канали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kanali/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 08:31:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png канали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kanali/ 32 32 Да се исчистат каналите за одводнување и да не се фрлаат отпадоци, апелира ЦУК https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-se-ischistat-kanalite-za-odvodnuvane-i-da-ne-se-frlaat-otpadotsi-apelira-tsuk/ Tue, 12 Mar 2024 08:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=753864

Седум пожари на отворено биле пријавени изминатото деноноќие. Од РЦУК Скопје известиле за три пожари, од РЦУК Битола за три пожари и од РЦУК Велес за еден пожар на отворено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Во последното деноноќие имало вкупно 2 162 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 37,51 отсто, а 62,49 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 63,20 отсто, кон итната медицинска помош 27,51 проценти, кон пожарникарите 4,09 отсто, а кон АМСМ 0,37 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

The post Да се исчистат каналите за одводнување и да не се фрлаат отпадоци, апелира ЦУК appeared first on Република.

]]>

Седум пожари на отворено биле пријавени изминатото деноноќие. Од РЦУК Скопје известиле за три пожари, од РЦУК Битола за три пожари и од РЦУК Велес за еден пожар на отворено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Во последното деноноќие имало вкупно 2 162 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 37,51 отсто, а 62,49 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,20 отсто, кон итната медицинска помош 27,51 проценти, кон пожарникарите 4,09 отсто, а кон АМСМ 0,37 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

The post Да се исчистат каналите за одводнување и да не се фрлаат отпадоци, апелира ЦУК appeared first on Република.

]]>
Откриен и уапсен гостиварец кој за 100 евра годишно обезбедувал кабловска за 2.800 фамилии https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrien-i-uapsen-gostivarets-koj-za-100-evra-godishno-obezbeduval-kablovska-za-2-800-familii/ Thu, 02 Nov 2023 11:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=697388

Полициски службеници на СВР Тетово, на 1 ноември околу 13 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно.

СВР Тетово соопшти дека во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.

The post Откриен и уапсен гостиварец кој за 100 евра годишно обезбедувал кабловска за 2.800 фамилии appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово, на 1 ноември околу 13 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно. СВР Тетово соопшти дека во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.

The post Откриен и уапсен гостиварец кој за 100 евра годишно обезбедувал кабловска за 2.800 фамилии appeared first on Република.

]]>
Нема веќе руски телевизиски канали во Mакедонија: Eве ја последната одлука! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-vekje-ruski-televiziski-kanali-vo-makedonija-eve-ja-poslednata-odluka/ Mon, 28 Feb 2022 16:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=465435

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата усвоена вчера, им укажува на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Македонија.

Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Операторите имаат рок од три дена да ја известат Агенцијата за преземените активности.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

The post Нема веќе руски телевизиски канали во Mакедонија: Eве ја последната одлука! appeared first on Република.

]]>

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“. Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата усвоена вчера, им укажува на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Македонија. Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ. Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“. Операторите имаат рок од три дена да ја известат Агенцијата за преземените активности. Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

The post Нема веќе руски телевизиски канали во Mакедонија: Eве ја последната одлука! appeared first on Република.

]]>