кандидат за претседател на СДСМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidat-za-pretsedatel-na-sdsm/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 12:43:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидат за претседател на СДСМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kandidat-za-pretsedatel-na-sdsm/ 32 32 Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-branot-na-promeni-e-trgnat-i-nema-zapirane-na-30-juni/ Fri, 28 Jun 2024 11:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=791552

Со средби со членовите во Центар, Карпош и Кисела вода продолжија теренските активности на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Членовите отворено зборуваат за состојбите, незадоволството и даваат конкретни идеи како да се реформира партијата во иднина. Најмногу ги интересира кадровската обнова на партијата и како да се врати важноста на месните организации.

Охрабрува тоа што луѓето отворено зборуваат, критикуваат, но и активно даваат свои предлози за промените кои ни претстојат. Тоа е здраво и суштинско, и јас сакам да слушам сè што имаат да ни кажат. Бидејќи ако не си ги кажеме сега работите какви што сè нема да можеме да влеземе во процесот на заздравување. Никој не треба да се „вознемирува“ од зборовите на членството и од критиките на луѓето. Напротив треба да ги слушаме и да постапиме така како што зборуваат ако сакаме да одиме напред, рече Деспотовски.

Членовите во Карпош и Кисела Вода отворено зборуваа за потребата од расчистување со досегашната кадровска политика, изгубената комуникација на општинските и месните организации со партискиот врв и потребата од обединување.„Пораката е дека се незадоволни од состојбите во партијата и на 30.06, во недела сите тие ќе се определат дали се за нов почеток или ќе одиме по старо. На 30.06 ние ќе имаме референдум и тој референдум ќе биде успешен. Она што е важно е дека СДСМ нема да се обедини околу човек ниту програма, СДСМ ќе се обедини околу јасен став, принципи и нов почеток. Заедно ќе дефинираме јасни принцип и ставови за клучни прашања важни и за државата и за граѓаните, коишто ги немавме изминативе години,“ порача Деспотовски и додаде дека “не е можно да се гради нов почеток со стари кадри“.

Како следни чекори Деспотовски појасни дека програмата Нов почеток, Нов СДСМ е веќе дополнета со сите, над 200 пристигнати предлози од членовите, меѓу кои е и подготовка на правилник со утврдување на критериуми за кандидати за функции, навремено профилирање на потенцијални кандидати за функции и следење на фидбекот на јавноста за потенцијалните кандидати кое ќе се примени веќе од октомври за кандидатите за градоначалник, воведување на принцип на менторство за избрани односно предвидени кандидати за функции, финансиска независност на СДММ и Форумот на жени со одреден процент на надомест од средствата добиени од буџетот.

Оваа програма и предвидените промени по 30.06 ќе бидат интегрирани во идниот Статут на партијата за да не останат само убави желби на хартија. Според планот на активности до крај на летото веќе ќе треба да ги избереме сите нови општински раководства и делегати и потоа да свикаме Конгрес на кој ќе се изгласа новиот Статут, појасни Деспотовски.

The post Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни appeared first on Република.

]]>

Со средби со членовите во Центар, Карпош и Кисела вода продолжија теренските активности на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Членовите отворено зборуваат за состојбите, незадоволството и даваат конкретни идеи како да се реформира партијата во иднина. Најмногу ги интересира кадровската обнова на партијата и како да се врати важноста на месните организации.
Охрабрува тоа што луѓето отворено зборуваат, критикуваат, но и активно даваат свои предлози за промените кои ни претстојат. Тоа е здраво и суштинско, и јас сакам да слушам сè што имаат да ни кажат. Бидејќи ако не си ги кажеме сега работите какви што сè нема да можеме да влеземе во процесот на заздравување. Никој не треба да се „вознемирува“ од зборовите на членството и од критиките на луѓето. Напротив треба да ги слушаме и да постапиме така како што зборуваат ако сакаме да одиме напред, рече Деспотовски.
Членовите во Карпош и Кисела Вода отворено зборуваа за потребата од расчистување со досегашната кадровска политика, изгубената комуникација на општинските и месните организации со партискиот врв и потребата од обединување.„Пораката е дека се незадоволни од состојбите во партијата и на 30.06, во недела сите тие ќе се определат дали се за нов почеток или ќе одиме по старо. На 30.06 ние ќе имаме референдум и тој референдум ќе биде успешен. Она што е важно е дека СДСМ нема да се обедини околу човек ниту програма, СДСМ ќе се обедини околу јасен став, принципи и нов почеток. Заедно ќе дефинираме јасни принцип и ставови за клучни прашања важни и за државата и за граѓаните, коишто ги немавме изминативе години,“ порача Деспотовски и додаде дека “не е можно да се гради нов почеток со стари кадри“. Како следни чекори Деспотовски појасни дека програмата Нов почеток, Нов СДСМ е веќе дополнета со сите, над 200 пристигнати предлози од членовите, меѓу кои е и подготовка на правилник со утврдување на критериуми за кандидати за функции, навремено профилирање на потенцијални кандидати за функции и следење на фидбекот на јавноста за потенцијалните кандидати кое ќе се примени веќе од октомври за кандидатите за градоначалник, воведување на принцип на менторство за избрани односно предвидени кандидати за функции, финансиска независност на СДММ и Форумот на жени со одреден процент на надомест од средствата добиени од буџетот.
Оваа програма и предвидените промени по 30.06 ќе бидат интегрирани во идниот Статут на партијата за да не останат само убави желби на хартија. Според планот на активности до крај на летото веќе ќе треба да ги избереме сите нови општински раководства и делегати и потоа да свикаме Конгрес на кој ќе се изгласа новиот Статут, појасни Деспотовски.

The post Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни appeared first on Република.

]]>
Петровска: Ако не бидам избрана за лидер на СДСМ, нема да извршувам друга партиска функција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ako-ne-bidam-izbrana-za-lider-na-sdsm-nema-da-izvrshuvam-druga-partiska-funktsija/ Sun, 02 Jun 2024 17:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=784212

Министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска,која пред неколку дена најави дека ќе се кандидира за претседателка на СДСМ, во изјава за Телма рече дека ако не биде избрана за претседател, нема да извршува друга партиска функција.

Изјавата на Петровска доаѓа откако Јован Деспотовски, уште еден кандидат за челното место во СДСМ, во објава на својот фејсбук-профил побара секој учесник на внатрешните избори за претседател на партијата да се обврзе дека нема да прифаќа ниедна друга функција, ниту на централно, ниту на локално ниво, ако не биде избран. Деспотовски додаде дека според него ова правило ќе овозможи фер игра, како и дека овој предлог го доставил до партиската централна изборна комисија.

„Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство“, напиша Деспотовски.

Петровска нареднава недела и официјално ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ, согласно партискиот Статут. Но, таа побара, освен обврската за поразените на внатрепартиските избори да не влегуваат во партиските тела, да се воведе и обврска никој да не може по третпат да се кандидира, како и задолжение дека ако некој кандидат или избраниот претседател се соочи со кривична одговорност, да се повлече од функцијата.

„Доколку не бидам избрана, нема да прифатам или да извршувам каква било функција во партиските тела и во претседателството. За предложената изјава лично не сум против и ќе ја потпишам. Но, прво ќе предложам дополнување дека доколку некој кандидат не биде избран, нема да се кандидира по третпат за партиски претсeдател. Во изјавата треба да стои и дека доколку за кој било кандидат или веќе избран партиски претседател има или се отвори кривична постапка пред институциите, тој или таа ќе си даде оставка за да не ја компромитира партијата. Предлозите од партиските другарки и другарки треба да се разменуваат во партиска комуникација, а не преку медиуми“, вели Петровска за Телма.

The post Петровска: Ако не бидам избрана за лидер на СДСМ, нема да извршувам друга партиска функција appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска,која пред неколку дена најави дека ќе се кандидира за претседателка на СДСМ, во изјава за Телма рече дека ако не биде избрана за претседател, нема да извршува друга партиска функција. Изјавата на Петровска доаѓа откако Јован Деспотовски, уште еден кандидат за челното место во СДСМ, во објава на својот фејсбук-профил побара секој учесник на внатрешните избори за претседател на партијата да се обврзе дека нема да прифаќа ниедна друга функција, ниту на централно, ниту на локално ниво, ако не биде избран. Деспотовски додаде дека според него ова правило ќе овозможи фер игра, како и дека овој предлог го доставил до партиската централна изборна комисија. „Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство“, напиша Деспотовски. Петровска нареднава недела и официјално ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ, согласно партискиот Статут. Но, таа побара, освен обврската за поразените на внатрепартиските избори да не влегуваат во партиските тела, да се воведе и обврска никој да не може по третпат да се кандидира, како и задолжение дека ако некој кандидат или избраниот претседател се соочи со кривична одговорност, да се повлече од функцијата. „Доколку не бидам избрана, нема да прифатам или да извршувам каква било функција во партиските тела и во претседателството. За предложената изјава лично не сум против и ќе ја потпишам. Но, прво ќе предложам дополнување дека доколку некој кандидат не биде избран, нема да се кандидира по третпат за партиски претсeдател. Во изјавата треба да стои и дека доколку за кој било кандидат или веќе избран партиски претседател има или се отвори кривична постапка пред институциите, тој или таа ќе си даде оставка за да не ја компромитира партијата. Предлозите од партиските другарки и другарки треба да се разменуваат во партиска комуникација, а не преку медиуми“, вели Петровска за Телма.

The post Петровска: Ако не бидам избрана за лидер на СДСМ, нема да извршувам друга партиска функција appeared first on Република.

]]>
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ke-bira-pretsedatel-na-30-juni/ Tue, 28 May 2024 06:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=782252

Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски.

Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација.

На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија, се наведува во партиското соопштение.

The post СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни appeared first on Република.

]]>

Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски. Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација. На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија, се наведува во партиското соопштение.

The post СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни appeared first on Република.

]]>
Раководството на СДСМ ќе го поддржи Пендаровски за нов мандат за претседател на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rakovodstvoto-na-sdsm-ke-go-poddrzhi-pendarovski-za-nov-mandat-za-pretsedatel-na-drzhavata/ Wed, 21 Feb 2024 16:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=746673

Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски, објави државната агенција МИА.

Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 - ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.

Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, велат од СДСМ.

 

The post Раководството на СДСМ ќе го поддржи Пендаровски за нов мандат за претседател на државата appeared first on Република.

]]>

Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски, објави државната агенција МИА. Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 - ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.
Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, велат од СДСМ.
 

The post Раководството на СДСМ ќе го поддржи Пендаровски за нов мандат за претседател на државата appeared first on Република.

]]>
Фатмир Битиќи би прифатил да биде кандидат на СДСМ за претседател на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fatmir-bitiki-bi-prifatil-da-bide-kandidat-na-sdsm-za-pretsedatel-na-makedonija/ Thu, 08 Feb 2024 21:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=741995

Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда.
Ова вечерва го изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во интервју за Алсат, на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат.

Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда – изјави Битиќи.

До неодамна, како можен кандидат на СДСМ за шеф на државата, медиумите го спомнуваа и доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

До сега само Левица објави дека нејзин кандидат за претседател на изборите во мај ќе биде универзитетската професорка Билјана Ванковска.

The post Фатмир Битиќи би прифатил да биде кандидат на СДСМ за претседател на Македонија appeared first on Република.

]]>

Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда. Ова вечерва го изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во интервју за Алсат, на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат.
Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда – изјави Битиќи.
До неодамна, како можен кандидат на СДСМ за шеф на државата, медиумите го спомнуваа и доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. До сега само Левица објави дека нејзин кандидат за претседател на изборите во мај ќе биде универзитетската професорка Билјана Ванковска.

The post Фатмир Битиќи би прифатил да биде кандидат на СДСМ за претседател на Македонија appeared first on Република.

]]>