кампања 16 дена активизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kampanja-16-dena-aktivizam/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 20:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кампања 16 дена активизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kampanja-16-dena-aktivizam/ 32 32 Шеснаесет дена активизам за 365 дена без насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shesnaeset-dena-aktivizam-za-365-dena-bez-nasilstvo/ Fri, 02 Dec 2022 20:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=581148

Потребна е свест, волја и силни заложби за наметнување на здрави концепти на живеење, на здраво семејство, здрава работна средина, здраво општество каде ќе нема место за дискриминација, за булинг, за насилство во било каква форма, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓеорѓиевски на денешниот настан што се одржа во рамки на кампањата „16 дена активизам за 365 дена без насилство”.

Тој истакна дека, како локална самоуправа која се грижи и презема значајни чекори за сигурноста и безбедноста на секој свој жител, општинa Киселa Вода кампањата ќе ја спроведува во текот на целата година. Градоначалникот додаде дека ќе се реализираат низа активности поврзани со препознавањето, адресирањето и превенцијата на насилството врз жената.

– Посебен акцент ставаме врз заштитата на најмладите, врз спречувањето на врсничкото насилство кое во најразлични форми е се поприсутно во нашето општество. Оттука, низ сите училишта ќе се одвиваат обуки за кои се надевам дека ќе придонесат во подигнување на свеста кај учениците, ќе помогнат да свртиме вниманието кон проблемот што светот со години наназад светот го игнорира, а жртвите, за жал, го живеат, рече Ѓеорѓиевски.

Тој нагласи дека неопходно е да се разговара, да се сподели, да се охрабри, да се заштити, бидејќи, како што рече, проблемот може да постои насекаде, и во домот, во училницата и на работното место.

The post Шеснаесет дена активизам за 365 дена без насилство appeared first on Република.

]]>

Потребна е свест, волја и силни заложби за наметнување на здрави концепти на живеење, на здраво семејство, здрава работна средина, здраво општество каде ќе нема место за дискриминација, за булинг, за насилство во било каква форма, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓеорѓиевски на денешниот настан што се одржа во рамки на кампањата „16 дена активизам за 365 дена без насилство”. Тој истакна дека, како локална самоуправа која се грижи и презема значајни чекори за сигурноста и безбедноста на секој свој жител, општинa Киселa Вода кампањата ќе ја спроведува во текот на целата година. Градоначалникот додаде дека ќе се реализираат низа активности поврзани со препознавањето, адресирањето и превенцијата на насилството врз жената. – Посебен акцент ставаме врз заштитата на најмладите, врз спречувањето на врсничкото насилство кое во најразлични форми е се поприсутно во нашето општество. Оттука, низ сите училишта ќе се одвиваат обуки за кои се надевам дека ќе придонесат во подигнување на свеста кај учениците, ќе помогнат да свртиме вниманието кон проблемот што светот со години наназад светот го игнорира, а жртвите, за жал, го живеат, рече Ѓеорѓиевски. Тој нагласи дека неопходно е да се разговара, да се сподели, да се охрабри, да се заштити, бидејќи, како што рече, проблемот може да постои насекаде, и во домот, во училницата и на работното место.

The post Шеснаесет дена активизам за 365 дена без насилство appeared first on Република.

]]>
„Кампањата 16 дена активизам“: Сите имаме должност за жените и девојчињата да бидат безбедни и онлајн и офлајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kampanjata-16-dena-aktivizam-site-imame-dolznost-za-zenite-i-devojchinjata-da-bidat-bezbedni-i-onlajn-i-oflajn/ Fri, 25 Nov 2022 13:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=578269

Препознајте, блокирајте и пријавете дигитални и други форми на насилство врз жените и девојчињата е годинешното мотото на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство” што ќе почне денеска во 18 часот, со настан во Градскиот Трговски Центар, одбележувајќи го Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата.

Со овој настан, семејството на Обединетите Нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје официјално ќе ја започнат кампањата “16 дена активизам”, која традиционално се спроведува заедно со многу други национални и меѓународни партнери и претставници на граѓанското општество.

„16 дена активизам” е меѓународна кампања што се одржува секоја година, почнувајќи на 25 ноември на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а завршувајќи на 10 декември, Денот на човековите права. Покрај централниот настан во Скопје, во рамки на кампањата се организираат многу други настани низ земјата, вклучувајќи и презентации, обуки, филмски фестивал како и панел дискусии.

-Насилството врз жените и девојчињата останува широко распространето и уништувачко кршење на човековите права. Тоа постои во секоја земја, во секоја култура и заедница. Без исклучок. Во 21-от век, вели амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Бројките, додава тој, се вознемирувачки. Една од три жени на возраст од 15 и повеќе години доживува физичко и/или сексуално насилство. Жените се таргетирани дома – а за време на пандемијата насилството само се зголеми; на нивното работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, во миграцијата и сè повеќе и повеќе онлајн – преку сајбер насилството и говорот на омраза.

Фокусот на овогодишната кампања во Македонија ќе биде токму на зголеменото дигитално насилство.

-Технолошкиот напредок им овозможи на сторителите на насилството врз жените да ги извршат своите злосторства на безбедно растојание. Секој може да биде навредлив од удобноста на својата фотеља, криејќи се зад екранот и зад анонимниот профил и речиси секогаш без никакви последици. Речиси како видео игра, вели Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој ги повика сите доколку забележат нешто, да преземат нешто.

-Препознајте, блокирајте и пријавете го дигиталното и секоја друга форма на насилство врз жените и девојчињата! Само преку кревањето на гласот ќе можеме да го направиме реалниот и онлајн светот, побезбедно место за жените и девојките, нагласува Вал.

Што е #16Денови на активизам? Тоа е повик за акција и потсетување дека насилството врз жените и девојчињата е најраспространетото кршење на човековите права во светот.

-Кога зборуваме за насилството врз жените и девојчињата, мора да зборуваме за огромната штета која тоа ја нанесува на сите нас, истакнува Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Македонија.

Таа додава дека мора да се создаде безбедна социјална средина што им е потребна на сите жени и девојки, со тоа што ќе се погрижат секој случај да биде пријавен и третиран со соодветна поддршка, не само од релевантните институции, туку и од заедниците.

-Потребна ни е политика на нулта толеранција на насилството врз жените и девојчињата, како на работа, така и дома, во училиштата, офлајн, онлајн и насекаде. И на крај, најважното е сите да се приклучиме, вели Дуџак.

The post „Кампањата 16 дена активизам“: Сите имаме должност за жените и девојчињата да бидат безбедни и онлајн и офлајн appeared first on Република.

]]>

Препознајте, блокирајте и пријавете дигитални и други форми на насилство врз жените и девојчињата е годинешното мотото на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство” што ќе почне денеска во 18 часот, со настан во Градскиот Трговски Центар, одбележувајќи го Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата. Со овој настан, семејството на Обединетите Нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје официјално ќе ја започнат кампањата “16 дена активизам”, која традиционално се спроведува заедно со многу други национални и меѓународни партнери и претставници на граѓанското општество. „16 дена активизам” е меѓународна кампања што се одржува секоја година, почнувајќи на 25 ноември на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а завршувајќи на 10 декември, Денот на човековите права. Покрај централниот настан во Скопје, во рамки на кампањата се организираат многу други настани низ земјата, вклучувајќи и презентации, обуки, филмски фестивал како и панел дискусии. -Насилството врз жените и девојчињата останува широко распространето и уништувачко кршење на човековите права. Тоа постои во секоја земја, во секоја култура и заедница. Без исклучок. Во 21-от век, вели амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Бројките, додава тој, се вознемирувачки. Една од три жени на возраст од 15 и повеќе години доживува физичко и/или сексуално насилство. Жените се таргетирани дома – а за време на пандемијата насилството само се зголеми; на нивното работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, во миграцијата и сè повеќе и повеќе онлајн – преку сајбер насилството и говорот на омраза. Фокусот на овогодишната кампања во Македонија ќе биде токму на зголеменото дигитално насилство. -Технолошкиот напредок им овозможи на сторителите на насилството врз жените да ги извршат своите злосторства на безбедно растојание. Секој може да биде навредлив од удобноста на својата фотеља, криејќи се зад екранот и зад анонимниот профил и речиси секогаш без никакви последици. Речиси како видео игра, вели Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тој ги повика сите доколку забележат нешто, да преземат нешто. -Препознајте, блокирајте и пријавете го дигиталното и секоја друга форма на насилство врз жените и девојчињата! Само преку кревањето на гласот ќе можеме да го направиме реалниот и онлајн светот, побезбедно место за жените и девојките, нагласува Вал. Што е #16Денови на активизам? Тоа е повик за акција и потсетување дека насилството врз жените и девојчињата е најраспространетото кршење на човековите права во светот. -Кога зборуваме за насилството врз жените и девојчињата, мора да зборуваме за огромната штета која тоа ја нанесува на сите нас, истакнува Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Македонија. Таа додава дека мора да се создаде безбедна социјална средина што им е потребна на сите жени и девојки, со тоа што ќе се погрижат секој случај да биде пријавен и третиран со соодветна поддршка, не само од релевантните институции, туку и од заедниците. -Потребна ни е политика на нулта толеранција на насилството врз жените и девојчињата, како на работа, така и дома, во училиштата, офлајн, онлајн и насекаде. И на крај, најважното е сите да се приклучиме, вели Дуџак.

The post „Кампањата 16 дена активизам“: Сите имаме должност за жените и девојчињата да бидат безбедни и онлајн и офлајн appeared first on Република.

]]>