кантарион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kantarion/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Jan 2023 16:58:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кантарион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kantarion/ 32 32 Оваа билка лекува депресија, го брка стравот, ги смирува нервите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-bilka-lekuva-depresija-go-brka-stravot-gi-smiruva-nervite/ Sun, 15 Jan 2023 16:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=597181

Кантарион или Богородична трева како што уште се нарекува меѓу народот, е многу ценета во природната медицина.

Таа е најделотворна во лекувањето на проблемите со црниот дроб и жолчната кеса, но, најдетално е испитано нејзиното дејство врз депресијата.

Клинички е докажано дека кантарионот може значително да го поправи расположението и да ги намали депресивните состојби.

Го намалува чувството на исцрпеност, умор и безволност. Помага и кај фобии и пореметување на спиењето.

Успешно се користи и кај луѓе кои имаат потешкотии со спиењето и концентрацијата, а се препорачува и за жени во менопауза.

Во овој случај најчесто се користи чај или тинктура. Антидепресивното дејство настапува постепено и после две седмици се забележуваат промените.

Тинктурата против депресија можете да ја приготвите од 20 г свежо исушени цветови. Прелијте ги со 100 мл 70% алкохол (се купува од аптека). Оставете да отстои најмалку две седмици, а потоа процедете.

Употреба: од 20 до 30 капки во половина чаша вода, 2-3 пати дневно. Терапијата треба да трае од четири до шест седмици, но пред користење посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако имате тешки проблеми со анксиозност.

За чај против депресија: една до две лажички сув кантарион оставете да отстои во врела вода 10 минути. Наутро и навечер се пие по шолја чај. За подобри резултати чајот треба да се пие од 4 до 6 седмици секојдневно.

Напомена: Овој чај не се препорачува за трудници.

The post Оваа билка лекува депресија, го брка стравот, ги смирува нервите appeared first on Република.

]]>

Кантарион или Богородична трева како што уште се нарекува меѓу народот, е многу ценета во природната медицина. Таа е најделотворна во лекувањето на проблемите со црниот дроб и жолчната кеса, но, најдетално е испитано нејзиното дејство врз депресијата. Клинички е докажано дека кантарионот може значително да го поправи расположението и да ги намали депресивните состојби. Го намалува чувството на исцрпеност, умор и безволност. Помага и кај фобии и пореметување на спиењето. Успешно се користи и кај луѓе кои имаат потешкотии со спиењето и концентрацијата, а се препорачува и за жени во менопауза. Во овој случај најчесто се користи чај или тинктура. Антидепресивното дејство настапува постепено и после две седмици се забележуваат промените. Тинктурата против депресија можете да ја приготвите од 20 г свежо исушени цветови. Прелијте ги со 100 мл 70% алкохол (се купува од аптека). Оставете да отстои најмалку две седмици, а потоа процедете. Употреба: од 20 до 30 капки во половина чаша вода, 2-3 пати дневно. Терапијата треба да трае од четири до шест седмици, но пред користење посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако имате тешки проблеми со анксиозност. За чај против депресија: една до две лажички сув кантарион оставете да отстои во врела вода 10 минути. Наутро и навечер се пие по шолја чај. За подобри резултати чајот треба да се пие од 4 до 6 седмици секојдневно. Напомена: Овој чај не се препорачува за трудници.

The post Оваа билка лекува депресија, го брка стравот, ги смирува нервите appeared first on Република.

]]>