Канадери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kanaderi/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 07:34:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Канадери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kanaderi/ 32 32 Соседите ни ги гаснат пожарите со најсовремени авиони и хеликоптери, СДСМ ја остави државата со ФАП камиончиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sosedite-ni-gi-gasnat-pozharite-so-najsovremeni-avioni-i-heliopteri-sdsm-ja-ostavi-drzhavata-so-fap-kamionchina/ Thu, 18 Jul 2024 07:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=797895

Пожари беснеат низ цела Македонија. Нашите пожарникари, Армијата, екипи од Дирекцијата за за заштита и спасување и ЦУК се борат со огнената стихија. Но, и со огромна помош од нашите пријатели од соседните земји кои пратија најсовремени авиони и хелиоптери. .

Први што испратија помош се Турција, Србија, Хрватска, Романија, Словенија и Црна Гора.

Канадери, Камов-КА 32 на Србија кој може да носи пет тони вода одеднаш, турски ЕР трактори летаат над македонските планини и пожарите во голема мера се локализирани.

Македонија се доведе да бара помош од соседите откако долго време не беа во функција трите Ер трактори па бевме оставени со само со неколку полициски и армиски летала што се разбира не се доволни во вакви вонредни ситуации.

Легендарна е и фотографијата од пред неколку години кога власта на СДСМ го гаснеше пожарот со ФАП камионче.

The post Соседите ни ги гаснат пожарите со најсовремени авиони и хеликоптери, СДСМ ја остави државата со ФАП камиончиња appeared first on Република.

]]>

Пожари беснеат низ цела Македонија. Нашите пожарникари, Армијата, екипи од Дирекцијата за за заштита и спасување и ЦУК се борат со огнената стихија. Но, и со огромна помош од нашите пријатели од соседните земји кои пратија најсовремени авиони и хелиоптери. . Први што испратија помош се Турција, Србија, Хрватска, Романија, Словенија и Црна Гора. Канадери, Камов-КА 32 на Србија кој може да носи пет тони вода одеднаш, турски ЕР трактори летаат над македонските планини и пожарите во голема мера се локализирани. Македонија се доведе да бара помош од соседите откако долго време не беа во функција трите Ер трактори па бевме оставени со само со неколку полициски и армиски летала што се разбира не се доволни во вакви вонредни ситуации. Легендарна е и фотографијата од пред неколку години кога власта на СДСМ го гаснеше пожарот со ФАП камионче.  

The post Соседите ни ги гаснат пожарите со најсовремени авиони и хеликоптери, СДСМ ја остави државата со ФАП камиончиња appeared first on Република.

]]>
Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-koj-da-leta-so-er-traktorite-na-dzs-plata-od-300-000-denari-e-uslov-za-vrakane-na-dvajtsata-obucheni-piloti-od-penzija/ Sun, 30 Jun 2024 08:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=792007

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“.

Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.

За нив баравме дополнителни средства колку што се плаќаат пилотите на Владата, коишто го летаат владиниот авион, тоа значи 300.000 денари. Треба да има синхронизација, односно порамнување на платите на ниво на држава, затоа што тие навистина летаат многу помалку од нашиве и се многу побезбедни. Исто така и пилотите вработени во МВР, кои имаат максимум 50 часови на годишно ниво, доколку пилотите во ДЗС имаат од 150 до 300 часови, рече Максути.

За да може да извршува летови авио-одделението на ДЗС, потребни се минимум тројца пилоти. Максути вели Дирекцијата не смее да извршува задачи со еден пилот, односно мора да има уште минимум двајца пилоти. Како што појасни директорот на ДЗС, според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет вршат меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.

Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, мора да има минимум уште двајца други пилоти. Едниот му е контролор, а другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба. Ова се правила кои ги одредува ЕАСА. Едниот пилот не може самиот на себе си да потпише дека авионот е спремен и да потпише дека е физички и психички спремен, затоа што пред секој лет тие имаат меѓусебни контроли. Самиот на себе си не смее и нема право да си потпишува, појаснува Максути.

Во април годинава тој апелираше тогашната Влада сериозно да го сфати овој проблем, бидејќи се доведува до прашање постоењето на авио-одделението на ДЗС. Нагласи дека според критериумите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, засновани врз регулативите на ЕАСА, постои можност ДЗС да ја изгуби лиценцата за пловидбеност.

Максути вели заклучокот на минатата Влада бил Дирекцијата да го реши овој проблем во рамките на нејзините законски надлежности.

Законските надлежности се јасни. Јас не смеам да примам пилот со плата поголема од пропишаната, односно се што е над 60.000 денари мора да оди преку согласност од Министерство за финансии. Таквата согласност ние не можеме да ја добиеме, не поради тоа што немаше слух Владата, туку поради законските пречки, вели Максути.

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Ер трактор“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот. Авионите модел „Ер трактор“, што се користат во ДЗС, важат за најкомплицираните за управување, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Ер трактор“.

Во врска со справувањето со пожарите во летниот период, Максути вели Дирекцијата ги има направено сите подготовки.

Другите подготовки ние ги имаме направено како што треба, во однос на тимови, доброволни друштва, во однос на дополнителна опрема која што е поделена. Оваа година ја имавме најголемата вежба за противпожари на отворени, каде што учествуваа 16 земји, значи вежбата беше организирана под покровителство на Европската унија, каде што добивме опрема да еден модул, за една екипа од 25 луѓе со целата опрема да можат да интервенираат во шумските пожари. Но, секако ни останува делот околу ангажманот на пилотите и да видиме, целосно да можеме да одговориме на сите можни предизвици, кои би ги имале во текот на сезоната. Како што гледате имаме веќе доста високи температури и можни се пожари, вели Максути.

The post Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија appeared first on Република.

]]>

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“. Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.
За нив баравме дополнителни средства колку што се плаќаат пилотите на Владата, коишто го летаат владиниот авион, тоа значи 300.000 денари. Треба да има синхронизација, односно порамнување на платите на ниво на држава, затоа што тие навистина летаат многу помалку од нашиве и се многу побезбедни. Исто така и пилотите вработени во МВР, кои имаат максимум 50 часови на годишно ниво, доколку пилотите во ДЗС имаат од 150 до 300 часови, рече Максути.
За да може да извршува летови авио-одделението на ДЗС, потребни се минимум тројца пилоти. Максути вели Дирекцијата не смее да извршува задачи со еден пилот, односно мора да има уште минимум двајца пилоти. Како што појасни директорот на ДЗС, според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет вршат меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.
Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, мора да има минимум уште двајца други пилоти. Едниот му е контролор, а другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба. Ова се правила кои ги одредува ЕАСА. Едниот пилот не може самиот на себе си да потпише дека авионот е спремен и да потпише дека е физички и психички спремен, затоа што пред секој лет тие имаат меѓусебни контроли. Самиот на себе си не смее и нема право да си потпишува, појаснува Максути.
Во април годинава тој апелираше тогашната Влада сериозно да го сфати овој проблем, бидејќи се доведува до прашање постоењето на авио-одделението на ДЗС. Нагласи дека според критериумите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, засновани врз регулативите на ЕАСА, постои можност ДЗС да ја изгуби лиценцата за пловидбеност. Максути вели заклучокот на минатата Влада бил Дирекцијата да го реши овој проблем во рамките на нејзините законски надлежности.
Законските надлежности се јасни. Јас не смеам да примам пилот со плата поголема од пропишаната, односно се што е над 60.000 денари мора да оди преку согласност од Министерство за финансии. Таквата согласност ние не можеме да ја добиеме, не поради тоа што немаше слух Владата, туку поради законските пречки, вели Максути.
Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Ер трактор“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот. Авионите модел „Ер трактор“, што се користат во ДЗС, важат за најкомплицираните за управување, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Ер трактор“. Во врска со справувањето со пожарите во летниот период, Максути вели Дирекцијата ги има направено сите подготовки.
Другите подготовки ние ги имаме направено како што треба, во однос на тимови, доброволни друштва, во однос на дополнителна опрема која што е поделена. Оваа година ја имавме најголемата вежба за противпожари на отворени, каде што учествуваа 16 земји, значи вежбата беше организирана под покровителство на Европската унија, каде што добивме опрема да еден модул, за една екипа од 25 луѓе со целата опрема да можат да интервенираат во шумските пожари. Но, секако ни останува делот околу ангажманот на пилотите и да видиме, целосно да можеме да одговориме на сите можни предизвици, кои би ги имале во текот на сезоната. Како што гледате имаме веќе доста високи температури и можни се пожари, вели Максути.

The post Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија appeared first on Република.

]]>
Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ostanavme-so-samo-eden-pilot-na-avionite-za-gasnene-na-pozhar/ Sat, 13 Apr 2024 09:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=765651

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи.

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ДЗС, Беким Максути, посочува дека дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари, бидејќи минатата година во борбата со пожарите првпат по 2009 година биле ангажирани сите три авиони на ДЗС.

Имавме тројца пилоти до крајот на 2023 година. На почетокот од оваа година, двајца заминаа во пензија и моментално имаме само еден пилот. Правиме напори, да видиме како може нив да ги задржиме, барем уште оваа година, сѐ со цел во меѓувреме да примиме нови пилоти, односно да распишеме нови огласи за пилоти, за кои веќе имаме согласност и чекаме да се завршат некои процедури за да може да го објавиме огласот, вели Максути.

Доколку Владата не го сфати сериозно овој проблем, директорот вели дека се доведува до прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување.

Доколку како раководство не си подадеме рака дека ова треба многу брзо и сериозно да го решиме, за кратко време ќе го доведеме во прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување, затоа што сепак Агенцијата за цивилно воздухопловство има свои критериуми што се врз основа на регулативите за пловидбеност на Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА) и во таков случај ние ја губиме лиценцата за пловидбеност, а тоа значи дека нема да можеме да ги користиме и тие авиони што ги имаме, истакнува Максути.

Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Обуката и финансиските предизвици проблем за регрутација и задржување на пилотите

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Air Tractor“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот, доколку, финансискиот дел за дообуката го покрива Дирекцијата.

Авионите модел „Air Tractor“, што се користат во ДЗС важат за најкомплицираните за управување, посочува Максути, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Air Tractor“.

Минатата година изгубивме уште двајца пилоти кои не положија, односно не ги исполнија критериумите што беа побарани, без разлика што двајцата се искусни пилоти и летале со други авиони многу долго, но кога се работи за ваков тип на летало, сепак е предизвик, вели Максути.

Појаснува дека сертификатот се добива од оператор, овластен од производителот на леталото, како и од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), за која, Максути, вели има строги критериуми и дека во текот на една година може да се случи неколку пати да ги изменат директивите кон земјите, кои пак, се обврзани да ги исполнат и почитуваат.

Во врска со критериумите што треба да се исполнат за да се стане пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, директорот појаснува дека потребни се најмалку 500 часови летање, како и сертификат, за кој земјава има оператор кој го дава, меѓутоа посочува дека слаб е интересот кај луѓето кои сакаат да го добијат тој сертификат.

Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Добивањето на сертификатот, вели Максути, влече финансиски импликации, а пилотот кој треба да се јави на конкурс во ДЗС, треба да го поседува. Укажува дека има дисбаланс во вреднувањето на нивниот труд.

– Се поставува прашањето дали некој е спремен да вложи од 8 до 12 илјади евра за да го добие истиот сертификат, за кој никој не му гарантира потоа дека ќе заврши и ќе стане пилот на едно од најсложените летала „Air Tractor“, доколку неговата професија не се плаќа исто како другите пилотски професии во државата. Имаме дисбаланс како се вреднува нивниот труд. Ние имаме направено доста напори да го решиме ова прашање, но за жал немаме конкретен одговор дека тоа брзо ќе се реши, вели Максути.

Од друга страна, посочува дека одржувањето и осигурувањето на трите авиони за кои станува сѐ поизвесно дека два од нив ќе нема кој да ги управува, влечат финансиски импликации.

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Порамнување на платите – клучен фактор за евентуално решавање на проблемот

Друг проблем што го посочува Максути се неколкуте обиди да се порамнат платите и вели тука можеби е настанат најголемиот проблем. Истакнува дека неопходно е платата на вработените пилоти во ДЗС, да биде еднаква со пилотите во МВР и Министерството за одбрана.

Едно време истите пилоти беа најслабо платени, па со некои измени стигнаа да бидат најдобро платени. После тоа, пилотите вработени во Министерство за внатрешни работи и Министертство за одбрана ги надминаа за два пати. Моменталната состојба е таква што платата на пилот кој работи во Министерството за одбрана е два до два и пол пати повисока од пилот кој работи во Дирекцијата за заштита и спасување. Се поставува прашањето колку летаат тие, а колку часови летаат вработените во ДЗС, бидејќи навистина се борат со пожарите цело лето и сето тоа со себе на некој начин е предизвик, вели Максути.

Посочи дека во неколку наврати се обратиле и до Владата, но конкретен одговор сѐ уште не добиле. Последниот заклучок е дека треба да се позајмат пилоти од Министерството за одбрана, за кои, вели Максути, се јавува проблем затоа што тие немаат цивилни дозволи што ги издава Агенцијата за цивилно воздухопловство, бидејќи како што посочува, пилотите на хеликоптер, не се исти со пилотите на авион.

The post Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ДЗС, Беким Максути, посочува дека дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари, бидејќи минатата година во борбата со пожарите првпат по 2009 година биле ангажирани сите три авиони на ДЗС.
Имавме тројца пилоти до крајот на 2023 година. На почетокот од оваа година, двајца заминаа во пензија и моментално имаме само еден пилот. Правиме напори, да видиме како може нив да ги задржиме, барем уште оваа година, сѐ со цел во меѓувреме да примиме нови пилоти, односно да распишеме нови огласи за пилоти, за кои веќе имаме согласност и чекаме да се завршат некои процедури за да може да го објавиме огласот, вели Максути.
Доколку Владата не го сфати сериозно овој проблем, директорот вели дека се доведува до прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување.
Доколку како раководство не си подадеме рака дека ова треба многу брзо и сериозно да го решиме, за кратко време ќе го доведеме во прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување, затоа што сепак Агенцијата за цивилно воздухопловство има свои критериуми што се врз основа на регулативите за пловидбеност на Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА) и во таков случај ние ја губиме лиценцата за пловидбеност, а тоа значи дека нема да можеме да ги користиме и тие авиони што ги имаме, истакнува Максути.
Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Обуката и финансиските предизвици проблем за регрутација и задржување на пилотите

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Air Tractor“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот, доколку, финансискиот дел за дообуката го покрива Дирекцијата. Авионите модел „Air Tractor“, што се користат во ДЗС важат за најкомплицираните за управување, посочува Максути, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Air Tractor“. Минатата година изгубивме уште двајца пилоти кои не положија, односно не ги исполнија критериумите што беа побарани, без разлика што двајцата се искусни пилоти и летале со други авиони многу долго, но кога се работи за ваков тип на летало, сепак е предизвик, вели Максути. Појаснува дека сертификатот се добива од оператор, овластен од производителот на леталото, како и од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), за која, Максути, вели има строги критериуми и дека во текот на една година може да се случи неколку пати да ги изменат директивите кон земјите, кои пак, се обврзани да ги исполнат и почитуваат. Во врска со критериумите што треба да се исполнат за да се стане пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, директорот појаснува дека потребни се најмалку 500 часови летање, како и сертификат, за кој земјава има оператор кој го дава, меѓутоа посочува дека слаб е интересот кај луѓето кои сакаат да го добијат тој сертификат.
Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)
Добивањето на сертификатот, вели Максути, влече финансиски импликации, а пилотот кој треба да се јави на конкурс во ДЗС, треба да го поседува. Укажува дека има дисбаланс во вреднувањето на нивниот труд.
– Се поставува прашањето дали некој е спремен да вложи од 8 до 12 илјади евра за да го добие истиот сертификат, за кој никој не му гарантира потоа дека ќе заврши и ќе стане пилот на едно од најсложените летала „Air Tractor“, доколку неговата професија не се плаќа исто како другите пилотски професии во државата. Имаме дисбаланс како се вреднува нивниот труд. Ние имаме направено доста напори да го решиме ова прашање, но за жал немаме конкретен одговор дека тоа брзо ќе се реши, вели Максути.
Од друга страна, посочува дека одржувањето и осигурувањето на трите авиони за кои станува сѐ поизвесно дека два од нив ќе нема кој да ги управува, влечат финансиски импликации.
Фото: Дирекција за заштита и спасување

Порамнување на платите – клучен фактор за евентуално решавање на проблемот

Друг проблем што го посочува Максути се неколкуте обиди да се порамнат платите и вели тука можеби е настанат најголемиот проблем. Истакнува дека неопходно е платата на вработените пилоти во ДЗС, да биде еднаква со пилотите во МВР и Министерството за одбрана.
Едно време истите пилоти беа најслабо платени, па со некои измени стигнаа да бидат најдобро платени. После тоа, пилотите вработени во Министерство за внатрешни работи и Министертство за одбрана ги надминаа за два пати. Моменталната состојба е таква што платата на пилот кој работи во Министерството за одбрана е два до два и пол пати повисока од пилот кој работи во Дирекцијата за заштита и спасување. Се поставува прашањето колку летаат тие, а колку часови летаат вработените во ДЗС, бидејќи навистина се борат со пожарите цело лето и сето тоа со себе на некој начин е предизвик, вели Максути.
Посочи дека во неколку наврати се обратиле и до Владата, но конкретен одговор сѐ уште не добиле. Последниот заклучок е дека треба да се позајмат пилоти од Министерството за одбрана, за кои, вели Максути, се јавува проблем затоа што тие немаат цивилни дозволи што ги издава Агенцијата за цивилно воздухопловство, бидејќи како што посочува, пилотите на хеликоптер, не се исти со пилотите на авион.

The post Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар appeared first on Република.

]]>
Директорот на ДЗС вели дека трите авиони за гаснење пожари се исправни, но дека нема доволно пилоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-dzs-veli-deka-trite-avioni-za-gasnene-pozhari-se-ispravni-no-deka-nema-dovolno-piloti/ Wed, 15 Mar 2023 19:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=619986

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути, истакнува дека трите противпожарни авиони се функционални и спремни за гасење пожари во летниот период.

Максути соопшти и дека се отвора јавна набавка за други нови авиони.

Двата авиони беа користени цело време. Ние имавме интервенција со авиони и во ноември лани, што не е типично за тој временски период и на 7 јануари оваа година, кога со авион е интервенирано на пожарот. Третиот авион се врати минатата недела и е спремен да се употребува. Ќе отвориме нова јавна набавка за други авиони. Мислам дека влегуваме во една фаза, односно континуирано да ги следиме и да ги решиме проблемите кои може да ни се појавуват, изјави Максути.

Максути потенцира дека предизвик за институциите и Владата преостанува решавањето на проблемот со немањето на доволно пилоти за авиони.

Единствено, за сите институции но и за Владата предизвик ни преостанува решавањето на проблемот со немањето доволно пилоти за авиони. Значи, во секој авион треба да служат тројца пилоти за да имаме континуитет во тоа што се работи. Правилата на Цивилното воздухопловство на ЕУ се многу ригорозни, стриктни во однос на употребата, во однос на летањето, затоа што станува збор за една најспецифичните и најризичните летала за управување, вели тој.

Максути информира дека веќе се обратиле и до Владата и до Министерство за финансии да им овозможат дополнителни средства за привлекување луѓе.

Сепак, тоа е навистина предизвикувачко прашање затоа што многу луѓе може да наоѓаат многу полесни работни позиции, места на цивилни летала. За да управува пилот со вакво летало, треба дополнителна обука која што е многу скапа, која што е многу ригорозна, и која што честопати односно најчесто завршува со неуспех. Значи кандидатите треба да бидат навистина на нивото на задачите за да можат да управуваат, да можат да бидат лиценцирани со таков вид на летала, изјави Максути.

Одговарајќи на новинарско прашање, Максути рече дека многу е тешко да се најде кадар за таков вид на летала, посочувајќи дека за да се донесе кадар надвор од државата тие треба да поминат низ повеќе филтри.

За да се донесе некој од надвор треба да помине низ филтри, односно треба да добие лиценца и овластување од Агенцијата за Цивилно воздухопловство во РСМ за да може да управува со наш авион. Но, тоа е предизвик за којшто треба да размислуваме и во иднина. Моментално работиме на тоа и се надевам дека ќе најдеме начин оваа бројка што ја имаме моментално да ги исполнува задачите, затоа што дел од нив веќе поради старост, поради други причини ги завршуваат своите обврски тука. Ние мора да размислуваме односно да имаме во континуитет нови кадри, пилоти коишто ќе може да ги управуваат авионите, вели Максути.

Тој потенцира дека прават напори за да се реши со немањето на хангар затоа што, како што вели, во моментов авионите се чуваат на отворено.

The post Директорот на ДЗС вели дека трите авиони за гаснење пожари се исправни, но дека нема доволно пилоти appeared first on Република.

]]>

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути, истакнува дека трите противпожарни авиони се функционални и спремни за гасење пожари во летниот период. Максути соопшти и дека се отвора јавна набавка за други нови авиони.

Грција испраќа два авиона да ѝ помогне на Франција за гаснење на шумските пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-isprakja-dva-aviona-da-pomogne-na-francija-za-gasnenje-na-shumskite-pozari/ Fri, 15 Jul 2022 16:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=529414

Грција испрати два авиона од типот Канадер во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата.

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам за цивилна заштита и „РескЕУ“ и по наредба на надлежниот министер Христос Стилианидис, Грција на механизмот му ги ставила на располагање двата Канадера.

Ова е првпат Франција да го активира „РескЕУ“ механизмот и да побара помош за справување со шумските пожари, а „Грција засега е првата и единствена земја која одговорила на барањето, поддржувајќи ја во пракса и со сите свои расположливи сили, европската солидарност“.

The post Грција испраќа два авиона да ѝ помогне на Франција за гаснење на шумските пожари appeared first on Република.

]]>

Грција испрати два авиона од типот Канадер во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам за цивилна заштита и „РескЕУ“ и по наредба на надлежниот министер Христос Стилианидис, Грција на механизмот му ги ставила на располагање двата Канадера. Ова е првпат Франција да го активира „РескЕУ“ механизмот и да побара помош за справување со шумските пожари, а „Грција засега е првата и единствена земја која одговорила на барањето, поддржувајќи ја во пракса и со сите свои расположливи сили, европската солидарност“.

The post Грција испраќа два авиона да ѝ помогне на Франција за гаснење на шумските пожари appeared first on Република.

]]>
ЕУ подготви флота од 12 авиони канадери и еден хеликоптер за сезоната на пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-podgotvi-flota-od-12-avioni-kanaderi-i-eden-helikopter-za-sezonata-na-pozari/ Wed, 15 Jun 2022 13:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=515584

Флота од 12 противпожарни авиони и еден хеликоптер од денеска е во функција и е подготвена за интервенции ширум Европската унија, соопшти денеска Европската комисија.

Флотата е подготвена да се распореди летово, кога е потребен заеднички европски одговор, за да се спасат животи, средства за живот и животна средина, соопшти комисијата.

Дванаесет авиони и еден хеликоптер се наоѓаат во Хрватска, Франција, Грција, Италија, Шпанија и Шведска. Секоја од шесте земји обезбедува по два противпожарни авиони, а Грција обезбедува дополнителен хеликоптер.

Противпожарната флота е дел од Механизмот за цивилна заштита, односно системот rescEU, европската резерва на дополнителни капацитети.

Минатата година бевме сведоци на втората најлоша сезона на пожари во ЕУ, што беше болен потсетник за разорниот ефект на шумските пожари врз животите на Европејците. Од денеска во функција е флотата од 13 летала за да се обезбеди дополнителна заштита, изјави комесарот за кризни состојби Јанез Ленарачич.

The post ЕУ подготви флота од 12 авиони канадери и еден хеликоптер за сезоната на пожари appeared first on Република.

]]>

Флота од 12 противпожарни авиони и еден хеликоптер од денеска е во функција и е подготвена за интервенции ширум Европската унија, соопшти денеска Европската комисија. Флотата е подготвена да се распореди летово, кога е потребен заеднички европски одговор, за да се спасат животи, средства за живот и животна средина, соопшти комисијата. Дванаесет авиони и еден хеликоптер се наоѓаат во Хрватска, Франција, Грција, Италија, Шпанија и Шведска. Секоја од шесте земји обезбедува по два противпожарни авиони, а Грција обезбедува дополнителен хеликоптер. Противпожарната флота е дел од Механизмот за цивилна заштита, односно системот rescEU, европската резерва на дополнителни капацитети. Минатата година бевме сведоци на втората најлоша сезона на пожари во ЕУ, што беше болен потсетник за разорниот ефект на шумските пожари врз животите на Европејците. Од денеска во функција е флотата од 13 летала за да се обезбеди дополнителна заштита, изјави комесарот за кризни состојби Јанез Ленарачич.

The post ЕУ подготви флота од 12 авиони канадери и еден хеликоптер за сезоната на пожари appeared first on Република.

]]>