кандидат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidat/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 18:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidat/ 32 32 Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zoran-milanovik-ke-se-kandidira-za-vtor-pretsedatelski-mandat-na-izborite-vo-hrvatska/ Sat, 29 Jun 2024 18:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=791958

Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1.

Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.

Нема да кажам кој беше против, но оваа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови. Тој (Милановиќ) ги споделува нашите вредности и е бариера пред целосното преземање на оваа земја. Верувам дека наскоро ќе следи и поддршка од другите партии, изјави Грбин.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се кандидираше со СДП и за премиер на парламентарните избори во април оваа година, но загуби од премиерот Андреј Пленковиќ и неговата партија Хрватска демократска заедница. Според анкетите на јавното мислење, довербата во Милановиќ опаднала по парламентарните избори и тој повеќе не е најпопуларниот политичар во Хрватска. Првото место сега го зазема премиерот Пленковиќ.

The post Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1. Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.
Нема да кажам кој беше против, но оваа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови. Тој (Милановиќ) ги споделува нашите вредности и е бариера пред целосното преземање на оваа земја. Верувам дека наскоро ќе следи и поддршка од другите партии, изјави Грбин.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се кандидираше со СДП и за премиер на парламентарните избори во април оваа година, но загуби од премиерот Андреј Пленковиќ и неговата партија Хрватска демократска заедница. Според анкетите на јавното мислење, довербата во Милановиќ опаднала по парламентарните избори и тој повеќе не е најпопуларниот политичар во Хрватска. Првото место сега го зазема премиерот Пленковиќ.

The post Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-potvrdi-podnesuvam-kandidatura-za-pretsedatel-na-sdsm/ Mon, 03 Jun 2024 09:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=784344

Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.

Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ - изјави Филипче за ТВ 24.

Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.

Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-sdsm-ke-mora-da-pomine-niz-dlaboka-vnatreshna-reforma-i-reorganizatsija/

Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.

The post Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.
Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ - изјави Филипче за ТВ 24.
Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски. Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници. https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-sdsm-ke-mora-da-pomine-niz-dlaboka-vnatreshna-reforma-i-reorganizatsija/ Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.

The post Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Алка Вуица на листата на СДП за претстојните избори во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/alka-vuitsa-na-listata-na-sdp-za-pretstojnite-izbori-vo-hrvatska/ Wed, 27 Mar 2024 11:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=759303

Пејачката Алка Вуица е на листата на СДП за претстојните избори во Хрватска.

Алка Вуица се приклучи на СДП во 2022 година и реши да се посвети на политиката откако проба нешто слично во 2009 година. Таа тогаш планираше да оди на претседателски избори преку листата на Зелените, но немаше доволно потписи.

Пејачката сега е на 14. место на изборната листа во шестата изборна единица.

The post Алка Вуица на листата на СДП за претстојните избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Пејачката Алка Вуица е на листата на СДП за претстојните избори во Хрватска. Алка Вуица се приклучи на СДП во 2022 година и реши да се посвети на политиката откако проба нешто слично во 2009 година. Таа тогаш планираше да оди на претседателски избори преку листата на Зелените, но немаше доволно потписи. Пејачката сега е на 14. место на изборната листа во шестата изборна единица.  

The post Алка Вуица на листата на СДП за претстојните избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>
На два дена до истекот Драган Николовски поднесе кандидатура за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-dva-dena-do-istekot-dragan-nikolovski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel/ Wed, 06 Mar 2024 18:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=752027

На само два дена од истекот на рокот за собирање на потписи за кандидати за претседател, до Државната изборна комисија денеска била доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од страна на Драган Николовски.

Како што информираат од ДИК потписите и за овој ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.

До овој момент потребните 10 000 гласови ги собраа седум кандидати.

Билјана Ванковска Цветковска кандидат од партијата Левица од граѓаните собра
10 500, Бујар Османи од ДУИ - 11 085, Максим Димитриевски од ЗНАМ 11 605,
Стевчо Јакимовски 11 202, Арбен Таравари 10 710, кандидатот на Социјал демократскиот сојуз (СДСМ) Стево Пендаровски има собрано 22 411, Гордана Силјановска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 28 086 гласови.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 876, кандидатот Вело Марковски 1 551 потпис, Ѓорѓи Манасков 468, Зорица Цветковска 255, Господин Попоски 137 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски и за Гоце Ристов кој иницијатива за собирање потписи поднесе вчера.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

The post На два дена до истекот Драган Николовски поднесе кандидатура за претседател appeared first on Република.

]]>

На само два дена од истекот на рокот за собирање на потписи за кандидати за претседател, до Државната изборна комисија денеска била доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од страна на Драган Николовски. Како што информираат од ДИК потписите и за овој ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата. До овој момент потребните 10 000 гласови ги собраа седум кандидати. Билјана Ванковска Цветковска кандидат од партијата Левица од граѓаните собра 10 500, Бујар Османи од ДУИ - 11 085, Максим Димитриевски од ЗНАМ 11 605, Стевчо Јакимовски 11 202, Арбен Таравари 10 710, кандидатот на Социјал демократскиот сојуз (СДСМ) Стево Пендаровски има собрано 22 411, Гордана Силјановска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 28 086 гласови. Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 876, кандидатот Вело Марковски 1 551 потпис, Ѓорѓи Манасков 468, Зорица Цветковска 255, Господин Попоски 137 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски и за Гоце Ристов кој иницијатива за собирање потписи поднесе вчера. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.  

The post На два дена до истекот Драган Николовски поднесе кандидатура за претседател appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Гордана Силјановска Давкова е жена со став и интегритет која достоинствено ќе не претставува во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-gordana-siljanovska-davkova-e-zhena-so-stav-i-integritet-koja-dostoinstveno-ke-ne-pretstavuva-vo-svetot/ Sat, 02 Mar 2024 13:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=750325

Во 2019 година професорката Гордана Силјановска Давкова не изгуби туку изгуби Македонија и можеби тоа лошо се случи за арно, за сега после 5 години од 2019 година од кога го добивме и сеуште го имаме актуелниот претседател на државата кој јас во претходната панел дискусија го квалификував како мумија од претседател, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во изјава за вестите на МРТ 1.

Таа потенцираше дека добро е што народот увиде и добро е да се направи разликата што значи да се има претседател на држава како Стево Пендаровски или претседателка на држава како Гордана Силјановска Давкова.

Прво морам да потенцирам дека на панелот зборував и за традицијата и ми дојде една симболика помеѓу тешкото како една од најголемите македонски симболи. Тешкото е симбол на тоа кога нели младите заминувале во странство, маката нивните родители ја претставувале преку играњето на тешкото. Во Македонија во изминатите 5 години имаше ситуации каде нацијата беше во тешка состојба но немавме некој да не поведе - кажа Стојаноска.

Таа е децидна дека Гордана Силјановска Давкова во 2019 година кога на ВМРО-ДПМНЕ му било најтешко се придружила и станала ороводец на новата приказна на ВМРО-ДПМНЕ која сеуште не е завршена.

Гордана Силјановска Давкова како пратеничка е жена со став, интегритет и жена која никогаш не премолчила кога таа смета дека е во право и тоа го докажува и затоа сметам дека ова е последната шанса да избереме претседател кој достоинствено ќе не претставува во светот - заклучи Стојаноска.

The post Стојаноска: Гордана Силјановска Давкова е жена со став и интегритет која достоинствено ќе не претставува во светот appeared first on Република.

]]>

Во 2019 година професорката Гордана Силјановска Давкова не изгуби туку изгуби Македонија и можеби тоа лошо се случи за арно, за сега после 5 години од 2019 година од кога го добивме и сеуште го имаме актуелниот претседател на државата кој јас во претходната панел дискусија го квалификував како мумија од претседател, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во изјава за вестите на МРТ 1. Таа потенцираше дека добро е што народот увиде и добро е да се направи разликата што значи да се има претседател на држава како Стево Пендаровски или претседателка на држава како Гордана Силјановска Давкова.
Прво морам да потенцирам дека на панелот зборував и за традицијата и ми дојде една симболика помеѓу тешкото како една од најголемите македонски симболи. Тешкото е симбол на тоа кога нели младите заминувале во странство, маката нивните родители ја претставувале преку играњето на тешкото. Во Македонија во изминатите 5 години имаше ситуации каде нацијата беше во тешка состојба но немавме некој да не поведе - кажа Стојаноска.
Таа е децидна дека Гордана Силјановска Давкова во 2019 година кога на ВМРО-ДПМНЕ му било најтешко се придружила и станала ороводец на новата приказна на ВМРО-ДПМНЕ која сеуште не е завршена.
Гордана Силјановска Давкова како пратеничка е жена со став, интегритет и жена која никогаш не премолчила кога таа смета дека е во право и тоа го докажува и затоа сметам дека ова е последната шанса да избереме претседател кој достоинствено ќе не претставува во светот - заклучи Стојаноска.

The post Стојаноска: Гордана Силјановска Давкова е жена со став и интегритет која достоинствено ќе не претставува во светот appeared first on Република.

]]>
На Македонија потребен и е претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени, напредок и кој неуморно ќе работи за да се изгради подобра иднина за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-makedonija-potreben-i-e-pretsedatel-so-integritet-lider-koj-ke-ovozmozhi-promeni-napredok-i-koj-neumorno-ke-raboti-za-da-se-izgradi-podobra-idnina-za-site/ Sat, 02 Mar 2024 12:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=750303

На денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена ,,Важно е! Лидерство што носи промени” свое обраќање имаше Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека на Македонија и е потребен претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите.

Во однос на карактеристики и принципи кои треба да ја дефинираат идеалната слика на претседател на државата за ефективно да се заштитат стратешките интереси најпрво треба да се запрашаме што значи да си претседател која е идеалната слика за претседател и кои се стратешките интереси на Македонија. Кога размислуваме за тоа каква е идеалната слика размислуваме и кои се тие вредности кои што пред се треба една личност да ги исполнува за да биде претседател на државата. Во овие изминати пет години ние имавме претседател чија што функција можеме да кажеме дека беше чисто протоколарна. Тој беше таму за да биде само таму или можеме да кажеме дека имавме претседател на државата бидејќи само преку устав беше предвидено одредена личност да биде носител на таа функција. Бевме сведоци дека станува збор на човек кој што имаме целосно отсуство и на интегритет и на било какви вистински вредности. Ова го велам затоа што нашето ткиво нашата држава нашите институции буквално се распаѓаат. Во раководството на државата моментално го имаме Пендаровски и од друга страна двоецот СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети тоа не се луѓе кои што ги имаат вредностите кои што сите ние и нашите граѓани ги посакуваме. Го немаат интегритетот и лидерството за да ја водат државата. Се што е антипод на ова што досега го кажав е идеалната слика за претседател на државата - нагласи Јанушев.

Јанушев посочи дека на Македонија и е потребен претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите.

Нам ни треба личност, претседател кој што поседува интегритет и вистинска посветеност да работи на благосостојбата на сите граѓани во Македонија. Потребен ни е лидер, потребен ни е човек со харизма кој што ќе работи на општото добро и кој што ќе работи на тоа да ја сузбиеме поделеноста во државата. Нам ни треба претседател на народот а не претседател на елитите. Нас ни треба претседател кој што ќе се бори за општото добро, претседател кој што ќе има храброст да носи тешки одлики да биде претседател борец за правда и одговорност подеднакво за сите. Претседател кој бескомпромисно ќе ја штити посебноста на Македонија и македонците насекаде низ светот. Ни треба претседател кој што ќе работи на исполнување на стратешките интереси на државата. Тоа значи дека ќе ги превземе сите потребни чекори, сите потребни активности за целосна интеграција во интегративниот процес на пристап кон ЕУ но притоа да ја штити посебноста и уникатноста на македонскиот народ и држава. Идеалната слика не е само да имаме претседател кој што ќе биде политичка фигура туку претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите -истакна Јанушев.

На панел дискусијата се обрати и пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска. Таа посочи дека традицијата од владеењето на Стево Пендаровски никако не смее да е продолжена од идниот претседател на Република Македонија.

Традиција значи и да се наследи нешто што било добро. Во конкретниов случај бидејќи зборуваме за денешната конвенција на која треба да го избереме нашиот кандидат за иден претседател на Република Македонија јас сметам дека кандидатот единствено што треба да направи е да не ги продолжи традициите односно практиките на актуелниот претседател на Република Македонија бидејќи за жал изминатите 5 години сметам дека Македонија имаше претседател мумија, претседател кој воопшто не реагираше кога на народот тоа му беше потребно - истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска на денешната панел дискусија „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси“.

Таа продолжи и додаде дека владеењето на Стево Пендаровски треба да е запаметено по пет годишно лошо владеење со државата.

Имавме претседател кој ветуваше дека поедини законски решенија кои прошле низ парламентот нема да ги потпише, претседател кој се огради од тоа дека Гоце Делчев е Македонец, претседател кој велеше дека поим немал од содржината на францускиот протокол за да после многу кус период сведочи дека учествувал во неговото креирање. Затоа велам дека традицијата на владеењето на Стево Пендаровски со оваа држава никако не смее да се продолжи. Едноставно треба да биде запаметена како пет годишно лошо владеење со државата која никако не смее да стане наша традиција и пракса на идниот претседател на Република Македонија - кажа Стојаноска.

Таа продолжи и додаде дека во традицијата на Стево Пендаровски имало апсења на уставобранители и предавства.

Традицијата на владеењето на Стево Пендаровски како претседател на Република Македонија треба само да ја запаметиме како лошо владеење и ништо повеќе бидејќи нивната традиција значеше да ги продолжат апсењата на уставобранители, членови на семејството Ченто да бидат во денешно време во затвор, да се случуваат предавства на сопствениот народ, затворања на македонски фирми и гиганти. Затоа сето тоа не смееме да го повториме - кажа Стојаноска.

The post На Македонија потребен и е претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени, напредок и кој неуморно ќе работи за да се изгради подобра иднина за сите appeared first on Република.

Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-pretsedatelski-kandidat-vankovska-sobra-10-iljadi-potpisi/ Fri, 01 Mar 2024 19:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=750195

Вечерва од политичката партија Левица информираа дека нивната кандидатка го собрала потребниот број на потписи за кандидатура за претседател на Македонија.

Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, велат од Левица.

The post Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи appeared first on Република.

]]>

Вечерва од политичката партија Левица информираа дека нивната кандидатка го собрала потребниот број на потписи за кандидатура за претседател на Македонија. Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, велат од Левица.

The post Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: СДСМ ќе има претседателски кандидат, одлуката е на ДУИ дали ќе го поддржи или ќе одат со свој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sdsm-ke-ima-pretsedatelski-kandidat-odlukata-e-na-dui-dali-ke-go-poddrzhi-ili-ke-odat-so-svoj/ Mon, 19 Feb 2024 13:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=745755

СДСМ својот претседателски кандидат ќе го има на крајот на овој или на почетокот на идниот месец и тој ќе биде подддржан од нашите коалициски партнери. Нашиот кандидат сега и во минатото, и нашите влади покажале дека со нас има европска Македонија, Македонија во полноправно членство во НАТО, со другите нема, изјави денеска во Скопје претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

-СДСМ својот претседателски кандидат ќе го има на крајот на овој месец или на самиот почеток на идниот месец. Претседателскиот кандидат којшто ние ќе го предложиме ќе биде подддржан од нашите коалициони партнери. Колку претседателски кандидати ќе има во државата тоа зависи од политичките партии. Нема да се мешам во тоа дали некоја политичка партија ќе кандидира претедателски кандидат или нема да кандидира, дали некој поединец ќе се кандидра. Сепак ние сме демократско општество и секој кандидат, секоја политичка партија има право да кандидира за секоја функција. Она што знам е дека нашиот претседателски кандидат ќе биде поддржан од политички партии коишто биле со нас во коалиција, кои се со нас во коалиција и коишто ќе бидат на идните избори со нас во коалиција, со коишто веќе отпочнуваме разговори во однос на конкретното настапување на изборите, рече Ковачевски по учеството на панел дискусија со студенти на тема „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“.

На новинарско прашање тој истакна дека ДУИ има опција или да го поддржи претседателскиот кандидат којшто СДСМ ќе го предложи или да кандидра свој претседател, и потенцира дека е тоа одлука која треба да ја донесе партијата на ДУИ.

СДСМ ќе има претседателски кандидат и ги повкуваме сиге прогресивни политички партии, поединци невладини органзиции, организации да го поддржат тој кандидат и да ни се приклучат во таа коалција. Оние партии поединци, организции коишто сакаат да се приклучат се разбира низ разговор, кон поддршка на еден таков кандиат, а нашиот кандидат и сега и во минатото, и нашите влади покажале дека со нас има европска Македонија, има Македонија во полноправно членство во НАТО. Со другите нема, бидејќи се покажало 11 години, и четири пред тоа, ниту има ЕУ, ниту има НАТО, Тие коишто сакаат ќе ни се приклучат, тие коишто сметаат дека треба да настапуват со свои кандидати, ние сме демократско општество и секој настапува со кандидати на начин на којшто смета дека треба да настапува. Така што никогаш не било ниту кажано, ниту пак разговарано дека нешто мора да се случи, наведува Ковачевски.

Тој кажа дека со Али Ахмети во последните денови се немале видено, но најави дека тие двајцата ќе одржат средба во блиска иднина.

Ние имавме состаноци во нашата партија со Извршниот штаб, со комисиите, итн, бидејќи работиме на финализирање на Програмата за изборите, и на дефинирање на деталите во однос на изборниот настап, како во партијата, така и со коалиционите партнереи. Сигурно дека ќе се сретнеме во блиска иднина. Меѓутоа, сепак партиите се тие коишто одлучуваат, исто како што СДСМ одлучува, сите други партии исто така одлучуват, рече Ковачевски.

За можна кандидатура на Ахмети за претседателски кандидат, претседсателот на СДСМ упати одговор да побараат во ДУИ.

Ние ќе имаме наш претседателски кандидат, а дали ќе се кандидра и кој ќе биде кандидат на ДУИ, тоа ќе мора нив да ги прашате, јас не можам да ви одговорам, ниту пак имам информација, вели претседателот на СДСМ Ковачевски.

The post Ковачевски: СДСМ ќе има претседателски кандидат, одлуката е на ДУИ дали ќе го поддржи или ќе одат со свој appeared first on Република.

Иако уште не е официјално, Сали му ја честиташе кандидатурата на Ахмети за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iako-ushte-ne-e-ofitsijalno-sali-mu-ja-chestitashe-kandidaturata-na-ahmeti-za-pretsedatel/ Fri, 16 Feb 2024 12:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=744878

Беким Сали, поранешниот министер за здравство од Алтернатива вчера на социјалните мрежи му ја честиташе кандидатурата на Али Ахмети за претседател на државата. Од партијата на Ахмети, ДУИ, се уште нема официјална потврда дека тој ќе биде нивни претседателски кандидат.

Честитки за кандидатурата на Али Ахмети. Да се ​​надеваме дека сојузниците од Отворен Балкан, особено Вучиќ, нема да се вмешаат во изборниот процес како досега“, напиша тој на Фејсбук.

Петходно, Артан Груби на својот профил на Фејсбук објави „Само Али Ахмети“.

The post Иако уште не е официјално, Сали му ја честиташе кандидатурата на Ахмети за претседател appeared first on Република.

Ковачевски: До крајот на месецот ќе се знае претседателскиот кандидат на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-do-krajot-na-mesetsot-ke-se-znae-pretsedatelskiot-kandidat-na-sdsm/ Sun, 11 Feb 2024 16:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=742898

Во интервју за „Слободен печат“, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека постапката за избор на претседателски кандидат на СДСМ се одвива на едно исклучително високо демократско ниво, и дека кон крајот на месецот ќе се знае точно име со кое партијата ќе настапи на претседателските избори.

Како државотворна партија, СДСМ со изборот на кандидатот за претседател на државата ќе одговори на потребите на граѓаните и на татковината. Чесен, широко прифатен од граѓаните, близок со народот, кој ги споделува прогресивните вредности на демократското општество, со визија за европска иднина. Човек кој ќе биде претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност. Тоа е профилот на кандидатот на СДСМ и тоа е профилот на победничкиот кандидат на идниот претседател на државата. Постапката за утврдување кандидат досега се одвива во рамки на партијата на едно исклучително високо демократско ниво. Задоволен сум од тоа што освен степенот на демократија во рамки на процедура имаме повеќе предлози, одговорни личности, со кредибилитет, со високи морални норми. Очекувам на крајот на овој месец да финишира оваа постапка, а потоа и да го објавиме пред граѓаните и да ја побараме нивната поддршка. Две работи се сигурни. Кандидатот ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и секако од граѓаните. Тоа ќе биде идниот претседател на државата кој во следниот мандат заедно со проевропските сили, со проевропската влада, со мене како иден премиер ќе работи на полноправно членство во ЕУ“ посочи Ковачевски.

Запрашан за тоа дали Стево Пендаровски повторно би бил кандидат на СДСМ за претседател на државата, Ковачевски упати пофални зборови за сегашниот претседател, но додаде дека конечната одлука ќе биде донесена наскоро.

Во неколку наврати имам споменато дека претседателот Стево Пендаровски успешно го извршуваше својот мандат во изминатите 5 години. Тој беше поддржан од повеќе партии, ги обединуваше сите етнички заедници и демократски принципи и затоа беше натпартиски, консензуален кандидат. Пендаровски е европски политичар, поддржувач на евроинтеграциите на Северена Македонија, на членството во НАТО. Имајќи го ова превид, секако дека се вклопува во профилот за којшто говориме. Сепак, кој ќе биде кандидат на СДСМ за претседателските избори ќе објавиме наскоро по завршување на целата постапка“ порача тој.

The post Ковачевски: До крајот на месецот ќе се знае претседателскиот кандидат на СДСМ appeared first on Република.

Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина за млади https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-ke-se-kandidira-za-evropska-prestolnina-za-mladi/ Fri, 02 Feb 2024 14:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=739793

Град Скопје на иницијатива на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и бројни младински организации отпочна со подготовка на кандидатура за Европска престолнина за млади, која ја доделува Европскиот младински форум со цел да ги охрабри младите да го зголемат младинското учество во градовите кои конкурираат за ова титула, соопшти денеска Одделението за односи со јавност на градот.

По големиот успех со изборот на Град Скопје за Европска престолнина на културата за 2028, како што информираат од Град Скопје, оваа кандидатура ќе претставува афирмација на меѓународно ниво за градот и на посветеноста и иновативните проекти и активности што се реализираат за младите.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одржа работен состанок со претставници од младинскиот сектор, на кој изрази целосна поддршка на младите и на нивните идеи кои ги изнесоа на средбата, истовремено охрабрувајќи ги да продолжат со нивната креативност, иновативност и континуирано да бидат активно вклучени во сите општествените процеси, информираат од Град Скопје.

Со вклучување во процесот за Европска престолнина за млади, секоја година, еден европски град има можност да ги презентира и покаже иновативните идеи и проекти направени од и за младите, подобрувајќи ја вклученоста на младите во светски рамки. Градовите ја потврдуваат својата заложба младите да имаат еднаква можност да учествуваат во креирањето на политики во социјалната и економска сфера. Тргнувајќи од фактот дека младите се двигатели на општеството, носители се на нови иновативни идеи, ја зајакнуваат локалната демократија и нивниот придонес е од корист во кој секој сегмент, затоа активната поддршка за младите, ги отвора можностите за соработка и следење на примерите за соработка во другите европски градови, се вели во соопштението.

Националниот младински совет на Македонија, се вели во соопштението, истакна задоволство, како најголемо претставничко тело на младите, да го даде својот придонес во кандидатурата на Градот Скопје за Европска престолнина за млади. -Инклузивниот процес и вклучувањето на младинските креативни идеи, знаења, вештини, искуства, енергија, ентузијазам и визија за Скопје, ќе водат кон успешен процес, но и кон подобра иднина за Скопје, каде младите се вклучени во обликувањето на одлуките, активностите и развојот на Градот, се наведува во соопштението.

Град Скопје, се вели во соопштението, настојува да овозможи уникатна можност за младите активно да дејствуваат во различни области на општественото живеење и да ја гледаат својата иднина во Скопје и Македонија. Преку промоцијата на младинскиот активизам важно е да се креираат можности за младите и преку нивно поврзување со културните и образовните институции, како клучни партнери на Градот, тие да бидат активни носители и креатори на голем број градски активности и проекти.

The post Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина за млади appeared first on Република.

]]>

Град Скопје на иницијатива на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и бројни младински организации отпочна со подготовка на кандидатура за Европска престолнина за млади, која ја доделува Европскиот младински форум со цел да ги охрабри младите да го зголемат младинското учество во градовите кои конкурираат за ова титула, соопшти денеска Одделението за односи со јавност на градот. По големиот успех со изборот на Град Скопје за Европска престолнина на културата за 2028, како што информираат од Град Скопје, оваа кандидатура ќе претставува афирмација на меѓународно ниво за градот и на посветеноста и иновативните проекти и активности што се реализираат за младите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одржа работен состанок со претставници од младинскиот сектор, на кој изрази целосна поддршка на младите и на нивните идеи кои ги изнесоа на средбата, истовремено охрабрувајќи ги да продолжат со нивната креативност, иновативност и континуирано да бидат активно вклучени во сите општествените процеси, информираат од Град Скопје.
Со вклучување во процесот за Европска престолнина за млади, секоја година, еден европски град има можност да ги презентира и покаже иновативните идеи и проекти направени од и за младите, подобрувајќи ја вклученоста на младите во светски рамки. Градовите ја потврдуваат својата заложба младите да имаат еднаква можност да учествуваат во креирањето на политики во социјалната и економска сфера. Тргнувајќи од фактот дека младите се двигатели на општеството, носители се на нови иновативни идеи, ја зајакнуваат локалната демократија и нивниот придонес е од корист во кој секој сегмент, затоа активната поддршка за младите, ги отвора можностите за соработка и следење на примерите за соработка во другите европски градови, се вели во соопштението. Националниот младински совет на Македонија, се вели во соопштението, истакна задоволство, како најголемо претставничко тело на младите, да го даде својот придонес во кандидатурата на Градот Скопје за Европска престолнина за млади. -Инклузивниот процес и вклучувањето на младинските креативни идеи, знаења, вештини, искуства, енергија, ентузијазам и визија за Скопје, ќе водат кон успешен процес, но и кон подобра иднина за Скопје, каде младите се вклучени во обликувањето на одлуките, активностите и развојот на Градот, се наведува во соопштението. Град Скопје, се вели во соопштението, настојува да овозможи уникатна можност за младите активно да дејствуваат во различни области на општественото живеење и да ја гледаат својата иднина во Скопје и Македонија. Преку промоцијата на младинскиот активизам важно е да се креираат можности за младите и преку нивно поврзување со културните и образовните институции, како клучни партнери на Градот, тие да бидат активни носители и креатори на голем број градски активности и проекти.  

The post Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина за млади appeared first on Република.

]]>
Спасеновски за ТВ21: Нека се крене маглата над Македонија и ќе донесеме одлука за претседателска номинација од oпозицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-za-tv21-neka-se-krene-maglata-nad-makedonija-i-ke-doneseme-odluka-za-pretsedatelska-nominatsija-od-opozitsijata/ Mon, 06 Nov 2023 17:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=698913

Едно од имињата кои се споменуваат како кандидат за претседателската трка идната година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот пратеник и универзитетски професор Александар Спасеновски.

Тој беше во „Клик Плус“ на ТВ21 и одговори на прашањето дали е тој на листата на кандидати.

Мислам дека е рано за било каков одговор. И натаму постојат голем број непознаници со изборите, со карактерот, дали ќе бидат одвоени, и со оглед дека маглата не е расчистена, многу е рано да дадам одговор. Дали би прифатил? Не би можел да се изјаснам во оваа фаза - вели Спасеновски.

The post Спасеновски за ТВ21: Нека се крене маглата над Македонија и ќе донесеме одлука за претседателска номинација од oпозицијата appeared first on Република.

]]>

Едно од имињата кои се споменуваат како кандидат за претседателската трка идната година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот пратеник и универзитетски професор Александар Спасеновски. Тој беше во „Клик Плус“ на ТВ21 и одговори на прашањето дали е тој на листата на кандидати.
Мислам дека е рано за било каков одговор. И натаму постојат голем број непознаници со изборите, со карактерот, дали ќе бидат одвоени, и со оглед дека маглата не е расчистена, многу е рано да дадам одговор. Дали би прифатил? Не би можел да се изјаснам во оваа фаза - вели Спасеновски.

The post Спасеновски за ТВ21: Нека се крене маглата над Македонија и ќе донесеме одлука за претседателска номинација од oпозицијата appeared first on Република.

]]>
Тома Фила е кандидат за градоначалник на Белград на СПС https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/toma-fila-e-kandidat-za-gradonachalnik-na-belgrad-na-sps/ Wed, 01 Nov 2023 19:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=697206

Познатиот белградски адвокат со македонско потекло и член на Претседателството на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Тома Фила, ќе биде кандидат на СПС за градоначалник на градот Белград на изборите што треба да се одржат на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

На изборите во 2022 година, Тома Фила исто така беше кандидат за градоначалник на Белград на СПС и до овие избори беше пратеник во собранието на град Белград.

Фила тогаш за МИА изјави дека сака да биде прв Македонец кој би можел да стане градоначалник на Белград.

-Дедо ми беше градоначалник на Скопје од 1923 до 1926 година, и јас си кажав, па ако можеше дедо ми да биде градоначалник на Скопје, зошто не би можел јас да бидам градоначалник на Белград. Се надевам со помош на Македонците кои живеат во Белград, кои ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец, изјави тогаш Тома Фила.

Инаку денес СПС со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС) коалициски договор за вонредните парламентарни и белградски избори на 17 декември.

Заедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“,

Тома Фила ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Белград за оваа изборна коалиција.

The post Тома Фила е кандидат за градоначалник на Белград на СПС appeared first on Република.

]]>

Познатиот белградски адвокат со македонско потекло и член на Претседателството на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Тома Фила, ќе биде кандидат на СПС за градоначалник на градот Белград на изборите што треба да се одржат на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград. На изборите во 2022 година, Тома Фила исто така беше кандидат за градоначалник на Белград на СПС и до овие избори беше пратеник во собранието на град Белград. Фила тогаш за МИА изјави дека сака да биде прв Македонец кој би можел да стане градоначалник на Белград. -Дедо ми беше градоначалник на Скопје од 1923 до 1926 година, и јас си кажав, па ако можеше дедо ми да биде градоначалник на Скопје, зошто не би можел јас да бидам градоначалник на Белград. Се надевам со помош на Македонците кои живеат во Белград, кои ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец, изјави тогаш Тома Фила. Инаку денес СПС со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС) коалициски договор за вонредните парламентарни и белградски избори на 17 декември. Заедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“, Тома Фила ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Белград за оваа изборна коалиција.

The post Тома Фила е кандидат за градоначалник на Белград на СПС appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Египет потврди дека ќе се кандидира за трет мандат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-egipet-potvrdi-deka-ke-se-kandidira-za-tret-mandat/ Mon, 02 Oct 2023 20:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=687258

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска потврди дека ќе се кандидира за трет мандат на претседателските избори закажани за декември.

Сиси, поранешен генерал кој е претседател од 2014 година, се очекуваше повторно да се кандидира и се смета дека би можел да освои трет мандат по уставните измени пред четири години кои му овозможуваат да остане на власт до 2030 година.

Неколку илјади приврзаници на Сиси се собраа денеска во Каиро и побараа трет мандат за претседателот кој е на власт откако го собори од власт Мохамед Морси.

Демонстрантите собрани на плоштадите во Каиро носат плакати на кои пишува „Да за стабилност“.

Сите излеговме да го поддржиме претседателот Сиси и неговите големи проекти, нема ништо подобро за нашата иднина, изјави еден од демонстрантите.

Сиси победи на изборите во 2014 и 2018 година со 96 и 97 отсто од гласовите откако ја скрши опозицијата со репресија.

Со ревизија на Уставот во 2019 година, Сиси може да се кандидира по трет пат, а мандатот е продолжен од четири на шест години.

The post Претседателот на Египет потврди дека ќе се кандидира за трет мандат appeared first on Република.

]]>

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска потврди дека ќе се кандидира за трет мандат на претседателските избори закажани за декември. Сиси, поранешен генерал кој е претседател од 2014 година, се очекуваше повторно да се кандидира и се смета дека би можел да освои трет мандат по уставните измени пред четири години кои му овозможуваат да остане на власт до 2030 година. Неколку илјади приврзаници на Сиси се собраа денеска во Каиро и побараа трет мандат за претседателот кој е на власт откако го собори од власт Мохамед Морси. Демонстрантите собрани на плоштадите во Каиро носат плакати на кои пишува „Да за стабилност“.
Сите излеговме да го поддржиме претседателот Сиси и неговите големи проекти, нема ништо подобро за нашата иднина, изјави еден од демонстрантите.
Сиси победи на изборите во 2014 и 2018 година со 96 и 97 отсто од гласовите откако ја скрши опозицијата со репресија. Со ревизија на Уставот во 2019 година, Сиси може да се кандидира по трет пат, а мандатот е продолжен од четири на шест години.

The post Претседателот на Египет потврди дека ќе се кандидира за трет мандат appeared first on Република.

]]>
Му се заканувале: Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mu-se-zakanuvale-eden-od-kandidatite-za-pretsedatel-na-slovenija-ja-povleche-kandidaturata/ Mon, 03 Oct 2022 15:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=556927

Музичарот Грегор Безеншек, кој се кандидираше на словенечките претседателски избори, денеска ја повлече својата кандидатура.

Безеншек во септември прв поднесе кандидатура за изборите закажани за 23 октомври.

Тој на прес-конференција појасни дека поради тоа, изминатиов период бил изложен на „исклучителни притисоци, непријателски пораки и закани“, јави словенечката новинска агенција СТА.

Без да каже детали, Безеншек додаде дека е против секаков говор на омраза и каква било агресија.

Неговиот изборен штаб ги потврди заканите, што оделе и во насока кон физичко насилство.

Државната изборна комисија веќе ја потврди кандидатурата на Безеншек, кој како независен кандидат доби поддршка од 5.673 гласачи. Според комисијата, станува збор за прв случај каде кандидат ја повлекува согласноста за веќе потврдена кандидатура.

Рокот за повлекување на согласноста за кандидатурата за претседател истекува денеска.

По повлекувањето на Безеншек, во претседателската трка остануваат седум кандидати. Претставникот на партијата Нова Словенија – Јанез Циглер Краљ, градоначалникот на Кочевје и кандидат на зелената партија Весна – Владимир Пребилиќ, претставникот на опозициската Словенечка демократска партија – Анже Логар, адвокатката Наташа Пирц Мусар, претставникот на партијата Левица – Михо Кордиш, европратеникот и заеднички кандидат на Социјалните демократи и Движењето слобода – Милан Брглез и кандидатката на партијата Ресни.ца – Сабина Сенчар.

The post Му се заканувале: Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата appeared first on Република.

]]>

Музичарот Грегор Безеншек, кој се кандидираше на словенечките претседателски избори, денеска ја повлече својата кандидатура. Безеншек во септември прв поднесе кандидатура за изборите закажани за 23 октомври. Тој на прес-конференција појасни дека поради тоа, изминатиов период бил изложен на „исклучителни притисоци, непријателски пораки и закани“, јави словенечката новинска агенција СТА. Без да каже детали, Безеншек додаде дека е против секаков говор на омраза и каква било агресија. Неговиот изборен штаб ги потврди заканите, што оделе и во насока кон физичко насилство. Државната изборна комисија веќе ја потврди кандидатурата на Безеншек, кој како независен кандидат доби поддршка од 5.673 гласачи. Според комисијата, станува збор за прв случај каде кандидат ја повлекува согласноста за веќе потврдена кандидатура. Рокот за повлекување на согласноста за кандидатурата за претседател истекува денеска. По повлекувањето на Безеншек, во претседателската трка остануваат седум кандидати. Претставникот на партијата Нова Словенија – Јанез Циглер Краљ, градоначалникот на Кочевје и кандидат на зелената партија Весна – Владимир Пребилиќ, претставникот на опозициската Словенечка демократска партија – Анже Логар, адвокатката Наташа Пирц Мусар, претставникот на партијата Левица – Михо Кордиш, европратеникот и заеднички кандидат на Социјалните демократи и Движењето слобода – Милан Брглез и кандидатката на партијата Ресни.ца – Сабина Сенчар.  

The post Му се заканувале: Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата appeared first on Република.

]]>
Бугарски филм во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е кандидат за Оскар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bugarski-film-vo-koj-igra-makedonskiot-akter-igor-angelov-e-kandidat-za-oskar/ Sat, 24 Sep 2022 11:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=553773

Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова.

Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика.

„Во срцето на машината“ на Макариев е бугарски трилер, награден со „Златна роза“ на познатиот филмски фестивал во Варна во 2021 година и добитник на наградата за најдобар филм на Софија филм фест во 2022 година. Неодамна, за дописникот на МИА од Софија, Ангелов коментираше дека е пријатно изненаден што преку своите улоги станал многу популарен во Бугарија и рече дека ова е признание за неговата работа. Игор Ангелов во Бугарија е познат и по улогата во македонската серија „Преспав“, каде еден од тимот сценаристи е познатиот бугарски писател Александар Попов. Во моментов познатата бугарска Нова ТВ го емитува филмот „Со река на срцето“ во кој ја игра македонскиот актер Игор Ангелов.

The post Бугарски филм во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е кандидат за Оскар appeared first on Република.

]]>

Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова. Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика. „Во срцето на машината“ на Макариев е бугарски трилер, награден со „Златна роза“ на познатиот филмски фестивал во Варна во 2021 година и добитник на наградата за најдобар филм на Софија филм фест во 2022 година. Неодамна, за дописникот на МИА од Софија, Ангелов коментираше дека е пријатно изненаден што преку своите улоги станал многу популарен во Бугарија и рече дека ова е признание за неговата работа. Игор Ангелов во Бугарија е познат и по улогата во македонската серија „Преспав“, каде еден од тимот сценаристи е познатиот бугарски писател Александар Попов. Во моментов познатата бугарска Нова ТВ го емитува филмот „Со река на срцето“ во кој ја игра македонскиот актер Игор Ангелов.  

The post Бугарски филм во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е кандидат за Оскар appeared first on Република.

]]>
Носителот на СДСМ за Тетово се пишал Албанец за да се вработи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nositelot-na-sdsm-za-tetovo-se-pishal-albanec-za-da-se-vraboti/ Thu, 18 Aug 2022 15:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=541756

За да се вработи во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, акутелниот носител на советничка листа на СДСМ за локалните избори во Тетово, Глигорије Стојановски, во пријавата навел дека е Албанец, бидејќи во огласот било наведено дека истиот е наменет за вработување на кандидати Албанци, дознава Вечер.мк.

Со тоа Стојановски бил вработен со одлука на директорот на ЈУ МЦСР Тетово, земајќи го местото на други кандидати, слика која последниве неколку години откако СДСМ е на власт е се почесто, како Македонци за да се вработат по партиска линија, на огласи се пишуваат како Албанци, Роми или Турци.

Ова било причина кандидатка која извисила и била рангирана подолу на листата, бидејќи Поповски и го зел местото со изјавата дека е Албанец, да поднсе тужба против ЈУ МЦСР Тетово.

Од документите до кои дојде Вечер.мк Апелациониот суд во Тетово ја прифатил тужбата и пресудил дека тужбата на кандидатката која извисила се усвојува и ја поништил одлуката за вработување на тројцата кандидати меѓу кои бил и Стојановски. Понатаму судот го задолжил директорот на ЈУ МЦСР Тетово да распише нов оглас, но и да ги плати трошоците од 63.040 денари

Судот утврдил дека Глигорије Стојановски, и покрај тоа што навел дека е Албанец за да се вработи на овој оглас, не успеал да ја докаже националноста како Албанец, односно не дал никаков доказ за тоа. Ова било причината судот да ја укине одлуката на директорот на ЈУ МЦСР Тетово

Со тоа оваа одлука на Стојановски носителот на листа на СДСМ не само што навел дека Албанец, туку оштетен е и буџетот на инстинституцијата.

Целиот текст тука

The post Носителот на СДСМ за Тетово се пишал Албанец за да се вработи appeared first on Република.

]]>

За да се вработи во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, акутелниот носител на советничка листа на СДСМ за локалните избори во Тетово, Глигорије Стојановски, во пријавата навел дека е Албанец, бидејќи во огласот било наведено дека истиот е наменет за вработување на кандидати Албанци, дознава Вечер.мк. Со тоа Стојановски бил вработен со одлука на директорот на ЈУ МЦСР Тетово, земајќи го местото на други кандидати, слика која последниве неколку години откако СДСМ е на власт е се почесто, како Македонци за да се вработат по партиска линија, на огласи се пишуваат како Албанци, Роми или Турци. Ова било причина кандидатка која извисила и била рангирана подолу на листата, бидејќи Поповски и го зел местото со изјавата дека е Албанец, да поднсе тужба против ЈУ МЦСР Тетово. Од документите до кои дојде Вечер.мк Апелациониот суд во Тетово ја прифатил тужбата и пресудил дека тужбата на кандидатката која извисила се усвојува и ја поништил одлуката за вработување на тројцата кандидати меѓу кои бил и Стојановски. Понатаму судот го задолжил директорот на ЈУ МЦСР Тетово да распише нов оглас, но и да ги плати трошоците од 63.040 денари Судот утврдил дека Глигорије Стојановски, и покрај тоа што навел дека е Албанец за да се вработи на овој оглас, не успеал да ја докаже националноста како Албанец, односно не дал никаков доказ за тоа. Ова било причината судот да ја укине одлуката на директорот на ЈУ МЦСР Тетово Со тоа оваа одлука на Стојановски носителот на листа на СДСМ не само што навел дека Албанец, туку оштетен е и буџетот на инстинституцијата. Целиот текст тука

The post Носителот на СДСМ за Тетово се пишал Албанец за да се вработи appeared first on Република.

]]>
Пријавени седум кандидати за претседателските избори во Србија закажани за април https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prijaveni-sedum-kandidati-za-pretsedatelskite-izbori-vo-srbija-zakazani-za-april/ Mon, 07 Feb 2022 12:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=455139

Со истакнување на кандидатурата на Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски од Заветници за претседател на Србија на претстојните избори на 3 април, таа стана седма личност која има намера да учествува на изборите за претседател на републиката, а да партиите од владејачката коалиција се уште не го објавиле својот кандидат, кој се очекува да биде лидерот на СНС Александар Вучиќ.

Според аналитичарите различноста на опозициската политичка сцена во Србија е таква да нивен единствен кандидат е речиси невозможна мисија, анализира ТВ Н1.

Оваа кандидатура е најмалку четврта на десното крило на српската опозиција и седма воопшто. Досега свои претседателски кандидатури најавија Бошко Обрадовиќ од српското движење Двери, Милош Јовановиќ пред коалицијата НАДА (ДСС и ПОКС) и Милош Вациќ од Српската десница. Од коалицијата Обединета Србија (ПСС, НС, ДС, ПСГ,ПзП, ПСС, Слога, ДЗВМ, Граѓанското движење) како кандидат за претседател го истакна Здравко Понош, а пред нив се кандидраше и новинарот Срѓан Шкоро и Никола Сандуловиќ од Републиканската партија. Списокот веројатно не е конечен, оти сеуште се премислува и поранешниот претседател, сега лидер на Социјалдемократската странка на Србија, Борис Тадиќ.

Добрица Веселиновиќ од движењето Да не го давиме Белград и еколошката коалицијата Мораме изјави дека одлуката за претседателската кандидатура се уште не е донесена.

Опозицијата не само што оди со повеќе претседателски кандидати, туку и со неколку изборни листи за парламентарните избори.

-Во ваквата опозиција, која е доста хетерогена, тешко е да се очекува една листа. Тие се неизбежни, но не треба да се претерува со нив. Евентуално, две опозициски листи се доволни, но очигледно нема да има две, изјави за Н1 програмскиот директор на Демостат, Зоран Пановиќ..

Владејачката коалиција гледа на претседателските избори да не троши гласови, а на парламентарни оди со неколку листи. И за сето тоа има добра причина која според политичкиот аналитичар Ѓорѓе Вукадиновиќ е во тоа што режимот е во своевидна дефанзива.

-Се покажа дека силата на СНС и на Вучиќ е повеќе последица на слабоста на опозицијата. Не верувам дека ќе има промена што ја присакуваме, иако вториот круг би бил сериозна промена. Промена би била победата на опозицијата на парламентарните избори, водство на претседателските избори и победа на изборите за градот Белград. Не верувам дека ќе се разбудиме во ваква Србија, но нема да биде баш исто како досега. Ќе има некои промени. Конкретно, одредено слабеење на оваа апсолутна семоќ на Вучиќ и СНС, истакна Вукадиновиќ за Н1.

The post Пријавени седум кандидати за претседателските избори во Србија закажани за април appeared first on Република.

]]>

Со истакнување на кандидатурата на Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски од Заветници за претседател на Србија на претстојните избори на 3 април, таа стана седма личност која има намера да учествува на изборите за претседател на републиката, а да партиите од владејачката коалиција се уште не го објавиле својот кандидат, кој се очекува да биде лидерот на СНС Александар Вучиќ. Според аналитичарите различноста на опозициската политичка сцена во Србија е таква да нивен единствен кандидат е речиси невозможна мисија, анализира ТВ Н1. Оваа кандидатура е најмалку четврта на десното крило на српската опозиција и седма воопшто. Досега свои претседателски кандидатури најавија Бошко Обрадовиќ од српското движење Двери, Милош Јовановиќ пред коалицијата НАДА (ДСС и ПОКС) и Милош Вациќ од Српската десница. Од коалицијата Обединета Србија (ПСС, НС, ДС, ПСГ,ПзП, ПСС, Слога, ДЗВМ, Граѓанското движење) како кандидат за претседател го истакна Здравко Понош, а пред нив се кандидраше и новинарот Срѓан Шкоро и Никола Сандуловиќ од Републиканската партија. Списокот веројатно не е конечен, оти сеуште се премислува и поранешниот претседател, сега лидер на Социјалдемократската странка на Србија, Борис Тадиќ. Добрица Веселиновиќ од движењето Да не го давиме Белград и еколошката коалицијата Мораме изјави дека одлуката за претседателската кандидатура се уште не е донесена. Опозицијата не само што оди со повеќе претседателски кандидати, туку и со неколку изборни листи за парламентарните избори. -Во ваквата опозиција, која е доста хетерогена, тешко е да се очекува една листа. Тие се неизбежни, но не треба да се претерува со нив. Евентуално, две опозициски листи се доволни, но очигледно нема да има две, изјави за Н1 програмскиот директор на Демостат, Зоран Пановиќ.. Владејачката коалиција гледа на претседателските избори да не троши гласови, а на парламентарни оди со неколку листи. И за сето тоа има добра причина која според политичкиот аналитичар Ѓорѓе Вукадиновиќ е во тоа што режимот е во своевидна дефанзива. -Се покажа дека силата на СНС и на Вучиќ е повеќе последица на слабоста на опозицијата. Не верувам дека ќе има промена што ја присакуваме, иако вториот круг би бил сериозна промена. Промена би била победата на опозицијата на парламентарните избори, водство на претседателските избори и победа на изборите за градот Белград. Не верувам дека ќе се разбудиме во ваква Србија, но нема да биде баш исто како досега. Ќе има некои промени. Конкретно, одредено слабеење на оваа апсолутна семоќ на Вучиќ и СНС, истакна Вукадиновиќ за Н1.

The post Пријавени седум кандидати за претседателските избори во Србија закажани за април appeared first on Република.

]]>