канцер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kancer/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 13:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png канцер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kancer/ 32 32 Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години, доколку нема опструкции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gulaboski-vaktsinata-protiv-site-vidovi-na-kantser-ke-bide-dostapna-za-edna-do-dve-godini-dokolku-nema-opstruktsii/ Sat, 18 Nov 2023 13:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=702890

Доколку нема државни, политички и фармацевтски опструкции, вакцината против сите типови на канцер ќе биде достапна на пазарот за една до две години, вели во видео интервју за МИА, Рубин Гулабоски, научник на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кој е меѓу топ два проценти на највлијателни научници во светот според Стендфорд листата.

– Тоа е резултат на истражувања на „Бионтек“ компанијата којашто беше вклучена во дизајнирањето на „Фајзер бионтек“ вакцината mRNA за која можеме што сакаме да кажуваме, меѓутоа таа го спаси човештвото. Веќе ги имаат објавено првите резултати пред неколку недели, каде што на животни имаат покажано повеќе од 80 проценти ефикасност на сите типови на канцер, вели Гулабоски во интервјуто снимено во прес-центарот на МИА во Штип.

Според Гулабоски, преку науката однапред можат да се предвидат проблемите, што ќе се јават во светот. Сајбер безбедноста, криптовалутите и енергетските проблеми ќе бидат главните проблеми.

Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Гулабоски зборува и за одливот на научници и за малата сума на средства што се одвојува за развој на науката.

The post Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години, доколку нема опструкции appeared first on Република.

]]>

Доколку нема државни, политички и фармацевтски опструкции, вакцината против сите типови на канцер ќе биде достапна на пазарот за една до две години, вели во видео интервју за МИА, Рубин Гулабоски, научник на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кој е меѓу топ два проценти на највлијателни научници во светот според Стендфорд листата. – Тоа е резултат на истражувања на „Бионтек“ компанијата којашто беше вклучена во дизајнирањето на „Фајзер бионтек“ вакцината mRNA за која можеме што сакаме да кажуваме, меѓутоа таа го спаси човештвото. Веќе ги имаат објавено првите резултати пред неколку недели, каде што на животни имаат покажано повеќе од 80 проценти ефикасност на сите типови на канцер, вели Гулабоски во интервјуто снимено во прес-центарот на МИА во Штип. Според Гулабоски, преку науката однапред можат да се предвидат проблемите, што ќе се јават во светот. Сајбер безбедноста, криптовалутите и енергетските проблеми ќе бидат главните проблеми. Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Гулабоски зборува и за одливот на научници и за малата сума на средства што се одвојува за развој на науката.

The post Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години, доколку нема опструкции appeared first on Република.

]]>
Чудните миризби на телото испраќаат знаци дека можеби имате канцер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chudnite-mirizbi-na-teloto-isprakaat-znatsi-deka-mozhebi-imate-kantser/ Wed, 05 Apr 2023 14:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=627610

Чудните мириси и миризби на телото се можен знак за потенцијални здравствени проблеми, а лекарите тврдат дека некои можат да бидат и знак за рак. Следат неколку примери.

Силен и непријатен мирис на пот

Ако не може да се ослободите од непријатниот мирис на пот ниту по туширање, тоа може да значи недостаток на магнезиум, според американскиот кардиолог Роберт Сегал од Универзитетот на Њујорк. Кога консумираме премногу кофеин, шеќер или преработена храна, тоа може значително да го намали нивото магнезиум. Сè тоа предизвикува и грчеви во мускулите, вкочанетост и пецкање, експертите препорачуваат дека би било добра идеја да го провериме магнезиумот во телото.

Магнезиумот е минерал којшто помага во чистењето на нашите внатрешни органи, а исто така и во ослободувањето од непријатниот мирис на телото, појасни кардиологот.

Премногу интензивни миризби на телото

При дигестивни нарушувања како Кронова болест или улцеративен колитис, може да се работи и за сериозен недостаток на цинк. Д-р Сегел истакнува дека цинкот му помага на човековото тело да управува со отпадните материи и токсините, а кога има дигестивно нарушување, телото може да не го апсорбира минералот како што треба. Како резултат на тоа, недостатокот на цинк може да резултира со силна миризба на телото, особено - лош здив.

Здив што смрди на „расипани јајца“

- Ако не може да се ослободите од лошиот здив ниту со миење заби, веројатно имате здравствен проблем. А, ако тој лош мирис во вашата уста наликува на „расипани јајца“, може да се работи за бактериска инфекција, предупредува д-р Сегал.

Имено, лошиот здив го предизвикува бактеријата „H. pylori“ којашто ја има во нашиот дигестивен систем. Кај некои луѓе тоа не предизвикува забележителни симптоми, а кај други може да доведе до чир на желудник, па дури и рак на желудникот.

Непријатен мирис од увото

Непријатниот мирис на телото може да потекнува и од увото, иако не е толку чест и вообичаен, смета лекарот. - Ако имате многу лош и непријатен мирис во вашите уши, најверојатно страдате од некаква инфекција, што е она што доведува до гореспоменатата остра арома. А, друг пример за ова се сраснати влакна или лојна циста, и кога таа иритација или инфекција ќе пукне, она однатре речиси секогаш има исклучително непријатен мирис, објасни д-р Сегал.

The post Чудните миризби на телото испраќаат знаци дека можеби имате канцер appeared first on Република.

]]>

Чудните мириси и миризби на телото се можен знак за потенцијални здравствени проблеми, а лекарите тврдат дека некои можат да бидат и знак за рак. Следат неколку примери. Силен и непријатен мирис на пот Ако не може да се ослободите од непријатниот мирис на пот ниту по туширање, тоа може да значи недостаток на магнезиум, според американскиот кардиолог Роберт Сегал од Универзитетот на Њујорк. Кога консумираме премногу кофеин, шеќер или преработена храна, тоа може значително да го намали нивото магнезиум. Сè тоа предизвикува и грчеви во мускулите, вкочанетост и пецкање, експертите препорачуваат дека би било добра идеја да го провериме магнезиумот во телото.
Магнезиумот е минерал којшто помага во чистењето на нашите внатрешни органи, а исто така и во ослободувањето од непријатниот мирис на телото, појасни кардиологот.
Премногу интензивни миризби на телото При дигестивни нарушувања како Кронова болест или улцеративен колитис, може да се работи и за сериозен недостаток на цинк. Д-р Сегел истакнува дека цинкот му помага на човековото тело да управува со отпадните материи и токсините, а кога има дигестивно нарушување, телото може да не го апсорбира минералот како што треба. Како резултат на тоа, недостатокот на цинк може да резултира со силна миризба на телото, особено - лош здив. Здив што смрди на „расипани јајца“ - Ако не може да се ослободите од лошиот здив ниту со миење заби, веројатно имате здравствен проблем. А, ако тој лош мирис во вашата уста наликува на „расипани јајца“, може да се работи за бактериска инфекција, предупредува д-р Сегал. Имено, лошиот здив го предизвикува бактеријата „H. pylori“ којашто ја има во нашиот дигестивен систем. Кај некои луѓе тоа не предизвикува забележителни симптоми, а кај други може да доведе до чир на желудник, па дури и рак на желудникот. Непријатен мирис од увото Непријатниот мирис на телото може да потекнува и од увото, иако не е толку чест и вообичаен, смета лекарот. - Ако имате многу лош и непријатен мирис во вашите уши, најверојатно страдате од некаква инфекција, што е она што доведува до гореспоменатата остра арома. А, друг пример за ова се сраснати влакна или лојна циста, и кога таа иритација или инфекција ќе пукне, она однатре речиси секогаш има исклучително непријатен мирис, објасни д-р Сегал.

The post Чудните миризби на телото испраќаат знаци дека можеби имате канцер appeared first on Република.

]]>
Имам рак- Бајден ја шокираше јавноста, Белата куќа итно реагираше https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/imam-rak-bajden-ja-shokirashe-javnosta-belata-kukja-itno-reagirashe/ Thu, 21 Jul 2022 08:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=531699

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја шокираше јавноста во средата додека држеше говор за загадувањето и глобалното затоплување. Бајден објави дека има рак, поради што реагираше и Белата куќа.

Американскиот претседател (79) го коментираше загадувањето кое го предизвикуваат рафинериите за нафта во земјата во која е роден и израснат. Бајден е од Клејмонт, Делавер, држава која долго време го држи црниот рекорд по бројот на заболени од рак.

И поради тие рафинерии, јас и многу луѓе со кои пораснав, имаме рак, и затоа Делавер имаше највисока стапка на рак во нацијата многу години – рече Бајден.

Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, на прашањето на „Њујорк пост“ дали американскиот претседател има рак, одговори цитирајќи твит на колумнист. Тој објасни дека пред да стане претседател, Бајден имал повеќе немеланомни карциноми на кожата кои биле третирани и отстранети.

Американската јавност е збунета од фактот дека Бајден користел сегашно, а не минато време кога зборувал за ракот што го имал. Дополнително на конфузијата во гафот на Бајден е извештајот од неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор.

Лекарот во извештајот напишал дека Бајден имал рак на кожата, но тој бил предизвикан од престојот на сонце без носење заштитен фактор, а не се споменува изложеност на хемикалии и загадување. Бајден во младоста работел како спасител на базен, поради што постојано бил изложен на сончевите зраци. Минатата година неговиот лекар во извештајот изјави дека „во моментов нема делови од кожата на претседателот што изгледаат сомнително“.

https://www.youtube.com/watch?v=RWmE0fDetNA

The post Имам рак- Бајден ја шокираше јавноста, Белата куќа итно реагираше appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја шокираше јавноста во средата додека држеше говор за загадувањето и глобалното затоплување. Бајден објави дека има рак, поради што реагираше и Белата куќа. Американскиот претседател (79) го коментираше загадувањето кое го предизвикуваат рафинериите за нафта во земјата во која е роден и израснат. Бајден е од Клејмонт, Делавер, држава која долго време го држи црниот рекорд по бројот на заболени од рак.
И поради тие рафинерии, јас и многу луѓе со кои пораснав, имаме рак, и затоа Делавер имаше највисока стапка на рак во нацијата многу години – рече Бајден.
Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, на прашањето на „Њујорк пост“ дали американскиот претседател има рак, одговори цитирајќи твит на колумнист. Тој објасни дека пред да стане претседател, Бајден имал повеќе немеланомни карциноми на кожата кои биле третирани и отстранети. Американската јавност е збунета од фактот дека Бајден користел сегашно, а не минато време кога зборувал за ракот што го имал. Дополнително на конфузијата во гафот на Бајден е извештајот од неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор. Лекарот во извештајот напишал дека Бајден имал рак на кожата, но тој бил предизвикан од престојот на сонце без носење заштитен фактор, а не се споменува изложеност на хемикалии и загадување. Бајден во младоста работел како спасител на базен, поради што постојано бил изложен на сончевите зраци. Минатата година неговиот лекар во извештајот изјави дека „во моментов нема делови од кожата на претседателот што изгледаат сомнително“. https://www.youtube.com/watch?v=RWmE0fDetNA

The post Имам рак- Бајден ја шокираше јавноста, Белата куќа итно реагираше appeared first on Република.

]]>