капитулација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitulacija/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Aug 2023 12:06:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png капитулација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitulacija/ 32 32 Захарова: Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-samo-kapitulatsijata-na-kiev-ke-stavi-kraj-na-ruskata-ofanziva-vo-ukraina/ Mon, 07 Aug 2023 12:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=669615

Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина, соопшти денеска Москва, откако викендов се одржа состанок во Саудиска Арабија, кој не донесе напредок за завршување на војната во Украина.

„Убедени сме дека навистина глобално, трајно и праведно решение е можно само доколку режимот во Киев престане со непријателствата и терористичките напади“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Треба да се препознаат новите територијални реалности, да се обезбеди демилитаризација и денацификација на Украина“, додаде таа.

Захарова нагласи дека Москва бара потврда за „оригиналните основи на суверенитетот на Украина: нејзиниот неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“. Тие барања, кои Москва веќе ги објави кога ја започна својата офанзива во февруари 2022 година, Киев ги отфрли.

Захарова го изјави ова откако викендов во Саудиска Џеда се одржаа разговори на околу четириесет делегации за Украина, во кои беа вклучени делегации од западните земји и брзорастечките економии блиски до Москва, вклучувајќи ги Кина и Индија, но не и Русија.

Долгите разговори меѓу делегациите не доведоа до напредок во конфликтот, а немаше ниту конечна изјава.

Иако Захарова во понеделникот рече дека Москва „високо го цени посредувањето на нивните пријатели од земјите на југот, таа истакна дека „мирното решение е невозможно“ врз основа на мировната формула предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Захарова: Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина appeared first on Република.

]]>

Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина, соопшти денеска Москва, откако викендов се одржа состанок во Саудиска Арабија, кој не донесе напредок за завршување на војната во Украина.
„Убедени сме дека навистина глобално, трајно и праведно решение е можно само доколку режимот во Киев престане со непријателствата и терористичките напади“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Треба да се препознаат новите територијални реалности, да се обезбеди демилитаризација и денацификација на Украина“, додаде таа.
Захарова нагласи дека Москва бара потврда за „оригиналните основи на суверенитетот на Украина: нејзиниот неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“. Тие барања, кои Москва веќе ги објави кога ја започна својата офанзива во февруари 2022 година, Киев ги отфрли. Захарова го изјави ова откако викендов во Саудиска Џеда се одржаа разговори на околу четириесет делегации за Украина, во кои беа вклучени делегации од западните земји и брзорастечките економии блиски до Москва, вклучувајќи ги Кина и Индија, но не и Русија. Долгите разговори меѓу делегациите не доведоа до напредок во конфликтот, а немаше ниту конечна изјава. Иако Захарова во понеделникот рече дека Москва „високо го цени посредувањето на нивните пријатели од земјите на југот, таа истакна дека „мирното решение е невозможно“ врз основа на мировната формула предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Захарова: Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина appeared first on Република.

]]>
Димни бомби и бело знаме: Косовците незадоволни од договорот на Вучиќ и Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dimni-bombi-i-belo-zname-kosovtsite-nezadovolni-od-dogovorot-na-vuchik-i-kurti/ Sat, 25 Mar 2023 18:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=623657

Демонстрантите на денешниот протест во Приштина фрлија димни бомби на владината зграда како знак на незадоволство од склучениот договор во Охрид, меѓу премиерот, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Договорот, меѓу другото, предвидува Косово конечно да ги спроведе обврски кон срспските општини и да им овозможи самоуправување.

Демонстрантите бараат оставка од Курти. Од јарболот пред владината зграда го симнаа косовското знаме и наместо тоа закачија бело знаме за да симболизира дека Курти се предал во Охрид.

The post Димни бомби и бело знаме: Косовците незадоволни од договорот на Вучиќ и Курти appeared first on Република.

]]>

Демонстрантите на денешниот протест во Приштина фрлија димни бомби на владината зграда како знак на незадоволство од склучениот договор во Охрид, меѓу премиерот, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Договорот, меѓу другото, предвидува Косово конечно да ги спроведе обврски кон срспските општини и да им овозможи самоуправување.
Демонстрантите бараат оставка од Курти. Од јарболот пред владината зграда го симнаа косовското знаме и наместо тоа закачија бело знаме за да симболизира дека Курти се предал во Охрид.

The post Димни бомби и бело знаме: Косовците незадоволни од договорот на Вучиќ и Курти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Протоколот е дипломатски нокаут и капитулација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-protokolot-e-diplomatski-nokaut-i-kapitulacija/ Mon, 18 Jul 2022 12:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=530661

Протоколот е дипломатски нокаут капитулација, ја отвори вратата за преговори Албанија, а ја подзатвори за Македонија, бидејќи како што и самата Генчовска кажа, вистинската меѓувладина конференција нема да се одржи сега туку веднаш после промената на Уставот. А тоа дека нема да се случи е гарант ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, односно пратеничката група бидејќи власта нема две третини во парламентот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Гази Баба.

Мицкоски истакна дека за Македонија да ги почне преговорите потребно е да се промени Уставот, односно Преамбулата, а потоа според документот Заеднички став на ЕУ ќе биде свикана меѓувладина и ќе биде усвоена предлог преговарачката рамка, но Уставот нема да се промени затоа што ВМРО-ДПМНЕ го гарантира тоа и бара измени во преговарачката рамка.

Дека нема да биде сменет Уставот бројни бројноста на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се 44 пратеници плус пратеници од опозицијата, кои се противат на ова. Така што владата во овој момент нема две третини што значи дека предлог преговарачката рамка останува предлог преговарачка рамка и неусвоена. За да биде усвоена ние бараме измени во членот 5 алинеја 4 каде што таа се повикува на билатералниот договор и Протоколот кој што го потпиша Бујар Османи и протоколите кои ќе ги потпише, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека лага е на СДСМ и ДУИ дека се гласало за модифициран предлог, бидејќи нивните пратеници не знаеја што гласаат затоа што Протоколот кој е составен дел од последниот предлог не им беше даден за да прочитаат.

Мицкоски уште еднаш повтори дека во суштина станува збор за дипломатска капитулација и нокаут и отворена врата за преговори на Албанија и подзатворена за Македонија.

The post Мицкоски: Протоколот е дипломатски нокаут и капитулација appeared first on Република.

]]>

Протоколот е дипломатски нокаут капитулација, ја отвори вратата за преговори Албанија, а ја подзатвори за Македонија, бидејќи како што и самата Генчовска кажа, вистинската меѓувладина конференција нема да се одржи сега туку веднаш после промената на Уставот. А тоа дека нема да се случи е гарант ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, односно пратеничката група бидејќи власта нема две третини во парламентот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Гази Баба. Мицкоски истакна дека за Македонија да ги почне преговорите потребно е да се промени Уставот, односно Преамбулата, а потоа според документот Заеднички став на ЕУ ќе биде свикана меѓувладина и ќе биде усвоена предлог преговарачката рамка, но Уставот нема да се промени затоа што ВМРО-ДПМНЕ го гарантира тоа и бара измени во преговарачката рамка.
Дека нема да биде сменет Уставот бројни бројноста на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се 44 пратеници плус пратеници од опозицијата, кои се противат на ова. Така што владата во овој момент нема две третини што значи дека предлог преговарачката рамка останува предлог преговарачка рамка и неусвоена. За да биде усвоена ние бараме измени во членот 5 алинеја 4 каде што таа се повикува на билатералниот договор и Протоколот кој што го потпиша Бујар Османи и протоколите кои ќе ги потпише, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека лага е на СДСМ и ДУИ дека се гласало за модифициран предлог, бидејќи нивните пратеници не знаеја што гласаат затоа што Протоколот кој е составен дел од последниот предлог не им беше даден за да прочитаат. Мицкоски уште еднаш повтори дека во суштина станува збор за дипломатска капитулација и нокаут и отворена врата за преговори на Албанија и подзатворена за Македонија.

The post Мицкоски: Протоколот е дипломатски нокаут и капитулација appeared first on Република.

]]>