кандидатура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidatura/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 17:11:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидатура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidatura/ 32 32 Данела не им крева ни на младите: НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/danela-ne-im-kreva-ni-na-mladite-nmsm-se-povlekuva-od-partnerstvoto-so-grad-skopje/ Thu, 07 Nov 2024 17:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=835262

Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година, соопштија денеска од здружението.

До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина и безброј барања за состанок за координација за презентацијата. Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинските потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина
2027, велат од НМСМ.

Основна заложба на Националниот младински совет на Македонија е, додаваат, да застапуваме за суштинско вклучување на младите, мотивирани од ова се вклучивме во овој процес заеднички со нашите организации членки и партнери од студентските и средношколксите организации.

За жал изминатите месеци ни покажаа дека претставниците на градот единствено препознаваат токенистичко вклучување на младите во процесите вклучувајќи ја и кандидатурата на град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. Апелираме до преставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање. Покрај овој резултат, Националниот младинсии совет ќе продолжи да бара поддршка и да вложува напори визијата која ја имаме за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржува младите и да застапува пред институциите за политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот, се вели во реакцијата од НМСМ.

The post Данела не им крева ни на младите: НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година, соопштија денеска од здружението.
До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина и безброј барања за состанок за координација за презентацијата. Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинските потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина 2027, велат од НМСМ.
Основна заложба на Националниот младински совет на Македонија е, додаваат, да застапуваме за суштинско вклучување на младите, мотивирани од ова се вклучивме во овој процес заеднички со нашите организации членки и партнери од студентските и средношколксите организации.
За жал изминатите месеци ни покажаа дека претставниците на градот единствено препознаваат токенистичко вклучување на младите во процесите вклучувајќи ја и кандидатурата на град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. Апелираме до преставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање. Покрај овој резултат, Националниот младинсии совет ќе продолжи да бара поддршка и да вложува напори визијата која ја имаме за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржува младите и да застапува пред институциите за политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот, се вели во реакцијата од НМСМ.

The post Данела не им крева ни на младите: НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје appeared first on Република.

]]>
На Македонија не и треба слаба или никаква опозиција: Славјанка Петровска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-makedonija-ne-i-treba-slaba-ili-nikakva-opozitsija-slavjanka-petrovska-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-sdsm/ Wed, 05 Jun 2024 09:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=784895

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ заедно со, како што рече, манифест за социјалдемократија каде се напишани итните приоритети по големиот пораз.

Петровска потврди дека добила поддршка од актуелни и поранешни партиски функционери кои застануваат зад нејзината кандидатура.

Иако СДСМ и во минатото доживувал порази и победи, овој пат ситуацијата е специфична, особено имајќи ги во предвид политичките околности во државата. На ниту една држава, особено на Република  Македонија не и треба слаба или никаква опозиција. Предизвик сериозен е, СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на идеологијата на СДСМ. Во оној период кој е многу кус и е пред нас, затоа што очекувам дека новата Влада ќе има набиена динамика, ќе треба да ги консолидираме внатрешните редови - нагласи Петровска.

Посочи дека сосема очекува и разбирливо е незадоволство на членството кога доживувате неуспех, но нагласи дека доколку ја добие поддршката, дебатите и размената на мислења ќе се вратат меѓу партиското членство.

Претходно, кандидатурата ја поднесе екс министерот за здравство Венко Филипче, најавена е и кандидатурата на актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски.

The post На Македонија не и треба слаба или никаква опозиција: Славјанка Петровска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ заедно со, како што рече, манифест за социјалдемократија каде се напишани итните приоритети по големиот пораз. Петровска потврди дека добила поддршка од актуелни и поранешни партиски функционери кои застануваат зад нејзината кандидатура.
Иако СДСМ и во минатото доживувал порази и победи, овој пат ситуацијата е специфична, особено имајќи ги во предвид политичките околности во државата. На ниту една држава, особено на Република  Македонија не и треба слаба или никаква опозиција. Предизвик сериозен е, СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на идеологијата на СДСМ. Во оној период кој е многу кус и е пред нас, затоа што очекувам дека новата Влада ќе има набиена динамика, ќе треба да ги консолидираме внатрешните редови - нагласи Петровска.
Посочи дека сосема очекува и разбирливо е незадоволство на членството кога доживувате неуспех, но нагласи дека доколку ја добие поддршката, дебатите и размената на мислења ќе се вратат меѓу партиското членство. Претходно, кандидатурата ја поднесе екс министерот за здравство Венко Филипче, најавена е и кандидатурата на актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски.

The post На Македонија не и треба слаба или никаква опозиција: Славјанка Петровска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Силјановска – Давкова: Се покажа дека во политиката влегле аматери, мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-se-pokazha-deka-vo-politikata-vlegle-amateri-mislele-deka-ako-ja-napravime-ovaa-otstapka-od-utre-se-otvora-patot-kon-eu/ Mon, 04 Mar 2024 18:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=751235

„Зошто се кандидирав повторно? Тоа го сторив од повеќе причини. Прво, поминав за време на овие четири години низ школата на демократијата како велат Англичаните за Парламентот. Мислам дека многу работи сменив, покажав таму дека пратеникот може да ги претставува граѓаните и да гласа по сопствено уверување“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. 

„Времето што го живееме е поинакво од 2019-та година. Се покажа дека во политиката влегле или на функции се нашле луѓе кои не можеле да ги антиципираат процесите, односите и настаните. Тоа се луѓе аматери. Мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ, и нема да има никаков проблем. И страшно е кога уште веруваат дека се на правиот пат“, заклучи таа говорејќи дека власта и нанесе голема штета на Македонија со договорот за добрососедство со Бугарија, и тоа е една од причините зошто се кандидира пак за претседател на Македонија.

Силјановска Давкова додаде дека таа во саботата говорот го започна и го заврши со повик за единство, со повик за натпартиско однесување, со повик на заборавање на разликите што се остри кога се работи за државни и за национални интереси, со повик до граѓаните како индивидуи, а некако војници, членови, симпатизери на партии. И немаше крај на нејзиното изненадување кога вечерта гледа дека има реакција на нејзината кандидатура. Такви феномени особено од власта не постојат во општеството, нема ништо западно во нив во кое што тие се колнат. Трагикомична е нивната реакција.

Таа укажа дека власта наместо да пласира идеи, проекти, планови, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации.

Во текот на интервјуто таа се осврна на хаосот со патните исправи кој го создаде власта. Силјановска Давкова рече дека со оваа одлука на власта се кршат човековите права. Власта ги произведе овие проблеми.

„Проблемите со кои што се соочуваат ги произведе власта. Не ги произведе опозицијата овие проблеми, ниту пак граѓаните. Од власта ги произведоа проблемите. Тој што се нафатил за пет години, а заборавил дека десет години важат документите. Тој кој што заборавил и дека таму има и за внатрешна употреба, таму во поглавјата, а ниту едно поглавје не сме отвориле. Значи тој треба да го реши проблемот“, нагласи таа.

Таа посочи дека сака да разговара со кандидат за проекти, планови и граѓаните да судат  по тоа и по тоа да гласаат.

„Каков претседател сте вие, какви национални државни интереси браните ако велите за сите важат, а особено за нас пресудите од Стразбур, но не важат за другите. Сите држави, сите народи имаат малцинства што е логично во соседството, ама ние ќе се откажеме од нашето, ќе заборавиме на пописите во Бугарија, ќе заборавиме на училиштата во Бугарија, ќе заборавиме на библиотеките и на театрите во Бугарија за Македонците. Ама тоа што не важи за над 180.000 луѓе по пописите во Бугарија, што се случи, важи за 1.500 луѓе кои се декларирале Бугари, а кои според нашиот Устав се целосно заштитени. Нашиот Устав има цел еден дел за заштита на правата на малцинствата“, појасни Силјановска Давкова говорејќи за апсурдите кои што се случуваат поради оној договор со Бугарија, а сегашниот претседател на државата ги одобрува.

„За сите проблеми поврзани за надлежностите на претседателот јас имам предлог излезно решение. Тоа е она што е најважно ние да го сториме, да ги видиме проблемите и да ги надминеме. Дури некогаш нема потреба од уставни измени туку има потреба од практикување и на вето, и на обраќања, и на најдобри кандидати во Судски совет, и на најдобри кандидати на Уставен суд, и на најдобар прв човек на Генералштабот, и на различни тела кои при претседателот ќе обединуваат, вклучувајќи ја дијаспората. Ништо од тоа досега не го видовме“, рече таа.

The post Силјановска – Давкова: Се покажа дека во политиката влегле аматери, мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Зошто се кандидирав повторно? Тоа го сторив од повеќе причини. Прво, поминав за време на овие четири години низ школата на демократијата како велат Англичаните за Парламентот. Мислам дека многу работи сменив, покажав таму дека пратеникот може да ги претставува граѓаните и да гласа по сопствено уверување“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.  „Времето што го живееме е поинакво од 2019-та година. Се покажа дека во политиката влегле или на функции се нашле луѓе кои не можеле да ги антиципираат процесите, односите и настаните. Тоа се луѓе аматери. Мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ, и нема да има никаков проблем. И страшно е кога уште веруваат дека се на правиот пат“, заклучи таа говорејќи дека власта и нанесе голема штета на Македонија со договорот за добрососедство со Бугарија, и тоа е една од причините зошто се кандидира пак за претседател на Македонија. Силјановска Давкова додаде дека таа во саботата говорот го започна и го заврши со повик за единство, со повик за натпартиско однесување, со повик на заборавање на разликите што се остри кога се работи за државни и за национални интереси, со повик до граѓаните како индивидуи, а некако војници, членови, симпатизери на партии. И немаше крај на нејзиното изненадување кога вечерта гледа дека има реакција на нејзината кандидатура. Такви феномени особено од власта не постојат во општеството, нема ништо западно во нив во кое што тие се колнат. Трагикомична е нивната реакција. Таа укажа дека власта наместо да пласира идеи, проекти, планови, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации. Во текот на интервјуто таа се осврна на хаосот со патните исправи кој го создаде власта. Силјановска Давкова рече дека со оваа одлука на власта се кршат човековите права. Власта ги произведе овие проблеми. „Проблемите со кои што се соочуваат ги произведе власта. Не ги произведе опозицијата овие проблеми, ниту пак граѓаните. Од власта ги произведоа проблемите. Тој што се нафатил за пет години, а заборавил дека десет години важат документите. Тој кој што заборавил и дека таму има и за внатрешна употреба, таму во поглавјата, а ниту едно поглавје не сме отвориле. Значи тој треба да го реши проблемот“, нагласи таа. Таа посочи дека сака да разговара со кандидат за проекти, планови и граѓаните да судат  по тоа и по тоа да гласаат. „Каков претседател сте вие, какви национални државни интереси браните ако велите за сите важат, а особено за нас пресудите од Стразбур, но не важат за другите. Сите држави, сите народи имаат малцинства што е логично во соседството, ама ние ќе се откажеме од нашето, ќе заборавиме на пописите во Бугарија, ќе заборавиме на училиштата во Бугарија, ќе заборавиме на библиотеките и на театрите во Бугарија за Македонците. Ама тоа што не важи за над 180.000 луѓе по пописите во Бугарија, што се случи, важи за 1.500 луѓе кои се декларирале Бугари, а кои според нашиот Устав се целосно заштитени. Нашиот Устав има цел еден дел за заштита на правата на малцинствата“, појасни Силјановска Давкова говорејќи за апсурдите кои што се случуваат поради оној договор со Бугарија, а сегашниот претседател на државата ги одобрува. „За сите проблеми поврзани за надлежностите на претседателот јас имам предлог излезно решение. Тоа е она што е најважно ние да го сториме, да ги видиме проблемите и да ги надминеме. Дури некогаш нема потреба од уставни измени туку има потреба од практикување и на вето, и на обраќања, и на најдобри кандидати во Судски совет, и на најдобри кандидати на Уставен суд, и на најдобар прв човек на Генералштабот, и на различни тела кои при претседателот ќе обединуваат, вклучувајќи ја дијаспората. Ништо од тоа досега не го видовме“, рече таа.

The post Силјановска – Давкова: Се покажа дека во политиката влегле аматери, мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ја најави кандидатурата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ja-najavi-kandidaturata/ Fri, 01 Mar 2024 11:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=750012

Актуелниот претседателот Стево Пендаровски ја најави граѓанската кандидатура за втор мандат и ги повика сите граѓани да дадат поддршка со потпишување во канцелариите на Државната изборна комисија.

Добив поддршка од луѓе кои ме познаваат, кои и не ме познаваат, од професори и јавни личности, да им се заблагодарам за довербата која ја имаат кон мене. Во недела очекувам СДСМ да ја официјализира својата поддршка за мојата кандидатура. Од понеделник ќе имам средби со сите партии од нивната коалиција. Во мојот прв мандат станавме членка на НАТО, а очекувам во вториот мандат да станеме членка на ЕУ. Јас сум Македонец, меѓутоа не постои единствен случај кога моето етничко потекло било причина да фаворизирам или да деградирам. Во изминатите пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка или економска моќ вклучително и во однос на оние кои го поддржале. Во нашата земја не постои човек или партија која може да каже дека ги контролира или диригира моите одлуки – рече актуелниот претседател.

Во однос на меѓуетничките односи и евроатлантските интеграции, Пендаровски ги повтори своите ставови дека Рамковниот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија биле придобивка за граѓаните и за државата.

Договорт со Бугарија не беше спорен три години, но стана проблем кога Бугарија под притисок на комунистичката стара гарда почна да измислува причини за блокада кои во самиот договор ги нема. Тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка и дека ќе направи подобар договор со ЕУ се политичка фатаморгана – додаде Пендаровски.

The post Пендаровски ја најави кандидатурата appeared first on Република.

Силјановска Давкова: Состојбата во државата бара да не седиме и да коментираме од страна, време е за национално единство во секој поглед https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-sostojbata-vo-drzhavata-bara-da-ne-sedime-i-da-komentirame-od-strana-vreme-e-za-natsionalno-edinstvo-vo-sekoj-pogled/ Fri, 23 Feb 2024 19:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=747590

Тешко носам одлуки, но стојам зад нив. Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто. Еден ден со право ќе не прашаат каде бевте и што правевте со државата која вашите татковци и дедовци ви ја дадоа“, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ,, Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето зошто по втор пат влегува во трката за претседател на Македонија.

Силјановска Давкова истакна дека уште една од причините поради кои се нафаќа на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата.

Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот, потенцираше таа.

Во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во евентуалниот втор круг, Силјановска Давкова изјави дека очекува витешка битка, а воедно очекува и поддршка од сите останати затоа што луѓето се ценат по стручност и компетентност.

Што се однесува до борбата, знам дека битката дека меѓу мене и колешката Ванковска ќе биде витешка, можеби е време да покажеме ние жените дека е време за витешка битка, очекувам дијалог со аргументи,  а за останатите мислам дека во вториот круг ќе ме поддржат. Ако сте опозиционер логично да ја поддржите опозицијата.

Меѓу пратениците јас не правам разлика по етничка или партиска основа, имам луѓе со кои одлично комуницирам по принцип на стручност и компетентност. Имам и побратим Албанец во семејството, време е за национално единство во секој поглед, надминување на партиските разлики коа се работи за прашања од државен карактер, истакна Силјановска Давкова.

The post Силјановска Давкова: Состојбата во државата бара да не седиме и да коментираме од страна, време е за национално единство во секој поглед appeared first on Република.

]]>

Тешко носам одлуки, но стојам зад нив. Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто. Еден ден со право ќе не прашаат каде бевте и што правевте со државата која вашите татковци и дедовци ви ја дадоа“, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ,, Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето зошто по втор пат влегува во трката за претседател на Македонија.
Силјановска Давкова истакна дека уште една од причините поради кои се нафаќа на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата.
Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот, потенцираше таа.
Во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во евентуалниот втор круг, Силјановска Давкова изјави дека очекува витешка битка, а воедно очекува и поддршка од сите останати затоа што луѓето се ценат по стручност и компетентност.
Што се однесува до борбата, знам дека битката дека меѓу мене и колешката Ванковска ќе биде витешка, можеби е време да покажеме ние жените дека е време за витешка битка, очекувам дијалог со аргументи,  а за останатите мислам дека во вториот круг ќе ме поддржат. Ако сте опозиционер логично да ја поддржите опозицијата.   Меѓу пратениците јас не правам разлика по етничка или партиска основа, имам луѓе со кои одлично комуницирам по принцип на стручност и компетентност. Имам и побратим Албанец во семејството, време е за национално единство во секој поглед, надминување на партиските разлики коа се работи за прашања од државен карактер, истакна Силјановска Давкова.
 
The post Силјановска Давкова: Состојбата во државата бара да не седиме и да коментираме од страна, време е за национално единство во секој поглед appeared first on Република.

]]>
И Блаже Миневски се повлече, остана само Мирче Нешовски кандидат за претседател на ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-blazhe-minevski-se-povleche-ostana-samo-mirche-neshovski-kandidat-za-pretsedatel-na-dpm/ Mon, 22 Jan 2024 13:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=735497

Писателот Блаже Миневски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на ДПМ и нема да присуствува на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото.

По повлекувањето на Миневски, останува само кандидатурата за претседател на ДПМ на Мирче Нешовски. Претходно Гоце Ристовски и Живко Грозданоски се повлекоа од трката за прв човек на ДПМ.

Поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста, ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на ДПМ и нема да присуствувам на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото, посочи Миневски.

Миневски подвлекува дека во изминатите два месеца, од 25 ноември минатата година не е направено ништо за Вонредното изборно собрание да бидат известени оние 65-мина од 285-те члена на ДПМ, кои немаат електронски адреси и не добиваат ниту покана ниту материјали за учество во работата на Собранието.

Актуелното (не)легитимно раководство не предложи решение ниту за 29-те члена на ДПМ што живеат во странство, кои, ако веќе не можат да гласаат електронски, барем да не влегуваат во списокот за кворум, односно да се евидентираат и да гласаат само доколку физички се присутни на седницата. Не покажа коректен однос дури ни кон членовите со најдолг стаж во ДПМ, меѓу кои и класици на современата македонска книжевност, со тоа што не ги консултира дали се во можност физички да присуствуваат на седниците на Собранието или пак да се изнајде начин како да бидат вклучени во работата на највисокото тело на македонската писателска асоцијација, посочи Миневски.

Исто така, според него, и покрај ветувањето дека ќе се покријат патните трошоци на членови што дојдоа од внатрешноста на Вонредното изборно собрание во ноември, досега таква исплата не е направена.

Тој додава дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период.

Можеби единствен начин за излез од катастрофалната состојба е евентуалната можност да се активира Советот на ДПМ (поранешните претседатели) и/или членството да избере привремена управа за надминување на кризата, со цел да се разгледаат сите опции, да се надминат правните проблеми со статусот и Статутот на Друштвото, да се анализираат и утврдат точните списоци на членството и потоа да се организира легитимно Изборно собрание. На крајот, сепак се надевам дека како членство ќе ја понесеме одговорноста и ќе изнајдеме начин македонската писателска асоцијација да излезе од состојбата во која се наоѓа, додава Миневски.

The post И Блаже Миневски се повлече, остана само Мирче Нешовски кандидат за претседател на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Писателот Блаже Миневски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на ДПМ и нема да присуствува на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото. По повлекувањето на Миневски, останува само кандидатурата за претседател на ДПМ на Мирче Нешовски. Претходно Гоце Ристовски и Живко Грозданоски се повлекоа од трката за прв човек на ДПМ.
Поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста, ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на ДПМ и нема да присуствувам на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото, посочи Миневски.
Миневски подвлекува дека во изминатите два месеца, од 25 ноември минатата година не е направено ништо за Вонредното изборно собрание да бидат известени оние 65-мина од 285-те члена на ДПМ, кои немаат електронски адреси и не добиваат ниту покана ниту материјали за учество во работата на Собранието.
Актуелното (не)легитимно раководство не предложи решение ниту за 29-те члена на ДПМ што живеат во странство, кои, ако веќе не можат да гласаат електронски, барем да не влегуваат во списокот за кворум, односно да се евидентираат и да гласаат само доколку физички се присутни на седницата. Не покажа коректен однос дури ни кон членовите со најдолг стаж во ДПМ, меѓу кои и класици на современата македонска книжевност, со тоа што не ги консултира дали се во можност физички да присуствуваат на седниците на Собранието или пак да се изнајде начин како да бидат вклучени во работата на највисокото тело на македонската писателска асоцијација, посочи Миневски.
Исто така, според него, и покрај ветувањето дека ќе се покријат патните трошоци на членови што дојдоа од внатрешноста на Вонредното изборно собрание во ноември, досега таква исплата не е направена. Тој додава дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период.
Можеби единствен начин за излез од катастрофалната состојба е евентуалната можност да се активира Советот на ДПМ (поранешните претседатели) и/или членството да избере привремена управа за надминување на кризата, со цел да се разгледаат сите опции, да се надминат правните проблеми со статусот и Статутот на Друштвото, да се анализираат и утврдат точните списоци на членството и потоа да се организира легитимно Изборно собрание. На крајот, сепак се надевам дека како членство ќе ја понесеме одговорноста и ќе изнајдеме начин македонската писателска асоцијација да излезе од состојбата во која се наоѓа, додава Миневски.
 
The post И Блаже Миневски се повлече, остана само Мирче Нешовски кандидат за претседател на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Внукот на поранешниот претседател Кенеди најави кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vnukot-na-poraneshniot-pretsedatel-kenedi-najavi-kandidatura-za-pretsedatelskite-izbori-vo-sad-vo-2024-godina/ Sat, 04 Mar 2023 20:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=615945

Внукот на 35-от американски претседател Џон Ф. Кенеди, Роберт Кенеди кој е еколошки активист најави можна кандидатура на претседателските избори во САД во 2024 година.

„Размислувам за тоа и ја надминав најсериозната пречка – мојата сопруга даде зелено светло“, изјави Кенеди за време на посетата на колеџ во Њу Хемпшир.

„Не можеме да напредуваме како нација оставајќи ги зад себе нашите посиромашни браќа и сестри. Работите што ја дефинираат нашата нација се овие заедници“, рече Кенеди. „Ние ја имаме веројатно најголемата поларизација во историјата на нашата земја што ја имавме од Граѓанската војна, навистина опасна поларизација“, додаде тој. „Повеќе плаќаме за лекови и повеќе за фармацевтски производи. Ние консумираме три пати повеќе фармацевтски лекови од другите западни земји и имаме најлоши здравствени резултати“, рече Кенеди.

Се верува дека Кенеди Јуниор сериозно би се мешал во номинациите на Демократската партија. „Тој го има името и тоа отвора многу врати“, рече долгогодишниот демократски сенатор Лу Д’Алесандро.

The post Внукот на поранешниот претседател Кенеди најави кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Внукот на 35-от американски претседател Џон Ф. Кенеди, Роберт Кенеди кој е еколошки активист најави можна кандидатура на претседателските избори во САД во 2024 година. „Размислувам за тоа и ја надминав најсериозната пречка – мојата сопруга даде зелено светло“, изјави Кенеди за време на посетата на колеџ во Њу Хемпшир. „Не можеме да напредуваме како нација оставајќи ги зад себе нашите посиромашни браќа и сестри. Работите што ја дефинираат нашата нација се овие заедници“, рече Кенеди. „Ние ја имаме веројатно најголемата поларизација во историјата на нашата земја што ја имавме од Граѓанската војна, навистина опасна поларизација“, додаде тој. „Повеќе плаќаме за лекови и повеќе за фармацевтски производи. Ние консумираме три пати повеќе фармацевтски лекови од другите западни земји и имаме најлоши здравствени резултати“, рече Кенеди.
Се верува дека Кенеди Јуниор сериозно би се мешал во номинациите на Демократската партија. „Тој го има името и тоа отвора многу врати“, рече долгогодишниот демократски сенатор Лу Д’Алесандро.

The post Внукот на поранешниот претседател Кенеди најави кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Трамп ја објави кандидатура за претседателските избори во 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ja-objavi-kandidatura-za-pretsedatelskite-izbori-vo-2024/ Wed, 16 Nov 2022 07:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=574303

Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој победи на прелиминарните избори и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Инаку, во рамките на сопствената партија, Трамп во последните денови имаше препораки да се откаже од кандидатурата бидејќи одредени кандидати што ги поддржа постигнаа лоши резултати на неодамнешните избори за Сенатот.

Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека Трамп прими бројни поддржувачи и обожаватели во неговиот луксузен имот на Флорида, Мар-а-Лаго.

Враќањето на Америка започнува токму сега, им порача републиканскиот кандидат на своите донатори и поддржувачи и најави дека ќе ја започне својата кампања речиси две години пред вистинските избори, кои се закажани за 5 ноември 2024 година.

Ја објавувам мојата кандидатура за претседател за да ја вратам големината и славата на САД. Ова нема да биде мојата кампања, ова ќе биде нашата кампања“, рече Трамп.

Засега не се знае кој ќе биде лидер на демократите на претседателските избори. Според претходните изјави, актуелниот прв човек на САД, Џо Бајден, има намера да се кандидира на нови избори, а својата одлука треба да ја претстави следната година.

The post Трамп ја објави кандидатура за претседателските избори во 2024 appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година. За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој победи на прелиминарните избори и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави. Инаку, во рамките на сопствената партија, Трамп во последните денови имаше препораки да се откаже од кандидатурата бидејќи одредени кандидати што ги поддржа постигнаа лоши резултати на неодамнешните избори за Сенатот. Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека Трамп прими бројни поддржувачи и обожаватели во неговиот луксузен имот на Флорида, Мар-а-Лаго.
Враќањето на Америка започнува токму сега, им порача републиканскиот кандидат на своите донатори и поддржувачи и најави дека ќе ја започне својата кампања речиси две години пред вистинските избори, кои се закажани за 5 ноември 2024 година. Ја објавувам мојата кандидатура за претседател за да ја вратам големината и славата на САД. Ова нема да биде мојата кампања, ова ќе биде нашата кампања“, рече Трамп.
Засега не се знае кој ќе биде лидер на демократите на претседателските избори. Според претходните изјави, актуелниот прв човек на САД, Џо Бајден, има намера да се кандидира на нови избори, а својата одлука треба да ја претстави следната година.  

The post Трамп ја објави кандидатура за претседателските избори во 2024 appeared first on Република.

]]>
Бајден сака да се кандидира за реизбор во 2024 затоа што смета дека е единствениот кој може да го победи Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-saka-da-se-kandidira-za-reizbor-vo-2024-zatoa-shto-smeta-deka-e-edinstveniot-koj-moze-da-go-pobedi-tramp/ Thu, 21 Apr 2022 17:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=491932

Се чини дека американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за реизбор во 2024 година.

Како што обајвува магазинот „Хил“, повикувајќи се на два анонимни извори, Бајден му кажал на својот стар шеф и поранешен претседател, Барак Обама, дека има намера да се кандидира на претстојните претседателски избори.

Еден извор вели дека Бајден „сака да се кандидира и им дава јасно до знаење на сите“. Не е познато кога Бајден го информирал Обама за неговите планови, но можно е тоа да се случило на почетокот на овој месец кога Обама ја посети Белата куќа за да го одбележи донесувањето на законот за достапна нега.

Претставувајќи го својот домаќин, Обама го нарече „потпретседател Бајден“, а потоа со насмевка изјави дека „тоа било шега“.

Бајден беше потпретседател на Обама од 2009 до 2017. Тој стана претседател во третиот обид, победувајќи го Доналд Трамп во 2020 година. На 78 години, Бајден стана најстариот претседател некогаш инаугуриран. Доколку повторно победи, на почетокот на вториот мандат ќе има 82 години.

Поради бројните кризи, од војната во Украина, преку корона вирусот, па до инфлацијата, рејтингот на Бајден нагло падна. Повеќето набљудувачи очекуваат републиканците повторно да го преземат Конгресот во ноември по среднорочните избори, но Бајден досега многу јасно кажа дека има намера повторно да се кандидира.

Во септември беше објавено дека Бајден и неговите соработници ги информирале сојузниците за намерите на претседателот. Во декември Бајден изјави дека ќе се кандидира доколку остане во добра здравствена состојба. Тој исто така порача дека Камала Харис, неговата потпретседателка, повторно ќе биде на списокот.

Во декемвриското интервју за „АБЦ њуз“, Бајден изјави дека кандидатурата на Трамп „ќе ги зголеми неговите шанси да се кандидира“.

Во март во Брисел, Бајден повторно се осврна на Трамп кога рече: „На следните избори би бил многу среќен истиот човек да се бори против мене“.

Трамп (75) ја подготвува третата кандидатура за претседател - пишува „Гардијан“.

Еден од изворите што разговарал со „Хил“ вели дека Бајден „мисли дека тој е единствениот што може да го победи Трамп и дека мисли дека нема никој друг во Демократската партија што може да го победи Трамп“.

Во 2020 година, Бајден победи на прелиминарните избори на Демократската партија благодарение на поддршката на афроамериканските гласачи и играњето со чувството на гласачите дека тој навистина е најдобрата надеж на партијата да го победи Трамп. Интересно е што Обама, барем судејќи по книгите и извештаите за кампањата во 2020 година, се сомневал во победата на Бајден.

Едвард-Ајзак Довер, автор на „Битката за душата: Во рамките на кампањата на демократите за поразување на Трамп“, изјави дека Обама е скептичен во врска со изгледите на Бајден.

Тој не мислеше дека Бајден може да биде доволно дисциплиниран кандидат - додава тој.

Довер, исто така, изјави дека Обама се сомнева во издржливоста на Бајден, дека не е сигурен во неговата самодоверба и дека е загрижен дека неговиот потпретседател има „проблеми... да се поврзе со толпата“.

Но, тој ја цитираше и Џен Псаки, сега прес-секретар на Бајден во Белата куќа, која вели дека Обама „ги потценил политичките способности на Бајден бидејќи тие имале толку различни стилови“.

The post Бајден сака да се кандидира за реизбор во 2024 затоа што смета дека е единствениот кој може да го победи Трамп appeared first on Република.

]]>

Се чини дека американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за реизбор во 2024 година. Како што обајвува магазинот „Хил“, повикувајќи се на два анонимни извори, Бајден му кажал на својот стар шеф и поранешен претседател, Барак Обама, дека има намера да се кандидира на претстојните претседателски избори. Еден извор вели дека Бајден „сака да се кандидира и им дава јасно до знаење на сите“. Не е познато кога Бајден го информирал Обама за неговите планови, но можно е тоа да се случило на почетокот на овој месец кога Обама ја посети Белата куќа за да го одбележи донесувањето на законот за достапна нега. Претставувајќи го својот домаќин, Обама го нарече „потпретседател Бајден“, а потоа со насмевка изјави дека „тоа било шега“. Бајден беше потпретседател на Обама од 2009 до 2017. Тој стана претседател во третиот обид, победувајќи го Доналд Трамп во 2020 година. На 78 години, Бајден стана најстариот претседател некогаш инаугуриран. Доколку повторно победи, на почетокот на вториот мандат ќе има 82 години. Поради бројните кризи, од војната во Украина, преку корона вирусот, па до инфлацијата, рејтингот на Бајден нагло падна. Повеќето набљудувачи очекуваат републиканците повторно да го преземат Конгресот во ноември по среднорочните избори, но Бајден досега многу јасно кажа дека има намера повторно да се кандидира. Во септември беше објавено дека Бајден и неговите соработници ги информирале сојузниците за намерите на претседателот. Во декември Бајден изјави дека ќе се кандидира доколку остане во добра здравствена состојба. Тој исто така порача дека Камала Харис, неговата потпретседателка, повторно ќе биде на списокот. Во декемвриското интервју за „АБЦ њуз“, Бајден изјави дека кандидатурата на Трамп „ќе ги зголеми неговите шанси да се кандидира“. Во март во Брисел, Бајден повторно се осврна на Трамп кога рече: „На следните избори би бил многу среќен истиот човек да се бори против мене“.
Трамп (75) ја подготвува третата кандидатура за претседател - пишува „Гардијан“.
Еден од изворите што разговарал со „Хил“ вели дека Бајден „мисли дека тој е единствениот што може да го победи Трамп и дека мисли дека нема никој друг во Демократската партија што може да го победи Трамп“. Во 2020 година, Бајден победи на прелиминарните избори на Демократската партија благодарение на поддршката на афроамериканските гласачи и играњето со чувството на гласачите дека тој навистина е најдобрата надеж на партијата да го победи Трамп. Интересно е што Обама, барем судејќи по книгите и извештаите за кампањата во 2020 година, се сомневал во победата на Бајден. Едвард-Ајзак Довер, автор на „Битката за душата: Во рамките на кампањата на демократите за поразување на Трамп“, изјави дека Обама е скептичен во врска со изгледите на Бајден.
Тој не мислеше дека Бајден може да биде доволно дисциплиниран кандидат - додава тој.
Довер, исто така, изјави дека Обама се сомнева во издржливоста на Бајден, дека не е сигурен во неговата самодоверба и дека е загрижен дека неговиот потпретседател има „проблеми... да се поврзе со толпата“. Но, тој ја цитираше и Џен Псаки, сега прес-секретар на Бајден во Белата куќа, која вели дека Обама „ги потценил политичките способности на Бајден бидејќи тие имале толку различни стилови“.

The post Бајден сака да се кандидира за реизбор во 2024 затоа што смета дека е единствениот кој може да го победи Трамп appeared first on Република.

]]>
СЗО ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос за втор мандат како генерален директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-kje-ja-razgleda-kandidaturata-na-tedros-za-vtor-mandat-kako-generalen-direktor/ Mon, 24 Jan 2022 07:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=448544

Извршниот совет на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос Аданом Гебрејесус за втор петгодишен мандат како генерален директор на СЗО за време на својата 150-та сесија која почнува денеска во Женева и ќе трае до 29 јануари.

Вниманието ќе биде фокусирано и на подготовките за 75-то годишно Светско здравствено собрание во мај, посветено на контролата на пандемиите, искоренувањето на полио, контролата на ХИВ, подготвеноста и одговорот при вонредени ситуации.

Генералниот директор е главен административен и технички службеник на СЗО кој ја надгледува меѓународната работа на СЗО во областа на здравството. Тедрос Аданом Гебрејесус, кој првпат ја презеде функцијата во 2017 година, е единствениот кандидат. Во согласност со Статутот на СЗО, генералниот директор го именува Светското здравствено собрание на предлог на Извршниот совет, кој врши првично разгледување на кандидатурите.

Одлуката мора да биде донесена со тајно гласање на собранието, кое ќе се одржи во Женева од 22 до 28 мај. Вкупно 28 од 194 земји-членки на СЗО претходно го номинираа актуелниот генерален директор. На тековната сесија, претставници на 34 земји-членки ќе го интервјуираат кандидатот за да ја презентира неговата визија за СЗО и да одговара на прашања.

Тедрос ја извршува својата сегашна функција од 2017 година. Тој е роден во Асмара на 3 март 1965 година и е првиот претставник на африканскиот регион кој ја извршува функцијата генерален директор на СЗО. Магистрирал имунологија на заразни болести и докторирал по јавно здравство. Пред неговото назначување за генерален директор на СЗО, тој беше на чело на Министерството за надворешни работи (2012-2016) и Министерството за здравство (2005-2012) на Етиопија.

На оваа сесија на Советот ќе се разгледуваат повеќе од 40 точки од дневниот ред. Покрај изборот на нов генерален директор, тие вклучуваат подготовка за глобални здравствени вонредни ситуации, обезбедување одржливо финансирање за СЗО, борба против грип и детска парализа, глобална стратегија за ХИВ, вирусните хепатити и сексуално преносливи инфекции, како и патоказ за 2021-2030 година за запоставени тропски болести, што вклучува дваесетина болести.

The post СЗО ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос за втор мандат како генерален директор appeared first on Република.

]]>

Извршниот совет на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос Аданом Гебрејесус за втор петгодишен мандат како генерален директор на СЗО за време на својата 150-та сесија која почнува денеска во Женева и ќе трае до 29 јануари. Вниманието ќе биде фокусирано и на подготовките за 75-то годишно Светско здравствено собрание во мај, посветено на контролата на пандемиите, искоренувањето на полио, контролата на ХИВ, подготвеноста и одговорот при вонредени ситуации. Генералниот директор е главен административен и технички службеник на СЗО кој ја надгледува меѓународната работа на СЗО во областа на здравството. Тедрос Аданом Гебрејесус, кој првпат ја презеде функцијата во 2017 година, е единствениот кандидат. Во согласност со Статутот на СЗО, генералниот директор го именува Светското здравствено собрание на предлог на Извршниот совет, кој врши првично разгледување на кандидатурите. Одлуката мора да биде донесена со тајно гласање на собранието, кое ќе се одржи во Женева од 22 до 28 мај. Вкупно 28 од 194 земји-членки на СЗО претходно го номинираа актуелниот генерален директор. На тековната сесија, претставници на 34 земји-членки ќе го интервјуираат кандидатот за да ја презентира неговата визија за СЗО и да одговара на прашања. Тедрос ја извршува својата сегашна функција од 2017 година. Тој е роден во Асмара на 3 март 1965 година и е првиот претставник на африканскиот регион кој ја извршува функцијата генерален директор на СЗО. Магистрирал имунологија на заразни болести и докторирал по јавно здравство. Пред неговото назначување за генерален директор на СЗО, тој беше на чело на Министерството за надворешни работи (2012-2016) и Министерството за здравство (2005-2012) на Етиопија. На оваа сесија на Советот ќе се разгледуваат повеќе од 40 точки од дневниот ред. Покрај изборот на нов генерален директор, тие вклучуваат подготовка за глобални здравствени вонредни ситуации, обезбедување одржливо финансирање за СЗО, борба против грип и детска парализа, глобална стратегија за ХИВ, вирусните хепатити и сексуално преносливи инфекции, како и патоказ за 2021-2030 година за запоставени тропски болести, што вклучува дваесетина болести.

The post СЗО ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос за втор мандат како генерален директор appeared first on Република.

]]>