капитол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitol/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 09:38:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png капитол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitol/ 32 32 Исчезнаа датотеки од упадот во Капитол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ischeznaa-datoteki-od-upadot-vo-kapitol/ Tue, 23 Jan 2024 09:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=735799

Комитетот на Претставничкиот дом што го истражува упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во Капитол избриша повеќе од 100 шифрирани датотеки од истрагата само неколку дена пред републиканците да го преземат мнозинството во Претставничкиот дом, дознава „Фокс њуз“.

Со доаѓањето на републиканците, истрагата за настаните од 6 јануари 2021 година, како и за безбедносните пропусти и „дејствија“ на поранешниот Демократски комитет, ја презеде комисија на чело со Бери Лудермилк, републиканец од Грузија.

Според правилата, поранешниот комитет, со кој претседаваше демократот Бени Томпсон, требаше да ја предаде целата документација на новиот панел.

Извори за „Фокс њуз“ изјавија дека Томпсон му рекол на Лудермилк дека ќе добие четири терабајти архивирани податоци, но новиот комитет добил само околу два терабајти податоци.

Американските медиуми пренесуваат дека Лудермилк сега ангажирал тим за дигитална форензика за да утврди кои информации не им биле дадени.

Форензичкиот тим утврдил дека 117 датотеки биле и избришани и шифрирани, според извори запознаени со нивната истрага. Изворите велат дека тие датотеки биле избришани на 1 јануари 2023 година - само неколку дена пред тимот на Томпсон да мора да ги предаде податоците на новиот одбор.

Исто така, „Фокс њуз“ наведува дека форензичкиот тим ги обновил сите 117 избришани и шифрирани датотеки.

-Едно пронајдено досие содржеше идентитет на лице чие сведочење не беше архивирано од Одбраниот комитет, рече Лудермилк. Исто така, откривме дека повеќето од обновените датотеки се заштитени со лозинка, што нè спречува да утврдиме што содржат, рече тој и додаде дека побарал од Томпсон список со лозинки за пристап до податоците, пренесува РТ Балкан.

-Јасно е дека одбраниот комитет на (Ненси) Пелоси направи се за да го спречи американскиот народ да види одредени документи од истрагата. Американскиот народ заслужува да ја знае целосната вистина, а спикерот (на Претставничкиот дом) Мајк Џонсон ме овласти да ги користам сите потребни алатки за да ги вратам овие документи за да ја добијам вистината, а јас ќе го направам тоа, изјави Лудермилк за „Фокс њуз“

The post Исчезнаа датотеки од упадот во Капитол appeared first on Република.

]]>

Комитетот на Претставничкиот дом што го истражува упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во Капитол избриша повеќе од 100 шифрирани датотеки од истрагата само неколку дена пред републиканците да го преземат мнозинството во Претставничкиот дом, дознава „Фокс њуз“. Со доаѓањето на републиканците, истрагата за настаните од 6 јануари 2021 година, како и за безбедносните пропусти и „дејствија“ на поранешниот Демократски комитет, ја презеде комисија на чело со Бери Лудермилк, републиканец од Грузија. Според правилата, поранешниот комитет, со кој претседаваше демократот Бени Томпсон, требаше да ја предаде целата документација на новиот панел. Извори за „Фокс њуз“ изјавија дека Томпсон му рекол на Лудермилк дека ќе добие четири терабајти архивирани податоци, но новиот комитет добил само околу два терабајти податоци. Американските медиуми пренесуваат дека Лудермилк сега ангажирал тим за дигитална форензика за да утврди кои информации не им биле дадени. Форензичкиот тим утврдил дека 117 датотеки биле и избришани и шифрирани, според извори запознаени со нивната истрага. Изворите велат дека тие датотеки биле избришани на 1 јануари 2023 година - само неколку дена пред тимот на Томпсон да мора да ги предаде податоците на новиот одбор. Исто така, „Фокс њуз“ наведува дека форензичкиот тим ги обновил сите 117 избришани и шифрирани датотеки.
-Едно пронајдено досие содржеше идентитет на лице чие сведочење не беше архивирано од Одбраниот комитет, рече Лудермилк. Исто така, откривме дека повеќето од обновените датотеки се заштитени со лозинка, што нè спречува да утврдиме што содржат, рече тој и додаде дека побарал од Томпсон список со лозинки за пристап до податоците, пренесува РТ Балкан.
-Јасно е дека одбраниот комитет на (Ненси) Пелоси направи се за да го спречи американскиот народ да види одредени документи од истрагата. Американскиот народ заслужува да ја знае целосната вистина, а спикерот (на Претставничкиот дом) Мајк Џонсон ме овласти да ги користам сите потребни алатки за да ги вратам овие документи за да ја добијам вистината, а јас ќе го направам тоа, изјави Лудермилк за „Фокс њуз“

The post Исчезнаа датотеки од упадот во Капитол appeared first on Република.

]]>
Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со упадот во Капитол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajnata-sluzba-na-sad-izbrishala-poraki-povrzani-so-upadot-vo-kapitol/ Fri, 15 Jul 2022 16:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=529431

Владин ревизор ја обвини тајната служба на САД (УССС) дека избришала пораки датирани од 5. и 6 јануари 2021, откако равизорот ги побарал како дел од истрагата за упадот во американскиот Капитол, објави „Вашингтон пост“.

Повикувајќи се на писмо испратено до законодавците неделава од страна на Џозеф Куфари, раководител во Одделот на генералниот инспектор во Министерството за внатрешна безбедност (ДХЛ), весникот пишува дека пораките исчезнале и дека тоа направило пречки во истрагата за 6 јануари 2021 година.

Од одделот не информираа дека многу пораки на тајната служба на САД од 5. и 6 јануари 2021 година биле избришани како дел од програма на замена на апарати - напишал Куфари во писмото, пренесува весникот.

Тој истакнал дека бришењето се случило откако генералниот инспектор побарал копии од пораките за својата истрага за 6 јануари и сигнализирал на случаи кога од ДХС не одговарале на негови распрашувања.

Во изјавата се вели дека со тоа се прават задршки во добивањето податоци и се создава забуна дали некои од овие податоци всушност воопшто се направени, а со тоа се поткопува истрагата за случувањата од 6 јануари 2021 година.

Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, пораките испраќани тогаш од тајната служба можат да дадат увид во акциите на агенцијата и најверојатно за тоа што правел поранешниот претседател ДоналдТрамп на денот на упадот во Капитол.

Поранешна официјална службеничка на Белата Куќа во сослушувањата пред комисијата на Претставничкиот дом, што почнаа во јуни, а која ги истражува настаните, изјави дека Трамп знаел дека неговите поддржуваче се вооружени и сакал да ја води толпата да влезе во Капитол. Таа исто така изјави дека поранешниот претседател, физички нападнал долгогодишен агент во тајната служба кој му кажал дека не треба да го прави тоа.

The post Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со упадот во Капитол appeared first on Република.

]]>

Владин ревизор ја обвини тајната служба на САД (УССС) дека избришала пораки датирани од 5. и 6 јануари 2021, откако равизорот ги побарал како дел од истрагата за упадот во американскиот Капитол, објави „Вашингтон пост“. Повикувајќи се на писмо испратено до законодавците неделава од страна на Џозеф Куфари, раководител во Одделот на генералниот инспектор во Министерството за внатрешна безбедност (ДХЛ), весникот пишува дека пораките исчезнале и дека тоа направило пречки во истрагата за 6 јануари 2021 година.
Од одделот не информираа дека многу пораки на тајната служба на САД од 5. и 6 јануари 2021 година биле избришани како дел од програма на замена на апарати - напишал Куфари во писмото, пренесува весникот.
Тој истакнал дека бришењето се случило откако генералниот инспектор побарал копии од пораките за својата истрага за 6 јануари и сигнализирал на случаи кога од ДХС не одговарале на негови распрашувања. Во изјавата се вели дека со тоа се прават задршки во добивањето податоци и се создава забуна дали некои од овие податоци всушност воопшто се направени, а со тоа се поткопува истрагата за случувањата од 6 јануари 2021 година. Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, пораките испраќани тогаш од тајната служба можат да дадат увид во акциите на агенцијата и најверојатно за тоа што правел поранешниот претседател ДоналдТрамп на денот на упадот во Капитол. Поранешна официјална службеничка на Белата Куќа во сослушувањата пред комисијата на Претставничкиот дом, што почнаа во јуни, а која ги истражува настаните, изјави дека Трамп знаел дека неговите поддржуваче се вооружени и сакал да ја води толпата да влезе во Капитол. Таа исто така изјави дека поранешниот претседател, физички нападнал долгогодишен агент во тајната служба кој му кажал дека не треба да го прави тоа.

The post Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со упадот во Капитол appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Со „Лајка“ бараме начини за хумано и соодветно третирање на бездомните кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mucunski-so-lajka-barame-nachini-za-humano-i-soodvetno-tretiranje-na-bezdomnite-kuchinja/ Sat, 12 Mar 2022 12:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=471705

Изминатиот период ги детектиравме критичните точки каде што нив најмногу ги има и сме во постојана комуникација со ЈП„Лајка“. Заеднички бараме начини за хумано и соодветно третирање на овие животни, без да се загрози нивната безбедност, но и за безбедноста на секој еден граѓанин, објави на Фејсбук градоначлникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

Ги следиме актуелни објави на здруженијата на заштита за животните и актуелните наводи дека зад бензинската Лукоил е расфрлан отров. Уште од првиот момент кога го прочитав ова ги пуштивме екипите на терен и тие истражуваат дали информации се точни. Згрозен сум од сите такви чинови кои се случувале претходно и барам најстрога казна за оние кои свесно се одлучуваат за смртта на друго живо суштество. Доколку се воспостави дека ова е точно, апелирам и до МВР да се преземат најстроги мерки до сторителите на овој чин. Но, воедно би сакал да посочам дека најпрво треба да се истражат информациите кои кружат по социјалните мрежи, па отпосле да донесеме заклучок.

 

Истите овие организации овие денови пишуваат и за отстранетите куќарки зад Капитол. Куќарките кои ги посочуваат, се отстранети од страна на нашите инспекциски служби по пријави на граѓани и согласно со сите закони. Имено, нашите инспектори на терен утврдиле дека станува збор за дивопоставени засолништа за бездомни кучиња, кои ја загрозувале безбедноста на граѓаните, нивното слободно движење, а особено на децата кои си играат во нивна непосредна близина. По многуте пријави од граѓани приморани бевме да го преземеме овој чекор.

 

Уште од првиот момент при добивање на градоначалничката функција најавив дека во врска со кучињата скитници ќе се бара исклучиво системско решение, кое ќе ги содржи сите принципи на хуманост. Изминатиот период ги детектиравме критичните точки каде што нив најмногу ги има и сме во постојана комуникација со ЈП„Лајка“. Заеднички бараме начини за хумано и соодветно третирање на овие животни, без да се загрози нивната безбедност, но и за безбедноста на секој еден граѓанин.

The post Муцунски: Со „Лајка“ бараме начини за хумано и соодветно третирање на бездомните кучиња appeared first on Република.

]]>

Изминатиот период ги детектиравме критичните точки каде што нив најмногу ги има и сме во постојана комуникација со ЈП„Лајка“. Заеднички бараме начини за хумано и соодветно третирање на овие животни, без да се загрози нивната безбедност, но и за безбедноста на секој еден граѓанин, објави на Фејсбук градоначлникот на Аеродром Тимчо Муцунски.
Ги следиме актуелни објави на здруженијата на заштита за животните и актуелните наводи дека зад бензинската Лукоил е расфрлан отров. Уште од првиот момент кога го прочитав ова ги пуштивме екипите на терен и тие истражуваат дали информации се точни. Згрозен сум од сите такви чинови кои се случувале претходно и барам најстрога казна за оние кои свесно се одлучуваат за смртта на друго живо суштество. Доколку се воспостави дека ова е точно, апелирам и до МВР да се преземат најстроги мерки до сторителите на овој чин. Но, воедно би сакал да посочам дека најпрво треба да се истражат информациите кои кружат по социјалните мрежи, па отпосле да донесеме заклучок.   Истите овие организации овие денови пишуваат и за отстранетите куќарки зад Капитол. Куќарките кои ги посочуваат, се отстранети од страна на нашите инспекциски служби по пријави на граѓани и согласно со сите закони. Имено, нашите инспектори на терен утврдиле дека станува збор за дивопоставени засолништа за бездомни кучиња, кои ја загрозувале безбедноста на граѓаните, нивното слободно движење, а особено на децата кои си играат во нивна непосредна близина. По многуте пријави од граѓани приморани бевме да го преземеме овој чекор.   Уште од првиот момент при добивање на градоначалничката функција најавив дека во врска со кучињата скитници ќе се бара исклучиво системско решение, кое ќе ги содржи сите принципи на хуманост. Изминатиот период ги детектиравме критичните точки каде што нив најмногу ги има и сме во постојана комуникација со ЈП„Лајка“. Заеднички бараме начини за хумано и соодветно третирање на овие животни, без да се загрози нивната безбедност, но и за безбедноста на секој еден граѓанин.

The post Муцунски: Со „Лајка“ бараме начини за хумано и соодветно третирање на бездомните кучиња appeared first on Република.

]]>