кандидат за претседател на Собранието на ДПМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidat-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-dpm/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 09:51:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидат за претседател на Собранието на ДПМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidat-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-dpm/ 32 32 Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ivan-antonovski-ja-povleche-kandidaturata-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-dpm/ Tue, 23 Jan 2024 09:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=735808

Писателот Иван Антоновски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

По јавно достапните информации дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ, правно, воопшто и не постои, искрено, бев во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостоечка позиција. Сепак, сметам дека имам морална обврска да се обратам до вас и да ве известам дека и формално го преземам овој чекор, затоа што ставовите и програмските определби од мојата кандидатура, всушност, беа одраз на тоа што голем дел од членството го чувствува и го изрази како потреба, се вели во соопштението на Антоновски.

Тој посочи дека со формалното повлекување на кандидатурата се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото.

Верувам дека потребата од заложби за модернизација и транформација на македонската писателска асоцијација и натаму е силна, иако, по сето она што го посведочивме во овој период, јасно е дека патот ќе биде уште подолг и потежок. Заложбите беа и се за нов систем на вредности, а не за продлабочување на веќе постоечките проблеми. И покрај сè, сакам да верувам дека ДПМ може да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа, а дали тоа ќе се случи зависи од секој од нас – членовите на ДПМ!, додава Антоновски.

The post Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ appeared first on Република.

]]>