капитални проекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitalni-proekti/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 18:08:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png капитални проекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitalni-proekti/ 32 32 Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-nema-prichina-za-somnezh-kapitalnite-investitsii-se-realni-i-ke-bidat-realizirani/ Tue, 29 Oct 2024 18:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=832212

Земјава била опомената од Светска банка дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на спроведувањето на проектите што ги финансира оваа меѓународна институција, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Предлог-буџетот за 2025 година што го усвои Владата, Димитриеска-Кочоска потенцира дека проектираните капитални инвестиции се реални и нема причина за сомнеж дека ќе бидат реализирани.

Според министерката, од ставката за капитални инвестиции, вредна 50,65 милијарди денари, не може да се крати, зашто најмногу средства се предевидени од кредити.

Димитриеска-Кочоска потврди дека во март ќе има зголемување на пензиите за 2 500 денари, а за раст на платите, објасни, покрај предвидените 5,5 милијарди денари, ќе има и бафери во случај да се постигне договор на Економско-социјалниот совет за нешто плус од она што е планирано со буџетот. Најави и законско усогласување зашто сегашното решение, како што повтори, не соодветствува на политиката за линеарен раст на платите и пензиите.

Министерката рече и дека кон ПИОМ за раст на платите ќе отидат околу 24 милијарди денари, додека за пензиите не можеше да прецизира конкетни бројки.

-Не може да се крати од ставката за капитални инвестиции зашто најмногу средства имаме предвидено од кредити. Никогаш со кредити не биле финансирани толку проекти како сега. Во САД минатата недела имав разговори со Светска банка и бевме опоменати дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на реализација на проектите што тие ги финансираат. Денеска на Влада многу разговаравме за реализација на тие проекти. Нема причина да се сомневаме дека нема да има реализација. Суштината е како ќе се организираат министрите. Овие министри се подготвени, работат напорно за да може да се одглават проектите кои беа заглавени. Ако ги одглавиме проектите, ќе има реалзиација. Ако зборуваме за парите во капитални инвестиции, зборуваме за реални инвестиции, а не за трансфери како во изминатиот период кои завршуваа за исплата на плати или за купување суровини, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Вкупно, рече, 105 милијарди денари ќе отидат кон ПИОМ, но тоа е нето ефектот.

-Колку ќе фали за да се исплатат пензиите, не можам да кажам сега, многу се стини бројките. За платите ќе има 5,5 милијарди денари од кои две одат за основно и средно образование. Останатие 3,5 милијарди се за зголемување и на останатите плати, а најверојатно и за зголемување на минималецот. Средства се предвидени плус, има и бафери ако се постигнат и други договори од плчанираното, нека завршат разговорите во ЕСС, најважно е дека има срества 5,5 милијарди плус бафери...., рече Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека за Фондот за здравство има 5,2 милијарди.

Во однос на јавниот долг, нагласи, се ќе зависи како ќе се задолжуваат јавните претпријатија.

-Ако го гледаме она што Министерството за финансии директно може да го контролира, државниот долг нема да ги надмине 60-те проценти. Во однос на јавниот долг, се ќе зависи од тоа какви информации ќе добиеме и од јавните претпријатија во однос на нивната реализација. Вкупно 500 милиони евра е еврообврзницата во јануари, ги обезбедуваме средствата, ќе ја рефинансираме, плус тековни околу две милијарди, но има и државни хартии од вредност кои не влегуваат во Буџетот, информира министерката.

Прашањето дали ќе продолжи мерката за маржите, Димитриеска-Кочоска ги упати новинарите да му го постават на министерот за економија.

The post Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани appeared first on Република.

]]>

Земјава била опомената од Светска банка дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на спроведувањето на проектите што ги финансира оваа меѓународна институција, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Предлог-буџетот за 2025 година што го усвои Владата, Димитриеска-Кочоска потенцира дека проектираните капитални инвестиции се реални и нема причина за сомнеж дека ќе бидат реализирани. Според министерката, од ставката за капитални инвестиции, вредна 50,65 милијарди денари, не може да се крати, зашто најмногу средства се предевидени од кредити. Димитриеска-Кочоска потврди дека во март ќе има зголемување на пензиите за 2 500 денари, а за раст на платите, објасни, покрај предвидените 5,5 милијарди денари, ќе има и бафери во случај да се постигне договор на Економско-социјалниот совет за нешто плус од она што е планирано со буџетот. Најави и законско усогласување зашто сегашното решение, како што повтори, не соодветствува на политиката за линеарен раст на платите и пензиите. Министерката рече и дека кон ПИОМ за раст на платите ќе отидат околу 24 милијарди денари, додека за пензиите не можеше да прецизира конкетни бројки. -Не може да се крати од ставката за капитални инвестиции зашто најмногу средства имаме предвидено од кредити. Никогаш со кредити не биле финансирани толку проекти како сега. Во САД минатата недела имав разговори со Светска банка и бевме опоменати дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на реализација на проектите што тие ги финансираат. Денеска на Влада многу разговаравме за реализација на тие проекти. Нема причина да се сомневаме дека нема да има реализација. Суштината е како ќе се организираат министрите. Овие министри се подготвени, работат напорно за да може да се одглават проектите кои беа заглавени. Ако ги одглавиме проектите, ќе има реалзиација. Ако зборуваме за парите во капитални инвестиции, зборуваме за реални инвестиции, а не за трансфери како во изминатиот период кои завршуваа за исплата на плати или за купување суровини, нагласи Димитриеска-Кочоска. Вкупно, рече, 105 милијарди денари ќе отидат кон ПИОМ, но тоа е нето ефектот. -Колку ќе фали за да се исплатат пензиите, не можам да кажам сега, многу се стини бројките. За платите ќе има 5,5 милијарди денари од кои две одат за основно и средно образование. Останатие 3,5 милијарди се за зголемување и на останатите плати, а најверојатно и за зголемување на минималецот. Средства се предвидени плус, има и бафери ако се постигнат и други договори од плчанираното, нека завршат разговорите во ЕСС, најважно е дека има срества 5,5 милијарди плус бафери...., рече Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека за Фондот за здравство има 5,2 милијарди. Во однос на јавниот долг, нагласи, се ќе зависи како ќе се задолжуваат јавните претпријатија. -Ако го гледаме она што Министерството за финансии директно може да го контролира, државниот долг нема да ги надмине 60-те проценти. Во однос на јавниот долг, се ќе зависи од тоа какви информации ќе добиеме и од јавните претпријатија во однос на нивната реализација. Вкупно 500 милиони евра е еврообврзницата во јануари, ги обезбедуваме средствата, ќе ја рефинансираме, плус тековни околу две милијарди, но има и државни хартии од вредност кои не влегуваат во Буџетот, информира министерката. Прашањето дали ќе продолжи мерката за маржите, Димитриеска-Кочоска ги упати новинарите да му го постават на министерот за економија.

The post Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани appeared first on Република.

]]>
80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/80-opshtini-dostavija-357-proekti-na-javniot-povik-za-kapitalni-investitsii-na-vladata/ Sat, 14 Sep 2024 07:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=816254

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Како што соопштуваат од Генералниот секретаријат, 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.

Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, велат од Владата.

The post 80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата appeared first on Република.

]]>

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Како што соопштуваат од Генералниот секретаријат, 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните. Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, велат од Владата.

The post 80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата appeared first on Република.

]]>
Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот https://arhiva3.republika.mk/sport/ministerot-borko-ristovski-najavi-novi-kapitalni-proekti-i-poveke-namenski-sredstva-za-sportot/ Wed, 11 Sep 2024 19:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=815484

Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува позитивните придобивки од формирање на новото Министерство за спорт со реализација на програмата и зацртаните проекти, најави министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

-При крај сме со изработката на новите правилници и критериуми кои ќе значат финансирање на спортот на вистински начин без можност за корупција и разни влијанија. Уште еднаш ќе повторам дека Агенцијата за млади и спорт воопшто ги немаше буџетирано тие средства од околу 10 милиони евра државна помош за спортот. Ние со ребалансот на буџетот ги обезбедивме тие средстава и направивме еден поинаков начин на финансирање. Во прв план ќе се финансира врвниот спорт со околу 85 милиони денари што не е мала сума, потоа доаѓаат средствата од т.н. ваучер, односно, државна помош или субвенционирање во спортот кои се во висина од 550 милиони денари, па пред крај на годината уште една транша од околу 85 милиони денари наменети за развој на женскиот спорт, поддршка на млади таленти и за сите оние кои што имаат индивидуални програми, како и за рекреативниот спорт. Се обидуваме да ги опфатиме сите гранки во спортот и да ставиме акцент на врвниот спорт и поддршка на младите таленти преку финансирање на нивните програми што е апсолутно различно од сѐ она што беше досега, истакна Ристовски.

- Ако Министерството за спорт во овие неполни три месеци колку што функционира успеа да изнајде средства од околу 160 милиони за финансирање во спортот, моралната дилема ми е и се наметнува прашањето каде биле или каде оделе досега овие средства? Можеби биле распределувани како што биле, но јасно е дека парите не оделе на вистинско место затоа што не гледавме развој на спортот – посочи министерот за спорт.

Ристовски потенцираше дека резултатите, проектите и активноста на федерациите и клубовите ќе бидат основниот критериум по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од државата наменети за поддршка на спортот. Посебен акцент ќе биде ставен на врвниот спорт и поддршка на младите таленти, но и на подобрување на спортската инфраструктура.

-Од следната година планираме досегашните 10 милиони евра кои што беа државна субвенција за спортот да ги зголемиме на 15 милиони евра, што значи за 50% да ја зголемиме помошта од државата за спортот. Средствата од тој „спортски денар“ од нафтените деривати планираме да ги искористиме во капитални инвестиции. Тоа подразбира сѐ она што е за реновирање, реконструкција и изградба на нови објекти кои ќе значат подобри услови за спортот. Нашата насока на функционирање ќе биде во тој дел. За следната година во план ни е изградба на 5 нови спортски сали, отпочнување на новиот спортски комплекс во Гази Баба, изградба на спортска сала во населба Бутел наменета за олимписки спортови... Не можеме и не смееме да си дозволиме тој луксуз да бараме резултати од спортистите, од екипите и од федерациите, а да ги немаат основните услови за функционирање, да немаа сала каде да тренираат. Мора да почнеме од основата, а тоа е создавање нормални услови за функционирање на спортот – истакна министерот Борко Ристовски.

The post Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува позитивните придобивки од формирање на новото Министерство за спорт со реализација на програмата и зацртаните проекти, најави министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.
-При крај сме со изработката на новите правилници и критериуми кои ќе значат финансирање на спортот на вистински начин без можност за корупција и разни влијанија. Уште еднаш ќе повторам дека Агенцијата за млади и спорт воопшто ги немаше буџетирано тие средства од околу 10 милиони евра државна помош за спортот. Ние со ребалансот на буџетот ги обезбедивме тие средстава и направивме еден поинаков начин на финансирање. Во прв план ќе се финансира врвниот спорт со околу 85 милиони денари што не е мала сума, потоа доаѓаат средствата од т.н. ваучер, односно, државна помош или субвенционирање во спортот кои се во висина од 550 милиони денари, па пред крај на годината уште една транша од околу 85 милиони денари наменети за развој на женскиот спорт, поддршка на млади таленти и за сите оние кои што имаат индивидуални програми, како и за рекреативниот спорт. Се обидуваме да ги опфатиме сите гранки во спортот и да ставиме акцент на врвниот спорт и поддршка на младите таленти преку финансирање на нивните програми што е апсолутно различно од сѐ она што беше досега, истакна Ристовски.
- Ако Министерството за спорт во овие неполни три месеци колку што функционира успеа да изнајде средства од околу 160 милиони за финансирање во спортот, моралната дилема ми е и се наметнува прашањето каде биле или каде оделе досега овие средства? Можеби биле распределувани како што биле, но јасно е дека парите не оделе на вистинско место затоа што не гледавме развој на спортот – посочи министерот за спорт. Ристовски потенцираше дека резултатите, проектите и активноста на федерациите и клубовите ќе бидат основниот критериум по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од државата наменети за поддршка на спортот. Посебен акцент ќе биде ставен на врвниот спорт и поддршка на младите таленти, но и на подобрување на спортската инфраструктура.