камп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamp/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 15:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamp/ 32 32 Кумановскиот музеј во 2026 ќе организира камп со американски студенти на „Градиште“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kumanovskiot-muzej-vo-2026-ke-organizira-kamp-so-amerikanski-studenti-na-gradishte/ Thu, 21 Mar 2024 16:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=757089

Музеј Куманово добил понуда за соработка од реномираниот Флорида Универзитет од Мајами, САД, за организирање на археолошки камп во регионот на Куманово, односно на лок. Градиште во Бислимска Клисура, с.Пчиња.

На кампот би учествувале десетина студенти по археологија, кои ќе бидат дел од тимот за истражување од  Музеј Куманово во 2026 година. Се предлага на проектот да се вклучат и поголем број стручни лица од повеќе дисциплини во истражувањето, и да се изврши и размена на студенти, доколку постои интерес кај нашите образовни институции.

Нашиот заеднички проект ќе претставува втора поголема соработка на македонските институции со американски универзитет од осамостојувањето на Македонија (слично функционираше и истражувањето на Коњух со Гетисбург Колеџ и Музеј на Македонија) , и веруваме дека овој метод на работа ќе се користи подолг временски период“, велат од Кумановскиот музеј.

Професорот Флорин Курта е еден од водечките истражувачи од раниот среден век, познат по книгата "Создавањето на Словените/ Making of the Slavs" издадена на Кембриџ, каде што ја преиспитува и негира т.н. Голема преселба на народите и сфаќањето на Словените како компактна етничка целина.

Инаку, во најскоро време се очекува да продолжат годинешните планирани ископувања на локалитет Градиште.

The post Кумановскиот музеј во 2026 ќе организира камп со американски студенти на „Градиште“ appeared first on Република.

]]>

Музеј Куманово добил понуда за соработка од реномираниот Флорида Универзитет од Мајами, САД, за организирање на археолошки камп во регионот на Куманово, односно на лок. Градиште во Бислимска Клисура, с.Пчиња. На кампот би учествувале десетина студенти по археологија, кои ќе бидат дел од тимот за истражување од  Музеј Куманово во 2026 година. Се предлага на проектот да се вклучат и поголем број стручни лица од повеќе дисциплини во истражувањето, и да се изврши и размена на студенти, доколку постои интерес кај нашите образовни институции.
Нашиот заеднички проект ќе претставува втора поголема соработка на македонските институции со американски универзитет од осамостојувањето на Македонија (слично функционираше и истражувањето на Коњух со Гетисбург Колеџ и Музеј на Македонија) , и веруваме дека овој метод на работа ќе се користи подолг временски период“, велат од Кумановскиот музеј.
Професорот Флорин Курта е еден од водечките истражувачи од раниот среден век, познат по книгата "Создавањето на Словените/ Making of the Slavs" издадена на Кембриџ, каде што ја преиспитува и негира т.н. Голема преселба на народите и сфаќањето на Словените како компактна етничка целина. Инаку, во најскоро време се очекува да продолжат годинешните планирани ископувања на локалитет Градиште.

The post Кумановскиот музеј во 2026 ќе организира камп со американски студенти на „Градиште“ appeared first on Република.

]]>
Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија загинаа 195 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-napadite-vrz-begalskiot-kamp-dhabalija-zaginaa-195-luge/ Thu, 02 Nov 2023 09:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=697315

Владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските напади оваа недела врз бегалскиот камп Џабалија, загинале 195 луѓе.

– Жртвите на првиот и вториот масакр во Џабалија надминаа 1.000, вклучително и маченици и повредени, се наведува во соопштението на владата на Хамас.

Во соопштението се посочува дека помеѓу загинатите се 195 маченици, 120 се водат како исчезнати под урнатините и 777 се повредени.

 

The post Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија загинаа 195 луѓе appeared first on Република.

]]>

Владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските напади оваа недела врз бегалскиот камп Џабалија, загинале 195 луѓе. – Жртвите на првиот и вториот масакр во Џабалија надминаа 1.000, вклучително и маченици и повредени, се наведува во соопштението на владата на Хамас. Во соопштението се посочува дека помеѓу загинатите се 195 маченици, 120 се водат како исчезнати под урнатините и 777 се повредени.  

The post Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија загинаа 195 луѓе appeared first on Република.

]]>
Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zabranite-i-kaznite-ne-pomagaat-divi-kamperi-pak-postavija-shatori-kaj-avtokampot-lubanishta/ Thu, 27 Jul 2023 16:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=665980

Без оглед на забраната за поставување опрема за кампување на недозволени места, диви кампери повторно го запоседнаа просторот во близина на автокампот „Љубаништа“.

Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места.

Пред само неколку дена, надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата кај локалитетот наречен „Рајце“ и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на тоа место.

Тогаш на лице место беа затекнати дваесетина диви кампери, како и неколку несоодветно направени септички јами.

Сега повторно во неспоредна близина се поставени шатори.

Локалитетот наречен „Рајце“ што се граничи со атарот на Националниот парк е предвиден како слободен простор, без соодветни услови за кампување односно нема тоалети и контејнери за отпад, така што покрај узурпирањето на просторот, се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро.

Години наназад тој простор непосредно до Автокампот „Љубаништа“ кон Свети Наум се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот.

The post Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ appeared first on Република.

]]>

Без оглед на забраната за поставување опрема за кампување на недозволени места, диви кампери повторно го запоседнаа просторот во близина на автокампот „Љубаништа“. Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места. Пред само неколку дена, надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата кај локалитетот наречен „Рајце“ и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на тоа место. Тогаш на лице место беа затекнати дваесетина диви кампери, како и неколку несоодветно направени септички јами. Сега повторно во неспоредна близина се поставени шатори. Локалитетот наречен „Рајце“ што се граничи со атарот на Националниот парк е предвиден како слободен простор, без соодветни услови за кампување односно нема тоалети и контејнери за отпад, така што покрај узурпирањето на просторот, се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро. Години наназад тој простор непосредно до Автокампот „Љубаништа“ кон Свети Наум се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот.

The post Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ appeared first on Република.

]]>
Преку 100 деца на меѓународен одбојкарски камп во организација на ОК Борец https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/preku-100-detsa-na-megunaroden-odbojkarski-kamp-vo-organizatsija-na-gok-borets/ Tue, 11 Jul 2023 17:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=660188

Во периодот од 9 до 15 јули во Хотел „Далјан“ во Охрид, екипата на ГОК Борец традиционално го органзира нивниот летен камп. Како што најавуваат организаторите, станува збор за масовен настан (учествуваат околу 100 деца) со меѓународен карактер.

На кампот гостуваат деца на Македонци вработени во Австрија, САД, Данска и Финска, коишто лани гледале слики од кампот и решиле годинава да бидат дел од случувањето.

Пресреќна сум од целокупната атмосфера на кампот. Имаме деца на наши иселеници од повеќе држави, така што кампот има интернационален карактер. Покрај тренинзите, во вечерните часови организираме забави во хотелот и прошетки низ македонскиот бисер Охрид“- за "Одбојка.мк", истакнува преседателката на клубот и еден од тренерите на кампот, Весна Николова.

Покрај Николова, како тренери работат уште Петре Жабев, Дејан Гиновски и Дарко Николов.

Во четврток, пак, своето искуство во кариерата на идните одбојкари и одбојкарки ќе им го пренесе Роман Волков.

Фото: Одбојка.мк

The post Преку 100 деца на меѓународен одбојкарски камп во организација на ОК Борец appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 9 до 15 јули во Хотел „Далјан“ во Охрид, екипата на ГОК Борец традиционално го органзира нивниот летен камп. Како што најавуваат организаторите, станува збор за масовен настан (учествуваат околу 100 деца) со меѓународен карактер. На кампот гостуваат деца на Македонци вработени во Австрија, САД, Данска и Финска, коишто лани гледале слики од кампот и решиле годинава да бидат дел од случувањето.
Пресреќна сум од целокупната атмосфера на кампот. Имаме деца на наши иселеници од повеќе држави, така што кампот има интернационален карактер. Покрај тренинзите, во вечерните часови организираме забави во хотелот и прошетки низ македонскиот бисер Охрид“- за "Одбојка.мк", истакнува преседателката на клубот и еден од тренерите на кампот, Весна Николова.
Покрај Николова, како тренери работат уште Петре Жабев, Дејан Гиновски и Дарко Николов. Во четврток, пак, своето искуство во кариерата на идните одбојкари и одбојкарки ќе им го пренесе Роман Волков. Фото: Одбојка.мк

The post Преку 100 деца на меѓународен одбојкарски камп во организација на ОК Борец appeared first on Република.

]]>
Илјадници Палестинци го напуштија кампот Џенин за да избегнат судир со израелските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-palestintsi-go-napushtija-kampot-dhenin-za-da-izbegnat-sudir-so-izraelskite-sili/ Tue, 04 Jul 2023 08:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=657944

Илјадници Палестинци синоќа го напуштија бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег за да избегнат конфликт додека израелските сили продолжуваат со големата воена операција.

Палестинската служба за итни случаи на Црвената полумесечина соопшти дека околу 3.000 луѓе биле евакуирани од густо населен дел од кампот.

Заменик-гувернерот на Џенин, Камал Абу ал-Рауб изјави дека тие ќе бидат сместени во училишта и други засолништа во соседниот град. Во кампот живеат околу 18.000 Палестинци.

Портпаролката на агенцијата на ОН за Палестинците, Џулиет Тума потврди дека жителите на кампот си заминуваат, а палестинските медиуми објавија снимка на која се гледа како некои луѓе поминуваат покрај израелските воени возила.

Израелските власти негираа дека наредиле евакуација бидејќи палестинските медиуми објавија дека израелската армија им наредила на жителите да заминат.

Израел вчера рано изутрината почна голема антитерористичка операција во, како што се наведува, жариштето на тероризмот во Џенин.

Израелските медиуми јавуваат дека Палестинците од областа извршиле неколку напади врз Израелците во последниве години, а се верува дека палестинската управа нема доволно контрола таму.

Во операцијата учествуваат повеќе од 1.000 војници и се чини дека е најголемата на Западниот Брег во последните две децении.

 

The post Илјадници Палестинци го напуштија кампот Џенин за да избегнат судир со израелските сили appeared first on Република.

]]>

Илјадници Палестинци синоќа го напуштија бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег за да избегнат конфликт додека израелските сили продолжуваат со големата воена операција. Палестинската служба за итни случаи на Црвената полумесечина соопшти дека околу 3.000 луѓе биле евакуирани од густо населен дел од кампот. Заменик-гувернерот на Џенин, Камал Абу ал-Рауб изјави дека тие ќе бидат сместени во училишта и други засолништа во соседниот град. Во кампот живеат околу 18.000 Палестинци. Портпаролката на агенцијата на ОН за Палестинците, Џулиет Тума потврди дека жителите на кампот си заминуваат, а палестинските медиуми објавија снимка на која се гледа како некои луѓе поминуваат покрај израелските воени возила. Израелските власти негираа дека наредиле евакуација бидејќи палестинските медиуми објавија дека израелската армија им наредила на жителите да заминат. Израел вчера рано изутрината почна голема антитерористичка операција во, како што се наведува, жариштето на тероризмот во Џенин. Израелските медиуми јавуваат дека Палестинците од областа извршиле неколку напади врз Израелците во последниве години, а се верува дека палестинската управа нема доволно контрола таму. Во операцијата учествуваат повеќе од 1.000 војници и се чини дека е најголемата на Западниот Брег во последните две децении.  

The post Илјадници Палестинци го напуштија кампот Џенин за да избегнат судир со израелските сили appeared first on Република.

]]>
Руски опозициски весник објави дека Белорусија почнала да гради кампови за 8.000 „вагнеровци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-opozitsiski-vesnik-objavi-deka-belorusija-pochnala-da-gradi-kampovi-za-8-000-vagnerovtsi/ Mon, 26 Jun 2023 16:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=655418

Рускиот опозициски весник „Верстка“ објави дека Белорусија почнала да гради кампови за борците на приватната воена компанија „Вагнер“.

-Камповите ќе бидат лоцирани во регионот Могилев во Белорусија, на приближно 200 километри од границата со Украина и ќе можат да примат осум илјади борци, пренесуваат руските медиуми.

Регионалните власти на Могилев, наводно, добиле инструкции да започнат со изградба на кампови.

Според изворот на „Верстка“, ќе има неколку кампови, од кои едниот ќе биде лоциран во близина на градот Осиповичи. Роднините на оние од групата „Вагнер“ потврдија дека платениците ќе бидат испратени во Белорусија.

-Вооружениот бунт во Русија заврши откако беше постигнат договор, во кој очигледно посредуваше Белорусија, објавија руските медиуми. Шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин се согласил да ја напушти Русија и да замине во соседна Белорусија, објави во саботата портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. мс/сд/

 

The post Руски опозициски весник објави дека Белорусија почнала да гради кампови за 8.000 „вагнеровци“ appeared first on Република.

]]>

Рускиот опозициски весник „Верстка“ објави дека Белорусија почнала да гради кампови за борците на приватната воена компанија „Вагнер“. -Камповите ќе бидат лоцирани во регионот Могилев во Белорусија, на приближно 200 километри од границата со Украина и ќе можат да примат осум илјади борци, пренесуваат руските медиуми. Регионалните власти на Могилев, наводно, добиле инструкции да започнат со изградба на кампови. Според изворот на „Верстка“, ќе има неколку кампови, од кои едниот ќе биде лоциран во близина на градот Осиповичи. Роднините на оние од групата „Вагнер“ потврдија дека платениците ќе бидат испратени во Белорусија. -Вооружениот бунт во Русија заврши откако беше постигнат договор, во кој очигледно посредуваше Белорусија, објавија руските медиуми. Шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин се согласил да ја напушти Русија и да замине во соседна Белорусија, објави во саботата портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. мс/сд/  

The post Руски опозициски весник објави дека Белорусија почнала да гради кампови за 8.000 „вагнеровци“ appeared first on Република.

]]>