капитални инвестиции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitalni-investicii/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 11:24:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png капитални инвестиции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitalni-investicii/ 32 32 Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-vladata-ke-bide-potpishan-dogovorot-od-prvata-transha-od-250-te-milioni-evra-nameneti-za-opshtinite/ Sun, 27 Oct 2024 10:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=831364

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот.

По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

The post Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините appeared first on Република.

]]>

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините. Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот. По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

The post Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините appeared first on Република.

]]>
Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-formirana-e-komisija-koja-raboti-na-sluchajot-so-zloupotrebite-od-sluzhbenata-kartichka-zloupotrebi-ima-i-kaj-kapitalnite-investitsii/ Tue, 27 Aug 2024 11:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=810573

Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој за време на неговата посета во НУБ „Св. Климент Охридски“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со наводните злоупотреби на буџетски пари од претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на службени патувања, потенцираше дека е формирана работна група која работи на овој случај. Има извештај што и како е трошено.

Формирана е работна група. Како министер за култура и туризам кога стапувам на позиција, барам отчетност од тоа што се работело во претходните години. Побарав отчетност во претходните две и пол години додека била таа министерка, бидејќи преземам функција, сакам да знам каква е состојбата. Имам направено многу работни групи, кои што работат на многу процеси, рече Љутков.

Една работна група е, како што посочи, да се откочат процесите во заштитата на културното наследство, бидејќи постоеле средства што не се трошеле. Според министерот, тешки последици може да има по одредени процеси кои што ги преземала министерката во последните две и пол години.

Зошто тоа не се трошело? Зошто не се распишувале тендери? Тоа е страшно, ќе се појавам на посебна прес-конференција да откријам страшни работи во делот на нејзиното работење, но работните групи полека ги испитуваат случаите и го испитуваат случајот со трошењето на службената картица. Таму има извештај што е трошено и како е трошено. Како таа ја негира работната група, кога работела со тие луѓе. Тие луѓе со кои соработувала министерката се потпишани на извештајот и се дел од работната група, рече Љутков.

Како што посочи, она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.

Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, додаде Љутков.

ВМРО-ДПМНЕ од викендот почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.

По ова, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека денеска ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.

Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>

Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој за време на неговата посета во НУБ „Св. Климент Охридски“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со наводните злоупотреби на буџетски пари од претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на службени патувања, потенцираше дека е формирана работна група која работи на овој случај. Има извештај што и како е трошено.
Формирана е работна група. Како министер за култура и туризам кога стапувам на позиција, барам отчетност од тоа што се работело во претходните години. Побарав отчетност во претходните две и пол години додека била таа министерка, бидејќи преземам функција, сакам да знам каква е состојбата. Имам направено многу работни групи, кои што работат на многу процеси, рече Љутков.
Една работна група е, како што посочи, да се откочат процесите во заштитата на културното наследство, бидејќи постоеле средства што не се трошеле. Според министерот, тешки последици може да има по одредени процеси кои што ги преземала министерката во последните две и пол години.
Зошто тоа не се трошело? Зошто не се распишувале тендери? Тоа е страшно, ќе се појавам на посебна прес-конференција да откријам страшни работи во делот на нејзиното работење, но работните групи полека ги испитуваат случаите и го испитуваат случајот со трошењето на службената картица. Таму има извештај што е трошено и како е трошено. Како таа ја негира работната група, кога работела со тие луѓе. Тие луѓе со кои соработувала министерката се потпишани на извештајот и се дел од работната група, рече Љутков.
Како што посочи, она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.
Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, додаде Љутков.
ВМРО-ДПМНЕ од викендот почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели. По ова, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека денеска ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора бара капитални инвестиции наместо нови административни вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-bara-kapitalni-investitsii-namesto-novi-administrativni-vrabotuvana/ Sun, 24 Sep 2023 11:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=684663

Стопанска комора на Македонија, преку Регионалната комора Прилеп, е информирана дека е подготвена Одлука во општината, за финансирање на нови 33 административни вработувања за идната 2024 година, согласно проекциите на буџетската градска каса за следната година.

Ваквото функционирање со кое наместо средства за капитални инвестиции се планираат непродуктивни трошења не е во согласност со ставовите и заложбите на бизнис заедницата кои во континуитет се испраќаат, дека час поскоро е потребно средување на состојбите во јавната администрација и конечно да се стави приоритет на бизнисот врз политиката во наредниот период. Бизнис секторот од Прилеп укажува дека со ваквите одлуки кои се во најава од пазарот на труд се намалуваат 33 потенцијални вработени во приватниот сектор кој се соочува со сериозен недостиг на кадар и би продолжила доминацијата статус ков позицијата на сметка на развојната компонента, вели Ирена Јакимовска, претседателката на Регионалната комора (РК) Прилеп при Стопанската комора.

Од Регионалната комора изразува благодарност што градоначалникот на општина Прилеп од својата позиција како татко на градот континуирано учествува на расправите и активностите организирани од страна на бизнис секторот во градот, но истовремени укажуваат дека на вакви дејствија спротивни на бизнисот ќе реагираат.

Ако ова остане пример за сите општини во предизборието, тогаш навистина ќе потврдиме дека развојната компонента ќе причека за уште најмалку една година.. РК Прилеп укажува и дека тешко оди издавањето на градежни дозволи во општината што е основен услов да бидат стопирани секакви инвестициони активности. Има безброј примери на погрешни одлуки на општината во Прилеп кои доведоа до ваквата состојба и се прашуваме дали тоа не е основа од регион на најдобар регион и најплодна земја да се доведеме до најзагадена животна средина.

Оттука, барањето Регионалната комора е оваа Одлука веднаш да се измени и планирањето на трошоците на буџетската каса за 2024 година да се врши во заедничко содејство со Регионалната комора од Прилеп, наведува Јакимовска.

The post Стопанската комора бара капитални инвестиции наместо нови административни вработувања appeared first on Република.

]]>

Стопанска комора на Македонија, преку Регионалната комора Прилеп, е информирана дека е подготвена Одлука во општината, за финансирање на нови 33 административни вработувања за идната 2024 година, согласно проекциите на буџетската градска каса за следната година.
Ваквото функционирање со кое наместо средства за капитални инвестиции се планираат непродуктивни трошења не е во согласност со ставовите и заложбите на бизнис заедницата кои во континуитет се испраќаат, дека час поскоро е потребно средување на состојбите во јавната администрација и конечно да се стави приоритет на бизнисот врз политиката во наредниот период. Бизнис секторот од Прилеп укажува дека со ваквите одлуки кои се во најава од пазарот на труд се намалуваат 33 потенцијални вработени во приватниот сектор кој се соочува со сериозен недостиг на кадар и би продолжила доминацијата статус ков позицијата на сметка на развојната компонента, вели Ирена Јакимовска, претседателката на Регионалната комора (РК) Прилеп при Стопанската комора.
Од Регионалната комора изразува благодарност што градоначалникот на општина Прилеп од својата позиција како татко на градот континуирано учествува на расправите и активностите организирани од страна на бизнис секторот во градот, но истовремени укажуваат дека на вакви дејствија спротивни на бизнисот ќе реагираат.
Ако ова остане пример за сите општини во предизборието, тогаш навистина ќе потврдиме дека развојната компонента ќе причека за уште најмалку една година.. РК Прилеп укажува и дека тешко оди издавањето на градежни дозволи во општината што е основен услов да бидат стопирани секакви инвестициони активности. Има безброј примери на погрешни одлуки на општината во Прилеп кои доведоа до ваквата состојба и се прашуваме дали тоа не е основа од регион на најдобар регион и најплодна земја да се доведеме до најзагадена животна средина. Оттука, барањето Регионалната комора е оваа Одлука веднаш да се измени и планирањето на трошоците на буџетската каса за 2024 година да се врши во заедничко содејство со Регионалната комора од Прилеп, наведува Јакимовска.

The post Стопанската комора бара капитални инвестиции наместо нови административни вработувања appeared first on Република.

]]>
Владата пресмета висока реализација на капиталните инвестиции, опозицијата оспорува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-presmeta-visoka-realizatsija-na-kapitalnite-investitsii-opozitsijata-osporuva/ Tue, 17 Jan 2023 08:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=597729

Старт на изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10д, завршување на автопатот Кичево-Охрид, на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце, се дел од капиталните проекти за годинава што ги најавува Владата, а со Буџетот се проектирани во вкупен износ од 800 милиони евра. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и вчера ги повтори критиките до Владата дека повторува исти проекти и оти нема капацитет за реализација.

Според премиерот Димитар Ковачевски, капиталните расходи лани забележале највисок износ на реализација во последните 10 години, од речиси 90 проценти, односно 465 милиони евра. Тоа, како што вели, е резултат на воведениот КАПЕФ механизам и зголемената посветеност за реализација.

Фактите покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше сомнеж дека нема да се успее, сепак имаме реализација  на капитални проекти  од речиси 90 проценти од проектираното, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години. Сето ова го направивме со цел да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, рече  Ковачевски на прес-конференцијата во Владата соопштувајќи ја одделно реализацијата по ресори за минатата година и плановите за годинава.

Во клучните проекти за годинава, тој ги спомена Коридор 8 и Коридор 10.д,  за изградба на автопатските  делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требениште-Струга -Ќафасан, како и Прилеп-Битола. За нивната изградба вчера и официјално беше потврдено дека надзор и консултант ќе биде ИРД инженеринг, избрана на повторениот тендер од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Од Буџетот за  новите автопатски делници што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка се предвидени 234 милиони евра.

Во план е годинава да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид каде има реализација од над 75 проценти, проект почнат пред шест години во време на претходната Влада.

Во овој момент активно тече изградбата на автопати во должина од 59 километри. Динамиката на изградба на коридорот од Кичево до Охрид, кој е во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра е навистина забрзана. Таму веќе 75  проценти од патот е завршен и се работи со забрзана динамика откако беа отстранети сите пречки, рече премиерот.

Ковачевски вели дека оваа година ќе привршувааат и работите на Коридор 8 кон Бугарија, каде исто така се работи на комплетно нова делница, како и дека привршува и првата фаза на автопатот кон Блаце каде се градат првите два километра, а во тек се активности за проектирање на втората. Премиерот ветува дека ќе биде пуштена и браната Конско, што е втора по големина направена во државата. Ги спомена и активностите за железничкото поврзување и доизградба на Коридорот 8, каде за изградбата на пругата кон Бугарија, вкупно се планирани 600 милиони евра, во три фази, како и завршениот гасовод од Жидилово до Битола.

За инвестиции во образовната инфраструктура се предвидени 18,3 милиони евра и се ветува дека ќе почне изградбата на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје,  како и дека ќе продолжи изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.

Ќе се гради нов објект за кумановската гимназија „Сами Фрашери“. Ќе започнат активностите за целосна реконструкција на сите девет државни студентски домови, кои во рок од 30-ина месеци треба да станат современи и енергетски ефикасни, најави премиерот и дополни дека ќе почне реконструкцијата на 118 училишни објекти и ќе стартува изградбата на 10 нови спортски објекти.

На информациите и најавите од премиерот реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде оценија дека повторува исти проекти од годините наназад.

Повторно ги слушаме истите проекти како автопатот Кичево – Охрид, автопатот од два километри кон Косово, железнички пруги и слично, единствено различно е што во ветувањата за оваа година ја нема споменато изградбата на нов клинички центар во Скопје. Владата на Ковачевски ниту има капацитет ниту знаење да реализира капитални проекти во државата. Тие единствено што знаат е да ги трошат народните пари. За пет години потрошија над 20 милијарди евра а проекти нема, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија сметаат дека власта во 2022 година во најголем дел како капитални инвестиции ги книжи набавките на воена опрема, а нема ништо од реализација на нови клинички центри, училишта или автопати.

Апсурден пример е дека министерство кое реализирало најголем процент од капитални расходи е министерството на Груби, што нема апсолутно никаква врска со капитални инвестиции кои ќе го подобрат стандардот на живеење на граѓаните. Дополнително друг поразителен податок е дека нивото на капитални инвестиции е помало од буџетскиот дефицит, односно разликата е околу 140 милиони евра. И за 2023 година владата на Ковачевски ги повторува истите проекти од претходната година и од ветувањата давани од владата на Заев. Само пролонгираат рокови, само трошат пари, а завршница нема никаква, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопшти Ковачевски, веќе се работи на нов концепт на книжење на инвестициите и ќе има порамномерна месечна распределба при нивната регистрација.

Принципот на книговодствено водење на капиталните инвестиции е врз основа на завршени и платени работи, а реализацијата на фактурите, односно плаќањето во најголем дел се врши на крајот на годината и затоа секогаш е најголема во последниот квартал.

Веќе работиме на нов концепт на книжење на инвестициите, така како што е во голем број држави и во корпорациите, а тоа значи инвестициите да се книжат како реализирани во моментот на нивната реализација и прием врз основа на времени ситуација или врз основа на прием во употреба, а не во моментот кога се плаќа фактурата. Кога тоа ќе биде направено ќе има и порамномерна месечна распределба на капиталните инвестиции, информираше премиерот.

Во последните три години, според Владата, во услови на пандемија и светска енергетска и економска криза, се реализирани капитални инвестиции во вредност од 1,1 милијарда евра.

The post Владата пресмета висока реализација на капиталните инвестиции, опозицијата оспорува appeared first on Република.

]]>

Старт на изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10д, завршување на автопатот Кичево-Охрид, на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце, се дел од капиталните проекти за годинава што ги најавува Владата, а со Буџетот се проектирани во вкупен износ од 800 милиони евра. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и вчера ги повтори критиките до Владата дека повторува исти проекти и оти нема капацитет за реализација. Според премиерот Димитар Ковачевски, капиталните расходи лани забележале највисок износ на реализација во последните 10 години, од речиси 90 проценти, односно 465 милиони евра. Тоа, како што вели, е резултат на воведениот КАПЕФ механизам и зголемената посветеност за реализација.
Фактите покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше сомнеж дека нема да се успее, сепак имаме реализација  на капитални проекти  од речиси 90 проценти од проектираното, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години. Сето ова го направивме со цел да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, рече  Ковачевски на прес-конференцијата во Владата соопштувајќи ја одделно реализацијата по ресори за минатата година и плановите за годинава.
Во клучните проекти за годинава, тој ги спомена Коридор 8 и Коридор 10.д,  за изградба на автопатските  делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требениште-Струга -Ќафасан, како и Прилеп-Битола. За нивната изградба вчера и официјално беше потврдено дека надзор и консултант ќе биде ИРД инженеринг, избрана на повторениот тендер од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Од Буџетот за  новите автопатски делници што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка се предвидени 234 милиони евра. Во план е годинава да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид каде има реализација од над 75 проценти, проект почнат пред шест години во време на претходната Влада.
Во овој момент активно тече изградбата на автопати во должина од 59 километри. Динамиката на изградба на коридорот од Кичево до Охрид, кој е во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра е навистина забрзана. Таму веќе 75  проценти од патот е завршен и се работи со забрзана динамика откако беа отстранети сите пречки, рече премиерот.
Ковачевски вели дека оваа година ќе привршувааат и работите на Коридор 8 кон Бугарија, каде исто така се работи на комплетно нова делница, како и дека привршува и првата фаза на автопатот кон Блаце каде се градат првите два километра, а во тек се активности за проектирање на втората. Премиерот ветува дека ќе биде пуштена и браната Конско, што е втора по големина направена во државата. Ги спомена и активностите за железничкото поврзување и доизградба на Коридорот 8, каде за изградбата на пругата кон Бугарија, вкупно се планирани 600 милиони евра, во три фази, како и завршениот гасовод од Жидилово до Битола. За инвестиции во образовната инфраструктура се предвидени 18,3 милиони евра и се ветува дека ќе почне изградбата на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје,  како и дека ќе продолжи изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.
Ќе се гради нов објект за кумановската гимназија „Сами Фрашери“. Ќе започнат активностите за целосна реконструкција на сите девет државни студентски домови, кои во рок од 30-ина месеци треба да станат современи и енергетски ефикасни, најави премиерот и дополни дека ќе почне реконструкцијата на 118 училишни објекти и ќе стартува изградбата на 10 нови спортски објекти.
На информациите и најавите од премиерот реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде оценија дека повторува исти проекти од годините наназад.
Повторно ги слушаме истите проекти како автопатот Кичево – Охрид, автопатот од два километри кон Косово, железнички пруги и слично, единствено различно е што во ветувањата за оваа година ја нема споменато изградбата на нов клинички центар во Скопје. Владата на Ковачевски ниту има капацитет ниту знаење да реализира капитални проекти во државата. Тие единствено што знаат е да ги трошат народните пари. За пет години потрошија над 20 милијарди евра а проекти нема, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија сметаат дека власта во 2022 година во најголем дел како капитални инвестиции ги книжи набавките на воена опрема, а нема ништо од реализација на нови клинички центри, училишта или автопати.
Апсурден пример е дека министерство кое реализирало најголем процент од капитални расходи е министерството на Груби, што нема апсолутно никаква врска со капитални инвестиции кои ќе го подобрат стандардот на живеење на граѓаните. Дополнително друг поразителен податок е дека нивото на капитални инвестиции е помало од буџетскиот дефицит, односно разликата е околу 140 милиони евра. И за 2023 година владата на Ковачевски ги повторува истите проекти од претходната година и од ветувањата давани од владата на Заев. Само пролонгираат рокови, само трошат пари, а завршница нема никаква, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопшти Ковачевски, веќе се работи на нов концепт на книжење на инвестициите и ќе има порамномерна месечна распределба при нивната регистрација. Принципот на книговодствено водење на капиталните инвестиции е врз основа на завршени и платени работи, а реализацијата на фактурите, односно плаќањето во најголем дел се врши на крајот на годината и затоа секогаш е најголема во последниот квартал.
Веќе работиме на нов концепт на книжење на инвестициите, така како што е во голем број држави и во корпорациите, а тоа значи инвестициите да се книжат како реализирани во моментот на нивната реализација и прием врз основа на времени ситуација или врз основа на прием во употреба, а не во моментот кога се плаќа фактурата. Кога тоа ќе биде направено ќе има и порамномерна месечна распределба на капиталните инвестиции, информираше премиерот.
Во последните три години, според Владата, во услови на пандемија и светска енергетска и економска криза, се реализирани капитални инвестиции во вредност од 1,1 милијарда евра.

The post Владата пресмета висока реализација на капиталните инвестиции, опозицијата оспорува appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Бочварски: Вложуваме најголеми средства за инфраструктура, за раст и развој на економијата и подобар живот за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-bochvarski-vlozuvame-najgolemi-sredstva-za-infrastruktura-za-rast-i-razvoj-na-ekonomijata-i-podobar-zivot-za-gragjanite/ Fri, 16 Dec 2022 14:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=586544

За следната година за транспорт и врски имаме развоен буџет, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст. Буџетот на министерството е проектиран да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на изградба на патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, гасификација и станбената политика, истакнаа на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на која го презентираа Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година.

Буџетот на Министерството за транспорт и врски е проектиран на ниво од 324 милиони евра, од кои 308 милиони евра или 95 проценти од вкупниот Буџет се расходи наменети за капитални проекти.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски потенцираше дека средствата во Буџетот на министерството за транспорт и врски за 2023 година наменети за реализација на капиталните проекти се за 163 проценти повеќе во споредба со 2022 година.

Примарен фокус ќе се даде на проектите за изградба на железница и автопати на Коридор 8 и 10Д, санација на локални патишта во општините, гасификација, реконструкција на водоводни и канализациони мрежи, субвенции за нови авиолинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.

„Во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8, за што се предвидени 244 милиони евра. Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. 33 милиони евра се предвидени за изградба на железницата на Коридор 8. На крајот на месец октомври годинава го означивме почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Македонија – делницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка и активно изградбата продолжува следната 2023 година. И наредната година продолжуваме со темпото на изградба и санација на локални патишта во општините, за што се предвидени над 6 милиони евра. Во новиот предлог Буџет се предвидени 1,7 милиони евра за спроведување на гасификацијата, односно за завршување на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа година заврши изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола. Влогот во инфраструктурата е траен влог во подобрување на условите за живот, растот на економијата, животниот стандард и тоа е наш приоритет“, изјави Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија.

Министерот Бочварски истакна дека проект на кој што Министерството ќе даде посебен фокус е изградба на автопатските делници на Коридор 8 и 10Д како и железничкиот крак кон Исток..

„За изградба на пругата кон Бугарија ќе бидат алоцирани 32,5 милиони евра, додека 4,8 милиони евра за рехабилитација на пругата на Коридор 10. До сега опфатиме околу 130 локални патишта во 61 општина. За следната година очекуваме да опфатиме со реконструкција преку 85 локални патишта. Значаен проект на кој посветуваме посебно внимание е изградбата на водоводни и канализациони системи низ општините за што предвидуваме 13,6 милиони евра по разни програми. За следната година предвидуваме 1,1 милион евра за финансиска поддршка за нови авиолинии, согласно јавниот повик што планираме да го објавиме веќе следната недела. За обезбедување на станбеното прашање за најранливите категории граѓани, продолжуваме со изградба на социјални станови. За таа цел во Буџетот предвидовме 2,2 милиони евра”, истакна министерот Бочварски.

Министерот додаде дека во услови на светска економска криза транспортот бележи историски раст за 20 проценти, а за следната 2023 година обезбедени се дополнителни годишни и месечни транспортни дозволи.

Во делот на патна инфраструктура во соработка ЈП за државни патишта следната година интензивно продолжува изградбата на автопатот Кичево-Охрид, Скопје Блаце, експресните патишта кон Прилеп и кон Крива Паланка и други државни и регионални патни правци што ги претставуваат најкрупните инвестиции во Македонија.

The post Ковачевски-Бочварски: Вложуваме најголеми средства за инфраструктура, за раст и развој на економијата и подобар живот за граѓаните appeared first on Република.

]]>

За следната година за транспорт и врски имаме развоен буџет, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст. Буџетот на министерството е проектиран да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на изградба на патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, гасификација и станбената политика, истакнаа на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на која го презентираа Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година. Буџетот на Министерството за транспорт и врски е проектиран на ниво од 324 милиони евра, од кои 308 милиони евра или 95 проценти од вкупниот Буџет се расходи наменети за капитални проекти. Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски потенцираше дека средствата во Буџетот на министерството за транспорт и врски за 2023 година наменети за реализација на капиталните проекти се за 163 проценти повеќе во споредба со 2022 година. Примарен фокус ќе се даде на проектите за изградба на железница и автопати на Коридор 8 и 10Д, санација на локални патишта во општините, гасификација, реконструкција на водоводни и канализациони мрежи, субвенции за нови авиолинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.
„Во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8, за што се предвидени 244 милиони евра. Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. 33 милиони евра се предвидени за изградба на железницата на Коридор 8. На крајот на месец октомври годинава го означивме почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Македонија – делницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка и активно изградбата продолжува следната 2023 година. И наредната година продолжуваме со темпото на изградба и санација на локални патишта во општините, за што се предвидени над 6 милиони евра. Во новиот предлог Буџет се предвидени 1,7 милиони евра за спроведување на гасификацијата, односно за завршување на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа година заврши изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола. Влогот во инфраструктурата е траен влог во подобрување на условите за живот, растот на економијата, животниот стандард и тоа е наш приоритет“, изјави Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија.
Министерот Бочварски истакна дека проект на кој што Министерството ќе даде посебен фокус е изградба на автопатските делници на Коридор 8 и 10Д како и железничкиот крак кон Исток..
„За изградба на пругата кон Бугарија ќе бидат алоцирани 32,5 милиони евра, додека 4,8 милиони евра за рехабилитација на пругата на Коридор 10. До сега опфатиме околу 130 локални патишта во 61 општина. За следната година очекуваме да опфатиме со реконструкција преку 85 локални патишта. Значаен проект на кој посветуваме посебно внимание е изградбата на водоводни и канализациони системи низ општините за што предвидуваме 13,6 милиони евра по разни програми. За следната година предвидуваме 1,1 милион евра за финансиска поддршка за нови авиолинии, согласно јавниот повик што планираме да го објавиме веќе следната недела. За обезбедување на станбеното прашање за најранливите категории граѓани, продолжуваме со изградба на социјални станови. За таа цел во Буџетот предвидовме 2,2 милиони евра”, истакна министерот Бочварски.
Министерот додаде дека во услови на светска економска криза транспортот бележи историски раст за 20 проценти, а за следната 2023 година обезбедени се дополнителни годишни и месечни транспортни дозволи. Во делот на патна инфраструктура во соработка ЈП за државни патишта следната година интензивно продолжува изградбата на автопатот Кичево-Охрид, Скопје Блаце, експресните патишта кон Прилеп и кон Крива Паланка и други државни и регионални патни правци што ги претставуваат најкрупните инвестиции во Македонија.

The post Ковачевски-Бочварски: Вложуваме најголеми средства за инфраструктура, за раст и развој на економијата и подобар живот за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Над 65 проекти кои се почнати, 75 проценти реализирани капитални инвестиции во Битола за само една година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nad-65-proekti-koi-se-pochnati-75-procenti-realizirani-kapitalni-investicii-vo-bitola-za-samo-edna-godina/ Fri, 04 Nov 2022 13:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=569582

Нека е честит денот, нека е честит празникот, многу значаен ден за Битола, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Денот на ослободувањето на Битола од фашистичкиот окупатор, додавајќи дека секогаш е задоволство да се присуствува на вакви настани кога се реализираат проекти и кога се испорачува она кое што е ветено.

И тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од СДС-ДУИ. Тоа што го ветуваме, тоа и го испорачуваме. Од утре па до недела ќе имаме 365 дена од победата на локалните избори минатата година во Скопје, ве поканувам доколку имате можност да дојдете и да слушнете од лице место што се е направено изминатата година од градоначалниците кои што беа избрани од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 42 плус коалицијата во општините каде што е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е некаде вкупен број околу 50тина општини. Споредено со тоа што беше во минатото, навистина е неспоредливо во насока на зголемување на квалитетот на граѓаните, рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/konjanovski-od-veteni-23-sega-se-raboti-na-19-ta-ulica-vo-bitola/

Мицкоски додаде дека навистина е импозантно тоа што во Битола се реализирани повеќе од 75 проценти капитални инвестиции.

До сега тоа не се случило, повеќе од 65 проекти за до година подготвени, односно пред дозвола за градба, и навистина Битола заслужува да го врати оној сјај кој што од секогаш го имала на конзулски град.

А јас се обврзувам и лично и тоа сум го кажал и многу пати во минатото, дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин мандатар ќе посветам посебно внимание овде за Битола и ќе бидеме ветер во грб на локалната самоуправа, а не сега како што тоа го прави оваа влада да гледа на сите можни начини да ја опструира работата на локалната самоуправа и на градоначалникот.

Уште еднаш ќе ми дозволите да го честитам денот, да му честитам на градоначалникот, на тимот, на советниците, на сите луѓе кои што допринесуваат за Битола да се гради и продолжуваме со исто темпо, продолжуваме да го враќаме сјајот на Битола на конзулски град, порача тој.

 

The post Мицкоски: Над 65 проекти кои се почнати, 75 проценти реализирани капитални инвестиции во Битола за само една година appeared first on Република.

]]>

Нека е честит денот, нека е честит празникот, многу значаен ден за Битола, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Денот на ослободувањето на Битола од фашистичкиот окупатор, додавајќи дека секогаш е задоволство да се присуствува на вакви настани кога се реализираат проекти и кога се испорачува она кое што е ветено.
И тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од СДС-ДУИ. Тоа што го ветуваме, тоа и го испорачуваме. Од утре па до недела ќе имаме 365 дена од победата на локалните избори минатата година во Скопје, ве поканувам доколку имате можност да дојдете и да слушнете од лице место што се е направено изминатата година од градоначалниците кои што беа избрани од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 42 плус коалицијата во општините каде што е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е некаде вкупен број околу 50тина општини. Споредено со тоа што беше во минатото, навистина е неспоредливо во насока на зголемување на квалитетот на граѓаните, рече Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/konjanovski-od-veteni-23-sega-se-raboti-na-19-ta-ulica-vo-bitola/ Мицкоски додаде дека навистина е импозантно тоа што во Битола се реализирани повеќе од 75 проценти капитални инвестиции.
До сега тоа не се случило, повеќе од 65 проекти за до година подготвени, односно пред дозвола за градба, и навистина Битола заслужува да го врати оној сјај кој што од секогаш го имала на конзулски град. А јас се обврзувам и лично и тоа сум го кажал и многу пати во минатото, дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин мандатар ќе посветам посебно внимание овде за Битола и ќе бидеме ветер во грб на локалната самоуправа, а не сега како што тоа го прави оваа влада да гледа на сите можни начини да ја опструира работата на локалната самоуправа и на градоначалникот. Уште еднаш ќе ми дозволите да го честитам денот, да му честитам на градоначалникот, на тимот, на советниците, на сите луѓе кои што допринесуваат за Битола да се гради и продолжуваме со исто темпо, продолжуваме да го враќаме сјајот на Битола на конзулски град, порача тој.
 

The post Мицкоски: Над 65 проекти кои се почнати, 75 проценти реализирани капитални инвестиции во Битола за само една година appeared first on Република.

]]>
Петрески: Ребалансот на буџетот пак ќе биде иста приказна, ќе страдаат капиталните инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/petreski-rebalansot-na-budzetot-pak-kje-bide-ista-prikazna-kje-stradaat-kapitalnite-investicii/ Mon, 18 Apr 2022 20:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=490252

Од ребалансот на буџетот кој министерот го најави очекувам дека повторно ќе биде иста приказна ќе страдаат капиталните инвестиции. Имаме општествен консензус дека тоа не треба да биде така и не треба да ги заборавиме структурните реформи кои ќе ги финансираме во голема мера преку капиталните инвестиции на државата, изјави универзитетскиот професор Марјан Петрески за „Анализа 24“ на ТВ 24.

Тој истакна дека кај капиталните инвестиции има и проблем што на нереално проектирање и затоа при прв ребаланс на буџетот тие се прва категорија од која се крати.
Петрески изјави и дека со новиот ребаланс на буџетот ќе се зголеми притисокот за плати, но ќе видиме и зголемено проектирање на буџетскиот дефицит.

Очекувам и дека притисокот за платите ќе биде нагорен во целиот овој период. особено може да биде голем зависно како ќе се одговори на барања на на СОНК.

Очекувам и дека ќе видиме зголемено проектирање на буџетскиот дефицит кое нема да биде така мало и тоа не доведува до новото задолжување.

 

The post Петрески: Ребалансот на буџетот пак ќе биде иста приказна, ќе страдаат капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>

Од ребалансот на буџетот кој министерот го најави очекувам дека повторно ќе биде иста приказна ќе страдаат капиталните инвестиции. Имаме општествен консензус дека тоа не треба да биде така и не треба да ги заборавиме структурните реформи кои ќе ги финансираме во голема мера преку капиталните инвестиции на државата, изјави универзитетскиот професор Марјан Петрески за „Анализа 24“ на ТВ 24. Тој истакна дека кај капиталните инвестиции има и проблем што на нереално проектирање и затоа при прв ребаланс на буџетот тие се прва категорија од која се крати. Петрески изјави и дека со новиот ребаланс на буџетот ќе се зголеми притисокот за плати, но ќе видиме и зголемено проектирање на буџетскиот дефицит. Очекувам и дека притисокот за платите ќе биде нагорен во целиот овој период. особено може да биде голем зависно како ќе се одговори на барања на на СОНК. Очекувам и дека ќе видиме зголемено проектирање на буџетскиот дефицит кое нема да биде така мало и тоа не доведува до новото задолжување.  

The post Петрески: Ребалансот на буџетот пак ќе биде иста приказна, ќе страдаат капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>
Костовски: Во време на криза СДСМ инвестира во патната инфраструктура https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kostovski-vo-vreme-na-kriza-sdsm-investira-vo-patnata-infrastruktura/ Tue, 22 Mar 2022 10:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=476523

Во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата на СДСМ со навремени мерки вредни 400 милиони евра успешно го амортизираше ценовниот шок, изјави на денешната прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Тој додаде дека капиталните инвестиции во инфраструктурата помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, но и да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и граѓаните.

“Од 2017 година па досега, изградени или реконструирани се над 1.000 километри патишта во вкупна вредност од над една милијарда евра.Во периодов се инвестираат 135 милиони евра во изградба на експресни патишта низ целата држава.
Во тек е изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со должина од 25 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра. Веќе над 75% од оваа патна делница е завершена. Започната е обнова и на магистралниот пат Куманово – Страцин, вредна 12 милиони евrа и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заверши”, избави Костовски.

Костовски наведе дека се гради низ целата држава, се инвестира во унапредување на патната инфраструктура која е важна за подобро поврзување и побезбеден сообраќај.

Во тек е втората фаза од изградбата на делницата Крупиште – Кочани, дел од експресниот пат Штип – Кочани а продолжуваат и активностите на автопатот кон Охрид.

Веќе е завршена е изградбата на експресниот пат Штип – Крупиште, како и патот од Штип до Радовиш, целосно е реконструирана делницата Пробиштип – Крупиште и Кочани – Пониква.

Планирани и во реализација се реконструкции на делници ширум државата, како патот Битола-Демир Хисар, Крушево-Демир Хисар, Другово-Демир Хисар, Кривогаштани–Крушево и Велес – Градско.

И во време на глобална економска криза реализираме капитални проекти во интерес на граѓаните и севкупниот напредок на државата, изјави Костовски.

The post Костовски: Во време на криза СДСМ инвестира во патната инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата на СДСМ со навремени мерки вредни 400 милиони евра успешно го амортизираше ценовниот шок, изјави на денешната прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ. Тој додаде дека капиталните инвестиции во инфраструктурата помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, но и да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и граѓаните.
“Од 2017 година па досега, изградени или реконструирани се над 1.000 километри патишта во вкупна вредност од над една милијарда евра.Во периодов се инвестираат 135 милиони евра во изградба на експресни патишта низ целата држава. Во тек е изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со должина од 25 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра. Веќе над 75% од оваа патна делница е завершена. Започната е обнова и на магистралниот пат Куманово – Страцин, вредна 12 милиони евrа и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заверши”, избави Костовски.
Костовски наведе дека се гради низ целата држава, се инвестира во унапредување на патната инфраструктура која е важна за подобро поврзување и побезбеден сообраќај.
Во тек е втората фаза од изградбата на делницата Крупиште – Кочани, дел од експресниот пат Штип – Кочани а продолжуваат и активностите на автопатот кон Охрид. Веќе е завршена е изградбата на експресниот пат Штип – Крупиште, како и патот од Штип до Радовиш, целосно е реконструирана делницата Пробиштип – Крупиште и Кочани – Пониква. Планирани и во реализација се реконструкции на делници ширум државата, како патот Битола-Демир Хисар, Крушево-Демир Хисар, Другово-Демир Хисар, Кривогаштани–Крушево и Велес – Градско. И во време на глобална економска криза реализираме капитални проекти во интерес на граѓаните и севкупниот напредок на државата, изјави Костовски.

The post Костовски: Во време на криза СДСМ инвестира во патната инфраструктура appeared first on Република.

]]>