капитација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitacija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 15:07:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png капитација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kapitacija/ 32 32 Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladata-i-fzo-gi-razgleduvaat-finansiskite-mozhnosti-za-da-se-zgolemi-kapitatsijata-na-matichnite-lekari/ Wed, 27 Nov 2024 15:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=842419

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид.

По настанот одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот за здравствено осигурување е во интензивна комуникација со нив овој период, информираше:

„Да, се разговара, се разгледуваат сите можности, се разгледуваат можностите финансиски во буџетот на Фондот, во буџетот на Министерството за здравство, како и за многу други работи за коишто најдовме решение, убеден сум дека и за ова ќе најдеме многу скоро од денеска решение.

Чекор по чекор, за помалку од пет месеци решивме работи коишто се децениски, па така и ова. Мислам дека во една пријатна, пријателска атмосфера и за ова ќе се изнајде решение. Но, да бидеме трпеливи и да напредуваме, полека кон конечно решение.“, објасни премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид.   По настанот одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот за здравствено осигурување е во интензивна комуникација со нив овој период, информираше: „Да, се разговара, се разгледуваат сите можности, се разгледуваат можностите финансиски во буџетот на Фондот, во буџетот на Министерството за здравство, како и за многу други работи за коишто најдовме решение, убеден сум дека и за ова ќе најдеме многу скоро од денеска решение.   Чекор по чекор, за помалку од пет месеци решивме работи коишто се децениски, па така и ова. Мислам дека во една пријатна, пријателска атмосфера и за ова ќе се изнајде решение. Но, да бидеме трпеливи и да напредуваме, полека кон конечно решение.“, објасни премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари appeared first on Република.

]]>
Филипче вети зголемување за 15 отсто на капитацијата за матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-veti-zgolemuvane-za-15-otsto-na-kapitatsijata-za-matichnite-lekari/ Mon, 08 Apr 2024 10:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=763749

Примарната здравствена заштита е клучна за здрави поколенија, а матичните лекари заслужуваат нивната работа да биде признаена и вреднувана. Затоа, ќе го зголемиме капитациониот бод за општите лекари и тоа ќе го направиме уште во првата половина на мандатот. Ова го истакна Венко Филипче при својата вчерашна посета на Прилеп каде што се одржа трибина по повод Светскиот ден на здравјето.

Капитацијата за матичните лекари во новиот мандат, во почетокот на новиот мандат, не до крајот на мандатот, ќе се зголеми за 15%. Ние тоа еднаш го направивме и затоа и понатаму продолжуваме да го зајакнуваме примарното здравство“, истакна Филипче на трибината.

Филипче презентираше и други мерки, со фокус на примањата на здравствените работници и задржување на медицинскиот персонал во земјава преку подобрување на образованието, инфраструктурата и условите за работа во здравствените установи.

Лекарите специјалисти ќе бидат платени до 180 000 денари. Во општите болници лекарите ќе примаат плата до 140 000 денари. Матичните лекари до 120 000 денари. Медицинските сестри, меѓу 60 и 90 000 денари“, рече Филипче.

Во насока на задржување на студентите што завршуваат медицина или специјализираат, пак, Филипче најави дека ќе им биде понудено загарантирано вработување и одлични услови за да бидат мотивирани да останат во земјава.

Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари. Нашата цел е приближување кон системот на здравствена заштита во ЕУ членките. Одобривме рекордни 931 специјализација и 130 суб-специјализации. Ќе обезбедиме уште нови 1.000 специјализации и субспецијализации“, рече Филипче.

Вложувањето во здравствените работилници значи инвестирање во здравјето на граѓаните, додека инвестирањето во здравствената инфраструктура и нова медицинска опрема значи брза дијагноза и спасување на повеќе животи.

The post Филипче вети зголемување за 15 отсто на капитацијата за матичните лекари appeared first on Република.