караниците.

Проблемот настанува кога еден од родителите влече навика за решавање на проблемите од своето сопствено домашно воспитување. Ако кај него дома работите се решавале со викање и со лупање на врати, веројатно и родителот со прифатил тој образец - посилниот победува.

Однесувањето на родителот станува однесување на детето

Кога во центарот на караницата меѓу двајцата родители е самото дете, влогот е малку поголем. Децата се емотивно врзани за своите родители и не сакаат да бидат „помеѓу“. Детето не сака да бира. Детето не би требало никогаш да бира кој е во право нуту да се чувствува како причина за караницата. Така од детето ќе направите личност која како терет на своите рамења ќе ги носи кривицата и стравот. На детето му се наметнува одговорност, што на долги патеки носи чувство дека во него е проблемот.

Треба да останете сложни пред детето

Сепак, не сме роботи. Кога ќе се вжештат работите, многу е тешко, ако не и невозможно да се смириме себе и да почекаме подобар момент за кавга, но и да научиме аргументирано и смирено да разговараме со партнерот за работите околу кои не се согласуваме.

Тоа значи:

Нема повишени тонови

Нема покажување со прсти (невербална закана)

Нема пасивна агресија на лицето и говор на телото

Нема скриени погледи кон детето

Нема спомнување на детето

Никогаш не го вовлекувајте детето во кранаицата.

И да се скарате, многу е важно да се смирите пред детето. Извинете му се на партнерот, гушнете го детето и јасно кажете му дека тоа апсолутно не е причината за вашата кавга, дека тато и мама се скааат, но зборуваат како да решат некои работи.

The post Ако се карате пред детето, испраќате порака дека тоа е виновно и поставувате основа да има несреќен живот appeared first on Република.

]]>

Доколку ги решаваме работите со карање и со надвикување, го учиме детето дека така се решаваат проблемите. Ако детето е предмет на караница, му испраќаме порака дека тоа е проблемот. Дали навистина сакаме од своите деца да направиме луѓе кои вечно ќе имаат чувство на вина и кои ќе викаат на другите? Никој не вели дека е лесно секогаш да се биде зен и да не се карате, да не се лажеме - во секој брак има караници и брачните партнери знаат да разменат комуникациско оружје без да проверат дали детето е во нивна близина. И срам им е за тоа. Тоа не е нешто што треба да се прави. Треба да се научиме како да преминеме преку своето его бидејќи нашето дете е поважно од нашата „победа“. Многу е важно родителите пред децата да се во складен, хармоничен однос што не е лесна задача. Притоа не се мисли на тоа дека едниот од родителите треба да попушта и да „голта“ додека другиот дотура масло во огнот. Да се учи детето дека треба да трпи и да не се бори, исто така не е опција. Ако мама молчи додека тато вика, само ќе го научите детето дека е во ред мажите да викаат, па веројатно вашата ќерка ќе најде таков партнер во иднина затоа што навикнала на тоа и мисли дека така треба да биде. Затоа е важно двајцата родители да искулираат. Дури и кога е во прашање воспитувањето на децата. Пред децата мора да настапите сложно за да не ги збунувате и за тие да пораснат во сигурни луѓе полни со самодоверба. Возрасните не се согласуваат околу сите заедички прашања, што е и нормално. Нашите ставови и начинот на однесување се резултат на начинот на кој нѐ пораснале нашите родители, на културата и на нашиот темперамент. И несогласувањето пред децата може да биде во ред сѐ додека детето не е предмет на тоа несогласување и додека тоновите на говорот се ниски, а зборовите се бираат. Не треба да се правите дека секогаш сѐ е во ред. Можеме да не се согласуваме околу многу работи, но без обвинување, навреди, исмејување и високи тонови. Со тоа го учиме детето на дијалог, на разговор за проблемите и на правилно решавање на караниците. Проблемот настанува кога еден од родителите влече навика за решавање на проблемите од своето сопствено домашно воспитување. Ако кај него дома работите се решавале со викање и со лупање на врати, веројатно и родителот со прифатил тој образец - посилниот победува.

Однесувањето на родителот станува однесување на детето

Кога во центарот на караницата меѓу двајцата родители е самото дете, влогот е малку поголем. Децата се емотивно врзани за своите родители и не сакаат да бидат „помеѓу“. Детето не сака да бира. Детето не би требало никогаш да бира кој е во право нуту да се чувствува како причина за караницата. Така од детето ќе направите личност која како терет на своите рамења ќе ги носи кривицата и стравот. На детето му се наметнува одговорност, што на долги патеки носи чувство дека во него е проблемот.

Треба да останете сложни пред детето

Сепак, не сме роботи. Кога ќе се вжештат работите, многу е тешко, ако не и невозможно да се смириме себе и да почекаме подобар момент за кавга, но и да научиме аргументирано и смирено да разговараме со партнерот за работите околу кои не се согласуваме. Тоа значи: Нема повишени тонови Нема покажување со прсти (невербална закана) Нема пасивна агресија на лицето и говор на телото Нема скриени погледи кон детето Нема спомнување на детето Никогаш не го вовлекувајте детето во кранаицата. И да се скарате, многу е важно да се смирите пред детето. Извинете му се на партнерот, гушнете го детето и јасно кажете му дека тоа апсолутно не е причината за вашата кавга, дека тато и мама се скааат, но зборуваат како да решат некои работи.

The post Ако се карате пред детето, испраќате порака дека тоа е виновно и поставувате основа да има несреќен живот appeared first on Република.

]]>