камионџии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamiondzii/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 09:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камионџии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamiondzii/ 32 32 Живеат полошо од кучиња: Штрајк на камионџиите во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhiveat-polosho-od-kuchina-shtraj-na-kamiondhiite-vo-germanija/ Tue, 26 Sep 2023 09:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=685208

Возачите на камиони кои превезуваат стока низ Европа започнаа штрајк со глад во Германија како дел од повеќенеделниот прекин на работата, опишувајќи го како нивна „последна надеж“ да привлечат внимание на експлоатацијата за која велат дека трпат, пренесува „Еуроактив“.

Тоа е последната фаза од акцијата опишана од претставници на синдикатот како „без преседан“, во која околу 80 возачи поставија камп користејќи ги своите возила на сервисна станица на автопатот.

Верувајќи дека нивните полски работодавци нема да одговорат на растечкиот очај поради 10-неделен штрајк, некои од нив престанаа да јадат минатата недела.

Возачите на камиони, претежно од Узбекистан и Грузија, и неколку од Таџикистан, Украина и Турција, по неколку дена повторно почнаа да земаат храна во текот на викендот, но самиот штрајк продолжува.

Возачите тврдат дека не им се плаќа редовно, по дневна цена од околу 80 евра и дека им наплатувале огромни суми за да можат воопшто да ги преземат работните места. Тие велат дека се соочуваат и со нехумани услови како екстремно долги часови работа.

The post Живеат полошо од кучиња: Штрајк на камионџиите во Германија appeared first on Република.

]]>

Возачите на камиони кои превезуваат стока низ Европа започнаа штрајк со глад во Германија како дел од повеќенеделниот прекин на работата, опишувајќи го како нивна „последна надеж“ да привлечат внимание на експлоатацијата за која велат дека трпат, пренесува „Еуроактив“. Тоа е последната фаза од акцијата опишана од претставници на синдикатот како „без преседан“, во која околу 80 возачи поставија камп користејќи ги своите возила на сервисна станица на автопатот. Верувајќи дека нивните полски работодавци нема да одговорат на растечкиот очај поради 10-неделен штрајк, некои од нив престанаа да јадат минатата недела. Возачите на камиони, претежно од Узбекистан и Грузија, и неколку од Таџикистан, Украина и Турција, по неколку дена повторно почнаа да земаат храна во текот на викендот, но самиот штрајк продолжува. Возачите тврдат дека не им се плаќа редовно, по дневна цена од околу 80 евра и дека им наплатувале огромни суми за да можат воопшто да ги преземат работните места. Тие велат дека се соочуваат и со нехумани услови како екстремно долги часови работа.

The post Живеат полошо од кучиња: Штрајк на камионџиите во Германија appeared first on Република.

]]>
Камионџиите на протест: Секој ден на Владата ѝ паѓа системот на граничните премини и се редат камиони во колони од 10 км https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kamiondziite-na-protest-sekoj-den-na-vladata-i-pagja-sistemot-na-granichnite-premini-i-se-redat-kamioni-vo-koloni-od-10-km/ Mon, 22 Aug 2022 12:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=542856

Претставници на Независниот синдикат на професионални возачи на транспорт денеска пред Владата со симболичен протест го изразија своето незадоволство и побараа од Владата во најкус рок да бидат повикани на средба на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат со цел да се изнајде прифатливо решение.

Ова е децениски проблем со кој се соочуваме. Најпрво, со огромните колони и застои на граничните премини. Минималната колона е 10 километри секојдневно, на сите гранични премини Табановце, Блаце, Богородица и останатите премини. Проблем е што сите гранични премини работат со застарен систем од 80-тите години и секојдневно е во дефект. Системот на вагите е исто така застарен, секојдневно се расипува и се создаваат огромни колони. Само една коловозна лента е за транспортни возила - образложи претседателот на синдикатот Марјан Стефковски.

Според него, на секој граничен премин треба да има минимум две ленти и едната да биде за движење на празните возила и за транспортните возила кои поминуваат транзит низ државата, а кои немаат потреба да поминуваат на сите терминали на граничните премини.

На новинарско прашање дали се чувствуваат ефектите од Отворен Балкан, Стевковски со став дека како транспортни фирми не виделе резултат од оваа иницијатива.

Како професионални возачи, не сме виделе резултат од Отворен Балкан. Сепак, сè уште постои основната работа – документации околу царината и ред други работи кои се вршат на граничните премини, а кои, како Отворен Балкан не треба да се случуваат. Штом е Отворен Балкан, штом робата е по потекло од државите коишто имаат склучено соработка, тогаш не треба да има застој на царина - рече Стефковски.

The post Камионџиите на протест: Секој ден на Владата ѝ паѓа системот на граничните премини и се редат камиони во колони од 10 км appeared first on Република.

]]>

Претставници на Независниот синдикат на професионални возачи на транспорт денеска пред Владата со симболичен протест го изразија своето незадоволство и побараа од Владата во најкус рок да бидат повикани на средба на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат со цел да се изнајде прифатливо решение.
Ова е децениски проблем со кој се соочуваме. Најпрво, со огромните колони и застои на граничните премини. Минималната колона е 10 километри секојдневно, на сите гранични премини Табановце, Блаце, Богородица и останатите премини. Проблем е што сите гранични премини работат со застарен систем од 80-тите години и секојдневно е во дефект. Системот на вагите е исто така застарен, секојдневно се расипува и се создаваат огромни колони. Само една коловозна лента е за транспортни возила - образложи претседателот на синдикатот Марјан Стефковски.
Според него, на секој граничен премин треба да има минимум две ленти и едната да биде за движење на празните возила и за транспортните возила кои поминуваат транзит низ државата, а кои немаат потреба да поминуваат на сите терминали на граничните премини. На новинарско прашање дали се чувствуваат ефектите од Отворен Балкан, Стевковски со став дека како транспортни фирми не виделе резултат од оваа иницијатива.
Како професионални возачи, не сме виделе резултат од Отворен Балкан. Сепак, сè уште постои основната работа – документации околу царината и ред други работи кои се вршат на граничните премини, а кои, како Отворен Балкан не треба да се случуваат. Штом е Отворен Балкан, штом робата е по потекло од државите коишто имаат склучено соработка, тогаш не треба да има застој на царина - рече Стефковски.

The post Камионџиите на протест: Секој ден на Владата ѝ паѓа системот на граничните премини и се редат камиони во колони од 10 км appeared first on Република.

]]>
Kaмионџиска пресметка: Србин убиен во Чикаго, бил газда на фирма за превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kamiondziska-presmetka-srbin-ubien-vo-chikago-bil-gazda-na-firma-za-prevoznici/ Wed, 23 Mar 2022 08:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=476935

Маж од Србија е убиен во предградието Бур Риџ во Чикаго, кога во него пукаше неидентификувано лице.

Фирмата за превоз со камиони била во негова сопстеност. Престрелката се случила во просториите на компанијата, а за убиство е осомничен маж со афроамериканско потекло кој таму работел. Србинот Н.М. починалал на пат кон болница.Причина за овој трагичен настан е деловно недоразбирање.

Вооружениот напаѓач потоа побегнал од местото и подоцна бил лоциран. Соочен со полицијата која му го прекинала повлекувањето и го опколила, повикала да се предаде, осомничениот го подигнал пиштолот и испукал еден истрел.

The post Kaмионџиска пресметка: Србин убиен во Чикаго, бил газда на фирма за превозници appeared first on Република.

]]>

Маж од Србија е убиен во предградието Бур Риџ во Чикаго, кога во него пукаше неидентификувано лице. Фирмата за превоз со камиони била во негова сопстеност. Престрелката се случила во просториите на компанијата, а за убиство е осомничен маж со афроамериканско потекло кој таму работел. Србинот Н.М. починалал на пат кон болница.Причина за овој трагичен настан е деловно недоразбирање. Вооружениот напаѓач потоа побегнал од местото и подоцна бил лоциран. Соочен со полицијата која му го прекинала повлекувањето и го опколила, повикала да се предаде, осомничениот го подигнал пиштолот и испукал еден истрел.

The post Kaмионџиска пресметка: Србин убиен во Чикаго, бил газда на фирма за превозници appeared first on Република.

]]>
Тргнале пред војната: Македонски камионции заглавени меѓу граници зошто носат руска роба во камионите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trgnale-pred-vojnata-makedonski-kamioncii-zaglaveni-megju-granici-zoshto-nosat-ruska-roba-vo-kamionite/ Tue, 01 Mar 2022 10:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=465794

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од овие 50 останати не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Има ситуација и со наши граѓани – транспортери кои се на границата помеѓу Украина и Полска кои носат роба од Русија, рече Османи и додаде дека поради воениот конфликт кој се случува додека се тие во Украина, украинските власти не ги пуштаат заради тоа што имаат руски продукти во нивните камиони.

Тие, информира Османи, се на безбедно, сами можат да излезат лично, меѓутоа не можат да излезат со нивните камиони, односно со стоката.

Комуницираме со нив, се јавуваат и коморите, неколку дена се во нивните камиони. Комунициравме ние и со украинските власти коишто имаат многу други приоритети сега отколку оваа наша ситуација во која што се наоѓаме, нашиот амбасадор од Варшава замина на самиот граничен премин, се виде со овие транспортери да се обиде да помогне, меѓутоа тоа тешко оди – украинските власти не пуштаат продукти коишто се дојдени од Русија. Продолжуваме со активности и за овие луѓе коишто не се во безбеден ризик, меѓутоа тука се работи повеќе за економски последици што би ги претрпеле они заради тоа што камионите не ги пуштаат, рече Османи.

The post Тргнале пред војната: Македонски камионции заглавени меѓу граници зошто носат руска роба во камионите appeared first on Република.

Канадската полиција почна да апси камионџии кои протестираат во Отава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kanadskata-policija-pochna-da-apsi-kamiondzii-koi-protestiraat-vo-otava/ Fri, 18 Feb 2022 16:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=460569

Канадската полиција почна да апси камионџии кои трета недела по ред го блокираат сообраќајот во Отава во знак на протест против владините мерки за коронавирус.

Полицијата на Твитер објави дека дел од нив сами се предале и биле приведени пред зградата на Парламентот, а синоќа биле уапсени двајца водачи на протестите.

Отава е последното упориште на „Конвојот на слободата“, протест и блокада на камионџиите што започна поради задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои влегуваат во земјата, а подоцна прерасна во протест против сите наметнати мерки поради Ковид-19, но и против премиерот Џастин Трудо.

Многумина најавија дека нема да се повлечат ниту по цена да им бидат приведени или одземени лиценците. п

The post Канадската полиција почна да апси камионџии кои протестираат во Отава appeared first on Република.

]]>

Канадската полиција почна да апси камионџии кои трета недела по ред го блокираат сообраќајот во Отава во знак на протест против владините мерки за коронавирус. Полицијата на Твитер објави дека дел од нив сами се предале и биле приведени пред зградата на Парламентот, а синоќа биле уапсени двајца водачи на протестите. Отава е последното упориште на „Конвојот на слободата“, протест и блокада на камионџиите што започна поради задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои влегуваат во земјата, а подоцна прерасна во протест против сите наметнати мерки поради Ковид-19, но и против премиерот Џастин Трудо. Многумина најавија дека нема да се повлечат ниту по цена да им бидат приведени или одземени лиценците. п

The post Канадската полиција почна да апси камионџии кои протестираат во Отава appeared first on Република.

]]>
Онтарио прогласи вонредна состојба поради протестот на камионџиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ontario-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-protestot-na-kamiondziite/ Fri, 11 Feb 2022 20:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=457362

Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести на камионџиите против пандемсиките ограничувања.

Демонстрантите и натаму одбиваат да го деблокираат сообраќајот, особено мостот Амбасадор, што е клучната сообраќајница за трговијата меѓу Канада и САД.

Премиерот Форд, кој е член на Конзервативната партија, изјави дека јасно ќе им стави до знаење на демонстрантите дека е нелегално да се блокира клучната инфраструктура.

Ќе има последици и тие ќе бидат сурови - изјави Форд.

Демонстрантите се соочуваат со казна до една година затвор и парична казна од 100.000 долари.

Висечкиот мост „Амбасадор“, што го поврзува Онтарио со Детроит во САД, е клучната сообраќајница за автомобилската индустрија, но и за американските болници кои вработуваат голем број медицински персонал од Канада.

Блокадата на канадската граница им се заканува на синџирите за снабдување, што веќе се ослабени поради недостигот и одложувањата поврзани со пандемијата - предупреди Брајан Кингстон, претседател на Здружението на канадски производители на автомобили, претходно оваа недела, повикувајќи на прекин на протестите.

Секој ден преку тој мост поминуваат околу 40.000 луѓе и се транспортира стока во вредност од 323 милиони долари.

The post Онтарио прогласи вонредна состојба поради протестот на камионџиите appeared first on Република.

]]>

Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести на камионџиите против пандемсиките ограничувања. Демонстрантите и натаму одбиваат да го деблокираат сообраќајот, особено мостот Амбасадор, што е клучната сообраќајница за трговијата меѓу Канада и САД. Премиерот Форд, кој е член на Конзервативната партија, изјави дека јасно ќе им стави до знаење на демонстрантите дека е нелегално да се блокира клучната инфраструктура.
Ќе има последици и тие ќе бидат сурови - изјави Форд.
Демонстрантите се соочуваат со казна до една година затвор и парична казна од 100.000 долари. Висечкиот мост „Амбасадор“, што го поврзува Онтарио со Детроит во САД, е клучната сообраќајница за автомобилската индустрија, но и за американските болници кои вработуваат голем број медицински персонал од Канада.
Блокадата на канадската граница им се заканува на синџирите за снабдување, што веќе се ослабени поради недостигот и одложувањата поврзани со пандемијата - предупреди Брајан Кингстон, претседател на Здружението на канадски производители на автомобили, претходно оваа недела, повикувајќи на прекин на протестите.
Секој ден преку тој мост поминуваат околу 40.000 луѓе и се транспортира стока во вредност од 323 милиони долари.

The post Онтарио прогласи вонредна состојба поради протестот на камионџиите appeared first on Република.

]]>
Вонредна ситуација во Отава поради протестот на камионџиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vonredna-situacija-vo-otava-poradi-protestot-na-kamiondziite/ Mon, 07 Feb 2022 07:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=454917

Градоначалникот на Отава Џим Вотсон прогласи вонредна состојба во градот за да помогне во справувањето со досега невидените 10-дневни блокади од камионџиите кои протестираат и го парализираа канадскиот главен град.

„Мерките ја одразуваат сериозната опасност и закана за безбедноста и безбедноста на граѓаните кои продолжуваат со демонстрации и ја нагласуваат потребата од поддршка од други институции и гранки на власта“, се вели во изјавата на градоначалникот.

Вотсон, кој претходно се пожали дека демонстрантите се побројни од полицијата и ја контролираат ситуацијата, не објасни какви мерки може да преземе.

Протестот, наречен “Конвој на слободата“, почна како потег против барањето на канадските власти за вакцинирање на возачите на камиони кои ја минуваат границата со САД, но прерасна во поширок негодување против мерките за јавно здравје и владата на премиерот Џастин Трудо. зш/

The post Вонредна ситуација во Отава поради протестот на камионџиите appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Отава Џим Вотсон прогласи вонредна состојба во градот за да помогне во справувањето со досега невидените 10-дневни блокади од камионџиите кои протестираат и го парализираа канадскиот главен град.
„Мерките ја одразуваат сериозната опасност и закана за безбедноста и безбедноста на граѓаните кои продолжуваат со демонстрации и ја нагласуваат потребата од поддршка од други институции и гранки на власта“, се вели во изјавата на градоначалникот.
Вотсон, кој претходно се пожали дека демонстрантите се побројни од полицијата и ја контролираат ситуацијата, не објасни какви мерки може да преземе. Протестот, наречен “Конвој на слободата“, почна како потег против барањето на канадските власти за вакцинирање на возачите на камиони кои ја минуваат границата со САД, но прерасна во поширок негодување против мерките за јавно здравје и владата на премиерот Џастин Трудо. зш/

The post Вонредна ситуација во Отава поради протестот на камионџиите appeared first on Република.

]]>
ЕУ со нови правила: Камионџиите да бидат платени според регулативата на земјата во која возат, а не од каде доаѓаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-so-novi-pravila-kamiondziite-da-bidat-plateni-spored-regulativata-na-zemjata-vo-koja-vozat-a-ne-od-kade-doagjaat/ Thu, 03 Feb 2022 11:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=453515

Денеска стапија на сила новите правила на Европската Унија кои го регулираат транспортниот пазар.

Голема е промената што возачите на камиони кои ќе превезуваат стока надвор од нивните земји каде што се сместени, ќе мора да бидат платени според минимумот во таа земја.

Во пракса, доколку возачот на фирма регистрирана во Хрватска превезува стока од Германија до Франција, ќе треба да се плаќа според минималната саатница во тие земји, а не да биде покриен со плата во Хрватска, пишуваат регионалните медиуми. Ова, како што анализираат не важи за возење од една земја во друга и назад. Возачите ќе треба да го регистрираат преминот на првиот паркинг при влез во друга земја членка на ЕУ и да стават знак на таа земја, пренесуваат агенциите.

Подоцна овој месец ќе стапат на сила и други правила, вклучително и ограничен период за возачите на камиони да работат надвор од матичната земја. Целта на овие измени е да се запре практиката возачите од Полска, Романија или Бугарија да возат стока на релации меѓу другите земји-членки, а да добиваат значително помали плати во нивните земји.

Овие измени ќе бидат поповолни за самите возачи, но веројатно ќе се одразат и на поскапување на превозот, анализираат експертите.

The post ЕУ со нови правила: Камионџиите да бидат платени според регулативата на земјата во која возат, а не од каде доаѓаат appeared first on Република.

]]>

Денеска стапија на сила новите правила на Европската Унија кои го регулираат транспортниот пазар. Голема е промената што возачите на камиони кои ќе превезуваат стока надвор од нивните земји каде што се сместени, ќе мора да бидат платени според минимумот во таа земја. Во пракса, доколку возачот на фирма регистрирана во Хрватска превезува стока од Германија до Франција, ќе треба да се плаќа според минималната саатница во тие земји, а не да биде покриен со плата во Хрватска, пишуваат регионалните медиуми. Ова, како што анализираат не важи за возење од една земја во друга и назад. Возачите ќе треба да го регистрираат преминот на првиот паркинг при влез во друга земја членка на ЕУ и да стават знак на таа земја, пренесуваат агенциите. Подоцна овој месец ќе стапат на сила и други правила, вклучително и ограничен период за возачите на камиони да работат надвор од матичната земја. Целта на овие измени е да се запре практиката возачите од Полска, Романија или Бугарија да возат стока на релации меѓу другите земји-членки, а да добиваат значително помали плати во нивните земји. Овие измени ќе бидат поповолни за самите возачи, но веројатно ќе се одразат и на поскапување на превозот, анализираат експертите.

The post ЕУ со нови правила: Камионџиите да бидат платени според регулативата на земјата во која возат, а не од каде доаѓаат appeared first on Република.

]]>
Камионџии од цела Канада возат кон главниот град како протест против задолжителната вакцинација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kamiondzii-od-cela-kanada-vozat-kon-glavniot-grad-kako-protest-protiv-zadolzitelnata-vakcinacija/ Sat, 29 Jan 2022 14:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=451205

Стотици канадски возачи на камиони одржуваат протестен конвој до Отава против барањето за задолжителна вакцинација доколку сакаат да ја преминат границата со САД.

Учесниците во, како што го нарекуваат „Конвојот на слободата“, кој привлече се поголемо внимание во последните денови, патуваат кон канадскиот главен град од најоддалечените провинции на земјата, како што се Британска Колумбија и брегот на Пацификот. Местото за собирање на демонстрантите е центарот на Отава.

Од средината на јануари, Канада и САД бараат вакцинација против Ковид-19 за возачите на камиони кои ја преминуваат границата. Некои возачи го осудија воведувањето на барањето.

Овие протести се национални по обем. Тие се огромни. За жал, тие се поларизираат - изјави началникот на полицијата во Отава, Питер Слоули.

Тој не можеше да каже колкав ќе биде веројатниот број на камиони или демонстранти, но предупреди на „големи проблеми со безбедноста во сообраќајот“ во главниот град и побара од луѓето да избегнуваат излегување на улиците.

Слоули изјави дека организаторите на протестот и кажале на полицијата дека ќе биде мирен, но предупреди дека некои луѓе би можеле да му се придружат за да „поттикнат омраза и насилство“.

Цел може да бидат и политичари во федералниот главен град - предупреди началникот на полицијата.

Некои бизниси веќе се затворени за викендот, објавија локалните медиуми, објавувајќи снимки од пристигнувањето на првите камиони во близина на парламентот.

The post Камионџии од цела Канада возат кон главниот град како протест против задолжителната вакцинација appeared first on Република.

]]>

Стотици канадски возачи на камиони одржуваат протестен конвој до Отава против барањето за задолжителна вакцинација доколку сакаат да ја преминат границата со САД. Учесниците во, како што го нарекуваат „Конвојот на слободата“, кој привлече се поголемо внимание во последните денови, патуваат кон канадскиот главен град од најоддалечените провинции на земјата, како што се Британска Колумбија и брегот на Пацификот. Местото за собирање на демонстрантите е центарот на Отава. Од средината на јануари, Канада и САД бараат вакцинација против Ковид-19 за возачите на камиони кои ја преминуваат границата. Некои возачи го осудија воведувањето на барањето.
Овие протести се национални по обем. Тие се огромни. За жал, тие се поларизираат - изјави началникот на полицијата во Отава, Питер Слоули.
Тој не можеше да каже колкав ќе биде веројатниот број на камиони или демонстранти, но предупреди на „големи проблеми со безбедноста во сообраќајот“ во главниот град и побара од луѓето да избегнуваат излегување на улиците. Слоули изјави дека организаторите на протестот и кажале на полицијата дека ќе биде мирен, но предупреди дека некои луѓе би можеле да му се придружат за да „поттикнат омраза и насилство“.