капитол хил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitol-hil/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 20:44:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png капитол хил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitol-hil/ 32 32 Пропалестинските демонстранти упаднаа во зградата на Капитол Хил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/propalestinskite-demonstranti-upadnaa-vo-zgradata-na-kapitol-hil/ Wed, 18 Oct 2023 20:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=692630

Пропалестински демонстранти вечерва упаднаа во зградата на „Кон Хаус“ на Капитол Хил во Вашингтон, јавуваат американските медиуми.

Во таа зграда се наоѓаат неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот.

Полицијата на Капитол соопшти дека не се дозволени демонстрации внатре во Капитол и дека работи на расчистување на толпата.

Полицијата веќе приведе неколку лица додека низ зградата одекнуваат извици „прекин на огнот сега“, пренесува Фокс њуз.

Според медиумите, протестот најверојатно е поврзан со групата „Еврејски глас за мир“, која повикува на примирје и се спротивставува на „етничкото чистење на Палестинците од страна на израелската влада“.

The post Пропалестинските демонстранти упаднаа во зградата на Капитол Хил appeared first on Република.

]]>

Пропалестински демонстранти вечерва упаднаа во зградата на „Кон Хаус“ на Капитол Хил во Вашингтон, јавуваат американските медиуми. Во таа зграда се наоѓаат неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот. Полицијата на Капитол соопшти дека не се дозволени демонстрации внатре во Капитол и дека работи на расчистување на толпата.
Полицијата веќе приведе неколку лица додека низ зградата одекнуваат извици „прекин на огнот сега“, пренесува Фокс њуз.
Според медиумите, протестот најверојатно е поврзан со групата „Еврејски глас за мир“, која повикува на примирје и се спротивставува на „етничкото чистење на Палестинците од страна на израелската влада“.

The post Пропалестинските демонстранти упаднаа во зградата на Капитол Хил appeared first on Република.

]]>
По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/ Mon, 19 Dec 2022 08:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=587428

По 18-месечна истрага, парламентарната анкетна комисија за упадот на Капитол денеска ќе ги објави своите заклучоци и се очекува да гласа дали да препорача Доналд Трамп и некои од неговите соработници да бидат кривично гонети.

Нејзините членови, седум демократи и двајца републиканци, ќе одржат јавен состанок во 13 часот по локално време за да ги претстават своите наоди за настаните од 6 јануари 2021 година, собрани во осум поглавја.

На тој ден, приврзаници на поранешниот претседател Трамп, тврдејќи заедно со него дека Џо Бајден ги „украл“ претседателските избори во 2020 година, ја нападнаа зградата на Конгресот.

Комисијата денеска треба да одлучи дали ќе препорача Министерството за правда да го обвини Трамп за поттикнување бунт, попречување официјална процедура (за потврдување на изборниот резултат во 2020 година) и заговор против американската држава.

Овие три обвиненија може да доведат до казни кои вклучуваат затвор и забрана за вршење јавна функција во САД, а поранешниот претседател веќе рече дека ќе се кандидира за функцијата во 2024 година.

Конечниот извештај на комисијата ќе биде објавен на 21 декември.

The post По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците appeared first on Република.

]]>

По 18-месечна истрага, парламентарната анкетна комисија за упадот на Капитол денеска ќе ги објави своите заклучоци и се очекува да гласа дали да препорача Доналд Трамп и некои од неговите соработници да бидат кривично гонети. Нејзините членови, седум демократи и двајца републиканци, ќе одржат јавен состанок во 13 часот по локално време за да ги претстават своите наоди за настаните од 6 јануари 2021 година, собрани во осум поглавја. На тој ден, приврзаници на поранешниот претседател Трамп, тврдејќи заедно со него дека Џо Бајден ги „украл“ претседателските избори во 2020 година, ја нападнаа зградата на Конгресот. Комисијата денеска треба да одлучи дали ќе препорача Министерството за правда да го обвини Трамп за поттикнување бунт, попречување официјална процедура (за потврдување на изборниот резултат во 2020 година) и заговор против американската држава. Овие три обвиненија може да доведат до казни кои вклучуваат затвор и забрана за вршење јавна функција во САД, а поранешниот претседател веќе рече дека ќе се кандидира за функцијата во 2024 година. Конечниот извештај на комисијата ќе биде објавен на 21 декември.

The post По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците appeared first on Република.

]]>
Трамп ветува помилување за учесниците во упадот на Капитол ако повторно биде избран за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-vetuva-pomiluvanje-za-uchesnicite-vo-upadot-na-kapitol-ako-povtorno-bide-izbran-za-pretsedatel/ Sun, 30 Jan 2022 08:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=451426

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година.

Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.

„Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари“, рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот.

„Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно“, нагласи поранешниот американски претседател.

The post Трамп ветува помилување за учесниците во упадот на Капитол ако повторно биде избран за претседател appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година. Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.
„Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари“, рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот. „Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно“, нагласи поранешниот американски претседател.

The post Трамп ветува помилување за учесниците во упадот на Капитол ако повторно биде избран за претседател appeared first on Република.

]]>