кандидатски статус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidatski-status/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 12:51:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидатски статус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidatski-status/ 32 32 Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/ Tue, 12 Mar 2024 12:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=754016

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ.

Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус.

Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово.

https://republika.mk/vesti/balkan/bih-dobi-status-na-zemja-kandidat-zemjata-zapochnuva-pristapni-pregovori/

Босна и Херцеговина според сите извештаи важи за нефункционална држава и е практично протекторат на чело во висок претставник.

Земјата е длабоко поделена помеѓу Федерацијата и Република Српска.Првиот човек на Република Српска Милорад Додик постојано се заканува дека ќе организира референдум за самостојност поради кршењете на Дејтонскиот договор.

На минатиот самит на ЕУ преговори добија и Украина и Молдавија. Овие две поранешни советски републики излегоа во преден план со војната во Украина.Војната трае веќе две години, со последната офанзива Русија завзеде голем дел од територијата на истокот на земјата, a претходно и Крим.

ЕУ се нема изјаснето ако некогаш ја прими Украина во кои граници ќе биде тоа?

Слична е состојбата и со Молдавија.Оваа државичка не контролира 30 проценти од својата територија.Регионот Приднестровје е практично држава во држава со најголемата руска база надвор од Русија со околу 1500 војници.

https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/

Дали кога Молдавија ќе влезе во ЕУ ќе ја прими и руската база на својата територија?

Се разбира дека ниту Молдавија ниту Украина некогаш ќе станат членки на ЕУ, но ова треба да биде поука за Македонија дека кога ЕУ сака со некого да почне преговори тоа ќе го направи.

 

The post Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ. Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус. Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово. https://republika.mk/vesti/balkan/bih-dobi-status-na-zemja-kandidat-zemjata-zapochnuva-pristapni-pregovori/ Босна и Херцеговина според сите извештаи важи за нефункционална држава и е практично протекторат на чело во висок претставник. Земјата е длабоко поделена помеѓу Федерацијата и Република Српска.Првиот човек на Република Српска Милорад Додик постојано се заканува дека ќе организира референдум за самостојност поради кршењете на Дејтонскиот договор. На минатиот самит на ЕУ преговори добија и Украина и Молдавија. Овие две поранешни советски републики излегоа во преден план со војната во Украина.Војната трае веќе две години, со последната офанзива Русија завзеде голем дел од територијата на истокот на земјата, a претходно и Крим. ЕУ се нема изјаснето ако некогаш ја прими Украина во кои граници ќе биде тоа? Слична е состојбата и со Молдавија.Оваа државичка не контролира 30 проценти од својата територија.Регионот Приднестровје е практично држава во држава со најголемата руска база надвор од Русија со околу 1500 војници. https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/ Дали кога Молдавија ќе влезе во ЕУ ќе ја прими и руската база на својата територија? Се разбира дека ниту Молдавија ниту Украина некогаш ќе станат членки на ЕУ, но ова треба да биде поука за Македонија дека кога ЕУ сака со некого да почне преговори тоа ќе го направи.  

The post Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија appeared first on Република.

]]>
БиХ доби кандидатски статус за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bih-dobi-kandidatski-status-za-chlenstvo-vo-eu/ Thu, 15 Dec 2022 20:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=586210

Шефовите на влади или држави на земјите-членки на Европската Унија на денешниот самит ја потврдија препораката на Европската комисија и на Босна и Херцеговина и доделија статус на кандидат за членство во ЕУ.

Лидерите од членките на Унијата, денеска без дискусија ја потврдија препораката која пред два дена ја договорија министрите за европски прашања Босна и Херцеговина да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија.

Пред состанокот на министрите за европски прашања во вторник во Брисел, хрватскиот и грчкиот премиер Андреј Пленковиќ и Киријакос Мицотакис испратија писмо до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во кое ја истакнаа силната поддршка за европската интеграција на Босна и Херцеговина.

Пратеничката во Европскиот парламент Жељана Зовко, која ја поздрави одлуката на претставниците на ЕУ, потврди дека Европскиот совет донел таква одлука.

Босна и Херцеговина официјално доби кандидатски статус за членство во Европската Унија. По препораката на Комисијата од октомври, шефовите на држави или влади на ЕУ и доделија кандидатски статус на БиХ за време на самитот на Советот на ЕУ во Брисел – посочи Зовко.

Пратеничката во Европскиот парламент Жељана Зовко, која е и потпретседателка на Комитетот за надворешни работи на ЕП и дел од пратеничката група на ЕПП и Делегацијата на ЕП за односи со Косово и Босна и Херцеговина, ја поздрави оваа историска одлука. „Босна и Херцеговина стана потенцијален кандидат за членство во Европската Унија во 2003 година, а во 2016 година поднесе барање за кандидатура“, беше објавено на страницата на европратеничката Жељана Зовко.

Како што беше претходно нагласено во препораката, од Босна и Херцеговина се бара да работи на реформите, како и да ги исполни 14-те приоритети на Европската Комисија, кои Босна и Херцеговина ги доби во 2019 година.

Ова вклучува мерки за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Реформските приоритети главно се однесуваат на 14-те приоритети презентирани од Европската комисија во 2019 година – се наведува во одлуката на Европскиот совет.

 

The post БиХ доби кандидатски статус за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Шефовите на влади или држави на земјите-членки на Европската Унија на денешниот самит ја потврдија препораката на Европската комисија и на Босна и Херцеговина и доделија статус на кандидат за членство во ЕУ. Лидерите од членките на Унијата, денеска без дискусија ја потврдија препораката која пред два дена ја договорија министрите за европски прашања Босна и Херцеговина да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија. Пред состанокот на министрите за европски прашања во вторник во Брисел, хрватскиот и грчкиот премиер Андреј Пленковиќ и Киријакос Мицотакис испратија писмо до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во кое ја истакнаа силната поддршка за европската интеграција на Босна и Херцеговина. Пратеничката во Европскиот парламент Жељана Зовко, која ја поздрави одлуката на претставниците на ЕУ, потврди дека Европскиот совет донел таква одлука.
Босна и Херцеговина официјално доби кандидатски статус за членство во Европската Унија. По препораката на Комисијата од октомври, шефовите на држави или влади на ЕУ и доделија кандидатски статус на БиХ за време на самитот на Советот на ЕУ во Брисел – посочи Зовко.
Пратеничката во Европскиот парламент Жељана Зовко, која е и потпретседателка на Комитетот за надворешни работи на ЕП и дел од пратеничката група на ЕПП и Делегацијата на ЕП за односи со Косово и Босна и Херцеговина, ја поздрави оваа историска одлука. „Босна и Херцеговина стана потенцијален кандидат за членство во Европската Унија во 2003 година, а во 2016 година поднесе барање за кандидатура“, беше објавено на страницата на европратеничката Жељана Зовко. Како што беше претходно нагласено во препораката, од Босна и Херцеговина се бара да работи на реформите, како и да ги исполни 14-те приоритети на Европската Комисија, кои Босна и Херцеговина ги доби во 2019 година.
Ова вклучува мерки за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Реформските приоритети главно се однесуваат на 14-те приоритети презентирани од Европската комисија во 2019 година – се наведува во одлуката на Европскиот совет.
 

The post БиХ доби кандидатски статус за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Вархеји: БиХ би можела да добие кандидатски статус следниот месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-bih-bi-mozela-da-dobie-kandidatski-status-sledniot-mesec/ Fri, 25 Nov 2022 09:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=578107

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи потврди дека Босна и Херцеговина следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.

Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ, рече Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот.

Тој наведе дека со тоа даваат „нов живот на проширувањето“, но истакна дека проширувањето е процес кој бара многу.

Сега земјите кандидати треба прво да ги исполнат своите задачи“, рече Вархеји.

Последна земја што стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година.

Првиот дел од Форумот на Унијата за Медитеранот, организација создадена во 2008 година, е посветен на прашањата за безбедноста на снабдувањето со храна и енергија под влијание на конфликтот во Украина. Вториот дел е посветен на безбедноста и миграцијата во соседството на ЕУ.

The post Вархеји: БиХ би можела да добие кандидатски статус следниот месец appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи потврди дека Босна и Херцеговина следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.
Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ, рече Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот.
Тој наведе дека со тоа даваат „нов живот на проширувањето“, но истакна дека проширувањето е процес кој бара многу. Сега земјите кандидати треба прво да ги исполнат своите задачи“, рече Вархеји. Последна земја што стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година. Првиот дел од Форумот на Унијата за Медитеранот, организација создадена во 2008 година, е посветен на прашањата за безбедноста на снабдувањето со храна и енергија под влијание на конфликтот во Украина. Вториот дел е посветен на безбедноста и миграцијата во соседството на ЕУ.

The post Вархеји: БиХ би можела да добие кандидатски статус следниот месец appeared first on Република.

]]>
ЕУ препорача Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-preporacha-bosna-i-hercegovina-da-dobie-kandidatski-status/ Wed, 12 Oct 2022 14:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=560222

ЕУ предложи да и се додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина, изјави денеска Урсула Фон дер Лајен на Конференцијата на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

– Ветер на промени повторно дува низ Европа и ние мораме да го фатиме овој моментум, додаде таа – Западен Балкан припаѓа во нашето семејство, потенцираше претседателката на ЕК.

Европскиот комесар за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, претходно денеска соопшти дека Европската Комисија препорачува 27-те членки на Европската Унија да и доделат на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство .

„Ова е нешто што можеме да го направиме и мораме да го направиме“, им рече тој на членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Тој чекор кон пристапување во ЕУ бара едногласност на дваесет и седумте земји-членки.

Од Босна и Херцеговина беше побарано да работи на реформите и беа наведени осум приоритети, а се очекува тие да добијат позитивен одговор од членките во декември, имајќи предвид дека тоа е идентична формула од препораката на ЕК како што беше случајот со Украина и Молдавија.

Приоритет е да се донесат измени на постојниот Закон за Висок судски и обвинителски совет; Да се ​​донесе нов закон за Високиот судски и обвинителски совет и да се донесе закон за судовите на Босна и Херцеговина; Да се ​​донесе закон за спречување судир на интереси; БиХ да преземе решителни чекори за зајакнување на превенцијата и борбата против корупција и организирани криминал; Унапредување на работата за обезбедување ефикасна координација на сите нивоа кога станува збор за граничното управување и капацитетите за управување со миграцијата, како и обезбедување на функционирање на системот за азил; Да се ​​обезбеди забрана на тортура, особено преку воспоставување национален превентивен механизам против тортура и малтретирање; Да се ​​гарантира слободата на изразување и медиумите и заштитата на новинарите, особено преку обезбедување соодветни судски постапки во случаи на закани и насилство врз новинари и медиумски работници и да се ​​обезбедат резултати во функционирањето на сите нивоа на механизмот за координација за прашањата на ЕУ, вклучувајќи го и развојот и усвојувањето на националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Досегашното искуство покажува дека членовите би можеле да поднесат дополнителни барања покрај оние дадени од Европската комисија, но кандидатскиот статус е речиси сигурен, јавија сараевските медиуми.

The post ЕУ препорача Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>

ЕУ предложи да и се додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина, изјави денеска Урсула Фон дер Лајен на Конференцијата на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел. – Ветер на промени повторно дува низ Европа и ние мораме да го фатиме овој моментум, додаде таа – Западен Балкан припаѓа во нашето семејство, потенцираше претседателката на ЕК. Европскиот комесар за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, претходно денеска соопшти дека Европската Комисија препорачува 27-те членки на Европската Унија да и доделат на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство . „Ова е нешто што можеме да го направиме и мораме да го направиме“, им рече тој на членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Тој чекор кон пристапување во ЕУ бара едногласност на дваесет и седумте земји-членки. Од Босна и Херцеговина беше побарано да работи на реформите и беа наведени осум приоритети, а се очекува тие да добијат позитивен одговор од членките во декември, имајќи предвид дека тоа е идентична формула од препораката на ЕК како што беше случајот со Украина и Молдавија. Приоритет е да се донесат измени на постојниот Закон за Висок судски и обвинителски совет; Да се ​​донесе нов закон за Високиот судски и обвинителски совет и да се донесе закон за судовите на Босна и Херцеговина; Да се ​​донесе закон за спречување судир на интереси; БиХ да преземе решителни чекори за зајакнување на превенцијата и борбата против корупција и организирани криминал; Унапредување на работата за обезбедување ефикасна координација на сите нивоа кога станува збор за граничното управување и капацитетите за управување со миграцијата, како и обезбедување на функционирање на системот за азил; Да се ​​обезбеди забрана на тортура, особено преку воспоставување национален превентивен механизам против тортура и малтретирање; Да се ​​гарантира слободата на изразување и медиумите и заштитата на новинарите, особено преку обезбедување соодветни судски постапки во случаи на закани и насилство врз новинари и медиумски работници и да се ​​обезбедат резултати во функционирањето на сите нивоа на механизмот за координација за прашањата на ЕУ, вклучувајќи го и развојот и усвојувањето на националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Досегашното искуство покажува дека членовите би можеле да поднесат дополнителни барања покрај оние дадени од Европската комисија, но кандидатскиот статус е речиси сигурен, јавија сараевските медиуми.

The post ЕУ препорача Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>
Босна како Македонија: Доби условен кандидатски статус за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bosna-kako-makedonija-dobie-usloven-kandidatski-status-za-eu/ Wed, 12 Oct 2022 12:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=560166

Европската комисија денеска ќе препорача на Босна и Херцеговина да и се додели статус на кандидат за прием во ЕУ, но со одредени услови, објавија медиумите во Сараево.

Конечната одлука за доделување кандидатски статус ќе ја донесе Советот на ЕУ.

Иако во Босна и Херцеговина ништо посебно не се смени на патот кон ЕУ, политичката криза се продлабочи и тензиите се зголемија, Брисел реши да ја „протурка“ заради „мирот дома“, јавија сараевски медиуми.

БиХ ќе добие условен кандидатски статус поради одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит донесени пред неколку дена, се вели во текстот. Се објаснува дека функционерите на одредени земји од ЕУ се незадоволни од одлуките на Шмит, бидејќи тие може да придонесат за „продлабочување на етничката сегрегација, но и нефункционалност на институциите“.

Таквиот став, се додава, не изненадува, бидејќи во Брисел општо е расположението дека ЕУ не е за наметнување на какви било одлуки пред да им се понуди на домашните институции соодветна шанса за решавање на проблемот.

The post Босна како Македонија: Доби условен кандидатски статус за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска ќе препорача на Босна и Херцеговина да и се додели статус на кандидат за прием во ЕУ, но со одредени услови, објавија медиумите во Сараево. Конечната одлука за доделување кандидатски статус ќе ја донесе Советот на ЕУ. Иако во Босна и Херцеговина ништо посебно не се смени на патот кон ЕУ, политичката криза се продлабочи и тензиите се зголемија, Брисел реши да ја „протурка“ заради „мирот дома“, јавија сараевски медиуми. БиХ ќе добие условен кандидатски статус поради одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит донесени пред неколку дена, се вели во текстот. Се објаснува дека функционерите на одредени земји од ЕУ се незадоволни од одлуките на Шмит, бидејќи тие може да придонесат за „продлабочување на етничката сегрегација, но и нефункционалност на институциите“. Таквиот став, се додава, не изненадува, бидејќи во Брисел општо е расположението дека ЕУ не е за наметнување на какви било одлуки пред да им се понуди на домашните институции соодветна шанса за решавање на проблемот.

The post Босна како Македонија: Доби условен кандидатски статус за ЕУ appeared first on Република.

]]>
Откако извисија за кандидатски статус во ЕУ масовен протест во Грузија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-izvisija-za-kandidatski-status-vo-eu-masoven-protest-vo-gruzija/ Sat, 25 Jun 2022 06:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=519495

Десетици илјади луѓе протестираа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот.

Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја обвинуваат за авторитарност и влошување на односите со Брисел.

Ние, народот на Грузија, бараме (премиерот) Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ - изјави еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање..

Грузија поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската воена операција во Украина на 24 февруари. Сепак, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија и порачаа дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите.

Гарибашвили претходно изјави дека неговата влада е подготвена да ги исполни условите на ЕУ за што поскоро да добие кандидатски статус.

Европските власти како приоритети го наведоа прекин на политичката поларизација, напредок во слободата на медиумите и судски и изборните реформи.

The post Откако извисија за кандидатски статус во ЕУ масовен протест во Грузија appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади луѓе протестираа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот. Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја обвинуваат за авторитарност и влошување на односите со Брисел.
Ние, народот на Грузија, бараме (премиерот) Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ - изјави еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање..
Грузија поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската воена операција во Украина на 24 февруари. Сепак, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија и порачаа дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите. Гарибашвили претходно изјави дека неговата влада е подготвена да ги исполни условите на ЕУ за што поскоро да добие кандидатски статус. Европските власти како приоритети го наведоа прекин на политичката поларизација, напредок во слободата на медиумите и судски и изборните реформи.

The post Откако извисија за кандидатски статус во ЕУ масовен протест во Грузија appeared first on Република.

]]>
Додека Македонија останува во чекалната: Европскиот Парламент со огромно мнозинство го поддржа кандидатскиот статус на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dodeka-makedonija-ostanuva-vo-chekalnata-evropskiot-parlament-so-ogromno-mnozinstvo-go-poddrza-kandidatskiot-status-na-ukraina/ Thu, 23 Jun 2022 17:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=519036

Огромното мнозинство членови на Парламентот на ЕУ го поддржа доделувањето кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија. Гласањето се одржа во пресрет на самитот на Европскиот совет подоцна денеска и утре, на кој се очекува да се донесе одлука дали ќе се прифатат кандидатурите на тројца кандидати за членство.

За резолуцијата гласаа 529 пратеници, 45 беа против, а 14 беа воздржани.

На гласањето му претходеше пленарна седница во средата, по што беше објавено соопштение за медиумите во кое тој се залагаше да им се даде толку посакуваниот статус на трите земји.

Во светло на агресијата на Путин и посветеноста на украинскиот, молдавскиот и грузискиот народ за нивната европска иднина, огромното мнозинство пратеници ги повикаа лидерите на ЕУ да го отворат патот за пристапување на сите три земји, се вели во документот.

Во соопштението, сепак, се вели дека голем број пратеници ја истакнале важноста од продолжување на реформите, особено во Украина, Молдавија и Грузија. Други забележаа дека патот до членството во ЕУ ќе биде долг за трите земји.

Резолуциите на парламентот на ЕУ се необврзувачки. Додека мнозинството членови на Европскиот парламент и на Европската комисија ја фрлија својата тежина на кандидатурата на Украина, последниот збор го имаат шефовите на држави и влади на сите 27 земји-членки.

Седницата на Европскиот совет ќе се одржи денеска и утре. Се очекува лидерите да го дадат своето мислење дали трите земји што ги сакаат, вклучително и Украина, ги исполнуваат условите да станат кандидати.

Киев поднесе официјална апликација за членство во ЕУ кон крајот на февруари, неколку дена откако Русија започна воена операција.

The post Додека Македонија останува во чекалната: Европскиот Парламент со огромно мнозинство го поддржа кандидатскиот статус на Украина appeared first on Република.

]]>

Огромното мнозинство членови на Парламентот на ЕУ го поддржа доделувањето кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија. Гласањето се одржа во пресрет на самитот на Европскиот совет подоцна денеска и утре, на кој се очекува да се донесе одлука дали ќе се прифатат кандидатурите на тројца кандидати за членство. За резолуцијата гласаа 529 пратеници, 45 беа против, а 14 беа воздржани. На гласањето му претходеше пленарна седница во средата, по што беше објавено соопштение за медиумите во кое тој се залагаше да им се даде толку посакуваниот статус на трите земји. Во светло на агресијата на Путин и посветеноста на украинскиот, молдавскиот и грузискиот народ за нивната европска иднина, огромното мнозинство пратеници ги повикаа лидерите на ЕУ да го отворат патот за пристапување на сите три земји, се вели во документот. Во соопштението, сепак, се вели дека голем број пратеници ја истакнале важноста од продолжување на реформите, особено во Украина, Молдавија и Грузија. Други забележаа дека патот до членството во ЕУ ќе биде долг за трите земји. Резолуциите на парламентот на ЕУ се необврзувачки. Додека мнозинството членови на Европскиот парламент и на Европската комисија ја фрлија својата тежина на кандидатурата на Украина, последниот збор го имаат шефовите на држави и влади на сите 27 земји-членки. Седницата на Европскиот совет ќе се одржи денеска и утре. Се очекува лидерите да го дадат своето мислење дали трите земји што ги сакаат, вклучително и Украина, ги исполнуваат условите да станат кандидати. Киев поднесе официјална апликација за членство во ЕУ кон крајот на февруари, неколку дена откако Русија започна воена операција.

The post Додека Македонија останува во чекалната: Европскиот Парламент со огромно мнозинство го поддржа кандидатскиот статус на Украина appeared first on Република.

]]>
Европскиот парламент бара кандидатски статус за Украина и Молдавија „без одложување“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskiot-parlament-bara-kandidatski-status-za-ukraina-i-moldavija-bez-odlozuvanje/ Thu, 23 Jun 2022 13:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=518957

Европскиот парламент повика во четвртокот Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за членство во Европската унија „без одложување“, истакнувајќи притоа дека конечното пристапување зависи од спроведувањето на реформите и исполнување на критериумите.

Украина поднесе барање за членство на 28-ми февруари, четири дена по руската инвазија, по што на 3-ти март истото го побараа и Молдавија и Грузија. Европската комисија минатата седмица го објави мислењето за овие три барања и му препорача на Советот на ЕУ да ја потврди нивната перспектива. Оваа одлука се донесува и со согласност на Европскиот парламент.

Европратениците во четвртокот со 529 гласови „за“, 45 „против“ и 14 воздржани ја прифатија резолуцијата со којашто се повикуваат челниците на земјите членки кои во четврток и петок се состануваат на дводневниот самит во Брисел, на Украина и на Молдавија „без одложување“’ да им се додели кандидатски статус, соопштија од Европскиот парламент.

Европратениците сметат дека, исто така, на Грузија треба да ѝ се овозможи тоа кога ќе ги доврши потребните реформи. Во резолуцијата порачуваат дека тој потег би покажал водство, решителност и визија, истакнувајќи дека проширувањето е и во интерес на самата Европска унија.

Властите на трите земји се повикуваат „недвосмислено да ја покажат својата политичка решителност во поглед на спроведувањето на европските амбиции на своето население, така што ќе ги забрзаат реформите и што поскоро ќе ги исполнат критериумите за членството“ во ЕУ.

Европратениците истакнуваат и дека „не постои забрзан пат“ кон ЕУ и оти пристапувањето е втемелено на заслугите и структираниот процес со кој се бара исполнување на критериумите и ефикасното спроведување на реформите.

„Проширувањето нема алтернатива и тоа повеќе од кога и да е претходно преставува геостратешко вложување во стабилна, силна и обединета Европска унија“, се наведува во резолуцијата во која се бара и „ревитализација на процесот на проширување за државите од западен Балкан“.

 

The post Европскиот парламент бара кандидатски статус за Украина и Молдавија „без одложување“ appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент повика во четвртокот Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за членство во Европската унија „без одложување“, истакнувајќи притоа дека конечното пристапување зависи од спроведувањето на реформите и исполнување на критериумите. Украина поднесе барање за членство на 28-ми февруари, четири дена по руската инвазија, по што на 3-ти март истото го побараа и Молдавија и Грузија. Европската комисија минатата седмица го објави мислењето за овие три барања и му препорача на Советот на ЕУ да ја потврди нивната перспектива. Оваа одлука се донесува и со согласност на Европскиот парламент. Европратениците во четвртокот со 529 гласови „за“, 45 „против“ и 14 воздржани ја прифатија резолуцијата со којашто се повикуваат челниците на земјите членки кои во четврток и петок се состануваат на дводневниот самит во Брисел, на Украина и на Молдавија „без одложување“’ да им се додели кандидатски статус, соопштија од Европскиот парламент. Европратениците сметат дека, исто така, на Грузија треба да ѝ се овозможи тоа кога ќе ги доврши потребните реформи. Во резолуцијата порачуваат дека тој потег би покажал водство, решителност и визија, истакнувајќи дека проширувањето е и во интерес на самата Европска унија. Властите на трите земји се повикуваат „недвосмислено да ја покажат својата политичка решителност во поглед на спроведувањето на европските амбиции на своето население, така што ќе ги забрзаат реформите и што поскоро ќе ги исполнат критериумите за членството“ во ЕУ. Европратениците истакнуваат и дека „не постои забрзан пат“ кон ЕУ и оти пристапувањето е втемелено на заслугите и структираниот процес со кој се бара исполнување на критериумите и ефикасното спроведување на реформите. „Проширувањето нема алтернатива и тоа повеќе од кога и да е претходно преставува геостратешко вложување во стабилна, силна и обединета Европска унија“, се наведува во резолуцијата во која се бара и „ревитализација на процесот на проширување за државите од западен Балкан“.  

The post Европскиот парламент бара кандидатски статус за Украина и Молдавија „без одложување“ appeared first on Република.

]]>
ЕУ денеска одлучува дали Украина ќе добие кандидатски статус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-deneska-odluchuva-dali-ukraina-kje-dobie-kandidatski-status/ Thu, 23 Jun 2022 06:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=518688

На денешниот состанок во Брисел, европските лидери формално ќе го започнат долгиот пат на Украина до членство во ЕУ бидејќи се очекува да донесе позитивна одлука за доделување кандидатски статус на Украина по позитивната препорака од Европската комисија минатата недела.

Иако е симболичен, овој потег ќе помогне да се зајакне моралот на оваа земја каде што илјадници луѓе беа убиени во изминатите четири месеци, милиони се раселени и многу градови се срамнети со земја.

Украинскиот претседател Зеленски вчера изјави дека разговарал со 11 лидери на ЕУ за кандидатурата на Украина и дека ќе има повеќе повици во четврток, верувајќи дека сите 27 земји од ЕУ ќе го поддржат статусот на Украина за кандидат.

Ние тоа го заслужуваме. Тоа е клучен момент за нас бидејќи некои луѓе од мојот тим велат дека ова е нашата светлина на крајот од тунелот. Што се однесува до нашата армија и општество, тоа е голем мотиватор, голем мотивирачки фактор за единството и победата на украинскиот народ, им порача тој на собраните во Амстердам преку видеоврска.

Зеленски поднесе барање за влез во ЕУ пет дена по почетокот на рускиот напад. На денот кога се слушнаа експлозиите во Киев, тој повика да се приклучи на нова специјална процедура.

Иако првичниот одговор на околу 10 земји од ЕУ беше длабоко скептичен, противењето исчезна, иако остануваат прашањата за долгиот пат што претстои.

Украина бара членство во ЕУ од Портокаловата револуција во 2004 година, а уште повеќе од протестите на Мајдан во 2013/2014 година, кога про-Кремљ претседателот Виктор Јанукович беше сменет откако одби да го потпише договорот за пристап во ЕУ.

Доделувањето кандидатски статус на Украина за влез во ЕУ би било историска одлука што ќе ѝ сигнализира на Русија дека повеќе не може да бара сфера на влијание врз својот источен сосед, изјави амбасадорот на Киев во Брисел.

Анкетата објавена оваа недела од Европскиот совет за надворешни односи, тинктенк, покажа дека 57 отсто од Европејците ја поддржуваат кандидатурата на Украина за членство.

Кандидатскиот статус во ЕУ, кој може да се додели само ако постојните земји-членки се согласат едногласно, е првиот чекор кон членството. Кандидатскиот статус не обезбедува никакви безбедносни гаранции или автоматско право да се приклучи на блокот.

Полноправното членство на Украина ќе зависи од тоа дали земјата зафатена од војна може да ги исполни политичките и економските услови, а еден од главните проблеми со кои сега се соочува Украина е корупцијата и реформите на јавната администрација.

The post ЕУ денеска одлучува дали Украина ќе добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок во Брисел, европските лидери формално ќе го започнат долгиот пат на Украина до членство во ЕУ бидејќи се очекува да донесе позитивна одлука за доделување кандидатски статус на Украина по позитивната препорака од Европската комисија минатата недела. Иако е симболичен, овој потег ќе помогне да се зајакне моралот на оваа земја каде што илјадници луѓе беа убиени во изминатите четири месеци, милиони се раселени и многу градови се срамнети со земја. Украинскиот претседател Зеленски вчера изјави дека разговарал со 11 лидери на ЕУ за кандидатурата на Украина и дека ќе има повеќе повици во четврток, верувајќи дека сите 27 земји од ЕУ ќе го поддржат статусот на Украина за кандидат.
Ние тоа го заслужуваме. Тоа е клучен момент за нас бидејќи некои луѓе од мојот тим велат дека ова е нашата светлина на крајот од тунелот. Што се однесува до нашата армија и општество, тоа е голем мотиватор, голем мотивирачки фактор за единството и победата на украинскиот народ, им порача тој на собраните во Амстердам преку видеоврска.
Зеленски поднесе барање за влез во ЕУ пет дена по почетокот на рускиот напад. На денот кога се слушнаа експлозиите во Киев, тој повика да се приклучи на нова специјална процедура. Иако првичниот одговор на околу 10 земји од ЕУ беше длабоко скептичен, противењето исчезна, иако остануваат прашањата за долгиот пат што претстои. Украина бара членство во ЕУ од Портокаловата револуција во 2004 година, а уште повеќе од протестите на Мајдан во 2013/2014 година, кога про-Кремљ претседателот Виктор Јанукович беше сменет откако одби да го потпише договорот за пристап во ЕУ. Доделувањето кандидатски статус на Украина за влез во ЕУ би било историска одлука што ќе ѝ сигнализира на Русија дека повеќе не може да бара сфера на влијание врз својот источен сосед, изјави амбасадорот на Киев во Брисел. Анкетата објавена оваа недела од Европскиот совет за надворешни односи, тинктенк, покажа дека 57 отсто од Европејците ја поддржуваат кандидатурата на Украина за членство. Кандидатскиот статус во ЕУ, кој може да се додели само ако постојните земји-членки се согласат едногласно, е првиот чекор кон членството. Кандидатскиот статус не обезбедува никакви безбедносни гаранции или автоматско право да се приклучи на блокот. Полноправното членство на Украина ќе зависи од тоа дали земјата зафатена од војна може да ги исполни политичките и економските услови, а еден од главните проблеми со кои сега се соочува Украина е корупцијата и реформите на јавната администрација.

The post ЕУ денеска одлучува дали Украина ќе добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>
ЕК препорача Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-preporacha-ukraina-i-moldavija-da-dobijat-kandidatski-status-za-eu/ Fri, 17 Jun 2022 10:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=516292

Европската комисија ја поддржа идејата Украина да стане кандидат за Европската унија. објави Би-Би-Си, повикувајќи се на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Комисијата предлага на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, на разбирање дека земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи. Од гледна точка на Комисијата, Украина јасно ги покажа аспирацијата и решеноста да ги исполни европските стандарди, додаде Фон дер Лајен.

Овој потег ја носи Украина чекор поблиску до Унијата.

Според ДПА, ЕК предлага статус кандидат за во ЕУ и за Молдавија.

Украина аплицираше за членство откако Русија ја започна инвазијата врз земјата кон крајот на февруари. Потоа следуваа и барања за членство од Молдавија и Грузија.

The post ЕК препорача Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ја поддржа идејата Украина да стане кандидат за Европската унија. објави Би-Би-Си, повикувајќи се на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Комисијата предлага на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, на разбирање дека земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи. Од гледна точка на Комисијата, Украина јасно ги покажа аспирацијата и решеноста да ги исполни европските стандарди, додаде Фон дер Лајен.
Овој потег ја носи Украина чекор поблиску до Унијата. Според ДПА, ЕК предлага статус кандидат за во ЕУ и за Молдавија. Украина аплицираше за членство откако Русија ја започна инвазијата врз земјата кон крајот на февруари. Потоа следуваа и барања за членство од Молдавија и Грузија.

The post ЕК препорача Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за ЕУ appeared first on Република.

]]>
И Босна бара кандидатски статус за ЕУ како Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-bosna-bara-kandidatski-status-za-eu-kako-ukraina/ Fri, 25 Mar 2022 13:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=478440

Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина вчера ја усвои Одлуката за барањето за доделување кандидатски статус на БиХ во ЕУ по забрзана постапка. На истата седница делегатите одбија да го прифатат предлогот на Законот за спречување судир на интереси, како и да ја усогласат државната реакција на БиХ со онаа на ЕУ по однос конфликтот во Украина.

Таквите одлуки се оценети како големо разочарување кај меѓуародната заедница. Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер, кој преку својот „твитер“ профил денеска истакна тоа бил разочарувачки ден во Парламентот на БиХ.

„Се бара статус на кандидат додека се отфрлаат клучните правни реформи за владеењето на правото“, рече Сатлер.

 

The post И Босна бара кандидатски статус за ЕУ како Украина appeared first on Република.

]]>

Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина вчера ја усвои Одлуката за барањето за доделување кандидатски статус на БиХ во ЕУ по забрзана постапка. На истата седница делегатите одбија да го прифатат предлогот на Законот за спречување судир на интереси, како и да ја усогласат државната реакција на БиХ со онаа на ЕУ по однос конфликтот во Украина. Таквите одлуки се оценети како големо разочарување кај меѓуародната заедница. Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер, кој преку својот „твитер“ профил денеска истакна тоа бил разочарувачки ден во Парламентот на БиХ. „Се бара статус на кандидат додека се отфрлаат клучните правни реформи за владеењето на правото“, рече Сатлер.  

The post И Босна бара кандидатски статус за ЕУ како Украина appeared first on Република.

]]>
Комшиќ бара од ЕУ итно да одобри кандидатски статус за БиХ затоа што земјата ги прифатила европските санкции за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/komshikj-bara-od-eu-itno-da-odobri-kandidatski-status-za-bih-zatoa-shto-zemjata-gi-prifatila-evropskite-sankcii-za-rusija/ Tue, 08 Mar 2022 15:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=469731

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, побара од лидерите на Европска Унија итно да и одобрат на БиХ кандидатски статус за членство во ЕУ.

Слободен сум да Ве замолам да ја разгледате можноста за доделување кандидатски статус на БиХ во рамките на институциите на ЕУ - наведува Комшиќ во писмото испратено до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.и безбедноста на Жозеп Борел и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

БиХ поднесе барање за одобрување на кандидатски статус за членство во ЕУ во 2016 година, а ЕК во 2019 година состави листа од 14 приоритети кои треба да се исполнат за да се одговори позитивно на ова барање. Сепак, властите на БиХ оттогаш не направија ништо ококу тие прашања.

Во писмото Комшиќ истакнува дека сите во БиХ се свесни за проблемот, но оти околностите значително се промениле по случувањата во Украина, така што ЕУ сега треба да ги разгледа претходните барања за БиХ, особено затоа што земјата покажала подготвеност да ја усогласи своите надворешната политика со онаа на ЕУ во однос на Русија.

Со доделувањето на кандидатски статус на БиХ ќе создаде нов амбиент и тоа ќе биде уште една потврда за неделивоста и суверенитетот на мојата земја, а потоа сигурно ќе има голем број позитивни ефекти врз севкупната безбедност и стабилност на БиХ, а со тоа и на целиот Западен Балкан - потенцира Комшиќ.

Покрај Косово, БиХ е единствената земја од Западен Балкан која се уште нема статус на кандидат за членство во ЕУ.

The post Комшиќ бара од ЕУ итно да одобри кандидатски статус за БиХ затоа што земјата ги прифатила европските санкции за Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, побара од лидерите на Европска Унија итно да и одобрат на БиХ кандидатски статус за членство во ЕУ.
Слободен сум да Ве замолам да ја разгледате можноста за доделување кандидатски статус на БиХ во рамките на институциите на ЕУ - наведува Комшиќ во писмото испратено до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.и безбедноста на Жозеп Борел и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.
БиХ поднесе барање за одобрување на кандидатски статус за членство во ЕУ во 2016 година, а ЕК во 2019 година состави листа од 14 приоритети кои треба да се исполнат за да се одговори позитивно на ова барање. Сепак, властите на БиХ оттогаш не направија ништо ококу тие прашања. Во писмото Комшиќ истакнува дека сите во БиХ се свесни за проблемот, но оти околностите значително се промениле по случувањата во Украина, така што ЕУ сега треба да ги разгледа претходните барања за БиХ, особено затоа што земјата покажала подготвеност да ја усогласи своите надворешната политика со онаа на ЕУ во однос на Русија.
Со доделувањето на кандидатски статус на БиХ ќе создаде нов амбиент и тоа ќе биде уште една потврда за неделивоста и суверенитетот на мојата земја, а потоа сигурно ќе има голем број позитивни ефекти врз севкупната безбедност и стабилност на БиХ, а со тоа и на целиот Западен Балкан - потенцира Комшиќ.
Покрај Косово, БиХ е единствената земја од Западен Балкан која се уште нема статус на кандидат за членство во ЕУ.

The post Комшиќ бара од ЕУ итно да одобри кандидатски статус за БиХ затоа што земјата ги прифатила европските санкции за Русија appeared first on Република.

]]>
Двојните стандарди на ЕУ: Дали Украина ќе почне преговори пред Македонија, a можеби ќе стане и членка ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvojnite-standardi-na-eu-dali-ukraina-kje-pochne-pregovori-pred-makedonija-a-mozebi-kje-stane-i-chlenka/ Wed, 02 Mar 2022 11:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=466383

Последните настани во Украина и воениот конфликт уште една ги покажаа двојните аршини кои ги има ЕУ. Одеднаш Брисел стана позаинтересиран за Украина отколку за Македонија и останатите земји од Западниот Балкан.За ЕУ сега е поважно дали идните членки ќе ги поддржат санкциите кон Русија отколку да разговараат за нивно придружување.

Но, кога се работи за Украина тоа не е случај. ЕУ очигледно сака Украина што поскоро да добие кандидатски статус и да почне преговори, а зашто и не за неколку години и да стане членка.

ЕП веќе усвои Резолуција со која  се бара да и се додели кандидатски статус и сега на потег е 

Европскиот Совет кој побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ. Конечната одлука за нови земји членки ја носи Советот на ЕУ, односно земјите членки но речиси е извесно дека тоа ќе се случи.

Една од земјите -членки која го поддржува членството на Украина во ЕУ е и Бугарија која во случајот со Македонија бара да се откажеме од македонскиот јазик, историја и идентетет само за да почнеме преговори без никаква гаранција за членство.

Македонија има кандидатски статус од 2005 година и десетина позитивни извештаи но никако да почне преговори, најпрво поради грчкото а потоа и поради бугарското вето.

На ова реагираше и шефот на дипломатијата Бујар Османи кој смета  дека ЕУ не смее да го остави Западен Балкан како отворена рана во срцето на ЕУ и треба веднаш да се деблокира почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

The post Двојните стандарди на ЕУ: Дали Украина ќе почне преговори пред Македонија, a можеби ќе стане и членка ? appeared first on Република.

]]>

Последните настани во Украина и воениот конфликт уште една ги покажаа двојните аршини кои ги има ЕУ. Одеднаш Брисел стана позаинтересиран за Украина отколку за Македонија и останатите земји од Западниот Балкан.За ЕУ сега е поважно дали идните членки ќе ги поддржат санкциите кон Русија отколку да разговараат за нивно придружување. Но, кога се работи за Украина тоа не е случај. ЕУ очигледно сака Украина што поскоро да добие кандидатски статус и да почне преговори, а зашто и не за неколку години и да стане членка. ЕП веќе усвои Резолуција со која  се бара да и се додели кандидатски статус и сега на потег е  Европскиот Совет кој побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ. Конечната одлука за нови земји членки ја носи Советот на ЕУ, односно земјите членки но речиси е извесно дека тоа ќе се случи. Една од земјите -членки која го поддржува членството на Украина во ЕУ е и Бугарија која во случајот со Македонија бара да се откажеме од македонскиот јазик, историја и идентетет само за да почнеме преговори без никаква гаранција за членство. Македонија има кандидатски статус од 2005 година и десетина позитивни извештаи но никако да почне преговори, најпрво поради грчкото а потоа и поради бугарското вето. На ова реагираше и шефот на дипломатијата Бујар Османи кој смета  дека ЕУ не смее да го остави Западен Балкан како отворена рана во срцето на ЕУ и треба веднаш да се деблокира почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

The post Двојните стандарди на ЕУ: Дали Украина ќе почне преговори пред Македонија, a можеби ќе стане и членка ? appeared first on Република.

]]>