камион на смртта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamion-na-smrtta/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Jun 2022 18:31:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камион на смртта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamion-na-smrtta/ 32 32 Бројот на починати мигранти во камион во Тексас се искачи на 50 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-pochinati-migranti-vo-kamion-vo-teksas-se-iskachi-na-50/ Tue, 28 Jun 2022 18:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=520879

Сиромаштија и очај доведоа до смртта на најмалку 50 мигранти кои беа пронајдени оставени во камион близу Сан Антонио, Тексас, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор. Во групата имало 22-ца Мексиканци, седуммина Гватемалци и две лица од Хондурас, додека националноста на останатите се утврдува.

Меѓу 12-те преживеани се и четири деца. Властите велат дека сите биле жешки на допир и страдале од топлотен удар и исцрпеност. Во камионот немало вода за пиење и клима-уред.

Ова се случува поради шверц и недостиг на контрола на границата, но и во внатрешноста на САД – кажа Обрадор.

Сан Антонио, оддалечен 250 километри од мексиканската граница, е главна транзитна маршрута за шверц на луѓе. Шверцерите често користат камиони за транспорт на мигранти, кои ги собираат на зафрлени места откако тие ќе ја преминат границата.

Ова е најголемата трагедија поврзана со шверц на мигранти во САД досега. На самото место се пронајдени 46 тела, а уште четири лица починале во болница.

 

The post Бројот на починати мигранти во камион во Тексас се искачи на 50 appeared first on Република.

]]>

Сиромаштија и очај доведоа до смртта на најмалку 50 мигранти кои беа пронајдени оставени во камион близу Сан Антонио, Тексас, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор. Во групата имало 22-ца Мексиканци, седуммина Гватемалци и две лица од Хондурас, додека националноста на останатите се утврдува. Меѓу 12-те преживеани се и четири деца. Властите велат дека сите биле жешки на допир и страдале од топлотен удар и исцрпеност. Во камионот немало вода за пиење и клима-уред.
Ова се случува поради шверц и недостиг на контрола на границата, но и во внатрешноста на САД – кажа Обрадор.
Сан Антонио, оддалечен 250 километри од мексиканската граница, е главна транзитна маршрута за шверц на луѓе. Шверцерите често користат камиони за транспорт на мигранти, кои ги собираат на зафрлени места откако тие ќе ја преминат границата. Ова е најголемата трагедија поврзана со шверц на мигранти во САД досега. На самото место се пронајдени 46 тела, а уште четири лица починале во болница.  

The post Бројот на починати мигранти во камион во Тексас се искачи на 50 appeared first on Република.

]]>