Камбовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kambovski/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jul 2023 15:56:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Камбовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kambovski/ 32 32 Камбовски за случајот Јанакиески: Судот во изречената казна затвор мора да го засмета и дотогаш одредениот притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-za-sluchajot-janakieski-sudot-vo-izrechenata-kazna-zatvor-mora-da-go-zasmeta-i-dotogash-odredeniot-pritvor/ Sat, 08 Jul 2023 15:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=659238

Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење, вели во изјавата за МКД.мк академикот Владо Камбовски, професор по кривично право, за случајот со затворската казна за Миле Јанакиески во случајот Титаник.

Научното толкување на законите е важен и значаен прилог кон правилната примена на законите и во сушинска смисла влијае врз нивното толкување од страна на судовите, особено кога се работи за комплексни случаи, вели Камбовски во писмената изјава која ја пренесуваме во целост.

„Во случајот на Јанакиевски се битни две клучни околности од кое треба да се води системското и телеолошкото толкување на одредбите од Кривичниот законик за казната и засметувањето на притворот во изречената казна, во светлина на одредбите и на Законот за кривичната постапка.

Првите се однесуваат на процесниот аспект на притворот и другите облици на лишување од слобода, кои го опфаќаат секое лишување од слобода како процесна мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката. Покрај куќниот притвор, поимот на лишување од слобода ги подразбира и полициските мерки на задржување на осомничениот во полициската истрага. Притворот, како и другите облици на лишување од слобода не се поврзани со кривичното дело или дела за кои е осомничен обвинетиот. Ако е тој осомничен/обвинет за повеќе кривични дела, му се одредува една мерка на притвор, заради обезбедување на негово присуство во постапката за сите дела. Значи, не постои диференцирање на притвор за едно дело, па потоа притвор за друго, трето… за кои се води една постапка или повеќе постапки.

Вторите се однесуваaт на материјалниот аспект определен со одредбите од КЗ кои имаат рефлексии и врз постапката што се води против обвинетиот. Една е ситуацијата кога против обвинетиот се води кривична постапка со едно обвинение за повеќе дела, извршени во стек (еден судски предмет, еден судски совет). Во тој случај судот донесува една пресуда за сите дела сторени во стек и изречува единствена казна според правилата за одмерување на казната за дела во стек согласно чл.47 ст.1 од КЗ, според која ‘времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело, се засметуваат во изречената казна затвор, малолетнички затвор и парична казна’. Во пресудата со која се изрекува казната, судот е должен во траењето на казната да го засмета и времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, согласно чл. 404 ст.1 т.6 од Законот за кривичната постапка, според која ‘во пресудата во која обвинетиот се огласува за виновен судот ќе изрече: ……одлука за засметување на лишување од слобода, на притвор или на веќе издржаната казна…’.

Друга е ситуацијата кога на едно лице му се суди во повеќе раздвоени кривични постапки, оформени како различни судски предмети со подигање на повеќе обвиненија, пред различни совети и со донесување на пресуди во тие постапки. За тие случаи треба да важи правилото дека во секоја постапка при донесување на осудителна пресуда судот мора да одлучи за засметување на притворот што му бил одреден на обвинетиот, независно за кое кривично дело против него се покренати различните постапки (на пример одреден е притвор заради обезбедување негово присуство во истрагата за едно дело, но потоа истрагата е проширена и на други дела или се покренати истраги и за други дела). Во тој случај судот при донесувањето на осудителната пресуда мора да се држи за императивната норми од чл.47 ст.1 КЗ и чл.404 ст.1 т.6 од ЗКП за засметувањње на притворот, односно куќниот притвор, при изрекувањето казна затвор за посебното дело. Притоа, судот не смее да ја избегне таквата обврска поаѓајќи од сознанието дека против обвинетиот, кој е правосилно осуден, се водат други кривични постапки, кои не се завршени со правосилна судска пресуда. Во спротивен случај, судот го повредува принципот на пресумпцијата на невиност, според која никој не може да се смета за виновен сѐ додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда. Недозволено е во таа смисла и калкулирање со веќе изречени казни за други дела во првостепена постапка, затоа што тоа значи прејудицирање на конечната и прависилна судска пресуда за тие дела.

Според тоа, со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење. Тоа не исклучува во следна, втора, трета итн. правосилна пресуда да се изврши натамошно засметување на времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, во делот кој не е засметан во претходно правосилно изречена казна затвор.

Ова толкување на случајот Јанакиевски не само што одговара на духот и целта на одредбите од КЗ и ЗКП, согласно методот на телеолошко толкување, туку се потпира и врз базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите: In dubio pro reo – секогаш кога постои двоумење треба да се одлучува, односно нивните одредби да се толкуваат во корист на обвинетиот“, се вели во изјавата на Владо Камбовски.

И универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека судот може и треба да ги спои притворите на Миле Јанакиески од сите предмети за да му се засметаат во казната за „Титаник“.

Нема пречка притворите на Миле Јанакиески да му се засметаат во казната за „Титаник“ изјави вчера професорот по кривично право Гордан Калајџиев. Тој посочува дека случајот со Јанакиески е комплексен бидеќи е осомничен и неправосилно осуден во повеќе постапки. Калајџиев е дециден дека не е точна тезата дека спојувањето на притворите е спротивно на законите само затоа што не е предивдено во закон.

„Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum)“, пишува Калајџиев.

До Кривичниот суд поднесено е барање за спојување на притворите. Епилогот од одлучувањето Миле Јанакиески ќе го дочека во затворот „Идризово“ каде е веќе спроведен. И неговиот адвокат Еленко Миланов посочи дека притворот од 4,6 години може да му се засмета во казната од 3,6 години. Јанакиески при спроводот во „Идризово“, за „Макфакс“ изјави дека не се чувствува безбедно.

The post Камбовски за случајот Јанакиески: Судот во изречената казна затвор мора да го засмета и дотогаш одредениот притвор appeared first on Република.

]]>

Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење, вели во изјавата за МКД.мк академикот Владо Камбовски, професор по кривично право, за случајот со затворската казна за Миле Јанакиески во случајот Титаник. Научното толкување на законите е важен и значаен прилог кон правилната примена на законите и во сушинска смисла влијае врз нивното толкување од страна на судовите, особено кога се работи за комплексни случаи, вели Камбовски во писмената изјава која ја пренесуваме во целост.
„Во случајот на Јанакиевски се битни две клучни околности од кое треба да се води системското и телеолошкото толкување на одредбите од Кривичниот законик за казната и засметувањето на притворот во изречената казна, во светлина на одредбите и на Законот за кривичната постапка.
Првите се однесуваат на процесниот аспект на притворот и другите облици на лишување од слобода, кои го опфаќаат секое лишување од слобода како процесна мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката. Покрај куќниот притвор, поимот на лишување од слобода ги подразбира и полициските мерки на задржување на осомничениот во полициската истрага. Притворот, како и другите облици на лишување од слобода не се поврзани со кривичното дело или дела за кои е осомничен обвинетиот. Ако е тој осомничен/обвинет за повеќе кривични дела, му се одредува една мерка на притвор, заради обезбедување на негово присуство во постапката за сите дела. Значи, не постои диференцирање на притвор за едно дело, па потоа притвор за друго, трето… за кои се води една постапка или повеќе постапки. Вторите се однесуваaт на материјалниот аспект определен со одредбите од КЗ кои имаат рефлексии и врз постапката што се води против обвинетиот. Една е ситуацијата кога против обвинетиот се води кривична постапка со едно обвинение за повеќе дела, извршени во стек (еден судски предмет, еден судски совет). Во тој случај судот донесува една пресуда за сите дела сторени во стек и изречува единствена казна според правилата за одмерување на казната за дела во стек согласно чл.47 ст.1 од КЗ, според која ‘времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело, се засметуваат во изречената казна затвор, малолетнички затвор и парична казна’. Во пресудата со која се изрекува казната, судот е должен во траењето на казната да го засмета и времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, согласно чл. 404 ст.1 т.6 од Законот за кривичната постапка, според која ‘во пресудата во која обвинетиот се огласува за виновен судот ќе изрече: ……одлука за засметување на лишување од слобода, на притвор или на веќе издржаната казна…’. Друга е ситуацијата кога на едно лице му се суди во повеќе раздвоени кривични постапки, оформени како различни судски предмети со подигање на повеќе обвиненија, пред различни совети и со донесување на пресуди во тие постапки. За тие случаи треба да важи правилото дека во секоја постапка при донесување на осудителна пресуда судот мора да одлучи за засметување на притворот што му бил одреден на обвинетиот, независно за кое кривично дело против него се покренати различните постапки (на пример одреден е притвор заради обезбедување негово присуство во истрагата за едно дело, но потоа истрагата е проширена и на други дела или се покренати истраги и за други дела). Во тој случај судот при донесувањето на осудителната пресуда мора да се држи за императивната норми од чл.47 ст.1 КЗ и чл.404 ст.1 т.6 од ЗКП за засметувањње на притворот, односно куќниот притвор, при изрекувањето казна затвор за посебното дело. Притоа, судот не смее да ја избегне таквата обврска поаѓајќи од сознанието дека против обвинетиот, кој е правосилно осуден, се водат други кривични постапки, кои не се завршени со правосилна судска пресуда. Во спротивен случај, судот го повредува принципот на пресумпцијата на невиност, според која никој не може да се смета за виновен сѐ додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда. Недозволено е во таа смисла и калкулирање со веќе изречени казни за други дела во првостепена постапка, затоа што тоа значи прејудицирање на конечната и прависилна судска пресуда за тие дела. Според тоа, со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење. Тоа не исклучува во следна, втора, трета итн. правосилна пресуда да се изврши натамошно засметување на времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, во делот кој не е засметан во претходно правосилно изречена казна затвор. Ова толкување на случајот Јанакиевски не само што одговара на духот и целта на одредбите од КЗ и ЗКП, согласно методот на телеолошко толкување, туку се потпира и врз базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите: In dubio pro reo – секогаш кога постои двоумење треба да се одлучува, односно нивните одредби да се толкуваат во корист на обвинетиот“, се вели во изјавата на Владо Камбовски. И универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека судот може и треба да ги спои притворите на Миле Јанакиески од сите предмети за да му се засметаат во казната за „Титаник“. Нема пречка притворите на Миле Јанакиески да му се засметаат во казната за „Титаник“ изјави вчера професорот по кривично право Гордан Калајџиев. Тој посочува дека случајот со Јанакиески е комплексен бидеќи е осомничен и неправосилно осуден во повеќе постапки. Калајџиев е дециден дека не е точна тезата дека спојувањето на притворите е спротивно на законите само затоа што не е предивдено во закон.
„Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum)“, пишува Калајџиев.
До Кривичниот суд поднесено е барање за спојување на притворите. Епилогот од одлучувањето Миле Јанакиески ќе го дочека во затворот „Идризово“ каде е веќе спроведен. И неговиот адвокат Еленко Миланов посочи дека притворот од 4,6 години може да му се засмета во казната од 3,6 години. Јанакиески при спроводот во „Идризово“, за „Макфакс“ изјави дека не се чувствува безбедно.

The post Камбовски за случајот Јанакиески: Судот во изречената казна затвор мора да го засмета и дотогаш одредениот притвор appeared first on Република.

]]>
Камбовски со порака до Абази: Држи се до законот оти доаѓа време на одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-so-poraka-do-abazi-drzi-se-do-zakonot-oti-doagja-vreme-na-odgovornost/ Thu, 10 Nov 2022 11:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=572257

Академик Владо Камбовски во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази смета дека доколку се утврди како негативно искуство актуелниот избор на шеф на ова обвинителство, тогаш ќе треба да се допрецизираат критериумите за избор и понатаму да се развиваат.

Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК, не знам како е избран, но му препорачувам доследно да се држи до законот, бидејќи како што видовме во поранешни случаи, доаѓа време на одговорност не само на политичка, туку и казнена, кривична одговорност на се повисоки скалила на вршење на државните функции, изјави денеска академик Камбовски.

Со отворањето на преговорите за членство во ЕУ, посочува Камбовски, сите институции ќе бидат сериозно опсервирани дали ја извршуваат својата функција или не.

За мене е важно човекот што е избран законито и совесно да си ја врши својата функција зашто сите институции во наредниот период ќе бидат сериозно опсервирани дали ја остваруваат својата функција на законит начин или не. Конечно треба да се разбере дека доаѓа крајот на политичката арбитрарност, на бесот на политичките партии и арогантноста, наметнување на кадровски и какви било други решенија без да се исполнат критериумите за квалитет, потенцира Камбовски.

Додаде дека се подготвува нова страртегија за реформа на судскиот систем и сите овие прашања ќе бидат опфатени.

The post Камбовски со порака до Абази: Држи се до законот оти доаѓа време на одговорност appeared first on Република.

Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/ Thu, 10 Nov 2022 10:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=572249

Испраќањето закони на преглед во Венецијанската комисија не новост, тука е практика која постоела и претходно, изјави денеска академик Владо Камбовски.

Ние и порано сме испраќале такви закони на преглед и ако се добие објективна оценка, според мене, во тој дел на законот за забрана на делување на политички партии, е општа практика насекаде во сите демократски држави. Дури и уставните судови имаат директна надлежност да забранат делување на политичка партија која има програма или дејствува спротивно на вредностите кои се прогласени со националниот Устав, човековите права, забрана на дискриминација, ширење омраза, нетрпеливост и слично, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој очекува дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став и во однос на изменетиот Закон за здруженија и фондации.

Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече „може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост“. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми, вели Камбовски.

Тој додаде дека секој може да се бори за одредени свои права, но без да ги загрози правата и слободите на другиот и оти тоа е темелно начело на правото, што мора да го заштитува секој национален правен поредок.

Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, нагласи Камбовски.

The post Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост appeared first on Република.