кандидати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidati/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 09:58:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidati/ 32 32 Продолжува сагата во ЕП околу одобрувањето на кандидатите за потпретседатели на Еврокомисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuva-sagata-vo-ep-okolu-odobruvaneto-na-kandidatite-za-potpretsedateli-na-evrokomisijata/ Thu, 14 Nov 2024 09:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=837524

Лидерите на трите партии од т.н. проевропското мнозинство во Европскиот парламент - Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ синоќа не успеаја да постигнат договор околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија.

Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на нивните сослушувања во вторникот, но трите партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“.

Според извори во Европарламентот, на синоќешната средба претставниците на СД соопштиле дека „одбиваат“ да ги поддржат номинациите на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и на предложениот еврокомесар за здравство и благосостојба на животните, Унгарецот Оливер Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), чие одобрување исто така беше одложено по сослушувањето одржано минатата среда.

Истите извори посочуваат дека ваквиот став на претставниците на СД довел до „вжештување на атмосферата“ на синоќешната средба.

Противењето на социјалдемократите на двете номинации се оценува како реакција на резервите на ЕПП кон кандидатката за извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност Тереза Рибера Родригез од Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), која е дел од семејството на СД.

Резервите кон поддршката на номинацијата на Рибера Родригез беа оценети како обид на ЕПП да изврши притисок за добивање поддршка од страна на социјалдемократите за нејзиниот предлог за измени на Регулативата на ЕУ за уништување на шумите, со што би се ублажиле некои од рестриктивните мерки во неа, на што се против СД.

ЕП треба денеска да се изјасни за овие измени, поради што се очекуваше да биде постигнат „пакет договор“ за нивно усвојување заедно со поддршка на ЕПП за Рибера Родригез. Но, сега социјалдемократите го „проширија“ евентуалниот пакет со противење на номинациите на Фито и Вархеји.

Извори во Европарламентот посочуваат дека ЕПП цврсто стои за поддршката на Фито, кој пред да премине во партијата Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, беше член на конзервативната Форца Италија (ФИ), која е дел од Европската народна партија.

Дополнително, се посочува и дека главен противник на поддршката на Рибера Родригез во ЕПП е нејзината шпанска членка – Народната партија (ПП), која се обидува политичките судири од Мадрид меѓу неа и ПСОЕ на премиерот Педро Санчез да ги пренесе во Брисел. ПП жестоко ја критикува Рибера Родригез, која е актуелна шпанска министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици, како одговорна за начинот на кој Владата на Шпанија се справува со неодамнешните поплави во земјата.

Од овие причини претставник на СД во изјава за „Еурактив“ одговорноста за застојот во одобрувањето на номинациите на кандидатите за членови на Еврокомисијата ја насочи кон ЕПП и нејзиниот лидер Манфред Вебер.

- Ако стабилноста на европскиот проект и на идната Европска комисија се доведени во опасност, за тоа се одговорни само ЕПП и Манфред Вебер, изјави социјалдемократскиот претставник.

Според него, СД смета дека нема простор за преговори што би го надминале договорот околу изборот на новата ЕК постигнат меѓу трите партии од т.н. проевропско мнозинство.

Аналитичарите посочуваат дека и покрај противењето на СД и веројатно на другите левичарски групи, ЕПП би можела да обезбеди одобрување на кандидатурите на Фито, но и на Варехји, со поддршка на десничарските групи во Европарламентот - ЕЦР, ПФЕ и Европа на суверените нации (ЕСН).

Сепак ваквото сценарио не би било најсоодветно за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која при реизборот на функцијата, покрај од нејзината ЕПП, беше поддржана и од СД, либералите и Зелените, но не и од десничарските групи. Останува и да се види дали ставот на социјалдемократите е само тактика за обезбедување на поддршка од ЕПП за изборот на Рибера или проевропската коалиција е навистина загрозена.

Според аналитичарите, по синоќешниот маневар на социјалдемократите со противењето на кандидатурите на Фито и Вархеји, топката сега е во полето на ЕПП и Фон дер Лајен, кои ќе треба да решат дали ќе останат доследни на договорот на проевропските сили дека во мнозинството во Европарламентот нема да бидат вклучени евроскептичните десничарски или екстремно десничарски партии или пак ќе се свртат кон создавање ново мнозинство составено од „партиите десно од центарот“.

The post Продолжува сагата во ЕП околу одобрувањето на кандидатите за потпретседатели на Еврокомисијата appeared first on Република.

]]>

Лидерите на трите партии од т.н. проевропското мнозинство во Европскиот парламент - Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ синоќа не успеаја да постигнат договор околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија. Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на нивните сослушувања во вторникот, но трите партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“. Според извори во Европарламентот, на синоќешната средба претставниците на СД соопштиле дека „одбиваат“ да ги поддржат номинациите на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и на предложениот еврокомесар за здравство и благосостојба на животните, Унгарецот Оливер Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), чие одобрување исто така беше одложено по сослушувањето одржано минатата среда. Истите извори посочуваат дека ваквиот став на претставниците на СД довел до „вжештување на атмосферата“ на синоќешната средба. Противењето на социјалдемократите на двете номинации се оценува како реакција на резервите на ЕПП кон кандидатката за извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност Тереза Рибера Родригез од Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), која е дел од семејството на СД. Резервите кон поддршката на номинацијата на Рибера Родригез беа оценети како обид на ЕПП да изврши притисок за добивање поддршка од страна на социјалдемократите за нејзиниот предлог за измени на Регулативата на ЕУ за уништување на шумите, со што би се ублажиле некои од рестриктивните мерки во неа, на што се против СД. ЕП треба денеска да се изјасни за овие измени, поради што се очекуваше да биде постигнат „пакет договор“ за нивно усвојување заедно со поддршка на ЕПП за Рибера Родригез. Но, сега социјалдемократите го „проширија“ евентуалниот пакет со противење на номинациите на Фито и Вархеји. Извори во Европарламентот посочуваат дека ЕПП цврсто стои за поддршката на Фито, кој пред да премине во партијата Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, беше член на конзервативната Форца Италија (ФИ), која е дел од Европската народна партија. Дополнително, се посочува и дека главен противник на поддршката на Рибера Родригез во ЕПП е нејзината шпанска членка – Народната партија (ПП), која се обидува политичките судири од Мадрид меѓу неа и ПСОЕ на премиерот Педро Санчез да ги пренесе во Брисел. ПП жестоко ја критикува Рибера Родригез, која е актуелна шпанска министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици, како одговорна за начинот на кој Владата на Шпанија се справува со неодамнешните поплави во земјата. Од овие причини претставник на СД во изјава за „Еурактив“ одговорноста за застојот во одобрувањето на номинациите на кандидатите за членови на Еврокомисијата ја насочи кон ЕПП и нејзиниот лидер Манфред Вебер. - Ако стабилноста на европскиот проект и на идната Европска комисија се доведени во опасност, за тоа се одговорни само ЕПП и Манфред Вебер, изјави социјалдемократскиот претставник. Според него, СД смета дека нема простор за преговори што би го надминале договорот околу изборот на новата ЕК постигнат меѓу трите партии од т.н. проевропско мнозинство. Аналитичарите посочуваат дека и покрај противењето на СД и веројатно на другите левичарски групи, ЕПП би можела да обезбеди одобрување на кандидатурите на Фито, но и на Варехји, со поддршка на десничарските групи во Европарламентот - ЕЦР, ПФЕ и Европа на суверените нации (ЕСН). Сепак ваквото сценарио не би било најсоодветно за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која при реизборот на функцијата, покрај од нејзината ЕПП, беше поддржана и од СД, либералите и Зелените, но не и од десничарските групи. Останува и да се види дали ставот на социјалдемократите е само тактика за обезбедување на поддршка од ЕПП за изборот на Рибера или проевропската коалиција е навистина загрозена. Според аналитичарите, по синоќешниот маневар на социјалдемократите со противењето на кандидатурите на Фито и Вархеји, топката сега е во полето на ЕПП и Фон дер Лајен, кои ќе треба да решат дали ќе останат доследни на договорот на проевропските сили дека во мнозинството во Европарламентот нема да бидат вклучени евроскептичните десничарски или екстремно десничарски партии или пак ќе се свртат кон создавање ново мнозинство составено од „партиите десно од центарот“.

The post Продолжува сагата во ЕП околу одобрувањето на кандидатите за потпретседатели на Еврокомисијата appeared first on Република.

]]>
Игор Филков и Горан Минчев се кандидати за министри на ЗНАМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/igor-filkov-i-goran-minchev-se-kandidati-za-ministri-na-znam/ Fri, 14 Jun 2024 18:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=787700

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за јавна администрација.

Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а поптпретседателката на партијата, Весна Бендевска, е една од тројцата потпретседатели на Парламентот.

The post Игор Филков и Горан Минчев се кандидати за министри на ЗНАМ appeared first on Република.

]]>

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за јавна администрација. Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ. Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции. Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а поптпретседателката на партијата, Весна Бендевска, е една од тројцата потпретседатели на Парламентот.

The post Игор Филков и Горан Минчев се кандидати за министри на ЗНАМ appeared first on Република.

]]>
Фатмир Лимани, Бесар Дурмиши и Седат Сулејмани кандидати на Беса за новиот состав на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fatmir-limani-besar-durmishi-i-sedat-sulejmani-kandidati-na-besa-za-noviot-sostav-na-vladata/ Thu, 13 Jun 2024 19:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=787396

Централното собрание на Движењето БЕСА, денеска, 13.06.2024 година, го одржа 10-тиот состанок на кој се разговараше за приоритетите и заложбите на партиските кадри за време на идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за државни функции во новата Влада ќе треба да избере.

Собранието на Движењето БЕСА одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик министер за култура и туризам.

Во текот на дискусијата, Собранието на Движењето БЕСА едногласно утврди дека без компромис партиските претставници во Собранието и во извршната власт ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма:

  • Борбата против криминалот и корупцијата
  • Реализација на условите за интеграција на земјата во Европската Унија и
  • Економски развој на државата.

На 10. Собир, Собранието на Движењето БЕСА го изгласа и записникот од IX состанок на Централното собрание на партијата.

The post Фатмир Лимани, Бесар Дурмиши и Седат Сулејмани кандидати на Беса за новиот состав на Владата appeared first on Република.

]]>

Централното собрание на Движењето БЕСА, денеска, 13.06.2024 година, го одржа 10-тиот состанок на кој се разговараше за приоритетите и заложбите на партиските кадри за време на идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за државни функции во новата Влада ќе треба да избере. Собранието на Движењето БЕСА одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик министер за култура и туризам.
Во текот на дискусијата, Собранието на Движењето БЕСА едногласно утврди дека без компромис партиските претставници во Собранието и во извршната власт ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма:
  • Борбата против криминалот и корупцијата
  • Реализација на условите за интеграција на земјата во Европската Унија и
  • Економски развој на државата.
На 10. Собир, Собранието на Движењето БЕСА го изгласа и записникот од IX состанок на Централното собрание на партијата.

The post Фатмир Лимани, Бесар Дурмиши и Седат Сулејмани кандидати на Беса за новиот состав на Владата appeared first on Република.

]]>
Централната комисија потврди 4 кандидатури за претседател на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsentralnata-komisija-potvrdi-4-kandidaturi-za-pretsedatel-na-sdsm/ Fri, 07 Jun 2024 16:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=785582

Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, извести партијата.

Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски.

Комисијата констатираше дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.

Вака утврдената листа од 4 кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии“, соопшти СДСМ.

The post Централната комисија потврди 4 кандидатури за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, извести партијата. Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски. Комисијата констатираше дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот. Вака утврдената листа од 4 кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии“, соопшти СДСМ.

The post Централната комисија потврди 4 кандидатури за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Пет судии кандидати за членови на Судски совет од Врховен и Апелационо подрачје Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pet-sudii-kandidati-za-chlenovi-na-sudski-sovet-od-vrhoven-i-apelatsiono-podrachje-bitola/ Wed, 15 May 2024 11:49:09 +0000 https://republika.mk/?p=778346

Судскиот совет денеска ги утврди кандидатските листи за членови на судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола, на двете листи има вкупно пет судии.

Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани.

На кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола беа утврдени кандидатите Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска.

Советот на денешната седница расправаше за уставноста за утврдувањето и потенцијалниот избор на кандидатот Лимани. Според дел од членовите, постои уставна пречка тој да биде член на Советот бидејќи ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет.

Според оние кои гласаа за, националната припадност не е пречка за кандидатите да се кандидираат на огласот и со одбивање на истите се дава пример за поделби и директна дискриминација.

The post Пет судии кандидати за членови на Судски совет од Врховен и Апелационо подрачје Битола appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска ги утврди кандидатските листи за членови на судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола, на двете листи има вкупно пет судии. Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани. На кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола беа утврдени кандидатите Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска. Советот на денешната седница расправаше за уставноста за утврдувањето и потенцијалниот избор на кандидатот Лимани. Според дел од членовите, постои уставна пречка тој да биде член на Советот бидејќи ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет. Според оние кои гласаа за, националната припадност не е пречка за кандидатите да се кандидираат на огласот и со одбивање на истите се дава пример за поделби и директна дискриминација.

The post Пет судии кандидати за членови на Судски совет од Врховен и Апелационо подрачје Битола appeared first on Република.

]]>
Нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку врз криминалот што го застапуваат, тврди Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napadot-vrz-dui-nikogash-ne-e-napad-vrz-albantsite-tuku-vrz-kriminalot-shto-go-zastapuvaat-tvrdi-mitskoski/ Sat, 30 Mar 2024 14:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=760402

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот настан на промоција на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ се осврна на поранешниот коалиционен партнер, Демократската Унија за интеграција, тврдејќи дека ќе одговараат за криминалот кој го вградиле во секоја една институција во изминатите години.

Мицкоски вели дека ДУИ е партија која го потчинила СДСМ и од нив направила ситна играчка во своите раце, а истовремено се заслужни и за криминализација на државата. Нападот врз ДУИ, рече Мицкоски, никогаш не е напад врз Албанците, туку напад врз криминалот кој тие го преставуваат и застапуваат. Според него, ДУИ секогаш тоа го извртуваат и го толкуваат како напад врз Албанците, но и Албанците на овие избори треба да му испратат јасна порака порака на Али Ахмети и ДУИ дека готово е.

Тие, Демократската унија за интеграција, дваесет години се провлекуваат при промена на секоја власт, и иако се учесник во секоја една афера и криминален случај, нема ниту еден човек од нивната структура кој некогаш одговарал пред словото на законот. И секогаш кога ќе ги кажете работите онакви какви што се, тие ќе започнат да зборуваат за етнички теми и да обвинуваат дека некој има нешто против Албанците ако ги нападне овие криминалците од ДУИ. Јас како човек немам ништо против ниту еден народ, но имам против тоа да се краде Македонија и упропастува бездушно. Затоа што и Албанците во Македонија се заложници на криминалот на ДУИ и затоа што и тие подеднакво живеат тешко исто како што тешко живеат и Македонците, и Србите, и Турците, и Ромите, и Бошњаците, и Власите и сите останати граѓани во Македонија - рече Мицкоски.

Како што додаде мора да има правда за секого.

На овие избори народот мора да излезе масовно и да гласа. Најпрвин ќе ги пратиме во опозиција, а потоа јас ви гарантирам и ви давам збор ќе одговараат за секоја солза, за секоја пролеана солза на мајка, баба, сестра, за чедото кое ја напуштило Македонија затоа што се чувствувале граѓани од втор ред, затоа што некој им ја украл иднината. И ако некој има дилема и мисли дека се шалам од оваа Конвенција од овде ќе им кажам исто како што до сега, што би рекол еден наскоро поранешен политичар одевме до крај подготвен сум и овој пат да одам до крај. Од една страна ДУИ криминалците, од друга страна ВМРО Коалицијата и народот. Ќе одиме до крај. Се додека и последниот не одговара- рече Мицкоски.

The post Нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку врз криминалот што го застапуваат, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот настан на промоција на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ се осврна на поранешниот коалиционен партнер, Демократската Унија за интеграција, тврдејќи дека ќе одговараат за криминалот кој го вградиле во секоја една институција во изминатите години. Мицкоски вели дека ДУИ е партија која го потчинила СДСМ и од нив направила ситна играчка во своите раце, а истовремено се заслужни и за криминализација на државата. Нападот врз ДУИ, рече Мицкоски, никогаш не е напад врз Албанците, туку напад врз криминалот кој тие го преставуваат и застапуваат. Според него, ДУИ секогаш тоа го извртуваат и го толкуваат како напад врз Албанците, но и Албанците на овие избори треба да му испратат јасна порака порака на Али Ахмети и ДУИ дека готово е.
Тие, Демократската унија за интеграција, дваесет години се провлекуваат при промена на секоја власт, и иако се учесник во секоја една афера и криминален случај, нема ниту еден човек од нивната структура кој некогаш одговарал пред словото на законот. И секогаш кога ќе ги кажете работите онакви какви што се, тие ќе започнат да зборуваат за етнички теми и да обвинуваат дека некој има нешто против Албанците ако ги нападне овие криминалците од ДУИ. Јас како човек немам ништо против ниту еден народ, но имам против тоа да се краде Македонија и упропастува бездушно. Затоа што и Албанците во Македонија се заложници на криминалот на ДУИ и затоа што и тие подеднакво живеат тешко исто како што тешко живеат и Македонците, и Србите, и Турците, и Ромите, и Бошњаците, и Власите и сите останати граѓани во Македонија - рече Мицкоски.
Како што додаде мора да има правда за секого.
На овие избори народот мора да излезе масовно и да гласа. Најпрвин ќе ги пратиме во опозиција, а потоа јас ви гарантирам и ви давам збор ќе одговараат за секоја солза, за секоја пролеана солза на мајка, баба, сестра, за чедото кое ја напуштило Македонија затоа што се чувствувале граѓани од втор ред, затоа што некој им ја украл иднината. И ако некој има дилема и мисли дека се шалам од оваа Конвенција од овде ќе им кажам исто како што до сега, што би рекол еден наскоро поранешен политичар одевме до крај подготвен сум и овој пат да одам до крај. Од една страна ДУИ криминалците, од друга страна ВМРО Коалицијата и народот. Ќе одиме до крај. Се додека и последниот не одговара- рече Мицкоски.

The post Нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку врз криминалот што го застапуваат, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: СДСМ е тотално безидејна, немаат ниту план, ниту програма https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sdsm-e-totalno-bezidejna-nemaat-nitu-plan-nitu-programa/ Sat, 30 Mar 2024 13:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=760393

Што се однесува до СДСМ тие на овие избори свесни се дека губат и тие повеќе се грижат и позиционираат за времето по изборите. Ковачевски, човекот кој до вчера управуваше со државата и одлучуваше за сè, вели вчера дека во Југославија земјава била спејс шатл. Можеби тоа е така, но проблемот е што сега тој со неговите од Македонија направија дупнат дрвен чамец, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на кандидатите за пратеници.

СДСМ е тотално безидејна, немаат ниту план, ниту програма. Барем пред 8 години имаа памфлет наречен „За живот во Македонија“, кој видовме како заврши и во што се претвори, но сега ниту тоа го имаат. Немаат никаков концепт, а на избори одат со некаков список на желби напишан на хартивче. Без сериозен план и програма. И навистина немам намера оваа кампања да се занимавам со нивните негативни хајки и црнења кои ги прават врз мене и моето семејство цели 6 години. И не ми паѓа на памет да одговорам и да се валкам во нивната кал, туку единствена намера имам да ја извадиме државата од калта во која тие ја втурнаа. Она што вистински ме мачи и она што вистински мораме да го поправиме е што над 600.000 луѓе, наши сограѓани, соседи и пријатели живеат со само 150 денари на ден - истакна Мицкоски.

Посочи дека секој трет граѓанин е сиромашен.

Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација. Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната. Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора повеќе од 50%. Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра. Власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра. Македонија меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа. Државава е на врвот на листата во Светот според индексот на мизерија - рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека имаме најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години.

Дополнително на тоа Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат всушност и извештаите на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници Со оваа власт довербата во судството е само 2%. Ова е реалноста која мораме да бориме да се промени - вели Мицкоски.

The post Мицкоски: СДСМ е тотално безидејна, немаат ниту план, ниту програма appeared first on Република.

Ковачки: Наша заедничка обврска и задача е да се бориме за нашата Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-nasha-zaednichka-obvrska-i-zadacha-e-da-se-borime-za-nashata-makedonija/ Sat, 30 Mar 2024 13:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=760390

„Доста е! Доста ни се национални предавства, газење на македонско национално достоинство, газење на Македонецот, распродажба на се што е македонско, пљачкање на државата, хаосот и безредието, доста е! Време е за промени за нова иднина, за нова надеж“, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3 на денешниот настан.

Ковачки додаде дека огромна чест и задоволство е што ја предводи изборната единица 3. Огромна е честа е да се предводи победничката листа – спој на искуство и знаење и младост и енергија. Победничка листа за враќање на надежта која е изгубена, листа за иднина за сите, и за обнова на нашата Македонија со проекти и реформи.

Имаме визија, стратегија и план, ја имаме Платформата 1198 со која ќе го подобриме животниот стандард и квалитетот на живот на сите граѓани. Да бидеме европски граѓани - посочи тој.

Пред нас се два предизвици. Најпрво да избереме претседател на Република Македонија, лидер кој ќе донесе промени и кој ќе ја направи Македонија повторно горда земја на среќни граѓани. А, потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиер кој ќе ја движи Македонија напред, кон нови победи, влада која ќе нуди проекти и решенија за проблемите на граѓаните и ќе работи во нивен интерес. За Македонија повторно твоја - рече Ковачки.

Тој додаде дека пред сите нас е голема историска одлука. Сите заедно ќе одлучуваме во каква Македонија ќе живееме.

Испраќам порака до сите граѓани кои денеска не се тука со нас. Одлуката е во вашите раце. Вие одлучувате за влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи одговорно, посветено, мотивирано, чесно и транспарентно и во интерес на граѓаните, наспроти влада на ДУИ и СДС каква што имавме изминатите 7 години, на порази, на неправди, на национални понижувања, на предавства, влада на криминал и корупција, влада за продолжување на агонијата. И ова мора да се промени. Овие избори се последната шанса за промени. А Промените се во твои раце - нагласи Ковачки.

Ве уверувам и повикувам да дадеме се од себе, да ги посетиме сите градови, населените места, да се сретнеме со колку што е можно повеќе граѓани и лично да разговараме со нив. Да им ја понудиме програмата Платформа 1198 и да ги презентираме проектите за кои ве уверувам дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја реализираат. Платформата 1198 е програма која нуди проекти за секој граѓанин и е одговор на барањата и потребите на граѓаните. Проекти кои ќе го подобрат животот на секој граѓанин, проекти кои ќе донесат инвестиции, проекти кои ќе отворат нови работни места, порача тој.

Ковачки укажа дека ако граѓаните сакаат да се промени грдата реалност, мораме да се бориме заедно, здружено, обединето. Да се донесат промените гласно. Да се врати надежта.

Да се избориме против неправдите. Повторно да ја кренеме Македонија на нозе. Да ја исправиме Македонија. Да ја вратиме надежта кај луѓето. Да им го вратиме изгубеното достоинство на сите наши граѓани. Да ги вратиме младите повторно во сопствената Македонија, и да ги задржиме оние кои што се тука за овде да ја градат сопствената иднина, за овде да создаваат. Испраќам порака до сите граѓани ДОЈДЕНО Е ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНИ. ОД НАС ЗАВИСИ. ДА ЈА ЗАВРШИМЕ РАБОТАТА на 24 АПРИЛ, а потоа на 8 МАЈ - порача Ковачки.

Ковачки нагласи дека дојде време за промени. Дојде време за нови победи. Нашата задача и обврска е да се бориме за нашата Македонија. Македонија повторно твоја. Промените се во твоите раце!

The post Ковачки: Наша заедничка обврска и задача е да се бориме за нашата Македонија appeared first on Република.

]]>

„Доста е! Доста ни се национални предавства, газење на македонско национално достоинство, газење на Македонецот, распродажба на се што е македонско, пљачкање на државата, хаосот и безредието, доста е! Време е за промени за нова иднина, за нова надеж“, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3 на денешниот настан. Ковачки додаде дека огромна чест и задоволство е што ја предводи изборната единица 3. Огромна е честа е да се предводи победничката листа – спој на искуство и знаење и младост и енергија. Победничка листа за враќање на надежта која е изгубена, листа за иднина за сите, и за обнова на нашата Македонија со проекти и реформи. Имаме визија, стратегија и план, ја имаме Платформата 1198 со која ќе го подобриме животниот стандард и квалитетот на живот на сите граѓани. Да бидеме европски граѓани - посочи тој.
Пред нас се два предизвици. Најпрво да избереме претседател на Република Македонија, лидер кој ќе донесе промени и кој ќе ја направи Македонија повторно горда земја на среќни граѓани. А, потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиер кој ќе ја движи Македонија напред, кон нови победи, влада која ќе нуди проекти и решенија за проблемите на граѓаните и ќе работи во нивен интерес. За Македонија повторно твоја - рече Ковачки.
Тој додаде дека пред сите нас е голема историска одлука. Сите заедно ќе одлучуваме во каква Македонија ќе живееме.
Испраќам порака до сите граѓани кои денеска не се тука со нас. Одлуката е во вашите раце. Вие одлучувате за влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи одговорно, посветено, мотивирано, чесно и транспарентно и во интерес на граѓаните, наспроти влада на ДУИ и СДС каква што имавме изминатите 7 години, на порази, на неправди, на национални понижувања, на предавства, влада на криминал и корупција, влада за продолжување на агонијата. И ова мора да се промени. Овие избори се последната шанса за промени. А Промените се во твои раце - нагласи Ковачки.
Ве уверувам и повикувам да дадеме се од себе, да ги посетиме сите градови, населените места, да се сретнеме со колку што е можно повеќе граѓани и лично да разговараме со нив. Да им ја понудиме програмата Платформа 1198 и да ги презентираме проектите за кои ве уверувам дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја реализираат. Платформата 1198 е програма која нуди проекти за секој граѓанин и е одговор на барањата и потребите на граѓаните. Проекти кои ќе го подобрат животот на секој граѓанин, проекти кои ќе донесат инвестиции, проекти кои ќе отворат нови работни места, порача тој. Ковачки укажа дека ако граѓаните сакаат да се промени грдата реалност, мораме да се бориме заедно, здружено, обединето. Да се донесат промените гласно. Да се врати надежта.
Да се избориме против неправдите. Повторно да ја кренеме Македонија на нозе. Да ја исправиме Македонија. Да ја вратиме надежта кај луѓето. Да им го вратиме изгубеното достоинство на сите наши граѓани. Да ги вратиме младите повторно во сопствената Македонија, и да ги задржиме оние кои што се тука за овде да ја градат сопствената иднина, за овде да создаваат. Испраќам порака до сите граѓани ДОЈДЕНО Е ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНИ. ОД НАС ЗАВИСИ. ДА ЈА ЗАВРШИМЕ РАБОТАТА на 24 АПРИЛ, а потоа на 8 МАЈ - порача Ковачки.
Ковачки нагласи дека дојде време за промени. Дојде време за нови победи. Нашата задача и обврска е да се бориме за нашата Македонија. Македонија повторно твоја. Промените се во твоите раце!

The post Ковачки: Наша заедничка обврска и задача е да се бориме за нашата Македонија appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Ние ќе пишуваме историја на задоволни граѓани, затоа заедно со граѓаните одиме напред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-nie-ke-pishuvame-istorija-na-zadovolni-gragani-zatoa-zaedno-so-graganite-odime-napred/ Sat, 30 Mar 2024 13:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=760387

Минатиот викенд ја промовиравме програмата со 1198 проекти, денес ги претставуваме личностите кои секојдневно ќе бидат со вас, ќе ве информираат за сето она убаво што следува, а воедно и да ние сме со вас и да ве сослушаме. Морам да напоменам дека не смееме да заборавиме на жестоката реалност. Македонија се нема соочено со потешки предизвици од оние што ни ги наметнаа СДС и ДУИ. Предолго сведочиме на поткопување на демократските институции, задушување на неистомислениците, како и маргинализирање на стремежот на нашиот народ, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 на денешното претставување на изборните листи.

Доста се уништуваше Македонија, тоа време го оставаме зад нас. Затоа време е за работа, време е за акција, време е за враќање на она што значи да се биде Македонец. Сега е време за одлучно лидерство! Ајде да го искористиме овој момент и да изградиме нов пат за Македонија. Пат дефиниран со шанса за спас на Македонија. Пат на напредок, просперитет и единство - кажа Мисајловски.

Мисајловски додаде дека нов пат за Македонија може да се прави само заедно со граѓаните.

Ќе чекориме заедно со граѓаните, затоа што Македонија сакаме да биде подобро место за живеење, да ги задржиме младите, да им овозможиме услови за пристоен живот, да инвестираме и во возрасните, да не ги забораваме. Затоа одиме напред! Македонија повторно твоја! Промените се во твои раце! - посочи Мисајловски.

Мисајловски укажа дека доста беа црнила, неспособност, лаги, корупција, криминал, доста беше негативна енергија и се осврна на проектите кои ќе се реализираат.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за најмладите, како и за возрасната популација. За најмладите ќе гледаме да има место за секое дете во градинка, учебник за секој ученик. За возрасната популација, пензионерите во првата година од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат 5.000 денари поголема пензија - кажа Мисајловски.

Општините, додаде Мисајловски, дополнително ќе ги развиеме, како што се развиваа последниве две години.

Планираме годишно по 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините. Ќе има пари за спортот или 50 милиони евра директна поддршка за спортот во четиригодишниот мандат. Ќе изградиме национален спортски комплекс Методија Андонов Ченто во Скопје со повеќе содржини, фудбалски стадион, спортска сала, повеќе помали сали, спортски музеј и слично - информираше Мисајловски.

Мисајловски укажа дека приоритет ќе биде и борбата против корупција.

Ќе ги намалиме непотребните трошоци, ќе се бориме против корупцијата. Што ќе направиме за да го постигнеме ова? Ќе предложиме Собрание со 90 пратеници наместо досегашните 120, ќе ги укинеме заменик директорските места, потоа намалување на бројот на управни и надзорни одбори“, кажа Мисајловски кој се осврна и на инфраструктура: „За инфаструктурата знаете, СДС и ДУИ не направија ни еден километар, ама одиграа чочек на делницата Демир Капија-Смоквица која беше изградена во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е она што е карактеристика за нив, неработа и лаги! Ние ќе направиме граѓаните од Скопје да стигнуваат во Охрид за максимум два часа и тоа по безбеден пат - рече тој.

Мисајлоски заклучи: „Лошите денови треба да ги пратиме во историјата, сега почнуваат денови на обнова! Ние ќе пишуваме историја заедно со вас, со секој еден поединец кој сака Македонија да биде добро место за живеење! Ние ќе пишуваме историја на задоволни граѓани, граѓани кои ќе останат дома на своето, а не да бегаат од Македонија! Затоа заедно со граѓаните одиме напред! Македонија повторно твоја! Промените се во твои раце!“.

The post Мисајловски: Ние ќе пишуваме историја на задоволни граѓани, затоа заедно со граѓаните одиме напред appeared first on Република.

Николоски: Овие избори се за оние кои немаат соодветно лекување, за работниците кои се понижени, пензионерите кои немаат достоинствен живот… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ovie-izbori-se-za-onie-koi-nemaat-soodvetno-lekuvane-za-rabotnitsite-koi-se-ponizheni-penzionerite-koi-nemaat-dostoinstven-zhivot/ Sat, 30 Mar 2024 13:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=760384

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 24 април и 8 мај, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и дека Христијан Мицкоски ќе биде премиер, а Гордана Силјановска Давкова претседател, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на денешното претставување на изборните листи.

Николоски посочи дека ова не се обични избори и оти се најзначајните избори за граѓаните и за Македонија.

Ова се изборите кои ќе ја одредат иднината на Македонија и на граѓаните во следните 20 до 30 години, ова се избори кога секој решава каде ќе одиме сите ние и Македонија како држава. Ова се избори на кои треба рекордна излезност, секој да излезе и да гласа да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, да си ја врати Македонија - кажа Николоски.

Според Николоски, Македонија повторно твоја не е случаен слоган, така е затоа што Македонија сега не е твоја, не е наша.

Не е работата да наполните 18 години и да земете карта во еден правец и да се слушате на видео кол со своите, не е работата да имате 40 години и да се спакувате во едно возило и да заминете, не е работата да сте пензионер и да ги пакувате своите и да гледате како се пакуваат и да ги испраќате и да не можете да ги видите. Ама, за жал тоа е фактичката состојба - вели Николоски.

Николоски додаде дека промените се прават со поддршка за Македонија, а тоа значи поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.

За да има промени треба да има поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа треба масовна излезност, затоа гласајте за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте масовно, така се прават промените - посочи Македонија.

Според Николоски ова се избори за сите кои се чувствуваат угнетени, обесправени.

Овие избори се за оние кои немаат соодветно лекување во Македонија, за работниците кои се понижени, кои земаат мала плата, за сите кои ја чувствуваат неправдата, за пензионерите кои немаат достоинствен живот и слично - порача Николоски.

The post Николоски: Овие избори се за оние кои немаат соодветно лекување, за работниците кои се понижени, пензионерите кои немаат достоинствен живот… appeared first on Република.

]]>

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 24 април и 8 мај, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и дека Христијан Мицкоски ќе биде премиер, а Гордана Силјановска Давкова претседател, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на денешното претставување на изборните листи. Николоски посочи дека ова не се обични избори и оти се најзначајните избори за граѓаните и за Македонија.
Ова се изборите кои ќе ја одредат иднината на Македонија и на граѓаните во следните 20 до 30 години, ова се избори кога секој решава каде ќе одиме сите ние и Македонија како држава. Ова се избори на кои треба рекордна излезност, секој да излезе и да гласа да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, да си ја врати Македонија - кажа Николоски.
Според Николоски, Македонија повторно твоја не е случаен слоган, така е затоа што Македонија сега не е твоја, не е наша.
Не е работата да наполните 18 години и да земете карта во еден правец и да се слушате на видео кол со своите, не е работата да имате 40 години и да се спакувате во едно возило и да заминете, не е работата да сте пензионер и да ги пакувате своите и да гледате како се пакуваат и да ги испраќате и да не можете да ги видите. Ама, за жал тоа е фактичката состојба - вели Николоски.
Николоски додаде дека промените се прават со поддршка за Македонија, а тоа значи поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.
За да има промени треба да има поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа треба масовна излезност, затоа гласајте за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте масовно, така се прават промените - посочи Македонија.
Според Николоски ова се избори за сите кои се чувствуваат угнетени, обесправени.
Овие избори се за оние кои немаат соодветно лекување во Македонија, за работниците кои се понижени, кои земаат мала плата, за сите кои ја чувствуваат неправдата, за пензионерите кои немаат достоинствен живот и слично - порача Николоски.

The post Николоски: Овие избори се за оние кои немаат соодветно лекување, за работниците кои се понижени, пензионерите кои немаат достоинствен живот… appeared first on Република.

]]>
Официјално седум кандидати влегуваат во трка за претседател на државава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalno-sedum-kandidati-vleguvaat-vo-trka-za-pretsedatel-na-drzhavava/ Sat, 09 Mar 2024 07:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=752863

На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари. Официјално во трка се седум кандидати за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април годинава.

Според податоците од ДИК, од 7 март до 20 часот, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, досега потребните 10.000 потписи ги собраа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ - 28.086, Бујар Османи од ДУИ - 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди - 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски - 11.290, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија - 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица - 10.559 потписи.

Сите останати кандидати имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.778, Вело Марковски – 1.634 потписи, Ѓорѓи Манасков – 488, Зорица Цветковска – 284, Господин Попоски 145, Гоце Ристов - 6 и Драган Николовски 6 потписи. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Во четвртокот, без расправа, беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

На 24 април и 8 мај македонските граѓани ќе гласаат на седмите претседателски и 11-те парламентарни избори

The post Официјално седум кандидати влегуваат во трка за претседател на државава appeared first on Република.

]]>

На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари. Официјално во трка се седум кандидати за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април годинава. Според податоците од ДИК, од 7 март до 20 часот, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, досега потребните 10.000 потписи ги собраа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ - 28.086, Бујар Османи од ДУИ - 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди - 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски - 11.290, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија - 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица - 10.559 потписи. Сите останати кандидати имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.778, Вело Марковски – 1.634 потписи, Ѓорѓи Манасков – 488, Зорица Цветковска – 284, Господин Попоски 145, Гоце Ристов - 6 и Драган Николовски 6 потписи. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Во четвртокот, без расправа, беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите. Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга. Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.   На 24 април и 8 мај македонските граѓани ќе гласаат на седмите претседателски и 11-те парламентарни избори

The post Официјално седум кандидати влегуваат во трка за претседател на државава appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-uslovot-eden-kandidat-da-pobedi-vo-prviot-krug-e-za-nego-da-glasaat-50-protsenti-plus-eden-graganin-od-site-luge-zapishani-vo-izbirachkiot-spisok/ Mon, 04 Mar 2024 18:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=751237

Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот" на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.

,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат"

Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно.

Истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка.

„На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски.

Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

The post Пендаровски: Условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список appeared first on Република.

]]>

Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот" на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.

,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат" Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно. Истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка. „На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски. Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

The post Пендаровски: Условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список appeared first on Република.

]]>
Познати дел од претседателските кандидати, за седум дена почнува собирањето потписи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poznati-del-od-pretsedatelskite-kandidati-za-sedum-dena-pochnuva-sobiraneto-potpisi/ Fri, 16 Feb 2024 08:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=744721

Почна одбројувањето до претседателските и до парламентарните избори. Државната изборна комисија (ДИК) ги усвои роковниците за изборните дејствија, а во јавноста почнаа да се објавуваат и првите кандидати за претседател.

Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг би се одржал на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април на полноќ и ќе трае до 24:00 часот на 22 април.

Собирањето потписи за претседателските избори започнува на 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март на полноќ.

СДСМ најави дека ќе има свој претседателски кандидат, ВМРО-ДПМНЕ дека многу скоро ќе се знае нивниот кандидат, а кандидатура вчера најави и актуелниот градоначалник на Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, поддржан од Европскиот сојуз за промени.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА, нагласи дека тие ќе одат со свој кандидат за претседател, кој, ќе биде поддржан од голем број нивни коалициски партнери.

Прашан кога ќе биде познат претседателскиот кандидат на партијата, вели дека нивниот кандидат ќе дели европски вредности и нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ.

Сметам дека СДСМ е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите кои биле предложени од СДСМ, а кои станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности. Ние сме коалиција која што има најголем број на политички партии во неа и сметам дека исто така на тој начин ќе биде продолжена и политиката на добрососедски односи, политиката на одлични меѓуетнички односи во државата и секако политиката на одлични односи со стратешките партнери со САД, Велика Британија и Европската Унија - додаде Ковачевски.

Вели дека меѓу кандидатите има бивши претседатели на партијата, бивши претседатели на државата, бивши секретари на партијата и видни истакнати членови на заедницата, како на пример поранешни истакнати судии…

За актуелниот претседател Стево Пендаровски, рече дека во изминатите пет години одлично ја извршувал функцијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа изјави дека многу скоро ќе биде познат и нивниот кандидат за претседател, без да открие детали за профилот на човекот што би можел да биде нивниот кандидат.

Мицкоски најави дека многу скоро партијата ќе го објави претседателскиот кандидат без да кажува детали за профилот на личноста.

Кандидатурата на Таравари, според Мицкоски, ќе ја испровоцира ДУИ да предложи свој кандидат. Смета дека е добро за демократијата на државата да има повеќе претседателски кандидати.

Мислам дека е добро и здраво за демократијата во Македонија да има повеќе претседателски кандидати затоа што граѓаните ќе имаат повеќе можности. Ценам дека со кандидатурата на Арбен Таравари, ќе биде испровоцирана ДУИ, па и тие ќе мора да профилираат претседателски кандидат, што е добро - рече Мицкоски на гостување на телевизија 21.

За тоа кој е нивниот посакуван коалициски постизборен партнер, Мицкоски рече дека тоа е консолидираната албанска опозиција односно блокот што го предводат Меџити, Касами, Гаши и Таравари.

Таравари по расколот во неговата партија Алијанса за Албанците вчера во Гостивар објави дека ќе биде претседателски кандидат на Европскиот сојуз за промени, чиј дел се Беса на Билал Касами, Алтернатива на Африм Гаши и Демократско движење на Изет Меџити.

Кандидатурата за претседател на државата на лидерот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Таравари ќе биде поднесена со собрани потписи од граѓани, бидејќи, како што кажа, немаат доволно пратеници за поддршка.

Се надевам наскоро, кога ќе започнат и законските рокови и за ден-два да ги собереме потребните десет илјади потписи - рече Таравари.

Запрашан за тоа каква кампања ќе води и што очекува од противкандидатите, тој напомена дека европска кампања е единствената алтернатива за земјава.

Лидерот на Алтернатива Гаши синоќа во телевизиско интервју истакна дека Таравари е еден од подобрите кандидати во претседателска трка и можно е да оди во втор круг на изборите.

Го кандидиравме поради квалитетот што го поседува како личност, добро познат доктор е и им служел на сите граѓани и поддршка ќе има од различни етникуми - изјави Гаши.

Во однос на информациите дека и Али Ахмети ќе се кандидира за претседател на државата, Гаши за Канал 5 телевизија рече „ако на ДУИ им е толку важно Албанец да биде премиер или претседател, зошто не ги убеди своите гласачи да го поддржат Таравари зад кого стојат четири партии и многу граѓани?“.

Претходно, Левица ја промовираше професорката Билјана Ванковска како свој претседателски кандидат, а собирање потписи најави и професорот Вело Марковски. Кандидатури најавија и други политички партии.

The post Познати дел од претседателските кандидати, за седум дена почнува собирањето потписи appeared first on Република.

]]>

Почна одбројувањето до претседателските и до парламентарните избори. Државната изборна комисија (ДИК) ги усвои роковниците за изборните дејствија, а во јавноста почнаа да се објавуваат и првите кандидати за претседател. Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг би се одржал на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април на полноќ и ќе трае до 24:00 часот на 22 април. Собирањето потписи за претседателските избори започнува на 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март на полноќ. СДСМ најави дека ќе има свој претседателски кандидат, ВМРО-ДПМНЕ дека многу скоро ќе се знае нивниот кандидат, а кандидатура вчера најави и актуелниот градоначалник на Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, поддржан од Европскиот сојуз за промени. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА, нагласи дека тие ќе одат со свој кандидат за претседател, кој, ќе биде поддржан од голем број нивни коалициски партнери. Прашан кога ќе биде познат претседателскиот кандидат на партијата, вели дека нивниот кандидат ќе дели европски вредности и нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ.
Сметам дека СДСМ е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите кои биле предложени од СДСМ, а кои станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности. Ние сме коалиција која што има најголем број на политички партии во неа и сметам дека исто така на тој начин ќе биде продолжена и политиката на добрососедски односи, политиката на одлични меѓуетнички односи во државата и секако политиката на одлични односи со стратешките партнери со САД, Велика Британија и Европската Унија - додаде Ковачевски.
Вели дека меѓу кандидатите има бивши претседатели на партијата, бивши претседатели на државата, бивши секретари на партијата и видни истакнати членови на заедницата, како на пример поранешни истакнати судии… За актуелниот претседател Стево Пендаровски, рече дека во изминатите пет години одлично ја извршувал функцијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа изјави дека многу скоро ќе биде познат и нивниот кандидат за претседател, без да открие детали за профилот на човекот што би можел да биде нивниот кандидат. Мицкоски најави дека многу скоро партијата ќе го објави претседателскиот кандидат без да кажува детали за профилот на личноста. Кандидатурата на Таравари, според Мицкоски, ќе ја испровоцира ДУИ да предложи свој кандидат. Смета дека е добро за демократијата на државата да има повеќе претседателски кандидати.
Мислам дека е добро и здраво за демократијата во Македонија да има повеќе претседателски кандидати затоа што граѓаните ќе имаат повеќе можности. Ценам дека со кандидатурата на Арбен Таравари, ќе биде испровоцирана ДУИ, па и тие ќе мора да профилираат претседателски кандидат, што е добро - рече Мицкоски на гостување на телевизија 21.
За тоа кој е нивниот посакуван коалициски постизборен партнер, Мицкоски рече дека тоа е консолидираната албанска опозиција односно блокот што го предводат Меџити, Касами, Гаши и Таравари. Таравари по расколот во неговата партија Алијанса за Албанците вчера во Гостивар објави дека ќе биде претседателски кандидат на Европскиот сојуз за промени, чиј дел се Беса на Билал Касами, Алтернатива на Африм Гаши и Демократско движење на Изет Меџити. Кандидатурата за претседател на државата на лидерот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Таравари ќе биде поднесена со собрани потписи од граѓани, бидејќи, како што кажа, немаат доволно пратеници за поддршка.
Се надевам наскоро, кога ќе започнат и законските рокови и за ден-два да ги собереме потребните десет илјади потписи - рече Таравари.
Запрашан за тоа каква кампања ќе води и што очекува од противкандидатите, тој напомена дека европска кампања е единствената алтернатива за земјава. Лидерот на Алтернатива Гаши синоќа во телевизиско интервју истакна дека Таравари е еден од подобрите кандидати во претседателска трка и можно е да оди во втор круг на изборите.
Го кандидиравме поради квалитетот што го поседува како личност, добро познат доктор е и им служел на сите граѓани и поддршка ќе има од различни етникуми - изјави Гаши.
Во однос на информациите дека и Али Ахмети ќе се кандидира за претседател на државата, Гаши за Канал 5 телевизија рече „ако на ДУИ им е толку важно Албанец да биде премиер или претседател, зошто не ги убеди своите гласачи да го поддржат Таравари зад кого стојат четири партии и многу граѓани?“. Претходно, Левица ја промовираше професорката Билјана Ванковска како свој претседателски кандидат, а собирање потписи најави и професорот Вело Марковски. Кандидатури најавија и други политички партии.

The post Познати дел од претседателските кандидати, за седум дена почнува собирањето потписи appeared first on Република.

]]>
Џафери на отворање градинка во Матејче, мудрува: Ова не е кампања, прочитајте го законот подобро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-na-otvorane-gradinka-vo-matejche-mudruva-ova-ne-e-kampana-prochitajte-go-zakonot-podobro/ Thu, 15 Feb 2024 10:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=744323

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори.

Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил било каков коментар од моја страна, истакна Џафери во одговор на новинарско прашање за коментар за информацијата дека Арбен Таравари ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата, при денешната посета на општина Липково.

Прашан дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, Џафери рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица.

Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција, посочи Џафери.

За тврдењето дека не треба да се одржуваат промотивни настани како денешниот во градинката во Матејче откако се распишани изборите рече дека се уште не сме влезени во периодот кога тоа е ограничено.

Ќе треба да го прочитате малку подобро законот затоа што тој забранува 20 дена од почнување на официјалната кампања, а сѐ уште не сме во тие 20 дена пред почнување на кампањата имајќи предвид дека изборите се на 24, некаде на 4 април почнува официјалната кампања, 20 дена пред тоа, фактички не сме во тој период - одговори Џафери на забелешката дека 20 дена пред распишување на изборите не би требало да се одржуваат вакви настани и да не се трошат јавни пари за вакви настани.

The post Џафери на отворање градинка во Матејче, мудрува: Ова не е кампања, прочитајте го законот подобро appeared first on Република.

]]>

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори. Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил било каков коментар од моја страна, истакна Џафери во одговор на новинарско прашање за коментар за информацијата дека Арбен Таравари ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата, при денешната посета на општина Липково. Прашан дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, Џафери рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица. Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција, посочи Џафери. За тврдењето дека не треба да се одржуваат промотивни настани како денешниот во градинката во Матејче откако се распишани изборите рече дека се уште не сме влезени во периодот кога тоа е ограничено. Ќе треба да го прочитате малку подобро законот затоа што тој забранува 20 дена од почнување на официјалната кампања, а сѐ уште не сме во тие 20 дена пред почнување на кампањата имајќи предвид дека изборите се на 24, некаде на 4 април почнува официјалната кампања, 20 дена пред тоа, фактички не сме во тој период - одговори Џафери на забелешката дека 20 дена пред распишување на изборите не би требало да се одржуваат вакви настани и да не се трошат јавни пари за вакви настани.

The post Џафери на отворање градинка во Матејче, мудрува: Ова не е кампања, прочитајте го законот подобро appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ се мери рејтингот на тројца за претседателски кандидат, но огласот е отворен за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-vmro-dpmne-se-meri-rejtingot-na-trojtsa-za-pretsedatelski-kandidat-no-oglasot-e-otvoren-za-site/ Sun, 11 Feb 2024 14:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=742855

Мицкоски најави дека утре ќе имаат конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, а во однос на прашањето за претседателски кандидат, Мицкоски вели дека се уште е отворен огласот и сите кои ќе ги исполнат условите и до 21 февруари се пријават, ќе бидат дел од Конвенцијата.

„Тие процеси се одвоени. Ние како партија независно од огласот мериме имиња. Можам да кажам дека се не повеќе од три имиња во моментов, но огласот е отворен и тоа е независно од анализата на партијата. Секој што ќе ги исполни условите, ќе биде дел од Конвенцијата за претседателски кандидат кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, а со самото тоа и иден претседател на Македонија“,

потенцира Мицкоски.

Toj очекува повеќе претседателски кандидати, и од коалицијата предводена од СДСМ и од албанските политички партии.

„Би било неполитички и демократки непаметно да не истакнат свој кандидат и да не ги искористат тие моменти, бидејќи на тој начин ценам дека би биле под чадорот на една политичка владина партија, така што во име на демократијата очекувам повеќе кандидати. Да повторам, кандидатот на една политичка партија покрај поддршката од таа, неформална поддршка очекувам да добие и од владината колаиција СДСМ-ДУИ за да собере потписи да учествува во трката“,

додава Мицкоски.

The post Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ се мери рејтингот на тројца за претседателски кандидат, но огласот е отворен за сите appeared first on Република.

]]>

Мицкоски најави дека утре ќе имаат конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, а во однос на прашањето за претседателски кандидат, Мицкоски вели дека се уште е отворен огласот и сите кои ќе ги исполнат условите и до 21 февруари се пријават, ќе бидат дел од Конвенцијата.
„Тие процеси се одвоени. Ние како партија независно од огласот мериме имиња. Можам да кажам дека се не повеќе од три имиња во моментов, но огласот е отворен и тоа е независно од анализата на партијата. Секој што ќе ги исполни условите, ќе биде дел од Конвенцијата за претседателски кандидат кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, а со самото тоа и иден претседател на Македонија“, потенцира Мицкоски.
Toj очекува повеќе претседателски кандидати, и од коалицијата предводена од СДСМ и од албанските политички партии.
„Би било неполитички и демократки непаметно да не истакнат свој кандидат и да не ги искористат тие моменти, бидејќи на тој начин ценам дека би биле под чадорот на една политичка владина партија, така што во име на демократијата очекувам повеќе кандидати. Да повторам, кандидатот на една политичка партија покрај поддршката од таа, неформална поддршка очекувам да добие и од владината колаиција СДСМ-ДУИ за да собере потписи да учествува во трката“, додава Мицкоски.

The post Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ се мери рејтингот на тројца за претседателски кандидат, но огласот е отворен за сите appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за техничката влада – лица со докажано професионално искуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-gi-objavi-kandidatite-za-tehnichkata-vlada-litsa-so-dokazhano-profesionalno-iskustvo/ Wed, 24 Jan 2024 18:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=736472

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за две министерски и три дополнителни заменички позиции во техничката влада која треба да спроведе фер и демократски избори закажани за 24 април и 8 мај.

Според нивните биографи станува збор за исклучително професионални кадри, со интегритет и долгогодишно искуство, експерти во својата област.

На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, долгогодишен познат адвокат.

Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Има положено правосуден и адвокатски испит, а во моментот е адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови.

Тошковски има долгогодишно работно искуство во државните институции. Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на Република Македонија, а членувал во неколку комисии и работни тела. Во моментов, Панче Тошковски е претседател на републичката правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена сосема ново решение кое е на професионална основа. Тоа е Елена Петрова, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи.

Петрова 7 години била управник во Дирекцијата за јавни приходи – за големи даночни обврзници, а претходно била раководител на даночното одделение во Свети Николе, раководител на оддел во секторот за оперативна политика и едукација, како и раководите во сектор за утврдување и наплата на даноци во Генералната дирекција.

Според биографијата, Петрова има и осум години работно искуство во приватниот сектор, а во моментот е заменик претседател на Работното тело за имплементација на Даночен информациски систем во УЈП, а членувала и во неколку Управни одбори на проекти со МФ, МТСП, УЈП, ФПИОМ, ФЗОМ и АВРМ. Петрова се има стекнато и со бројни лиценци и сертификати, како обуки и соработки со Светска Банка, ММФ, ЦЕФ и останати меѓународни организации.

Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика.

Велковски долги години работел во Министерството за труд и социјална политика како раководител на одделение за внатрешна ревизија, соработник во Секторот за финансиски прашања, бил и посебен советник во кабинетот на дополнителниот заменик за прашања поврзани со хумана популациона политика во 2016 година, како и кабинетски службеник во областа на трудовото право и правата од законот за работни односи во МТСП во 2020 година за тогашната техничка влада, а претходно работно искуство има и како локален економски консултант во Институтот за белодробни заболувања туберкулоза – Државна болница Скопје, бил внатрешен ревизор – соработник во Град Скопје, секретар на Град Скопје од 2021 година до 2023 година,

Велковски се има стекнато со бројни сертификати, а во моментот е раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на општина Гази Баба и советник во советот на Чаир.

Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. По струка е дипломиран земјоделски инженер.

Трипуновски и во претходната техничка влада беше на позицијата дополнителен заменик министер. До сега има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015та до 2017та година ја извршувал и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006та до 2008та година беше прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Трипуновски од 2008та година до 2012та година беше пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Трипуновски во 2017 година бил член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментот е претседател на републичката комисија за земјоделство на партијата.

За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество ќе биде предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје.

Андоновски е докторанд на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД. Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи.

Ова се петте кадровски решенија на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од техничката влада. Седницата за избор на новиот состав треба да одржи на 28 јануари, а техничката влада ќе трае се до спроведување на парламентарните и претседателски избори закажани за 24 април и 8 мај.

The post ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за техничката влада – лица со докажано професионално искуство appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за две министерски и три дополнителни заменички позиции во техничката влада која треба да спроведе фер и демократски избори закажани за 24 април и 8 мај. Според нивните биографи станува збор за исклучително професионални кадри, со интегритет и долгогодишно искуство, експерти во својата област. На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, долгогодишен познат адвокат. Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Има положено правосуден и адвокатски испит, а во моментот е адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови. Тошковски има долгогодишно работно искуство во државните институции. Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на Република Македонија, а членувал во неколку комисии и работни тела. Во моментов, Панче Тошковски е претседател на републичката правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ. За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена сосема ново решение кое е на професионална основа. Тоа е Елена Петрова, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи. Петрова 7 години била управник во Дирекцијата за јавни приходи – за големи даночни обврзници, а претходно била раководител на даночното одделение во Свети Николе, раководител на оддел во секторот за оперативна политика и едукација, како и раководите во сектор за утврдување и наплата на даноци во Генералната дирекција. Според биографијата, Петрова има и осум години работно искуство во приватниот сектор, а во моментот е заменик претседател на Работното тело за имплементација на Даночен информациски систем во УЈП, а членувала и во неколку Управни одбори на проекти со МФ, МТСП, УЈП, ФПИОМ, ФЗОМ и АВРМ. Петрова се има стекнато и со бројни лиценци и сертификати, како обуки и соработки со Светска Банка, ММФ, ЦЕФ и останати меѓународни организации. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика. Велковски долги години работел во Министерството за труд и социјална политика како раководител на одделение за внатрешна ревизија, соработник во Секторот за финансиски прашања, бил и посебен советник во кабинетот на дополнителниот заменик за прашања поврзани со хумана популациона политика во 2016 година, како и кабинетски службеник во областа на трудовото право и правата од законот за работни односи во МТСП во 2020 година за тогашната техничка влада, а претходно работно искуство има и како локален економски консултант во Институтот за белодробни заболувања туберкулоза – Државна болница Скопје, бил внатрешен ревизор – соработник во Град Скопје, секретар на Град Скопје од 2021 година до 2023 година, Велковски се има стекнато со бројни сертификати, а во моментот е раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на општина Гази Баба и советник во советот на Чаир. Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. По струка е дипломиран земјоделски инженер. Трипуновски и во претходната техничка влада беше на позицијата дополнителен заменик министер. До сега има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015та до 2017та година ја извршувал и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006та до 2008та година беше прв човек на државната фитосанитарна лабораторија. Трипуновски од 2008та година до 2012та година беше пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Трипуновски во 2017 година бил член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментот е претседател на републичката комисија за земјоделство на партијата. За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество ќе биде предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Андоновски е докторанд на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД. Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи. Ова се петте кадровски решенија на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од техничката влада. Седницата за избор на новиот состав треба да одржи на 28 јануари, а техничката влада ќе трае се до спроведување на парламентарните и претседателски избори закажани за 24 април и 8 мај.  

The post ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за техничката влада – лица со докажано професионално искуство appeared first on Република.

]]>
Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-izbori-i-imenuvana-ja-utvrdi-listata-na-kandidati-za-chlen-na-dik/ Wed, 13 Dec 2023 21:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=722712

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди за МИА пратеникот на Беса, Фадил Зендели.

Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК – Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, клистата ка кандидати треба да се најде на усвојување на пленарна седница.

Претпладнево, седницата на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања беше прекината расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска истакна дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно.

Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија.

The post Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди за МИА пратеникот на Беса, Фадил Зендели. Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК – Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, клистата ка кандидати треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Претпладнево, седницата на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања беше прекината расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска истакна дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно. Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија.

The post Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК appeared first on Република.

]]>
Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/surija-rashidi-ke-bide-predlog-za-direktor-na-mepso-a-bujare-abazi-ke-bide-novata-direktorka-na-makedonski-poshti/ Tue, 07 Mar 2023 11:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=616833

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат од Алијанса за Албанците.

Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

The post Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат од Алијанса за Албанците. Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево. Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците. Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

The post Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ appeared first on Република.

]]>
Кандидатите за „Оскар“ се дружеа на ручек https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kandidatite-za-oskar-se-druzhea-na-ruchek/ Wed, 15 Feb 2023 08:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=609164

Годишен ручек за номинирани за „Оскар“се одржа по 95 пат. Традиционалниот настан се одржа во хотелот „Беверли Хилтон“, Беверли Хилс, во понеделникот.

Ѕвездата на „Топ-ган: Маверик“ беше таму за да го поддржи блокбастерот од 2022 година, кој доби неколку номинации за „Оскар“, вклучително и за најдобар филм.

Поранешниот сопруг на Никол Кидман и на Кејти Холмс изгледа поинаку на попладневниот настан, со подолга коса и исончан тен.

По многу месеци, холивудскиот актер – кој наводно ќе присуствува на крунисувањето на британскиот крал Чарлс – позира на црвениот тепих. Последен пат беше во јуни 2022 година на премиерата на Top Gun: Maverick во Сеул, Јужна Кореја.

На настанот присуствуваа и номинираните Џејми Ли Кертис за Everything Everywhere All At Once и Мишел Вилијамс за The Fabelmans.

Како и секоја година, така и оваа, сите номинирани  застанаа заедно на сцената во хотелот „Беверли Хилтон“ за да се фотографираат за традиционалната фотографија.

Во текот на настанот кандидатите добија совети за тоа што треба да прават на претстојната церемонија, и им беа доделени сертификати за нивната номинација.

The post Кандидатите за „Оскар“ се дружеа на ручек appeared first on Република.

]]>

Годишен ручек за номинирани за „Оскар“се одржа по 95 пат. Традиционалниот настан се одржа во хотелот „Беверли Хилтон“, Беверли Хилс, во понеделникот. Ѕвездата на „Топ-ган: Маверик“ беше таму за да го поддржи блокбастерот од 2022 година, кој доби неколку номинации за „Оскар“, вклучително и за најдобар филм. Поранешниот сопруг на Никол Кидман и на Кејти Холмс изгледа поинаку на попладневниот настан, со подолга коса и исончан тен. По многу месеци, холивудскиот актер – кој наводно ќе присуствува на крунисувањето на британскиот крал Чарлс – позира на црвениот тепих. Последен пат беше во јуни 2022 година на премиерата на Top Gun: Maverick во Сеул, Јужна Кореја. На настанот присуствуваа и номинираните Џејми Ли Кертис за Everything Everywhere All At Once и Мишел Вилијамс за The Fabelmans. Како и секоја година, така и оваа, сите номинирани  застанаа заедно на сцената во хотелот „Беверли Хилтон“ за да се фотографираат за традиционалната фотографија. Во текот на настанот кандидатите добија совети за тоа што треба да прават на претстојната церемонија, и им беа доделени сертификати за нивната номинација.

The post Кандидатите за „Оскар“ се дружеа на ручек appeared first on Република.

]]>
Тројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trojca-kandidati-za-direktor-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost/ Tue, 29 Nov 2022 16:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=579690

Оливер Лукаровски, Зарко Милошевски и Зоран Ангеловски се имињата кои се во трка за шеф на Агенцијата за национална безбедност, на местото на Виктор Димовски, кој треба да замине за амбасадор во Париз дознава неофицијално ТВ 24.

Лукаровски, кој доаѓа од МВР и е шеф на одделот за крим-полиција, а според неофицјалните информации од висок валдин функционер, ја има и поддршката на минситерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски и има најголеми шанси за директорското столче.

Милошевски пак, доаѓа од редовите на АНБ – Началник е на одделот за безбедносни проверки и проценки, како и проверки во НАТО сојузниците – одделот кој без проверка во НАТО членките даде зелено светло за Онишченко да добие македонско државјанство, а неговиот потпис според информациите на ТВ24, е ставен на документот со кој се гарантира дека е направена проценка за ризик и украинскиот олигарх не претставува ризик по националната безбедност.

Ангеловски пак, во моментов е директор на оперативно-техничката агенција, која се формираше во 2018 година со цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите.

The post Тројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>

Оливер Лукаровски, Зарко Милошевски и Зоран Ангеловски се имињата кои се во трка за шеф на Агенцијата за национална безбедност, на местото на Виктор Димовски, кој треба да замине за амбасадор во Париз дознава неофицијално ТВ 24. Лукаровски, кој доаѓа од МВР и е шеф на одделот за крим-полиција, а според неофицјалните информации од висок валдин функционер, ја има и поддршката на минситерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски и има најголеми шанси за директорското столче. Милошевски пак, доаѓа од редовите на АНБ – Началник е на одделот за безбедносни проверки и проценки, како и проверки во НАТО сојузниците – одделот кој без проверка во НАТО членките даде зелено светло за Онишченко да добие македонско државјанство, а неговиот потпис според информациите на ТВ24, е ставен на документот со кој се гарантира дека е направена проценка за ризик и украинскиот олигарх не претставува ризик по националната безбедност. Ангеловски пак, во моментов е директор на оперативно-техничката агенција, која се формираше во 2018 година со цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите.

The post Тројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>