канцеларија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kancelarija/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 12:26:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png канцеларија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kancelarija/ 32 32 Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kantselarijata-za-uslugi-za-graganite-znachi-brza-i-efikasna-usluga-i-mozhnost-za-namaluvane-na-koruptsijata/ Sat, 26 Oct 2024 12:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=831251

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она за кое што зборувавме долго време да го применуваме. Техничкиот аспект од отворањето на оваа канцеларија овде го опиша и министерот, а и градоначалникот кажа колку е ова значајно за жителите на оваа општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Она што јас сакам да кажам е дека ваквите канцеларии кои кога ќе се отворат насекаде, целата територија на државата, тогаш ќе можеме да зборуваме дека конечно во Македонија имаме реална борба против корупција. И ова е во таа насока, дигитализирањето, транспарентните услуги, сето ова што се случува ја намалува можност за корупција. Знаете како беше, тоа не така одамна, кога за 500 денара требаше да ви направи некој услуга и да извадите извод од родените. Така од прилика тоа функционираше. Исто така ќе ве потсетам на сите оние гужви и понижувачки моменти за македонските граѓани, кога мораше да вадат патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сето тоа. Сега сето тоа е минато за многу кратко време, за 4 месеца, успеавме сето тоа да го сведеме во рамките на законскиот рок - рече тој.

Мицкоски посочи дека испробале како ова тука и во суштина функционира.

Така што продолжуваме и понатаму да го испорачуваме она која што сме се обврзале пред граѓаните дека ќе го испорачаме. Но, она што мене ме прави задоволен е што конечно ќе биде целиот овој процес на користење на овој тип на услуга на неколку институции олеснет за сите граѓани низ целата територија на државата. Започнуваме оттука, еве Стефан кажа, уште неколку канцеларии, тоа што од претходната влада на СДСМ и ДУИ, е направено за 7 години, сега ќе биде направено за 7 месеци. Некако бројот 7 е симболичен. Но како и да е, продолжуваме и понатаму да работиме и да испорачуваме тоа што е наша обврска и должност. Ете уште еднаш честитам и нека се аирлија ваквите услуги и да можеме што повеќе вакви објекти да отвораме низ целата држава - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-vladata-mitskoski-ke-prisustvuva-na-otvarane-na-administrativna-kantselarija-za-uslugi-za-graganite-vo-opshtina-aerodrom/ Sat, 26 Oct 2024 09:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=831166

Денеска 26.10.2024 година (сабота) во 12 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствуваат на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Општина Аеродром, соопшти владината прес служба.

Канцеларијата се наоѓа од задната страна на Т.Ц. Бисер - на 2 кат во Општина Аеродром.

Предвиденo е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.

The post Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Денеска 26.10.2024 година (сабота) во 12 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствуваат на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Општина Аеродром, соопшти владината прес служба. Канцеларијата се наоѓа од задната страна на Т.Ц. Бисер - на 2 кат во Општина Аеродром. Предвиденo е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.

The post Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ep-ke-otvori-kantselarija-vo-zapaden-balkan-za-podobro-da-go-kontrolira-proshiruvaneto-na-eu/ Fri, 26 Apr 2024 15:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=771484

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија во Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv).

Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот на европската интеграција на земјите кандидати или потенцијалните кандидати за членство во Европска Унија.

Новата канцеларија ќе ги зајакне односите со партнерските парламенти од Западен Балкан и ќе ја зголеми видливоста на претставниците на ЕП во активностите поврзани со процесот на проширување на ЕУ … Канцеларијата ќе му даде на ЕП поголема контрола врз процесот на пристапување бидејќи ќе работи со постојните делегации на ЕУ кои работат под контрола на Европската служба за надворешни работи, се истакнува во документот.

ЕП има локална канцеларија во секоја земја-членка на ЕУ. Поддржува контакт и комуникација, организирање настани и интеракција со локалните медиуми. Во ноември минатата година, ЕП отвори канцеларија во Украина на барање на Владата во Киев.

Во моментов има само неколку локални канцеларии на ЕП во земји надвор од ЕУ, како што се САД, Етиопија и Индонезија.

Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија се земјите од Западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ.

The post ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија во Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv). Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот на европската интеграција на земјите кандидати или потенцијалните кандидати за членство во Европска Унија. Новата канцеларија ќе ги зајакне односите со партнерските парламенти од Западен Балкан и ќе ја зголеми видливоста на претставниците на ЕП во активностите поврзани со процесот на проширување на ЕУ … Канцеларијата ќе му даде на ЕП поголема контрола врз процесот на пристапување бидејќи ќе работи со постојните делегации на ЕУ кои работат под контрола на Европската служба за надворешни работи, се истакнува во документот. ЕП има локална канцеларија во секоја земја-членка на ЕУ. Поддржува контакт и комуникација, организирање настани и интеракција со локалните медиуми. Во ноември минатата година, ЕП отвори канцеларија во Украина на барање на Владата во Киев. Во моментов има само неколку локални канцеларии на ЕП во земји надвор од ЕУ, како што се САД, Етиопија и Индонезија. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија се земјите од Западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ.

The post ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Разбиена пратеничката канцеларија на Лефков во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razbiena-pratenichkata-kantselarija-na-lefkov-vo-kochani/ Mon, 22 Apr 2024 11:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=769269

На ден пред гласање, разбиена е мојата пратеничка канцеларија во Кочани, кажа денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој оддржа кратка прес-конференција пред ОВР Кочани, веднаш по пресот на заменикот-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев. Според пратеникот, канцеларијата била „провалнички разбиена“.

Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност. Овие методи не ви поминуваат повеќе! Македонија повторно твоја, порача Лефков за инцидентот во Кочани.

Пратеникот се наоѓа на 7-мото место меѓу кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Изборна единица 3.

The post Разбиена пратеничката канцеларија на Лефков во Кочани appeared first on Република.

Во Љубин, за прв пат, ВМРО ДПМНЕ отвори штаб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-lubin-za-prv-pat-vmro-dpmne-otvori-shtab/ Thu, 01 Feb 2024 20:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=739518

Во Љубин каде доминантно е бошњачкото население,  за прв пат ВМРО ДПМНЕ отвори  штаб.

На отворањето присуствуваше Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриевска Кочовска, членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Марија Андоновска, како и Борче Митевски, градоначалник на Петровец.

The post Во Љубин, за прв пат, ВМРО ДПМНЕ отвори штаб appeared first on Република.

]]>

Во Љубин каде доминантно е бошњачкото население,  за прв пат ВМРО ДПМНЕ отвори  штаб. На отворањето присуствуваше Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриевска Кочовска, членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Марија Андоновска, како и Борче Митевски, градоначалник на Петровец.

The post Во Љубин, за прв пат, ВМРО ДПМНЕ отвори штаб appeared first on Република.

]]>
Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tirana-otvorena-kantselarija-na-dea-za-borba-protiv-trgovijata-so-droga-i-perene-pari/ Mon, 06 Mar 2023 18:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=616608

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al.

Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се  гарантира целосна анонимност".

Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја донесе  американската агенција за борба против наркотици, ДЕА, во Тирана. Офицерите на ДЕА веќе се стационирани во Тирана каде ќе имаат континуирана координација со регионалните канцеларии и другите истражни органи, наведува телевизијата повикувајќи се на соопштението на амбасада.

Се додава дека според својот фокус, ДЕА има за цел да го погоди секој товар со дрога што се движи низ поморските, воздушните и копнените патишта меѓу земјите.

ДЕА од јануари минатата година доставува информации до Италија, Грција и Албанија за движењето на контејнерите полни со дрога, чија крајна дестинација била Албанија или другите земји од регионот, наведуваат медиумите.

Првото присуство на ДЕА во Тирана беше во јуни  кога транспортот на кокаин од Еквадор кон Албанија беше во големи количини.

The post Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al. Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се  гарантира целосна анонимност". Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја донесе  американската агенција за борба против наркотици, ДЕА, во Тирана. Офицерите на ДЕА веќе се стационирани во Тирана каде ќе имаат континуирана координација со регионалните канцеларии и другите истражни органи, наведува телевизијата повикувајќи се на соопштението на амбасада. Се додава дека според својот фокус, ДЕА има за цел да го погоди секој товар со дрога што се движи низ поморските, воздушните и копнените патишта меѓу земјите. ДЕА од јануари минатата година доставува информации до Италија, Грција и Албанија за движењето на контејнерите полни со дрога, чија крајна дестинација била Албанија или другите земји од регионот, наведуваат медиумите. Првото присуство на ДЕА во Тирана беше во јуни  кога транспортот на кокаин од Еквадор кон Албанија беше во големи количини.

The post Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО што е потврда на нашите политики за зачувување на статусот на Охридскиот Регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-vo-ohrid-ke-otvorime-kantselarija-na-unesko-shto-e-potvrda-na-nashite-politiki-za-zachuvuvane-na-statusot-na-ohridskiot-region/ Tue, 07 Feb 2023 13:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=606043

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на официјалната посета на Париз, оствари средба со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура, и со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо.

„Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО со што ги потврдуваме нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион“, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Во годината кога одбележуваме 30 години од нашето членство во УНЕСКО, на средбата беа поздравени напорите меѓу владите и националните комисии на Република Македонија и на Албанија во однос на имплементација на препораките на УНЕСКО кои се однесуваат на Охридскиот Регион.

На состанокот Костадиновска-Стојчевска посочи дека Владата на Македонија останува целосно посветена на успешната имплементација на Конвенцијата за светско наследство и во соработка со сите релевантни државни институции, општини, како и со граѓанското општество, ги интензивира напорите за имплементација на препораките што произлегуваат од одлуките на Комитетот за светско наследство и на Реактивните мониторинг мисии.

Министерката за култура информираше и дека, како заеднички документ со Република Албанија, е доставен ажурираниот Извештај за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство, со Стратегискиот план за рехабилитација на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2023 – 2030).

Костадиновска-Стојчевска истакна дека сме свесни за потребата од понатамошни континуирани напори во согласност со препораките за справување со идентификуваните ранливости и закани, и изрази надеж дека на 45. сесија на Комитетот за светско наследство, што ќе се одржи во септември во Ријад, Саудиска Арабија, ќе се усвои одлука со која Природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе остане на Листата на светско наследство.

Министерката за култура се заблагодари на Центарот за светско наследство за доделената меѓународна помош со средства од Фондот за светско наследство во износ од 55.000 долари за реализација на проект на НУ Завод и музеј – Охрид, кој е од особена важност за надградба на знаењата и капацитетите на стручните лица што работат во оваа установа.

Во седиштето на УНЕСКО, во Париз, од 7 до 10 февруари се одржува 16. сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита и унапредување на разноводноста на културните изразувања. Имајќи предвид дека нашата држава не е членка на овој Комитет, но е држава членка на Конвенцијата, на состанокот ќе учествува министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, заедно со Татјана Краљевска-Лазарова, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, во својство на набљудувачи.

The post Костадиновска-Стојчевска: Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО што е потврда на нашите политики за зачувување на статусот на Охридскиот Регион appeared first on Република.