„Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kantus-vo-sekjavanje-na-bendzamin-britn/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Mar 2022 08:21:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kantus-vo-sekjavanje-na-bendzamin-britn/ 32 32 „Сеќавање на Бенџамин Бритн“ вечерва во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/sekjavanje-na-bendzamin-britn-vecherva-vo-filharmonija/ Thu, 17 Mar 2022 08:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=474068

Оркестарот на Филхарамонија вечер со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Сеќавање на Бенџамин Бритн“. Како солист на флејта ќе настапи Матеј Јоакимеску од Романија, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа.

Во програмата се предвидени дела од современата музика – за првпат ќе прозвучат „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ од Арво Перт и Концертот за флејта и оркестар на Дојна Ротару, а светска премиера ќе доживее Концертот за алт-флејта и гудачи бр. 2 од финскиот композитор Калеви Ахо.

„Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ (1977) е композиција од естонскиот композитор Авро Перт, напишана по смртта на англискиот композитор Бенџамин Бритн.

Матеј Јоакимеску е еден од најпознатите романски флејтисти. Публиката и критиката ги оценува неговите настапи како „авантуристички и восхитувачки“. Редовно настапува на светските сцени како солист, но и во камерни состави, изведувајќи барокен, современ и кросовер репертоар.

Јоакимеску е дипломец на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, во класата на проф. Барбара Гислер-Хасе. Добитник е на многу интернационални награди.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија. Неговата музичка репутација брзо почнала да расте по воодушевувањата на критиката и публиката, за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кои ги предводи оркестрите. Магистрирал на Националниот музички универзитет во Букурешт, а потоа и докторира на истиот универзитет. Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.

 

The post „Сеќавање на Бенџамин Бритн“ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхарамонија вечер со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Сеќавање на Бенџамин Бритн“. Како солист на флејта ќе настапи Матеј Јоакимеску од Романија, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа. Во програмата се предвидени дела од современата музика – за првпат ќе прозвучат „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ од Арво Перт и Концертот за флејта и оркестар на Дојна Ротару, а светска премиера ќе доживее Концертот за алт-флејта и гудачи бр. 2 од финскиот композитор Калеви Ахо. „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ (1977) е композиција од естонскиот композитор Авро Перт, напишана по смртта на англискиот композитор Бенџамин Бритн. Матеј Јоакимеску е еден од најпознатите романски флејтисти. Публиката и критиката ги оценува неговите настапи како „авантуристички и восхитувачки“. Редовно настапува на светските сцени како солист, но и во камерни состави, изведувајќи барокен, современ и кросовер репертоар. Јоакимеску е дипломец на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, во класата на проф. Барбара Гислер-Хасе. Добитник е на многу интернационални награди. Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија. Неговата музичка репутација брзо почнала да расте по воодушевувањата на критиката и публиката, за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кои ги предводи оркестрите. Магистрирал на Националниот музички универзитет во Букурешт, а потоа и докторира на истиот универзитет. Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.  

The post „Сеќавање на Бенџамин Бритн“ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>