камерен театар „Ристо Шишков“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kameren-teatar-risto-shishkov/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 06:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камерен театар „Ристо Шишков“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kameren-teatar-risto-shishkov/ 32 32 Наградата „Ристо Шишков“ за Долорес Лео Поповиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagradata-risto-shishkov-za-dolores-leo-popovik/ Sat, 14 Sep 2024 06:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=816236

Долорес Лео Поповиќ ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на на Ања во претставата „Кенди“, според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, независна продукција „Златен Елец“ од Скопје.

Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, ќе му биде врачена дополнително.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателот, ланскиот лаурет, Јордан Симонов, во кое покрај него играта на актерите ја оценуваа Билјана Крајчевска и Алксандар Ивановски.

Бавејќи се со неопходноста на преиспитување и толкување на современоста,  преку  еден ненападен, суптилен актерски јазик Долорес Лео Поповиќ естетски го обликува проблемот и општественото-политичките односи во кои живееме, создавајќи автентичен  моќен лик што покрај актерска естетика и слобода во уметничкото креирање постанува клучно средство за постигнување и негување како на општествената така и на индивидуалната способност за емпатија, но и за постигнување на општествена акција, зашто уметноста – тетарот е оној којшто инспирира во изградбата на подобар и поправеден свет, рече Симонов.

Завесата на годинашното фестивалско издание ја спуштија актерите од Драмски театар од Скопје со претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски во режија на Дејан Пројковски, која беше и последна претстава во официјална конкуренција.

The post Наградата „Ристо Шишков“ за Долорес Лео Поповиќ appeared first on Република.

]]>

Долорес Лео Поповиќ ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на на Ања во претставата „Кенди“, според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, независна продукција „Златен Елец“ од Скопје. Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, ќе му биде врачена дополнително. Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателот, ланскиот лаурет, Јордан Симонов, во кое покрај него играта на актерите ја оценуваа Билјана Крајчевска и Алксандар Ивановски.
Бавејќи се со неопходноста на преиспитување и толкување на современоста,  преку  еден ненападен, суптилен актерски јазик Долорес Лео Поповиќ естетски го обликува проблемот и општественото-политичките односи во кои живееме, создавајќи автентичен  моќен лик што покрај актерска естетика и слобода во уметничкото креирање постанува клучно средство за постигнување и негување како на општествената така и на индивидуалната способност за емпатија, но и за постигнување на општествена акција, зашто уметноста – тетарот е оној којшто инспирира во изградбата на подобар и поправеден свет, рече Симонов.
Завесата на годинашното фестивалско издание ја спуштија актерите од Драмски театар од Скопје со претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски во режија на Дејан Пројковски, која беше и последна претстава во официјална конкуренција.

The post Наградата „Ристо Шишков“ за Долорес Лео Поповиќ appeared first on Република.

]]>
Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-32-izdanie-na-megunarodniot-festival-na-kameren-teatar-risto-shishkov/ Sun, 08 Sep 2024 07:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=814260

Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува вечер, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања од земјава, Бугарија и Србија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од струмичкиот театар со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланскиот лауреат Јордан Симонов.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

The post Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува вечер, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања од земјава, Бугарија и Србија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од струмичкиот театар со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланскиот лауреат Јордан Симонов. Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“. Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

The post Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>
Дарја Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот „Ристо Шишков“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/darja-rizova-e-izbrana-za-najdobra-akterka-na-festivalot-risto-shishkov/ Tue, 13 Sep 2022 10:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=550345

Дарја Ризова, членка на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) е избрана за најдобра актерка на 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој заврши денеска во Струмица.

Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во ко-продукцијата претставата „Нема да биде крај на светот“ на МНТ, Перипетија продукција Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево , а по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ.

Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Ѕвездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер и Петре Арсовски, актер.

Оваа година повторно и се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред.

 

The post Дарја Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Дарја Ризова, членка на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) е избрана за најдобра актерка на 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој заврши денеска во Струмица. Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во ко-продукцијата претставата „Нема да биде крај на светот“ на МНТ, Перипетија продукција Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево , а по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ. Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Ѕвездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер и Петре Арсовски, актер. Оваа година повторно и се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред.  

The post Дарја Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>