каптагон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaptagon/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jul 2023 20:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каптагон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaptagon/ 32 32 Во Ирак откриена фабрика за производство на каптагон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-irak-otkriena-fabrika-za-proizvodstvo-na-kaptagon/ Sun, 16 Jul 2023 20:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=662063

Ирачкото Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека открило фабрика за производство на каптагон на југот на земјата, која во последните години стана центар на трговијата со дрога.

„Денеска е откриена лабораторија за производство на каптагон“, соопшти локалното министерство, додавајќи дека фабриката е откриена во провинцијата Мутана, која граничи со Саудиска Арабија.

Министерството соопшти дека фабриката е „опремена со машини за правење каптагон апчиња“, но не прецизираше дали имало апсења.

Се проценува дека во Ирак, кој граничи со Сирија, Саудиска Арабија и Кувајт, има неколку фабрики за производство на оваа синтетичка дрога од групата амфетамини.

Во последните години во Ирак е зголемено производството и потрошувачката на овој наркотик.

The post Во Ирак откриена фабрика за производство на каптагон appeared first on Република.

]]>

Ирачкото Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека открило фабрика за производство на каптагон на југот на земјата, која во последните години стана центар на трговијата со дрога. „Денеска е откриена лабораторија за производство на каптагон“, соопшти локалното министерство, додавајќи дека фабриката е откриена во провинцијата Мутана, која граничи со Саудиска Арабија. Министерството соопшти дека фабриката е „опремена со машини за правење каптагон апчиња“, но не прецизираше дали имало апсења. Се проценува дека во Ирак, кој граничи со Сирија, Саудиска Арабија и Кувајт, има неколку фабрики за производство на оваа синтетичка дрога од групата амфетамини. Во последните години во Ирак е зголемено производството и потрошувачката на овој наркотик.

The post Во Ирак откриена фабрика за производство на каптагон appeared first on Република.

]]>