кански филмски фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kanski-filmski-festival/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 13:16:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кански филмски фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kanski-filmski-festival/ 32 32 Ангела Несторовска од „Сектор филм“ на листата на Producers on the move кое ќе се одржи пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/angela-nestorovska-od-sektor-film-na-listata-na-producers-on-the-move-koe-ke-se-odrzhi-pred-i-za-vreme-na-filmskiot-festival-vo-kan/ Wed, 01 May 2024 13:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=773016

Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е дел од овогодинешното 25-то издание на #ProducersOnTheMove кое ќе се одржува пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан (14 - 25 мај 2024 година)

20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји, информираат од Агенцијата за филм.

Ангела Несторовска станува дел од „Сектор филм“ во 2005 година и има продуцирано филмови како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на Стефан Командарев кој е селектиран на Un Certain Regard во 2017 на Канскиот филмски фестивал, ко-продуцент е на „Via Carpatia“ на Klara Kochańska и Kasper Bajon и се натпреваруваат во Карлови Вари на Меѓународниот филмски фестивал во 2018, неодамна беше ко-продуцент на дебитантскиот долгометражен филм на Asimina Proedrou „Зад стоговите сено“, а моментално е во пост-продукциска фаза на „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Ангела е во пред-продукција на „Потстанар“ во режија на Marko Gjokovik, а во развој е на „A Bear for Comrade Kim“ на Ангел Апостолски.

The post Ангела Несторовска од „Сектор филм“ на листата на Producers on the move кое ќе се одржи пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>

Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е дел од овогодинешното 25-то издание на #ProducersOnTheMove кое ќе се одржува пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан (14 - 25 мај 2024 година)

20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји, информираат од Агенцијата за филм.

Ангела Несторовска станува дел од „Сектор филм“ во 2005 година и има продуцирано филмови како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на Стефан Командарев кој е селектиран на Un Certain Regard во 2017 на Канскиот филмски фестивал, ко-продуцент е на „Via Carpatia“ на Klara Kochańska и Kasper Bajon и се натпреваруваат во Карлови Вари на Меѓународниот филмски фестивал во 2018, неодамна беше ко-продуцент на дебитантскиот долгометражен филм на Asimina Proedrou „Зад стоговите сено“, а моментално е во пост-продукциска фаза на „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Ангела е во пред-продукција на „Потстанар“ во режија на Marko Gjokovik, а во развој е на „A Bear for Comrade Kim“ на Ангел Апостолски.

The post Ангела Несторовска од „Сектор филм“ на листата на Producers on the move кое ќе се одржи пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>
Катрин Денев го отвори 76. Кански филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/katrin-denev-go-otvori-76-kanski-filmski-festival/ Tue, 16 May 2023 19:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=641530

Француската актерска дива Катрин Данев вечерва официјално го прогласи за отворен 76. Кански филмски фестивал на свеченост што ја водеше нејзината ќерка, глумицата Кјара Мастројани.

Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Данев, легендата на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена почесната Златна палма.

[caption id="attachment_641532" align="alignnone" width="2048"] Американскиот актер Мајкл Даглас доби „Златна палма“ за животно дело. Фото: Кански фестивал/Фејсбук[/caption]

Денев годинава е заштитно лице на фестивалот, а нејзин огромен портрет е на влезот од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „La chamade“ во режија на Ален Кавалие.

[caption id="attachment_641535" align="alignnone" width="2048"] Жирито на Канскиот фестивал[/caption]

По отворањето ќе биде прикажан филмот „Жан ди Бери“ на француската режисерка Мајвен, со Џони Деп во главната улога, каде што тој го игра Луј XV.

[caption id="attachment_641536" align="alignnone" width="1365"] Хелен Мирен фото: Кански фествал/Фејсбук[/caption]

Натпреварувачкиот дел почнува утре со два играни филма „Монструм“ на Јапонецот Хироказу Коре-Еда и „Враќање“ (Le Retour) на Французинката Катрин Корсини.

За Златната палма се натпреваруваат вкупно 21 филм, а меѓу режисерите во конкуренција се и седум жени, што е рекорд за овој филмски фестивал. Со деветчленото жири на фестивалот претседава Рубен Остлунд, кој минатата година ја доби втората Златна палма за филмот „Триаголник на тагата“.

The post Катрин Денев го отвори 76. Кански филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Француската актерска дива Катрин Данев вечерва официјално го прогласи за отворен 76. Кански филмски фестивал на свеченост што ја водеше нејзината ќерка, глумицата Кјара Мастројани.
Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Данев, легендата на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена почесната Златна палма.
[caption id="attachment_641532" align="alignnone" width="2048"] Американскиот актер Мајкл Даглас доби „Златна палма“ за животно дело. Фото: Кански фестивал/Фејсбук[/caption] Денев годинава е заштитно лице на фестивалот, а нејзин огромен портрет е на влезот од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „La chamade“ во режија на Ален Кавалие. [caption id="attachment_641535" align="alignnone" width="2048"] Жирито на Канскиот фестивал[/caption] По отворањето ќе биде прикажан филмот „Жан ди Бери“ на француската режисерка Мајвен, со Џони Деп во главната улога, каде што тој го игра Луј XV. [caption id="attachment_641536" align="alignnone" width="1365"] Хелен Мирен фото: Кански фествал/Фејсбук[/caption] Натпреварувачкиот дел почнува утре со два играни филма „Монструм“ на Јапонецот Хироказу Коре-Еда и „Враќање“ (Le Retour) на Французинката Катрин Корсини. За Златната палма се натпреваруваат вкупно 21 филм, а меѓу режисерите во конкуренција се и седум жени, што е рекорд за овој филмски фестивал. Со деветчленото жири на фестивалот претседава Рубен Остлунд, кој минатата година ја доби втората Златна палма за филмот „Триаголник на тагата“.

The post Катрин Денев го отвори 76. Кански филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochnuva-76-megunaroden-filmski-festival-vo-kan/ Tue, 16 May 2023 08:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=641231

Со црвен тепих на којшто ќе зачекорат бројни ѕвезди, меѓу кои Харисон Форд, Џони Деп и Натали Портман, денеска почнува Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Во трката за „Златна палма“ се натпреваруваат 21 филм.

Швеѓанецот Рубен Остлунд, минатогодишен добитник на главната награда за филмот „Без филтер“, годинава е претседател на жирито. Заштитно лице на годинашното, 76. издание на Фестивалот е француската глумица Катрин Денев со огромниот портрет од неа на влезот од палатата.

Фестивалот ја избра ќерката на Катрин Денев и италијанскиот актер Марчело Мастројани, Кјара Мастројани, исто така глумица, за официјално да го отвори и затвори настанот на 27 мај.

Меѓу ѕвездите кои се натпреваруваат за „Златната палма“, има и веќе наградувани личности како Британецот Кен Лоуч (86), двократен добитник (2006 и 2016), Германецот Вим Вендерс, кој ја доби наградата во 1984 година за филмот „Париз - Тексас“, и Италијанецот Нани Морети. Во Кан се враќа и финскиот режисер Аки Каурисмаки со „Исушено лисје“, како и Италијанецот Марко Белокио (83) со „Киднапирање“. Јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда, доботник на „Златната палма“ во 2018 година за филмот „Семејна афера“, овојпат ќе го претстави филмот „Чудовиште“.

The post Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>

Со црвен тепих на којшто ќе зачекорат бројни ѕвезди, меѓу кои Харисон Форд, Џони Деп и Натали Портман, денеска почнува Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Во трката за „Златна палма“ се натпреваруваат 21 филм. Швеѓанецот Рубен Остлунд, минатогодишен добитник на главната награда за филмот „Без филтер“, годинава е претседател на жирито. Заштитно лице на годинашното, 76. издание на Фестивалот е француската глумица Катрин Денев со огромниот портрет од неа на влезот од палатата. Фестивалот ја избра ќерката на Катрин Денев и италијанскиот актер Марчело Мастројани, Кјара Мастројани, исто така глумица, за официјално да го отвори и затвори настанот на 27 мај. Меѓу ѕвездите кои се натпреваруваат за „Златната палма“, има и веќе наградувани личности како Британецот Кен Лоуч (86), двократен добитник (2006 и 2016), Германецот Вим Вендерс, кој ја доби наградата во 1984 година за филмот „Париз - Тексас“, и Италијанецот Нани Морети. Во Кан се враќа и финскиот режисер Аки Каурисмаки со „Исушено лисје“, како и Италијанецот Марко Белокио (83) со „Киднапирање“. Јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда, доботник на „Златната палма“ во 2018 година за филмот „Семејна афера“, овојпат ќе го претстави филмот „Чудовиште“.

The post Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>
Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/crveniot-kilim-na-kanskiot-filmski-festival/ Wed, 18 May 2022 09:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=503748

Синоќа свечено беше отворен 75. Кански филмски фестивал со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата.

Актерката Ева Лонгорија се појави во црн проѕирен фустан од тул, кој можеа да го носат само најхрабрите жени.

Уште еден впечатлив фустан прикажан на црвениот тепих е оној што го носеше француската актерка и модел, Фредерик Бел. Имено, нејзиниот раскошен тоалет, напред краток, и со голем шлеп од тул, на моменти наликуваше на опашка од паун.

Посебно се истакнало храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, која блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, како и нежното, нежно издание на нејзината француска колешка Амандин Пети.

 

The post Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Синоќа свечено беше отворен 75. Кански филмски фестивал со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата. Актерката Ева Лонгорија се појави во црн проѕирен фустан од тул, кој можеа да го носат само најхрабрите жени. Уште еден впечатлив фустан прикажан на црвениот тепих е оној што го носеше француската актерка и модел, Фредерик Бел. Имено, нејзиниот раскошен тоалет, напред краток, и со голем шлеп од тул, на моменти наликуваше на опашка од паун. Посебно се истакнало храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, која блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, како и нежното, нежно издание на нејзината француска колешка Амандин Пети.  

The post Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Зеленски го отвори 75. Кански филмски фестивал: Ни треба нов Чарли Чаплин кој ќе сведочи дека филмот не е глупав https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zelenski-go-otvori-75-kanski-filmski-festival-ni-treba-nov-charli-chaplin-koj-kje-svedochi-deka-filmot-ne-e-glupav/ Wed, 18 May 2022 08:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=503687

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на отворањето на 75. Кански филмски фестивал, велејќи дека „ни треба нов Чарли Чаплин кој ќе сведочи дека филмот не е глупав“ пред војната.

Неговото обраќање беше проследено со долги овации од светската филмска елита. Зеленски рече дека Украинците ќе продолжат да се борат и дека е сигурен дека диктаторот ќе загуби.

Во Украина стотици луѓе умираат секој ден. Нема да станат по последниот аплауз. Дали филмот ќе молчи или ќе зборува за него? Ако имаме диктатор, ако повторно имаме војна за слобода, сè ќе зависи за нашето единство. Дали филмот може да биде надвор од тоа единство, праша Зеленски.

Овој говор означува нова страница во долгата политичка историја на Фестивалот, кој беше основан во 1939 година наспроти венецијанската Мостра во фашистичка Италија, но за првпат се одржа во 1946 година поради Втората светска војна, пишува Хина.

Фестивалот не се одржа во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, а претходната година се одржуваше во посебни услови. Најголемиот филмски фестивал во светот трае од 17 до 28 мај.

Фестивалот беше отворен со проекција на филмот за зомби „Final Cut“ во режија на Мајкл Хазанвичиус. Инаку, гледачите во Кан ќе можат да го погледнат и „Top Gun: Maverick“, филм на Том Круз, поради што популарниот актер пристигна во Кан првпат по 30 години.

 

The post Зеленски го отвори 75. Кански филмски фестивал: Ни треба нов Чарли Чаплин кој ќе сведочи дека филмот не е глупав appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на отворањето на 75. Кански филмски фестивал, велејќи дека „ни треба нов Чарли Чаплин кој ќе сведочи дека филмот не е глупав“ пред војната. Неговото обраќање беше проследено со долги овации од светската филмска елита. Зеленски рече дека Украинците ќе продолжат да се борат и дека е сигурен дека диктаторот ќе загуби.
Во Украина стотици луѓе умираат секој ден. Нема да станат по последниот аплауз. Дали филмот ќе молчи или ќе зборува за него? Ако имаме диктатор, ако повторно имаме војна за слобода, сè ќе зависи за нашето единство. Дали филмот може да биде надвор од тоа единство, праша Зеленски.
Овој говор означува нова страница во долгата политичка историја на Фестивалот, кој беше основан во 1939 година наспроти венецијанската Мостра во фашистичка Италија, но за првпат се одржа во 1946 година поради Втората светска војна, пишува Хина. Фестивалот не се одржа во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, а претходната година се одржуваше во посебни услови. Најголемиот филмски фестивал во светот трае од 17 до 28 мај. Фестивалот беше отворен со проекција на филмот за зомби „Final Cut“ во режија на Мајкл Хазанвичиус. Инаку, гледачите во Кан ќе можат да го погледнат и „Top Gun: Maverick“, филм на Том Круз, поради што популарниот актер пристигна во Кан првпат по 30 години.  

The post Зеленски го отвори 75. Кански филмски фестивал: Ни треба нов Чарли Чаплин кој ќе сведочи дека филмот не е глупав appeared first on Република.

]]>
Почнува 75. Канскиот фимски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochnuva-75-kanskiot-fimski-festival/ Tue, 17 May 2022 13:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=503372

Денеска почнува 75. издание на Канскиот филмски фестивал. Фестивалот ја засили ѕвездената моќ со долгоочекуваниот „Top Gun: Maverick“, кој ќе ги донесе Том Круз и лицето на Луј Витон Џенифер Конели во „Кроазета“ и биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис Присли „Елвис“, со Том Хенкс, Остин Батлер и Оливија Де Јонге во главните улоги, а претходно беше најавено како премиера надвор од конкуренција.

Фантастичната епска романса на Тилда Свинтон „Три илјади години копнеж“, со Идрис Елба во главната улога и во режија на Џорџ Милер, ќе биде меѓу големите филмови кои премиерно ќе бидат прикажани надвор од конкуренција. Заокружување на премиерите надвор од конкуренција ќе биде „Маскарада“ на Николас Бедос, со Изабел Аџани и Марин Вакт.

Меѓу филмовите кои се во трка за посакуваната Златна палма се „Време на Армагедон“ на Џејмс Греј, со Ен Хатавеј и Ентони Хопкинс. Тука е и „Злосторства на иднината“ на Дејвид Кроненберг, со амбасадорот на Шанел, Стјуарт, лојалистката на Луј Витон, Леа Сејду и Виго Мортенсен. Шпекулативниот научно-фантастичен филм сместен во блиска иднина е напишан од Кроненберг пред 20 години, а снимен во Грција минатото лето.

Портпаролот на Шанел, Марион Котијар, ќе глуми заедно со Мелвил Пупо во „Братот и сестрата“ на Арно Десплечин, за браќата и сестрите кои повторно се обединуваат по расправија.

Маргарет Квали, која се појавува во најновата кампања на Шанел, а претходно се појавуваше како заштитно лице на Селин и Кензо, ќе оди на црвениот тепих за романтичниот трилер на Клер Денис „Ѕвездите на пладне“, заедно со Џо Алвин.

Јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда ќе го има своето деби на корејски јазик со „Брокер“, со ѕвездата на „Паразит“ Сонг Канг-Хо и Ли Џи-Еун. Ли, попознат како ИУ, е најголемата поп ѕвезда во Јужна Кореја и глобален амбасадор на Гучи.

Во делот „Неодреден поглед“, актерката внука на Елвис, Рајли Киу, се движи зад камерата во „Ѕвер“, во корежија со Џина Гамел, сместена на индискиот резерват Пајн Риџ.

Винсент Линдон, францускиот актер кој глумеше во филмот „Титан“ кој лани ја освои „Златната палма“ , ќе биде претседател на жирито на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан.

Линдон, кој ја освои наградата за најдобар актер во 2015 година за неговата улога во филмот на Стефан Бризе „The Measure of a Man“, ќе биде првата француска ѕвезда која ќе биде претседател на жирито по Изабел Ипер во 2009 година. Фестивалот соопшти дека „француските познати личности често ја имаат оваа улога во јубилејна година, како што е Ив Монтан во 1987 година за 40-тиот фестивал, Жерар Депардје во 1993 година за 45-тиот фестивал и Изабел Аџани во 1997 година за 50-тиот фестивал.

Жирито ќе го сочинуваат двократниот оскаровец Асгар Фархади („Херој“), како и американскиот актер Џеф Николс („Засолни се“), британската актерка и режисерка Ребека Хол („Поминување“), Индијка родена во Данска, актерката Дипика Падуконе („Ченаи Експрес“), шведската актерка Нооми Рапас („Јагнето“), италијанскиот актер и режисер Јасмин Тринка („Миеле“), францускиот режисер Ладј Ли („Лесните“) и норвешкиот режисер Јоаким Трир („The Најлошата личност на светот“). Ќе биде претставено играното деби на Тринца, „Марсел!“.
во делот Специјална проекција на фестивалот.

Агенцијата за филм на Македонија и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет во рамки на Канскиот филмски фестивал каде ќе биде промовирана македонската кинематографија.

– Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе имаат и долгометражните филмови „Мими“ во режија на Даријан Пејовски и продукција на Скопје филм студио, „Кома“ во режија на Агим Абдула, а во продукција на Галактика филм, и „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова и продукција на ДНФ филм, информираат од Агенцијата за филм.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски (Сузи Кју продукција) е селектиран во Каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови (Short film corner / Cannes court metrage / rendez vous industry). Проекцијата во рамките на филмскиот маркет е закажана на 26 мај (четврток) во PALAIS H во 16:30 часот.

The post Почнува 75. Канскиот фимски фестивал appeared first on Република.

]]>

Денеска почнува 75. издание на Канскиот филмски фестивал. Фестивалот ја засили ѕвездената моќ со долгоочекуваниот „Top Gun: Maverick“, кој ќе ги донесе Том Круз и лицето на Луј Витон Џенифер Конели во „Кроазета“ и биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис Присли „Елвис“, со Том Хенкс, Остин Батлер и Оливија Де Јонге во главните улоги, а претходно беше најавено како премиера надвор од конкуренција. Фантастичната епска романса на Тилда Свинтон „Три илјади години копнеж“, со Идрис Елба во главната улога и во режија на Џорџ Милер, ќе биде меѓу големите филмови кои премиерно ќе бидат прикажани надвор од конкуренција. Заокружување на премиерите надвор од конкуренција ќе биде „Маскарада“ на Николас Бедос, со Изабел Аџани и Марин Вакт. Меѓу филмовите кои се во трка за посакуваната Златна палма се „Време на Армагедон“ на Џејмс Греј, со Ен Хатавеј и Ентони Хопкинс. Тука е и „Злосторства на иднината“ на Дејвид Кроненберг, со амбасадорот на Шанел, Стјуарт, лојалистката на Луј Витон, Леа Сејду и Виго Мортенсен. Шпекулативниот научно-фантастичен филм сместен во блиска иднина е напишан од Кроненберг пред 20 години, а снимен во Грција минатото лето. Портпаролот на Шанел, Марион Котијар, ќе глуми заедно со Мелвил Пупо во „Братот и сестрата“ на Арно Десплечин, за браќата и сестрите кои повторно се обединуваат по расправија. Маргарет Квали, која се појавува во најновата кампања на Шанел, а претходно се појавуваше како заштитно лице на Селин и Кензо, ќе оди на црвениот тепих за романтичниот трилер на Клер Денис „Ѕвездите на пладне“, заедно со Џо Алвин. Јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда ќе го има своето деби на корејски јазик со „Брокер“, со ѕвездата на „Паразит“ Сонг Канг-Хо и Ли Џи-Еун. Ли, попознат како ИУ, е најголемата поп ѕвезда во Јужна Кореја и глобален амбасадор на Гучи. Во делот „Неодреден поглед“, актерката внука на Елвис, Рајли Киу, се движи зад камерата во „Ѕвер“, во корежија со Џина Гамел, сместена на индискиот резерват Пајн Риџ. Винсент Линдон, францускиот актер кој глумеше во филмот „Титан“ кој лани ја освои „Златната палма“ , ќе биде претседател на жирито на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан. Линдон, кој ја освои наградата за најдобар актер во 2015 година за неговата улога во филмот на Стефан Бризе „The Measure of a Man“, ќе биде првата француска ѕвезда која ќе биде претседател на жирито по Изабел Ипер во 2009 година. Фестивалот соопшти дека „француските познати личности често ја имаат оваа улога во јубилејна година, како што е Ив Монтан во 1987 година за 40-тиот фестивал, Жерар Депардје во 1993 година за 45-тиот фестивал и Изабел Аџани во 1997 година за 50-тиот фестивал. Жирито ќе го сочинуваат двократниот оскаровец Асгар Фархади („Херој“), како и американскиот актер Џеф Николс („Засолни се“), британската актерка и режисерка Ребека Хол („Поминување“), Индијка родена во Данска, актерката Дипика Падуконе („Ченаи Експрес“), шведската актерка Нооми Рапас („Јагнето“), италијанскиот актер и режисер Јасмин Тринка („Миеле“), францускиот режисер Ладј Ли („Лесните“) и норвешкиот режисер Јоаким Трир („The Најлошата личност на светот“). Ќе биде претставено играното деби на Тринца, „Марсел!“. во делот Специјална проекција на фестивалот. Агенцијата за филм на Македонија и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет во рамки на Канскиот филмски фестивал каде ќе биде промовирана македонската кинематографија. – Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе имаат и долгометражните филмови „Мими“ во режија на Даријан Пејовски и продукција на Скопје филм студио, „Кома“ во режија на Агим Абдула, а во продукција на Галактика филм, и „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова и продукција на ДНФ филм, информираат од Агенцијата за филм. Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски (Сузи Кју продукција) е селектиран во Каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови (Short film corner / Cannes court metrage / rendez vous industry). Проекцијата во рамките на филмскиот маркет е закажана на 26 мај (четврток) во PALAIS H во 16:30 часот.

The post Почнува 75. Канскиот фимски фестивал appeared first on Република.

]]>
Ирис Ноблох е прва жена претседателка на Филмскиот фестивал во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/iris-nobloh-e-prva-zena-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-kan/ Fri, 25 Mar 2022 09:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=478259

Одборот на директори на Асоцијацијата на филмските фестивали во Франција ја избра Ирис Ноблох, поранешна шефица на „Ворнер брос“ во земјата, за претседателка на Канскиот филмски фестивал.

Советот на Асоцијацијата ја назначи Ирис Ноблох за прва жена претседателка на Канскиот филмски фестивал. Таа ќе ја преземе функцијата на 1 јули со тригодишен мандат, се вели во соопштението.

Според прописите на фестивалот, претседателот се избира со тајно гласање.

Мило ми е што Ирис Ноблох ќе ни се придружи и среќен сум што нејзе ѝ ја препуштам „диригентската палка“, бидејќи таа несомнено ќе покаже визија и талент на нејзината нова позиција, изјави Пјер Лескор, актуелен претседател на фестивалот.

Ноблох досега, 15 години, работела во „Ворнермедија“ за Франција, Бенелукс, Австрија, Германија и Швајцарија. Има глумено и во филмови на Клинт Иствуд, Кристофер Нолан, Стенли Кјубрик и Стивен Содерберг. Во 2008 година, таа ја доби почесната титула кавалер на францускиот Орден на Легијата на честа (Chevalier de l’Ordre de la Legion d’Honneur).

Филмскиот фестивал во Кан оваа 2022 година ќе се одржува од 17 до 28 мај.

 

The post Ирис Ноблох е прва жена претседателка на Филмскиот фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>

Одборот на директори на Асоцијацијата на филмските фестивали во Франција ја избра Ирис Ноблох, поранешна шефица на „Ворнер брос“ во земјата, за претседателка на Канскиот филмски фестивал.
Советот на Асоцијацијата ја назначи Ирис Ноблох за прва жена претседателка на Канскиот филмски фестивал. Таа ќе ја преземе функцијата на 1 јули со тригодишен мандат, се вели во соопштението.
Според прописите на фестивалот, претседателот се избира со тајно гласање.
Мило ми е што Ирис Ноблох ќе ни се придружи и среќен сум што нејзе ѝ ја препуштам „диригентската палка“, бидејќи таа несомнено ќе покаже визија и талент на нејзината нова позиција, изјави Пјер Лескор, актуелен претседател на фестивалот.
Ноблох досега, 15 години, работела во „Ворнермедија“ за Франција, Бенелукс, Австрија, Германија и Швајцарија. Има глумено и во филмови на Клинт Иствуд, Кристофер Нолан, Стенли Кјубрик и Стивен Содерберг. Во 2008 година, таа ја доби почесната титула кавалер на францускиот Орден на Легијата на честа (Chevalier de l’Ordre de la Legion d’Honneur). Филмскиот фестивал во Кан оваа 2022 година ќе се одржува од 17 до 28 мај.  

The post Ирис Ноблох е прва жена претседателка на Филмскиот фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>
Нема да има руски делегации на Канскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nema-da-ima-ruski-delegacii-na-kanskiot-filmski-festival/ Wed, 02 Mar 2022 12:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=466441

Канскиот филмски фестивал соопшти дека „нема да ги пречека“ руските делегации на претстојното 75. издание што ќе се одржи од 17 до 28 мај 2022 година, доколку не престане воената агресија во Украина, јави дописникот на МИА.

Канскиот фестивал сака да ја изрази својата целосна поддршка на украинскиот народ и на сите оние кои се наоѓаат на нејзина територија. Колку и да е скромно, ние го обединуваме нашиот глас со сите оние кои се противат на оваа неприфатлива ситуација и го осудуваме ставот на Русија и нејзините лидери, се вели во соопштението.

Одлучено, се вели во соопштението од Канскиот фестивал, да не се пречекуваат официјални делегации од Русија ниту да се прифати присуството на која било тело поврзана со руската влада, освен ако воената агресија не престане.

Верен на својата историја, која започна во 1939 година во отпорот на фашистичката и нацистичката диктатура, Канскиот филмски фестивал секогаш ќе биде во служба на уметниците и филмските професионалци, чиј глас е кренат за да го осудат насилството, репресијата и неправдата и да го бранат мироти слободата, се вели во соопштението на најпознатиот филмски фестивал во светот.

The post Нема да има руски делегации на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Канскиот филмски фестивал соопшти дека „нема да ги пречека“ руските делегации на претстојното 75. издание што ќе се одржи од 17 до 28 мај 2022 година, доколку не престане воената агресија во Украина, јави дописникот на МИА.
Канскиот фестивал сака да ја изрази својата целосна поддршка на украинскиот народ и на сите оние кои се наоѓаат на нејзина територија. Колку и да е скромно, ние го обединуваме нашиот глас со сите оние кои се противат на оваа неприфатлива ситуација и го осудуваме ставот на Русија и нејзините лидери, се вели во соопштението.
Одлучено, се вели во соопштението од Канскиот фестивал, да не се пречекуваат официјални делегации од Русија ниту да се прифати присуството на која било тело поврзана со руската влада, освен ако воената агресија не престане. Верен на својата историја, која започна во 1939 година во отпорот на фашистичката и нацистичката диктатура, Канскиот филмски фестивал секогаш ќе биде во служба на уметниците и филмските професионалци, чиј глас е кренат за да го осудат насилството, репресијата и неправдата и да го бранат мироти слободата, се вели во соопштението на најпознатиот филмски фестивал во светот.

The post Нема да има руски делегации на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>